„Грбот на мажот“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grbot-na-mazhot/ За подобро да се разбереме Tue, 02 May 2023 07:23:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Грбот на мажот“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grbot-na-mazhot/ 32 32 Објавена збирката раскази „Грбот на мажот“ од Аријан Лека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objavena-zbirkata-raskazi-grbot-na-mazhot-od-arijan-leka/ Tue, 02 May 2023 07:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=635892

Од печат излезе збирката раскази „Грбот на мажот“ од Аријан Лека, издание на „Или-Или“. Ова е прв превод од албански на македонски јазик во едицијата „ПРОаЗА“. Преводот е на Крешник Ајдини, а излегувањето на книгата финансиски е помогнато од фондацијата „Традуки“.

Ова е одлична збирка која содржи дваесет и четири раскази за животот во сенката на „големиот“ Енвер, созревањето во посткомунистичката транзиција, за тегобноста на егзилот, но и надежите во „новиот“ живот, раскази исполнети со сентимент, шарм и духовитост.

Албанскиот поет, романсиер и есеист Аријан Лека е роден во 1966 година. Студирал музика во родниот Драч, а албански јазик и литература во Тирана. Пишува песни, раскази, романи и литература за деца, меѓу другото на албански ги превел италијанските нобеловци Еугенио Монтале и Салваторе Квазимодо. Некои од неговите четиринаесет објавени книги и делови од неговите дела се преведени на италијански, англиски, германски, француски, романски, бугарски, српски и хрватски. Во 2004 година го основа Меѓународниот фестивал за поезија и литература ПОЕТЕКА и оттогаш е главен уредник на истоименото списание.

The post Објавена збирката раскази „Грбот на мажот“ од Аријан Лека appeared first on Република.

]]>

Од печат излезе збирката раскази „Грбот на мажот“ од Аријан Лека, издание на „Или-Или“. Ова е прв превод од албански на македонски јазик во едицијата „ПРОаЗА“. Преводот е на Крешник Ајдини, а излегувањето на книгата финансиски е помогнато од фондацијата „Традуки“. Ова е одлична збирка која содржи дваесет и четири раскази за животот во сенката на „големиот“ Енвер, созревањето во посткомунистичката транзиција, за тегобноста на егзилот, но и надежите во „новиот“ живот, раскази исполнети со сентимент, шарм и духовитост. Албанскиот поет, романсиер и есеист Аријан Лека е роден во 1966 година. Студирал музика во родниот Драч, а албански јазик и литература во Тирана. Пишува песни, раскази, романи и литература за деца, меѓу другото на албански ги превел италијанските нобеловци Еугенио Монтале и Салваторе Квазимодо. Некои од неговите четиринаесет објавени книги и делови од неговите дела се преведени на италијански, англиски, германски, француски, романски, бугарски, српски и хрватски. Во 2004 година го основа Меѓународниот фестивал за поезија и литература ПОЕТЕКА и оттогаш е главен уредник на истоименото списание.

The post Објавена збирката раскази „Грбот на мажот“ од Аријан Лека appeared first on Република.

]]>