граничен премин табановце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/granichen-premin-tabanovtse/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 07:24:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png граничен премин табановце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/granichen-premin-tabanovtse/ 32 32 Николоски најавува: За две до три години ќе ја реконструираме целата делница од Табановце до Гевгелија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-najavuva-za-dve-do-tri-godini-ke-ja-rekonstruirame-tselata-delnitsa-od-tabanovtse-do-gevgelija/ Fri, 04 Oct 2024 07:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=822450

Пругата на Коридор 10 е приоритет и затоа ќе ги вложиме сите напори оваа пруга да биде извор на приходи за државата и целата економија. За да нема застој во железничкиот транспорт, паралелно ќе ја реконструираме пругата од Табановце до Гевгелија, а во исто време ќе работиме и на изградба на нова пруга на Коридор 10. Ова го истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за поткастот „Каде се парите”.

Проект за реконструкција има, истакна министерот Николоски и додаде дека проектот предвидува брзина на возовите од 80 km за карго превоз и 120 km за патнички превоз. Дополнително истакна дека проценетата вредност би изнесувала околу 250 милиони евра и ќе се изврши комплетна реконструкција на потегот Табановце-Гевгелија.

-За 2 до 3 години ќе ја реконструираме целата делница од Табановце до Гевгелија. Проект имаме, ЕУ дава позитивни сигнали да финансира преку ИПА 3 компонентата од каде би можеле да добиеме околу стотина милиони евра, а околу 150 милиони евра треба да ги обезбедиме од домашниот буџет. Реконструкцијата подразбира целосна смена на пругата, реконструкција на седум моста, добро е што има постојана електрификација и ќе се постави ИТС систем. И ова е реално и вака мораме да правиме паралелен процес додека градиме нова пруга за да не ни се случи примерот со Србија кога карго превозот запре додека вршеа реконструкција на пругата Белград – Ниш”- истакна Николоски.

Во однос на изградбата на брза пруга тој потенцираше дека потребата од брза пруга е огромна за Македонија, за целиот регион и Европа, која пак ја препознала оваа идеја и е подготвена да ја финансира. Исто така министерот во поткастот објави дека за брза пруга постоел проект од 1978 година со 4 линии.

-Треба допрва да има физибилити и предфизибилити студија. Мое лично мислење е дека треба да одиме со пруга над 200 km на час. И мислам треба да одиме по наједноставниот терен, а тој би бил од Табановце па да се спушти под Куманово до Свети Николе, потоа Штип, Радовиш, Струмица и да се врзе на Миравци, Гевгелија и Солун. Секако треба да се направи триаголник кој ќе го поврзе Скопје со брзата пруга. Дали тоа ќе го покаже предфизибилити и физибилити студијата не знам, но мислам дека ова е најлогичното решение.

Во однос на цените, со овие цени сега брза пруга би чинела околу 2,3 до 2,5 милијарди евра, а за оперативна да биде од почеток на градба до прва операција на воз, би ни требало околу 5 години. Во однос на финансирањето знам дека нема да бараме пари од Кина, Русија и Саудиска Арабија. Ако ЕУ сака да ја финансира е добродојдена, но прво мора да го обезбедиме финансирањето пред да почнеме да ја градиме, истакна министерот Николоски.

The post Николоски најавува: За две до три години ќе ја реконструираме целата делница од Табановце до Гевгелија appeared first on Република.

]]>

Пругата на Коридор 10 е приоритет и затоа ќе ги вложиме сите напори оваа пруга да биде извор на приходи за државата и целата економија. За да нема застој во железничкиот транспорт, паралелно ќе ја реконструираме пругата од Табановце до Гевгелија, а во исто време ќе работиме и на изградба на нова пруга на Коридор 10. Ова го истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за поткастот „Каде се парите”. Проект за реконструкција има, истакна министерот Николоски и додаде дека проектот предвидува брзина на возовите од 80 km за карго превоз и 120 km за патнички превоз. Дополнително истакна дека проценетата вредност би изнесувала околу 250 милиони евра и ќе се изврши комплетна реконструкција на потегот Табановце-Гевгелија.
-За 2 до 3 години ќе ја реконструираме целата делница од Табановце до Гевгелија. Проект имаме, ЕУ дава позитивни сигнали да финансира преку ИПА 3 компонентата од каде би можеле да добиеме околу стотина милиони евра, а околу 150 милиони евра треба да ги обезбедиме од домашниот буџет. Реконструкцијата подразбира целосна смена на пругата, реконструкција на седум моста, добро е што има постојана електрификација и ќе се постави ИТС систем. И ова е реално и вака мораме да правиме паралелен процес додека градиме нова пруга за да не ни се случи примерот со Србија кога карго превозот запре додека вршеа реконструкција на пругата Белград – Ниш”- истакна Николоски.
Во однос на изградбата на брза пруга тој потенцираше дека потребата од брза пруга е огромна за Македонија, за целиот регион и Европа, која пак ја препознала оваа идеја и е подготвена да ја финансира. Исто така министерот во поткастот објави дека за брза пруга постоел проект од 1978 година со 4 линии.
-Треба допрва да има физибилити и предфизибилити студија. Мое лично мислење е дека треба да одиме со пруга над 200 km на час. И мислам треба да одиме по наједноставниот терен, а тој би бил од Табановце па да се спушти под Куманово до Свети Николе, потоа Штип, Радовиш, Струмица и да се врзе на Миравци, Гевгелија и Солун. Секако треба да се направи триаголник кој ќе го поврзе Скопје со брзата пруга. Дали тоа ќе го покаже предфизибилити и физибилити студијата не знам, но мислам дека ова е најлогичното решение.
Во однос на цените, со овие цени сега брза пруга би чинела околу 2,3 до 2,5 милијарди евра, а за оперативна да биде од почеток на градба до прва операција на воз, би ни требало околу 5 години. Во однос на финансирањето знам дека нема да бараме пари од Кина, Русија и Саудиска Арабија. Ако ЕУ сака да ја финансира е добродојдена, но прво мора да го обезбедиме финансирањето пред да почнеме да ја градиме, истакна министерот Николоски.

The post Николоски најавува: За две до три години ќе ја реконструираме целата делница од Табановце до Гевгелија appeared first on Република.

]]>
Кутиров: Преку „Отворен Балкан“ ќе го намалиме чекањето на граничните премини, особено во туристичката сезона https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kutirov-preku-otvoren-balkan-ke-go-namalime-chekaneto-na-granichnite-premini-osobeno-vo-turistichkata-sezona/ Sat, 28 Jan 2023 10:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=601902

Граничниот премин Табановце е најфреквентен премин во нашата држава, со тенденција на зголемување на бројот на движења како на товарни, така и на патнички моторни возила, информира директорката на Царинската Славица Кутиров, во интервју за „Капитал“. Таа додаде дека во изминатата 2022 година преку овој премин е забележан проток на 39% од увозот и 24% од извозот на стоки во државата.

– Притоа, во 2022 година 190.000 товарни моторни возила влегле во државата преку овој премин, што во просек значи над 500 товарни возила дневно. Состојбата со протокот на товарните возила е вообичаена, без поголеми задржувања на преминот. Во текот на летото, во екот на годишните одмори, кога се соочивме со огромен наплив на патнички возила, се реализираа повеќе активности за краток рок кои имаа за цел забрзување на протокот. На влез во државата овозможивме непречено да функционираат 10 ленти, од кои 2 за товарни возила, една за автобуси и 7 за патнички возила, што претставува максимален број на ленти за влез на постоечката инфраструктура, кажа Кутиров.

Таа истакна дека исто така, за товарните возила е воспоставена брза лента за празни камиони и камиони кои превезуваат стока со европски транзитен документ NCTS, коишто повеќе не е потребно да влегуваат во граничниот царински терминал на Табановце.

-Со поддршка од ЕВН надминат е и долгогодишниот проблем со прекини на електричната енергија на преминот, кој предизвикуваше повремени падови на системите за евиденција и контрола на самиот граничен премин. Во координација со колегите од Царинските управи и Гранична полиција од земјите од Отворен Балкан, се работи и на дополнителни олеснувања кои верувам дека ќе придонесат за намалување на времето на чекање на преминот, пред сѐ во текот на туристичката сезона, рече Кутиров.

The post Кутиров: Преку „Отворен Балкан“ ќе го намалиме чекањето на граничните премини, особено во туристичката сезона appeared first on Република.