греење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/greenje/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Oct 2024 06:42:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png греење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/greenje/ 32 32 Училиштата во Карпош и денеска без греење, МОН и градоначалникот си ја префрлаат топката https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/uchilishtata-vo-karposh-i-deneska-bez-greene-mon-i-gradonachalnikot-si-ja-prefrlaat-topkata/ Wed, 16 Oct 2024 06:41:27 +0000 https://republika.mk/?p=827365

И покрај тоа што грејната сезона почна, осум основни училишта во Општина Карпош следат настава без парно греење. Градоначалникот на Општината, Стевчо Јакимовски, бара од Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, додека министерката за образование и наука Весна Јаневска тврди дека парите за греење во училиштата се исплатени на сите општини, а останува на градоначалниците, школите и директорите да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.

Јакимовски тврди дека Министерството за образование и наука (МОН) не обезбедило доволно средства за функционирање на училиштата во Општина Карпош, а одговорноста за тоа, според него, е на министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Според Јакимовски, минатата година Општината издвоила шест милиони денари за децата да не останат без греење, затоа што, како што вели, Владата не сакала да ги плати сметките.

Јакимовски тврди дека во февруари Општината добила вкупно два милиони денари, односно по 200 илјади денари за секое училиште, а како што рече, за едно училиште сметката е околу 540 илјади денари.

Реакцијата на Јакимовски дојде откако вчера министерката за образование и наука Весна Јаневска, во одговор на новинарско прашање за долгот на училиштата во Општина Карпош,рече дека „тој е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата“.

Јаневска очекува сите училишта да имаат греење. Таа е на став дека на општините им се исплатени блок дотациите, а на градоначалниците, школите и директорите им останува да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.

-Министерството за обарзование и наука (МОН) дава блок дотации до општините. Блок дотациите им ги исплативме на општините и нема што дополнително да даваме. На градоначалниците, училиштата и директорите е како ќе се организираат за да ја спроведат грејната сезона, така што ова не е прашање што треба да се упати до МОН, изјави вчера Јаневска.

Според неа, ако Јакимовски има дополнителни барања, „треба да се обрати таму каде што треба, а не до МОН“.

Грејната сезона започна вчера, а од ЕСМ ден претходно информираа дека на барање на Општина Карпош, испораката на топлинска енергија во основните училишта нема да започне на 15 октомври, туку од 1 ноември.

null

И владината портпаролка Марија Митева вчера изјави дека Општина Карпош доставила барање за пролонгирање на грејната сезона. Според Митева, во барањето не било наведено кои се причините за ова и како се донела ваквата одлука.

И додека институциите си ја префрлаат топката, без парно греење се основните училишта „Братство“, „Јан Амос Коменски“, „Димо Хаџи Димов“, „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Лазо Трповски“ и „Петар Поп Арсов

The post Училиштата во Карпош и денеска без греење, МОН и градоначалникот си ја префрлаат топката appeared first on Република.

]]>

И покрај тоа што грејната сезона почна, осум основни училишта во Општина Карпош следат настава без парно греење. Градоначалникот на Општината, Стевчо Јакимовски, бара од Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, додека министерката за образование и наука Весна Јаневска тврди дека парите за греење во училиштата се исплатени на сите општини, а останува на градоначалниците, школите и директорите да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона. Јакимовски тврди дека Министерството за образование и наука (МОН) не обезбедило доволно средства за функционирање на училиштата во Општина Карпош, а одговорноста за тоа, според него, е на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Според Јакимовски, минатата година Општината издвоила шест милиони денари за децата да не останат без греење, затоа што, како што вели, Владата не сакала да ги плати сметките. Јакимовски тврди дека во февруари Општината добила вкупно два милиони денари, односно по 200 илјади денари за секое училиште, а како што рече, за едно училиште сметката е околу 540 илјади денари.   Реакцијата на Јакимовски дојде откако вчера министерката за образование и наука Весна Јаневска, во одговор на новинарско прашање за долгот на училиштата во Општина Карпош,рече дека „тој е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата“. Јаневска очекува сите училишта да имаат греење. Таа е на став дека на општините им се исплатени блок дотациите, а на градоначалниците, школите и директорите им останува да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.
-Министерството за обарзование и наука (МОН) дава блок дотации до општините. Блок дотациите им ги исплативме на општините и нема што дополнително да даваме. На градоначалниците, училиштата и директорите е како ќе се организираат за да ја спроведат грејната сезона, така што ова не е прашање што треба да се упати до МОН, изјави вчера Јаневска.
Според неа, ако Јакимовски има дополнителни барања, „треба да се обрати таму каде што треба, а не до МОН“. Грејната сезона започна вчера, а од ЕСМ ден претходно информираа дека на барање на Општина Карпош, испораката на топлинска енергија во основните училишта нема да започне на 15 октомври, туку од 1 ноември. null И владината портпаролка Марија Митева вчера изјави дека Општина Карпош доставила барање за пролонгирање на грејната сезона. Според Митева, во барањето не било наведено кои се причините за ова и како се донела ваквата одлука. И додека институциите си ја префрлаат топката, без парно греење се основните училишта „Братство“, „Јан Амос Коменски“, „Димо Хаџи Димов“, „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Лазо Трповски“ и „Петар Поп Арсов

The post Училиштата во Карпош и денеска без греење, МОН и градоначалникот си ја префрлаат топката appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Очекувам сите училишта да имаат греење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-ochekuvam-site-uchilishta-da-imaat-greene/ Tue, 15 Oct 2024 10:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=827055

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува сите училишта да имаат греење. Како што изјави денеска, на општините им се исплатени блок дотациите, па на градоначалниците, но и на школите и директорите е да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната реакција на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски кој повика Владата да го плати заостанатиот долг за греење на основните училишта во оваа општина, Јаневска изрази верување дека „тој е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата“.

-Министерството за обарзование и наука (МОН) дава блок дотации до општините. Блок дотациите им ги исплативме на општините и нема што дополнително да даваме. На градоначалниците, училиштата и директорите е како ќе се организираат за да ја спроведат грејната сезона, така што ова не е прашање што треба да се упати до МОН, нагласи Јаневска по прес-конференцијата за реконструкција на државните студентски домови.

Според неа, ако Јакимовски има дополнитлени барања, „треба да се обрати таму каде што треба, а не до МОН“.

Очекувам сите училишта да имаат греење, зашто е невозможно без греење да се учи. Верувам дека градоначаникот кој е многу способен, ќе најде начин да ги затопли училиштата, децидна е министерката.

Јакимовски вчера ја повика Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, зашто локалната самоуправа, рече, не е должна да го прави тоа. Јакимовски нагласи дека минатата година за децата да не останат без греење, Општината издвоила шест милиони денари зашто, исто така, Владата не сакала да ги плати сметките.

The post Јаневска: Очекувам сите училишта да имаат греење appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува сите училишта да имаат греење. Како што изјави денеска, на општините им се исплатени блок дотациите, па на градоначалниците, но и на школите и директорите е да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона. Одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната реакција на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски кој повика Владата да го плати заостанатиот долг за греење на основните училишта во оваа општина, Јаневска изрази верување дека „тој е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата“. -Министерството за обарзование и наука (МОН) дава блок дотации до општините. Блок дотациите им ги исплативме на општините и нема што дополнително да даваме. На градоначалниците, училиштата и директорите е како ќе се организираат за да ја спроведат грејната сезона, така што ова не е прашање што треба да се упати до МОН, нагласи Јаневска по прес-конференцијата за реконструкција на државните студентски домови. Според неа, ако Јакимовски има дополнитлени барања, „треба да се обрати таму каде што треба, а не до МОН“.
Очекувам сите училишта да имаат греење, зашто е невозможно без греење да се учи. Верувам дека градоначаникот кој е многу способен, ќе најде начин да ги затопли училиштата, децидна е министерката.
Јакимовски вчера ја повика Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, зашто локалната самоуправа, рече, не е должна да го прави тоа. Јакимовски нагласи дека минатата година за децата да не останат без греење, Општината издвоила шест милиони денари зашто, исто така, Владата не сакала да ги плати сметките.  

The post Јаневска: Очекувам сите училишта да имаат греење appeared first on Република.

]]>
Германија од денеска има нов закон: Еве што треба да знаат жителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-od-deneska-ima-nov-zakon-eve-shto-treba-da-znaat-zhitelite/ Mon, 01 Jan 2024 07:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=728567

Од 1 јануари во Германија стапува на сила новиот Закон за греење. При поставување на нови системи за греење, се предвидува тие да произведуваат најмалку 65% од топлината од обновливи извори на енергија.

Постојните системи за греење со нафта и гас може да работат само до крајот на 2044 година, пишува „Феникс“.

Ценовни сопирачки за струја и гас: Ценовните сопирачки за гас, струја и парно воведени како дел од енергетската криза истекуваат. Планираното продолжување на ценовните ограничувања на федералната влада до крајот на март 2024 година можеби нема да се спроведе.

Данокот на продажба на гас и парно греење повторно ќе се зголеми на вообичаената стапка од 19 проценти од март 2024 година.

Цена на ЦО₂: Од 1 јануари 2024 година, фосилните горива ќе подлежат на цена од 45 евра за тон ЦО₂. Севкупно, цената на ЦО₂ се искачува на 14,33 центи/л, што предизвикува дополнителни трошоци од 287 евра со годишна потрошувачка од 2.000 литри.

Поради повисоката цена на ЦО₂, трошоците за природен гас се зголемуваат за 0,36 центи по киловат час (кВч до 1,08 центи за кВч (бруто). Семејство со потрошувачка од 20.000 кВч годишно тогаш ќе плаќа околу 215 евра трошоци за ЦО₂ годишно, речиси 72 евра повеќе отколку во 2023 година.

Бензините вкупно ќе поскапат за 4,3 центи по литар (бруто). Додатокот на ЦО₂ за бензинот е тогаш 12,8 липа на литар. Дизелот чини 4,8 липи по литар повеќе од лани.

Сончеви системи: За фотоволтаични системи (ПВ системи) со моќност до 30 киловати (кВч), од 1 јануари ќе се применува поедноставена процедура за приклучување на мрежата; досега ова се однесува само на системи до 10,8 кВч.

Регистрацијата е полесна за приклучените соларни уреди. Уредите повеќе не треба да се регистрираат кај мрежниот оператор. Дополнително, уредите може да се стават во функција веднаш по купувањето, односно пред замена на мерачот на електрична енергија.

Кога ќе бидат пуштени во употреба новите фотоволтаични системи, од 1 февруари ќе има промена на висината на надоместоците. Ќе има прво мало намалување на бенефициите за еден процент. Дополнителни намалувања од еден процент се случуваат на секои шест месеци.

The post Германија од денеска има нов закон: Еве што треба да знаат жителите appeared first on Република.

]]>

Од 1 јануари во Германија стапува на сила новиот Закон за греење. При поставување на нови системи за греење, се предвидува тие да произведуваат најмалку 65% од топлината од обновливи извори на енергија. Постојните системи за греење со нафта и гас може да работат само до крајот на 2044 година, пишува „Феникс“. Ценовни сопирачки за струја и гас: Ценовните сопирачки за гас, струја и парно воведени како дел од енергетската криза истекуваат. Планираното продолжување на ценовните ограничувања на федералната влада до крајот на март 2024 година можеби нема да се спроведе. Данокот на продажба на гас и парно греење повторно ќе се зголеми на вообичаената стапка од 19 проценти од март 2024 година. Цена на ЦО₂: Од 1 јануари 2024 година, фосилните горива ќе подлежат на цена од 45 евра за тон ЦО₂. Севкупно, цената на ЦО₂ се искачува на 14,33 центи/л, што предизвикува дополнителни трошоци од 287 евра со годишна потрошувачка од 2.000 литри. Поради повисоката цена на ЦО₂, трошоците за природен гас се зголемуваат за 0,36 центи по киловат час (кВч до 1,08 центи за кВч (бруто). Семејство со потрошувачка од 20.000 кВч годишно тогаш ќе плаќа околу 215 евра трошоци за ЦО₂ годишно, речиси 72 евра повеќе отколку во 2023 година. Бензините вкупно ќе поскапат за 4,3 центи по литар (бруто). Додатокот на ЦО₂ за бензинот е тогаш 12,8 липа на литар. Дизелот чини 4,8 липи по литар повеќе од лани. Сончеви системи: За фотоволтаични системи (ПВ системи) со моќност до 30 киловати (кВч), од 1 јануари ќе се применува поедноставена процедура за приклучување на мрежата; досега ова се однесува само на системи до 10,8 кВч. Регистрацијата е полесна за приклучените соларни уреди. Уредите повеќе не треба да се регистрираат кај мрежниот оператор. Дополнително, уредите може да се стават во функција веднаш по купувањето, односно пред замена на мерачот на електрична енергија. Кога ќе бидат пуштени во употреба новите фотоволтаични системи, од 1 февруари ќе има промена на висината на надоместоците. Ќе има прво мало намалување на бенефициите за еден процент. Дополнителни намалувања од еден процент се случуваат на секои шест месеци.

The post Германија од денеска има нов закон: Еве што треба да знаат жителите appeared first on Република.

]]>
ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/esm-greeneto-vo-skopje-e-isto-za-site-potroshuvachi/ Sun, 26 Nov 2023 10:22:05 +0000 https://republika.mk/?p=716328

Греењето на подрачјето на град Скопје за сите потрошувачи се одвива од 6 до 22 часот и со внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен, како што е пропишано во регулативата, односно исти се условите за сите потрошувачи кои ги има вкупно 63 000 (домаќинства, деловни објекти и институции), соопшти ЕСМ.

Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење со кој управува ЕСМ се одвива во согласност со одредбите од Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија и Правилата за снабдување со топлинска енергија одобрени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република  Македонија. Како што наведува компанијата, овие подзаконски акти ја регулираат оваа проблематика и ги дефинираат условите и начинот на испорака на топлинската енергија до крајните потрошувачи. Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи е поврзано со висината на надворешната температура во различни периоди од грејната сезона во различни периоди од денот.

Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до објектите од почетокот на грејната сезона се одвива континуирано и така ќе продолжи до крајот на грејната сезона и истата се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури во различни периоди од денот. Доколку надворешните температури се пониски, се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите. При испораката на топлинска енергија се обезбедува оптимална потрошувачкa на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците. Потрошувачката на топлинска енергија во објектот се регистрира на мерилото во топлинската станица, истакнува ЕСМ.

Според компанијата, од почетокот на грејната сезона до денес дефектите во дистрибутивната мрежа се санирани во најкраток можен рок, со највисок приоритет, со цел намалување на загубите и воспоставување на редовен режим на испорака на топлина до потрошувачите.

Потрошувачите за сите пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето, да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100, повикува ЕСМ.

The post ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи appeared first on Република.

]]>

Греењето на подрачјето на град Скопје за сите потрошувачи се одвива од 6 до 22 часот и со внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен, како што е пропишано во регулативата, односно исти се условите за сите потрошувачи кои ги има вкупно 63 000 (домаќинства, деловни објекти и институции), соопшти ЕСМ. Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење со кој управува ЕСМ се одвива во согласност со одредбите од Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија и Правилата за снабдување со топлинска енергија одобрени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република  Македонија. Како што наведува компанијата, овие подзаконски акти ја регулираат оваа проблематика и ги дефинираат условите и начинот на испорака на топлинската енергија до крајните потрошувачи. Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи е поврзано со висината на надворешната температура во различни периоди од грејната сезона во различни периоди од денот. Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до објектите од почетокот на грејната сезона се одвива континуирано и така ќе продолжи до крајот на грејната сезона и истата се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури во различни периоди од денот. Доколку надворешните температури се пониски, се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите. При испораката на топлинска енергија се обезбедува оптимална потрошувачкa на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците. Потрошувачката на топлинска енергија во објектот се регистрира на мерилото во топлинската станица, истакнува ЕСМ. Според компанијата, од почетокот на грејната сезона до денес дефектите во дистрибутивната мрежа се санирани во најкраток можен рок, со највисок приоритет, со цел намалување на загубите и воспоставување на редовен режим на испорака на топлина до потрошувачите. Потрошувачите за сите пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето, да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100, повикува ЕСМ.

The post ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи appeared first on Република.

]]>
Греењето ноќе на спалната соба може да предизвика опасности по здравјето https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/greeneto-noke-na-spalnata-soba-mozhe-da-predizvika-opasnosti-po-zdravjeto/ Sat, 18 Nov 2023 09:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=702792

Кога температурите наесен опаѓаат, греењето се вклучува во сите домови. Многу луѓе го оставаат греењето вклучено и ноќе, додека спијат, па некои стручњаци велат дека тоа може да претставува опасност по здравјето. Следат три од можеби најчестите опасности.

Консултантката за сон, Мериен Тејлор од САД, вели дека превисоката топлина може да ви го наруши сонот, па и да предизвика почесто будење среде ноќ.

Ако во собата е премногу жешко, нашето тело мора да работи дополнително напорно за да си ја регулира температурата во текот на ноќта. Ова може да ја зголеми будноста и да го намали нашето време во длабок сон, што е најважниот „обновувачки“ сон, којшто ни овозможува да се чувствуваме одморени и енергични следниот ден, советува Тејлор.

Идеалната температура за спалната соба ноќе е 15,6 до 20 Целзиусови степени.

Како второ, ноќната жештина нѐ прави повеќе склони кон болести. На ноздрите им треба течност за да ги задржат вирусите и бактериите и да спречат човекот да се разболи. Повисоката топлина во собата при спиењето ја намалува влагата во ноздрите, што значи поголема ранливост на настинки, грип и инфекции на синусите, појаснува Тејлор.

Греењето, исто така, може да подигне „облаци“ прашина и други алергени коишто може да ги изиритираат синусите.

Истражување на Медицинскиот универзитет во Варшава потврдило дека одредени начини за греење во затворен простор се важни фактори на ризик за алергиски ринитис и астма.

Што се однесува до влажноста, греењето ноќе може и да ја исуши кожата на личноста која спие во таа соба. Сувата кожа предизвикана од топлина може да значи поголема опасност од појава на состојби како што се псоријаза и егзема. Греењето значи дополнително ниво на стрес во управувањето со сува кожа, што е особено проблематично ако човекот веќе има кожни заболувања. Предупредувачките знаци се оние кога кожата е премногу груба или почнува да се лупи.

The post Греењето ноќе на спалната соба може да предизвика опасности по здравјето appeared first on Република.

]]>

Кога температурите наесен опаѓаат, греењето се вклучува во сите домови. Многу луѓе го оставаат греењето вклучено и ноќе, додека спијат, па некои стручњаци велат дека тоа може да претставува опасност по здравјето. Следат три од можеби најчестите опасности. Консултантката за сон, Мериен Тејлор од САД, вели дека превисоката топлина може да ви го наруши сонот, па и да предизвика почесто будење среде ноќ.
Ако во собата е премногу жешко, нашето тело мора да работи дополнително напорно за да си ја регулира температурата во текот на ноќта. Ова може да ја зголеми будноста и да го намали нашето време во длабок сон, што е најважниот „обновувачки“ сон, којшто ни овозможува да се чувствуваме одморени и енергични следниот ден, советува Тејлор.
Идеалната температура за спалната соба ноќе е 15,6 до 20 Целзиусови степени.
Како второ, ноќната жештина нѐ прави повеќе склони кон болести. На ноздрите им треба течност за да ги задржат вирусите и бактериите и да спречат човекот да се разболи. Повисоката топлина во собата при спиењето ја намалува влагата во ноздрите, што значи поголема ранливост на настинки, грип и инфекции на синусите, појаснува Тејлор.
Греењето, исто така, може да подигне „облаци“ прашина и други алергени коишто може да ги изиритираат синусите. Истражување на Медицинскиот универзитет во Варшава потврдило дека одредени начини за греење во затворен простор се важни фактори на ризик за алергиски ринитис и астма. Што се однесува до влажноста, греењето ноќе може и да ја исуши кожата на личноста која спие во таа соба. Сувата кожа предизвикана од топлина може да значи поголема опасност од појава на состојби како што се псоријаза и егзема. Греењето значи дополнително ниво на стрес во управувањето со сува кожа, што е особено проблематично ако човекот веќе има кожни заболувања. Предупредувачките знаци се оние кога кожата е премногу груба или почнува да се лупи.

The post Греењето ноќе на спалната соба може да предизвика опасности по здравјето appeared first on Република.

]]>
Мицотакис ќе ги субвенционира домаќинствата што се греат на струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-ke-gi-subventsionira-domakinstvata-shto-se-great-na-struja/ Tue, 31 Oct 2023 13:40:16 +0000 https://republika.mk/?p=696709

Субвенции за домаќинствата кои се греат на струја, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната владина седница, како дел од новите мерки што се разгледуваат за поддршка на граѓаните во справувањето со високите цените, јави дописничката на МИА од Атина.

На почетокот на седницата, грчкиот премиер истакна дека нивниот „компас постојано укажува на реформи“ и посочи дека она што го најавил од Меѓународниот саем во Солун за борбата против даночното затајување „сега добива форма на закон“.

Соопшти поврзување на ПОС апаратите со фискалните каси, регулативи против шверцот на гориво, промени во начинот на оданочување на одредени категории вработени итн.

Сакам да повторам дека парите од откривањето на даночно затајување се јавно богатство. Моја заложба е да се вратат во општеството, да го подобрат секојдневниот живот на граѓаните. Да се претворат во подобро здравство, повеќе средства за образованието, поефикасна јавна безбедност и одбрана - истакна Мицотакис

Паралелно, се осврна и на ситуацијата на Блискиот Исток, повторувајќи дека Грција, како сила на стабилност во регионот, го признава правото на Израел на самоодбрана, врз основа на меѓународното и хуманитарното право, но и дека терористичката организација Хамас ја одвојува од палестинскиот народ.

The post Мицотакис ќе ги субвенционира домаќинствата што се греат на струја appeared first on Република.

]]>

Субвенции за домаќинствата кои се греат на струја, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната владина седница, како дел од новите мерки што се разгледуваат за поддршка на граѓаните во справувањето со високите цените, јави дописничката на МИА од Атина. На почетокот на седницата, грчкиот премиер истакна дека нивниот „компас постојано укажува на реформи“ и посочи дека она што го најавил од Меѓународниот саем во Солун за борбата против даночното затајување „сега добива форма на закон“. Соопшти поврзување на ПОС апаратите со фискалните каси, регулативи против шверцот на гориво, промени во начинот на оданочување на одредени категории вработени итн.
Сакам да повторам дека парите од откривањето на даночно затајување се јавно богатство. Моја заложба е да се вратат во општеството, да го подобрат секојдневниот живот на граѓаните. Да се претворат во подобро здравство, повеќе средства за образованието, поефикасна јавна безбедност и одбрана - истакна Мицотакис
Паралелно, се осврна и на ситуацијата на Блискиот Исток, повторувајќи дека Грција, како сила на стабилност во регионот, го признава правото на Израел на самоодбрана, врз основа на меѓународното и хуманитарното право, но и дека терористичката организација Хамас ја одвојува од палестинскиот народ.

The post Мицотакис ќе ги субвенционира домаќинствата што се греат на струја appeared first on Република.

]]>
Греењето во Скопје исто за сите потрошувачи, од ЕСМ објаснуваат зошто веќе нема „железарско“ парно https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/greeneto-vo-skopje-isto-za-site-potroshuvachi-od-esm-objasnuvaat-zoshto-veke-nema-zhelezarsko-parno/ Thu, 02 Feb 2023 10:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=603742

АД ЕСМ ја известува јавноста дека спроведе промени во системот на греење на град Скопје во правец на стандардизирање и воедначување на греењето, односно исти услови за сите потрошувачи, кои ги има вкупно 62 000 (домаќинства, деловни објекти и институции).

Промените значат дека одреден број потрошувачи приклучени на ЕСМ Енергетика сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија.

Овие потрошувачи на Енергетика досега добиваа парно греење 24 часа.

Имено, од 1 февруари, 2 000 потрошувачи од Енергетика, од вкупно 4 000, се префрлени на мрежата на ЕСМ Снабдување (главната градска мрежа на која се снабдува Скопје), додека за другите 2 000 кои остануваат на Енергетика во следниот период ќе се направат технички подготовки од следната грејна сезона да добиваат греење како и останатиот дел од градот. По воведената промена, сметките во населба Автокоманда нема да се покачуваат како што се појавија шпекулации, а сметките на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат до 45%. Причината за воведените промени е тоа што ЕСМ Енергетика ќе ги стави надвор од употреба старите парни котли кои немаат техничка можност за дневно гаснење и затоа греењето беше испорачувано 24 часа со енормна потрошувачка на гас, велат од АД ЕСМ.

Од компанијата додаваат дека котлите се градени во едно друго време и за друга намена, а тоа било снабдување со технолошка пареа на производните металуршки капацитети во комплексот Железара и од тие причини испораката на топлинска енергија преку нив со овие цени на гасот е неодржлива. Поради старата технологија, овие котли при работењето значително ја загадуваат и околина.

Доколку се продолжеше со истиот начин на работа, со овие цени на енергенсите, тоа ќе чинеше дополнителни 15 милиони евра од буџетот по грејна сезона. Тоа значи дека или сите граѓани на Македонија преку буџетот ќе плаќаат за одреден број потрошувачи да добиваат греење 24 часа, или сметките на СИТЕ потрошувачи во Скопје ќе бидат значително повисоки. За информација на пошироката јавност околу надлежностите на системот за греење, известуваме дека од вкупно 62 000 потрошувачи во Скопје (домаќинства, деловни објекти и институции), 57 500 се снабдуваат преку новоформираните фирми ЕСМ Производство, Дистрибуција и Снабдување, односно преку главната градска мрежа која претходно ја оперираше БЕГ, 4 000 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата на ЕСМ-Енергетика, и 500 преку топланата Скопје Север, која е исто така управувана од АД ЕСМ преку прокурист и финансирано од АД ЕСМ со буџетски средства, појаснуваат од АД ЕСМ.

Треба да се има предвид дека ако нема средства од буџетот за поддршка на АД ЕСМ во оваа енергетска криза, може да се случи и воопшто да нема греење, и затоа е потребно рационално користење на ресурсите.

The post Греењето во Скопје исто за сите потрошувачи, од ЕСМ објаснуваат зошто веќе нема „железарско“ парно appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ ја известува јавноста дека спроведе промени во системот на греење на град Скопје во правец на стандардизирање и воедначување на греењето, односно исти услови за сите потрошувачи, кои ги има вкупно 62 000 (домаќинства, деловни објекти и институции). Промените значат дека одреден број потрошувачи приклучени на ЕСМ Енергетика сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија. Овие потрошувачи на Енергетика досега добиваа парно греење 24 часа. Имено, од 1 февруари, 2 000 потрошувачи од Енергетика, од вкупно 4 000, се префрлени на мрежата на ЕСМ Снабдување (главната градска мрежа на која се снабдува Скопје), додека за другите 2 000 кои остануваат на Енергетика во следниот период ќе се направат технички подготовки од следната грејна сезона да добиваат греење како и останатиот дел од градот. По воведената промена, сметките во населба Автокоманда нема да се покачуваат како што се појавија шпекулации, а сметките на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат до 45%. Причината за воведените промени е тоа што ЕСМ Енергетика ќе ги стави надвор од употреба старите парни котли кои немаат техничка можност за дневно гаснење и затоа греењето беше испорачувано 24 часа со енормна потрошувачка на гас, велат од АД ЕСМ. Од компанијата додаваат дека котлите се градени во едно друго време и за друга намена, а тоа било снабдување со технолошка пареа на производните металуршки капацитети во комплексот Железара и од тие причини испораката на топлинска енергија преку нив со овие цени на гасот е неодржлива. Поради старата технологија, овие котли при работењето значително ја загадуваат и околина. Доколку се продолжеше со истиот начин на работа, со овие цени на енергенсите, тоа ќе чинеше дополнителни 15 милиони евра од буџетот по грејна сезона. Тоа значи дека или сите граѓани на Македонија преку буџетот ќе плаќаат за одреден број потрошувачи да добиваат греење 24 часа, или сметките на СИТЕ потрошувачи во Скопје ќе бидат значително повисоки. За информација на пошироката јавност околу надлежностите на системот за греење, известуваме дека од вкупно 62 000 потрошувачи во Скопје (домаќинства, деловни објекти и институции), 57 500 се снабдуваат преку новоформираните фирми ЕСМ Производство, Дистрибуција и Снабдување, односно преку главната градска мрежа која претходно ја оперираше БЕГ, 4 000 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата на ЕСМ-Енергетика, и 500 преку топланата Скопје Север, која е исто така управувана од АД ЕСМ преку прокурист и финансирано од АД ЕСМ со буџетски средства, појаснуваат од АД ЕСМ. Треба да се има предвид дека ако нема средства од буџетот за поддршка на АД ЕСМ во оваа енергетска криза, може да се случи и воопшто да нема греење, и затоа е потребно рационално користење на ресурсите.

The post Греењето во Скопје исто за сите потрошувачи, од ЕСМ објаснуваат зошто веќе нема „железарско“ парно appeared first on Република.

]]>
Мала промена која ќе ви заштеди струја https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/mala-promena-koja-ke-vi-zashtedi-struja/ Sun, 29 Jan 2023 21:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=602390

Ова е многу едноставен совет
Ако вашиот дом не е топол колку што би сакале, не треба да вклучувате греалка или клима уред. Една мала промена е доволна за вашиот дом да биде потопол.
Овој трик не бара пари, само малку време. Се што треба да направите е да го преместите мебелот. Пред радијаторот главно се поставуваат големи парчиња мебел како каучи, витрини, фотелји. На тој начин ја блокираат циркулацијата на топлиот воздух и го впиваат.
Затоа, треба да направите таков распоред што топлиот воздух може да циркулира без проблеми.

Многумина не знаат дека преместувањето на мебелот е наједноставниот и потполно бесплатен начин да ја направите куќата потопла. На овој начин ќе заштедите и на сметките за струја – објаснува еден експерт.
– Софите, троседите, масите и полиците за книги можат да ја апсорбираат топлината на радијаторот и да не дозволат да циркулира низ собата. Преместувањето на големи парчиња мебел за да не се пред или околу радијаторот ќе овозможи просториите да бидат потопли – додал друг.

The post Мала промена која ќе ви заштеди струја appeared first on Република.

]]>

Ова е многу едноставен совет Ако вашиот дом не е топол колку што би сакале, не треба да вклучувате греалка или клима уред. Една мала промена е доволна за вашиот дом да биде потопол. Овој трик не бара пари, само малку време. Се што треба да направите е да го преместите мебелот. Пред радијаторот главно се поставуваат големи парчиња мебел како каучи, витрини, фотелји. На тој начин ја блокираат циркулацијата на топлиот воздух и го впиваат. Затоа, треба да направите таков распоред што топлиот воздух може да циркулира без проблеми. Многумина не знаат дека преместувањето на мебелот е наједноставниот и потполно бесплатен начин да ја направите куќата потопла. На овој начин ќе заштедите и на сметките за струја – објаснува еден експерт. – Софите, троседите, масите и полиците за книги можат да ја апсорбираат топлината на радијаторот и да не дозволат да циркулира низ собата. Преместувањето на големи парчиња мебел за да не се пред или околу радијаторот ќе овозможи просториите да бидат потопли – додал друг.

The post Мала промена која ќе ви заштеди струја appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Успеавме да обезбедиме гас за греење во Скопје, понудата на опозицијата беше несериозна https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-uspeavme-da-obezbedime-gas-za-greene-vo-skopje-ponudata-na-opozitsijata-beshe-neseriozna/ Wed, 28 Dec 2022 22:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=591226

Премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за МРТ потсети дека уште на првиот ден од мандатот на оваа Влада тие се соочиле со проблем со затоплувањето на Град Скопје, затоа што, како што додаде, Скопје едноставно не сакало, иако е во негова надлежност, да се занимава со ова прашање. Премиерот истакна дека тогаш Владата успеала да обезбеди непречено снабдување со топлинска енергија.

-Истото се случи и оваа зима, управувањето со снабдувањето за Скопје беше преземено од страна на ЕСМ и беа обезбедени потребните количини на гас за затоплување во топланите и испорачување на топлинска енергија на граѓаните. Во меѓувреме се работеше на неколку активности, првата е зголемување на капацитетот односно на притисокот и можноста за набавка на гас од други извори на единствениот Итер-конектор што Македонија го има а тоа е Интер-конекторот на Жидилово и по потпишаните договори со Булгартранс и ГА-МА од наша страна со помош на нашите стратешки партнери беше овозможено зголемување на капацитетот на овој интерконектор, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека дополнително, втора активност била донесување на потребните подзаконски акти кои практично значат либерализација на трговијата со гас во државава.

– ЕСМ веќе информираше дека тие имаат спроведено јавен повик за набавка на гас до сите медиуми и граѓани е достапно дека гас ќе има од јануари за топланите, за ЕСМ енергетика, како и за големите потрошувачи кои што користат гас во своите производствени и услужни капацитети и тој ќе биде набавен од компанија која што „Balkan Utilities“ која што има понудено пониска цена од втората понуда која што има дадено компанијата за трговија со гас во сопственост на МАКПЕТРОЛ и има уште една понуда која не била конкретна и не можело да биде земена предвид, кажа Ковачевски.

Во однос на понудите на опозицијата за поевтини енергенси, во интервјуто тој одговори дека тоа што го правела опозицијата е несериозно.

-Јас никогаш ова не го коментирав само кажав дека адресата која што е за доставување на понуди е ЕСМ. Вие се сеќавате претседателот на ВМРО – ДПМНЕ прво кажуваше дека има контакти, па потоа тие контакти станаа позиции па на крај се заклучи дека се работи за компанија која достави само некаква ориентациона понуда без притоа да ги достави другите документи потребни според законската регулатива, тоа се банкарски гаранции, сертификат за квалитет на гасот итн. Дури во одреден момент кажаа дека не можат да испорачуваат, така што тоа беше еден несериозен пристап иако министерот за економија, директорот на ЕСМ остварија состанок на којшто кажаа кои се условите за набавка на гас, но тоа не беше направено низ целиот период. Сега се потврди дека на јавен повик тие кои ја доставиле целата документација со соодветни цени дека се земаат предвид, избран е најдобра понуда за месец јануари. Потоа согласно постапките ЕСМ ќе избира најдобра понуда и за наредните месеци, рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Успеавме да обезбедиме гас за греење во Скопје, понудата на опозицијата беше несериозна appeared first on Република.

Белата куќа намени 13,5 милијарди долари за трошоци на греење на американските домаќинства со ниски примања https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belata-kukja-nameni-13-5-milijardi-dolari-za-troshoci-na-greenje-na-amerikanskite-domakjinstva-so-niski-primanja/ Wed, 02 Nov 2022 13:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=568832

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе обезбеди 13,5 милијарди долари за домаќинствата со ниски приходи како помош за трошоците за греење во текот на претстојната зима, соопшти денеска Белата куќа.

Како дел од иницијативата, американското Министерство за здравство и човечки услуги обезбедува 4,5 милијарди долари финансирање за Програмата за енергетска помош на домаќинствата со ниски приходи (LIHEAP), се наведува во соопштението.

Новата финансиска помош ќе им помогне на Американците со сметките за греење, неплатените сметки за режиски услуги и поправките на домашните апарати, за да им се помогне во намалувањето на трошоците за енергија, соопшти Белата куќа.

Овие чекори ќе обезбедат дополнителна поддршка за семејствата со ниски и средни приходи и ќе ги надополнат даночните олеснувања што семејствата и сопствениците на згради можат да ги користат според Законот за намалување на инфлацијата за да инсталираат опрема за заштеда на енергија и да ги надградат зградите“, се додава во соопштението на белата куќа.

Американското Министерство за енергетика одделно ќе одвои девет милијарди долари од Законот за намалување на инфлацијата за да им помогне на 1,6 милиони домаќинства да ги надградат своите домови и да ги направат енергетски ефикасни со што ќе се намалат и сметките за енергија.

The post Белата куќа намени 13,5 милијарди долари за трошоци на греење на американските домаќинства со ниски примања appeared first on Република.

]]>

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе обезбеди 13,5 милијарди долари за домаќинствата со ниски приходи како помош за трошоците за греење во текот на претстојната зима, соопшти денеска Белата куќа. Како дел од иницијативата, американското Министерство за здравство и човечки услуги обезбедува 4,5 милијарди долари финансирање за Програмата за енергетска помош на домаќинствата со ниски приходи (LIHEAP), се наведува во соопштението. Новата финансиска помош ќе им помогне на Американците со сметките за греење, неплатените сметки за режиски услуги и поправките на домашните апарати, за да им се помогне во намалувањето на трошоците за енергија, соопшти Белата куќа. Овие чекори ќе обезбедат дополнителна поддршка за семејствата со ниски и средни приходи и ќе ги надополнат даночните олеснувања што семејствата и сопствениците на згради можат да ги користат според Законот за намалување на инфлацијата за да инсталираат опрема за заштеда на енергија и да ги надградат зградите“, се додава во соопштението на белата куќа. Американското Министерство за енергетика одделно ќе одвои девет милијарди долари од Законот за намалување на инфлацијата за да им помогне на 1,6 милиони домаќинства да ги надградат своите домови и да ги направат енергетски ефикасни со што ќе се намалат и сметките за енергија.

The post Белата куќа намени 13,5 милијарди долари за трошоци на греење на американските домаќинства со ниски примања appeared first on Република.

]]>
Скопјани ќе имаат парно, прашање е само дали топланите ќе работат на гас или на дизел, вели Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/skopjani-kje-imaat-parno-prashanje-e-samo-dali-toplanite-kje-rabotat-na-gas-ili-na-dizel-veli-kovachevski/ Thu, 20 Oct 2022 12:23:32 +0000 https://republika.mk/?p=563602

Граѓаните на Скопје ќе имаат парно греење, прашање е само на што ќе работат топланите, дали на гас, што е основното сценарио, или на дизел гориво, за што се прават последните подготовки, изјави денеска првиот човек на државната АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Доколку нема прифатливи понуди, односно доколку нема компанија која што ќе понуди испорака на гас, значи доколку има нула количини, тогаш ние како ЕСМ се подготвуваме за работа на топланите на алтернативно гориво, тоа е дизелот - рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, што ќе се случи доколку не се реализира набавката на природен гас.

Значи, граѓаните на Скопје не треба да се грижат, парно ќе има. Прашањето е само дали топланите ќе работат на природен гас или евентуално, таа е втората варијанта, обезбедени сме со опрема и со количини на дизел гориво, за да може да има непрекината испорака на топлинска енергија, рече Ковачевски.

Тој посочи дека првото сценарио е работа на природен гас, кое е и посакуваното сценарио и за ЕСМ и за граѓаните. Но, евентуално доколку нема можност да се испорача природен гас до државата, тогаш втора варијанта е алтернатива е работата на дизел гориво.

Тој вели дека е спроведена процедура, односно дека веќе се набавени потребните дизел пумпи. Системот кој што претходно работеше на мазут и кој еколошки е повеќекратно полош отколку работата на дизел, се санира, се чисти, а пумпите ќе бидат поставени деновиве. Така што, до 1 ноември компанијата ќе биде подготвена доколку нема испорака на природен гас да се работи на дизел.

За количините на дизел ќе распишеме рамковна јавна набавка, доколку успееме и доколку обезбедиме средства, а доколку не – постојат и државни резерви. Согласно законот, дел од тие резерви ќе можеме да користиме, нормално како позајмување - вели Ковачевски.

Тој уверува дека има време да се спроведат сите неопходни работи и дека вработените ги прават сите подготовки.

Во текот на следната седмица ќе бидеме подготвени, значи пред први ноември. Потенцирам, доколку нема испорака на природен гас, топланите ќе работат на дизел гориво и граѓаните на Скопје ќе имаат парно греење - уверува Ковачевски.

Инаку, како што посочува, во текот на изминатиот период биле остварени контакти со компании за да достават понуди за набавка на природен гас кој што ќе биде потребен за работа на топланите Исток и Запад, а доколку се склучи договор и за топланата Север, но исто така се бара гас и за ТЕ-ТО, доколку некој од добавувачите може да обезбеди, бидејќи за работењето на приватната гасна централа се потребни поголеми количества гас.

Очекуваме во текот на утрешниот ден да стигнат повеќе понуди, ќе ги разгледаме. АД ЕСМ продажба има обврска да го набави природниот гас и да испорача кон консументите, тоа се топланите и евентуално ТЕ-ТО - вели Ковачевски.

Тој додава дека за утре е најавена и понудата на еден од контактите на опозицијата, компанијата ПГО.

Чекаме утре да има понуда и од нив. Веќе е контактирано и со Макпетрол, номинирани се количините од 1 ноември до 30 април, и очекувам дека и Макпетрол ќе се појави со понуда за овој период. Доколку има други компании ќе ги разгледаме сите понуди. Основен критериум ќе биде најниската цена. Компанијата која што ќе понуди најниска цена ќе биде прифатена, секако со гаранција дека тие количини ќе бидат испорачани и дека ќе бидат задоволени потребите на АД ЕСМ во делот на испорака на природен гас - вели Ковачевски.

Тој додава дека во рамки на ЕСМ продажба имаат формирано комисија и се водат процедурите на отворен повик и најавна набавка, како и дека ќе се разгледаат сите понуди.

Во текот на наредната недела, бидејќи понеделник е неработен ден, веројатно од вторник натаму, треба да се склучат договорите, затоа што стигнува 1 ноември кога треба да се почне со работа да се задоволат потребите на топланите и евентуално на ТЕ-ТО - вели Ковачевски.

Побарувањето е за шест месеци, номинирани се и месечни количини и вкупно за шест месеци. Станува збор за околу 225 милиони метри кубни се потребни за шесте месеци, доколку работи ТЕ-ТО и топланите Исток Запад и Север.

Очекувам дека ќе има прифатлива понуда, во најмала рака барем за топланите затоа што не се големи количини - вели Ковачевски.

The post Скопјани ќе имаат парно, прашање е само дали топланите ќе работат на гас или на дизел, вели Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Скопје ќе имаат парно греење, прашање е само на што ќе работат топланите, дали на гас, што е основното сценарио, или на дизел гориво, за што се прават последните подготовки, изјави денеска првиот човек на државната АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Доколку нема прифатливи понуди, односно доколку нема компанија која што ќе понуди испорака на гас, значи доколку има нула количини, тогаш ние како ЕСМ се подготвуваме за работа на топланите на алтернативно гориво, тоа е дизелот - рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, што ќе се случи доколку не се реализира набавката на природен гас.
Значи, граѓаните на Скопје не треба да се грижат, парно ќе има. Прашањето е само дали топланите ќе работат на природен гас или евентуално, таа е втората варијанта, обезбедени сме со опрема и со количини на дизел гориво, за да може да има непрекината испорака на топлинска енергија, рече Ковачевски. Тој посочи дека првото сценарио е работа на природен гас, кое е и посакуваното сценарио и за ЕСМ и за граѓаните. Но, евентуално доколку нема можност да се испорача природен гас до државата, тогаш втора варијанта е алтернатива е работата на дизел гориво. Тој вели дека е спроведена процедура, односно дека веќе се набавени потребните дизел пумпи. Системот кој што претходно работеше на мазут и кој еколошки е повеќекратно полош отколку работата на дизел, се санира, се чисти, а пумпите ќе бидат поставени деновиве. Така што, до 1 ноември компанијата ќе биде подготвена доколку нема испорака на природен гас да се работи на дизел.
За количините на дизел ќе распишеме рамковна јавна набавка, доколку успееме и доколку обезбедиме средства, а доколку не – постојат и државни резерви. Согласно законот, дел од тие резерви ќе можеме да користиме, нормално како позајмување - вели Ковачевски.
Тој уверува дека има време да се спроведат сите неопходни работи и дека вработените ги прават сите подготовки.
Во текот на следната седмица ќе бидеме подготвени, значи пред први ноември. Потенцирам, доколку нема испорака на природен гас, топланите ќе работат на дизел гориво и граѓаните на Скопје ќе имаат парно греење - уверува Ковачевски.
Инаку, како што посочува, во текот на изминатиот период биле остварени контакти со компании за да достават понуди за набавка на природен гас кој што ќе биде потребен за работа на топланите Исток и Запад, а доколку се склучи договор и за топланата Север, но исто така се бара гас и за ТЕ-ТО, доколку некој од добавувачите може да обезбеди, бидејќи за работењето на приватната гасна централа се потребни поголеми количества гас.
Очекуваме во текот на утрешниот ден да стигнат повеќе понуди, ќе ги разгледаме. АД ЕСМ продажба има обврска да го набави природниот гас и да испорача кон консументите, тоа се топланите и евентуално ТЕ-ТО - вели Ковачевски.
Тој додава дека за утре е најавена и понудата на еден од контактите на опозицијата, компанијата ПГО.
Чекаме утре да има понуда и од нив. Веќе е контактирано и со Макпетрол, номинирани се количините од 1 ноември до 30 април, и очекувам дека и Макпетрол ќе се појави со понуда за овој период. Доколку има други компании ќе ги разгледаме сите понуди. Основен критериум ќе биде најниската цена. Компанијата која што ќе понуди најниска цена ќе биде прифатена, секако со гаранција дека тие количини ќе бидат испорачани и дека ќе бидат задоволени потребите на АД ЕСМ во делот на испорака на природен гас - вели Ковачевски.
Тој додава дека во рамки на ЕСМ продажба имаат формирано комисија и се водат процедурите на отворен повик и најавна набавка, како и дека ќе се разгледаат сите понуди.
Во текот на наредната недела, бидејќи понеделник е неработен ден, веројатно од вторник натаму, треба да се склучат договорите, затоа што стигнува 1 ноември кога треба да се почне со работа да се задоволат потребите на топланите и евентуално на ТЕ-ТО - вели Ковачевски.
Побарувањето е за шест месеци, номинирани се и месечни количини и вкупно за шест месеци. Станува збор за околу 225 милиони метри кубни се потребни за шесте месеци, доколку работи ТЕ-ТО и топланите Исток Запад и Север.
Очекувам дека ќе има прифатлива понуда, во најмала рака барем за топланите затоа што не се големи количини - вели Ковачевски.

The post Скопјани ќе имаат парно, прашање е само дали топланите ќе работат на гас или на дизел, вели Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Топланата Скопје -Север има гас само за следните три дена, ЕСМ не му дава пари поради долгови од минатата грејна сезона https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/toplanata-skopje-sever-ima-gas-samo-za-slednite-tri-dena-esm-ne-mu-dava-pari-poradi-dolgovi-od-minatata-grejna-sezona/ Mon, 17 Oct 2022 13:18:25 +0000 https://republika.mk/?p=562131

ЕСМ нема да му даде пари на претпријатието поради долгови од минатата грејна сезона. Директорот Куштрим Рамадани одново ги повика надлежните да изнајдат начин да помогнат бидејќи гас има само за следните 3 дена.

Вели дека до крајот на март на располагање имаат 1 милион евра за набавка на енергенси но со сегашните цени на берза претпоставките се дека трошоците би се зголемиле најмалку двојно.

„Цените на горивото беа многу високи а согласно одлуката на Регулаторна ние фактуриравме и фактурираме со пониски цени. Ние плаќаме 120 а продаваме за 60 денари така што на ваков начин системот е неодржлив. Излегоа во пресрет господата од Промгас и плативме за неколку дена, колку што имавме. Ги убедивме два пати веќе но трет пат нема да има.“- Куштрим Рамадани, директор на Скопје – Север АД.

The post Топланата Скопје -Север има гас само за следните три дена, ЕСМ не му дава пари поради долгови од минатата грејна сезона appeared first on Република.

]]>

ЕСМ нема да му даде пари на претпријатието поради долгови од минатата грејна сезона. Директорот Куштрим Рамадани одново ги повика надлежните да изнајдат начин да помогнат бидејќи гас има само за следните 3 дена. Вели дека до крајот на март на располагање имаат 1 милион евра за набавка на енергенси но со сегашните цени на берза претпоставките се дека трошоците би се зголемиле најмалку двојно.
„Цените на горивото беа многу високи а согласно одлуката на Регулаторна ние фактуриравме и фактурираме со пониски цени. Ние плаќаме 120 а продаваме за 60 денари така што на ваков начин системот е неодржлив. Излегоа во пресрет господата од Промгас и плативме за неколку дена, колку што имавме. Ги убедивме два пати веќе но трет пат нема да има.“- Куштрим Рамадани, директор на Скопје – Север АД.

The post Топланата Скопје -Север има гас само за следните три дена, ЕСМ не му дава пари поради долгови од минатата грејна сезона appeared first on Република.

]]>
Исполнети се условите: Од утре топли радијатори во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ispolneti-se-uslovite-od-utre-topli-radijatori-vo-skopje/ Fri, 14 Oct 2022 14:42:52 +0000 https://republika.mk/?p=561228

Исполнети се сите предуслови за нормално започнување на грејната сезона во Скопје од 15 октомври. Утре ќе бидат топли радијаторите на сите скопјани кои се приклучени на централно греење.

Тоа, како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, е овозможено со доделените три лиценци за продажба, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија во град Скопје на денешната главна седница на РКЕ.

Денеска донесовме три одлуки за вршење на енергетски дејности од делокругот на топлинската енергија. Лиценца за извршување на дејност регулирано производство на топлинска енергија до 30 април 2023 година доби ЕСМ продажба ДООЕЛ Скопје, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија во траење од 35 години доби ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје, а лиценца за снабдување со топлинска енергија во траење од 10 години доби ЕСМ снабдување со топлина - рече Бислимоски.

Тој нагласи дека РКЕ во текот на вчерашниот ден ги добила последните неопходни документи за издавање на лиценците – Дописот со кој ПУИГ ги известил дека е раскинат договорот помеѓу ПУИГ и БЕГ дистрибуција и Доказот за бројот на вработени во ЕСМ продажба кои ќе работат на регулирано производство на топлинска енергија.

Со издавањето на овие лиценци се исполнети сите предуслови кои се потребни за започнување на грејната сезона во градот Скопје на 15 октомври со што греењето ќе започне од утре. Ќе важат и понатаму сите критериуми и параметри кои важеа од претходно, односно загарантираната температура ќе биде 21 степен Целзиусов, а ист како и претходно ќе биде и периодот на започнување и завршување на греењето - прецизира Бислимоски.

Посочи дека во Белград и во Италија за една недела е одложено започнувањето на грејната сезона, а во повеќето земји максималната температура која се гарантира е 19 степени Целзиусови.

Вети дека РКЕ ќе направи се што може за да се набави соодветно гориво за да има непречено одвивање на грејната сезона. Појасни дека РКЕ дополнително побарала во наредниот период да се преземат одреден број на вработени од БЕГ, кои не биле преземени од ЕСМ и за тоа добиле ветување дека ќе биде направено. Со тоа грејната сезона, како што кажа, ќе започне со добра екипираност.

Го повикуваме ЕСМ да работат во оптимални режими на работа со цел да се намалат трошоците за гориво, а граѓаните да се придржуваат кон мерките за штедење - потенцира Бислимоски.

Нагласи дека скопјани ќе имаат парно греење без разлика дали ќе работи ТЕ-ТО или не.

До 2012 година сите потреби на Скопје ги задоволуваа топланите Исток и Запад, а и од 2012 година кога беше вклучено ТЕ-ТО имаше подолги периоди кога не работеше когенеративната електрана, бидејќи не им одговараа пазарните услови при што немаше никакви проблеми во снабдувањето со топлинска енергија во град Скопје, рече Бислимоски во одговор на прашање.

Сепак, потенцира, добро би било да работи ТЕ-ТО.

Пресметките се правени дека ТЕ-ТО ќе работи со 70 проценти во просек во текот на грејната сезона, а 30 проценти да се добиваат од топланите. Во октомври и ноември не е проблематично од тој аспект заради очекувањата дека ќе имаме нешто повисоки температури од вообичаените. Затоа работењето или не работењето на ТЕ-ТО нема да создаде никаков проблем. Како што има трошоци признати за ТЕ-ТО така има и за набавка на природен гас. Верувам дека ќе се најде природен гас по разумна цена за да може и ТЕ-ТО да работи пред се за производство на електрична енергија која ќе им помогне на македонските компании кои се на отворениот пазар, а дополнително да помогне и за порелаксирана ситуација во снабдувањето со топлинска енергија - потенцира Бислимоски.

The post Исполнети се условите: Од утре топли радијатори во Скопје appeared first on Република.

]]>

Исполнети се сите предуслови за нормално започнување на грејната сезона во Скопје од 15 октомври. Утре ќе бидат топли радијаторите на сите скопјани кои се приклучени на централно греење. Тоа, како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, е овозможено со доделените три лиценци за продажба, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија во град Скопје на денешната главна седница на РКЕ.
Денеска донесовме три одлуки за вршење на енергетски дејности од делокругот на топлинската енергија. Лиценца за извршување на дејност регулирано производство на топлинска енергија до 30 април 2023 година доби ЕСМ продажба ДООЕЛ Скопје, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија во траење од 35 години доби ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје, а лиценца за снабдување со топлинска енергија во траење од 10 години доби ЕСМ снабдување со топлина - рече Бислимоски.
Тој нагласи дека РКЕ во текот на вчерашниот ден ги добила последните неопходни документи за издавање на лиценците – Дописот со кој ПУИГ ги известил дека е раскинат договорот помеѓу ПУИГ и БЕГ дистрибуција и Доказот за бројот на вработени во ЕСМ продажба кои ќе работат на регулирано производство на топлинска енергија.
Со издавањето на овие лиценци се исполнети сите предуслови кои се потребни за започнување на грејната сезона во градот Скопје на 15 октомври со што греењето ќе започне од утре. Ќе важат и понатаму сите критериуми и параметри кои важеа од претходно, односно загарантираната температура ќе биде 21 степен Целзиусов, а ист како и претходно ќе биде и периодот на започнување и завршување на греењето - прецизира Бислимоски.
Посочи дека во Белград и во Италија за една недела е одложено започнувањето на грејната сезона, а во повеќето земји максималната температура која се гарантира е 19 степени Целзиусови. Вети дека РКЕ ќе направи се што може за да се набави соодветно гориво за да има непречено одвивање на грејната сезона. Појасни дека РКЕ дополнително побарала во наредниот период да се преземат одреден број на вработени од БЕГ, кои не биле преземени од ЕСМ и за тоа добиле ветување дека ќе биде направено. Со тоа грејната сезона, како што кажа, ќе започне со добра екипираност.
Го повикуваме ЕСМ да работат во оптимални режими на работа со цел да се намалат трошоците за гориво, а граѓаните да се придржуваат кон мерките за штедење - потенцира Бислимоски.
Нагласи дека скопјани ќе имаат парно греење без разлика дали ќе работи ТЕ-ТО или не. До 2012 година сите потреби на Скопје ги задоволуваа топланите Исток и Запад, а и од 2012 година кога беше вклучено ТЕ-ТО имаше подолги периоди кога не работеше когенеративната електрана, бидејќи не им одговараа пазарните услови при што немаше никакви проблеми во снабдувањето со топлинска енергија во град Скопје, рече Бислимоски во одговор на прашање. Сепак, потенцира, добро би било да работи ТЕ-ТО.
Пресметките се правени дека ТЕ-ТО ќе работи со 70 проценти во просек во текот на грејната сезона, а 30 проценти да се добиваат од топланите. Во октомври и ноември не е проблематично од тој аспект заради очекувањата дека ќе имаме нешто повисоки температури од вообичаените. Затоа работењето или не работењето на ТЕ-ТО нема да создаде никаков проблем. Како што има трошоци признати за ТЕ-ТО така има и за набавка на природен гас. Верувам дека ќе се најде природен гас по разумна цена за да може и ТЕ-ТО да работи пред се за производство на електрична енергија која ќе им помогне на македонските компании кои се на отворениот пазар, а дополнително да помогне и за порелаксирана ситуација во снабдувањето со топлинска енергија - потенцира Бислимоски.

The post Исполнети се условите: Од утре топли радијатори во Скопје appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Човек дали да плаче или да се смее кога претседателот дава ваква недоветна „гаранција“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-chovek-dali-da-plache-ili-da-se-smee-koga-pretsedatelot-dava-vakva-nedovetna-garancija/ Tue, 04 Oct 2022 06:54:40 +0000 https://republika.mk/?p=557051

Антонио Милошоски објави коментар за изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека доколку нема парно за скопјани, тогаш тој ќе наредел исклучување на греењето и во Вила Водно.

Да не знае човек дали да плаче или да се смее кога претседателот на државата дава една ваква недоветна „гаранција“, наместо да понуди решенија за енергетската и економска неизвесност во која се втурнати сите граѓани - коментира Антонио Милошоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ako-nema-parno-za-gragjanite-vo-skopje-i-nie-vo-vila-vodno-kje-go-iskluchime-greenjeto/

The post Милошоски: Човек дали да плаче или да се смее кога претседателот дава ваква недоветна „гаранција“ appeared first on Република.

Штедливи Германци: Греењето на работа најмногу до 19 степени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtedlivi-germanci-greenjeto-na-rabota-najmnogu-do-19-stepeni/ Wed, 24 Aug 2022 14:24:24 +0000 https://republika.mk/?p=543721

Германската влада усвои пакет мерки за заштеда на енергија, вклучително и ограничување на греењето на работните места на максимални 19 степени.

Мерките, кои треба да стапат во сила до крајот на февруари идната година, предвидуваат повеќе да не се загреваат скалите и ходниците, а на работните места за кои е потребна тешка физичка работа, просториите би се загревале до максимум 12 степени.

Од ова правило се изземени медицинските установи, градинките и училиштата.

На продавниците и деловните простории им е забрането подолго време да ја отвораат влезната врата за да се спречи загубата на топлина, а на приватните домаќинства им е забрането да ги греат базените на плински или електрични греалки.

Владините мерки за заштеда на енергија важат и за осветлувањето на деловните простории. Светлосните реклами како и осветлувањето на излозите не смеат да се вклучуваат од 22 до 06 часот, со исклучок на излозите на пешачките подвозници.

Јавните објекти повеќе нема да смеат да користат надворешно осветлување, вклучително и осветлување на спомениците на културата, одлучи Владата.

Министерот за економија Роберт Хабек рече дека овие мерки можат да заштедат до два и пол проценти од вкупната потрошувачка на енергија во Германија. Целта на Владата е 20 проценти.

Ние се наоѓаме пред задача од национални размери. Секој придонес е важен, рече Хабек.

The post Штедливи Германци: Греењето на работа најмногу до 19 степени appeared first on Република.

]]>

Германската влада усвои пакет мерки за заштеда на енергија, вклучително и ограничување на греењето на работните места на максимални 19 степени. Мерките, кои треба да стапат во сила до крајот на февруари идната година, предвидуваат повеќе да не се загреваат скалите и ходниците, а на работните места за кои е потребна тешка физичка работа, просториите би се загревале до максимум 12 степени. Од ова правило се изземени медицинските установи, градинките и училиштата. На продавниците и деловните простории им е забрането подолго време да ја отвораат влезната врата за да се спречи загубата на топлина, а на приватните домаќинства им е забрането да ги греат базените на плински или електрични греалки. Владините мерки за заштеда на енергија важат и за осветлувањето на деловните простории. Светлосните реклами како и осветлувањето на излозите не смеат да се вклучуваат од 22 до 06 часот, со исклучок на излозите на пешачките подвозници. Јавните објекти повеќе нема да смеат да користат надворешно осветлување, вклучително и осветлување на спомениците на културата, одлучи Владата. Министерот за економија Роберт Хабек рече дека овие мерки можат да заштедат до два и пол проценти од вкупната потрошувачка на енергија во Германија. Целта на Владата е 20 проценти.
Ние се наоѓаме пред задача од национални размери. Секој придонес е важен, рече Хабек.

The post Штедливи Германци: Греењето на работа најмногу до 19 степени appeared first on Република.

]]>
Шпанија воведе итни мерки: Ладење до 27, греење до 19 степени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-vovede-itni-merki-ladenje-do-27-greenje-do-19-stepeni/ Tue, 02 Aug 2022 09:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=536037

Шпанската влада воведува „итни мерки“ за заштеда на енергија поради енергетската криза што ја надвладеа Европа по руската инвазија на Украина, пренесува „24.хр“.

Сите згради во јавниот сектор, трговските центри, кината, канцелариите, хотелите, станиците и аеродромите не смеат во лето да ја спуштат температурата под 27 Целзиусови степени, додека во зима температурата нема да биде повисока од 19 Целзиусови степени.

Оваа одлука беше усвоена на состанокот на владата во Мадрид, а доцна во понеделникот ја соопшти Тереза ​​Рибера, министерка за еколошка транзиција.

Рибера рече дека планираните мерки мора да се воведат по еднонеделен преоден рок по објавувањето во службен весник.

Рибера рече дека тоа е почетен пакет кој е неопходен во „критична ситуација“. На Европа и е потребна помош од Шпанија, рече таа и дополни дека е време за солидарност.

Мерките, исто така, вклучуваат правила за продавниците и бизнисите да ги држат своите врати затворени со помош на автоматски систем што мора да се инсталира до 30 септември.

Целта на ова, тврдат од Владата, е да се спречи топлиот или студениот воздух да излегува од загреан или ладен простор.

По 22 часот мора да се исклучи осветлувањето во неискористените канцеларии, излозите и спомениците, а во одредени згради ќе се започне со проверка на енергетската ефикасност.

Рибера апелираше до приватниот сектор да го зголеми уделот на работа од дома.

Шпанија ги презема овие и дополнителни мерки, кои треба да се одлучат по летната пауза, за да ги исполни обврските преземени во европскиот план за итни случаи договорен минатата недела.

Земјата ќе се обиде да ја намали потрошувачката на гас за 7 проценти.

Шпанија првично беше против планот на Европската комисија, но на крајот, откако доби отстапки, го одобри.

The post Шпанија воведе итни мерки: Ладење до 27, греење до 19 степени appeared first on Република.

]]>

Шпанската влада воведува „итни мерки“ за заштеда на енергија поради енергетската криза што ја надвладеа Европа по руската инвазија на Украина, пренесува „24.хр“. Сите згради во јавниот сектор, трговските центри, кината, канцелариите, хотелите, станиците и аеродромите не смеат во лето да ја спуштат температурата под 27 Целзиусови степени, додека во зима температурата нема да биде повисока од 19 Целзиусови степени. Оваа одлука беше усвоена на состанокот на владата во Мадрид, а доцна во понеделникот ја соопшти Тереза ​​Рибера, министерка за еколошка транзиција. Рибера рече дека планираните мерки мора да се воведат по еднонеделен преоден рок по објавувањето во службен весник. Рибера рече дека тоа е почетен пакет кој е неопходен во „критична ситуација“. На Европа и е потребна помош од Шпанија, рече таа и дополни дека е време за солидарност. Мерките, исто така, вклучуваат правила за продавниците и бизнисите да ги држат своите врати затворени со помош на автоматски систем што мора да се инсталира до 30 септември. Целта на ова, тврдат од Владата, е да се спречи топлиот или студениот воздух да излегува од загреан или ладен простор. По 22 часот мора да се исклучи осветлувањето во неискористените канцеларии, излозите и спомениците, а во одредени згради ќе се започне со проверка на енергетската ефикасност. Рибера апелираше до приватниот сектор да го зголеми уделот на работа од дома. Шпанија ги презема овие и дополнителни мерки, кои треба да се одлучат по летната пауза, за да ги исполни обврските преземени во европскиот план за итни случаи договорен минатата недела. Земјата ќе се обиде да ја намали потрошувачката на гас за 7 проценти. Шпанија првично беше против планот на Европската комисија, но на крајот, откако доби отстапки, го одобри.

The post Шпанија воведе итни мерки: Ладење до 27, греење до 19 степени appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Да штедиме, можно е да немаме доволно за греење зимава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nuredini-da-shtedime-mozno-e-da-nemame-dovolno-za-greenje-zimava/ Mon, 25 Jul 2022 18:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=533078

Напуштање на РЕК Битола, штедење енергија, вложување во обновливи извори, воведување данок на јаглерод се само дел од потребните промени што ги посочува министерот за животна средина, Насер Нуредини во интервју за Гласот на Америка

Секој да штеди енергија, од индустрија до граѓани, за да се преброди претстојната зима без да ѝ се наштети на околината. Тоа го вели министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во интервју за Гласот на Америка.

Да, веројатно е дека во текот на зимата ќе нема доволно гас за греење во Скопје. Но, како држава бараме можности за набавка од други извори, како што е соседна Бугарија“, вели Нуредини.

Министерот препорачува за греење да се користи струјата за која вели дека е еколошка, но и економична опција.

Греењето со инвертери сепак би било поевтино, енергетски поефикасно и помалку штетно за околината. Мораме да бидеме подготвени и внимателни. Да не користиме материјали што се штетни за нашето здравје“, посочува министерот.

Целиот напис прочитајте го овде.

The post Нуредини: Да штедиме, можно е да немаме доволно за греење зимава appeared first on Република.

]]>

Напуштање на РЕК Битола, штедење енергија, вложување во обновливи извори, воведување данок на јаглерод се само дел од потребните промени што ги посочува министерот за животна средина, Насер Нуредини во интервју за Гласот на Америка Секој да штеди енергија, од индустрија до граѓани, за да се преброди претстојната зима без да ѝ се наштети на околината. Тоа го вели министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во интервју за Гласот на Америка.
Да, веројатно е дека во текот на зимата ќе нема доволно гас за греење во Скопје. Но, како држава бараме можности за набавка од други извори, како што е соседна Бугарија“, вели Нуредини.
Министерот препорачува за греење да се користи струјата за која вели дека е еколошка, но и економична опција.
Греењето со инвертери сепак би било поевтино, енергетски поефикасно и помалку штетно за околината. Мораме да бидеме подготвени и внимателни. Да не користиме материјали што се штетни за нашето здравје“, посочува министерот.
Целиот напис прочитајте го овде.

The post Нуредини: Да штедиме, можно е да немаме доволно за греење зимава appeared first on Република.

]]>
Владата го задолжи да формира три трговски друштва: ЕСМ ќе ги грее скопјани? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vladata-go-zadolzi-da-formira-tri-trgovski-drushtva-esm-kje-gi-gree-skopjani/ Thu, 21 Jul 2022 11:30:34 +0000 https://republika.mk/?p=531803

Со цел поуспешно пребродување на кризата со топлинска енергија, Владата го задолжи АД ЕСМ да основа три трговски друштва за вршење поединечна енергетска дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ, информираат од ЕСМ.

Како што појаснуваат новооснованите друштва ќе бидат задолжени да се јават во постапката за избор на вршител на енергетска дејност кој што ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга, која ја спроведува Владата.

АД ЕСМ ќе влезе во овој проект со свои капацитети, но и со нови капацитети во делот на опремата и човечките ресурси, се со цел да обезбеди континуирано и стабилно снабдување на Скопје со топлинска енергија за претстојната грејна сезона. Во овој проект ќе помогне и Владата, со носење на брзи одлуки и поддршка во делот на финансиите. Исто така, АД ЕСМ е задолжен да формира уште еден ДООЕЛ-Топлификација Битола, кое ќе има обврска да го спроведува реализирањето на договорот во прва фаза кој АД ЕСМ го има склучено за изградба на топловодот од РЕК Битола до градот Битола. Во следните фази ова Друштво ќе се грижи за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Битола и другите две општини, проект замислен пред 30 години, а кој сегашниот менаџмент на АД ЕСМ и Владата го спроведуваат, се вели во соопштението.

Топлификација Битола е инвестиција од над 40 милиони евра, од кои дел се средства на ЕСМ, а поголемиот дел се поволна кредитна линија од германската КФВ Банка, и е проект кој ќе донесе големи еколошки и економски придобивки за трите општини кои гравитираат околу РЕК Битола, а тоа се Битола, Новаци и Могила.

The post Владата го задолжи да формира три трговски друштва: ЕСМ ќе ги грее скопјани? appeared first on Република.

]]>

Со цел поуспешно пребродување на кризата со топлинска енергија, Владата го задолжи АД ЕСМ да основа три трговски друштва за вршење поединечна енергетска дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ, информираат од ЕСМ. Како што појаснуваат новооснованите друштва ќе бидат задолжени да се јават во постапката за избор на вршител на енергетска дејност кој што ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга, која ја спроведува Владата. АД ЕСМ ќе влезе во овој проект со свои капацитети, но и со нови капацитети во делот на опремата и човечките ресурси, се со цел да обезбеди континуирано и стабилно снабдување на Скопје со топлинска енергија за претстојната грејна сезона. Во овој проект ќе помогне и Владата, со носење на брзи одлуки и поддршка во делот на финансиите. Исто така, АД ЕСМ е задолжен да формира уште еден ДООЕЛ-Топлификација Битола, кое ќе има обврска да го спроведува реализирањето на договорот во прва фаза кој АД ЕСМ го има склучено за изградба на топловодот од РЕК Битола до градот Битола. Во следните фази ова Друштво ќе се грижи за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Битола и другите две општини, проект замислен пред 30 години, а кој сегашниот менаџмент на АД ЕСМ и Владата го спроведуваат, се вели во соопштението. Топлификација Битола е инвестиција од над 40 милиони евра, од кои дел се средства на ЕСМ, а поголемиот дел се поволна кредитна линија од германската КФВ Банка, и е проект кој ќе донесе големи еколошки и економски придобивки за трите општини кои гравитираат околу РЕК Битола, а тоа се Битола, Новаци и Могила.

The post Владата го задолжи да формира три трговски друштва: ЕСМ ќе ги грее скопјани? appeared first on Република.

]]>
Неизвесноста на граѓаните како ќе ја поминат престојната грејна сезона станува се поголема https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/neizvesnosta-na-gragjanite-kako-kje-ja-pominat-prestojnata-grejna-sezona-stanuva-se-pogolema/ Sun, 17 Jul 2022 14:36:57 +0000 https://republika.mk/?p=530370

Изгор скапите дрва и струја ќе ги смрзнат граѓаните назима. Неизвесноста како ќе ја поминат престојната грејна сезона станува се поголема, по најавите дека дрва нема, а тие што ќе успеат да си купат ќе платат астрономски суми. Огревното дрво веќе се продава по 4000денари за кубик, па за да се затопли едно семејство потребни ќе му бидат минумим 24.000денари. Уште едно поскапување се очекува пред стартот на грејната сезона. Новите цени, дополнително ќе удрат по скромниот македонски буџет. Граѓаните се во недоумица, бараат начин како поевтино да се стоплат на минусните температури. Дрвата и понатаму им остануват како најевтина варијатна, објави Алфа телевизија.

Целиот текст овде.

The post Неизвесноста на граѓаните како ќе ја поминат престојната грејна сезона станува се поголема appeared first on Република.

]]>

Изгор скапите дрва и струја ќе ги смрзнат граѓаните назима. Неизвесноста како ќе ја поминат престојната грејна сезона станува се поголема, по најавите дека дрва нема, а тие што ќе успеат да си купат ќе платат астрономски суми. Огревното дрво веќе се продава по 4000денари за кубик, па за да се затопли едно семејство потребни ќе му бидат минумим 24.000денари. Уште едно поскапување се очекува пред стартот на грејната сезона. Новите цени, дополнително ќе удрат по скромниот македонски буџет. Граѓаните се во недоумица, бараат начин како поевтино да се стоплат на минусните температури. Дрвата и понатаму им остануват како најевтина варијатна, објави Алфа телевизија. Целиот текст овде.

The post Неизвесноста на граѓаните како ќе ја поминат престојната грејна сезона станува се поголема appeared first on Република.

]]>
Греењето со гас ќе биде забрането со закон во Австрија од 1 јануари 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/greenjeto-so-gas-kje-bide-zabraneto-so-zakon-vo-avstrija-od-1-januari-2023-godina/ Thu, 28 Apr 2022 07:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=494601

Австриското Министерство за заштита на животната средина во новиот нацрт закон предвидува забрана за греење на гас за нови градби од 2023 година. Мерката беше планирана да стапи во сила од 2025 година, но, поради последиците од преголемата зависност од рускиот гас, временскиот период е поместен.

Во нацрт законот се наведува дека од 1 јануари 2023 година, нема да биде дозволено поставување постројки за греење, што работат на течни или цврсти фосилни горива, или фосилен течен гас.

До 2040 година, греењето на гас мора да биде заменето со алтернативни, климатски поволни решенија, наведува Министерството.

Од 2023 година, неисправните постројки за греење на нафта или јаглен, треба да се заменат со „зелени системи“.

The post Греењето со гас ќе биде забрането со закон во Австрија од 1 јануари 2023 година appeared first on Република.

]]>

Австриското Министерство за заштита на животната средина во новиот нацрт закон предвидува забрана за греење на гас за нови градби од 2023 година. Мерката беше планирана да стапи во сила од 2025 година, но, поради последиците од преголемата зависност од рускиот гас, временскиот период е поместен. Во нацрт законот се наведува дека од 1 јануари 2023 година, нема да биде дозволено поставување постројки за греење, што работат на течни или цврсти фосилни горива, или фосилен течен гас. До 2040 година, греењето на гас мора да биде заменето со алтернативни, климатски поволни решенија, наведува Министерството. Од 2023 година, неисправните постројки за греење на нафта или јаглен, треба да се заменат со „зелени системи“.

The post Греењето со гас ќе биде забрането со закон во Австрија од 1 јануари 2023 година appeared first on Република.

]]>