грешки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/greshki/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 10:33:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грешки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/greshki/ 32 32 Грешки со продолжениот кабел што може да предизвикаат пожар https://arhiva3.republika.mk/zivot/greshki-so-prodolzheniot-kabel-shto-mozhe-da-predizvikaat-pozhar/ Fri, 22 Nov 2024 10:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=840760

Продолжните кабли не се дизајнирани да издржат прекумерни струјни оптоварувања, па постои ризик од прегревање и пожар доколку ги преоптоварите, предупредуваат пожарникарите.

Кога телевизорот, компјутерот и светилката се веќе вклучени, дополнителното вклучување на електричниот радијатор може да доведе до пожар во домот.

Повеќето производители на електрични радијатори препорачуваат директно поврзување со ѕиден штекер, наместо користење продолжен кабел.

Никогаш не приклучувајте големи апарати во продолжен кабел. Ако користите продолжен кабел, редовно проверувајте ги каблите на уредите и заменете ги доколку се оштетени.

Чувајте ги сите кабли и приклучоци подалеку од извори на топлина, оставајќи доволно простор околу уредот за да спречите прегревање. Секогаш исклучувајте ги апаратите што не се во употреба.

Што се однесува до другите мерки на претпазливост, експертите препорачуваат да ги држите големите апарати подалеку од ѕидот за да избегнете задржување на топлина.

Исто така, вклучувањето на полнач за лаптоп или телефон, кој по денови останува вклучен додека лежи на креветот, може да биде чекор кон пожар.

Исто така:

– Избегнувајте прекумерно свиткување или извртување на продолжениот кабел за да спречите оштетување во внатрешноста на кабелот.

– Не користете оштетени приклучоци или приклучоци на продолжениот кабел. Ако забележите некакво оштетување, веднаш заменете ги приклучоците или побарајте стручна помош.

– Користете продолжен кабел со соодветна должина за потребите на вашите уреди. Користењето на прекраток кабел што е под премногу оптоварување може да предизвика прегревање.

– Поставете го продолжениот кабел на места каде што нема да биде изложен на директна сончева светлина или екстремни температури.

– Ако користите продолжен кабел на отворено, проверете дали е соодветен, водоотпорен кабел и држете ги приклучоците над нивото на земјата за да избегнете контакт со влага.

The post Грешки со продолжениот кабел што може да предизвикаат пожар appeared first on Република.

]]>

Продолжните кабли не се дизајнирани да издржат прекумерни струјни оптоварувања, па постои ризик од прегревање и пожар доколку ги преоптоварите, предупредуваат пожарникарите.
Кога телевизорот, компјутерот и светилката се веќе вклучени, дополнителното вклучување на електричниот радијатор може да доведе до пожар во домот.
Повеќето производители на електрични радијатори препорачуваат директно поврзување со ѕиден штекер, наместо користење продолжен кабел. Никогаш не приклучувајте големи апарати во продолжен кабел. Ако користите продолжен кабел, редовно проверувајте ги каблите на уредите и заменете ги доколку се оштетени.
Чувајте ги сите кабли и приклучоци подалеку од извори на топлина, оставајќи доволно простор околу уредот за да спречите прегревање. Секогаш исклучувајте ги апаратите што не се во употреба. Што се однесува до другите мерки на претпазливост, експертите препорачуваат да ги држите големите апарати подалеку од ѕидот за да избегнете задржување на топлина. Исто така, вклучувањето на полнач за лаптоп или телефон, кој по денови останува вклучен додека лежи на креветот, може да биде чекор кон пожар. Исто така: – Избегнувајте прекумерно свиткување или извртување на продолжениот кабел за да спречите оштетување во внатрешноста на кабелот. – Не користете оштетени приклучоци или приклучоци на продолжениот кабел. Ако забележите некакво оштетување, веднаш заменете ги приклучоците или побарајте стручна помош. – Користете продолжен кабел со соодветна должина за потребите на вашите уреди. Користењето на прекраток кабел што е под премногу оптоварување може да предизвика прегревање. – Поставете го продолжениот кабел на места каде што нема да биде изложен на директна сончева светлина или екстремни температури. – Ако користите продолжен кабел на отворено, проверете дали е соодветен, водоотпорен кабел и држете ги приклучоците над нивото на земјата за да избегнете контакт со влага.

The post Грешки со продолжениот кабел што може да предизвикаат пожар appeared first on Република.

]]>
Бајден кажал 148 лапсуса во јавноста од почетокот на годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-kazhal-148-lapsusa-vo-javnosta-od-pochetokot-na-godinava/ Sun, 05 May 2024 06:03:58 +0000 https://republika.mk/?p=774326

Американскиот претседател, Џо Бакден, во свооите јавни настапи погрешил 148 пати од почетокот на годината, пишува „Дејли колер“.

Според пресметките на новинарите, прес-службата на Белата куќа направила најмалку 148 прилагодувања на 118 транскрипти од говорот на американскиот лидер. Најчестите промени се на имиња, наслови и броеви, но понекогаш цели фрази требало да се преработат.

На пример, во март, Бајден рече дека „секој Американец гласал против“, а прес-службата го коригирала говорот во „секој републиканец“.

Неодамна, пак, американскиот претседател дури го прочита зборот „пауза“ од телепромптерот.

Написот вели дека за врме на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, лекторите на Белата куќа имале многу помалку работа.

The post Бајден кажал 148 лапсуса во јавноста од почетокот на годинава appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател, Џо Бакден, во свооите јавни настапи погрешил 148 пати од почетокот на годината, пишува „Дејли колер“. Според пресметките на новинарите, прес-службата на Белата куќа направила најмалку 148 прилагодувања на 118 транскрипти од говорот на американскиот лидер. Најчестите промени се на имиња, наслови и броеви, но понекогаш цели фрази требало да се преработат. На пример, во март, Бајден рече дека „секој Американец гласал против“, а прес-службата го коригирала говорот во „секој републиканец“. Неодамна, пак, американскиот претседател дури го прочита зборот „пауза“ од телепромптерот. Написот вели дека за врме на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, лекторите на Белата куќа имале многу помалку работа.

The post Бајден кажал 148 лапсуса во јавноста од почетокот на годинава appeared first on Република.

]]>
Како на пазар: Нов триаголник со „техничка грешка“, збирот на аглите во него е 200 степени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-na-pazar-nov-triagolnik-so-tehnichka-greshka-zbirot-na-aglite-vo-nego-e-200-stepeni/ Thu, 14 Dec 2023 11:38:14 +0000 https://republika.mk/?p=722889

Откако професорката по математика од скопската гимназија „Раде Јовчевски –Корчагин“, Фросина Митрушева, сподели дел од македонски учебник по математика за шесто одделение, вџашена од тоа што од во една од задачите по геометрија во него било наведено дека збирот на аглите во затворен тријаголник е 190, а не како што треба – 180, министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека тоа е „техничка грешка“ и побара авторите на учебниците да се повнимателни.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-uchebnikot-po-matematika-za-shesto-oddelenie-zbirot-na-agli-vo-triagolnik-vo-evklidova-geometrija-odednash-stana-190/

Но, дека не станува збор за само една „техничка грешка“, се потврдува со нови извадоци од учебниците на македонските ученици, каде повторно е „весела“ математиката во триаголниците.

Професорката Весна Јаневска сподели само дел од уловените грешки, па така во еден од учебниците збирот на внатрешните агли изнесува 200, а во друг  рамнокрак триаголник има три различни понудени величини за аглите.

Што да коментирам? „Технички грешки"?
Не, немам коментар, вели професорката.

The post Како на пазар: Нов триаголник со „техничка грешка“, збирот на аглите во него е 200 степени appeared first on Република.

]]>

Откако професорката по математика од скопската гимназија „Раде Јовчевски –Корчагин“, Фросина Митрушева, сподели дел од македонски учебник по математика за шесто одделение, вџашена од тоа што од во една од задачите по геометрија во него било наведено дека збирот на аглите во затворен тријаголник е 190, а не како што треба – 180, министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека тоа е „техничка грешка“ и побара авторите на учебниците да се повнимателни. https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-uchebnikot-po-matematika-za-shesto-oddelenie-zbirot-na-agli-vo-triagolnik-vo-evklidova-geometrija-odednash-stana-190/ Но, дека не станува збор за само една „техничка грешка“, се потврдува со нови извадоци од учебниците на македонските ученици, каде повторно е „весела“ математиката во триаголниците. Професорката Весна Јаневска сподели само дел од уловените грешки, па така во еден од учебниците збирот на внатрешните агли изнесува 200, а во друг  рамнокрак триаголник има три различни понудени величини за аглите.
Што да коментирам? „Технички грешки"? Не, немам коментар, вели професорката.

The post Како на пазар: Нов триаголник со „техничка грешка“, збирот на аглите во него е 200 степени appeared first on Република.

]]>
Проф. Минов: Учебникот ќе произведе деца кои нема да можат да се снајдат ниту во просторот ниту во времето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-minov-uchebnikot-kje-proizvede-deca-koi-nema-da-mozat-da-se-snajdat-nitu-vo-prostorot-nitu-vo-vremeto/ Tue, 20 Dec 2022 14:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=588006

Професорот Никола Минов од Филозофскиот факултет во интервју за „Слободен печат“ како убедливо најлош учебник по историја досега, го оцени последниот учебник на МОН „Историја и општество за петто одделение, нагласувајќи дека низ неговото повегодишно искуство низ образовниот процес и како некогашен ученик и како универзитетски професор во последните 12 години наишол на прилично квалитетни, но и просечни, па и подпросечну учебници за предметот Историја.

Ова е учебник којшто ќе произведе деца кои нема да можат да се снајдат ниту во просторот ниту во времето, што нема да знаат што е лево, што е десно, што е гору, што е долу, нешто што страшно ќе им се одрази во животот, за жал доколку овој учебник продолжи да се користи, дециден е д-р Никола Минов кој потоа своето тврдење по поткрепи со своите забелешки, односно пропустите и грешките кои постојат во овој учебник посебно во делот на историјата и географските факти.

The post Проф. Минов: Учебникот ќе произведе деца кои нема да можат да се снајдат ниту во просторот ниту во времето appeared first on Република.

„Како да му објаснам на детево дека Белвица не е нагалено име за охридска пастрмка?“ реагираат родители на новиот апсурд по учебниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-da-mu-objasnam-na-detevo-deka-belvica-ne-e-nagaleno-ime-za-ohridska-pastrmka-reagiraat-roditeli-na-noviot-apsurd-po-uchebnicite/ Tue, 20 Dec 2022 14:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=587992

Во редот на грешки во учебниците кои дури неодамна им беа дадени на учениците, денеска хитот е охридската пастрмка, која „несреќно“ ја крстиле Белвица во учебникот по математија за прво одделение.

Како да му објаснам на детево мое дека Белвица не е нагалено име за охридска пастрмка?, прашува мајка.

Дополнително, јавноста реагира и за лошиот наслов на рубриката „Парите зборуваат“.

Прашање бр.1 Дал имат некој нормален и зошто истиот не е барем вработен на соодветното работно место?
Прашање бр 2. Како да му објаснам на детево мое дека Белвица не е нагалено име за Охридска Пастрмка?
Прашање бр 3. Зошчо “Паца” не ја крстиле пастрмкава?
Прашање бр 4. Како да не јадам ЈАВНО трици?!
-Учебник по Математика за прво одделение, (кој за воља на вистината пред 2 дена го добивме).

The post „Како да му објаснам на детево дека Белвица не е нагалено име за охридска пастрмка?“ реагираат родители на новиот апсурд по учебниците appeared first on Република.

]]>

Во редот на грешки во учебниците кои дури неодамна им беа дадени на учениците, денеска хитот е охридската пастрмка, која „несреќно“ ја крстиле Белвица во учебникот по математија за прво одделение.
Како да му објаснам на детево мое дека Белвица не е нагалено име за охридска пастрмка?, прашува мајка.
Дополнително, јавноста реагира и за лошиот наслов на рубриката „Парите зборуваат“.
Прашање бр.1 Дал имат некој нормален и зошто истиот не е барем вработен на соодветното работно место? Прашање бр 2. Како да му објаснам на детево мое дека Белвица не е нагалено име за Охридска Пастрмка? Прашање бр 3. Зошчо “Паца” не ја крстиле пастрмкава? Прашање бр 4. Како да не јадам ЈАВНО трици?! -Учебник по Математика за прво одделение, (кој за воља на вистината пред 2 дена го добивме).

The post „Како да му објаснам на детево дека Белвица не е нагалено име за охридска пастрмка?“ реагираат родители на новиот апсурд по учебниците appeared first on Република.

]]>
Финците, Унгарците и Турците се народи од жолтата раса, пишува во учебникот за осмо, кој е како препишан од Википедија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fincite-ungarcite-i-turcite-se-narodi-od-zoltata-rasa-pishuva-vo-uchebnikot-za-8-mo-koj-e-kako-prepishan-od-vikipedija/ Tue, 20 Dec 2022 09:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=587926

По секојдневното обелоденување на кардинални грешки во учебниците кои пред крајот на првото полугодие ги добија децата во петто одделение, реакции за грешки стигнуваат и од родители и од наставници на ученици од повисоките одделенија. Дека Македонија на исток граничи со Албанија, а на запад со Бугарија, дека Монт Еверест е висок 29.305 метри, дека Марија Кири е добитничка на Нобелова награда за наука, а не постои Нобелова награда за наука, туку за хемија или за физика, не се последните катастрофални грешки кои ќе мораат да ги „голтаат“ децата, анализира порталот „Фактор“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/uchebnikot-zasega-nema-da-se-povleche-od-nastava-shakjiri-cheka-da-ima-nad-30-greshki-pa-da-zazeme-stav/

Оние во VIII одделение по географија учат дека Финците, Унгарците, Турците се жолта или монголоидна раса.

Откако до редакцијата на медиумот стигнаа низа реакции од родители кои велат дека ова е сосема погрешно, разговаравме со наставничка по географија, веќе во пензија, Стојанка Вуксановиќ, која направила истражување, конкретно за Финска и која вели дека Финците се бела раса.

Повеќе на Фактор

The post Финците, Унгарците и Турците се народи од жолтата раса, пишува во учебникот за осмо, кој е како препишан од Википедија appeared first on Република.

]]>

По секојдневното обелоденување на кардинални грешки во учебниците кои пред крајот на првото полугодие ги добија децата во петто одделение, реакции за грешки стигнуваат и од родители и од наставници на ученици од повисоките одделенија. Дека Македонија на исток граничи со Албанија, а на запад со Бугарија, дека Монт Еверест е висок 29.305 метри, дека Марија Кири е добитничка на Нобелова награда за наука, а не постои Нобелова награда за наука, туку за хемија или за физика, не се последните катастрофални грешки кои ќе мораат да ги „голтаат“ децата, анализира порталот „Фактор“. https://republika.mk/vesti/makedonija/uchebnikot-zasega-nema-da-se-povleche-od-nastava-shakjiri-cheka-da-ima-nad-30-greshki-pa-da-zazeme-stav/ Оние во VIII одделение по географија учат дека Финците, Унгарците, Турците се жолта или монголоидна раса. Откако до редакцијата на медиумот стигнаа низа реакции од родители кои велат дека ова е сосема погрешно, разговаравме со наставничка по географија, веќе во пензија, Стојанка Вуксановиќ, која направила истражување, конкретно за Финска и која вели дека Финците се бела раса. Повеќе на Фактор

The post Финците, Унгарците и Турците се народи од жолтата раса, пишува во учебникот за осмо, кој е како препишан од Википедија appeared first on Република.

]]>
Учебникот засега нема да се повлече од настава, Шаќири чека да има над 30% грешки па да заземе став https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchebnikot-zasega-nema-da-se-povleche-od-nastava-shakjiri-cheka-da-ima-nad-30-greshki-pa-da-zazeme-stav/ Mon, 19 Dec 2022 20:29:07 +0000 https://republika.mk/?p=587814

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во вечерашната „24 анализа“ потврди дека спортниот учебник по Историја и општество за петто одделение полн со грешки засега нема да се повлече од настава. Виновникот сите го бараат во министерот или кабинетот, се пожали тој.

Во законот се наведени постапките како се доаѓа до еден учебник. Има 25 фази за одобрување на еден учебник. Истиот учебник од страната на Комисијата за учебници има известие во Комисијата, каде известителот известува дека во ситуацијата каде се доставени забелешките учебникот да не се одобрува. Авторите ги изработуваат сите забелешки кои се добиени и продолжува истиот учебник во Националната комисија каде се донесува одлука после прифаќање на забелешките. Според тоа што го имаме во извештајот, конкретните забелешки кои се доставени во јавноста, не се дел од забелешките кои ги имаат доставено и Бирото за развој на образованието до авторите и рецезентната комисија. Сите кои се вклучени во тоа, треба секој да да ги имаат тие забелешки за да не дојде до оваа ситуација. Ќе очекуваме во наредниот период да се достават забелешки. Според досегашните забелешки, за другите ќе треба да процени педагошката служба или формирана Комисија. До второто полугодие ќе имаме решение и ќе побараме од авторите да ги корегираат грешките. Ако се утврди дека грешките се повеќе од 30%, ќе заземеме став учебникот да се повлече. Очекуваме дали се само тие или има уште, вели министерот.

The post Учебникот засега нема да се повлече од настава, Шаќири чека да има над 30% грешки па да заземе став appeared first on Република.

Министерот требаше да биде избркан за каснењето на учебниците, а грешките се одговорност на институцијата што ја води тој https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-trebashe-da-bide-izbrkan-za-kasnenjeto-na-uchebnicite-a-greshkite-se-odgovornost-na-institucijata-shto-ja-vodi-toj/ Mon, 19 Dec 2022 16:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=587741

Ама ако, продолжете вие игнорантски, држете си трибини за вашите семејства, поставувајте идиоти за директори, бегајте од одговорност, ене ја анкетата, полека ќе завршите зад ДУИ, а вашите лични рејтинзи се на ниво на статистичка грешка. Вака активистот Ивор Мицковски реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој денес застана во одбрана на министерот за образование Јетон Шаќири велејќи дека тој не е виновен за грешките во учебниците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-odbrana-na-shakjiri-minister-za-obrazovanie-ne-pishuva-uchebnici-avtorite-treba-da-obratat-pogolemo-vnimanie/

Учебници каснат повеќе од пола школска година, оние што се добиени полни грешки и глупости.
Премиерот, само да не се закачи со коалиционата мафија вика: Министерот не ги пишува учебниците.
Дагау…
Значи, министерот требаше да биде избркан за каснењето, а грешките и се останато е одговорност на институцијата и тој што ја води. Вие одговорност не положивте за многу пострашни работи, ве заболе вас за учебници и образование.
Ама ако, продолжете вие игнорантски, држете си трибини за вашите семејства, поставувајте идиоти за директори, бегајте од одговорност, ене ја анкетата, полека ќе завршите зад ДУИ, а вашите лични рејтинзи се на ниво на статистичка грешка.
Инаку, гледате поддршката за ЕУ висока и без вас, што значи граѓаните си опстојуваат на патот, а вие освен што устите ви се полни ЕУ, патот кај го изгубивте, никогаш и не го пронајдовте.
Вашата политика е трибини за семејни кланови, ужасна кадровска политика, коленичење пред Бугарија, мислејќи дека за промената на Уставот Западот ќе ве спаси, корупција, криминал и ново глупо едноумие.
А да, и да зборите за Левица и за ВМРО.
Убаво вика еден колега, колку треба да сте лоши за Груевски да е политичар со највисок рејтинг?!
Очигледно не исто лоши, туку полоши, пишува Мицковски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/reakcija-od-zdruzenieto-na-istorichari-uchebnikot-kje-mu-nanese-neprocenliva-shteta-na-vospitno-obrazovniot-proces/

The post Министерот требаше да биде избркан за каснењето на учебниците, а грешките се одговорност на институцијата што ја води тој appeared first on Република.

]]>

Ама ако, продолжете вие игнорантски, држете си трибини за вашите семејства, поставувајте идиоти за директори, бегајте од одговорност, ене ја анкетата, полека ќе завршите зад ДУИ, а вашите лични рејтинзи се на ниво на статистичка грешка. Вака активистот Ивор Мицковски реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој денес застана во одбрана на министерот за образование Јетон Шаќири велејќи дека тој не е виновен за грешките во учебниците. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-odbrana-na-shakjiri-minister-za-obrazovanie-ne-pishuva-uchebnici-avtorite-treba-da-obratat-pogolemo-vnimanie/
Учебници каснат повеќе од пола школска година, оние што се добиени полни грешки и глупости. Премиерот, само да не се закачи со коалиционата мафија вика: Министерот не ги пишува учебниците. Дагау… Значи, министерот требаше да биде избркан за каснењето, а грешките и се останато е одговорност на институцијата и тој што ја води. Вие одговорност не положивте за многу пострашни работи, ве заболе вас за учебници и образование. Ама ако, продолжете вие игнорантски, држете си трибини за вашите семејства, поставувајте идиоти за директори, бегајте од одговорност, ене ја анкетата, полека ќе завршите зад ДУИ, а вашите лични рејтинзи се на ниво на статистичка грешка. Инаку, гледате поддршката за ЕУ висока и без вас, што значи граѓаните си опстојуваат на патот, а вие освен што устите ви се полни ЕУ, патот кај го изгубивте, никогаш и не го пронајдовте. Вашата политика е трибини за семејни кланови, ужасна кадровска политика, коленичење пред Бугарија, мислејќи дека за промената на Уставот Западот ќе ве спаси, корупција, криминал и ново глупо едноумие. А да, и да зборите за Левица и за ВМРО. Убаво вика еден колега, колку треба да сте лоши за Груевски да е политичар со највисок рејтинг?! Очигледно не исто лоши, туку полоши, пишува Мицковски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/reakcija-od-zdruzenieto-na-istorichari-uchebnikot-kje-mu-nanese-neprocenliva-shteta-na-vospitno-obrazovniot-proces/

The post Министерот требаше да биде избркан за каснењето на учебниците, а грешките се одговорност на институцијата што ја води тој appeared first on Република.

]]>
MОН ги „уврдува причините за пропустите во учебникот по Историја и општество“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-gi-uvrduva-prichinite-za-propustite-vo-uchebnikot-po-istorija-i-opshtestvo/ Fri, 16 Dec 2022 11:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=586447

Министерството за образование и наука и Педагошката служба почнаа процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот по Историја и општество за петто одделение во кој, како што се наведува, се констатирани низа грешки и нелогичности, кои секако, додаваат оттаму „не смееја да се дозволат“.

Преку Националната комисија за учебници како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, МОН веќе побара информации за работата на сите чинители во постапката за одобрување на конкретниот учебник и по добивањето на извештајот, министерот за образование и наука ќе даде конкретен предлог за понатамошно постапување, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.

Според ресорното министерство, во време кога во Македонија се случуваат најкрупните образовни реформи досега, со интензивни инвестиции во унапредување на инфраструктурните услови, подигнување на мотивацијата на наставниот и стручниот кадар во училиштата и се изработуваат нови наставни програми и учебници, недозволиво е да се случуваат вакви пропусти. Сепак, како што се наведува, учебниците се една од основите за квалитетен воспитно-образовен процес.

Потребен е максимален ангажман и одговорност од сите чинители кои учествуваат во процесот за градење на поквалитетен образовен систем во интерес на сегашните и идните генерации, а со тоа и во интерес на државата. Упатуваме апел до сите автори и рецензенти кои во иднина ќе учествуваат во постапки за изработка на учебници и наставни помагала, како и до Бирото за развој на образование и членовите на Националната комисија за учебници, да ја подигнат личната одговорност и посветеност, затоа што во овие прилично комплексни процеси, тоа од нив единствено и се очекува, стои во соопштението од МОН.

The post MОН ги „уврдува причините за пропустите во учебникот по Историја и општество“ appeared first on Република.