грчка влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grchka-vlada/ За подобро да се разбереме Thu, 25 May 2023 17:47:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грчка влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grchka-vlada/ 32 32 Грција доби службена Влада – амбасадорот Каскарелис на местото на Дендиас https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-dobi-sluzhbena-vlada-ambasadorot-kaskarelis-na-mestoto-na-dendias/ Thu, 25 May 2023 17:47:15 +0000 https://republika.mk/?p=644683

Почесниот амбасадор Василис Каскарелис на позицијата шеф на дипломатијата, поранешниот заменик -министер за одбрана Алкивиадис Стефанис се враќа во истото Министерството, но овој пат како министер за одбрана, а во Министерството за финансии доаѓа заменик- гувернерот на Банката на Грција Теодорос Пелагидис, се дел од министрите во новата, службена Влада на Грција, која утре напладне ќе положи свечена заклетва, јави дописничката на МИА од Атина.

Привремената Влада, која има мандат од еден месец и ќе треба Грција да ја одведе на избори на 25 јуни, брои 20 министри, а на позицијата владин портпарол ќе биде новинарот од државната телевизија ЕРТ Илиас Сиакандарис.

Во Министерството за надворешни работи на Грција на местото на Никос Дендиас, во периодот до изборите на 25 јуни доаѓа искусниот дипломат, почесниот амбасадор Каскарелис, кој во неговата кариера бил постојан претставник на Грција во ОН, во НАТО, како и во ЕУ, а бил и амбасадор во САД.

Во текот на утрешниот ден, по свечената заклетва во Претседателската палата закажана за 12 часот, во секое од Министерствата ќе има и примо – предавање на функциите.

Новиот, привремен претседател на грчката Влада Јоанис Сармас, денеска положи свечена заклетва, по што се сретна со, сега веќе поранешниот премиер Кирјакос Мицотакис, со што и официјално ја презеде функцијата.

The post Грција доби службена Влада – амбасадорот Каскарелис на местото на Дендиас appeared first on Република.

]]>

Почесниот амбасадор Василис Каскарелис на позицијата шеф на дипломатијата, поранешниот заменик -министер за одбрана Алкивиадис Стефанис се враќа во истото Министерството, но овој пат како министер за одбрана, а во Министерството за финансии доаѓа заменик- гувернерот на Банката на Грција Теодорос Пелагидис, се дел од министрите во новата, службена Влада на Грција, која утре напладне ќе положи свечена заклетва, јави дописничката на МИА од Атина. Привремената Влада, која има мандат од еден месец и ќе треба Грција да ја одведе на избори на 25 јуни, брои 20 министри, а на позицијата владин портпарол ќе биде новинарот од државната телевизија ЕРТ Илиас Сиакандарис. Во Министерството за надворешни работи на Грција на местото на Никос Дендиас, во периодот до изборите на 25 јуни доаѓа искусниот дипломат, почесниот амбасадор Каскарелис, кој во неговата кариера бил постојан претставник на Грција во ОН, во НАТО, како и во ЕУ, а бил и амбасадор во САД. Во текот на утрешниот ден, по свечената заклетва во Претседателската палата закажана за 12 часот, во секое од Министерствата ќе има и примо – предавање на функциите. Новиот, привремен претседател на грчката Влада Јоанис Сармас, денеска положи свечена заклетва, по што се сретна со, сега веќе поранешниот премиер Кирјакос Мицотакис, со што и официјално ја презеде функцијата.

The post Грција доби службена Влада – амбасадорот Каскарелис на местото на Дендиас appeared first on Република.

]]>
Грчката Влада продолжува со субвенционирање на сметките за струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkata-vlada-prodolzhuva-so-subventsionirane-na-smetkite-za-struja/ Fri, 24 Mar 2023 09:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=623129

Со 24,4 милиони евра, грчката Влада и во месец април ќе продолжи со субвенциите на сметките за струја за домаќинствата и земјоделците, соопшти утрово министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас.

Субвенцијата, како за домаќинствата, така и за земјоделците е 15 евра за мегават час, а министерот истакна дека во април потрошувачите ќе имаат уште пониски сметки за струја во споредба со март, но и дека поддршката ќе продолжи сè додека трае енергетската криза.

Тука сме 20 последователни месеци и ефективно ги штитиме домаќинствата и земјоделците од последиците од енергетската криза, бидејќи енергетската криза продолжува, а ние ќе продолжиме да го правиме тоа онолку долго колку што е потребно, истакна Скрекас.

Паралелно објасни дека во изминатите 20 месеци, Владата издвоила над девет милијарди евра за поддршка на граѓаните, од кои 70 отсто се од оданочувањето на зголемениот профит на компаниите.

The post Грчката Влада продолжува со субвенционирање на сметките за струја appeared first on Република.

]]>

Со 24,4 милиони евра, грчката Влада и во месец април ќе продолжи со субвенциите на сметките за струја за домаќинствата и земјоделците, соопшти утрово министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас. Субвенцијата, како за домаќинствата, така и за земјоделците е 15 евра за мегават час, а министерот истакна дека во април потрошувачите ќе имаат уште пониски сметки за струја во споредба со март, но и дека поддршката ќе продолжи сè додека трае енергетската криза. Тука сме 20 последователни месеци и ефективно ги штитиме домаќинствата и земјоделците од последиците од енергетската криза, бидејќи енергетската криза продолжува, а ние ќе продолжиме да го правиме тоа онолку долго колку што е потребно, истакна Скрекас. Паралелно објасни дека во изминатите 20 месеци, Владата издвоила над девет милијарди евра за поддршка на граѓаните, од кои 70 отсто се од оданочувањето на зголемениот профит на компаниите.

The post Грчката Влада продолжува со субвенционирање на сметките за струја appeared first on Република.

]]>