Гран при Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gran-pri/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 13:58:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гран при Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gran-pri/ 32 32 Гран при за „М“ на Вардан Тозија на фестивалот „Дракула“ во Брашов, Романија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/gran-pri-za-m-na-vardan-tozija-na-festivalot-drakula-vo-brashov-romanija/ Wed, 06 Nov 2024 13:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=834815

Филмот „М“ на Вардан Тозија во продукција на „Фокус покус филмс“ ја продолжува низата на фестивалски награди и признанија.
На дванаесеттото издание на Филмскиот фестивал Дракула во Брашов, кој се одржа од 30 октомври до 3 ноември, „М“ ја доби главната награда, или „Гран при“ за најдобар филм и трофејот “Дракула“.


За наградите одлучува жирито во состав: Пол Арион, Валентин Гројтерт и Брандо Де Сика.
Визуелниот уметник Пол Арион е најнаградуваниот романски професионалец активен во современата кинематографија, тимовите со кои има работено добиле 5 Оскари исто толку БАФТА награди, а неговото име се поврзува со импресивни продукции, како што се: Tenet, Dune, Avengers, Oppenheimer, The Jungle Book, Bohemian Rhapsody, Blade Runner 2049, Mission: Impossible – Fallout или франшизата за Џејмс Бонд.
Валентин Гројтерт е член е на Европската филмска академија и клубот на продуценти ACE, со повеќе од 20 забележителни продукции во своето CV, како што се: „Rocksteady: The Roots of Reggae“ или Рајска војна, снимени на 3 континенти, во 76 дена. Во 2022 година, тој ја лансираше комедијата „Horror Mad Heidi“ која доживува неверојатен успех ширум светот.
Брандо Де Сика е добитник на наградата „Sitges of New Visions“ во 2023 година со играниот филм „Mimi – Il Principe delle Tenebre“. Режисер е на бројни наградувани жанровски остварувања, со што ја продолжува семејната филмска традици, започната од неговиот дедо, култниот италијански режисер Виторио Де Сика.

Од самиот почеток „М“ воспоставува расположение кое истовремено е воодушевувачко и суптилно вознемирувачко, држејќи ја публиката да се прашува на најдобар можен начин. Креаторите на филмот демонстрираат јасна посветеност на квалитетот, доловувајќи го секој момент со прецизно внимание на деталите што зборува за нивната вистинска љубов кон занаетот. Снимен на локација во Македонија, филмот прекрасно ги прикажува пејзажите на земјата, придонесувајќи со голема автентичност и длабочина. Накратко, „М“ се издвојува како импресивно остварување, кое не само што ги почитува жанровските конвенции, туку ги издигнува со вешти режија, пресврти и визуелни елементи. Тоа е филм кој зборува и за уметноста на раскажувањето и ветува возбудлива иднина за македонската кинематографија. Секако, филм кој вреди да се доживее, велат членовите на жирито во образложението.

 


Фестивалот Дракула, кој се наоѓа на самиот врв на листата од 50 најважни жанровски фестивали во светот, а оваа година на јавноста ѝ понуди издание богато со уникатни филмски искуства, премиери, панел-дискусии, “гејминг секција“, концерти и изложби.

The post Гран при за „М“ на Вардан Тозија на фестивалот „Дракула“ во Брашов, Романија appeared first on Република.

]]>

Филмот „М“ на Вардан Тозија во продукција на „Фокус покус филмс“ ја продолжува низата на фестивалски награди и признанија. На дванаесеттото издание на Филмскиот фестивал Дракула во Брашов, кој се одржа од 30 октомври до 3 ноември, „М“ ја доби главната награда, или „Гран при“ за најдобар филм и трофејот “Дракула“. За наградите одлучува жирито во состав: Пол Арион, Валентин Гројтерт и Брандо Де Сика. Визуелниот уметник Пол Арион е најнаградуваниот романски професионалец активен во современата кинематографија, тимовите со кои има работено добиле 5 Оскари исто толку БАФТА награди, а неговото име се поврзува со импресивни продукции, како што се: Tenet, Dune, Avengers, Oppenheimer, The Jungle Book, Bohemian Rhapsody, Blade Runner 2049, Mission: Impossible – Fallout или франшизата за Џејмс Бонд. Валентин Гројтерт е член е на Европската филмска академија и клубот на продуценти ACE, со повеќе од 20 забележителни продукции во своето CV, како што се: „Rocksteady: The Roots of Reggae“ или Рајска војна, снимени на 3 континенти, во 76 дена. Во 2022 година, тој ја лансираше комедијата „Horror Mad Heidi“ која доживува неверојатен успех ширум светот. Брандо Де Сика е добитник на наградата „Sitges of New Visions“ во 2023 година со играниот филм „Mimi – Il Principe delle Tenebre“. Режисер е на бројни наградувани жанровски остварувања, со што ја продолжува семејната филмска традици, започната од неговиот дедо, култниот италијански режисер Виторио Де Сика.
Од самиот почеток „М“ воспоставува расположение кое истовремено е воодушевувачко и суптилно вознемирувачко, држејќи ја публиката да се прашува на најдобар можен начин. Креаторите на филмот демонстрираат јасна посветеност на квалитетот, доловувајќи го секој момент со прецизно внимание на деталите што зборува за нивната вистинска љубов кон занаетот. Снимен на локација во Македонија, филмот прекрасно ги прикажува пејзажите на земјата, придонесувајќи со голема автентичност и длабочина. Накратко, „М“ се издвојува како импресивно остварување, кое не само што ги почитува жанровските конвенции, туку ги издигнува со вешти режија, пресврти и визуелни елементи. Тоа е филм кој зборува и за уметноста на раскажувањето и ветува возбудлива иднина за македонската кинематографија. Секако, филм кој вреди да се доживее, велат членовите на жирито во образложението.
  Фестивалот Дракула, кој се наоѓа на самиот врв на листата од 50 најважни жанровски фестивали во светот, а оваа година на јавноста ѝ понуди издание богато со уникатни филмски искуства, премиери, панел-дискусии, “гејминг секција“, концерти и изложби.

The post Гран при за „М“ на Вардан Тозија на фестивалот „Дракула“ во Брашов, Романија appeared first on Република.

]]>
Гран при на „Киненова“ за филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена https://arhiva3.republika.mk/scena/film/gran-pri-na-kinenova-za-filmot-zhena-ubiets-na-grchkata-rezhiserka-eva-natena/ Mon, 21 Oct 2024 07:51:07 +0000 https://republika.mk/?p=829272

Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова.

„Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена, која на оригинален начин го доловува родовото прашање, адаптирајќи за големото платно ремек-дело на светската литература со одлична режија.

Оваа награда ја чувствувам како мост меѓу нашите земји, бидејќи уметноста може да го направи она што многу политичари не можат. Затоа ја посветувам наградата на нашиот мост и се надевам дека тој ќе не направи поблиски во иднина, рече Натена заблагодарувајќи се за наградата.

Наградата за најдобра режија ја доби хрватскиот режисер Андреј Коровљев за филмот „Хотел Пула“, за извонредната употреба на филмскиот јазик, за деликатниот начин на кој ги прикажа тешките настани и ликови од војната во поранешна Југославија, сугерирајќи дека љубовта може да постои дури и на места каде никогаш не би ја очекувале.

Наградата за најдобро сценарио ја доби Навид Михандуст за филмот „Кафе“.

Лесно е да се биде храбар во слободна земја. Но, што ако сте творец во земја каде што нема слобода на говор. Креаторот не само што раскажал одлична приказна, туку додека го снимал филмот морал да донесе храбри одлуки за неговите ликови, но и за самиот себе си, на крајот завршувајќи во затвор, стои во одлуката на жирито.

Заблагодарувајќи се за признанието, неговата сестра Неда, која ја прими наградата рече дека е мошне тешко да се стои на оваа сцена и да го претставува својот брат, кој е осуден на три години затвор и ја прочита неговата порака:

Мојот филм е обид да се зборува за едно од основните човекови права, а тоа е слободата на изразување. За жал, ова им е забрането на голем број луѓе во мојата земја. Му благодарам на жирито и на Фестивалот и оваа награда му ја посветувам на Бекташ Актим, ирански режисер и поет кој почина пред четири години во истиот овој затвор каде што се наоѓам во моментов. Се надевам дека ќе дојде ден кога ниту еден уметник во светот нема да биде во затвор поради изразување на своите верувања.

За најдобар краток филм е награден „48 часа“ на иранската режисерка Азадех Мусави, за брилијатно режиран филм кој на површината е политички, но длабоко во себе ги прикажува суптилностите и нијансите на семејните односи и родителството, но и многу вешто успева да ги премине културните граници.

Одлуката на жирито ја соопшти претседателот на жирито, Јани Бојаџи, кој рече дека исклучително лесно и брзо го завршиле жирирањето поради едноставна причина – работел со две умни жени.

Кога човек работи со поумни од него тогаш нештата секогаш се лесни и едноставни, рече Бојаџи заблагодарувајќи им се на Асемина Проедру и Дорина Оарга за одличната соработка.

Присутните ги поздрави директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ кој ова издание го нарече најдоброто досега.

Ова издание е можеби највпечатливо уште од самиот почеток со обраќањето на нашиот лауреат Улрих Зајдл кое го сметаме за манифест за сите филмски работници и уметници, воопшто. Сметам дека токму оваа година како фестивал покажавме дека заслужуваме поголема институционална поддршка и се надевам дека за следното, јубилејно десетто издание ќе добиеме поголема поддршка, рече Јовановиќ.

Уметничкиот директор Гена Теодосиевска подвлече дека бевме сведоци на едно исклучително фестивалско издание со кое покажавме и докажавме дека филмска уметност има моќ да не доближи до вистинските вредности и упорно, настојчиво да ни поставува прашања, но и да ни нуди одредени одговори.

Изборот е наш, дали тоа огледало на стварноста ќе го превртиме, не сакајќи да се погледнеме в очи или пак ќе ја надминеме моралната ерозија и ќе се осмелиме да го изговориме вистинскиот збор, и да се соочиме со предизвикот на нашата реалност. Запознавме прекрасни и драги луѓе, филмаџии кои долго ќе ги паметиме, ќе ги цитираме, ќе говориме и ќе пишуваме за нивните филмови. Тоа е непроценливо богатство. Би рекла дека сите автори на филмовите кои оваа година ги видовте, барем оние кои беа верни следачи на оваа програма, не поминуваа тивко низ нивните животи, напротив, громогласно, како во ова издание на Киненова, истакна Теодосиевска.

Селекторот на филмската програма, Игор Анѓелков рече дека е среќен што жирито, а и публиката според реакциите биле задоволни од изборот на филмовите на годинешното издание на Киненова.

Би издвоил три моменти, иако ги имаше повеќе, бидејќи на фестивалот секој ден се случуваа различни убави приказни поврзани со филмската уметноста. Првата работа што би ја издвоил е настапот на Неда Михандост, сестрата на иранскиот режисер Навид Михандост која на сцената излезе со сликата од нејзиниот брат кој во моментов е во затвор во Иран и ја прочита неговата порака од која гледаме дека тој е вљубеник во седмата уметност и дека помалку е чудно во 21 век да се случуваат вакви настани. На овој начин Киненова се приклучи на светските фестивали како Берлиенале и останатите кои даваат поддршка на филмските автори. Вториот момент е нашиот лауреат Улрих Зајдл на отворањето на фестивалот прочита еден манифест и навистина одамна не сум слушнал некој човек, некој уметник да има таков цврст изграден став во однос на слободата, односно неслободата и духот на времето во кое живееме. И третиот момент е премиерата на првниот македонски анимиран филм на отворањето на фестивалот, „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски со што навистина испишавме историја. И на крајот, но не и последно по значење, Киненова секогаш барала нови простори за презентација на филмската уметност. Оваа година се одлучивме за Кисела вода и навистина докажавме дека и ова кино може да функционира во Скопје и имавме гледачи на секоја проекција, со што уште еднаш докажавме дека Киненаова е вистинска авангарда во однос на фестивалите кај нас, рече Анѓелков.

Фестивалот се затвори со проекција на филмот „На се ќе дојде крај“ на режисерот Рајко Грлиќ, а по проекцијата пред присутните се претставија продуцентката Елена Станишева и актерот Јанко Поповиќ Волариќ.

 

The post Гран при на „Киненова“ за филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена appeared first on Република.

]]>

Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена, која на оригинален начин го доловува родовото прашање, адаптирајќи за големото платно ремек-дело на светската литература со одлична режија.
Оваа награда ја чувствувам како мост меѓу нашите земји, бидејќи уметноста може да го направи она што многу политичари не можат. Затоа ја посветувам наградата на нашиот мост и се надевам дека тој ќе не направи поблиски во иднина, рече Натена заблагодарувајќи се за наградата.
Наградата за најдобра режија ја доби хрватскиот режисер Андреј Коровљев за филмот „Хотел Пула“, за извонредната употреба на филмскиот јазик, за деликатниот начин на кој ги прикажа тешките настани и ликови од војната во поранешна Југославија, сугерирајќи дека љубовта може да постои дури и на места каде никогаш не би ја очекувале. Наградата за најдобро сценарио ја доби Навид Михандуст за филмот „Кафе“.
Лесно е да се биде храбар во слободна земја. Но, што ако сте творец во земја каде што нема слобода на говор. Креаторот не само што раскажал одлична приказна, туку додека го снимал филмот морал да донесе храбри одлуки за неговите ликови, но и за самиот себе си, на крајот завршувајќи во затвор, стои во одлуката на жирито.
Заблагодарувајќи се за признанието, неговата сестра Неда, која ја прими наградата рече дека е мошне тешко да се стои на оваа сцена и да го претставува својот брат, кој е осуден на три години затвор и ја прочита неговата порака:
Мојот филм е обид да се зборува за едно од основните човекови права, а тоа е слободата на изразување. За жал, ова им е забрането на голем број луѓе во мојата земја. Му благодарам на жирито и на Фестивалот и оваа награда му ја посветувам на Бекташ Актим, ирански режисер и поет кој почина пред четири години во истиот овој затвор каде што се наоѓам во моментов. Се надевам дека ќе дојде ден кога ниту еден уметник во светот нема да биде во затвор поради изразување на своите верувања.
За најдобар краток филм е награден „48 часа“ на иранската режисерка Азадех Мусави, за брилијатно режиран филм кој на површината е политички, но длабоко во себе ги прикажува суптилностите и нијансите на семејните односи и родителството, но и многу вешто успева да ги премине културните граници. Одлуката на жирито ја соопшти претседателот на жирито, Јани Бојаџи, кој рече дека исклучително лесно и брзо го завршиле жирирањето поради едноставна причина – работел со две умни жени.
Кога човек работи со поумни од него тогаш нештата секогаш се лесни и едноставни, рече Бојаџи заблагодарувајќи им се на Асемина Проедру и Дорина Оарга за одличната соработка.
Присутните ги поздрави директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ кој ова издание го нарече најдоброто досега.
Ова издание е можеби највпечатливо уште од самиот почеток со обраќањето на нашиот лауреат Улрих Зајдл кое го сметаме за манифест за сите филмски работници и уметници, воопшто. Сметам дека токму оваа година како фестивал покажавме дека заслужуваме поголема институционална поддршка и се надевам дека за следното, јубилејно десетто издание ќе добиеме поголема поддршка, рече Јовановиќ.
Уметничкиот директор Гена Теодосиевска подвлече дека бевме сведоци на едно исклучително фестивалско издание со кое покажавме и докажавме дека филмска уметност има моќ да не доближи до вистинските вредности и упорно, настојчиво да ни поставува прашања, но и да ни нуди одредени одговори.
Изборот е наш, дали тоа огледало на стварноста ќе го превртиме, не сакајќи да се погледнеме в очи или пак ќе ја надминеме моралната ерозија и ќе се осмелиме да го изговориме вистинскиот збор, и да се соочиме со предизвикот на нашата реалност. Запознавме прекрасни и драги луѓе, филмаџии кои долго ќе ги паметиме, ќе ги цитираме, ќе говориме и ќе пишуваме за нивните филмови. Тоа е непроценливо богатство. Би рекла дека сите автори на филмовите кои оваа година ги видовте, барем оние кои беа верни следачи на оваа програма, не поминуваа тивко низ нивните животи, напротив, громогласно, како во ова издание на Киненова, истакна Теодосиевска.
Селекторот на филмската програма, Игор Анѓелков рече дека е среќен што жирито, а и публиката според реакциите биле задоволни од изборот на филмовите на годинешното издание на Киненова.
Би издвоил три моменти, иако ги имаше повеќе, бидејќи на фестивалот секој ден се случуваа различни убави приказни поврзани со филмската уметноста. Првата работа што би ја издвоил е настапот на Неда Михандост, сестрата на иранскиот режисер Навид Михандост која на сцената излезе со сликата од нејзиниот брат кој во моментов е во затвор во Иран и ја прочита неговата порака од која гледаме дека тој е вљубеник во седмата уметност и дека помалку е чудно во 21 век да се случуваат вакви настани. На овој начин Киненова се приклучи на светските фестивали како Берлиенале и останатите кои даваат поддршка на филмските автори. Вториот момент е нашиот лауреат Улрих Зајдл на отворањето на фестивалот прочита еден манифест и навистина одамна не сум слушнал некој човек, некој уметник да има таков цврст изграден став во однос на слободата, односно неслободата и духот на времето во кое живееме. И третиот момент е премиерата на првниот македонски анимиран филм на отворањето на фестивалот, „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски со што навистина испишавме историја. И на крајот, но не и последно по значење, Киненова секогаш барала нови простори за презентација на филмската уметност. Оваа година се одлучивме за Кисела вода и навистина докажавме дека и ова кино може да функционира во Скопје и имавме гледачи на секоја проекција, со што уште еднаш докажавме дека Киненаова е вистинска авангарда во однос на фестивалите кај нас, рече Анѓелков.
Фестивалот се затвори со проекција на филмот „На се ќе дојде крај“ на режисерот Рајко Грлиќ, а по проекцијата пред присутните се претставија продуцентката Елена Станишева и актерот Јанко Поповиќ Волариќ.  

The post Гран при на „Киненова“ за филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена appeared first on Република.

]]>
Претставата „Момчето со пругасти пижами“ на Летечката театарска трупа од Тетово го доби највисокото признание гран-при „Васил Ќортошев“, на 61. издание на ДАФ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-momcheto-so-prugasti-pizhami-na-letechkata-teatarska-trupa-od-tetovo-go-dobi-najvisokoto-priznanie-gran-pri-vasil-kortoshev-na-61-izdanie-na-daf/ Mon, 27 May 2024 09:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=781989

Претставата „Момчето со пругасти пижами“ во изведба на Летечката театарска трупа од Тетово го доби највисокото признание гран-при „Васил Ќортошев“, на 61. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија (ДАФ) што се одржа во Кочани. На режисерот на истата претстава, Владимир Јованоски му припадна наградата „Боро Стојчев“ за најдобра режија.

На прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите, жири комисијата во што ја сочинуваа актерот Пеце Ристевски и режисерите Елеонора Теова и Ненад Витанов, оцени дека тетовските актери прикажале извонредна театарска игра.

-Ова е најдобрата претстава на овогодишниот ДАФ затоа што во сите театарски сегменти – актерска игра, режија и визуелен идентитет беше на највисоко ниво. Претставата одушеви со искрена енергија, исклучителна партнерска игра и не ја остави публиката рамнодушна, се истакнува во образложението на жирито.

Награда во категоријата за претстава за деца и младинци доби претставата „Валентајн, не благодарам“ во изведба на „Прва проба“ од Скопје.

Наградата за главна женска улога ја доби Веда Мавровска за улогата Живка во претставата „Сомнително лице“ во изведба на Театарската школа „Бабец“ од Битола, а за главна машка улога – Драгослав Бранковиќ за улогата Санда Аризановиќ во претставатa „Аризани“ во изведба на Аматерскиот театар „Прокупље“ од Прокупље. Награда за најдобра споредна женска улога доби Лана Басаров за улогата Лана во претставата „Тивки жртви“ во изведба на МДПЦ „Премиера“ од Велес.

Претставата „Убавицата и Ѕверот“ на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци доби награда за комплетен визуелен ефект, а за колективна игра наградена е претставата „Чернодрински се враќа дома“ во изведба на МТЦ „Зона“ од Прилеп.

На годинашново издание на ДАФ настапија 17 домашни и театарски групи од Србија, а надвор од конкуренција учествуваше Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес со претставата „Вечера за глупаци“.

The post Претставата „Момчето со пругасти пижами“ на Летечката театарска трупа од Тетово го доби највисокото признание гран-при „Васил Ќортошев“, на 61. издание на ДАФ appeared first on Република.

]]>

Претставата „Момчето со пругасти пижами“ во изведба на Летечката театарска трупа од Тетово го доби највисокото признание гран-при „Васил Ќортошев“, на 61. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија (ДАФ) што се одржа во Кочани. На режисерот на истата претстава, Владимир Јованоски му припадна наградата „Боро Стојчев“ за најдобра режија. На прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите, жири комисијата во што ја сочинуваа актерот Пеце Ристевски и режисерите Елеонора Теова и Ненад Витанов, оцени дека тетовските актери прикажале извонредна театарска игра. -Ова е најдобрата претстава на овогодишниот ДАФ затоа што во сите театарски сегменти – актерска игра, режија и визуелен идентитет беше на највисоко ниво. Претставата одушеви со искрена енергија, исклучителна партнерска игра и не ја остави публиката рамнодушна, се истакнува во образложението на жирито. Награда во категоријата за претстава за деца и младинци доби претставата „Валентајн, не благодарам“ во изведба на „Прва проба“ од Скопје. Наградата за главна женска улога ја доби Веда Мавровска за улогата Живка во претставата „Сомнително лице“ во изведба на Театарската школа „Бабец“ од Битола, а за главна машка улога – Драгослав Бранковиќ за улогата Санда Аризановиќ во претставатa „Аризани“ во изведба на Аматерскиот театар „Прокупље“ од Прокупље. Награда за најдобра споредна женска улога доби Лана Басаров за улогата Лана во претставата „Тивки жртви“ во изведба на МДПЦ „Премиера“ од Велес. Претставата „Убавицата и Ѕверот“ на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци доби награда за комплетен визуелен ефект, а за колективна игра наградена е претставата „Чернодрински се враќа дома“ во изведба на МТЦ „Зона“ од Прилеп. На годинашново издание на ДАФ настапија 17 домашни и театарски групи од Србија, а надвор од конкуренција учествуваше Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес со претставата „Вечера за глупаци“.

The post Претставата „Момчето со пругасти пижами“ на Летечката театарска трупа од Тетово го доби највисокото признание гран-при „Васил Ќортошев“, на 61. издание на ДАФ appeared first on Република.

]]>
Гран при на 12.издание на Битолино за претставата од Кипар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gran-pri-na-12-izdanie-na-bitolino-za-pretstavata-od-kipar/ Thu, 10 Aug 2023 07:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=670579

Наградата Гран При за најдобра претстава во целина, жири комисијата на 12.издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ , ја додели на претставата „Мирно! Статуата што го обиколи светот“, во режија на Костас Силвестрос, Панајотис Тофи, а во продукција на театарската група STILL! од Кипар .

Оваа година публиката имаше можност да погледне 12 претстави од 10 театри од 9 земји од светот. Фестивалот имаше 100 учесници и над 2100 посетители.

 

Битолино кој оваа година се одржуваше под мотото „Следи ја светлината“, започна со театарската работилница „Митови и легенди за Битола“ под раководство на режисерот Благојче Божиновски, а покрај наградената претстава тука беа и : претставата „Лажеш Мелита“ во режија на Драгана Милошевска Попов, во изведба на македонскиот професионален детски театар НУ „Театар за деца и младинци“ ; претставата „Срце во темнината“ во режија на Тања Лужар, во изведба на „Куклениот театар Марибор“ од Словенија; „Мил Рострос“ театарот од Мексико ја изведе куклената претстава „Малиот џин“ во режија на Ним Гардуњо, претставата-мјузикл „Исландска авантура“ во продукција на групата за изведувачки уметности „Знаци на север“ од далечниот Исланд, а во режија на Џени Лара Арносдотир. На 12-то издание на ИДТФ Битолино настапи групата од Грција, „Хипо“, кои ја изведоа претставата „Скитници“ во режија на Александрос Раптис, Фотис Доусос; тука беше о претставата „Под половина капка вода“ од Србија во продукција на „Станица – сервис за современ танц“, во режија на Јована Ракиќ Марко Милиќ, Милица Писиќ и Милена Тодоровиќ . Претставата „Каде е Фофо?“ авторскиот проект на победничката на 5-то издание на ИДТФ Битолино Рути Тамир од Израел беше дел од Битолино, како и копродукцискиот проект на Куклената организација која навистина ни треба – LOFT и Уметничка организација CLOU од Хрватска, претставата “Лила” во режија на Морана Доленц .
Членовите на детската театарска школа Бабец, ја изведоа претставата „Сомнително лице“ во режија на Јулијана Мирчевска.

Претставите оваа година секоја на свој начин го доближија театарот до децата преку: иновативното користење на просторот и начинот да се раскаже приказна за моралните вредности, потоа прекрасно визуелно доживување со употреба на нови технологии зборувајќи на теми за кои не секогаш се зборува, како аутизмот на пример, емотивна приказна со употреба на кукли или традиционална приказна со прекрасна музика и песни, потоа интерактивна претстава за подигнување на свеста за околината, екологијата и бездомните кучиња, исто така скоро хипнотичка интерактивна претстава која на непретенциозен начин го доближува современиот танц до децата, перфектна актерска изведба која преку пантомима раскажува интересна приказна и претстава за секогаш интересниот свет на кловновите кој има моќ да не однесе од другата страна на виножитото.

 

Жири комисијата оваа година беше во состав на тројца врвни уметници, основачи на новото здружение на детски театри – Македонски национален центар АСИТЕЖ: Благој Мицевски, Игор Ивковиќ и Миодраг Неќак.

„ Многу тешко е од сите наведени претстави да се избере најдобра, затоа што на овај или онај начин сите го заслужуваат тој епитет.Сепак, една претстава која ги содржи сите елементи во себе, некако ја олесна нашата работа, почнувајки од извонредната идеја и приказна, перфектната режија и кореографија, извонредните актерски изведби, во живо изведената музика , сценографијата костимите и посебно видео дизајнот што постојано создаваа магија на сцена, успеа да создадат претстава спектакл, каков што до сега не сме виделе. Со интернационален измислен јазик ги освои срцата на публиката и гласовите на жириото. Сигурно погодувате дека станува збор за претставата Мирно,статуата што го обиколи светот на гостите од Кипар.
Со други зборови она што е добра претстава добра е за сите возрасти. Во мое име и името на уште двата членови на жирито ви благодарам за довербата и се гледаме идната година“, ни изјави претседателот на жирито, костимографот Благој Мицевски.
Тој се заблагодари до организаторите.

 

„ Би сакал веднаш да им се заблагодарам на Јулијана и Васко и организаторот Бабец Театар како и на сите што помогнаа фестивалот да се одржи и што го донесоа светот во Битола. На вас драга публико, за огромната поддршка и интерактивност, со што уште еднаш докажавте колку многу на Битола му недостасува простор за детски театар и претстави за деца, затоа што така се создава нашата идна публика“.

Наградата на гостите од Кипар ќе им биде врачена на состанокот на асоцијацијата на театри за деца Аситеж на состанокот во Белград во Ноември.
Фестивалот се одржа на сцените на НУ Центар за култура Битола, а дел од настаните надвор од натпреварувачката конкуренција се одржаа на сцената на НУ Народен театар Битола.

The post Гран при на 12.издание на Битолино за претставата од Кипар appeared first on Република.

]]>

Наградата Гран При за најдобра претстава во целина, жири комисијата на 12.издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ , ја додели на претставата „Мирно! Статуата што го обиколи светот“, во режија на Костас Силвестрос, Панајотис Тофи, а во продукција на театарската група STILL! од Кипар .
Оваа година публиката имаше можност да погледне 12 претстави од 10 театри од 9 земји од светот. Фестивалот имаше 100 учесници и над 2100 посетители.   Битолино кој оваа година се одржуваше под мотото „Следи ја светлината“, започна со театарската работилница „Митови и легенди за Битола“ под раководство на режисерот Благојче Божиновски, а покрај наградената претстава тука беа и : претставата „Лажеш Мелита“ во режија на Драгана Милошевска Попов, во изведба на македонскиот професионален детски театар НУ „Театар за деца и младинци“ ; претставата „Срце во темнината“ во режија на Тања Лужар, во изведба на „Куклениот театар Марибор“ од Словенија; „Мил Рострос“ театарот од Мексико ја изведе куклената претстава „Малиот џин“ во режија на Ним Гардуњо, претставата-мјузикл „Исландска авантура“ во продукција на групата за изведувачки уметности „Знаци на север“ од далечниот Исланд, а во режија на Џени Лара Арносдотир. На 12-то издание на ИДТФ Битолино настапи групата од Грција, „Хипо“, кои ја изведоа претставата „Скитници“ во режија на Александрос Раптис, Фотис Доусос; тука беше о претставата „Под половина капка вода“ од Србија во продукција на „Станица – сервис за современ танц“, во режија на Јована Ракиќ Марко Милиќ, Милица Писиќ и Милена Тодоровиќ . Претставата „Каде е Фофо?“ авторскиот проект на победничката на 5-то издание на ИДТФ Битолино Рути Тамир од Израел беше дел од Битолино, како и копродукцискиот проект на Куклената организација која навистина ни треба – LOFT и Уметничка организација CLOU од Хрватска, претставата “Лила” во режија на Морана Доленц . Членовите на детската театарска школа Бабец, ја изведоа претставата „Сомнително лице“ во режија на Јулијана Мирчевска. Претставите оваа година секоја на свој начин го доближија театарот до децата преку: иновативното користење на просторот и начинот да се раскаже приказна за моралните вредности, потоа прекрасно визуелно доживување со употреба на нови технологии зборувајќи на теми за кои не секогаш се зборува, како аутизмот на пример, емотивна приказна со употреба на кукли или традиционална приказна со прекрасна музика и песни, потоа интерактивна претстава за подигнување на свеста за околината, екологијата и бездомните кучиња, исто така скоро хипнотичка интерактивна претстава која на непретенциозен начин го доближува современиот танц до децата, перфектна актерска изведба која преку пантомима раскажува интересна приказна и претстава за секогаш интересниот свет на кловновите кој има моќ да не однесе од другата страна на виножитото.   Жири комисијата оваа година беше во состав на тројца врвни уметници, основачи на новото здружение на детски театри – Македонски национален центар АСИТЕЖ: Благој Мицевски, Игор Ивковиќ и Миодраг Неќак. „ Многу тешко е од сите наведени претстави да се избере најдобра, затоа што на овај или онај начин сите го заслужуваат тој епитет.Сепак, една претстава која ги содржи сите елементи во себе, некако ја олесна нашата работа, почнувајки од извонредната идеја и приказна, перфектната режија и кореографија, извонредните актерски изведби, во живо изведената музика , сценографијата костимите и посебно видео дизајнот што постојано создаваа магија на сцена, успеа да создадат претстава спектакл, каков што до сега не сме виделе. Со интернационален измислен јазик ги освои срцата на публиката и гласовите на жириото. Сигурно погодувате дека станува збор за претставата Мирно,статуата што го обиколи светот на гостите од Кипар. Со други зборови она што е добра претстава добра е за сите возрасти. Во мое име и името на уште двата членови на жирито ви благодарам за довербата и се гледаме идната година“, ни изјави претседателот на жирито, костимографот Благој Мицевски. Тој се заблагодари до организаторите.   „ Би сакал веднаш да им се заблагодарам на Јулијана и Васко и организаторот Бабец Театар како и на сите што помогнаа фестивалот да се одржи и што го донесоа светот во Битола. На вас драга публико, за огромната поддршка и интерактивност, со што уште еднаш докажавте колку многу на Битола му недостасува простор за детски театар и претстави за деца, затоа што така се создава нашата идна публика“. Наградата на гостите од Кипар ќе им биде врачена на состанокот на асоцијацијата на театри за деца Аситеж на состанокот во Белград во Ноември. Фестивалот се одржа на сцените на НУ Центар за култура Битола, а дел од настаните надвор од натпреварувачката конкуренција се одржаа на сцената на НУ Народен театар Битола.

The post Гран при на 12.издание на Битолино за претставата од Кипар appeared first on Република.

]]>
„Ричард Трети“ на Дејан Пројковски освои Гран при на 35. Фестивал на унгарски театари https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/richard-treti-na-dejan-projkovski-osvoi-gran-pri-na-35-festival-na-ungarski-teatari/ Sun, 02 Jul 2023 13:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=657450

Претставата „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во изведба на Новосадскиот театар која ја режираше Македонецот Дејан Пројковски освои Гран при на 35. Фестивал на унгарски театри што се одржа во Кишварада, Унгарија.

Актерот Арпад Месарош за насловната улога ја доби наградата за најдобра машка улога за насловната улога.

Наградата за најдобра претстава ја доделува Министерството за култура и иновации на Унгарија.

Актерската екипа ја гради играта околу насловниот лик во изедначен стил и со колективна енергија. Визуелниот свет и музиката создаваат впечаток за епоха што ја ослободува целата човечка невоздржаност.

Освен Пројковски, во нејзиното создавање учествуваат повеќе театарски уметници од Македонија. За сценографијата се погрижија Валентин и Сергеј Светозареви, музиката е на Горан Трајкоски, а кореографијата – на Олга Панго.

The post „Ричард Трети“ на Дејан Пројковски освои Гран при на 35. Фестивал на унгарски театари appeared first on Република.

]]>

Претставата „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во изведба на Новосадскиот театар која ја режираше Македонецот Дејан Пројковски освои Гран при на 35. Фестивал на унгарски театри што се одржа во Кишварада, Унгарија. Актерот Арпад Месарош за насловната улога ја доби наградата за најдобра машка улога за насловната улога. Наградата за најдобра претстава ја доделува Министерството за култура и иновации на Унгарија. Актерската екипа ја гради играта околу насловниот лик во изедначен стил и со колективна енергија. Визуелниот свет и музиката создаваат впечаток за епоха што ја ослободува целата човечка невоздржаност. Освен Пројковски, во нејзиното создавање учествуваат повеќе театарски уметници од Македонија. За сценографијата се погрижија Валентин и Сергеј Светозареви, музиката е на Горан Трајкоски, а кореографијата – на Олга Панго.

The post „Ричард Трети“ на Дејан Пројковски освои Гран при на 35. Фестивал на унгарски театари appeared first on Република.

]]>
Доделени наградите на ИФДТ „Игор Маџиров“: Гран при за „Тивкото момче“ на Театарот за деца и млади од Крагуевац https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dodeleni-nagradite-na-ifdt-igor-madzirov-gran-pri-za-tivkoto-momche-na-teatarot-za-deca-i-mladi-od-kraguevac/ Tue, 04 Oct 2022 19:24:21 +0000 https://republika.mk/?p=557408

Во салонот на Театар за деца и младинци – Скопје денеска и официјално заврши првото издание на Интернацаионалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ 2022. Стручната жири комисија во состав: Диана Кржаниќ Тепавац, актерка, театарски педагог и претседател на АСИТЕЖ, Србија, во својство на претседател на жирито, заедно со членовите Благој Чоревски, актер и режисерката Драгана Милошевски Попов, главната Гран при награда ја додели на претставата „Тивкото момче“ во изведба на Театарот за деца и млади од Крагуевац.

Жирито оваа претстава ја гледа како комплетен уметнички чин што храбро отвора чувствителни теми, користејќи внимателно избран театарски јазик, лесно препознатлив и прифатлив од публиката, се наведува во одлуката.

Жирито додели и две специјални награди и тоа за претставата „Жирафа“ на театарот „Хоп сињор“ од Атина за исклучителната креација, изработка, водење и анимација на куклите и за комплетната естетика и театарскиот израз во претставата. „Жирафа“ ја понесе и наградата за најдобра сценографија, затоа што како што вели жирито, со минимални средства оваа претстава остварува силни визуелни импресии и отвора простор за детската фантазија.

Покрај нив, жирито додели уште една специјална награда на претставата „Авантурите на малиот Ју“, за колективната актерска игра и извонредното користење на сценските елементи направени од природни материјали како и за изведбата и употребата на музичките инструменти во истата. Оваа претстава се закити уште и со Наградата за најдобра режија на Рената Карола Гатица.

Наградата за најдобра машка улога му припадна на актерот Марко Хергешиќ, за улогата во претставата „Авантурите на баронот Минхаузен“, на театарот „Жар птица“ од Загреб за исклучителната ролја која пленеше со одлична актерска изведба допадлива за секое дете. Истата претстава ја освои и наградата за најдобра костимографија на авторката Џениса Пецотиќ.

Наградата за најдобра женска улога ѝ припадна на актерката Јулијана Мирчевска, за улогата на Марика во претставата „Јованче и Марика“ во изведба на театарот „Бабец“ од Битола.

Првото издание на фестивалот „Игор Маџиров“ се одржа од 30. септември до 4. октомври 2022 година и на него учествуваа девет претстави од неколку земји во Европа.

The post Доделени наградите на ИФДТ „Игор Маџиров“: Гран при за „Тивкото момче“ на Театарот за деца и млади од Крагуевац appeared first on Република.

]]>

Во салонот на Театар за деца и младинци – Скопје денеска и официјално заврши првото издание на Интернацаионалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ 2022. Стручната жири комисија во состав: Диана Кржаниќ Тепавац, актерка, театарски педагог и претседател на АСИТЕЖ, Србија, во својство на претседател на жирито, заедно со членовите Благој Чоревски, актер и режисерката Драгана Милошевски Попов, главната Гран при награда ја додели на претставата „Тивкото момче“ во изведба на Театарот за деца и млади од Крагуевац.
Жирито оваа претстава ја гледа како комплетен уметнички чин што храбро отвора чувствителни теми, користејќи внимателно избран театарски јазик, лесно препознатлив и прифатлив од публиката, се наведува во одлуката.
Жирито додели и две специјални награди и тоа за претставата „Жирафа“ на театарот „Хоп сињор“ од Атина за исклучителната креација, изработка, водење и анимација на куклите и за комплетната естетика и театарскиот израз во претставата. „Жирафа“ ја понесе и наградата за најдобра сценографија, затоа што како што вели жирито, со минимални средства оваа претстава остварува силни визуелни импресии и отвора простор за детската фантазија. Покрај нив, жирито додели уште една специјална награда на претставата „Авантурите на малиот Ју“, за колективната актерска игра и извонредното користење на сценските елементи направени од природни материјали како и за изведбата и употребата на музичките инструменти во истата. Оваа претстава се закити уште и со Наградата за најдобра режија на Рената Карола Гатица. Наградата за најдобра машка улога му припадна на актерот Марко Хергешиќ, за улогата во претставата „Авантурите на баронот Минхаузен“, на театарот „Жар птица“ од Загреб за исклучителната ролја која пленеше со одлична актерска изведба допадлива за секое дете. Истата претстава ја освои и наградата за најдобра костимографија на авторката Џениса Пецотиќ. Наградата за најдобра женска улога ѝ припадна на актерката Јулијана Мирчевска, за улогата на Марика во претставата „Јованче и Марика“ во изведба на театарот „Бабец“ од Битола. Првото издание на фестивалот „Игор Маџиров“ се одржа од 30. септември до 4. октомври 2022 година и на него учествуваа девет претстави од неколку земји во Европа.

The post Доделени наградите на ИФДТ „Игор Маџиров“: Гран при за „Тивкото момче“ на Театарот за деца и млади од Крагуевац appeared first on Република.

]]>