грант Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grant/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Jan 2023 10:42:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грант Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grant/ 32 32 Шаќири: Со европски грант 25 училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-so-evropski-grant-25-uchilishta-ke-dobijat-solarni-fotovoltaichni-sistemi/ Wed, 11 Jan 2023 10:42:16 +0000 https://republika.mk/?p=595744

Министерството за образование и наука ќе ја подобрува енергетската ефикасност на основните и средните училиштата со инсталирање на соларни фотоволтаични системи. Проектот ќе се реализира со грант од 1,1 милион евра обезбеден од Банката за развој на Советот на Европа.

Ги реализираме заложбите за подобри услови за учење како и создавање здрава животна средина. Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, ни овозможи да инвестираме во енергетска ефикасност на најмалку 25 училишта. Ефектот е двоен – правиме замена на енергија базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија и истовремено имаме заштеди кај сметките за енергија. Овие средства ќе се реинвестираат во подобрување на условите во училиштата - изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири по одобрувањето на грантот.

Училиштата опфатени со новиот проект, претходно беа реконструирани со заем од Банката за развој при Советот на Европа.

Подигнувањето на свеста за енергетските прашања и климатските промени кај учениците е еден од приоритетите на Министерството за образование и наука. Препознавањето на потребите за зелена транзиција е интегрирано во образовниот систем. Обука за интегрирање на образованието за животната средина и климатските промени во наставните програми следеа 121 наставник. Целта е во текот на образовниот процес учениците да развијат компетенции, да стекнат знаења, вештини и ставови неопходни за заштита на животната средина и транзицијата кон поправедна и позелена економија и општество.

The post Шаќири: Со европски грант 25 училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука ќе ја подобрува енергетската ефикасност на основните и средните училиштата со инсталирање на соларни фотоволтаични системи. Проектот ќе се реализира со грант од 1,1 милион евра обезбеден од Банката за развој на Советот на Европа.
Ги реализираме заложбите за подобри услови за учење како и создавање здрава животна средина. Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, ни овозможи да инвестираме во енергетска ефикасност на најмалку 25 училишта. Ефектот е двоен – правиме замена на енергија базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија и истовремено имаме заштеди кај сметките за енергија. Овие средства ќе се реинвестираат во подобрување на условите во училиштата - изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири по одобрувањето на грантот.
Училиштата опфатени со новиот проект, претходно беа реконструирани со заем од Банката за развој при Советот на Европа. Подигнувањето на свеста за енергетските прашања и климатските промени кај учениците е еден од приоритетите на Министерството за образование и наука. Препознавањето на потребите за зелена транзиција е интегрирано во образовниот систем. Обука за интегрирање на образованието за животната средина и климатските промени во наставните програми следеа 121 наставник. Целта е во текот на образовниот процес учениците да развијат компетенции, да стекнат знаења, вештини и ставови неопходни за заштита на животната средина и транзицијата кон поправедна и позелена економија и општество.

The post Шаќири: Со европски грант 25 училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи appeared first on Република.

]]>
Втор јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vtor-javen-povik-za-dodeluvanje-grantovi-za-razvoj-na-socijalnite-uslugi-na-lokalno-nivo/ Fri, 08 Jul 2022 07:19:42 +0000 https://republika.mk/?p=525726

Вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво ќе биде презентиран денеска во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.

Повикот е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка.

Пред претставниците на општините, невладините и граѓанските организации и други засегнати страни од Скопскиот плански регион ќе бидат презентирани роковите и постапката за идно аплицирање за грантовите.

За да се поттикне интересот на општините од регионот да се пријават на повикот, ќе бидат претставени и бенефитите што ги нуди Проектот за развој на социјалните услуги во локалните заедници.

The post Втор јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво appeared first on Република.

]]>

Вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво ќе биде презентиран денеска во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. Повикот е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. Пред претставниците на општините, невладините и граѓанските организации и други засегнати страни од Скопскиот плански регион ќе бидат презентирани роковите и постапката за идно аплицирање за грантовите. За да се поттикне интересот на општините од регионот да се пријават на повикот, ќе бидат претставени и бенефитите што ги нуди Проектот за развој на социјалните услуги во локалните заедници.

The post Втор јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво appeared first on Република.

]]>
Грант од ЕУ од 2,1 милиони евра за 20 музички сали во Европа, меѓу кои и МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/grant-od-eu-od-2-1-milioni-evra-za-20-muzichki-sali-vo-evropa-megju-koi-i-mkc/ Wed, 15 Jun 2022 14:18:11 +0000 https://republika.mk/?p=515611

Доделен е грант од 2,1 милиони евра за Ancienne Belguque и 19 други Liveurope музички сали, меѓу кои е и Младинскиот културен центар Скопје, соопшти МКЦ.

Средствата ќе бидат искористени за поддршка на млади европски музички изведувачи преку Liveurope мрежата. Грантот ќе ѝ овозможи на Liveurope да продолжи со зајакнување на циркулацијата на нови европски таленти во следните три години. Од 2014 година, поддржани се преку 2900 концерти на млади европски изведувачи. Со зголемен буџет и додавање на пет нови концертни сали, Liveurope ќе игра суштинска улога во музичкиот сектор со тековно закрепнување по ковид-пандемијата, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека МКЦ Скопје е единствената концертна сала што не е дел од Европската Унија, и е полноправен член од 2022 година.

Со помош на Liveurope-механизмите веќе дел од македонските нови изведувачи почнаа да „циркулираат“ во Liveurope-мрежата. Дина Јашари забележи настапи во Мочвара (Загреб) и А38 (Будимпешта), а веќе во јули има закажано настап во Кино Шишка (Љубљана). Скопскиот бенд „21 век“ исто така настапи во Загреб, Љубљана и Будимпешта, а за 17 јуни свој настап во А38 (Будимпешта) ќе забележи и постпанк/емокор-квартетот YOU, кои ќе имаат настап заедно со легендарните BLACK LIPS, наведува МКЦ.

Основана во 2014 година од AB со финансирање од Европската Унија, Liveurope поддржува врвни концертни сали низ континентот за да поттикне повеќе перспективни европски уметници. Преку прогресивен механизам за бонус, платформата дистрибуира грантови на своите членови пропорционално на бројот на млади европски уметници што се селектирани во програмата на членовите на Liveurope.

Liveurope го покажува патот напред во прекуграничната циркулација на новите таленти во Европа. Ја истакнува моќта на концертните места како средства за промовирање на додадената вредност на Европа во животите на луѓето. Се надеваме дека ќе можеме да ја отвориме платформата за уште повеќе концертни сали во иднина за да продолжиме да го засилуваме нашето влијание, вели Том Бонте, генерален директор на Ancienne Belgique, се додава во соопштението на МКЦ.

The post Грант од ЕУ од 2,1 милиони евра за 20 музички сали во Европа, меѓу кои и МКЦ appeared first on Република.

ДКСК откри нов скандал: Вработен во АЕК незаконски добил грант, предметот е оформен по анонимна пријава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-otkri-nov-skandal-vraboten-vo-aek-nezakonski-dobil-grant-predmetot-e-oformen-po-anonimna-prijava/ Thu, 21 Apr 2022 13:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=491835

По доставена анонимна пријава до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), оформен е предмет за постоење незаконитост при доделување средства на грант на трговско друштво „ИНТЕЛИГЕНТА ДОО Скопје“, чиј основач е член на Комисијата за електронски комуникации при Агенцијата за електронски комуникации.

На денешната седница на ДКСК, овој случај беше разгледан при што беше истакнато дека бил доделен грант од 30 илјади евра во денарска противвредност. Заради проверка на изнесените наводи во пријава и утврдување на целосната фактичка состојба во предметниот случај, ДКСК побарале информации и податоци од АЕК, Фондот за иновации и технолошки развој, извршен е увид во тековната состојба и историјатот на промени за посоченото трговско друштво во регистарот.

По разгледување на добиените информации и податоци како и на целокупната релевантна документација, ја утврдивме следнава фактичка состојба, друштвото за наука и инженерство „ИНТЕЛИГЕНТА ДОО“ Скопје е основано на 3.12.2018 година, еден од основачите е Горан Велинов од Скопје. Горан Велинов е член на Комисијата за електронски комуникации при АЕК, во два мандата од 15.06.2009 до 15.12.2014 година и во период од 16.02.2015 до 16.08.2020 година. Во текот на вториот мандат на лицето, трговското друштво, чиј сопственик е истото лице на 06.06.2019 склучил договор со ФИТР, а за доделување средства преку инструментот за поддршка кофинансирани грантови и новоосновани друштво – стартап со кој му се одобрени финансиски средства во форма на кофинансиран гранд во износ од 30.000 евра во денарска противвредност – истакна Нури Бајрами, член на ДКСК.

The post ДКСК откри нов скандал: Вработен во АЕК незаконски добил грант, предметот е оформен по анонимна пријава appeared first on Република.

]]>

По доставена анонимна пријава до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), оформен е предмет за постоење незаконитост при доделување средства на грант на трговско друштво „ИНТЕЛИГЕНТА ДОО Скопје“, чиј основач е член на Комисијата за електронски комуникации при Агенцијата за електронски комуникации. На денешната седница на ДКСК, овој случај беше разгледан при што беше истакнато дека бил доделен грант од 30 илјади евра во денарска противвредност. Заради проверка на изнесените наводи во пријава и утврдување на целосната фактичка состојба во предметниот случај, ДКСК побарале информации и податоци од АЕК, Фондот за иновации и технолошки развој, извршен е увид во тековната состојба и историјатот на промени за посоченото трговско друштво во регистарот.
По разгледување на добиените информации и податоци како и на целокупната релевантна документација, ја утврдивме следнава фактичка состојба, друштвото за наука и инженерство „ИНТЕЛИГЕНТА ДОО“ Скопје е основано на 3.12.2018 година, еден од основачите е Горан Велинов од Скопје. Горан Велинов е член на Комисијата за електронски комуникации при АЕК, во два мандата од 15.06.2009 до 15.12.2014 година и во период од 16.02.2015 до 16.08.2020 година. Во текот на вториот мандат на лицето, трговското друштво, чиј сопственик е истото лице на 06.06.2019 склучил договор со ФИТР, а за доделување средства преку инструментот за поддршка кофинансирани грантови и новоосновани друштво – стартап со кој му се одобрени финансиски средства во форма на кофинансиран гранд во износ од 30.000 евра во денарска противвредност – истакна Нури Бајрами, член на ДКСК.

The post ДКСК откри нов скандал: Вработен во АЕК незаконски добил грант, предметот е оформен по анонимна пријава appeared first on Република.

]]>
Младинската заедница од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид доби грант за спроведување на нивната иницијатива – културата меѓу младите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mladinskata-zaednica-od-osu-sv-kliment-ohridski-od-ohrid-dobi-grant-za-sproveduvanje-na-nivnata-inicijativa-kulturata-megju-mladite/ Mon, 04 Apr 2022 07:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=482922

Младинската заедница од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид е прогласена за една од трите најгласни  во земјава и доби грант од 10 000 денари за спроведување на нивната иницијатива - културата меѓу младите.

Од 29 до 31 март во Велес,  Наталија Танеска, Димитар Назифовски и Љубица Јованоска од Младинската заедница, под менторство на педагогот Кристина Танеска, беа дел од натпреварот  „НајГЛАСНИ!“ организиран од Фондација Конрад Аденауер и LEAD (Лидери за едукација, активизам и развој). Во конкуренција од уште шест Младински заедници од Радовиш, Скопје, Прилеп, Велес и Крива Паланка тимот од Охрид ја претстави работата на својата заедница и иницијативата за одржување на манифестацијата „МАНИКУЛТ“ планирана за мај, годинава.

Се чувствувам исполнето и задоволно како ментор на исклучително амбициозни, активни, талентирани и мотивирани ученици со цел да направат некоја позитивна промена која ќе придонесе за доброто на сите во нашето училиште. Желбата и мотивот кај учениците да се активира младинската заедница беше резултат на затвореноста и изолираноста на учениците во време на Ковид пандемијата и онлајн учењето со што беше оневозможено нивното меѓусебно дружење. Воедно, од големо значење за нивниот социјален и интелектуален развој се активностите и настаните од  културно-забавен и едукативен карактер, кои за жал  како воннаставни активности, многу ретко се одржуваа. Поради оваа причина, сегашната генерација на средношколци, пројави интерес кај голем број иницијативи со кои овозможивме вклучување на младите во одредени активности од различен карактер, вели Кристина Танеска, педагог во охридската гимназија.

Младинската заедница во гимназијата беше обновена пред околу четири месеци како желба на најголем дел од средношколците за проактивност и можност да си ги покажат своите способности надвор од училишните клупи.

Претставниците на тридневниот настан,  кои го посетија и Собранието на Република Македонија, се здобија со многу нови искуства  кои ќе им помогнат да ја развијат младинската иницијативност во училиштето. Димитар Назифовски, претседател на Младинската заедница, вели:

Во ова невреме во кое монотоното образование преовладува, овој настан ни претставуваше едно многу корисно и одлично искуство реализирано во различна насока од самата формална едукација. Споделувањето на практики, начинот на функционирање и самите активности кои другите младински ги имаат ни овозможија да размислуваме во повеќе правци, да ги прошириме нашите видици и да ја зголемиме амбициозноста за нешто повеќе.

Слично размислува и ученичката Наталија Танеска, која беше дел од тимот:

Овој настан ми беше позитивно искуство,  овозможи да имам посебна перспектива кон ваквите настани како и за тоа како е да се прави нешто ново и предизвикувачко. Не само што ми овозможи да се надоградам себеси, туку и да стекнам нови познанства, да слушнам различни мислења и конструктивни критики.

Натпреварот заврши и во рамките на календарот на активности е вметната и наградената инцијатива.

Од самиот почеток па до денес, раководството на Младинската заедница  вешто се обидува да ги лоцира проблемите и недостатоците кај средношколците. Надвор од забавата и неформалната едукација, она што навистина не' засега е недостатокот на културниот дух кај младите. Токму поради тоа, добиениот паричен фонд ќе го искористиме за одржување на нашиот  еднодневен настан „Маникулт" преку кој Охрид ќе слушне за квалитетите на гимназијалците и  уште еднаш ќе се докаже дека нашите средношколци умеат да иницираат, креираат и организираат. Вклучувањата во проекти налик на овој и очекуваната поддршката од младите активисти и возрасни од  Охрид, ќе се мотив плус да продолжиме со остварување на нашите цел, објаснува Љубица Јованоска, координатор на делот за промоција во наградениот тим.

The post Младинската заедница од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид доби грант за спроведување на нивната иницијатива – културата меѓу младите appeared first on Република.

]]>

Младинската заедница од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид е прогласена за една од трите најгласни  во земјава и доби грант од 10 000 денари за спроведување на нивната иницијатива - културата меѓу младите. Од 29 до 31 март во Велес,  Наталија Танеска, Димитар Назифовски и Љубица Јованоска од Младинската заедница, под менторство на педагогот Кристина Танеска, беа дел од натпреварот  „НајГЛАСНИ!“ организиран од Фондација Конрад Аденауер и LEAD (Лидери за едукација, активизам и развој). Во конкуренција од уште шест Младински заедници од Радовиш, Скопје, Прилеп, Велес и Крива Паланка тимот од Охрид ја претстави работата на својата заедница и иницијативата за одржување на манифестацијата „МАНИКУЛТ“ планирана за мај, годинава.
Се чувствувам исполнето и задоволно како ментор на исклучително амбициозни, активни, талентирани и мотивирани ученици со цел да направат некоја позитивна промена која ќе придонесе за доброто на сите во нашето училиште. Желбата и мотивот кај учениците да се активира младинската заедница беше резултат на затвореноста и изолираноста на учениците во време на Ковид пандемијата и онлајн учењето со што беше оневозможено нивното меѓусебно дружење. Воедно, од големо значење за нивниот социјален и интелектуален развој се активностите и настаните од  културно-забавен и едукативен карактер, кои за жал  како воннаставни активности, многу ретко се одржуваа. Поради оваа причина, сегашната генерација на средношколци, пројави интерес кај голем број иницијативи со кои овозможивме вклучување на младите во одредени активности од различен карактер, вели Кристина Танеска, педагог во охридската гимназија.
Младинската заедница во гимназијата беше обновена пред околу четири месеци како желба на најголем дел од средношколците за проактивност и можност да си ги покажат своите способности надвор од училишните клупи. Претставниците на тридневниот настан,  кои го посетија и Собранието на Република Македонија, се здобија со многу нови искуства  кои ќе им помогнат да ја развијат младинската иницијативност во училиштето. Димитар Назифовски, претседател на Младинската заедница, вели:
Во ова невреме во кое монотоното образование преовладува, овој настан ни претставуваше едно многу корисно и одлично искуство реализирано во различна насока од самата формална едукација. Споделувањето на практики, начинот на функционирање и самите активности кои другите младински ги имаат ни овозможија да размислуваме во повеќе правци, да ги прошириме нашите видици и да ја зголемиме амбициозноста за нешто повеќе.
Слично размислува и ученичката Наталија Танеска, која беше дел од тимот:
Овој настан ми беше позитивно искуство,  овозможи да имам посебна перспектива кон ваквите настани како и за тоа како е да се прави нешто ново и предизвикувачко. Не само што ми овозможи да се надоградам себеси, туку и да стекнам нови познанства, да слушнам различни мислења и конструктивни критики.
Натпреварот заврши и во рамките на календарот на активности е вметната и наградената инцијатива.
Од самиот почеток па до денес, раководството на Младинската заедница  вешто се обидува да ги лоцира проблемите и недостатоците кај средношколците. Надвор од забавата и неформалната едукација, она што навистина не' засега е недостатокот на културниот дух кај младите. Токму поради тоа, добиениот паричен фонд ќе го искористиме за одржување на нашиот  еднодневен настан „Маникулт" преку кој Охрид ќе слушне за квалитетите на гимназијалците и  уште еднаш ќе се докаже дека нашите средношколци умеат да иницираат, креираат и организираат. Вклучувањата во проекти налик на овој и очекуваната поддршката од младите активисти и возрасни од  Охрид, ќе се мотив плус да продолжиме со остварување на нашите цел, објаснува Љубица Јованоска, координатор на делот за промоција во наградениот тим.
 
The post Младинската заедница од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид доби грант за спроведување на нивната иницијатива – културата меѓу младите appeared first on Република.

]]>
Со грант од филантропска организација од САД ќе се конзервира Теодосијанската палата во Стоби https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-grant-od-filantropska-organizacija-od-sad-kje-se-konzervira-teodosijanskata-palata-vo-stobi/ Fri, 18 Mar 2022 14:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=475071

Со грант од филантропска организација од САД „Џ. М. Каплан Фонд“ од 300.000 американски долари ќе се конзервира Теодосијанската палата во археолошкиот локалитет Стоби.

Со директорот Спасе Перовски разговаравме и за реализација на проектите во Годишната програма за кои годинава Стоби е поддржан со 9.4 милиони денари.

Покрај тоа, на локалитетот продолжуваат и другите меѓународни проекти меѓу кои е и грантот во рамки на ИПА-програмата за меѓугранична соработка со Килкис од Република Грција, и проектот за унапредување на туристичкото искуство, преку грант на Европската Комисија, со шест други институции од регионот.

„Стоби“ е установа која е насочена кон модерните технологии во презентација на културното наследство за што сведочи атрактивноста на првата виртуелна апликација на Blink 42-21 / Блинк 42-21 , која овозможува виртуелно доживување на гладијаторските перформанси кои се одвивале на овој локалитет.

The post Со грант од филантропска организација од САД ќе се конзервира Теодосијанската палата во Стоби appeared first on Република.