Грчки парламент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grchki-parlament/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 07:30:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Грчки парламент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grchki-parlament/ 32 32 Mицотакис најави дека нема да ги ратификуваат трите меморандуми поврзани со Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-najavi-deka-nema-da-gi-ratifikuvaat-trite-memorandumi-povrzani-so-makedonija/ Thu, 16 May 2024 07:30:07 +0000 https://republika.mk/?p=778605

Пораката дека Грција нема да ги ратификува трите меморандуми за соработка сè додека не постои целосно усогласување со одредбите од Договорот од Преспа, но и ставот дека отстапувањето од Договорот ќе донесе последици и на европскиот пат на Македонија и во билатералните односи, ги изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Во однос на тоа што ќе правиме, со јасна изјава ја предупредив и новата Влада на Скопје дека кое било отстапување од Договорот, сигурно е дека ќе има сериозни последици во нашите односи со Македонија, но и на патот на Македонија кон Европа, истакна Мицотакис.

Потсети на неговото, како што рече, предупредување во 2019 година дека „ратификацијата на Договорот нè обврзува во иднина да го спроведеме“.

-За одредницата „македонски“, ова за жал е гарантирано во Договорот од Преспа и ова беше нашето големо несогласување, односно придавките македонска нација и македонски јазик, а не „северномакедонски“, рече Мицотакис.

Коментирајќи ја вчерашната одлука на опозициската СИРИЗА да ги достави во Парламентот трите меморандуми, грчкиот премиер рече дека е пракса која „навистина ги достигнува границите на апсурдот“.

[caption id="attachment_660342" align="alignnone" width="640"] Фото: Влада РМ[/caption]

-Ми направи впечаток фактот што вчера СИРИЗА побрза да ги достави трите меморандуми во Парламентот. Сега, кога го гледаме она за што се сомневавме веќе подолг период дека може да дојде следната Влада и на некој начин да го оспори јадрото на Договорот, што всушност е ерга омнес, односно едно име за сите. Сега да дојдеме ние да ги ратификуваме меморандумите и да го изгубиме секое преговарачко оружје што го имаме за Скопје?, истакна грчкиот премиер.

Посочи дека ги следеле политичките случувања кај нас, гледале дека доаѓа нова Влада, го читале тоа што било кажувано и како што објасни, затоа избрале да не ги ратификуваат меморандумите.

-Ние нема да ги ратификуваме меморандумите сè додека не сме апсолутно убедени дека другата страна е усогласена со сите одредби на Договорот од Преспа, порача Мицотакис.

Во однос на постапката на лидерот на Грчко решение Кирјакос Велопулос да го скине Договорот од Преспа на собраниската говорница, рече дека не сака да ги коментира „патриотските испади на Велопулос, кој има направено кариера врз овие прашања“ и истакна дека граѓаните сфаќаат што значи „одговорен патриотизам и кои се патриоти во пракса

The post Mицотакис најави дека нема да ги ратификуваат трите меморандуми поврзани со Македонија appeared first on Република.

]]>

Пораката дека Грција нема да ги ратификува трите меморандуми за соработка сè додека не постои целосно усогласување со одредбите од Договорот од Преспа, но и ставот дека отстапувањето од Договорот ќе донесе последици и на европскиот пат на Македонија и во билатералните односи, ги изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Во однос на тоа што ќе правиме, со јасна изјава ја предупредив и новата Влада на Скопје дека кое било отстапување од Договорот, сигурно е дека ќе има сериозни последици во нашите односи со Македонија, но и на патот на Македонија кон Европа, истакна Мицотакис.
Потсети на неговото, како што рече, предупредување во 2019 година дека „ратификацијата на Договорот нè обврзува во иднина да го спроведеме“.
-За одредницата „македонски“, ова за жал е гарантирано во Договорот од Преспа и ова беше нашето големо несогласување, односно придавките македонска нација и македонски јазик, а не „северномакедонски“, рече Мицотакис.
Коментирајќи ја вчерашната одлука на опозициската СИРИЗА да ги достави во Парламентот трите меморандуми, грчкиот премиер рече дека е пракса која „навистина ги достигнува границите на апсурдот“. [caption id="attachment_660342" align="alignnone" width="640"] Фото: Влада РМ[/caption]
-Ми направи впечаток фактот што вчера СИРИЗА побрза да ги достави трите меморандуми во Парламентот. Сега, кога го гледаме она за што се сомневавме веќе подолг период дека може да дојде следната Влада и на некој начин да го оспори јадрото на Договорот, што всушност е ерга омнес, односно едно име за сите. Сега да дојдеме ние да ги ратификуваме меморандумите и да го изгубиме секое преговарачко оружје што го имаме за Скопје?, истакна грчкиот премиер.
Посочи дека ги следеле политичките случувања кај нас, гледале дека доаѓа нова Влада, го читале тоа што било кажувано и како што објасни, затоа избрале да не ги ратификуваат меморандумите.
-Ние нема да ги ратификуваме меморандумите сè додека не сме апсолутно убедени дека другата страна е усогласена со сите одредби на Договорот од Преспа, порача Мицотакис.
Во однос на постапката на лидерот на Грчко решение Кирјакос Велопулос да го скине Договорот од Преспа на собраниската говорница, рече дека не сака да ги коментира „патриотските испади на Велопулос, кој има направено кариера врз овие прашања“ и истакна дека граѓаните сфаќаат што значи „одговорен патриотизам и кои се патриоти во пракса

The post Mицотакис најави дека нема да ги ратификуваат трите меморандуми поврзани со Македонија appeared first on Република.

]]>
УЕФА до грчкиот парламент достави список со наместени мечеви https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/uefa-do-grchkiot-parlament-dostavi-spisok-so-namesteni-mechevi/ Wed, 17 Jan 2024 12:51:22 +0000 https://republika.mk/?p=733999

До надлежната комисија за култура и образование во грчкиот Парламент, УЕФА испратила 20 досиеја за сомнителни фудбалски игри кои ги истражува судството, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, на листата се натпревари од Втората фудбалска лига одиграни во периодот од април до ноември минатата година.

За испратените документи од Европската фудбалска асоцијација, претседателот на Комисијата денеска ги информирал членовите

The post УЕФА до грчкиот парламент достави список со наместени мечеви appeared first on Република.

]]>

До надлежната комисија за култура и образование во грчкиот Парламент, УЕФА испратила 20 досиеја за сомнителни фудбалски игри кои ги истражува судството, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, на листата се натпревари од Втората фудбалска лига одиграни во периодот од април до ноември минатата година. За испратените документи од Европската фудбалска асоцијација, претседателот на Комисијата денеска ги информирал членовите

The post УЕФА до грчкиот парламент достави список со наместени мечеви appeared first on Република.

]]>
Распуштен грчкиот Парламент и официјално распишани новите избори во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/raspushten-grchkiot-parlament-i-ofitsijalno-raspishani-novite-izbori-vo-grtsija/ Mon, 29 May 2023 15:20:56 +0000 https://republika.mk/?p=645820

Грчкиот Парламент помалку од 24 часа откако беше отворен, попладнево се распушти согласно издадениот претседателски декрет потпишан од претседателката Катерина Сакеларопулу и премиерот Јоанис Сармас, со што и официјално се распишани изборите во Грција на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателскиот декрет беше закачен на влезната врата на Парламентот, а предвидува новиот парламентарен состав што ќе произлезе од изборите, првата седница да ја одржи на 3 јули, односно осум дена по изборите.

Пратениците кои минатата седмица ја добија довербата од граѓаните имаа мандат пократок од 24 часа, што е втор пат во поновата грчка историја, Парламентот да се отвори на само еден ден.

Вчера во 18 часот новите 300 пратеници положија свечена заклетва, денеска беа избрани претседателот на Парламентот, замениците и секретарите, а во 16 часот попладнево, Парламентот се распушти.

Претходно, пратеникот од Нова демократија Константинос Тасулас со 270 гласа „за“ и 26 воздржани, одново доби доверба од пратениците и беше реизбран за претседател на грчкиот Парламентот

Новиот парламентарен го сочинуваа пратеници од пет партии кои на изборите го преминаа прагот од три отсто за влез во Парламентот.

Нова демократија доби 146 пратеници, СИРИЗА 71, ПАСОК- Движење на промена 41, Комунистичката партија 26, а Грчко решение 16 пратеници.

Со објавувањето на претседателскиот декрет и распуштањето на Парламентот, Грција влегува во нов, втор предизборен период откако по изборите на 21 мај, ниту една од партиите не го обезбеди потребното мнозинство за формирање Влада.

The post Распуштен грчкиот Парламент и официјално распишани новите избори во Грција appeared first on Република.

]]>

Грчкиот Парламент помалку од 24 часа откако беше отворен, попладнево се распушти согласно издадениот претседателски декрет потпишан од претседателката Катерина Сакеларопулу и премиерот Јоанис Сармас, со што и официјално се распишани изборите во Грција на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателскиот декрет беше закачен на влезната врата на Парламентот, а предвидува новиот парламентарен состав што ќе произлезе од изборите, првата седница да ја одржи на 3 јули, односно осум дена по изборите. Пратениците кои минатата седмица ја добија довербата од граѓаните имаа мандат пократок од 24 часа, што е втор пат во поновата грчка историја, Парламентот да се отвори на само еден ден. Вчера во 18 часот новите 300 пратеници положија свечена заклетва, денеска беа избрани претседателот на Парламентот, замениците и секретарите, а во 16 часот попладнево, Парламентот се распушти. Претходно, пратеникот од Нова демократија Константинос Тасулас со 270 гласа „за“ и 26 воздржани, одново доби доверба од пратениците и беше реизбран за претседател на грчкиот Парламентот Новиот парламентарен го сочинуваа пратеници од пет партии кои на изборите го преминаа прагот од три отсто за влез во Парламентот. Нова демократија доби 146 пратеници, СИРИЗА 71, ПАСОК- Движење на промена 41, Комунистичката партија 26, а Грчко решение 16 пратеници. Со објавувањето на претседателскиот декрет и распуштањето на Парламентот, Грција влегува во нов, втор предизборен период откако по изборите на 21 мај, ниту една од партиите не го обезбеди потребното мнозинство за формирање Влада.

The post Распуштен грчкиот Парламент и официјално распишани новите избори во Грција appeared first on Република.

]]>
„Големото уво“ во Грција: Пратеници се прислушкуваат преку специјален софтвер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/golemoto-uvo-vo-grcija-pratenici-se-prislushkuvaat-preku-specijalen-softver/ Fri, 09 Sep 2022 14:00:22 +0000 https://republika.mk/?p=549161

Пратеникот и поранешен министер од грчката опозициска партија СИРИЗА Христос Спирѕис до Врховниот суд на Грција денеска достави пријава за обид неговиот мобилен телефон да биде хакиран и следен со софтверот „Предатор“,

Ова е трет ваков случај во Грција откако новинарот Танасис Кукакис откри дека неговиот мобилен телефон бил хакиран со конкретната програма, а лидерот на ПАСОК – Движење на промена Никос Андрулакис на крајот на јули, исто како и Спирѕис сега, пријави обид неговиот мобилен телефон да биде следен со „Предатор“.

Спирѕис рече дека во ноември 2021 година, кусо откако излегол со соопштение и доставил пратеничко прашање за следење на новинар и адвокат, според текст објавен во грчки весник, во рок од четири дена добил две смс пораки со сомнителни линкови.

Додаде дека ова покажува дека некои сакале да знаат со кои новинари, со кои граѓани разговара, но и да ги следат неговите разговори со претседателот на СИРИЗА, Алексис Ципрас во врска со откритијата во медиумите од тој период поврзани со Националната служба за разузнавање (ЕИП).

-Сакам да ве информирам и да нагласам дека втората порака е истата што им беше испратена на Танасис Кукакис и Никос Андрулакис. Што значи дека тие не биле изолирани случаи на следење. Ниту господинот Кукакис, ниту господинот Андролакис. Трите пораки беа испратени од истиот болен, морбиден, антидемократски и нелегитимен центар. И овој центар е ЕИП Мицотакис, или директно или преку нивна наредба од трети страни. Поради оваа причина сакам да поставам јавни прашања. Господине Мицотакис, ги слушавте разговорите што ги имав со претседателот на СИРИЗА, Алексис Ципрас?, изјави Спирѕис.

По пријавата на пратеникот, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас преку писмо до претседателот на Парламентот Константинос Тасулас достави барање за вонредно свикување на Специјалната постојана комисија за институции и транспарентност во Парламентот „за случувањата во врска со следењата од страна на Националната служба за разузнавање

The post „Големото уво“ во Грција: Пратеници се прислушкуваат преку специјален софтвер appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и поранешен министер од грчката опозициска партија СИРИЗА Христос Спирѕис до Врховниот суд на Грција денеска достави пријава за обид неговиот мобилен телефон да биде хакиран и следен со софтверот „Предатор“, Ова е трет ваков случај во Грција откако новинарот Танасис Кукакис откри дека неговиот мобилен телефон бил хакиран со конкретната програма, а лидерот на ПАСОК – Движење на промена Никос Андрулакис на крајот на јули, исто како и Спирѕис сега, пријави обид неговиот мобилен телефон да биде следен со „Предатор“. Спирѕис рече дека во ноември 2021 година, кусо откако излегол со соопштение и доставил пратеничко прашање за следење на новинар и адвокат, според текст објавен во грчки весник, во рок од четири дена добил две смс пораки со сомнителни линкови. Додаде дека ова покажува дека некои сакале да знаат со кои новинари, со кои граѓани разговара, но и да ги следат неговите разговори со претседателот на СИРИЗА, Алексис Ципрас во врска со откритијата во медиумите од тој период поврзани со Националната служба за разузнавање (ЕИП). -Сакам да ве информирам и да нагласам дека втората порака е истата што им беше испратена на Танасис Кукакис и Никос Андрулакис. Што значи дека тие не биле изолирани случаи на следење. Ниту господинот Кукакис, ниту господинот Андролакис. Трите пораки беа испратени од истиот болен, морбиден, антидемократски и нелегитимен центар. И овој центар е ЕИП Мицотакис, или директно или преку нивна наредба од трети страни. Поради оваа причина сакам да поставам јавни прашања. Господине Мицотакис, ги слушавте разговорите што ги имав со претседателот на СИРИЗА, Алексис Ципрас?, изјави Спирѕис. По пријавата на пратеникот, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас преку писмо до претседателот на Парламентот Константинос Тасулас достави барање за вонредно свикување на Специјалната постојана комисија за институции и транспарентност во Парламентот „за случувањата во врска со следењата од страна на Националната служба за разузнавање

The post „Големото уво“ во Грција: Пратеници се прислушкуваат преку специјален софтвер appeared first on Република.

]]>
Грчкиот парламент вечерва ќе гласа доверба на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkiot-parlament-vecherva-kje-glasa-doverba-na-vladata/ Sun, 30 Jan 2022 08:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=451424

Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на Владата, предлог што се чини дека нема да биде изгласан со оглед на тоа дека Нова демократија има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина.

Тридневната расправа започна во петокот попладне, а вечерва ќе кулминира со обраќањата на претседателите на партиите и на грчкиот премиер, по што ќе следи гласањето.

Жестоката дискусија меѓу лидерот на СИРИЗА и премиерот дојде 24 часа порано од очекувањето, откако по говорот на министерот за климатска криза и цивилна заштита, збор побара Ципрас, а веднаш по него и Мицотакис.

Христос Стилијанидис, министерот надлежен за цивилна заштита, говореше за справувањето со снежната бура, рече дека постоеле пропусти, грешки, недостиг на координација, дека потребна е „воена соба“ (War Room) за брзо носење одлуки, но и дека земјата нема современи радари за навремена прогноза.

Сепак одговорност ја префрли на приватната компанија концесионер што управува со автопатот на кој со часови беа заглавени автомобили.

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, веднаш по говорот на Стилијанидис побара збор, порача дека извинувањето на Владата е лицемерно, побара да се објави записникот од состаноците и надлежните да кажат каде згрешиле.

-Кога се извинувате, ќе објасните зошто се извинувате. Ако ја префрлате одговорноста на другите, тогаш ова извинување, господине Мицотакис, е изговор, лицемерно е и ќе ви суди грчкиот народ. Во многу тешки моменти за мојата Влада презедов политичка одговорност и министри си поднесоа оставки. Тогаш велевте дека нема политичка одговорност без оставки, истакна Ципрас.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека преферира искрено извинување со самокритика, наспроти никакво извинување, ги спомена пожарите и поплавите во Атина за време на Владата на СИРИЗА, велејќи дека тогаш, од Ципрас не слушнале извинување за 120 мртви.

Во однос на снежната бура и заглавените возила, повтори дека иако постоеле грешки, сепак најголемата одговорност ја има приватната компанија што управува со автопатот, а не државата.

-Што се однесува на прашањето со снегот, сакам да ви кажам дека ниту еден метеоролог не го предвиде обемот на снег што падна во центарот на Атина. И за разлика од други снежни бури, снегот паѓаше напладне, обично паѓа ноќе, а ниту еден метеоролог не предвиде дека ќе падне половина метар во центарот на Атина и во северните предградија, рече Мицотакис.

Додаде дека ако имале можност за такво предвидување, тогаш градот ќе го затвореа уште од претходната вечер и објасни дека не станува збор за политичка храброст, туку за искористување и анализа на податоците што се на располагање.

The post Грчкиот парламент вечерва ќе гласа доверба на Владата appeared first on Република.

]]>

Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на Владата, предлог што се чини дека нема да биде изгласан со оглед на тоа дека Нова демократија има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина. Тридневната расправа започна во петокот попладне, а вечерва ќе кулминира со обраќањата на претседателите на партиите и на грчкиот премиер, по што ќе следи гласањето. Жестоката дискусија меѓу лидерот на СИРИЗА и премиерот дојде 24 часа порано од очекувањето, откако по говорот на министерот за климатска криза и цивилна заштита, збор побара Ципрас, а веднаш по него и Мицотакис. Христос Стилијанидис, министерот надлежен за цивилна заштита, говореше за справувањето со снежната бура, рече дека постоеле пропусти, грешки, недостиг на координација, дека потребна е „воена соба“ (War Room) за брзо носење одлуки, но и дека земјата нема современи радари за навремена прогноза. Сепак одговорност ја префрли на приватната компанија концесионер што управува со автопатот на кој со часови беа заглавени автомобили. Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, веднаш по говорот на Стилијанидис побара збор, порача дека извинувањето на Владата е лицемерно, побара да се објави записникот од состаноците и надлежните да кажат каде згрешиле. -Кога се извинувате, ќе објасните зошто се извинувате. Ако ја префрлате одговорноста на другите, тогаш ова извинување, господине Мицотакис, е изговор, лицемерно е и ќе ви суди грчкиот народ. Во многу тешки моменти за мојата Влада презедов политичка одговорност и министри си поднесоа оставки. Тогаш велевте дека нема политичка одговорност без оставки, истакна Ципрас. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека преферира искрено извинување со самокритика, наспроти никакво извинување, ги спомена пожарите и поплавите во Атина за време на Владата на СИРИЗА, велејќи дека тогаш, од Ципрас не слушнале извинување за 120 мртви. Во однос на снежната бура и заглавените возила, повтори дека иако постоеле грешки, сепак најголемата одговорност ја има приватната компанија што управува со автопатот, а не државата. -Што се однесува на прашањето со снегот, сакам да ви кажам дека ниту еден метеоролог не го предвиде обемот на снег што падна во центарот на Атина. И за разлика од други снежни бури, снегот паѓаше напладне, обично паѓа ноќе, а ниту еден метеоролог не предвиде дека ќе падне половина метар во центарот на Атина и во северните предградија, рече Мицотакис. Додаде дека ако имале можност за такво предвидување, тогаш градот ќе го затвореа уште од претходната вечер и објасни дека не станува збор за политичка храброст, туку за искористување и анализа на податоците што се на располагање.

The post Грчкиот парламент вечерва ќе гласа доверба на Владата appeared first on Република.

]]>