грчец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grchec/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 13:01:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грчец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grchec/ 32 32 Поранешни вработени во МВР им продавале тајни од истрагата на криминалната група Грчец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshni-vraboteni-vo-mvr-im-prodavale-tajni-od-istragata-na-kriminalnata-grupa-grchets/ Mon, 04 Nov 2024 13:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=834031

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за корупција, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.Г.(58), Е.А.(58) и О.П.(44), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „оддавање службена тајна“, „попречување на правдата“ и „противправно стекнување и прикривање имот“.

Пријавените Д.Г. и Е.А., во периодот кога биле вработени во Министерството за внатрешни работи, заедно со О.П., се приклучиле на организирана криминална група за која прибавувале, соопштување, пренесување или на друг начин овозможувале достапност на податоци што претставуваат службена тајна, соопшти денеска МВР.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubivale-za-odmazda-i-po-porachka-obvinenie-za-del-od-klanot-grchets/

Во периодот од декември 2019 година до март 2021 година, знаејќи за постоење на интерес на поголем број на личности за добивање на вакви податоци и службени информации за актуелни криминалистички истражувања, планирани мерки и активности за лишување од слобода, со посебен акцент за податоци дали и против кои личности и од кои причини се спроведуваат оперативни и истражни дејствија, како и дека таквите податоци и информации можат да се прибават со давање на парични награди, се поврзале со оваа криминална група во која имале посебна улога за пренесување службени информации, поврзани со организирани криминални групи инволвирани во извршување на криминални активности од повеќе области, особено на тешки кривични дела, од кои за некои е предвидена и казна доживотен затвор.

Имено, Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК, од октомври 2023 година до јануари 2024 година спроведуваше истрага за македонски државјани, кои како членови на меѓународна криминална група, користејќи ја енкриптираната SKY/ECC апликација договарале и преземале активности за организирање на набавка и пренесување на кокаин од земјите на Јужна Америка до земјите на ЕУ и РС Македонија и учествувале во извршување на други кривични дела, а која заврши со кривична пријава против 16 лица.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kovachevski-da-odgovori-dali-nekoj-im-dojavil-na-10-te-litsa-od-klanot-grchets-da-izbegaat-od-pravdata/

По поднесување на кривичната пријава, Одделот за криминалистичка полиција продолжи со анализа на податоците добиени од Еуропол и Еуроџаст и во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК обезбедени се докази врз основа на кои е дојдено до сознание дека пријавените ги сториле делата.

Начинот на кој пријавените ги извршувале делата предизвикало штета врз работењето на државните органи во постапките за кривичен прогон на лица, кои се од значење за јавната безбедност, безбедносните и разузнавачките активности на органите, како и прибирање и пренесување на информации кои не се наменети за јавна употреба, а со чие откривање се намалила ефикасноста на работењето на државните органи.

На 03.11.2024, по преземени оперативно - тактички мерки и активности, како и врз основа на наредби од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домовите на лицата, при што се пронајдени и одземени повеќе мобилни телефони, лап - топ компјутер и разновидна документација. Лицата се лишени од слобода.

The post Поранешни вработени во МВР им продавале тајни од истрагата на криминалната група Грчец appeared first on Република.

]]>

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за корупција, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.Г.(58), Е.А.(58) и О.П.(44), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „оддавање службена тајна“, „попречување на правдата“ и „противправно стекнување и прикривање имот“. Пријавените Д.Г. и Е.А., во периодот кога биле вработени во Министерството за внатрешни работи, заедно со О.П., се приклучиле на организирана криминална група за која прибавувале, соопштување, пренесување или на друг начин овозможувале достапност на податоци што претставуваат службена тајна, соопшти денеска МВР. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubivale-za-odmazda-i-po-porachka-obvinenie-za-del-od-klanot-grchets/ Во периодот од декември 2019 година до март 2021 година, знаејќи за постоење на интерес на поголем број на личности за добивање на вакви податоци и службени информации за актуелни криминалистички истражувања, планирани мерки и активности за лишување од слобода, со посебен акцент за податоци дали и против кои личности и од кои причини се спроведуваат оперативни и истражни дејствија, како и дека таквите податоци и информации можат да се прибават со давање на парични награди, се поврзале со оваа криминална група во која имале посебна улога за пренесување службени информации, поврзани со организирани криминални групи инволвирани во извршување на криминални активности од повеќе области, особено на тешки кривични дела, од кои за некои е предвидена и казна доживотен затвор. Имено, Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК, од октомври 2023 година до јануари 2024 година спроведуваше истрага за македонски државјани, кои како членови на меѓународна криминална група, користејќи ја енкриптираната SKY/ECC апликација договарале и преземале активности за организирање на набавка и пренесување на кокаин од земјите на Јужна Америка до земјите на ЕУ и РС Македонија и учествувале во извршување на други кривични дела, а која заврши со кривична пријава против 16 лица. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kovachevski-da-odgovori-dali-nekoj-im-dojavil-na-10-te-litsa-od-klanot-grchets-da-izbegaat-od-pravdata/ По поднесување на кривичната пријава, Одделот за криминалистичка полиција продолжи со анализа на податоците добиени од Еуропол и Еуроџаст и во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК обезбедени се докази врз основа на кои е дојдено до сознание дека пријавените ги сториле делата. Начинот на кој пријавените ги извршувале делата предизвикало штета врз работењето на државните органи во постапките за кривичен прогон на лица, кои се од значење за јавната безбедност, безбедносните и разузнавачките активности на органите, како и прибирање и пренесување на информации кои не се наменети за јавна употреба, а со чие откривање се намалила ефикасноста на работењето на државните органи. На 03.11.2024, по преземени оперативно - тактички мерки и активности, како и врз основа на наредби од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домовите на лицата, при што се пронајдени и одземени повеќе мобилни телефони, лап - топ компјутер и разновидна документација. Лицата се лишени од слобода.

The post Поранешни вработени во МВР им продавале тајни од истрагата на криминалната група Грчец appeared first on Република.

]]>
ТВ21: Лицето кое пукало во Чаир е затвореник, повредениот е од групата Грчец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tv21-litseto-koe-pukalo-vo-chair-e-zatvorenik-povredeniot-e-od-grupata-grchets/ Mon, 14 Oct 2024 20:47:31 +0000 https://republika.mk/?p=826828

Околу 18 часот и 10 минути, затвореник за кој во моментов не е нејасно како го напуштил затворот, пукал кон член на групата Грчец, објави ТВ21.

Лицето кое во моментот се движело по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ било пукано во ногата. Потоа итно е префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Лекарите констатирале прострелна рана на ногата.

Од МВР велат дека повредениот бил донесен од страна на неговиот брат.

Тој на полицијата и појаснил дека повредениот се движел по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје кога му се приближило едно лице и му пукало во ногата. Нејасно е во моментов дали при исказот повредениот потенцирал дека го знае напаѓачот.

Според првичните неофицијални информации, се претпоставува дека инцидентот настанал поради должничко-доверителни односи.

Инаку дел од групата Грчец е во притвор, но поголемиот дел од неа, на чело со водачот Шеваљ Муареми, е во бегство, објави ТВ21.

 

The post ТВ21: Лицето кое пукало во Чаир е затвореник, повредениот е од групата Грчец appeared first on Република.

]]>

Околу 18 часот и 10 минути, затвореник за кој во моментов не е нејасно како го напуштил затворот, пукал кон член на групата Грчец, објави ТВ21. Лицето кое во моментот се движело по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ било пукано во ногата. Потоа итно е префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Лекарите констатирале прострелна рана на ногата. Од МВР велат дека повредениот бил донесен од страна на неговиот брат. Тој на полицијата и појаснил дека повредениот се движел по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје кога му се приближило едно лице и му пукало во ногата. Нејасно е во моментов дали при исказот повредениот потенцирал дека го знае напаѓачот. Според првичните неофицијални информации, се претпоставува дека инцидентот настанал поради должничко-доверителни односи.
Инаку дел од групата Грчец е во притвор, но поголемиот дел од неа, на чело со водачот Шеваљ Муареми, е во бегство, објави ТВ21.
 

The post ТВ21: Лицето кое пукало во Чаир е затвореник, повредениот е од групата Грчец appeared first on Република.

]]>
Убивале за одмазда и по порачка – обвинение за дел од кланот „Грчец“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ubivale-za-odmazda-i-po-porachka-obvinenie-za-del-od-klanot-grchets/ Tue, 16 Jul 2024 11:28:48 +0000 https://republika.mk/?p=797343

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година во предметот „Грчец“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против пет лица.

Како што наведува Обвинителството, според описот наведен во првиот дел од диспозитивот на Обвинителниот акт тројца од обвинетите како припадници на организираната меѓународна криминална група извршиле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 од Кривичен законик. Тие како припадници на организирана меѓународна криминална група, заедно со други лица од кои дел се осомничени во предметот и се недостапни на органите на прогонот, дел се починати, а дел веќе осудени, заеднички делувале, секој во својата улога на неовластена набавка, пренесување, држење, продажба и посредување во купопродажба. Во повеќе наврати во текот на 2020 година овие тројца обвинети биле инволвирани во неовластено купување на 15,005 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/objavena-poternitsa-za-muaremi-popoznat-kako-sheval-od-grchets/

Меѓународната криминална група чии припадници се обвинетите, делувала во временскиот период од 14.06.2019 до 09.03.2021 година при што во повеќе наврати спровела неовластено купување на наркотична дрога – кокаин од земјите од Јужна Америка, организирајќи го и нејзиното пренесување преку воден пат до Европските земји. Неовластеното пренесување на наркотичната дрога – кокаин наменета за неовластена продажба во Р.СМакедонија од Кралството Белгија и од Р.Албанија преку Косово го договарал и организирал еден од осомничените во предметот – недостапен на органите на прогонот кој е организатор на групата во РСМакедонија.

На останатите двајца обвинети им се става на товар дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394 ст.3 и Убиство од чл.123 ст.2 т.5 од Кривичен законик. Имено, во временскиот период од декември 2019 до март 2021 година, осомничениот организатор на погореспоменатата криминална група кој е во бегство, заедно со уште едно лице недостапно на органите на прогонот и двајца починати создале криминална група која имала за цел вршење на кривично дело Убиство од одмазда и по порачка. Припадници на групата покрај двајца починати станале и двајца осомничени во предметот – недостапни на органите на прогонот, како и двајцата обвинети. Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки за тоа кој, кога, каде и на кој начин да биде лишен од живот. Одлуките ги спроведувале лично или преку припадниците на организираната криминална група, кои ги прифаќале и спроведувале, а договорите, налозите и упатствата биле пренесувани во непосредни контакти или преку енкриптирани телефони на кои била инсталирана апликацијата “SKY“. Така, организаторите врз основа на претходни сознанија во кои биле цврсто убедени, дека едно лице наводно е учесник и предводник во престрелката во Хотел „Александар Палас“ во Скопје, каде со употреба на огнено оружје било пукано кон дел од членовите на групата, започнале да прават план за лишување од живот на лицето. Откако донеле одлука да го убијат ги ангажирале двајцата обвинети и уште едно сега починато лице, давајќи им налог да го следат неговото движење. По неколку неуспешни обиди на 5.3.2020 година, обвинетите и сега починатиот употребувајќи светлосни сигнални уреди – флешери го запреле возилото во кое се наоѓало лицето кое им било цел со уште три други лица и со употреба на автоматско оружје и пиштол го лишиле од живот , притоа убивајќи уште едно лице кое седело зад него.

https://republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-e-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/

Со Обвинителниот акт предметниот обвинител достави и посебен предлог на обвинетите да им се продолжи мерката притвор заради постоење на можност обвинетите да се дадат во бегство или да го повторат делото.

Наредбата за спроведување на истражна постапка беше донесена во јануари против 15 лица. За четири лица кои се недостапни на органите на прогонот, обвинителството преку Министерството за правда ги има преземено сите неопходни активности согласно Законот за меѓународна помош во кривична материја. Така, за две лица се доставени документи за екстрадиција до Обединетите арапски емирати, за едно лице до Р. Хрватска и за едно лице до шпанските власти. Постапките за екстрадиција се водат согласно процесните закони на државите во кои се наоѓаат осомничените лица и за нив истражната постапка ќе продолжи по нивното обезбедување, како и за останатите осомничени.

The post Убивале за одмазда и по порачка – обвинение за дел од кланот „Грчец“ appeared first on Република.

]]>

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година во предметот „Грчец“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против пет лица. Како што наведува Обвинителството, според описот наведен во првиот дел од диспозитивот на Обвинителниот акт тројца од обвинетите како припадници на организираната меѓународна криминална група извршиле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 од Кривичен законик. Тие како припадници на организирана меѓународна криминална група, заедно со други лица од кои дел се осомничени во предметот и се недостапни на органите на прогонот, дел се починати, а дел веќе осудени, заеднички делувале, секој во својата улога на неовластена набавка, пренесување, држење, продажба и посредување во купопродажба. Во повеќе наврати во текот на 2020 година овие тројца обвинети биле инволвирани во неовластено купување на 15,005 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/objavena-poternitsa-za-muaremi-popoznat-kako-sheval-od-grchets/ Меѓународната криминална група чии припадници се обвинетите, делувала во временскиот период од 14.06.2019 до 09.03.2021 година при што во повеќе наврати спровела неовластено купување на наркотична дрога – кокаин од земјите од Јужна Америка, организирајќи го и нејзиното пренесување преку воден пат до Европските земји. Неовластеното пренесување на наркотичната дрога – кокаин наменета за неовластена продажба во Р.СМакедонија од Кралството Белгија и од Р.Албанија преку Косово го договарал и организирал еден од осомничените во предметот – недостапен на органите на прогонот кој е организатор на групата во РСМакедонија. На останатите двајца обвинети им се става на товар дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394 ст.3 и Убиство од чл.123 ст.2 т.5 од Кривичен законик. Имено, во временскиот период од декември 2019 до март 2021 година, осомничениот организатор на погореспоменатата криминална група кој е во бегство, заедно со уште едно лице недостапно на органите на прогонот и двајца починати создале криминална група која имала за цел вршење на кривично дело Убиство од одмазда и по порачка. Припадници на групата покрај двајца починати станале и двајца осомничени во предметот – недостапни на органите на прогонот, како и двајцата обвинети. Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки за тоа кој, кога, каде и на кој начин да биде лишен од живот. Одлуките ги спроведувале лично или преку припадниците на организираната криминална група, кои ги прифаќале и спроведувале, а договорите, налозите и упатствата биле пренесувани во непосредни контакти или преку енкриптирани телефони на кои била инсталирана апликацијата “SKY“. Така, организаторите врз основа на претходни сознанија во кои биле цврсто убедени, дека едно лице наводно е учесник и предводник во престрелката во Хотел „Александар Палас“ во Скопје, каде со употреба на огнено оружје било пукано кон дел од членовите на групата, започнале да прават план за лишување од живот на лицето. Откако донеле одлука да го убијат ги ангажирале двајцата обвинети и уште едно сега починато лице, давајќи им налог да го следат неговото движење. По неколку неуспешни обиди на 5.3.2020 година, обвинетите и сега починатиот употребувајќи светлосни сигнални уреди – флешери го запреле возилото во кое се наоѓало лицето кое им било цел со уште три други лица и со употреба на автоматско оружје и пиштол го лишиле од живот , притоа убивајќи уште едно лице кое седело зад него. https://republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-e-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/ Со Обвинителниот акт предметниот обвинител достави и посебен предлог на обвинетите да им се продолжи мерката притвор заради постоење на можност обвинетите да се дадат во бегство или да го повторат делото. Наредбата за спроведување на истражна постапка беше донесена во јануари против 15 лица. За четири лица кои се недостапни на органите на прогонот, обвинителството преку Министерството за правда ги има преземено сите неопходни активности согласно Законот за меѓународна помош во кривична материја. Така, за две лица се доставени документи за екстрадиција до Обединетите арапски емирати, за едно лице до Р. Хрватска и за едно лице до шпанските власти. Постапките за екстрадиција се водат согласно процесните закони на државите во кои се наоѓаат осомничените лица и за нив истражната постапка ќе продолжи по нивното обезбедување, како и за останатите осомничени.

The post Убивале за одмазда и по порачка – обвинение за дел од кланот „Грчец“ appeared first on Република.

]]>
Жител на Грчец ѝ се заканувал по живот на новинарка поради објавен текст https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitel-na-grchets-se-zakanuval-po-zhivot-na-novinarka-poradi-objaven-tekst/ Thu, 04 Jul 2024 11:09:58 +0000 https://republika.mk/?p=793379

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави Обвинителен предлог против 31-годишен жител на селото Грчец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 во врска со став 4, како и ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.

Обвинетиот по пат на информатички систем сериозно ѝ се заканувал на една оштетена дека кон неа ќе изврши кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна. Заканите ги упатувал поради нејзиниот општествен статус како новинарка, а во врска со вршењето на нејзините професионални задачи кои ги презела во рамките на своите овластувања. Со намера да ја вознемири и исплаши, тој упатувал заканувачки пораки кон новинарката преку лажен профил на една социјална мрежа, барајќи од неа да избрише текст што го напишала и објавила, со што кај оштетената предизвикал чувство на загрозување, несигурност и страв, соопштуваат од ОЈО.

По издадени наредби на јавен обвинител, МВР го идентификуваше сторителот на кривичното дело, за кое согласно Кривичниот законик е запретена затворска казна од една до пет години.

Со ова, од вкупно пет регистрирани напади врз новинари и медиумски работници во текот на 2023 година за кои алармираше Здружението на новинари на Македонија, во три случаи сторителот е идентификуван и е поведена постапка. Од нив, во два предмети, врз основа на поднесените обвиненија, веќе е изречена и пресуда против сторителите на кривичното дело, се вели во соопштението на обвинителството.

The post Жител на Грчец ѝ се заканувал по живот на новинарка поради објавен текст appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави Обвинителен предлог против 31-годишен жител на селото Грчец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 во врска со став 4, како и ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.
Обвинетиот по пат на информатички систем сериозно ѝ се заканувал на една оштетена дека кон неа ќе изврши кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна. Заканите ги упатувал поради нејзиниот општествен статус како новинарка, а во врска со вршењето на нејзините професионални задачи кои ги презела во рамките на своите овластувања. Со намера да ја вознемири и исплаши, тој упатувал заканувачки пораки кон новинарката преку лажен профил на една социјална мрежа, барајќи од неа да избрише текст што го напишала и објавила, со што кај оштетената предизвикал чувство на загрозување, несигурност и страв, соопштуваат од ОЈО.
По издадени наредби на јавен обвинител, МВР го идентификуваше сторителот на кривичното дело, за кое согласно Кривичниот законик е запретена затворска казна од една до пет години.
Со ова, од вкупно пет регистрирани напади врз новинари и медиумски работници во текот на 2023 година за кои алармираше Здружението на новинари на Македонија, во три случаи сторителот е идентификуван и е поведена постапка. Од нив, во два предмети, врз основа на поднесените обвиненија, веќе е изречена и пресуда против сторителите на кривичното дело, се вели во соопштението на обвинителството.

The post Жител на Грчец ѝ се заканувал по живот на новинарка поради објавен текст appeared first on Република.

]]>
Четворица мажи насила го внеле во возило и го однеле во Грчец каде што го тепале и му барале да врати долг https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-mazhi-nasila-go-vnele-vo-vozilo-i-go-odnele-vo-grchets-kade-shto-go-tepale-i-mu-barale-da-vrati-dolg/ Wed, 10 Apr 2024 13:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=764589

На 09.04.2024 во 23.50 часот М.М.(46) од с.Шемшово пријавил дека околу 13.45 часот четири лица насилно го внеле во патничко возило и му се заканиле со огнено оружје.

Потоа го однеле во куќа во с.Грчец и физички го нападнале барајќи му да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра.

Околу 21.00 часот со возило го оставиле во с.Добарце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Четворица мажи насила го внеле во возило и го однеле во Грчец каде што го тепале и му барале да врати долг appeared first on Република.

]]>

На 09.04.2024 во 23.50 часот М.М.(46) од с.Шемшово пријавил дека околу 13.45 часот четири лица насилно го внеле во патничко возило и му се заканиле со огнено оружје. Потоа го однеле во куќа во с.Грчец и физички го нападнале барајќи му да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра. Околу 21.00 часот со возило го оставиле во с.Добарце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Четворица мажи насила го внеле во возило и го однеле во Грчец каде што го тепале и му барале да врати долг appeared first on Република.

]]>
Ковачевски да одговори дали некој им дојавил на 10-те лица од кланот Грчец да избегаат од правдата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kovachevski-da-odgovori-dali-nekoj-im-dojavil-na-10-te-litsa-od-klanot-grchets-da-izbegaat-od-pravdata/ Sun, 28 Jan 2024 09:42:14 +0000 https://republika.mk/?p=737680

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Димитар Ковачевски мора да одговори пред јавноста, дали е точно дека некој, навремено ги известил 10-те водечки лица од кланот Грчец, на чело со Шеваљ Муареми, да избегаат пред лицето на правдата, пред да биде спроведена акцијата на МВР, за нивно апсење.

Ковачевски треба да каже јасно, дали предупредувањето им го дал висок функционер од ДУИ, со кој тие биле во блиски релации.

 

Кои се причините Ковачевски ова да го дозволи, кога ги знаел блиските релации на овие лица со врхушката на ДУИ. Дали свесно е дозволено бегството, на дури 10 луѓе, поврзани со трговија на дрога и убиства низ државата.

 

На лидерот на групата Шеваљ Муареми, една од омилените активности му е и сликање со новиот технички премиер Талат Џафери.

 

На сите овие криминалци им се ближи крајот, доаѓаат времиња кога во Македонија, нема да има простор за криминалци и убијци, поврзани со политички партии на власт.

 

Одговорност ќе има, во тоа сите да бидат сигурни. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ковачевски да одговори дали некој им дојавил на 10-те лица од кланот Грчец да избегаат од правдата appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Димитар Ковачевски мора да одговори пред јавноста, дали е точно дека некој, навремено ги известил 10-те водечки лица од кланот Грчец, на чело со Шеваљ Муареми, да избегаат пред лицето на правдата, пред да биде спроведена акцијата на МВР, за нивно апсење.
Ковачевски треба да каже јасно, дали предупредувањето им го дал висок функционер од ДУИ, со кој тие биле во блиски релации.   Кои се причините Ковачевски ова да го дозволи, кога ги знаел блиските релации на овие лица со врхушката на ДУИ. Дали свесно е дозволено бегството, на дури 10 луѓе, поврзани со трговија на дрога и убиства низ државата.   На лидерот на групата Шеваљ Муареми, една од омилените активности му е и сликање со новиот технички премиер Талат Џафери.   На сите овие криминалци им се ближи крајот, доаѓаат времиња кога во Македонија, нема да има простор за криминалци и убијци, поврзани со политички партии на власт.   Одговорност ќе има, во тоа сите да бидат сигурни. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ковачевски да одговори дали некој им дојавил на 10-те лица од кланот Грчец да избегаат од правдата appeared first on Република.

]]>
Нема притвор за момчето на пејачката, тој е обвинет за „влијание“ врз сведок https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nema-pritvor-za-momcheto-na-pejachkata-toj-e-obvinet-za-vlijanie-vrz-svedok/ Fri, 26 Jan 2024 13:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=737105

Прифатен е предлогот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и на лицата Ш.Б., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

За О.П. е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост, односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање живеалиште, односно престојувалиште и Обврска за јавување во суд.

https://republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/

Како што информира денеска Основен кривичен суд Скопје, судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапиле по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за шест лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во скопското село Грчец.

Судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за 10 лица кои се опфатени со истрагата, а во моментов не се достапни на органите за прогон и тоа од нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода, се вели во соопштението.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа на прес-конференција соопшти дека е разбиена криминална група, а кривични пријави ќе има за сите 16 лица, од кои се уапсени седум. Вкупно 16 лица, кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Седум од нив се веќе уапсени, а и останатите, кои се надвор од земјава, ќе бидат лишени од слобода.

Се работи за Ш.М. (46), Д.И. (50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б.(20), Н.И. (44), Е.И. (25), Ф.С. (43), Ш.С. (40), М.Д. (41) и О.П. (43). Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Ш.М. од село Грчец, заедно со веќе починатите О.Б. и Ј.К., од декември 2019 до март 2021 година, за што се обезбедени докази. Во овој период, групата организирала транспорт на 435 килограми кокаин во земјава од Бразил.

The post Нема притвор за момчето на пејачката, тој е обвинет за „влијание“ врз сведок appeared first on Република.

]]>

Прифатен е предлогот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и на лицата Ш.Б., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им е определена мерка притвор во траење од 30 дена. За О.П. е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост, односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање живеалиште, односно престојувалиште и Обврска за јавување во суд. https://republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/ Како што информира денеска Основен кривичен суд Скопје, судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапиле по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за шест лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во скопското село Грчец.
Судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за 10 лица кои се опфатени со истрагата, а во моментов не се достапни на органите за прогон и тоа од нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода, се вели во соопштението.
Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа на прес-конференција соопшти дека е разбиена криминална група, а кривични пријави ќе има за сите 16 лица, од кои се уапсени седум. Вкупно 16 лица, кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Седум од нив се веќе уапсени, а и останатите, кои се надвор од земјава, ќе бидат лишени од слобода. Се работи за Ш.М. (46), Д.И. (50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б.(20), Н.И. (44), Е.И. (25), Ф.С. (43), Ш.С. (40), М.Д. (41) и О.П. (43). Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Ш.М. од село Грчец, заедно со веќе починатите О.Б. и Ј.К., од декември 2019 до март 2021 година, за што се обезбедени докази. Во овој период, групата организирала транспорт на 435 килограми кокаин во земјава од Бразил.

The post Нема притвор за момчето на пејачката, тој е обвинет за „влијание“ врз сведок appeared first on Република.

]]>
Момче на позната пејачка од македонската сцена е меѓу уапсените во групата Грчец/Дуќанџик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-e-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/ Fri, 26 Jan 2024 09:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=737011

Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и АНБ, под раководство на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, а со поддршка на Европол и Заедничкиот истражен тим LIMIT од земјите членки, Франција, Белгија и Холандија, презеде координирани мерки и активности со цел лишување од слобода на лица за кои постојат сомненија дека како членови на меѓународна организирана криминална група биле инволвирани во организирање на набавка на наркотична дрога кокаин и вршење на тешки кривични дела убиства, соопшти вчера МВР.

https://republika.mk/vesti/makedonija/litsa-od-mvr-sudovi-javni-obivnitelstva-ministerstva-bile-sorabotnitsi-na-kriminalnata-narko-grupa/

Според информациите на „Телма“, меѓу осомничените од групата Грчец/Дуќанџик се 10 лица, а телевизијата ги открива нивните идентитети.

Водач на групата е Шеваљ Муареми, 46-годишен жител на Грчец кој не е достапен на истрагата, а според потврдени сознанија на „Телма“, подолго време е надвор од Македонија. Едно време имаше шпекулации дека е во Шпанија (таму е уапсено едно лице од групата), но според последните податоци тој се крие и е засолнат во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати.

Во Дубаи, минатите денови бил и Раде Трајковски Штекли, скопјанец врз кого имаше два обиди за убиство во Ист гејт Мол. Трајковски - Штекли, според полициски извори на „Телма“, како човек под заштита на ривалската група Беланоца, бил во Дубаи за да се смири непријателствата со избеганиот Муареми.

Меѓу уапсените е и скопјанец кој е познат по тоа што е во врска со позната пејачка од македонската поп сцена. Според извори на „Телма“, тој е осомничен дека влијаел врз оштетен да ја промени изјавата.

На листата на осомничени на истрагата се Неџати Исени (Н.И. 44 години), Севдал Азири (С.А. 44 години), Мухамед Чајани (М.Ч. 27 години), Фадил Бајрамовски (Ф.Б. 45 години), Оливер Петров (О.П. 43 години), Шуајб Сулејмановски (Ш.С. 40 години), Фати Сулејмановски (Ф.С. 43 години), Шукри Асани (Ш.А. 27 години) и Енсар Исени (Е.И. 25 години).

The post Момче на позната пејачка од македонската сцена е меѓу уапсените во групата Грчец/Дуќанџик appeared first on Република.

]]>

Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и АНБ, под раководство на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, а со поддршка на Европол и Заедничкиот истражен тим LIMIT од земјите членки, Франција, Белгија и Холандија, презеде координирани мерки и активности со цел лишување од слобода на лица за кои постојат сомненија дека како членови на меѓународна организирана криминална група биле инволвирани во организирање на набавка на наркотична дрога кокаин и вршење на тешки кривични дела убиства, соопшти вчера МВР. https://republika.mk/vesti/makedonija/litsa-od-mvr-sudovi-javni-obivnitelstva-ministerstva-bile-sorabotnitsi-na-kriminalnata-narko-grupa/ Според информациите на „Телма“, меѓу осомничените од групата Грчец/Дуќанџик се 10 лица, а телевизијата ги открива нивните идентитети. Водач на групата е Шеваљ Муареми, 46-годишен жител на Грчец кој не е достапен на истрагата, а според потврдени сознанија на „Телма“, подолго време е надвор од Македонија. Едно време имаше шпекулации дека е во Шпанија (таму е уапсено едно лице од групата), но според последните податоци тој се крие и е засолнат во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Во Дубаи, минатите денови бил и Раде Трајковски Штекли, скопјанец врз кого имаше два обиди за убиство во Ист гејт Мол. Трајковски - Штекли, според полициски извори на „Телма“, како човек под заштита на ривалската група Беланоца, бил во Дубаи за да се смири непријателствата со избеганиот Муареми. Меѓу уапсените е и скопјанец кој е познат по тоа што е во врска со позната пејачка од македонската поп сцена. Според извори на „Телма“, тој е осомничен дека влијаел врз оштетен да ја промени изјавата. На листата на осомничени на истрагата се Неџати Исени (Н.И. 44 години), Севдал Азири (С.А. 44 години), Мухамед Чајани (М.Ч. 27 години), Фадил Бајрамовски (Ф.Б. 45 години), Оливер Петров (О.П. 43 години), Шуајб Сулејмановски (Ш.С. 40 години), Фати Сулејмановски (Ф.С. 43 години), Шукри Асани (Ш.А. 27 години) и Енсар Исени (Е.И. 25 години).

The post Момче на позната пејачка од македонската сцена е меѓу уапсените во групата Грчец/Дуќанџик appeared first on Република.

]]>
Во тек е полициска акција во Грчец, се трага по осомничени убијци и дилери https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-tek-e-politsiska-aktsija-vo-grchets-se-traga-po-osomnicheni-ubijtsi-i-dileri/ Thu, 25 Jan 2024 09:48:01 +0000 https://republika.mk/?p=736631

Полицијата утринава врши серија претреси и апси членови на криминален клан од Грчец, кои се поврзани со трговија со дрога и убиства, дознава МИА.

Претреси се прават во Грчец, Дуќанџик, Чаир и други локации. Според информации на МИА, веќе има неколкумина уапсени, а акцијата е се уште во тек.

Во текот на денот, по завршување на акцијата, се очекуваат повеќе детали од полицијата.

The post Во тек е полициска акција во Грчец, се трага по осомничени убијци и дилери appeared first on Република.

]]>

Полицијата утринава врши серија претреси и апси членови на криминален клан од Грчец, кои се поврзани со трговија со дрога и убиства, дознава МИА. Претреси се прават во Грчец, Дуќанџик, Чаир и други локации. Според информации на МИА, веќе има неколкумина уапсени, а акцијата е се уште во тек. Во текот на денот, по завршување на акцијата, се очекуваат повеќе детали од полицијата.

The post Во тек е полициска акција во Грчец, се трага по осомничени убијци и дилери appeared first on Република.

]]>
Упасени дилери на дрога од Горна Матка и Грчец https://arhiva3.republika.mk/vesti/upaseni-dileri-na-droga-od-gorna-matka-i-grchets/ Sun, 03 Dec 2023 14:50:50 +0000 https://republika.mk/?p=718970

Полициски инспектори за спречување на недозволена трговија со дрога и специјалците од САЕ Тигар денеска спречија меѓународен транспорт на дрога од Албанија во нашата држава.

На влезот во Гостивар запленета е дрога, а уапсени се лица од Горна Матка и Грчец.

Од МВР потврдуваат дека е во тек полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

The post Упасени дилери на дрога од Горна Матка и Грчец appeared first on Република.

]]>

Полициски инспектори за спречување на недозволена трговија со дрога и специјалците од САЕ Тигар денеска спречија меѓународен транспорт на дрога од Албанија во нашата држава. На влезот во Гостивар запленета е дрога, а уапсени се лица од Горна Матка и Грчец. Од МВР потврдуваат дека е во тек полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

The post Упасени дилери на дрога од Горна Матка и Грчец appeared first on Република.

]]>
На Ахмети од Грчец му украле 48 овци https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-ahmeti-od-grchets-mu-ukrale-48-ovtsi/ Fri, 08 Sep 2023 17:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=680031

Го брои добитокот, но има 48 овци помалку. На сточарот Агим Ахмети од село Градец и Врапчиште, некој му ги крадел овците неколку дена по ред. Секој ден забележувал дека му недостасуваат овци и решил да чува стража ноќе. Како што објаснува, вечерта ги видел крадците како ги ставаат овците во автомобил.

-Доаѓам тука и фали една овца , другиот ден недостасува едно јагне, друг ден фалат две, потоа недостасуваат три. Број, број, од 95 грла излегуваат 50 навечер. Наутро, излегуваат 47, три овци фалат за една ноќ. И дефинитивно ќе седам и ќе ги чувам. И додека ги чував излезе едниот кој многу добро го познавам, другиот не. Доаѓаат кај вратата, овците ги земаат и бегаат на метар, не ги фатив, ми избегаа, вели Агим Ахмети за ТВ21.

Агим вели дека штетата е од седум до осум илјади евра.

-Кога ќе ги пресметате од 170 или 180 евра, казната е 7.800 евра оштета. Се грижам за нив затоа што од тоа живеам. Јас не се занимавам со друга работа, тоа е мојата професија. Немам друга професија. Јас сум земјоделец, а не бизнисмен и тоа го правам. Со ова се занимава татко ми, таткото на татко ми, вели Агим Ахмети.

The post На Ахмети од Грчец му украле 48 овци appeared first on Република.

]]>

Го брои добитокот, но има 48 овци помалку. На сточарот Агим Ахмети од село Градец и Врапчиште, некој му ги крадел овците неколку дена по ред. Секој ден забележувал дека му недостасуваат овци и решил да чува стража ноќе. Како што објаснува, вечерта ги видел крадците како ги ставаат овците во автомобил.
-Доаѓам тука и фали една овца , другиот ден недостасува едно јагне, друг ден фалат две, потоа недостасуваат три. Број, број, од 95 грла излегуваат 50 навечер. Наутро, излегуваат 47, три овци фалат за една ноќ. И дефинитивно ќе седам и ќе ги чувам. И додека ги чував излезе едниот кој многу добро го познавам, другиот не. Доаѓаат кај вратата, овците ги земаат и бегаат на метар, не ги фатив, ми избегаа, вели Агим Ахмети за ТВ21.
Агим вели дека штетата е од седум до осум илјади евра.
-Кога ќе ги пресметате од 170 или 180 евра, казната е 7.800 евра оштета. Се грижам за нив затоа што од тоа живеам. Јас не се занимавам со друга работа, тоа е мојата професија. Немам друга професија. Јас сум земјоделец, а не бизнисмен и тоа го правам. Со ова се занимава татко ми, таткото на татко ми, вели Агим Ахмети.

The post На Ахмети од Грчец му украле 48 овци appeared first on Република.

]]>
Случај „Планина“: Продолжува истрагата против наркобосот од Грчец, грам кокаин продавале и за 5.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sluchaj-planina-prodolzhuva-istragata-protiv-narkobosot-od-grchets-gram-kokain-prodavale-i-za-5-000-denari/ Wed, 30 Aug 2023 15:18:14 +0000 https://republika.mk/?p=677337

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода во с. Грчец на првоосомничениот од предметот „Планина“ ќе ја продолжи истражната постапка против него. Тој, како што соопшти денеска ЈО, по наредба на обвинителството се бараше со национална и меѓународна потерница од 2021 година заради постоење на основано сомнение дека како главен организатор сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 вв став 1 од Кривичниот Законик.

Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица, од кои и против едно дете во судир со законот над 16 години. Бидејќи се работеше за две криминални групи што се занимавале со неовластена продажба на наркотична дрога беа донесени две Наредби за спроведување на истражна постапка. Во тогашните спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина меѓу кои и првоосомничениот беа во бегство. Во меѓувреме, односно во септември 2021 година и во текот на изминатата година три од осомничените лица недостапни на органите на прогонот, се лишени од слобода каде што продолжи против нив истражната постапка, соопштуваат од Јавното Обвинителство.

Оттаму, посочија дека предметните обвинители постигнаа спогодба со 14 обвинети лица за кои судот ги прифати предлог спогодбите и донесе пресуди со кои на осум лица им определи казна затвор во траење од по 3 години, на две лица во траење од по 3 години и 6 месеци, три лица се осудени на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци и едно лице на 5 годишна затворска казна.

Врз основа на признание на вина на главна расправа петмина обвинети се осудени на казна затвор и тоа: едно лице на казна затвор од 3 години и 5 месеци, две лица на казна затвор од 4 години, едно лице на казна затвор од 5 години и едно лице на казна затвор од 6 години. По поднесени жалби на санкции на две лица казните се преиначени и намалени од 6 години на 5 години и од 4 години на 3 години и 6 месеци.

По одржана главна расправа донесени се пресуди за три лица од кои две во постапка пред второстепениот суд се преиначени и тоа од 4 години на 5 години затворска казна и од 3 години и 6 месеци на 6 години, додека пресудата за едно лице осудено на казна затвор во трење од 6 години е потврдена.

За едно лице истрагата останува прекината до негово пронаоѓање, за три лица е донесена Наредба за запирање на истрага од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје, додека на детето во судир со законот му се изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години.

Членовите на двете организирани криминални мрежи, продавале наркотична дрога преку препродавачи во Скопје, Гостивар, Тетово, Струмица и други градови по цена која се движела во износ од 4000 до 5000 денари за 1 (еден) грам кокаин и во распон од 12.000 до 15.000 денари за 100 грама марихуана, стои во соопштението.

The post Случај „Планина“: Продолжува истрагата против наркобосот од Грчец, грам кокаин продавале и за 5.000 денари appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода во с. Грчец на првоосомничениот од предметот „Планина“ ќе ја продолжи истражната постапка против него. Тој, како што соопшти денеска ЈО, по наредба на обвинителството се бараше со национална и меѓународна потерница од 2021 година заради постоење на основано сомнение дека како главен организатор сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 вв став 1 од Кривичниот Законик.
Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица, од кои и против едно дете во судир со законот над 16 години. Бидејќи се работеше за две криминални групи што се занимавале со неовластена продажба на наркотична дрога беа донесени две Наредби за спроведување на истражна постапка. Во тогашните спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина меѓу кои и првоосомничениот беа во бегство. Во меѓувреме, односно во септември 2021 година и во текот на изминатата година три од осомничените лица недостапни на органите на прогонот, се лишени од слобода каде што продолжи против нив истражната постапка, соопштуваат од Јавното Обвинителство.
Оттаму, посочија дека предметните обвинители постигнаа спогодба со 14 обвинети лица за кои судот ги прифати предлог спогодбите и донесе пресуди со кои на осум лица им определи казна затвор во траење од по 3 години, на две лица во траење од по 3 години и 6 месеци, три лица се осудени на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци и едно лице на 5 годишна затворска казна. Врз основа на признание на вина на главна расправа петмина обвинети се осудени на казна затвор и тоа: едно лице на казна затвор од 3 години и 5 месеци, две лица на казна затвор од 4 години, едно лице на казна затвор од 5 години и едно лице на казна затвор од 6 години. По поднесени жалби на санкции на две лица казните се преиначени и намалени од 6 години на 5 години и од 4 години на 3 години и 6 месеци. По одржана главна расправа донесени се пресуди за три лица од кои две во постапка пред второстепениот суд се преиначени и тоа од 4 години на 5 години затворска казна и од 3 години и 6 месеци на 6 години, додека пресудата за едно лице осудено на казна затвор во трење од 6 години е потврдена. За едно лице истрагата останува прекината до негово пронаоѓање, за три лица е донесена Наредба за запирање на истрага од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје, додека на детето во судир со законот му се изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години.
Членовите на двете организирани криминални мрежи, продавале наркотична дрога преку препродавачи во Скопје, Гостивар, Тетово, Струмица и други градови по цена која се движела во износ од 4000 до 5000 денари за 1 (еден) грам кокаин и во распон од 12.000 до 15.000 денари за 100 грама марихуана, стои во соопштението.

The post Случај „Планина“: Продолжува истрагата против наркобосот од Грчец, грам кокаин продавале и за 5.000 денари appeared first on Република.

]]>
„Брзи и бесни“: Жител на Грчец бегал по обиколница со марихуана во гепекот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/brzi-i-besni-zhitel-na-grchets-begal-po-obikolnitsa-so-marihuana-vo-gepekot/ Sat, 15 Apr 2023 17:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=631109

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишниот жител од селото Грчец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Полициски службеници, вчера вечерта, се обиделе да го запрат автомобилот со кој управувал осомничениот на клучката Стајковци, но, тој ја зголемил брзината на движење и се дал во бегство. Во еден момент, од возилото фрлил најлонска вреќа која содржела над 1,2 килограми наркотична дрога – марихуана. Набрзо потоа тој го запрел автомобилот, бил легитимиран и уапсен. При преглед на возилото помала количина марихуана била најдена и меѓу двете предни седишта на автомобилот.

Од Јавното обвинителство попладнево информираа дека осомничениот во исказот даден пред јавен обвинител признал дека неовластено ја поседувал марихуаната од која се обидел да се ослободи.

Ддоставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот

The post „Брзи и бесни“: Жител на Грчец бегал по обиколница со марихуана во гепекот appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишниот жител од селото Грчец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Полициски службеници, вчера вечерта, се обиделе да го запрат автомобилот со кој управувал осомничениот на клучката Стајковци, но, тој ја зголемил брзината на движење и се дал во бегство. Во еден момент, од возилото фрлил најлонска вреќа која содржела над 1,2 килограми наркотична дрога – марихуана. Набрзо потоа тој го запрел автомобилот, бил легитимиран и уапсен. При преглед на возилото помала количина марихуана била најдена и меѓу двете предни седишта на автомобилот. Од Јавното обвинителство попладнево информираа дека осомничениот во исказот даден пред јавен обвинител признал дека неовластено ја поседувал марихуаната од која се обидел да се ослободи. Ддоставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот

The post „Брзи и бесни“: Жител на Грчец бегал по обиколница со марихуана во гепекот appeared first on Република.

]]>
Додека бегал од полицијата фрлил ќеса со марихуана – приведен дилер од Грчец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dodeka-begal-od-politsijata-frlil-kesa-so-marihuana-priveden-diler-od-grchets/ Sat, 15 Apr 2023 08:21:10 +0000 https://republika.mk/?p=630966

Вчера околу 23.00 часот на обиколница Скопје, на клучка Стајковци кон клучка Радишани, скопско, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(24) од с.Грчец, општина Сарај.

Претходно, на клучка кај с.Арачиново тој не застанал на даден знак за запирање од полициски службеници и со возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки продолжил со движење, при што од возилото фрлил ќеса со марихуана.

Набргу, по преземени мерки од полициски службеници бил запрен, а дрогата била пронајдена и одземена. Е.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Додека бегал од полицијата фрлил ќеса со марихуана – приведен дилер од Грчец appeared first on Република.

]]>

Вчера околу 23.00 часот на обиколница Скопје, на клучка Стајковци кон клучка Радишани, скопско, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(24) од с.Грчец, општина Сарај. Претходно, на клучка кај с.Арачиново тој не застанал на даден знак за запирање од полициски службеници и со возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки продолжил со движење, при што од возилото фрлил ќеса со марихуана. Набргу, по преземени мерки од полициски службеници бил запрен, а дрогата била пронајдена и одземена. Е.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Додека бегал од полицијата фрлил ќеса со марихуана – приведен дилер од Грчец appeared first on Република.

]]>
ЕВН затекнала хаварија во Грчец, мештани насилно упаднале во системот и направиле огромна штета https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/evn-zateknala-havarija-vo-grchets-meshtani-nasilno-upadnale-vo-sistemot-i-napravile-ogromna-shteta/ Sat, 08 Apr 2023 12:23:52 +0000 https://republika.mk/?p=628679

ЕВН Електродистрибуција затекнала хаварија во електро мрежата во Грчец. Како што велат од компанијата, противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, предизвикаа хаварија во дистрибутивниот систем поради што без снабдување со електрична енергија денес останаа и корисниците на дел на територија на Сарај.

– По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец, селото имаше целосен прекин на испорака на електрична енергија, појаснуваат од ЕВН.

Вчера, во доцните часови, дел од мештаните го вратиле снабдувањето со тоа што насилно и противправно влегле во енергетските објекти во сопственост на Електродистрибуција, а со тоа предизвикале огромна и неповратна штета на целиот дистрибутивен систем во регионот, информираат од ЕВН.

Во моментот Електродистрибуција е на терен со придружба од полицијата и се обидува да го врати напојувањето што поскоро на што е можно повеќе корисници.

The post ЕВН затекнала хаварија во Грчец, мештани насилно упаднале во системот и направиле огромна штета appeared first on Република.

]]>

ЕВН Електродистрибуција затекнала хаварија во електро мрежата во Грчец. Како што велат од компанијата, противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, предизвикаа хаварија во дистрибутивниот систем поради што без снабдување со електрична енергија денес останаа и корисниците на дел на територија на Сарај. – По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец, селото имаше целосен прекин на испорака на електрична енергија, појаснуваат од ЕВН. Вчера, во доцните часови, дел од мештаните го вратиле снабдувањето со тоа што насилно и противправно влегле во енергетските објекти во сопственост на Електродистрибуција, а со тоа предизвикале огромна и неповратна штета на целиот дистрибутивен систем во регионот, информираат од ЕВН. Во моментот Електродистрибуција е на терен со придружба од полицијата и се обидува да го врати напојувањето што поскоро на што е можно повеќе корисници.

The post ЕВН затекнала хаварија во Грчец, мештани насилно упаднале во системот и направиле огромна штета appeared first on Република.

]]>
Вага, картичка за делење линии и кокаин пронајдени во Грчец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vaga-kartichka-za-delene-linii-i-kokain-pronajdeni-vo-grchets/ Tue, 14 Mar 2023 08:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=619401

Двајца уапсени денеска во Скопје поради недозволена трговија со дрога, соопшти МВР.

-Денеска (14.03.2023) во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при скопското СВР ги лишиле од слобода А.О.(23) од с. Грчец, скопско и В.К. од Гевгелија, информираат од МВР.

При претрес во домот во кој престојуваат во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 150 грама кокаин и дигитална вага.

-Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка, велат од полицијата.

The post Вага, картичка за делење линии и кокаин пронајдени во Грчец appeared first on Република.

]]>

Двајца уапсени денеска во Скопје поради недозволена трговија со дрога, соопшти МВР.
-Денеска (14.03.2023) во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при скопското СВР ги лишиле од слобода А.О.(23) од с. Грчец, скопско и В.К. од Гевгелија, информираат од МВР.
При претрес во домот во кој престојуваат во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 150 грама кокаин и дигитална вага.
-Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка, велат од полицијата.

The post Вага, картичка за делење линии и кокаин пронајдени во Грчец appeared first on Република.

]]>
Фатени разбојниците од Грчец кои ограбија објект во Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-razbojnicite-od-grchec-koi-ograbija-objekt-vo-gjorche-petrov/ Sun, 07 Aug 2022 11:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=537647

Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Карпош при СВР Скопје расчистија три кривични дела „разбојништво“ сторени на подрачјето на Скопје.

– На 04.08.2022 од слобода беа лишени Ш.И.(31) од с.Грчец, скопско и Л.Ј.(23) од с.Крушопек, скопско, откако со закана со огнено оружје одзедоа пари и повеќе предмети од продажен објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје. Во службен разговор во полициска станица тие признале уште две дела кои ги сториле на 29.07 и 01.08.2022 во Скопје. На 29.07.2022 во 22.23 часот во продажен објект на ул.„Козле“ со закана кон вработените одзеле пари и предмети и на 01.08.2022 во финансиско друштво на ул.„Ѓорче Петров“ со закана одзеле пари, соопштија денеска од МВР.

По документирање на случаите, појаснуваат од МВР, Ш.И. бил пренесен во Казнено-поравната установа Затвор Прилеп за доиздржување казна затвор од околу седум години, од каде претходно бил во бегство. На лицето Л.Ј. пак, му е поднесена кривицна пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена

The post Фатени разбојниците од Грчец кои ограбија објект во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>

Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Карпош при СВР Скопје расчистија три кривични дела „разбојништво“ сторени на подрачјето на Скопје. – На 04.08.2022 од слобода беа лишени Ш.И.(31) од с.Грчец, скопско и Л.Ј.(23) од с.Крушопек, скопско, откако со закана со огнено оружје одзедоа пари и повеќе предмети од продажен објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје. Во службен разговор во полициска станица тие признале уште две дела кои ги сториле на 29.07 и 01.08.2022 во Скопје. На 29.07.2022 во 22.23 часот во продажен објект на ул.„Козле“ со закана кон вработените одзеле пари и предмети и на 01.08.2022 во финансиско друштво на ул.„Ѓорче Петров“ со закана одзеле пари, соопштија денеска од МВР. По документирање на случаите, појаснуваат од МВР, Ш.И. бил пренесен во Казнено-поравната установа Затвор Прилеп за доиздржување казна затвор од околу седум години, од каде претходно бил во бегство. На лицето Л.Ј. пак, му е поднесена кривицна пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена

The post Фатени разбојниците од Грчец кои ограбија објект во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>
Во Грчец пронајден кокаин https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-grchec-pronajden-kokain/ Wed, 29 Jun 2022 07:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=520967

Во скопското село Грчец, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го уапсиле С.О.(20) од село Грчец, во чиј дом при претрес извршен по претходно добиена судска наредба од Основен Кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени кеса со кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, С.О. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Во Грчец пронајден кокаин appeared first on Република.

]]>

Во скопското село Грчец, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го уапсиле С.О.(20) од село Грчец, во чиј дом при претрес извршен по претходно добиена судска наредба од Основен Кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени кеса со кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, С.О. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Во Грчец пронајден кокаин appeared first on Република.

]]>
Приведен криминалец од Грчец, бил баран со потерница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-kriminalec-od-grchec-bil-baran-so-poternica/ Fri, 24 Jun 2022 12:14:45 +0000 https://republika.mk/?p=519314

Денеска (24.06.2022) во 12:20 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода С.Љ.(27) од с.Грчец, скопско.

Тој бил баран со потерница за спроведување истрага и за него била определена мерка притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

 

The post Приведен криминалец од Грчец, бил баран со потерница appeared first on Република.

]]>

Денеска (24.06.2022) во 12:20 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода С.Љ.(27) од с.Грчец, скопско. Тој бил баран со потерница за спроведување истрага и за него била определена мерка притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 став 3 од Кривичниот законик.  

The post Приведен криминалец од Грчец, бил баран со потерница appeared first on Република.

]]>
Лице од Грчец „заборавил“ да се пријави во затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lice-od-grchec-zaboravil-da-se-prijavi-vo-zatvor/ Sat, 28 May 2022 11:35:42 +0000 https://republika.mk/?p=507970

Полицијата синоќа лишила од слобода лице од Грчец барано за издржување затворска казна од три години.

МВР соопшти дека вчера во 19:20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во селото Грчец, скопско, го лишиле од слобода Р.Н.(32). Тој се барал по судска наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување на затворска казна во времетраење од три години.

Р.Н. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на затворската казна

The post Лице од Грчец „заборавил“ да се пријави во затвор appeared first on Република.

]]>

Полицијата синоќа лишила од слобода лице од Грчец барано за издржување затворска казна од три години. МВР соопшти дека вчера во 19:20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во селото Грчец, скопско, го лишиле од слобода Р.Н.(32). Тој се барал по судска наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување на затворска казна во времетраење од три години. Р.Н. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на затворската казна

The post Лице од Грчец „заборавил“ да се пријави во затвор appeared first on Република.

]]>