грчки брод Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grchki-brod/ За подобро да се разбереме Fri, 27 May 2022 19:12:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грчки брод Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grchki-brod/ 32 32 Поморски игри: Иран окупираше грчки бродови во Персискиот залив https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pomorski-igri-iran-okupirashe-grchki-brodovi-vo-persiskiot-zaliv/ Fri, 27 May 2022 19:53:56 +0000 https://republika.mk/?p=507787

Министерството за надворешни работи на Грција упати демарш до Иран и ги повикува грчките граѓани да избегнуваат патувања во конкретната земја, откако два брода што пловат под грчко знаме биле „насилно окупирани во Персискиот залив“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР соопштија дека хеликоптер на иранската воена морнарица слетал на танкерот „Делта Посејдон“ што плови под грчко знаме додека бил во меѓународни води во Персискиот залив, 22 наутички милји од брегот на Иран и вооружени лица го заробиле екипажот на бродот, меѓу кои и двајца грчки државјани.

Дополнително, во близина на иранскиот брег, сличен инцидент имало и на друг брод, исто така под грчко знаме, на кој има седум грчки државјани.

Министерството за надворешни работи на Грција коментира дека конкретните постапки „во суштина се еднакви на пиратерски дела“.

По наредба на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, Генералниот секретар во Министерството Темистоклис Демирис „изразил силен демарш до иранскиот амбасадор во Атина“.

-Генералниот секретар најостро ги осуди овие дела, кои се спротивни на основните правила на меѓународното право и меѓународната пловидба. Повика на итно ослободување на бродовите и нивните екипажи. Исто така, нагласи дека овие постапки ќе имаат особено негативно влијание врз билатералните односи, како и врз односите ЕУ- Иран, соопштија од грчкото МНР.

Додаваат дека веќе биле известени Европската служба за надворешни активности, Меѓународната поморска организација, како и сојузниците и партнерите на Грција.

The post Поморски игри: Иран окупираше грчки бродови во Персискиот залив appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Грција упати демарш до Иран и ги повикува грчките граѓани да избегнуваат патувања во конкретната земја, откако два брода што пловат под грчко знаме биле „насилно окупирани во Персискиот залив“, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР соопштија дека хеликоптер на иранската воена морнарица слетал на танкерот „Делта Посејдон“ што плови под грчко знаме додека бил во меѓународни води во Персискиот залив, 22 наутички милји од брегот на Иран и вооружени лица го заробиле екипажот на бродот, меѓу кои и двајца грчки државјани. Дополнително, во близина на иранскиот брег, сличен инцидент имало и на друг брод, исто така под грчко знаме, на кој има седум грчки државјани. Министерството за надворешни работи на Грција коментира дека конкретните постапки „во суштина се еднакви на пиратерски дела“. По наредба на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, Генералниот секретар во Министерството Темистоклис Демирис „изразил силен демарш до иранскиот амбасадор во Атина“. -Генералниот секретар најостро ги осуди овие дела, кои се спротивни на основните правила на меѓународното право и меѓународната пловидба. Повика на итно ослободување на бродовите и нивните екипажи. Исто така, нагласи дека овие постапки ќе имаат особено негативно влијание врз билатералните односи, како и врз односите ЕУ- Иран, соопштија од грчкото МНР. Додаваат дека веќе биле известени Европската служба за надворешни активности, Меѓународната поморска организација, како и сојузниците и партнерите на Грција.

The post Поморски игри: Иран окупираше грчки бродови во Персискиот залив appeared first on Република.

]]>