грчка полиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grchka-policija/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 08:12:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грчка полиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grchka-policija/ 32 32 Бидете внимателни: Се краде на плажите на Халкидики, пронајдени денари и македонски пасоши https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/bidete-vnimatelni-se-krade-na-plazhite-na-halkidiki-pronajdeni-denari-i-makedonski-pasoshi/ Mon, 26 Aug 2024 16:03:21 +0000 https://republika.mk/?p=810341

Пасоши, лаптопи, рачни часовници, накит, мобилни телефони, женски чанти, пари, меѓу кои и македонски пасоши и денари е дел од „пленот“, според фотографијата објавена од грчката полиција, на двете уапсени лица што се товарат за 16 кражби во туристички објекти во Солун, Халкидики, Нафплио и Јанина во периодот од 17 до 23 август, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека уапсени се еден странски државјанин и една Гркинка, а вкупната вредност на украдените предмети се проценува дека е над 40.000 евра.

Полициските службеници од Дирекцијата за безбедност во градот Јанина и полициското станица од Каликратија на Халкидики, со употреба на апликација за пронаоѓање на мобилен телефон, кој бил украдена од Неа Каликратија, успеале да ги лоцираат уапсените на подрачјето на Јанина.

По извршениот претрес во хотелската соба каде што престојувале бил пронајден конкретниот украден мобилен телефон, како и голем број електронски уреди, вредни предмети и патни исправи.

-Од текот на истрагата и проверката за идентификација на горенаведените предмети, произлезе дека обвинетите се здружиле со цел да вршат кражби во туристички објекти (главно станови за краткотраен наем) во различни региони на државата, во кои влегувале или со провала или од незаштитени точки, од каде одземале пари, електронски уреди, накит и пасоши, соопштија од грчката полиција.

Паралелно, заедно со соопштението, од полицијата објавија и фотографија на која се гледа дека меѓу украдените предмети има и македонски пасоши и денари.

Полицијата утврдила дека уапсените извршиле три кражби на 17 август во градот Нафплио на Пелопонез, 12 кражби во регионот на Солун и во Неа Каликратија на Халкидики во периодот од 19 до 22 август и една кражба во градот Јанина на 23 август.

Од грчката полиција додадоа дека најголем дел од пронајдените украдени предмети биле препознаени и вратени на оштетените, а продолжува истрагата за пронаоѓање на сопствениците на неидентификуваните одземени предмети

The post Бидете внимателни: Се краде на плажите на Халкидики, пронајдени денари и македонски пасоши appeared first on Република.

]]>

Пасоши, лаптопи, рачни часовници, накит, мобилни телефони, женски чанти, пари, меѓу кои и македонски пасоши и денари е дел од „пленот“, според фотографијата објавена од грчката полиција, на двете уапсени лица што се товарат за 16 кражби во туристички објекти во Солун, Халкидики, Нафплио и Јанина во периодот од 17 до 23 август, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека уапсени се еден странски државјанин и една Гркинка, а вкупната вредност на украдените предмети се проценува дека е над 40.000 евра. Полициските службеници од Дирекцијата за безбедност во градот Јанина и полициското станица од Каликратија на Халкидики, со употреба на апликација за пронаоѓање на мобилен телефон, кој бил украдена од Неа Каликратија, успеале да ги лоцираат уапсените на подрачјето на Јанина. По извршениот претрес во хотелската соба каде што престојувале бил пронајден конкретниот украден мобилен телефон, како и голем број електронски уреди, вредни предмети и патни исправи.
-Од текот на истрагата и проверката за идентификација на горенаведените предмети, произлезе дека обвинетите се здружиле со цел да вршат кражби во туристички објекти (главно станови за краткотраен наем) во различни региони на државата, во кои влегувале или со провала или од незаштитени точки, од каде одземале пари, електронски уреди, накит и пасоши, соопштија од грчката полиција.
Паралелно, заедно со соопштението, од полицијата објавија и фотографија на која се гледа дека меѓу украдените предмети има и македонски пасоши и денари. Полицијата утврдила дека уапсените извршиле три кражби на 17 август во градот Нафплио на Пелопонез, 12 кражби во регионот на Солун и во Неа Каликратија на Халкидики во периодот од 19 до 22 август и една кражба во градот Јанина на 23 август. Од грчката полиција додадоа дека најголем дел од пронајдените украдени предмети биле препознаени и вратени на оштетените, а продолжува истрагата за пронаоѓање на сопствениците на неидентификуваните одземени предмети

The post Бидете внимателни: Се краде на плажите на Халкидики, пронајдени денари и македонски пасоши appeared first on Република.

]]>
Бара руски служби во манастир: Грчката полиција влезе на Света Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bara-ruski-sluzhbi-vo-manastir-grchkata-politsija-vleze-na-sveta-gora/ Thu, 25 Jul 2024 12:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=800179

Големи протести се случуваат во Грција во градот Уранополис поради упадот на полицијата во православниот грчки манастир Есфигмен на Света Гора.

Упадот наводно се случил откако полицијата добила дојава дека во манастирот се изведуваат обуки на т.н верски фанатици поврзани со руски служби. Било планирано да се апсат и монаси но тоа било спречено откако се собрале верници да ги бранат.

Каков манастир е Есфигмен

Ова светилиште на Света Гора уште во 1972 година го раскинал канонското единство со Царигадската патријаршија  поради заедничките молитви со римокатоличката црква и оттогаш трае спорот меѓу Управата на манастирот и Патријаршијата во Цариград.

Во Есфигмен се наоѓаат 119 монаси и искушеници кои Вартоломеј ги нарече „верски екстремисти“, „расколници“ и „руски агенти“.Монасите во манастирот велат дека ќе ја чуваат автономијата на манастирот и ќе се бранат доколку грчката полиција се обиде да влезе.

Грчката полиција како причина за вле во манастирот ја посочува судската одлука за отстранување на ревносните монаси од манастирот Есфигмен е донесена во 2002 година, а ново братство на манастирот е формирано во 2005 година.

The post Бара руски служби во манастир: Грчката полиција влезе на Света Гора appeared first on Република.

]]>

Големи протести се случуваат во Грција во градот Уранополис поради упадот на полицијата во православниот грчки манастир Есфигмен на Света Гора. Упадот наводно се случил откако полицијата добила дојава дека во манастирот се изведуваат обуки на т.н верски фанатици поврзани со руски служби. Било планирано да се апсат и монаси но тоа било спречено откако се собрале верници да ги бранат.

Каков манастир е Есфигмен

Ова светилиште на Света Гора уште во 1972 година го раскинал канонското единство со Царигадската патријаршија  поради заедничките молитви со римокатоличката црква и оттогаш трае спорот меѓу Управата на манастирот и Патријаршијата во Цариград. Во Есфигмен се наоѓаат 119 монаси и искушеници кои Вартоломеј ги нарече „верски екстремисти“, „расколници“ и „руски агенти“.Монасите во манастирот велат дека ќе ја чуваат автономијата на манастирот и ќе се бранат доколку грчката полиција се обиде да влезе. Грчката полиција како причина за вле во манастирот ја посочува судската одлука за отстранување на ревносните монаси од манастирот Есфигмен е донесена во 2002 година, а ново братство на манастирот е формирано во 2005 година.

The post Бара руски служби во манастир: Грчката полиција влезе на Света Гора appeared first on Република.

]]>