грантови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grantovi/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Aug 2023 11:01:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грантови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grantovi/ 32 32 МЗШВ: Доделени договори за грант до 300.000 денари за мали дестилерии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-dodeleni-dogovori-za-grant-do-300-000-denari-za-mali-destilerii/ Tue, 01 Aug 2023 11:01:32 +0000 https://republika.mk/?p=667579

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Љупчо Николовски и заменик министераката Вјолца Бериша, ги доделија договорите за финансиска поддршка за мали дестилерии од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци.

Малите дестилерии за прв пат во историјата добиваат финансиска поддршка во форма на грант до 300.000 денари за модернизација на производството.

На јавниот повик за поддршка на мали дестилерии, кој беше објавен во мај, аплицираа вкупно 18 баратели на финансиска поддршка. Од нив, шест баратели не ги исполниле условите, а 12 добиваат договор за грант за финансиската поддршка за набавка на опрема и ангажман на технолог за алкохолни пијалоци. 

Право на учество на јавниот повик имаа земјоделски стопанства регистрирани во ЕРЗС на МЗШВ и Електронскиот регистар во Царинската управа, како земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци или регистрирани во Електронскиот регистар во Царинската управа како мали независни производители на етилалкохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии, во согласност со Правилникот за начинот на даночење со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи.

Вкупната сума за 12-те добитници на грант е 3.494.592,00 денари кои ќе се користат за инвестиции во опрема и основни средства и услуги кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на жестоки пијалоци.

„Најголемата поволност од ваквиот договор, освен што средставта се неповратни, е тоа што корисниците ќе добијат аванасна исплата на средствата, веднаш по потпишување на договорот. А потоа во рок од 45 дена тие треба да ја набават опремата за производство на жестоки алкохолни пијалаци и/или да ангажираат стручно лице (технолог за производство на жестоки алкохолни пијалаци), согласно роковите утврдени во деловните планови и договорот. На овој начин, ние им помагаме да набават опрема без да се задолжуваат со кредити и да плаќаат камати. Напротив, со ваквата подрршка ние им помагаме да растат, да го зголемуваат производството, да станат конкурентни, а тие потоа придонесуваат да се полни буџетот на државата преку плаќање на даноците со што сме го запазиле тој партнерски однос и сме си помогнале едни на други“ изјави министерот Николовски.

Потврда за ова се и бројките кои бележат тренд на раст. Заклучно со 30.11.2022 год во регистрите на Царинска Управа се регистрирани вкупно 27 дестилерии од кои 19 во Електронскиот регистар во царинската управа како Земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци, додека  8  се регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како Мали независни производители на етил акохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии. Заклучно со 30.06.2023 год во регистрите на Царинска Управа се регистрирани вкупно 32 дестилерии од кои 24 во Електронскиот регистар во царинската управа како Земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци, додека  8  се регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како Мали независни производители на етил акохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии.

Имаме тренд на зголемување и тоа токму кај што треба во Електронскиот регистар во царинската управа како Земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци од  19 во 24.

„Искрено се надевам дека со нашата поддршка овие бројки постојано ќе растат и заедно ќе го повториме успехот на малите семејни винарии. Пред почетокот на нашата поддршка, во 2019  година имавме само 30 мали семејни винарии, а денес Македонија има 247 винарски визби од кои 165 мали семејни винарии кои пишуваат нова историја во винскиот сектор и тоа токму со нашата поддршка и визијата која ја имавме за овој сектор. Очекувам ист ваков успех и со малите дестилерии, особено затоа што нашето поднебје има традиција во производство на вино и ракија и време е тоа да биде претставено пред светот“ посочи министерот Николовски. 

Најголем број на добитниците на договори за финансиска поддршка за мали дестилерии се од Кавадарци и Неготино, а останатите се од Скопје, Охрид, Ресен Струга, Велес и Куманово.

The post МЗШВ: Доделени договори за грант до 300.000 денари за мали дестилерии appeared first on Република.

]]>

МОН доделува грантови до 500 евра за основни и средни училишта за унапредување на мултикултурализмот и толеранцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-dodeluva-grantovi-do-500-evra-za-osnovni-i-sredni-uchilishta-za-unapreduvanje-na-multikulturalizmot-i-tolerancijata/ Wed, 09 Nov 2022 10:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=571815

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување на грантови за основните и јавните средни училишта, кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Активностите кои ќе бидат поддржани со грант, може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго училиште.

Грантови се во висина до 30.000,00 денари и ќе бидат доделени на вкупно 95 училиштата, од кои 70 основни и 25 средни училишта, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми, велат од МОН.

Од МОН ги охрабруваат училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците, кои реализираат настава на различни наставни јазици.

Проектите треба да се во насока на промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.

Аплицирањето трае до 9.12.2022 година, а пријавувањето може да се направи на следниот линк Ms. Forms: https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=QSfKBfwhf06hy-c2FzfhPOEWDx3AtGNGpDA4x4JCZS5UN0gyT1BJVjVSUkJWRFI5TkE0UlpNUk8yQy4u

За аплицирање на Јавниот повик кој е поставен на MC Forms, потребно е училиштата да бидат најавени со официјалните кориснички сметки на @schools.mk.

The post МОН доделува грантови до 500 евра за основни и средни училишта за унапредување на мултикултурализмот и толеранцијата appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување на грантови за основните и јавните средни училишта, кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Активностите кои ќе бидат поддржани со грант, може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго училиште.
Грантови се во висина до 30.000,00 денари и ќе бидат доделени на вкупно 95 училиштата, од кои 70 основни и 25 средни училишта, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми, велат од МОН.
Од МОН ги охрабруваат училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците, кои реализираат настава на различни наставни јазици. Проектите треба да се во насока на промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент. Аплицирањето трае до 9.12.2022 година, а пријавувањето може да се направи на следниот линк Ms. Forms: https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=QSfKBfwhf06hy-c2FzfhPOEWDx3AtGNGpDA4x4JCZS5UN0gyT1BJVjVSUkJWRFI5TkE0UlpNUk8yQy4u За аплицирање на Јавниот повик кој е поставен на MC Forms, потребно е училиштата да бидат најавени со официјалните кориснички сметки на @schools.mk.  

The post МОН доделува грантови до 500 евра за основни и средни училишта за унапредување на мултикултурализмот и толеранцијата appeared first on Република.

]]>
Објавен повикот со над 6 милиони денари за доделување грантови на Здруженија за спроведување на иновативни иницијативи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-povikot-so-nad-6-milioni-denari-za-dodeluvanje-grantovi-na-zdruzenija-za-sproveduvanje-na-inovativni-inicijativi/ Tue, 13 Sep 2022 11:18:26 +0000 https://republika.mk/?p=550372

Со вкупна сума од 6.600.000 денари преку проектот на Швајцарската Влада „Поддршка на изборните реформи во Македонија“, Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), објавува повик за доделување грантови за иновативни иницијативи.

Предложените иновативни иницијативи треба да идентификуваат проблем во заедницата за кој било ветено решавање или, пак, решение за кое било ветено остварување (во изборната програма) од страна на локалната власт и/или е вклучено во тековната програма на локалната самоуправа, и да ја мобилизира заедницата да ги потсети локалните власти на нивните дадени ветувања. Тие треба да се фокусирани на локални прашања чие решавање е во надлежност на локалната власт. Сите заинтересирани за повикот ги покануваме на онлајн информативна сесија која ќе се одржи на 14-ти септември од 12:00 часот.“ - велат од ИФЕС и МЦМС.

Апликации формално можат да поднесат граѓански организации, а барањето за еден грант треба да изнесува најмногу 300.000 денари. Апликантите на овој повик треба да имаат предвид дека ќе се сметаат за подобни доколку испратат само една апликација најдоцна до 30 септември. 

До сега реализирани се различни иницијативи од сите региони во земјава, една од нив е на мобилизаторката Деспина Ковачевска, насловена како ,,Имаме вакво нешто” преку која ја потсетува центрaлната власт за ветената реставрација на скопскиот аквадукт. 

Во рамки на иницијативата беше одржана тура на Скопскиот аквадукт со археологот Оливер Бојаџиев, додека нашиот познат уметник Матеј Богдановски изработи стрип за деца. Истиот беше промовиран на работилници во училиштата за да може и најмалите да се запознаат со нашето културно богатство, но и да се зајакне нивната свесност за  барање на отчет од избраните политичари за ветеното и сработеното . Властите беа отворени да дадат информации за реставрацијата и беше донесен закон кој го става аквадуктот како културно наследство од особено значење. На младите би им порачала да го пронајдат она за кое мислат дека треба да се промени и преку своите иницијативи гласно да го кажат. – истакна Ковачевска. 

Иницијативата на мобилизаторот Ардонит Исмаили именувана како „Шара - Нашиот природен дом“ ја постигна целта да се подигне свеста кај граѓаните и осознае важноста на ова природно богатство како и за важноста на институционалните механизми за зачувување на истото. 

Горд сум на иницијативата бидејќи од локалната заедница детално ги запознавме со важноста и придобивките од националните паркови, како и за можноста за економскиот развој преку туризмот. Постигнавме конкретни и практични резултати кои ќе ѝ помогнат на заедницата да имаат појасна слика за Шара но и продолжат со нивните напори за барање на отчет на избраните народни претставници за зачувување на Шара. Искуството стекнато како мобилизатор на заедницата е можност која ретко може да се најде кај нас, затоа ве повикувам да се пријавите за да стекнете одлично искуство, додаде тој.

„Поддршка на изборните реформи“ е проект на Швајцарската Влада, кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Проектот цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите, кои се одблизу набљудувани од граѓаните.

The post Објавен повикот со над 6 милиони денари за доделување грантови на Здруженија за спроведување на иновативни иницијативи appeared first on Република.

Бектеши и директорот Мурати доделија грантови за самовработување во Тетово: Младите кои имаат различни идеи и креативност треба да ги искористат мерките за самовработување https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-i-direktorot-murati-dodelija-grantovi-za-samovrabotuvanje-vo-tetovo-mladite-koi-imaat-razlichni-idei-i-kreativnost-treba-da-gi-iskoristat-merkite-za-samovrabotuvanje/ Mon, 04 Jul 2022 11:15:42 +0000 https://republika.mk/?p=523556

Младите кои имаат различни идеи и креативност треба да ги искористат мерките за самовработување и во рамките на бизнис плановите што ќе ги состават да започнат сопствен бизнис, добивајќи субвенција од 5.000 евра до 10.000 евра„ изјави министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференцијата заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Беким Мурати по повод доделувањето на договорите на дел од одобрените апликанти во регионот на Тетово кои ќе добијат грантови во рамките на Оперативниот план за вработување во рамки на мерките „Субвенционирање на плати“ и „Вработување и раст на правни субјекти“.

Секогаш го поддржуваме отворањето нови работни места, особено за работни места кои се подобро платени, а секако ги поддржуваме и оние кои се во моментот невработени да имаат дополнителни можности преку користење на мерење на истите да имаат и работа” изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерот Бектеши истакна и дека интеграцијата на земјата во Европската унија е многу важна. Додавајќи дека со почетокот на преговорите со ЕУ, 60% од финансирањето ќе се додадат на поглавјето за претприемништво, вработување и зголемување на конкуренцијата.

“Оперативниот план вклучува околу 37 милиони евра, секако овие иницијативи се важни за интеграцијата на земјата во Европската унија. Што се однесува до поглавјето за претприемништво, вработување и зголемување на конкурентноста, со отворањето на преговорите за членство во Европската унија, 60% од финансирањето ќе се додадат на Оперативниот план. Минатата година корист од овие мерки имаа 12.000 граѓани, додека годинава се предвидува бенефит да имаат 15.000 граѓани, а во иднина оваа бројка уште повеќе ќе се зголеми со користење на средствата на Европската Унија” кажа министерот  Бектеши.

Директорот на Агенцијата за вработување, Мурати посочи дека интересот за овие мерки е се поголем и дека Агенцијата ќе се потруди согласно Оперативниот план да обезбеди повеќе средства за невработени лица.

„Нашата интенција е 15 илјади невработени да бидат вклучени во сите овие активни мерки кои ги нуди Агенцијата за вработување. Ние не застануваме тука, нашата интенција е наредната 2023 година со тој Оперативен план да бидат вклучени повеќе од 20 илјади“ кажа директорот.

The post Бектеши и директорот Мурати доделија грантови за самовработување во Тетово: Младите кои имаат различни идеи и креативност треба да ги искористат мерките за самовработување appeared first on Република.

]]>

Младите кои имаат различни идеи и креативност треба да ги искористат мерките за самовработување и во рамките на бизнис плановите што ќе ги состават да започнат сопствен бизнис, добивајќи субвенција од 5.000 евра до 10.000 евра„ изјави министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференцијата заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Беким Мурати по повод доделувањето на договорите на дел од одобрените апликанти во регионот на Тетово кои ќе добијат грантови во рамките на Оперативниот план за вработување во рамки на мерките „Субвенционирање на плати“ и „Вработување и раст на правни субјекти“. Секогаш го поддржуваме отворањето нови работни места, особено за работни места кои се подобро платени, а секако ги поддржуваме и оние кои се во моментот невработени да имаат дополнителни можности преку користење на мерење на истите да имаат и работа” изјави министерот за економија Крешник Бектеши. Министерот Бектеши истакна и дека интеграцијата на земјата во Европската унија е многу важна. Додавајќи дека со почетокот на преговорите со ЕУ, 60% од финансирањето ќе се додадат на поглавјето за претприемништво, вработување и зголемување на конкуренцијата. “Оперативниот план вклучува околу 37 милиони евра, секако овие иницијативи се важни за интеграцијата на земјата во Европската унија. Што се однесува до поглавјето за претприемништво, вработување и зголемување на конкурентноста, со отворањето на преговорите за членство во Европската унија, 60% од финансирањето ќе се додадат на Оперативниот план. Минатата година корист од овие мерки имаа 12.000 граѓани, додека годинава се предвидува бенефит да имаат 15.000 граѓани, а во иднина оваа бројка уште повеќе ќе се зголеми со користење на средствата на Европската Унија” кажа министерот  Бектеши. Директорот на Агенцијата за вработување, Мурати посочи дека интересот за овие мерки е се поголем и дека Агенцијата ќе се потруди согласно Оперативниот план да обезбеди повеќе средства за невработени лица. „Нашата интенција е 15 илјади невработени да бидат вклучени во сите овие активни мерки кои ги нуди Агенцијата за вработување. Ние не застануваме тука, нашата интенција е наредната 2023 година со тој Оперативен план да бидат вклучени повеќе од 20 илјади“ кажа директорот.    

The post Бектеши и директорот Мурати доделија грантови за самовработување во Тетово: Младите кои имаат различни идеи и креативност треба да ги искористат мерките за самовработување appeared first on Република.

]]>
Вработен во АЕК имал трговско друштво кое преку Фонд за иновации добил грант во висина од 30 илјади евра, ДКСК отвори предмет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vraboten-vo-aek-imal-trgovsko-drushtvo-koe-preku-fond-za-inovacii-dobil-grant-vo-visina-od-30-iljadi-evra-dksk-otvori-predmet/ Thu, 21 Apr 2022 13:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=491833

По доставена анонимна пријава до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), оформен е предмет за постоење незаконитост при доделување средства на грант на трговско друштво „ИНТЕЛИГЕНТА ДОО Скопје“, чиј основач е член на Комисијата за електронски комуникации при Агенцијата за електронски комуникации.

На денешната седница на ДКСК, овој случај беше разгледан при што беше истакнато дека бил доделен гранд од 30 илјади евра во денарска противвредност. Заради проверка на изнесените наводи во пријава и утврдување на целосната фактичка состојба во предметниот случај, ДКСК побарале информации и податоци од АЕК, Фондот за иновации и технолошки развој, извршен е увид во тековната состојба и историјатот на промени за посоченото трговско друштво во регистарот.

– По разгледување на добиените информации и податоци како и на целокупната релевантна документација, ја утврдивме следнава фактичка состојба, друштвото за наука и инженерство „ИНТЕЛИГЕНТА ДОО“ Скопје е основано на 3.12.2018 година, еден од основачите е Горан Велинов од Скопје. Горан Велинов е член на Комисијата за електронски комуникации при АЕК, во два мандата од 15.06.2009 до 15.12.2014 година и во период од 16.02.2015 до 16.08.2020 година. Во текот на вториот мандат на лицето, трговското друштво, чиј сопственик е истото лице на 06.06.2019 склучил договор со ФИТР, а за доделување средства преку инструментот за поддршка кофинансирани грантови и новоосновани друштво – стартап со кој му се одобрени финансиски средства во форма на кофинансиран гранд во износ од 30.000 евра во денарска противвредност, истакна Нури Бајрами, член на ДКСК.

Од утврдената фактичка состојба, на 47-та седница на ДКСК одржана на 31.03.2021 година констатирано е дека е доделен гранд на посоченото друштво, што е спротивно на членот 52 од Законот за спречување корупција и судир на интереси и истото е казниво.

Поради непостапување на сторителите на прекршокот во издадениот прекршочен платен налог, ДКСК против посоченото правно лице и физичкото лице на 18.05.2021 поднесе барање за поведување прекршочна постапка, но до надлежниот орган Прекршочна комисија на ДКСК, а воедно побара и иницираше спроведување надзор од МОН, како и надзор од Државниот завод за ревизија на финансиското работење на ФИТР од делот на средствата од буџетот, посочи Бајрами.

По поднесеното барање за поведување на прекршочна постапка, Прекршочната комисија при ДКСК спровела соодветна постапка така што донела решение со кое сторителот Горан Велинов, сопственик на правното друштво е огласен за одговорен за сторен прекршок при што изречена му е прекршочна санкција во износ од 500 евра во денарска вредност. Донесено е и решение со кое сторителот, односно правното лице е огласено за сторен прекршок согласно законот при што изречена е глоба во износ од 1000 евра во денарска противвредност.

ДКСК по разгледување на сите горенаведени факти констатира дека нема елементи за понатамошно постапување по предметот, при што одлучи дека по конечниот исход ќе издејствува самата Прекршочна комисија при ДКСК.

The post Вработен во АЕК имал трговско друштво кое преку Фонд за иновации добил грант во висина од 30 илјади евра, ДКСК отвори предмет appeared first on Република.

]]>

По доставена анонимна пријава до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), оформен е предмет за постоење незаконитост при доделување средства на грант на трговско друштво „ИНТЕЛИГЕНТА ДОО Скопје“, чиј основач е член на Комисијата за електронски комуникации при Агенцијата за електронски комуникации. На денешната седница на ДКСК, овој случај беше разгледан при што беше истакнато дека бил доделен гранд од 30 илјади евра во денарска противвредност. Заради проверка на изнесените наводи во пријава и утврдување на целосната фактичка состојба во предметниот случај, ДКСК побарале информации и податоци од АЕК, Фондот за иновации и технолошки развој, извршен е увид во тековната состојба и историјатот на промени за посоченото трговско друштво во регистарот.
– По разгледување на добиените информации и податоци како и на целокупната релевантна документација, ја утврдивме следнава фактичка состојба, друштвото за наука и инженерство „ИНТЕЛИГЕНТА ДОО“ Скопје е основано на 3.12.2018 година, еден од основачите е Горан Велинов од Скопје. Горан Велинов е член на Комисијата за електронски комуникации при АЕК, во два мандата од 15.06.2009 до 15.12.2014 година и во период од 16.02.2015 до 16.08.2020 година. Во текот на вториот мандат на лицето, трговското друштво, чиј сопственик е истото лице на 06.06.2019 склучил договор со ФИТР, а за доделување средства преку инструментот за поддршка кофинансирани грантови и новоосновани друштво – стартап со кој му се одобрени финансиски средства во форма на кофинансиран гранд во износ од 30.000 евра во денарска противвредност, истакна Нури Бајрами, член на ДКСК.
Од утврдената фактичка состојба, на 47-та седница на ДКСК одржана на 31.03.2021 година констатирано е дека е доделен гранд на посоченото друштво, што е спротивно на членот 52 од Законот за спречување корупција и судир на интереси и истото е казниво.
Поради непостапување на сторителите на прекршокот во издадениот прекршочен платен налог, ДКСК против посоченото правно лице и физичкото лице на 18.05.2021 поднесе барање за поведување прекршочна постапка, но до надлежниот орган Прекршочна комисија на ДКСК, а воедно побара и иницираше спроведување надзор од МОН, како и надзор од Државниот завод за ревизија на финансиското работење на ФИТР од делот на средствата од буџетот, посочи Бајрами.
По поднесеното барање за поведување на прекршочна постапка, Прекршочната комисија при ДКСК спровела соодветна постапка така што донела решение со кое сторителот Горан Велинов, сопственик на правното друштво е огласен за одговорен за сторен прекршок при што изречена му е прекршочна санкција во износ од 500 евра во денарска вредност. Донесено е и решение со кое сторителот, односно правното лице е огласено за сторен прекршок согласно законот при што изречена е глоба во износ од 1000 евра во денарска противвредност. ДКСК по разгледување на сите горенаведени факти констатира дека нема елементи за понатамошно постапување по предметот, при што одлучи дека по конечниот исход ќе издејствува самата Прекршочна комисија при ДКСК.