Грација Бакраческа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gratsija-bakracheska/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Apr 2024 19:26:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Грација Бакраческа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gratsija-bakracheska/ 32 32 Време е политиката да ја напуштат оние што нанесуваат порази и понижувања, време е за Македонија повторно твоја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vreme-e-politikata-da-ja-napushtat-onie-shto-nanesuvaat-porazi-i-ponizhuvana-vreme-e-za-makedonija-povtorno-tvoja/ Thu, 18 Apr 2024 19:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=767730

Вечерва пред граѓаните во Охрид се обратија и тројцата кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ од Охрид при што посочија дека промените се во рацете на граѓаните, време е да се работи за подобро утро на македонскиот народ и за просперитетна Македонија.

„Промените се во ваши раце! Со вашата поддршка, со вашата и наша енергија. одговорно и посветено, обединети за силна, просперитетна Македонија ќе работиме за подобро утро на македонскиот народ, за Македонија повторно да биде твоја! Охрид да го направиме уште поубаво и поквалитетно место за живеење, град во кој младите ќе ја гледаат својата иднина“, истакна Грација Бакраческа.

Бакраческа додаде дека ги очекува макотрпна работа, посветеност и чесност за да се врати надежта кај граѓаните, да се врати изгубената иднина и просперитет. Промените се во рацете на граѓаните.

„Како пратеници од Охрид, нашата работа ќе биде исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Охрид, Македонија повторно твоја! Нашите граѓани се мудри, убедена сум дека ја препознаваат работливоста и посветеноста наспроти празните ветувања кои ви ги нуди власта“, порача Бакраческа.

„Вечерашнава слика од Охрид нека биде потсетник за бројката на граѓани кои што сакаат да си бидат свои - на своето. Вечерва гледам огромен број на млади луѓе – нашата гордост и иднина! Сигурна сум дека овие млади лица не ни размислувале за политика додека растеле, но тука се затоа што ги почувствувале погубните последици од политиката на власта во сопствената држава“, укажа Лидија Петкоска.

Петкоска додаде дека во оваа земја постојат и чесни луѓе. Време е политиката да ја напуштат оние што нанесуваат порази и понижувања. Време е чесни луѓе со искрена посветеност да го преземат кормилото.

„Затоа сме денеска тука, затоа не има во толкав број, затоа што време е за Македонија горда и Македонија твоја! Промените се во твои раце“, нагласи Петкоска.

Сашо Донев порача дека оттука, од непокорен и победнички Охрид, уверува дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ искрено ќе се посвети на развојот на Македонија, на Охрид.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била и ќе биде влада која искрено го поддржува Охрид и која ќе ги реализира капиталните инвестиции, кои им беа ветени на охриѓани изминатите триесет години. За само две години несебична и макотрпна работа конечно успеавме финансиски да ја раздолжиме 30 години задолжената општина. Тоа и е одлика на ВМРО–ДПМНЕ, да работи во секој град, во секое село и населено место“, истакна Донев.

Донев појасни дека со поддршката на граѓаните ќе се создаде вистинска европска Македонија. Македонија со која ќе се гордеат сите, Македонија да биде пример за работа, за чесност и за посветеност.

The post Време е политиката да ја напуштат оние што нанесуваат порази и понижувања, време е за Македонија повторно твоја appeared first on Република.

]]>

Вечерва пред граѓаните во Охрид се обратија и тројцата кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ од Охрид при што посочија дека промените се во рацете на граѓаните, време е да се работи за подобро утро на македонскиот народ и за просперитетна Македонија.
„Промените се во ваши раце! Со вашата поддршка, со вашата и наша енергија. одговорно и посветено, обединети за силна, просперитетна Македонија ќе работиме за подобро утро на македонскиот народ, за Македонија повторно да биде твоја! Охрид да го направиме уште поубаво и поквалитетно место за живеење, град во кој младите ќе ја гледаат својата иднина“, истакна Грација Бакраческа.
Бакраческа додаде дека ги очекува макотрпна работа, посветеност и чесност за да се врати надежта кај граѓаните, да се врати изгубената иднина и просперитет. Промените се во рацете на граѓаните.
„Како пратеници од Охрид, нашата работа ќе биде исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Охрид, Македонија повторно твоја! Нашите граѓани се мудри, убедена сум дека ја препознаваат работливоста и посветеноста наспроти празните ветувања кои ви ги нуди власта“, порача Бакраческа.
„Вечерашнава слика од Охрид нека биде потсетник за бројката на граѓани кои што сакаат да си бидат свои - на своето. Вечерва гледам огромен број на млади луѓе – нашата гордост и иднина! Сигурна сум дека овие млади лица не ни размислувале за политика додека растеле, но тука се затоа што ги почувствувале погубните последици од политиката на власта во сопствената држава“, укажа Лидија Петкоска. Петкоска додаде дека во оваа земја постојат и чесни луѓе. Време е политиката да ја напуштат оние што нанесуваат порази и понижувања. Време е чесни луѓе со искрена посветеност да го преземат кормилото.
„Затоа сме денеска тука, затоа не има во толкав број, затоа што време е за Македонија горда и Македонија твоја! Промените се во твои раце“, нагласи Петкоска.
Сашо Донев порача дека оттука, од непокорен и победнички Охрид, уверува дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ искрено ќе се посвети на развојот на Македонија, на Охрид.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била и ќе биде влада која искрено го поддржува Охрид и која ќе ги реализира капиталните инвестиции, кои им беа ветени на охриѓани изминатите триесет години. За само две години несебична и макотрпна работа конечно успеавме финансиски да ја раздолжиме 30 години задолжената општина. Тоа и е одлика на ВМРО–ДПМНЕ, да работи во секој град, во секое село и населено место“, истакна Донев.
Донев појасни дека со поддршката на граѓаните ќе се создаде вистинска европска Македонија. Македонија со која ќе се гордеат сите, Македонија да биде пример за работа, за чесност и за посветеност.

The post Време е политиката да ја напуштат оние што нанесуваат порази и понижувања, време е за Македонија повторно твоја appeared first on Република.

]]>
Бакраческа: Власта да се зафати со работа, од реформи во здравството добивме само смена на министри, а никаков напредок не видовме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bakracheska-vlasta-da-se-zafati-so-rabota-od-reformi-vo-zdravstvoto-dobivme-samo-smena-na-ministri-a-nikakov-napredok-ne-vidovme/ Mon, 27 Feb 2023 18:25:57 +0000 https://republika.mk/?p=613896

Исто како и претходното составување на Владата така и при сегашниот предлогот на министрите се прави класична распределба меѓу коалиционите партнери, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Грација Бакраческа на денешната собраниска седница.

„Доколку премиерот беше вистински премиер на државата требаше да има способност да одбере луѓе со интегритет кој ќе ја водат државата во правилна насока. Сметам дека крајно време беше и парламентарното мнозинство барем еднаш да се надмине себе си и да продискутираме отворено за предложените кадри, но за жал и овој пат по не знам кој пат имаме менувања без образложение“, рече Бакраческа.

Таа посочи дека за да се стигне до ЕУ она што е најважно се вистинските луѓе да дојдат на вистински места во оваа држава
Бакраческа истакна дека на столчето од Никола Тупанчевски ќе дојде Кренар Лога и додека тој ги детектира проблемите во судството ќе му истече мандатот. Ваквата брза смена стани – седни на удобното столче не е добро решение

„За жал реалноста поврзана со здравствениот систем во Македонија не е ни малку блескава, се навикнавме на дисфунционалост и бројни неодговрени прашања. Ако некои се нафатил да води здравствени систем мора да знае да спроведува мерки на секој чекор.  Од реформи во здравството добивме само смена на министри. Тројца министри се сменија за само две години а никаков напредок не водовме“, изјави Бакраческа.

Таа додаде дека македонското здравство мора тотално да се реконструира а за тоа најодговорна е Владата заедно со сите нераализирани ветувања. Од она што го ветуваа видовме само искористувања на можноста за огромни заработки на поединци, па дури и кога тоа се плаќа за нечие здравје и живот.

„Очекувавме многу, а не добивме ништо. Очекувавме квалитетни услови за живот а добивме огромен процент на сиромаштија кај младите луѓе. Секој 4-ти млад човек се соочува со сиромшатија, а 1/3 од корисниците на социјална помош се млади. Младите мора да ни се во фокусот и сте заедно треба да работиме за задржување на младите во оваа држава, затоа што без млади државата не може да оди напред“, кажа Бакраческа.

The post Бакраческа: Власта да се зафати со работа, од реформи во здравството добивме само смена на министри, а никаков напредок не видовме appeared first on Република.

]]>

Исто како и претходното составување на Владата така и при сегашниот предлогот на министрите се прави класична распределба меѓу коалиционите партнери, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Грација Бакраческа на денешната собраниска седница.
„Доколку премиерот беше вистински премиер на државата требаше да има способност да одбере луѓе со интегритет кој ќе ја водат државата во правилна насока. Сметам дека крајно време беше и парламентарното мнозинство барем еднаш да се надмине себе си и да продискутираме отворено за предложените кадри, но за жал и овој пат по не знам кој пат имаме менувања без образложение“, рече Бакраческа.
Таа посочи дека за да се стигне до ЕУ она што е најважно се вистинските луѓе да дојдат на вистински места во оваа држава Бакраческа истакна дека на столчето од Никола Тупанчевски ќе дојде Кренар Лога и додека тој ги детектира проблемите во судството ќе му истече мандатот. Ваквата брза смена стани – седни на удобното столче не е добро решение
„За жал реалноста поврзана со здравствениот систем во Македонија не е ни малку блескава, се навикнавме на дисфунционалост и бројни неодговрени прашања. Ако некои се нафатил да води здравствени систем мора да знае да спроведува мерки на секој чекор.  Од реформи во здравството добивме само смена на министри. Тројца министри се сменија за само две години а никаков напредок не водовме“, изјави Бакраческа.
Таа додаде дека македонското здравство мора тотално да се реконструира а за тоа најодговорна е Владата заедно со сите нераализирани ветувања. Од она што го ветуваа видовме само искористувања на можноста за огромни заработки на поединци, па дури и кога тоа се плаќа за нечие здравје и живот. „Очекувавме многу, а не добивме ништо. Очекувавме квалитетни услови за живот а добивме огромен процент на сиромаштија кај младите луѓе. Секој 4-ти млад човек се соочува со сиромшатија, а 1/3 од корисниците на социјална помош се млади. Младите мора да ни се во фокусот и сте заедно треба да работиме за задржување на младите во оваа држава, затоа што без млади државата не може да оди напред“, кажа Бакраческа.