греми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gremi/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 21:57:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png греми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gremi/ 32 32 „Битлси“ и „Ролинг стоунс“ се „Греми“ ривали и во 2025 година https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/bitlsi-i-roling-stouns-se-gremi-rivali-i-vo-2025-godina/ Tue, 12 Nov 2024 21:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=836984

Времето на нивните најголеми успеси, се чинеше, помина, но соперништвото ќе живее и во 2025 година. Во февруари ќе бидат доделени новите „Греми“ награди, па и „Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се номинирани во некои од најважните категории.

„Битлс“, имено, се номинирани за „најдобра плоча“, што се смета за прва и најважна „Греми“ награда, но и во категоријата „најдобра рок изведба“ за песната „Now and Then“ (Сега и тогаш). И во двата случаја станува збор за „траката“ позната меѓу другото и по тоа што главниот вокал (Џон Ленон) е „исчистен“ и одвоен од стара демо-снимка, користејќи притоа технологии на вештачката интелигенција.

„Стоунс“, пак, имаат само една номинација – за најдобар рок албум, онаа за „Hackney Diamonds“, којшто излезе во 2023., но при крајот на годината, па не влезе во конкуренција за „Греми 2024“.

Со вкупно 11 номинации (и со 94 категории досега), Бијонсе е апсолутна рекордерка по номинации за „Греми“ и ја достигна бројката од 99 во досегашната кариера, убедливо надминувајќи го својот сопруг Џеј Зи, кој остана на 88 номинации.

Сите други главни фаворити за наградите, вклучително и овогодишната доминантна ѕвезда-изведувачка Тејлор Свифт, имаат по 6 – 7 номинации.

Наградите ќе бидат доделени на 2 февруари следната година, во „Крипто.ком арената“ во Лос Анџелес, САД.

 

The post „Битлси“ и „Ролинг стоунс“ се „Греми“ ривали и во 2025 година appeared first on Република.

]]>

Времето на нивните најголеми успеси, се чинеше, помина, но соперништвото ќе живее и во 2025 година. Во февруари ќе бидат доделени новите „Греми“ награди, па и „Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се номинирани во некои од најважните категории.

„Битлс“, имено, се номинирани за „најдобра плоча“, што се смета за прва и најважна „Греми“ награда, но и во категоријата „најдобра рок изведба“ за песната „Now and Then“ (Сега и тогаш). И во двата случаја станува збор за „траката“ позната меѓу другото и по тоа што главниот вокал (Џон Ленон) е „исчистен“ и одвоен од стара демо-снимка, користејќи притоа технологии на вештачката интелигенција.

„Стоунс“, пак, имаат само една номинација – за најдобар рок албум, онаа за „Hackney Diamonds“, којшто излезе во 2023., но при крајот на годината, па не влезе во конкуренција за „Греми 2024“.

Со вкупно 11 номинации (и со 94 категории досега), Бијонсе е апсолутна рекордерка по номинации за „Греми“ и ја достигна бројката од 99 во досегашната кариера, убедливо надминувајќи го својот сопруг Џеј Зи, кој остана на 88 номинации.

Сите други главни фаворити за наградите, вклучително и овогодишната доминантна ѕвезда-изведувачка Тејлор Свифт, имаат по 6 – 7 номинации.

Наградите ќе бидат доделени на 2 февруари следната година, во „Крипто.ком арената“ во Лос Анџелес, САД.

 

The post „Битлси“ и „Ролинг стоунс“ се „Греми“ ривали и во 2025 година appeared first on Република.

]]>
И покрај прогресивното невролошко заболување Селин Дион се појави на „Греми“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/i-pokraj-progresivnoto-nevroloshko-zaboluvane-selin-dion-se-pojavi-na-gremi/ Mon, 05 Feb 2024 09:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=740440

Селин Дион ги изненади гостите и учесниците на „Греми“ со своето појавување на крајот на церемонијата за да ја додели последната награда за албум на годината. Музичката икона беше надвор од центарот на вниманието откако во декември 2022 година откри дека има синдром на вкочанета личност – прогресивно невролошко нарушување кое влијае на мозокот и ‘рбетниот мозок.

Дион доби огромни овации од публиката на „Греми“, при што Тејлор Свифт пеешеи свиреше „The Power of Love“ синоќа во Лос Анџелес додека Дион одеше на сцената. Таа ја додели наградата за албум на годината на Свифт за „Midnights“, што е четврта победа на Свифт во категоријата.

Ви благодарам на сите!, рече Дион пред да ја врачи наградата.

Бидејќи Дион е надвор од центарот на вниманието, нејзината сестра Клодет Дион редовно ги информираше обожавателите за нејзината состојба. Минатиот декември, Клодет откри дека нарушувањето влијаело на способноста на Селин да оди и да пее, со што ги запрела сите настапи во живо и закажани турнеи на Селин.

 

The post И покрај прогресивното невролошко заболување Селин Дион се појави на „Греми“ appeared first on Република.

]]>

Селин Дион ги изненади гостите и учесниците на „Греми“ со своето појавување на крајот на церемонијата за да ја додели последната награда за албум на годината. Музичката икона беше надвор од центарот на вниманието откако во декември 2022 година откри дека има синдром на вкочанета личност – прогресивно невролошко нарушување кое влијае на мозокот и ‘рбетниот мозок. Дион доби огромни овации од публиката на „Греми“, при што Тејлор Свифт пеешеи свиреше „The Power of Love“ синоќа во Лос Анџелес додека Дион одеше на сцената. Таа ја додели наградата за албум на годината на Свифт за „Midnights“, што е четврта победа на Свифт во категоријата.
Ви благодарам на сите!, рече Дион пред да ја врачи наградата.
Бидејќи Дион е надвор од центарот на вниманието, нејзината сестра Клодет Дион редовно ги информираше обожавателите за нејзината состојба. Минатиот декември, Клодет откри дека нарушувањето влијаело на способноста на Селин да оди и да пее, со што ги запрела сите настапи во живо и закажани турнеи на Селин.  

The post И покрај прогресивното невролошко заболување Селин Дион се појави на „Греми“ appeared first on Република.

]]>
Документарецот за Тупак доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dokumentaretsot-za-tupak-dobi-nominatsija-za-gremi-za-najdobar-muzichki-film/ Wed, 15 Nov 2023 11:23:09 +0000 https://republika.mk/?p=701797

Документарниот филм на „Еф-Екс“ за покојниот рапер Тупак Шакур, во пет епизоди, под наслов „Драга мамо“ (Dear Mama), доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм.

Документарецот го носи називот според истоимениот сингл на Тупак од 1995 година. Во режија на Алан Хјуз, серијалот го истражува животот на убиениот уметник, и делумно оној на неговата мајка, покојната активистка Афени Шакур. Документарниот серијал се емитува на стрим-платформата „Хулу“.

Раперот, кој беше застрелан со пиштол и убиен во својот автомобил, во Лас Вегас, 1996., е еден од тројцата починати уметници кои минатата недела добија номинации во истата категорија. Другите двајца се Дејвид Боуви (со „Месечево дневно сонување“ (Moonage Daydream)) и Литл Ричард (со „Јас сум Сè“ (I Am Everything)). Боуви почина од рак во 2016., а Литл Ричард почина во 2020 година, исто така од заболување поврзано со рак. Литл Ричард никогаш не доби „Греми“ во животот.

А, другите номинирани се „Како се чувствувам сега“ (How I'm Feeling Now) за Луис Капалди и „Во живо од Париз - турнејата Биг степерс“ за Кендрик Ламар.

Номинацијата за серијалот за Тупак доаѓа во време кога случајот за неговото убиство и истрагата повторно се врати на сцена. Дуејн Кит Дејвис, познат како „Кефе Ди“, неодамна беше уапсен и се изјасни невин.

https://youtu.be/2K6h4OMGtKA?si=H5HI_tIPdoH9PKzu

 

The post Документарецот за Тупак доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм на „Еф-Екс“ за покојниот рапер Тупак Шакур, во пет епизоди, под наслов „Драга мамо“ (Dear Mama), доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм. Документарецот го носи називот според истоимениот сингл на Тупак од 1995 година. Во режија на Алан Хјуз, серијалот го истражува животот на убиениот уметник, и делумно оној на неговата мајка, покојната активистка Афени Шакур. Документарниот серијал се емитува на стрим-платформата „Хулу“. Раперот, кој беше застрелан со пиштол и убиен во својот автомобил, во Лас Вегас, 1996., е еден од тројцата починати уметници кои минатата недела добија номинации во истата категорија. Другите двајца се Дејвид Боуви (со „Месечево дневно сонување“ (Moonage Daydream)) и Литл Ричард (со „Јас сум Сè“ (I Am Everything)). Боуви почина од рак во 2016., а Литл Ричард почина во 2020 година, исто така од заболување поврзано со рак. Литл Ричард никогаш не доби „Греми“ во животот. А, другите номинирани се „Како се чувствувам сега“ (How I'm Feeling Now) за Луис Капалди и „Во живо од Париз - турнејата Биг степерс“ за Кендрик Ламар. Номинацијата за серијалот за Тупак доаѓа во време кога случајот за неговото убиство и истрагата повторно се врати на сцена. Дуејн Кит Дејвис, познат како „Кефе Ди“, неодамна беше уапсен и се изјасни невин. https://youtu.be/2K6h4OMGtKA?si=H5HI_tIPdoH9PKzu  

The post Документарецот за Тупак доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм appeared first on Република.

]]>
Бијонсе се запиша во историјата на Греми наградите https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/bijonse-se-zapisha-vo-istorijata-na-gremi-nagradite/ Mon, 06 Feb 2023 09:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=605306

Пејачката Бијонсе (41) синоќа го собори рекордот за најмногу Греми награди во историјата.

Во текот на доделувањето на престижните музички награди, Бијонсе ја освои наградата за најдобар денс/електронски албум, за нејзиниот последен албум „Renaissance“. Со оваа награда таа го освои 32. Греми.

Рекордот за најмногу освоени награди не беше соборен повеќе од 20 години, а го држеше унгарско-британскиот диригент Џорџ Солти со 31 Греми.

Ќе се обидам да бидам помалку емотивна, само сакам да ја впивам оваа ноќ – рече Бијонсе во својот говор.

Бијонсе на почетокот на вечерта ја доби наградата за најдобра ар-ен-би песна, но таа не можеше да ја прими наградата затоа што беше заглавена во сообраќајот. Наместо неа, наградата ја примија музичарите Териус Неш и Нил Роџерс. Публиката беше воодушевена, а водителот Тревор Ноа веднаш објасни што се случува.

Потоа водителот ѝ ја донесе наградата на масата каде што се седеше музичката дива.

The post Бијонсе се запиша во историјата на Греми наградите appeared first on Република.

]]>

Пејачката Бијонсе (41) синоќа го собори рекордот за најмногу Греми награди во историјата. Во текот на доделувањето на престижните музички награди, Бијонсе ја освои наградата за најдобар денс/електронски албум, за нејзиниот последен албум „Renaissance“. Со оваа награда таа го освои 32. Греми. Рекордот за најмногу освоени награди не беше соборен повеќе од 20 години, а го држеше унгарско-британскиот диригент Џорџ Солти со 31 Греми.
Ќе се обидам да бидам помалку емотивна, само сакам да ја впивам оваа ноќ – рече Бијонсе во својот говор.
Бијонсе на почетокот на вечерта ја доби наградата за најдобра ар-ен-би песна, но таа не можеше да ја прими наградата затоа што беше заглавена во сообраќајот. Наместо неа, наградата ја примија музичарите Териус Неш и Нил Роџерс. Публиката беше воодушевена, а водителот Тревор Ноа веднаш објасни што се случува. Потоа водителот ѝ ја донесе наградата на масата каде што се седеше музичката дива.

The post Бијонсе се запиша во историјата на Греми наградите appeared first on Република.

]]>
Констракта предложена за номинација за Греми https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/konstrakta-predlozena-za-nominacija-za-gremi/ Thu, 20 Oct 2022 11:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=563574

Откако воодушеви со својот настап на овогодинешното издание на Евровизија, Констракта доби ново големо признание.

Oвогодинешната српска претставничка на Инстаграм објави дека е предложена за номинација за престижната награда Греми и тоа во две категории-најдобар нов изведувач и најдобра светска изведба. Номинацијата доаѓа од засега непознат член на Академијата за дискографски уметности и науки.

Веста беше објавена на нејзините официјални социјални мрежи и беше пречекана со лавина од позитивни коментари и огромна поддршка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta

Првиот круг на гласање е во тек, а ќе трае до оваа недела (23 октомври), а добитниците на наградите ќе бидат официјално објавени во ноември.

The post Констракта предложена за номинација за Греми appeared first on Република.

]]>

Откако воодушеви со својот настап на овогодинешното издание на Евровизија, Констракта доби ново големо признание. Oвогодинешната српска претставничка на Инстаграм објави дека е предложена за номинација за престижната награда Греми и тоа во две категории-најдобар нов изведувач и најдобра светска изведба. Номинацијата доаѓа од засега непознат член на Академијата за дискографски уметности и науки. Веста беше објавена на нејзините официјални социјални мрежи и беше пречекана со лавина од позитивни коментари и огромна поддршка.  
 
View this post on Instagram
 

A post shared by @konstrakta

Првиот круг на гласање е во тек, а ќе трае до оваа недела (23 октомври), а добитниците на наградите ќе бидат официјално објавени во ноември.

The post Констракта предложена за номинација за Греми appeared first on Република.

]]>
Греми 2023 се враќа во Лос Анџелес во февруари https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/gremi-2023-se-vrakja-vo-los-andzeles-vo-fevruari/ Sun, 17 Jul 2022 20:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=530088

Наградите „Греми“ се враќаат во Лос Анџелес за 2023 година, објави во четвртокот Академијата за снимање.

Откако ќе биде домаќин на своето шоу во 2022 година од Лас Вегас, церемонијата наречена „најголемата ноќ на музиката“ ќе се врати во Јужна Калифорнија и нејзиниот вообичаен дом – Crypto.com арената (претходно Стејплс центар) – на 5 февруари 2023 година.

Шоуто ќе се емитува во живо на CBS, со почеток во 20 часот. ЕТ/17 часот. PT. Ќе се емитува и на Paramount+.

Номинациите за Греми 2023 година ќе бидат објавени на 15 ноември 2022 година.

Пред пандемијата, Греми обично беше едно од најраните шоуа во сезоната на награди, но минатата година се пресели во април, а во 2021 година се емитуваше во март.

Греми во 2023 година ќе биде 65-тото доделување на наградите на Академијата.

The post Греми 2023 се враќа во Лос Анџелес во февруари appeared first on Република.

]]>

Наградите „Греми“ се враќаат во Лос Анџелес за 2023 година, објави во четвртокот Академијата за снимање. Откако ќе биде домаќин на своето шоу во 2022 година од Лас Вегас, церемонијата наречена „најголемата ноќ на музиката“ ќе се врати во Јужна Калифорнија и нејзиниот вообичаен дом – Crypto.com арената (претходно Стејплс центар) – на 5 февруари 2023 година. Шоуто ќе се емитува во живо на CBS, со почеток во 20 часот. ЕТ/17 часот. PT. Ќе се емитува и на Paramount+. Номинациите за Греми 2023 година ќе бидат објавени на 15 ноември 2022 година. Пред пандемијата, Греми обично беше едно од најраните шоуа во сезоната на награди, но минатата година се пресели во април, а во 2021 година се емитуваше во март. Греми во 2023 година ќе биде 65-тото доделување на наградите на Академијата.

The post Греми 2023 се враќа во Лос Анџелес во февруари appeared first on Република.

]]>
Греми-наградите презакажани за 3 април во Лас Вегас https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/gremi-nagradite-prezakazani-za-3-april-vo-las-vegas/ Thu, 20 Jan 2022 10:25:23 +0000 https://republika.mk/?p=447042

Церемонијата на доделување награди „Греми“ во чест на врвните музички изведби е презакажана за 3 април во Лас Вегас, соопштија во вторникот (18 јануари) Академијата за снимање и „Си-би-ес“, телевизијата што го пренсува настанот радиодифузерот.

Настанот требаше да се одржи на 31 јануари во центарот на Лос Анџелес, но организаторите го откажаа тој датум бидејќи Омикрон варијантата на Ковид-19 предизвика нов бран инфекции.

Комичарот Тревор Ноа ќе биде домаќин на церемонијата, која ќе се емитува на телевизија и ќе се пренесува во живо од „МГМ Гренд гарден арената“.

Номинациите за „Греми 2022“ беа објавени во ноември.

Џез-музичарот Џон Батист ја предводи трката со најглем број номинации. Листата се движи од рап до џез музика и оддава признание на новите ѕвезди како што е тинејџерската поп сензација Оливија Родриго, а и ветераните, како Тони Бенет (95), кој го освои своето прво „Греми“ во 1963 година.

The post Греми-наградите презакажани за 3 април во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>

Церемонијата на доделување награди „Греми“ во чест на врвните музички изведби е презакажана за 3 април во Лас Вегас, соопштија во вторникот (18 јануари) Академијата за снимање и „Си-би-ес“, телевизијата што го пренсува настанот радиодифузерот. Настанот требаше да се одржи на 31 јануари во центарот на Лос Анџелес, но организаторите го откажаа тој датум бидејќи Омикрон варијантата на Ковид-19 предизвика нов бран инфекции. Комичарот Тревор Ноа ќе биде домаќин на церемонијата, која ќе се емитува на телевизија и ќе се пренесува во живо од „МГМ Гренд гарден арената“. Номинациите за „Греми 2022“ беа објавени во ноември. Џез-музичарот Џон Батист ја предводи трката со најглем број номинации. Листата се движи од рап до џез музика и оддава признание на новите ѕвезди како што е тинејџерската поп сензација Оливија Родриго, а и ветераните, како Тони Бенет (95), кој го освои своето прво „Греми“ во 1963 година.

The post Греми-наградите презакажани за 3 април во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>
64. доделување на наградите „Греми“ најверојатно ќе биде одложено поради Омикрон https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/64-dodeluvanje-na-nagradite-gremi-najverojatno-kje-bide-odlozeno-poradi-omikron/ Tue, 04 Jan 2022 10:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=440391

Светските медиуми навестуваат дека 64. доделување на наградите „Греми“ најверојатно ќе биде одложено поради Омикрон варијантата на коронавирусот.

Церемонијата во моментов е закажана за 31 јануари во Лос Анџелес во легендарната арена „Крипто. ком“, претходно позната како „Стејплес центар“.

За „Билборд“ извор потврди дека одложувањето се чини неизбежно, и дека церемонијата ќе биде презакажена откако повеќе од 21,200 нови случаи на Ковид беа пријавени во округот Лос Анџелес на 1 јануари, според податоци на локалниот центар за јавно здравје.

извор: Макфакс

The post 64. доделување на наградите „Греми“ најверојатно ќе биде одложено поради Омикрон appeared first on Република.

]]>

Светските медиуми навестуваат дека 64. доделување на наградите „Греми“ најверојатно ќе биде одложено поради Омикрон варијантата на коронавирусот. Церемонијата во моментов е закажана за 31 јануари во Лос Анџелес во легендарната арена „Крипто. ком“, претходно позната како „Стејплес центар“. За „Билборд“ извор потврди дека одложувањето се чини неизбежно, и дека церемонијата ќе биде презакажена откако повеќе од 21,200 нови случаи на Ковид беа пријавени во округот Лос Анџелес на 1 јануари, според податоци на локалниот центар за јавно здравје. извор: Макфакс

The post 64. доделување на наградите „Греми“ најверојатно ќе биде одложено поради Омикрон appeared first on Република.

]]>