Додека официјална Атина ја обвинува Македонија дека го крши Договорот од Преспа и обврските што произлегуваат од него грчката власт презема дејствија кои допрва треба да се договараат. Конкретно, се работи за трговските марки кои го носат предзнакот „македонски“.
Премиерот Мицотакис вчера се пофали дека се при крај со процедурата за регистрација на трговската марка „Macedonia the Great“ за грчките производи од нивниот регион Македонија. Тој дури и арогантно рече дека „не може македонско вино да е од Cеверна Македонија“.
Навистина ми е жал кога слушам врвни грчки производители на вино во нашата земја да ни кажуваат дека постојат вина што се појавуваат како македонски и некои клиенти од странство кога говорат за македонски вина да ја имаат на ум Cеверна Македонија-рече Мицотакис.
Со ова Мицотакис директно го крши Договорот од Преспа бидејќи во него стои дека двете земји треба да формираат Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, како и за комисија за троговски марки.
Овие комисии требаше во рок од три години да се договорат за употребата на трговските марки, географските ознаки, брендовите и комерцијалните имиња кои во себе го содржат терминот Македонија или придавката македонски. Досега нема информација дали овие комисии се формирале и дали донеле некаква одлука.
Доколку ова се случи ниту еден наш проиводител нема да може на својот производ да го стави како потекло „Македонија“ за македонско вино македонско сирење, македонско млеко, македонски ајвар. Сите тие ќе мора да бидат означени како производи од „Cеверна Македонија“.
Османи, се слушаме? Доколку не сте зафатени со лобирање за Косово, да ве потсетиме дека се уште сте министер.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozhe-makedonskoto-vino-da-e-od-ceverna-makedonija-tvrdi-mitsotakis-koj-ja-aktuelizirashe-trgovskata-oznaka-macedonia-the-great/
The post Додека власта на заминување спие, Грција ќе ни ги земе и македонските вина appeared first on Република.
]]>Навистина ми е жал кога слушам врвни грчки производители на вино во нашата земја да ни кажуваат дека постојат вина што се појавуваат како македонски и некои клиенти од странство кога говорат за македонски вина да ја имаат на ум Cеверна Македонија-рече Мицотакис.
The post Додека власта на заминување спие, Грција ќе ни ги земе и македонските вина appeared first on Република.
]]>Во маркетите низ Грција и во Европа започна да се продава ајвар. Оваа вест би била сосема нормална и за поздравува ако станува збор за производ направен во некоја од фабриките во Република Македонија. Но, ова е автентичен грчки производ и го прави погонот на „Liakada“.
На теглата стои натписот „Hellenic cousine“ „Paprika-Ajvar“. Тегла од 330 грама се продава за 3,4 евра.
Ова не е прв производ од „нивната“ „Македонија“ да се продава како грчки. Претходно тоа се случи со пиперките и виното.
https://republika.mk/vesti/balkan/brendot-e-zachuvan-grchki-piperki-od-makedonija-vo-germanski-marketi/
Грција веќе наголемо ја прововира кампањата „Мacedoniia the GReat иако специјална комисија меѓу двете земји допрва ќе треба да ги договара трговските марки согласно Договорот од Преспа.
The post Се продава како грчки производ: Грците ни го зедоа и ајварот, власта во Скопје молчи appeared first on Република.
]]>The post Се продава како грчки производ: Грците ни го зедоа и ајварот, власта во Скопје молчи appeared first on Република.
]]>