граничен надзор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/granichen-nadzor/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Mar 2024 20:28:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png граничен надзор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/granichen-nadzor/ 32 32 Министерот Тошковски во посета на полициските станици за граничен надзор Рогачево и Мадрача https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-toshkovski-vo-poseta-na-politsiskite-stanitsi-za-granichen-nadzor-rogachevo-i-madracha/ Sun, 17 Mar 2024 20:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=755695

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во серијата посети на полициски станици за граничен надзор, денеска ги посети полициските станици за граничен надзор Рогачево и Мадрача кои покриваат дел од граничната линија на север кон соседно Косово, информира Министерството за внатрешни работи.

За време на овие посети министерот имаше можност непосредно да се запознае со состојбата на објектите и опремата а низ разговор со полициските службеници од овие огранизациски единици се запозна со тековната работа и предизвиците со кои се соочени секојдневно.

„Објектот на полициската станица Рогачево е во лоша состојба и само благодарение на грижата на самите полициски службеници истиот се уште е во функција, а исто така и во оваа станица камерата со висок домет која е поставена за набљудување на граничната линија поради ненаправен сервис е надвор од употреба во последните 6 години. Што се однесува до ПС за ГН Маздрача, истата е една од ретките полициските станици во овој дел која е со висока кадровска пополнетост, но од друга страна се соочува со недостаток на соодветна опрема и теренски возила кои се неопходни за ефективно постапување, имајќи ја предвид непристапноста на теренот кој го покриваат“, образложи министерот Тошковски.

Заклучокот од овие посети е дека што поскоро треба да се направи соодветна ревизија и анализа на моменталните состојби на овие полициски станици, како и да се направат сериозни инвестиции во делот на материјално-техничката опременост и соодветно распоредување на човечки ресурси, бидејќи во прашање е целокупната безбедност на граничната линија.

The post Министерот Тошковски во посета на полициските станици за граничен надзор Рогачево и Мадрача appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во серијата посети на полициски станици за граничен надзор, денеска ги посети полициските станици за граничен надзор Рогачево и Мадрача кои покриваат дел од граничната линија на север кон соседно Косово, информира Министерството за внатрешни работи. За време на овие посети министерот имаше можност непосредно да се запознае со состојбата на објектите и опремата а низ разговор со полициските службеници од овие огранизациски единици се запозна со тековната работа и предизвиците со кои се соочени секојдневно.