Грцаија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grcaija/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 13:03:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Грцаија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grcaija/ 32 32 Николоски- Стилинидис во Солун: Регионалниот развој зависи од владите, Македонија подготвена за реализација на крупни инфраструктурни проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-stilinidis-vo-solun-regionalniot-razvoj-zavisi-od-vladite-makedonija-podgotvena-za-realizatsija-na-krupni-infrastrukturni-proekti/ Tue, 22 Oct 2024 13:03:11 +0000 https://republika.mk/?p=829911

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета во Солун каде оствари билатерална средба со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка на Грција.

На средбата која е прва меѓу двајцата министри се разговараше за економската соработка меѓу двете земји.

Министерот Николоски ја истакна силната заложба на Владата за економски развој на регионот преку учество во заеднички проекти, притоа потенцирајќи ја потребата од квалитено инфраструктурно поврзување.

Во духот на добрососедските односи а имајќи предвид дека регионалната соработка зависи од двете Влади, министерот Николоски изрази уверување дека Македонија е подготвена да учестува во реализација на проекти со кои ќе се зацврсти конкурентската позиција на европските коридори.

На средбата, исто така министерот Николоски истакна дека голем дел од извозно ориентирани компании од Македонија соработуваат со солунското пристаништа со што се отвора потребата за поквалитетно поврзување и побрз транспорт на добрата и услугите.

Двајцата министри се согласија дека ова е почетна точка во индната соработка меѓу двете Влади, со што изразија уверување дека постои огромен простор за зголемување на економската соработка во различни дејности.

Министерот Николоски во рамки на работната посета на Солун, учествува на Форумот посветен за развојот на инфраструктурата и поврзување со Југоисточна Европа.

The post Николоски- Стилинидис во Солун: Регионалниот развој зависи од владите, Македонија подготвена за реализација на крупни инфраструктурни проекти appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета во Солун каде оствари билатерална средба со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка на Грција. На средбата која е прва меѓу двајцата министри се разговараше за економската соработка меѓу двете земји. Министерот Николоски ја истакна силната заложба на Владата за економски развој на регионот преку учество во заеднички проекти, притоа потенцирајќи ја потребата од квалитено инфраструктурно поврзување. Во духот на добрососедските односи а имајќи предвид дека регионалната соработка зависи од двете Влади, министерот Николоски изрази уверување дека Македонија е подготвена да учестува во реализација на проекти со кои ќе се зацврсти конкурентската позиција на европските коридори. На средбата, исто така министерот Николоски истакна дека голем дел од извозно ориентирани компании од Македонија соработуваат со солунското пристаништа со што се отвора потребата за поквалитетно поврзување и побрз транспорт на добрата и услугите. Двајцата министри се согласија дека ова е почетна точка во индната соработка меѓу двете Влади, со што изразија уверување дека постои огромен простор за зголемување на економската соработка во различни дејности. Министерот Николоски во рамки на работната посета на Солун, учествува на Форумот посветен за развојот на инфраструктурата и поврзување со Југоисточна Европа.

The post Николоски- Стилинидис во Солун: Регионалниот развој зависи од владите, Македонија подготвена за реализација на крупни инфраструктурни проекти appeared first on Република.

]]>
Во Грција почнува имунизација со прилагодените вакцини за новите подваријатни на Омикрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-grcija-pochnuva-imunizacija-so-prilagodenite-vakcini-za-novite-podvarijatni-na-omikron/ Mon, 03 Oct 2022 08:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=556739

Од денеска во Грција започнува имунизација со ажурираните и прилагодените вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат од подваријантите БА.4 и БА.5 на мутацијата Омикрон, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретните вакцини, кои минатата седмица пристигнаа во Грција, ќе се користат само како прва или втора бустер доза, односно само за оние кои се веќе вакцинирани до две или три дози.

Во четвртокот се отвори платформата за закажување термин за вакцинација, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, за само еден ден биле закажани 12.185 термини.

Пред 20 дена започна имунизацијата со вакцините наменети за варијантата Омикрон БА.1, а приоритет и за двете ажурирани вакцини имаат граѓаните над 60-годишна возраст и лицата од 12 до 59 години со здравствени проблеми.

Новите вакцини може да се примат три месеци по вакцинацијата или по прележан Ковид-19, а се наменети само за вакцинираните, додека пак оние кои се невакцинирани, ќе се имунизираат со постоечките вакцини.

The post Во Грција почнува имунизација со прилагодените вакцини за новите подваријатни на Омикрон appeared first on Република.

]]>

Од денеска во Грција започнува имунизација со ажурираните и прилагодените вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат од подваријантите БА.4 и БА.5 на мутацијата Омикрон, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретните вакцини, кои минатата седмица пристигнаа во Грција, ќе се користат само како прва или втора бустер доза, односно само за оние кои се веќе вакцинирани до две или три дози.
Во четвртокот се отвори платформата за закажување термин за вакцинација, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, за само еден ден биле закажани 12.185 термини.
Пред 20 дена започна имунизацијата со вакцините наменети за варијантата Омикрон БА.1, а приоритет и за двете ажурирани вакцини имаат граѓаните над 60-годишна возраст и лицата од 12 до 59 години со здравствени проблеми. Новите вакцини може да се примат три месеци по вакцинацијата или по прележан Ковид-19, а се наменети само за вакцинираните, додека пак оние кои се невакцинирани, ќе се имунизираат со постоечките вакцини.

The post Во Грција почнува имунизација со прилагодените вакцини за новите подваријатни на Омикрон appeared first on Република.

]]>