греана ракија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/greana-rakija/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Jan 2023 14:00:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png греана ракија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/greana-rakija/ 32 32 Со греана ракија на Сараиште охриѓани го одбележаа Денот на рибарите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/so-greana-rakija-na-saraishte-ohrigani-go-odbelezhaa-denot-na-ribarite/ Fri, 20 Jan 2023 13:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=599147

Со греана ракија и капење во водите на Охридското Езеро на плажата Сараиште денеска охриѓани ја продолжија традицијата за одбележување на Денот на рибарите. Во студените езерски води заплива и фаќачот на крстот Васко Довлев со тајфата придружувани и од други верници.

Денот на рибарите е вековна традиција во Охрид, која порано, во времето кога било забрането фрлање на светиот крст за Богојавление – Водици, била искористена и за осветување на езерските води. Охриѓани за да го прикријат фрлањето на светиот крст, тоа го правеле во раните утрински часови на Свети Јован Крстител, денот кога рибарите го означувале почетокот на риболов на Охридската пастрмка.

Овој ден е значаен за рибарите зошто во минатото беше забрането да се фрла крстот за Водици и луѓето го поместиле еден ден покасно за да бидат послободни и како Ден на рибарите да си го слават. Важно е да се негува оваа традиција. Порано имаше повеќе рибари, ловевме со мрежи, вели охриѓанецот Ѓоко Трајчески, кој памети дека ловеле по два до три тона плашица.

И Наум Секулоски се присетува дека порано ловеле многу риба и покрај со греана ракија Денот го одбележувале и со рибина чорба.

Сега нема ловење, нема риба. Тогаш преку спортско риболовно друштво си вадевме дозволи и во недела одевме по риба, беше дозволено да се уловат три парчиња, ако е помало парчето од 300-400 грама требаше да се врати во вода, раскажува Секулоски.

Помладите охриѓани сметаат дека традицијата треба да продолжи и да се негува, за што велат дека е потребна поддршка од институциите.

Славењето на Денот на рибарите беше дополнето со старогратската песна во изведба на Охридскиот музички еснаф, но годинава без традиционалната рибина чорба.

The post Со греана ракија на Сараиште охриѓани го одбележаа Денот на рибарите appeared first on Република.

]]>

Со греана ракија и капење во водите на Охридското Езеро на плажата Сараиште денеска охриѓани ја продолжија традицијата за одбележување на Денот на рибарите. Во студените езерски води заплива и фаќачот на крстот Васко Довлев со тајфата придружувани и од други верници. Денот на рибарите е вековна традиција во Охрид, која порано, во времето кога било забрането фрлање на светиот крст за Богојавление – Водици, била искористена и за осветување на езерските води. Охриѓани за да го прикријат фрлањето на светиот крст, тоа го правеле во раните утрински часови на Свети Јован Крстител, денот кога рибарите го означувале почетокот на риболов на Охридската пастрмка.
Овој ден е значаен за рибарите зошто во минатото беше забрането да се фрла крстот за Водици и луѓето го поместиле еден ден покасно за да бидат послободни и како Ден на рибарите да си го слават. Важно е да се негува оваа традиција. Порано имаше повеќе рибари, ловевме со мрежи, вели охриѓанецот Ѓоко Трајчески, кој памети дека ловеле по два до три тона плашица.
И Наум Секулоски се присетува дека порано ловеле многу риба и покрај со греана ракија Денот го одбележувале и со рибина чорба.
Сега нема ловење, нема риба. Тогаш преку спортско риболовно друштво си вадевме дозволи и во недела одевме по риба, беше дозволено да се уловат три парчиња, ако е помало парчето од 300-400 грама требаше да се врати во вода, раскажува Секулоски.
Помладите охриѓани сметаат дека традицијата треба да продолжи и да се негува, за што велат дека е потребна поддршка од институциите. Славењето на Денот на рибарите беше дополнето со старогратската песна во изведба на Охридскиот музички еснаф, но годинава без традиционалната рибина чорба.

The post Со греана ракија на Сараиште охриѓани го одбележаа Денот на рибарите appeared first on Република.

]]>