грчки хакери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grchki-hakeri/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Feb 2022 07:25:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грчки хакери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grchki-hakeri/ 32 32 Спречен хакерски напад на интернет страницата на ТТК Банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sprechen-hakerski-napad-na-internet-stranicata-na-ttk-banka/ Wed, 23 Feb 2022 07:25:59 +0000 https://republika.mk/?p=462235

Успешно е спречен хакерскиот напад на кој беше изложена интернет страницата на ТТК Банка.

На 22 февруари, во вечерните часови беше направен обид за хакерски упад на интернет страницата на ТТК Банка. Благодарение на ефикасната заштита на системот и брзата реакција, интернет страницата по краток прекин, брзо беше вратена во функција и беше повторно достапна. Нема последици од нападот, велат од ТТК Банка.

Случајот е пријавен во МВР.

ТТК Банка останува во постојана и тесна соработка со стручни лица за спроведување на законите со цел за спречување на вакви настани во иднина, велат од банката.

The post Спречен хакерски напад на интернет страницата на ТТК Банка appeared first on Република.

]]>

Успешно е спречен хакерскиот напад на кој беше изложена интернет страницата на ТТК Банка.
На 22 февруари, во вечерните часови беше направен обид за хакерски упад на интернет страницата на ТТК Банка. Благодарение на ефикасната заштита на системот и брзата реакција, интернет страницата по краток прекин, брзо беше вратена во функција и беше повторно достапна. Нема последици од нападот, велат од ТТК Банка.
Случајот е пријавен во МВР. ТТК Банка останува во постојана и тесна соработка со стручни лица за спроведување на законите со цел за спречување на вакви настани во иднина, велат од банката.

The post Спречен хакерски напад на интернет страницата на ТТК Банка appeared first on Република.

]]>
Се испофалија дека ги запреле нападите: Грчките хакери се заканија ќе ја избришат Македонија од интернет просторот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-ispofalija-deka-gi-zaprele-napadite-grchkite-hakeri-se-zakanija-kje-ja-izbrishat-makedonija-od-internet-prostorot/ Tue, 08 Feb 2022 11:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=455644

Во интервјуто направено за Европската агенција за сајбер безбедност, „Моќната грчка армија“ се пофали дека извршила напади врз неколку министерства во нашата земја, Владата, како и македонскиот Телеком и Народната банка. Сите споменати хакерски напади беа демантирани од македонска страна, но во својата последна објава на Твитер, грчките хакери велат ќе ја избришат нашата земја од интернет просторот.

Покрај сите тековни превентивни мерки, дополнително првичната истрага за евентуалната недостапност од одредени географски локации надвор од Република Македонија во одреден временски период покажа дека нема наоди за прекин на достапноста на сајтот на Владата – велат за Плусинфо од владината прес-служба.

Хакерската група го опиша и својот начин на работење. Прво наоѓаат ранлива и незаштитена мета, а потоа упадот може да го направи секој, дури и просечен хакер. Крајна цел е добивање доверливи внатрешни информации кои натаму можат да се искористат за финансиска или некоја друга корист. За таа цел беа прикажани и видеоснимки за кои тие велат дека се од безбедносните камери од министерството за министерството за образование и наука, но и за ова следеше демант од ресорното министерство.

Веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири, не е точна. Видеоснимките од безбедносни камери кои се прикажуваат, не се од простории на министерството. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации и да бидат спокојни по однос на прашањето за заштита на личните податоци со кои располагаме за учениците, студентите, наставниот кадар и слично – се вели во реакцијата од МОН, при што даваат дека нивните системите се соодветно заштитени.

Македонскиот експерт за сајбер безбедност, Сенад Аруч, на својот Твитер профил објави комуникација со хакерите кои го хакираа веб сајтот на МОН. Според разговорот, истите тврдат дека хакирале и други државни сајтови за што ќе објават докази во следниот период.

Успеав да стапам во контакт со хакерите кои тврдат дека го хакирале МОН и тие споделија „скриншот“ што го направиле за време на нападот. Како што велат тие, имало напади и на други институции и дека наскоро ќе ги објават деталите – вели Аруч во својата објава.

На Твитер профилот на „Моќната грчка армија“ покрај споменатите македонски институции, може да се забележи и „скриншот“ од нападот врз министерството за одбрана, но и овој напад беше демантиран од министерката Славјанка Петровска во нејзиното вчерашно гостување во Дневникот на Сител.

Во однос на хакерските напади и сајбер-безбедноста тоа е нешто што е највисоко на списокот на приоритети во нашето министерство, особено во ова време кога класичните војни се заменуваат со софистицирани начини на водење војни, како што се овие сајбер-војни – вели Петровска.

Министерката додава дека државата има направено национална стратегија за хибридни закани, а министерството за одбрана ја има улогата на координатор на целиот овој процес, но и останатите институции се вклучени во рамките на своите надлежности.

Одржувањето на серверите во МО е обврска на лицата задолжени за тоа и мислам дека тоа се одржува на задоволително ниво. Морам да кажам дека, дури и да имало обиди, хакерите не ја оствариле својата цел, а тоа е да го пробијат безбедносниот систем – вели во гостувањето на Сител, министерката Петровска.

Според повеќето експерти Македонија е ранлива по ова прашање, а кои потенцираат доколку сакаме информатичка безбедност, ни треба сеопфатно законско решение со кое ќе се подигне степенот на заштита од хакерски напади. Тие исто така повикуваат на поголема свест за сајбер заканите и учество на политичко – безбедносниот врв во изградба на посигурен информатички систем.

Додека речиси сите нашите институции се пофалија дека безбедносните системи се во добра „форма“ и се спречуваат сите хакерски напади, пристигна нова посериозна закана од хакерската група „Моќната грчка армија“.

– #OpenEndMacedonia продолжува – Крајот на Македонија/Скопје како и да ја наречете во сајбер просторот е близу, ќе ја избришеме нивната земја од интернет. Нивните најважни министерства и владини портали се веќе погодени, се очекуваат повеќе. Не се плеткајте со најдобрата група #PGA – стои во твитот објавен пред повеќе од 15 часа.

The post Се испофалија дека ги запреле нападите: Грчките хакери се заканија ќе ја избришат Македонија од интернет просторот appeared first on Република.

]]>

Во интервјуто направено за Европската агенција за сајбер безбедност, „Моќната грчка армија“ се пофали дека извршила напади врз неколку министерства во нашата земја, Владата, како и македонскиот Телеком и Народната банка. Сите споменати хакерски напади беа демантирани од македонска страна, но во својата последна објава на Твитер, грчките хакери велат ќе ја избришат нашата земја од интернет просторот. Покрај сите тековни превентивни мерки, дополнително првичната истрага за евентуалната недостапност од одредени географски локации надвор од Република Македонија во одреден временски период покажа дека нема наоди за прекин на достапноста на сајтот на Владата – велат за Плусинфо од владината прес-служба. Хакерската група го опиша и својот начин на работење. Прво наоѓаат ранлива и незаштитена мета, а потоа упадот може да го направи секој, дури и просечен хакер. Крајна цел е добивање доверливи внатрешни информации кои натаму можат да се искористат за финансиска или некоја друга корист. За таа цел беа прикажани и видеоснимки за кои тие велат дека се од безбедносните камери од министерството за министерството за образование и наука, но и за ова следеше демант од ресорното министерство. Веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири, не е точна. Видеоснимките од безбедносни камери кои се прикажуваат, не се од простории на министерството. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации и да бидат спокојни по однос на прашањето за заштита на личните податоци со кои располагаме за учениците, студентите, наставниот кадар и слично – се вели во реакцијата од МОН, при што даваат дека нивните системите се соодветно заштитени. Македонскиот експерт за сајбер безбедност, Сенад Аруч, на својот Твитер профил објави комуникација со хакерите кои го хакираа веб сајтот на МОН. Според разговорот, истите тврдат дека хакирале и други државни сајтови за што ќе објават докази во следниот период. Успеав да стапам во контакт со хакерите кои тврдат дека го хакирале МОН и тие споделија „скриншот“ што го направиле за време на нападот. Како што велат тие, имало напади и на други институции и дека наскоро ќе ги објават деталите – вели Аруч во својата објава. На Твитер профилот на „Моќната грчка армија“ покрај споменатите македонски институции, може да се забележи и „скриншот“ од нападот врз министерството за одбрана, но и овој напад беше демантиран од министерката Славјанка Петровска во нејзиното вчерашно гостување во Дневникот на Сител. Во однос на хакерските напади и сајбер-безбедноста тоа е нешто што е највисоко на списокот на приоритети во нашето министерство, особено во ова време кога класичните војни се заменуваат со софистицирани начини на водење војни, како што се овие сајбер-војни – вели Петровска. Министерката додава дека државата има направено национална стратегија за хибридни закани, а министерството за одбрана ја има улогата на координатор на целиот овој процес, но и останатите институции се вклучени во рамките на своите надлежности. Одржувањето на серверите во МО е обврска на лицата задолжени за тоа и мислам дека тоа се одржува на задоволително ниво. Морам да кажам дека, дури и да имало обиди, хакерите не ја оствариле својата цел, а тоа е да го пробијат безбедносниот систем – вели во гостувањето на Сител, министерката Петровска. Според повеќето експерти Македонија е ранлива по ова прашање, а кои потенцираат доколку сакаме информатичка безбедност, ни треба сеопфатно законско решение со кое ќе се подигне степенот на заштита од хакерски напади. Тие исто така повикуваат на поголема свест за сајбер заканите и учество на политичко – безбедносниот врв во изградба на посигурен информатички систем. Додека речиси сите нашите институции се пофалија дека безбедносните системи се во добра „форма“ и се спречуваат сите хакерски напади, пристигна нова посериозна закана од хакерската група „Моќната грчка армија“. – #OpenEndMacedonia продолжува – Крајот на Македонија/Скопје како и да ја наречете во сајбер просторот е близу, ќе ја избришеме нивната земја од интернет. Нивните најважни министерства и владини портали се веќе погодени, се очекуваат повеќе. Не се плеткајте со најдобрата група #PGA – стои во твитот објавен пред повеќе од 15 часа.

The post Се испофалија дека ги запреле нападите: Грчките хакери се заканија ќе ја избришат Македонија од интернет просторот appeared first on Република.

]]>
Проф. Јаневска: Што работеа бившата министерка и „нејзиниот тим чиј лимит е самото небо“ пет години? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-janevska-shto-rabotea-bivshata-ministerka-i-nejziniot-tim-chij-limit-e-samoto-nebo-pet-godini/ Mon, 07 Feb 2022 14:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=455225

Коментирајќи го случајот со грчките хакери и нивниот упад во податоците на Министерството за образование, професорката Весна Јаневска прашува за што се трошеле нашите пари.

Би било греота да му се обратам на новиот министер Шаќири, кој ми се чини не е сигурен што го снашло, иако моето сочувство не го амнестира, ама воопшто. Поради тоа неизбежно е да ѝ се обратам на бившата Министерка за образование и наука и да ја прашам, што тоа работеше „нејзиниот тим чиј лимит е самото небо“, заедно со се неа цели 5 години, кога грчки хакери можат и да гледаат како се работи во МОН, а и сите податоци да им ги преземат? Е па не е министерувањето шетање низ земјата и пропаганда за партиски потреби. Треба нешто зад себе и да оставиш, се разбира не „реформа“ - укинивање на учебници.
Не знам кој треба да реагира, за одговорност не зборувам, тоа стана мислена именка кај нас, ама нели некаков безбедносен систем треба да има за заштита на податоците на граѓаните? Што софтвери накупуваа, што пари испотрошија, сè џабе, коментира таа.

The post Проф. Јаневска: Што работеа бившата министерка и „нејзиниот тим чиј лимит е самото небо“ пет години? appeared first on Република.

]]>

Коментирајќи го случајот со грчките хакери и нивниот упад во податоците на Министерството за образование, професорката Весна Јаневска прашува за што се трошеле нашите пари.
Би било греота да му се обратам на новиот министер Шаќири, кој ми се чини не е сигурен што го снашло, иако моето сочувство не го амнестира, ама воопшто. Поради тоа неизбежно е да ѝ се обратам на бившата Министерка за образование и наука и да ја прашам, што тоа работеше „нејзиниот тим чиј лимит е самото небо“, заедно со се неа цели 5 години, кога грчки хакери можат и да гледаат како се работи во МОН, а и сите податоци да им ги преземат? Е па не е министерувањето шетање низ земјата и пропаганда за партиски потреби. Треба нешто зад себе и да оставиш, се разбира не „реформа“ - укинивање на учебници. Не знам кој треба да реагира, за одговорност не зборувам, тоа стана мислена именка кај нас, ама нели некаков безбедносен систем треба да има за заштита на податоците на граѓаните? Што софтвери накупуваа, што пари испотрошија, сè џабе, коментира таа.

The post Проф. Јаневска: Што работеа бившата министерка и „нејзиниот тим чиј лимит е самото небо“ пет години? appeared first on Република.

]]>
Нема упад во електронските системи и бази со податоци на МОН, велат од Министерството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-upad-vo-elektronskite-sistemi-i-bazi-so-podatoci-na-mon-velat-od-ministerstvoto/ Mon, 07 Feb 2022 11:39:38 +0000 https://republika.mk/?p=455096

Веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири, не е точна. Видео снимките од безбедносни камери кои се прикажуваат, не се од простории на министерството. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации и да бидат спокојни по однос на прашањето за зашитита на личните податоци со кои располагаме за учениците, студентите, наставниот кадар и слично. Системите на МОН се соодветно заштитени, велат од Министерството за образование и наука.

Министерството за образование и наука информира дека по направени проверки на соодветната внатрешна служба заедно со надлежните институции за справување со компјутерски инциденти, не е констатиран никаков упад во електронските системи и бази на податоци со кои располагаме како институција.

Во меѓувреме остануваме во постојана координација и продолжуваме да работиме со сите релевантни институции и органи кои работат во областа на компјутерскиот криминал и конфликти, а во насока на подигнување на безбедноста на електронските системи на уште повисоко ниво, велат од МОН.

The post Нема упад во електронските системи и бази со податоци на МОН, велат од Министерството appeared first on Република.

]]>

Веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири, не е точна. Видео снимките од безбедносни камери кои се прикажуваат, не се од простории на министерството. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации и да бидат спокојни по однос на прашањето за зашитита на личните податоци со кои располагаме за учениците, студентите, наставниот кадар и слично. Системите на МОН се соодветно заштитени, велат од Министерството за образование и наука. Министерството за образование и наука информира дека по направени проверки на соодветната внатрешна служба заедно со надлежните институции за справување со компјутерски инциденти, не е констатиран никаков упад во електронските системи и бази на податоци со кои располагаме како институција.
Во меѓувреме остануваме во постојана координација и продолжуваме да работиме со сите релевантни институции и органи кои работат во областа на компјутерскиот криминал и конфликти, а во насока на подигнување на безбедноста на електронските системи на уште повисоко ниво, велат од МОН.

The post Нема упад во електронските системи и бази со податоци на МОН, велат од Министерството appeared first on Република.

]]>
МОН: Имаше обид за хакерски напад, но објавените снимки се лажни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-imashe-obid-za-hakerski-napad-no-objavenite-snimki-se-lazni/ Sun, 06 Feb 2022 23:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=454898

Од Министерството за образование и наука доцна вечерва за ТВ21 потврдиле дека имало обиди за хакерски напад, но тврдат дека објавените снимки се лажни.

Од Министерството за ТВ21 велат дека објавените видео снимки од страна на Твитер профилот „Моќна грчка армија“ не се земени од министерството, затоа што тие воопшто и немаат безбедносни камери.

Инаку, претходно на Твитер беше објавено видео за кое се тврди дека е од безбедносните камери на министерството.

https://republika.mk/vesti/makedonija/napadite-na-grchkite-hakeri-traat-20-dena-vladata-mbrm-mnr-telekom-zrtvi-na-najgolemiot-sajber-napad/

The post МОН: Имаше обид за хакерски напад, но објавените снимки се лажни appeared first on Република.

]]>

Од Министерството за образование и наука доцна вечерва за ТВ21 потврдиле дека имало обиди за хакерски напад, но тврдат дека објавените снимки се лажни. Од Министерството за ТВ21 велат дека објавените видео снимки од страна на Твитер профилот „Моќна грчка армија“ не се земени од министерството, затоа што тие воопшто и немаат безбедносни камери. Инаку, претходно на Твитер беше објавено видео за кое се тврди дека е од безбедносните камери на министерството. https://republika.mk/vesti/makedonija/napadite-na-grchkite-hakeri-traat-20-dena-vladata-mbrm-mnr-telekom-zrtvi-na-najgolemiot-sajber-napad/

The post МОН: Имаше обид за хакерски напад, но објавените снимки се лажни appeared first on Република.

]]>
Грчките хакери се заканија: Сè уште ништо не сте виделе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grchkite-hakeri-se-zakanija-se-ushte-nishto-ne-ste-videle/ Sun, 06 Feb 2022 22:08:53 +0000 https://republika.mk/?p=454879

Грчките хакери кои направија „упад“ во Министерството за образование и наука, објавија нов твит во кој се вели дека сè уште ништо не e се видено.

„Дури и нивните рутери/CATV системи.. Сè уште ништо не сте виделе, и никогаш нема да можете да се скриете, дури и да се обидете, од нас, драг Скопје. #PGA“, напишаа тие.

The post Грчките хакери се заканија: Сè уште ништо не сте виделе appeared first on Република.

]]>

Грчките хакери кои направија „упад“ во Министерството за образование и наука, објавија нов твит во кој се вели дека сè уште ништо не e се видено.
„Дури и нивните рутери/CATV системи.. Сè уште ништо не сте виделе, и никогаш нема да можете да се скриете, дури и да се обидете, од нас, драг Скопје. #PGA“, напишаа тие.

The post Грчките хакери се заканија: Сè уште ништо не сте виделе appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ по „упадот“ на грчки хакери: Решето влада, решето безбедносен систем… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-po-upadot-na-grchki-hakeri-resheto-vlada-resheto-bezbednosen-sistem/ Sun, 06 Feb 2022 22:05:51 +0000 https://republika.mk/?p=454877

ВМРО-ДПМНЕ доцна вечерва испрати соопштение во врска со „упадот“ на грчки хакери во Министерството за образование и наука.

Според нив, постигнато е „уште едно дно на оваа влада на Ахмети и двојниот пиун Ковачевски“.

„Грчки хакери гледале низ безбедносните камери во МОН и македонската влада. Тоа покажува дека решето влада, донесе решето безбедносен систем. Како Ковачевски и Ахмети ќе се грижат и водат борба против хибридни напади кога толку многу се посветени на крадење и тендери. Како Спасовски ќе се грижи за безбедносниот систем кога главна преокупација му е како транспортна фирма блиска до СДСМ да го земе тендерот од 1 милион евра за редење сончеви панели. Како АНБ ќе спречи хакерски напад кога главен дострел заедно со МВР им е тоа што го затворија кафичот на нарко босот Шеваљ, и запленија кујнски нож, наместо да го уапсат и конфискуваат милионскиот имот стекнат од шверц на дрога“, велат од партијата.

Од таму се додава дека Македонија е препуштена на аматери кои глумат држава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/napadite-na-grchkite-hakeri-traat-20-dena-vladata-mbrm-mnr-telekom-zrtvi-na-najgolemiot-sajber-napad/

The post ВМРО-ДПМНЕ по „упадот“ на грчки хакери: Решето влада, решето безбедносен систем… appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ доцна вечерва испрати соопштение во врска со „упадот“ на грчки хакери во Министерството за образование и наука. Според нив, постигнато е „уште едно дно на оваа влада на Ахмети и двојниот пиун Ковачевски“.
„Грчки хакери гледале низ безбедносните камери во МОН и македонската влада. Тоа покажува дека решето влада, донесе решето безбедносен систем. Како Ковачевски и Ахмети ќе се грижат и водат борба против хибридни напади кога толку многу се посветени на крадење и тендери. Како Спасовски ќе се грижи за безбедносниот систем кога главна преокупација му е како транспортна фирма блиска до СДСМ да го земе тендерот од 1 милион евра за редење сончеви панели. Како АНБ ќе спречи хакерски напад кога главен дострел заедно со МВР им е тоа што го затворија кафичот на нарко босот Шеваљ, и запленија кујнски нож, наместо да го уапсат и конфискуваат милионскиот имот стекнат од шверц на дрога“, велат од партијата.
Од таму се додава дека Македонија е препуштена на аматери кои глумат држава. https://republika.mk/vesti/makedonija/napadite-na-grchkite-hakeri-traat-20-dena-vladata-mbrm-mnr-telekom-zrtvi-na-najgolemiot-sajber-napad/

The post ВМРО-ДПМНЕ по „упадот“ на грчки хакери: Решето влада, решето безбедносен систем… appeared first on Република.

]]>
Нападите на грчките хакери траат 20 дена: Владата, МБРМ, МНР, Телеком – жртви на „најголемиот сајбер напад“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/napadite-na-grchkite-hakeri-traat-20-dena-vladata-mbrm-mnr-telekom-zrtvi-na-najgolemiot-sajber-napad/ Sun, 06 Feb 2022 21:09:49 +0000 https://republika.mk/?p=454843

Хакерска група Моќна грчка армија Powerful Greek Armу, која два дена прави ршум по безбедносниот систем на Министерството за образование, под хаштагот #opENDMacedonia споделува и информација дека обезбедила пристап и од Владата на РМ. Грчките хакиери успеале да го пробијат сигурносниот систем и на Владата, а во информацијата на Твитер порачуваат дека имаат очи насекаде.

Грчките хакери оперираат низ безбедносниот систем на повеќе институции во Македонија од 23 јануари. На Твитер порачуваат дека „во оваа операција сета инфраструктура и безбедноста на интернетот на Македонија ќе бидат парализирани, симнати и уништени. Тоа ќе биде убедливо најголемиот и најголем сајбер напад што некогаш го претрпела земјата. Ние сме моќна грчка армија. #OpEndMacedonia #PGA“.

Иако нападите траат подолго време, а на мета биле и Народната бакна и Телеком и Министерството за надворешни работи, нема ниту збор од Министерството за внатрешни работи.

The post Нападите на грчките хакери траат 20 дена: Владата, МБРМ, МНР, Телеком – жртви на „најголемиот сајбер напад“ appeared first on Република.

]]>

Хакерска група Моќна грчка армија Powerful Greek Armу, која два дена прави ршум по безбедносниот систем на Министерството за образование, под хаштагот #opENDMacedonia споделува и информација дека обезбедила пристап и од Владата на РМ. Грчките хакиери успеале да го пробијат сигурносниот систем и на Владата, а во информацијата на Твитер порачуваат дека имаат очи насекаде. Грчките хакери оперираат низ безбедносниот систем на повеќе институции во Македонија од 23 јануари. На Твитер порачуваат дека „во оваа операција сета инфраструктура и безбедноста на интернетот на Македонија ќе бидат парализирани, симнати и уништени. Тоа ќе биде убедливо најголемиот и најголем сајбер напад што некогаш го претрпела земјата. Ние сме моќна грчка армија. #OpEndMacedonia #PGA“. Иако нападите траат подолго време, а на мета биле и Народната бакна и Телеком и Министерството за надворешни работи, нема ниту збор од Министерството за внатрешни работи.

The post Нападите на грчките хакери траат 20 дена: Владата, МБРМ, МНР, Телеком – жртви на „најголемиот сајбер напад“ appeared first on Република.

]]>
МОН и МВР абер немаат: Грчки хакери два дена ршум прават низ системот на МОН, пренесуват во живо на Твитер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-i-mvr-aber-nemaat-grchki-hakeri-dva-dena-rshum-pravat-niz-sistemot-na-mon-prenesuvat-vo-zivo-na-tviter/ Sun, 06 Feb 2022 20:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=454840

Хакерска група наречена Моќна грчка армија Powerful Greek Armу на Твитер споделува пренос во живо од сигурносните камери на Министерството за образование. Грчките хакиери успеале да го пробијат сигурносниот систем на МОН, а во информацијата на Твитер го означиле и самото министерство. ИТ-безбедност нула!

Снимките се со звук, па на нив се слуша и што разговатаат вработените.

Информацијата се споделува на Твитер, веќе два дена, а досега нема официјална реакција од надлежните, МОН, МВР, ниту пак МИА информира за случајот.

The post МОН и МВР абер немаат: Грчки хакери два дена ршум прават низ системот на МОН, пренесуват во живо на Твитер appeared first on Република.

]]>

Хакерска група наречена Моќна грчка армија Powerful Greek Armу на Твитер споделува пренос во живо од сигурносните камери на Министерството за образование. Грчките хакиери успеале да го пробијат сигурносниот систем на МОН, а во информацијата на Твитер го означиле и самото министерство. ИТ-безбедност нула! Снимките се со звук, па на нив се слуша и што разговатаат вработените. Информацијата се споделува на Твитер, веќе два дена, а досега нема официјална реакција од надлежните, МОН, МВР, ниту пак МИА информира за случајот.

The post МОН и МВР абер немаат: Грчки хакери два дена ршум прават низ системот на МОН, пренесуват во живо на Твитер appeared first on Република.

]]>