гранична полиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/granichna-policija/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 08:32:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гранична полиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/granichna-policija/ 32 32 Во 21 век со 49 души да покриваш 39 километри граница со физичко трчање, за мене е надвор од умот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-21-vek-so-49-dushi-da-pokrivash-39-kilometri-granitsa-so-fizichko-trchane-za-mene-e-nadvor-od-umot/ Thu, 04 Jul 2024 08:32:58 +0000 https://republika.mk/?p=793315

Зборувајќи за контролата на границата со Грција и сè почестите илегални преминувања преминувања, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека треба да се направи интегриран систем преку кој со помош на термални камери ќе има контрола на границите.

Во 21 век со 49 души да покриваш 39 километри граница физички, со физичко трчање, за мене е надвор од умот. Кога може да поставиме термални камери, дронови, дури и хеликоптери да употребиме. Кога сето ова би било интегриран систем на управување, неважно каде би бил лоциран, каде што би работел во три смени, каде во основа на овие камери и дронови би се детектирал секој еден периметар, од конкретни позиции во рамки на постоечките бидат лоцирани мобилни екипи со нови возила, обучени кадри во соработка со Фронтекс би делувале на јужната граница, но и на другите граници, би можеле од внатрешноста да делуваме длабински, е тогаш ќе може да збориме за конторлирана граница, и дека имаме контрола и дека ја имаме фактичката состојба, изјави Тошковски во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

The post Во 21 век со 49 души да покриваш 39 километри граница со физичко трчање, за мене е надвор од умот appeared first on Република.

]]>

Приведени агресивни Грци по кавга со полицијата на граница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-agresivni-grtsi-po-kavga-so-politsijata-na-granitsa/ Wed, 26 Jun 2024 10:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=790943

Вчера во 11.30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата полициски службеници ги привеле К.М.(33) и К.М.(32), двајцата од Грција, поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Од МВР известуваат дека тие биле предадени на полициски службеници при СВР Куманово за понатамошна постапка.

The post Приведени агресивни Грци по кавга со полицијата на граница appeared first on Република.

]]>

Вчера во 11.30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата полициски службеници ги привеле К.М.(33) и К.М.(32), двајцата од Грција, поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Од МВР известуваат дека тие биле предадени на полициски службеници при СВР Куманово за понатамошна постапка.

The post Приведени агресивни Грци по кавга со полицијата на граница appeared first on Република.

]]>
САД донираше „боди камери“ за македонската гранична полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sad-donirashe-bodi-kameri-za-makedonskata-granichna-politsija/ Tue, 22 Aug 2023 11:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=674577

Со донацијата на „боди камерите“ од Амбасадата на САД, кои се наменети за документирање на полициското постапување во остварувањето на работните задачи, како и на двете специјализирани возила за откривање на радиоактивен материјал или радиолошка заштита, едното за Регионалниот центар ЈУГ, а другото за Регионалниот центар СЕВЕР, дополнително се зголемува квалитетот и ефикасноста во работењето на македонската полиција, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки, кој со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер беше во посета на граничниот премин „Богородица”.

Тој потенцираше дека Владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје е најсилниот партнер и соработник во делот на интегрираното гранично управување низ низа на програми и проекти кои заеднички се интегрирани.

Овде сме на ГП „Богородица“ да се увериме на терен како дејствува македонската полиција со поддршка од Амбасадата на САД преку вредна донација на техничка опрема за потребите на Граничната полиција, а пред се во насока на зајакнување на заедничката борба против корупцијата. Радува фактот што се потврдува тој континуитет во нашето цврсто стратешко партнерство и соработка што ја имаме меѓу Cеверна Македонија и САД, рече Спасовски.

Тој додаде дека употребата на боди камерите не само во граничната полиција, туку и во сообраќајната полиција претставува извонредна алатка за борба против корупцијата во институцијата, меѓутоа и за поинакво, понормално и подостоинствено постапување и на полициските службеници и на граѓаните, заради тоа што се менува односот на комуникацијата меѓу граѓаните и полициските службеници.

Како што посочи, во рамки на оваа област, за шест месеци се откриени 49 кривични дела од областа на корупцијата. Меѓутоа, се забележува намалување на кривична дела до 22 проценти во однос на минатата година.

Ефикасноста на полицијата се зголемува, меѓутоа бројот на случаи коишто се во делот на корупцијата се намалува и за ова треба навистина енергична борба од сите институции. За борбата против корупцијата најважно да имаме след на активности – тоа што ќе го сработи полицијата да го процесуира Обвинителството и Судот, а граѓанинот на крајот да ги види резултатите, додаде Спасовски.

Тој информираше дека од 1990 година до денеска стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија бележи продлабочување и се создадени сите услови за формирање на модерни институции кои ќе одговорат на предизвиците во секое време.

Сакам да се заблагодарам на амбасадорката Агелер за нејзината посветеност и динамизирање на нашата соработка во овој период, меѓутоа и генерално на американската Влада за целосната поддршка која што ја имаме во сите овие изминати 30 години на независност и се надевам дека и понатаму ќе продолжиме со вакви активности се во интерес и на граѓаните на Македонија, меѓутоа и на целиот наш регион, додаде Спасовски.

По денешната посета на Граничниот премин „Богородица”, амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, на македонски јазик, порача дека „соработката помеѓу двете земји покажува позитивни и видливи резултати тука“.

Претставува задоволство да се види во реалност како нашата соработка со Владата и Mинистерството за внатрешни работи има така позитивни резултати за граѓаните на оваа држава. Од 2016 година имаме обезбедено речиси четири милиони долари опрема за поддршка на граничната безбедност. Меѓу оваа опрема, се и „боди камерите“ коишто имаат значајна улога во безбедноста на земјава, како и останатата опрема за која работевме заедно со полицијата и останатите безбедносни служби, изјави Агелер.

Користењето на „боди камерите“, според Агелер, се еден вид оружје во борбата против корупцијата, но и за заштита на полицијата и граѓаните на оваа држава.

Стоиме заедно со граѓаните, Владата и министерството и продолжуваме со нашата соработка, што сметам дека е особено важна за безбедноста и просперитетот оваа земја, порача Агелер.

The post САД донираше „боди камери“ за македонската гранична полиција appeared first on Република.

]]>

Со донацијата на „боди камерите“ од Амбасадата на САД, кои се наменети за документирање на полициското постапување во остварувањето на работните задачи, како и на двете специјализирани возила за откривање на радиоактивен материјал или радиолошка заштита, едното за Регионалниот центар ЈУГ, а другото за Регионалниот центар СЕВЕР, дополнително се зголемува квалитетот и ефикасноста во работењето на македонската полиција, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки, кој со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер беше во посета на граничниот премин „Богородица”. Тој потенцираше дека Владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје е најсилниот партнер и соработник во делот на интегрираното гранично управување низ низа на програми и проекти кои заеднички се интегрирани.
Овде сме на ГП „Богородица“ да се увериме на терен како дејствува македонската полиција со поддршка од Амбасадата на САД преку вредна донација на техничка опрема за потребите на Граничната полиција, а пред се во насока на зајакнување на заедничката борба против корупцијата. Радува фактот што се потврдува тој континуитет во нашето цврсто стратешко партнерство и соработка што ја имаме меѓу Cеверна Македонија и САД, рече Спасовски.
Тој додаде дека употребата на боди камерите не само во граничната полиција, туку и во сообраќајната полиција претставува извонредна алатка за борба против корупцијата во институцијата, меѓутоа и за поинакво, понормално и подостоинствено постапување и на полициските службеници и на граѓаните, заради тоа што се менува односот на комуникацијата меѓу граѓаните и полициските службеници. Како што посочи, во рамки на оваа област, за шест месеци се откриени 49 кривични дела од областа на корупцијата. Меѓутоа, се забележува намалување на кривична дела до 22 проценти во однос на минатата година.
Ефикасноста на полицијата се зголемува, меѓутоа бројот на случаи коишто се во делот на корупцијата се намалува и за ова треба навистина енергична борба од сите институции. За борбата против корупцијата најважно да имаме след на активности – тоа што ќе го сработи полицијата да го процесуира Обвинителството и Судот, а граѓанинот на крајот да ги види резултатите, додаде Спасовски.
Тој информираше дека од 1990 година до денеска стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија бележи продлабочување и се создадени сите услови за формирање на модерни институции кои ќе одговорат на предизвиците во секое време.
Сакам да се заблагодарам на амбасадорката Агелер за нејзината посветеност и динамизирање на нашата соработка во овој период, меѓутоа и генерално на американската Влада за целосната поддршка која што ја имаме во сите овие изминати 30 години на независност и се надевам дека и понатаму ќе продолжиме со вакви активности се во интерес и на граѓаните на Македонија, меѓутоа и на целиот наш регион, додаде Спасовски.
По денешната посета на Граничниот премин „Богородица”, амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, на македонски јазик, порача дека „соработката помеѓу двете земји покажува позитивни и видливи резултати тука“.
Претставува задоволство да се види во реалност како нашата соработка со Владата и Mинистерството за внатрешни работи има така позитивни резултати за граѓаните на оваа држава. Од 2016 година имаме обезбедено речиси четири милиони долари опрема за поддршка на граничната безбедност. Меѓу оваа опрема, се и „боди камерите“ коишто имаат значајна улога во безбедноста на земјава, како и останатата опрема за која работевме заедно со полицијата и останатите безбедносни служби, изјави Агелер.
Користењето на „боди камерите“, според Агелер, се еден вид оружје во борбата против корупцијата, но и за заштита на полицијата и граѓаните на оваа држава.
Стоиме заедно со граѓаните, Владата и министерството и продолжуваме со нашата соработка, што сметам дека е особено важна за безбедноста и просперитетот оваа земја, порача Агелер.

The post САД донираше „боди камери“ за македонската гранична полиција appeared first on Република.

]]>
Граничната полиција на Австралија откри зошто е одбиена визата на Ѓоковиќ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/granichnata-policija-na-avstralija-otkri-zoshto-e-odbiena-vizata-na-gjokovikj/ Thu, 06 Jan 2022 07:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=441206

По осумчасовна сага на аеродромот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ доби вест дека ќе биде депортиран од Австралија и ќе биде испратен со еден од наредните авионски летови кон својата родна Србија, одлука со која се стави крај на драмата која траеше неколку месеци, а која заврши на најневеројатен можен начин.

Новак нема да ја брани освоената титула на првиот грен слем турнир во годината, а клучниот збор во дадената ситуација ја имала граничната полиција која не го одобрила неговото „медицинско ослободување“ за вакцинација против Ковид 19.

– Граничната полиција на Австралија продолжува да се бори за правата на оваа земја. Оние кои пристигнуваат на граница, треба да ги почитуваат правилата за влез во земјата.

– Може да потврдиме дека господинот Ѓоковиќ не ги понуди потребните докази со кои би ги исполнил условите за влез во Австралија, па поради тоа неговата виза е укината.

– Исто така, можеме да потврдиме дека Новак имаше пристап до својот телефон цело време додека беше во собата на аеродромот, – гласи објавата на граничната полиција која го држеше Србинот во „имиграциски притвор“.

The post Граничната полиција на Австралија откри зошто е одбиена визата на Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>

По осумчасовна сага на аеродромот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ доби вест дека ќе биде депортиран од Австралија и ќе биде испратен со еден од наредните авионски летови кон својата родна Србија, одлука со која се стави крај на драмата која траеше неколку месеци, а која заврши на најневеројатен можен начин. Новак нема да ја брани освоената титула на првиот грен слем турнир во годината, а клучниот збор во дадената ситуација ја имала граничната полиција која не го одобрила неговото „медицинско ослободување“ за вакцинација против Ковид 19. – Граничната полиција на Австралија продолжува да се бори за правата на оваа земја. Оние кои пристигнуваат на граница, треба да ги почитуваат правилата за влез во земјата. – Може да потврдиме дека господинот Ѓоковиќ не ги понуди потребните докази со кои би ги исполнил условите за влез во Австралија, па поради тоа неговата виза е укината. – Исто така, можеме да потврдиме дека Новак имаше пристап до својот телефон цело време додека беше во собата на аеродромот, – гласи објавата на граничната полиција која го држеше Србинот во „имиграциски притвор“.

The post Граничната полиција на Австралија откри зошто е одбиена визата на Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>