граничнен премин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/granichnen-premin/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Oct 2023 08:11:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png граничнен премин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/granichnen-premin/ 32 32 По речиси еден месец, утрово отворен граничниот премин меѓу Косово и Србија кај Јариње https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-rechisi-eden-mesets-utrovo-otvoren-granichniot-premin-megu-kosovo-i-srbija-kaj-jarine/ Wed, 18 Oct 2023 08:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=692391

Граничниот премин меѓу Косово и Србија во Јариње е целосно отворен за сообраќај утрово, речиси еден месец откако беше затворен, јави дописникот на МИА од Приштина.

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека овој граничен премин е целосно отворен за влез и излез од Косово претпладнево во 08:30 часот.

Граничниот премин во Јариње, како и оној во Берњак – кои се наоѓаат на косовскиот север, населен со мнозинство Срби - беа затворени од косовските власти на 24 септември, по вооружениот напад на српска група врз косовската полиција, во кој загина еден полицаец и тројца од напаѓачите. Овој напад косовските власти го окарактеризираа како терористички и го обвинија официјален Белград за неговата подготовка и реализација.

Берњак веќе беше отворен за влез/излез на 4 октомври, додека Јариња беше блокиран за влез во Косово, а беше отворен само за излез.

The post По речиси еден месец, утрово отворен граничниот премин меѓу Косово и Србија кај Јариње appeared first on Република.

]]>

Граничниот премин меѓу Косово и Србија во Јариње е целосно отворен за сообраќај утрово, речиси еден месец откако беше затворен, јави дописникот на МИА од Приштина. Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека овој граничен премин е целосно отворен за влез и излез од Косово претпладнево во 08:30 часот. Граничниот премин во Јариње, како и оној во Берњак – кои се наоѓаат на косовскиот север, населен со мнозинство Срби - беа затворени од косовските власти на 24 септември, по вооружениот напад на српска група врз косовската полиција, во кој загина еден полицаец и тројца од напаѓачите. Овој напад косовските власти го окарактеризираа како терористички и го обвинија официјален Белград за неговата подготовка и реализација. Берњак веќе беше отворен за влез/излез на 4 октомври, додека Јариња беше блокиран за влез во Косово, а беше отворен само за излез.

The post По речиси еден месец, утрово отворен граничниот премин меѓу Косово и Србија кај Јариње appeared first on Република.

]]>