гранада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/granada/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Oct 2023 07:06:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гранада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/granada/ 32 32 Политико: Самитoт во Гранада без резултати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/politiko-samitot-vo-granada-bez-rezultati/ Fri, 06 Oct 2023 07:06:04 +0000 https://republika.mk/?p=688405

 Неформалниот самит на европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, заврши неуспешно вчера, бидејќи лидерите на речиси 50 земји и највисоките претставници на ЕУ не успеаја да постигнат значителен напредок кон решавање на конфликтите на прагот на Европа, пишува бриселскиот портал Политико.

„Чувството на бесполезност“ на неформалниот самит кулминираше кога Шпанија како домаќин во последен момент ја откажа планираната прес-конференција, која ја очекуваа дури 700 новинари, пишува бриселскиот портал.

Шпанија, која претседава со Европската унија, не објасни зошто е откажана прес-конференцијата на која требаше и формално да и го предаде управувањето со европската политичка заедница на Велика Британија.

Недостатокот на ентузијазам на лидерите за самитот беше очигледен уште од утрото, кога многу учесници не беа подготвени да им се обратат на многуте новинари кои ги чекаа, пишува Политико.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони помина покрај новинарите разговарајќи на нејзиниот мобилен телефон, а пред медиумите не се обратија ниту германскиот канцелар Олаф Шолц, ниту британскиот премиер Риши Сунак.

Третиот самит на Европската политичка заедница, платформа која ја смисли францускиот претседател Емануел Макрон, советниците го одбележаа како можност за посредување меѓу Ерменија и Азербејџан, за деескалација на тензиите на Балканот и за стратешка дискусија за европската безбедност.

Лидерите беа обединети во нивната поддршка за Украина и нејзиниот претседател Володимир Зеленски, но не успеаја да постигнат напредок кога станува збор за други конфликти.

Тие се надеваа дека Гранада ќе биде домаќин на првата средба меѓу азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан откако Азербејџан започна офанзива во Нагорно-Карабах, што доведе до егзодус на повеќе од 100.000 ерменски бегалци од тој азербејџански регион.

Сепак, надежите дека ќе бидат преземени чекори за ставање крај на хуманитарната криза во Нагорно-Карабах беа уништени кога и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган одлучија да не присуствуваат на самитот. Азербејџан ја обвини Франција за пристрасност во преговорите и се согласи да разговара само со посредство на ЕУ во Брисел.

Кон крајот на денот, Макрон им рече на новинарите дека, заедно со зајакнувањето на соработката во борбата против кибер криминалот, разговорите за Ерменија се доказ дека самитот бил корисен, иако се одржале без другата страна, Азербејџан, додава Политико

The post Политико: Самитoт во Гранада без резултати appeared first on Република.

]]>

 Неформалниот самит на европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, заврши неуспешно вчера, бидејќи лидерите на речиси 50 земји и највисоките претставници на ЕУ не успеаја да постигнат значителен напредок кон решавање на конфликтите на прагот на Европа, пишува бриселскиот портал Политико. „Чувството на бесполезност“ на неформалниот самит кулминираше кога Шпанија како домаќин во последен момент ја откажа планираната прес-конференција, која ја очекуваа дури 700 новинари, пишува бриселскиот портал. Шпанија, која претседава со Европската унија, не објасни зошто е откажана прес-конференцијата на која требаше и формално да и го предаде управувањето со европската политичка заедница на Велика Британија. Недостатокот на ентузијазам на лидерите за самитот беше очигледен уште од утрото, кога многу учесници не беа подготвени да им се обратат на многуте новинари кои ги чекаа, пишува Политико. Италијанската премиерка Џорџа Мелони помина покрај новинарите разговарајќи на нејзиниот мобилен телефон, а пред медиумите не се обратија ниту германскиот канцелар Олаф Шолц, ниту британскиот премиер Риши Сунак. Третиот самит на Европската политичка заедница, платформа која ја смисли францускиот претседател Емануел Макрон, советниците го одбележаа како можност за посредување меѓу Ерменија и Азербејџан, за деескалација на тензиите на Балканот и за стратешка дискусија за европската безбедност. Лидерите беа обединети во нивната поддршка за Украина и нејзиниот претседател Володимир Зеленски, но не успеаја да постигнат напредок кога станува збор за други конфликти. Тие се надеваа дека Гранада ќе биде домаќин на првата средба меѓу азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан откако Азербејџан започна офанзива во Нагорно-Карабах, што доведе до егзодус на повеќе од 100.000 ерменски бегалци од тој азербејџански регион. Сепак, надежите дека ќе бидат преземени чекори за ставање крај на хуманитарната криза во Нагорно-Карабах беа уништени кога и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган одлучија да не присуствуваат на самитот. Азербејџан ја обвини Франција за пристрасност во преговорите и се согласи да разговара само со посредство на ЕУ во Брисел. Кон крајот на денот, Макрон им рече на новинарите дека, заедно со зајакнувањето на соработката во борбата против кибер криминалот, разговорите за Ерменија се доказ дека самитот бил корисен, иако се одржале без другата страна, Азербејџан, додава Политико

The post Политико: Самитoт во Гранада без резултати appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: Од Гранада упатуваме силна порака до Путин дека не толерираме агресија врз суверена земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-od-granada-upatuvame-silna-poraka-do-putin-deka-ne-tolerirame-agresija-vrz-suverena-zemja/ Thu, 05 Oct 2023 11:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=688177

Поддршката од Европската политичка заедница за Украина претставува силна порака за рускиот претседател Владимир Путин, од Даблин до Кишињев, дека нема да толерираме агресија врз суверена земја, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Гранада.

Ние во ЕУ работиме на пакет од 50 милијарди помош за Украина за периодот 2024-2027, што е многу важно затоа што на Украина и е потребна предвидливост и доверливост и буџетска поддршка, истакна Фон дер Лајен.

Таа изрази надеж дека одлуката на САД за запирање на поддршката за Украина е времена и дека наскоро таа ќе продолжи.

Претседателката на Европската комисија додаде дека една од темите на состанокот на ЕПЗ ќе биде и енергијата, во услови кога Европа е уценувана од Русија.

Ние се справивме со оваа криза, цените се намалија драстично и најважно е што создадовме заедничка платформа за набавка на гас. Тоа е голем успех, поради фактот што кон оваа платформа не се приклучија само 27-те земји на ЕУ, туку и членки на Европската политичка заедница, како Норвешка, Украина, Молдавија и Србија, истакна Фон дер Лајен.

Со ова, според неа, се намали европската зависност од руските енергенси и лани прв пат ЕУ произведе повеќе електрична енергија од обновливи извори, отколку од гас.

Фон дер Лајен истакна дека на состанокот ќе се разговара и „за Ерменија и за нејзините хуманитарни потреби“, за што ЕУ веќе одвои 5,2 милиони евра помош, но дека ќе работи и на нејзино удвојување, како и на обезбедување на средства за директна буџетска поддршка.

Таа при тоа потсети дека ЕУ ја осуди азербејџанската воена операција во Нагорно-Карабах и повика на обнова на дијалогот меѓу Азербејџан и Ерменија и постигнување мировно решение.

The post Фон дер Лајен: Од Гранада упатуваме силна порака до Путин дека не толерираме агресија врз суверена земја appeared first on Република.

]]>

Поддршката од Европската политичка заедница за Украина претставува силна порака за рускиот претседател Владимир Путин, од Даблин до Кишињев, дека нема да толерираме агресија врз суверена земја, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Гранада.
Ние во ЕУ работиме на пакет од 50 милијарди помош за Украина за периодот 2024-2027, што е многу важно затоа што на Украина и е потребна предвидливост и доверливост и буџетска поддршка, истакна Фон дер Лајен.
Таа изрази надеж дека одлуката на САД за запирање на поддршката за Украина е времена и дека наскоро таа ќе продолжи. Претседателката на Европската комисија додаде дека една од темите на состанокот на ЕПЗ ќе биде и енергијата, во услови кога Европа е уценувана од Русија.
Ние се справивме со оваа криза, цените се намалија драстично и најважно е што создадовме заедничка платформа за набавка на гас. Тоа е голем успех, поради фактот што кон оваа платформа не се приклучија само 27-те земји на ЕУ, туку и членки на Европската политичка заедница, како Норвешка, Украина, Молдавија и Србија, истакна Фон дер Лајен.
Со ова, според неа, се намали европската зависност од руските енергенси и лани прв пат ЕУ произведе повеќе електрична енергија од обновливи извори, отколку од гас. Фон дер Лајен истакна дека на состанокот ќе се разговара и „за Ерменија и за нејзините хуманитарни потреби“, за што ЕУ веќе одвои 5,2 милиони евра помош, но дека ќе работи и на нејзино удвојување, како и на обезбедување на средства за директна буџетска поддршка. Таа при тоа потсети дека ЕУ ја осуди азербејџанската воена операција во Нагорно-Карабах и повика на обнова на дијалогот меѓу Азербејџан и Ерменија и постигнување мировно решение.

The post Фон дер Лајен: Од Гранада упатуваме силна порака до Путин дека не толерираме агресија врз суверена земја appeared first on Република.

]]>
Ковачевски од Гранада: По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-od-granada-po-mnogu-godini-sega-na-agendata-kako-tema-go-imame-proshiruvaneto-na-evropskata-unija/ Thu, 05 Oct 2023 11:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=688170

По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија. Ова е исклучително важен состанок со сите земји во Европа и една од главните теми што нам ни е од најголема важност е проширувањето, а секако ќе дискутираме и теми поврзани со дигитализацијата и воведувањето на вештачката интелигенција со цел подобрување на условите за граѓаните, изјави премиерот Димитар Ковачевски, пред почетокот на третиот состанок на Европската политичка заедница, што се одржува денеска во Гранада, Шпанија.

Ковачевски, посочи дека Македонија се наоѓа во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочна преговорите со ЕУ, додека во Унијата веќе е отпочнат процес на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки.

- Мислам дека ние се наоѓаме во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочнавме преговорите со ЕУ. Од друга страна, ЕУ има стратешки интерес и веќе отворен процес за свое прилагодување коешто е паралелен во однос на тоа дека ќе треба да функционира во иднина со земји кои што имаат поголем број од сегашниот што значи дека ќе постои динамика и на страната на земјите кандидати за членство, пред се мислам на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Македонија, меѓутоа и динамика внатре во ЕУ во однос на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки, изјави Ковачевски.

Според Ковачевски, значајно е што утре ќе биде одржан и неформален состанок на Европскиот совет на кој ќе се разговара токму за прашања значајни за нас, а тоа е пред се мирот и безбедноста во Европа, поддршката на Украина, но и проширувањето на ЕУ.

- Како што најави и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, веќе во рамки на ЕУ се води дебата во однос на подготовката на ЕУ за прием на нови членки од една страна и од друга страна процесите за пристапување кои што самите земји членки ги имаат со ЕУ, изјави Ковачевски.

Според Ковачевски, она што стои во документот изработен од Германија и Франција е позитивно за земјава и за државите од регионот.

- Јас не можам тоа да го коментирам во моментот бидејќи се работи за работен документ кој не е финален и затоа ќе оставам тие да го комуницираат, иако го имам видено и сметам дека тоа што стои во самиот работен документ е позитивно за нашата држава и земјите во регионот, рече Ковачевски.

Во рамки на состанокот, како што посочи, планирано е да има работни состаноци на кои ќе присуствуваат премиерите на Франција, Италија, Обединетото кралство и на други држави, како на претставникот на Европскиот Парламент и на Европската Комисија.

- Се надевам на успешни состаноци. Ќе имаме и билатерална средба со премиерот на Холандија, премиерот на Ирска и потпретседателот на ЕК, рече Ковачевски.

Гранада денеска е центарот на европската политика. Градот со нешто повеќе од 200.000 жители и големо историско и културно наследство испреплетено од трите големи монотеистички култури - христијанската, муслиманската и еврејската денеска е домаќин на третиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЦ), на кој се поканети 27 земји-членки на ЕУ, 17 други соседни земји, како што се Обединетото Кралство, Турција, Украина, Швајцарија и балканските држави.

Европската политичка заедница има за цел да поттикне политички дијалог и соработка во решавањето на прашања од заеднички интерес, да ја зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент. Замислена како платформа за политичка координација, формирана во мај 2022 година на иницијатива на францускиот претседтаел Емануел Макрон, таа не заменува ниту една постоечка организација, структура или процес и нема за цел да создаде нови во оваа фаза

The post Ковачевски од Гранада: По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија appeared first on Република.

]]>

По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија. Ова е исклучително важен состанок со сите земји во Европа и една од главните теми што нам ни е од најголема важност е проширувањето, а секако ќе дискутираме и теми поврзани со дигитализацијата и воведувањето на вештачката интелигенција со цел подобрување на условите за граѓаните, изјави премиерот Димитар Ковачевски, пред почетокот на третиот состанок на Европската политичка заедница, што се одржува денеска во Гранада, Шпанија. Ковачевски, посочи дека Македонија се наоѓа во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочна преговорите со ЕУ, додека во Унијата веќе е отпочнат процес на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки. - Мислам дека ние се наоѓаме во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочнавме преговорите со ЕУ. Од друга страна, ЕУ има стратешки интерес и веќе отворен процес за свое прилагодување коешто е паралелен во однос на тоа дека ќе треба да функционира во иднина со земји кои што имаат поголем број од сегашниот што значи дека ќе постои динамика и на страната на земјите кандидати за членство, пред се мислам на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Македонија, меѓутоа и динамика внатре во ЕУ во однос на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки, изјави Ковачевски. Според Ковачевски, значајно е што утре ќе биде одржан и неформален состанок на Европскиот совет на кој ќе се разговара токму за прашања значајни за нас, а тоа е пред се мирот и безбедноста во Европа, поддршката на Украина, но и проширувањето на ЕУ. - Како што најави и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, веќе во рамки на ЕУ се води дебата во однос на подготовката на ЕУ за прием на нови членки од една страна и од друга страна процесите за пристапување кои што самите земји членки ги имаат со ЕУ, изјави Ковачевски. Според Ковачевски, она што стои во документот изработен од Германија и Франција е позитивно за земјава и за државите од регионот. - Јас не можам тоа да го коментирам во моментот бидејќи се работи за работен документ кој не е финален и затоа ќе оставам тие да го комуницираат, иако го имам видено и сметам дека тоа што стои во самиот работен документ е позитивно за нашата држава и земјите во регионот, рече Ковачевски. Во рамки на состанокот, како што посочи, планирано е да има работни состаноци на кои ќе присуствуваат премиерите на Франција, Италија, Обединетото кралство и на други држави, како на претставникот на Европскиот Парламент и на Европската Комисија. - Се надевам на успешни состаноци. Ќе имаме и билатерална средба со премиерот на Холандија, премиерот на Ирска и потпретседателот на ЕК, рече Ковачевски. Гранада денеска е центарот на европската политика. Градот со нешто повеќе од 200.000 жители и големо историско и културно наследство испреплетено од трите големи монотеистички култури - христијанската, муслиманската и еврејската денеска е домаќин на третиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЦ), на кој се поканети 27 земји-членки на ЕУ, 17 други соседни земји, како што се Обединетото Кралство, Турција, Украина, Швајцарија и балканските држави. Европската политичка заедница има за цел да поттикне политички дијалог и соработка во решавањето на прашања од заеднички интерес, да ја зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент. Замислена како платформа за политичка координација, формирана во мај 2022 година на иницијатива на францускиот претседтаел Емануел Макрон, таа не заменува ниту една постоечка организација, структура или процес и нема за цел да создаде нови во оваа фаза

The post Ковачевски од Гранада: По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија appeared first on Република.

]]>
Реал тешко до победата против Гранада, Барса убедлива со Атлетико https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/real-teshko-do-pobedata-protiv-granada-barsa-ubedliva-so-atletiko/ Sun, 06 Feb 2022 22:46:17 +0000 https://republika.mk/?p=454895

Во последниот неделен натпревар од 23-то коло на шпанското фудбалско првенство Реал Мадрид на својот „Сантјаго Бернабеу“ минимално со 1:0 ја совлада Гранада, а во дернито на колот Барселона на својот „Ноу Камп“ со 4:2 беше супериорна со мадридски Атлетико.

Решавачкиот и единствен гол во Мадрид го постигна Марко Асенсио со убав удар од работ на шеснаесетникот во 74 минута. „Кралевите“ имаа 65 отсто посед на топката, кон голот на Луис Максимиан упатија 24 удари од кои 11 во рамките на голот, имаа дури девет корнери, но Гранада успеваше да оделее до потегот на Асенсио.

Барселона, пак, со 4:2 го совлада Атлетико Мадрид, остварувајќи ја првата победа во последните шест меѓусебни соочувања.

Мечот лошо започна за Каталонците, кога во 8 минута пораншениот нивен голгетер Лиус Суарез во брз против напад убаво го проигра Јаник Фереира-Караско, а белгискиот играч ја спроведе топката во мрежата.

Одговорот на Барселона беше силен и по само две минути подоцна израмни Жорди Алба со бравурозен погодок од откосо од работ на шеснаесетникот погодувајќи го самиот горен десен агол. Во 21 минута нискиот Гави со глава го донесе резултатскиот пресврт, а водството го удвои на 3:1 Араухо во 43 минута.

Барселона и вториот дел го започна надмоќно што резултираше и со четвртиот погодок веќе во 49 минута на Дани Алвес по убава акција на целиот напаѓачки ред. Малку надежи на Атлетико му донесе Луис Суарез кој во 58 минута со глава намали на 2:4 но „јорганџиите“ повеќе не можеа да сторат, иако од 69 минута играа со играч повеќе по исклучувањето на Дани Алвеш.

Барселона сега се искачи на четвртата позиција со 38 бодови, два повеќе од Атлетико Мадрид, а и двата тима имаат по меч помалку во однос на конкурентите. На врвот е осамен Реал Мадрид со 53 бодови, втора е Севилја со 47, а Реал Бетис пријатно изненадува како третопласиран со 40 бодови.

Вилјареал оствари важна победа во борбата за пласман во европските купови, совладувајќи го токму Реал Бетис со 2:0. Стрелци беа Пау Торес во 41 и Етјен Капу во 83 минута. Вилјареал сега е шести со 35 бодови, колку што има и седмиот Реал Сосиедад кој ремизираше без голови во првиот неделен меч на гости кај Валенсија.

The post Реал тешко до победата против Гранада, Барса убедлива со Атлетико appeared first on Република.

]]>

Во последниот неделен натпревар од 23-то коло на шпанското фудбалско првенство Реал Мадрид на својот „Сантјаго Бернабеу“ минимално со 1:0 ја совлада Гранада, а во дернито на колот Барселона на својот „Ноу Камп“ со 4:2 беше супериорна со мадридски Атлетико. Решавачкиот и единствен гол во Мадрид го постигна Марко Асенсио со убав удар од работ на шеснаесетникот во 74 минута. „Кралевите“ имаа 65 отсто посед на топката, кон голот на Луис Максимиан упатија 24 удари од кои 11 во рамките на голот, имаа дури девет корнери, но Гранада успеваше да оделее до потегот на Асенсио. Барселона, пак, со 4:2 го совлада Атлетико Мадрид, остварувајќи ја првата победа во последните шест меѓусебни соочувања. Мечот лошо започна за Каталонците, кога во 8 минута пораншениот нивен голгетер Лиус Суарез во брз против напад убаво го проигра Јаник Фереира-Караско, а белгискиот играч ја спроведе топката во мрежата. Одговорот на Барселона беше силен и по само две минути подоцна израмни Жорди Алба со бравурозен погодок од откосо од работ на шеснаесетникот погодувајќи го самиот горен десен агол. Во 21 минута нискиот Гави со глава го донесе резултатскиот пресврт, а водството го удвои на 3:1 Араухо во 43 минута. Барселона и вториот дел го започна надмоќно што резултираше и со четвртиот погодок веќе во 49 минута на Дани Алвес по убава акција на целиот напаѓачки ред. Малку надежи на Атлетико му донесе Луис Суарез кој во 58 минута со глава намали на 2:4 но „јорганџиите“ повеќе не можеа да сторат, иако од 69 минута играа со играч повеќе по исклучувањето на Дани Алвеш. Барселона сега се искачи на четвртата позиција со 38 бодови, два повеќе од Атлетико Мадрид, а и двата тима имаат по меч помалку во однос на конкурентите. На врвот е осамен Реал Мадрид со 53 бодови, втора е Севилја со 47, а Реал Бетис пријатно изненадува како третопласиран со 40 бодови. Вилјареал оствари важна победа во борбата за пласман во европските купови, совладувајќи го токму Реал Бетис со 2:0. Стрелци беа Пау Торес во 41 и Етјен Капу во 83 минута. Вилјареал сега е шести со 35 бодови, колку што има и седмиот Реал Сосиедад кој ремизираше без голови во првиот неделен меч на гости кај Валенсија.

The post Реал тешко до победата против Гранада, Барса убедлива со Атлетико appeared first on Република.

]]>