грција - бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grcija-bugarija/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jul 2023 06:45:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грција - бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grcija-bugarija/ 32 32 Бугарскиот премиер ќе ја посети Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-premier-ke-ja-poseti-grtsija/ Mon, 24 Jul 2023 06:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=664581

Бугарскиот премиер Николај Денков денеска ќе биде во еднодневна посета на Атина, каде ќе има средба со својот грчки колега Киријакос Мицотакис.

Премиерите на Бугарија и Грција ќе разменат мислења за начините за надминување на негативните последици од војната во Украина за економијата, енергетиката и безбедноста, а ќе ги разгледаат и изгледите за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји.

Во бугарската делегација се и министерот за финансии Асен Василев, министерот за животна средина и вода Јулијан Попов, министерот за транспорт и врски Георги Гвоздејков и министерот за енергетика Румен Радев.

The post Бугарскиот премиер ќе ја посети Грција appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Николај Денков денеска ќе биде во еднодневна посета на Атина, каде ќе има средба со својот грчки колега Киријакос Мицотакис. Премиерите на Бугарија и Грција ќе разменат мислења за начините за надминување на негативните последици од војната во Украина за економијата, енергетиката и безбедноста, а ќе ги разгледаат и изгледите за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји. Во бугарската делегација се и министерот за финансии Асен Василев, министерот за животна средина и вода Јулијан Попов, министерот за транспорт и врски Георги Гвоздејков и министерот за енергетика Румен Радев.

The post Бугарскиот премиер ќе ја посети Грција appeared first on Република.

]]>
Петков до Мицотакис: Гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција е клучен за ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-do-micotakis-gasniot-interkonektor-megju-bugarija-i-grcija-e-kluchen-za-eu/ Sun, 10 Apr 2022 07:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=486062

Стратешката соработка меѓу Бугарија и Грција беше главна тема на средбата на бугарскиот премиер Кирил Петков со грчкиот колега Киријакос Мицотакис на Економскиот форум Делфи.

За време на разговорот, Петков ја истакнал важноста на партнерството меѓу двете соседни земји за стабилноста и просперитетот на целиот регион, соопшти прес-центарот на бугарската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот премиер даде пример со интерконекторот Грција-Бугарија, кој во оваа ситуација стана клучен проект за Европа во светло на заедничките напори за енергетска диверзификација и независност.

Бугарскиот премиер го истакна придонесот на добриот политички дијалог со неговиот грчки колега за забрзана реализација на проектот, кој ќе биде завршен кон средината на оваа година.

Тој изрази увереност дека не само во енергетскиот сектор, туку и во низа други области, Бугарија и Грција ќе продолжат да развиваат плодна соработка.

За време на форумот, Петков оствари средба и со косовскиот премиер Албин Курти.

Двајцата разговараа за развојот на односите меѓу Софија и Приштина. Бугарскиот премиер ја поздрави желбата на Косово за продлабочување на дијалогот со Бугарија и истакна дека тоа ќе биде од корист за двете земји.

Друга важна тема на средбата беа предизвиците за регионот на Западен Балкан поврзани со војната во Украина, вклучително и гарантирање безбедност на храната.

The post Петков до Мицотакис: Гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција е клучен за ЕУ appeared first on Република.

]]>

Стратешката соработка меѓу Бугарија и Грција беше главна тема на средбата на бугарскиот премиер Кирил Петков со грчкиот колега Киријакос Мицотакис на Економскиот форум Делфи. За време на разговорот, Петков ја истакнал важноста на партнерството меѓу двете соседни земји за стабилноста и просперитетот на целиот регион, соопшти прес-центарот на бугарската Влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот премиер даде пример со интерконекторот Грција-Бугарија, кој во оваа ситуација стана клучен проект за Европа во светло на заедничките напори за енергетска диверзификација и независност. Бугарскиот премиер го истакна придонесот на добриот политички дијалог со неговиот грчки колега за забрзана реализација на проектот, кој ќе биде завршен кон средината на оваа година. Тој изрази увереност дека не само во енергетскиот сектор, туку и во низа други области, Бугарија и Грција ќе продолжат да развиваат плодна соработка. За време на форумот, Петков оствари средба и со косовскиот премиер Албин Курти. Двајцата разговараа за развојот на односите меѓу Софија и Приштина. Бугарскиот премиер ја поздрави желбата на Косово за продлабочување на дијалогот со Бугарија и истакна дека тоа ќе биде од корист за двете земји. Друга важна тема на средбата беа предизвиците за регионот на Западен Балкан поврзани со војната во Украина, вклучително и гарантирање безбедност на храната.

The post Петков до Мицотакис: Гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција е клучен за ЕУ appeared first on Република.

]]>