Грамадата на пристаништето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gramadata-na-pristanishteto/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Feb 2024 08:18:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Грамадата на пристаништето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gramadata-na-pristanishteto/ 32 32 Промоција на „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-gramadata-na-pristanishteto-od-slovenechkiot-pisatel-boris-pahor/ Tue, 13 Feb 2024 08:18:55 +0000 https://republika.mk/?p=743468

Збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор (1913 – 2022) вечер ќе биде промовирана во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Делото го издаде Издавачката куќа „Арс Ламина“. Промоцијата е во рамки на четвртото издание на фестивалот „Денови на литературата“, што се одржува од 6 до 20 февруари.

На промоцијата ќе се обратат Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, која го истражува творештвото на Пахор и авторка на поговорот во македонското издание на расказите „Грамадата на пристаништето“, преведувачот од словенечки јазик Дарко Спасов и уредничката Бисера Бендевска, во улога на модератор на разговорот.

„Грамадата на пристаништето“ првпат е објавена во 1972 година во Љубљана и главно била наменета за средношколци и студенти, со многубројни белешки што би им користеле на помладите читатели. Во збирката се застапени шест раскази: „Грамадата на пристаништето“, „Пеперуга на закачалката“, „Бродолом“, „Цвеќе за лепрозниот“, „Ориент експрес“ и „Непоимливото прашање“.

Борис Пахор е еден од најважните и најпреведуваните словенечки писатели. Неговите дела се преведени на македонски, француски, германски, српски, хрватски, унгарски, англиски, шпански, италијански, каталонски, фински и есперанто. Најпознат е по автобиографскиот роман „Некропола“, за животот во концентрациониот логор Нацвајлер-Штрутхоф.

The post Промоција на „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор appeared first on Република.

]]>

Збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор (1913 – 2022) вечер ќе биде промовирана во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Делото го издаде Издавачката куќа „Арс Ламина“. Промоцијата е во рамки на четвртото издание на фестивалот „Денови на литературата“, што се одржува од 6 до 20 февруари. На промоцијата ќе се обратат Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, која го истражува творештвото на Пахор и авторка на поговорот во македонското издание на расказите „Грамадата на пристаништето“, преведувачот од словенечки јазик Дарко Спасов и уредничката Бисера Бендевска, во улога на модератор на разговорот. „Грамадата на пристаништето“ првпат е објавена во 1972 година во Љубљана и главно била наменета за средношколци и студенти, со многубројни белешки што би им користеле на помладите читатели. Во збирката се застапени шест раскази: „Грамадата на пристаништето“, „Пеперуга на закачалката“, „Бродолом“, „Цвеќе за лепрозниот“, „Ориент експрес“ и „Непоимливото прашање“. Борис Пахор е еден од најважните и најпреведуваните словенечки писатели. Неговите дела се преведени на македонски, француски, германски, српски, хрватски, унгарски, англиски, шпански, италијански, каталонски, фински и есперанто. Најпознат е по автобиографскиот роман „Некропола“, за животот во концентрациониот логор Нацвајлер-Штрутхоф.

The post Промоција на „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор appeared first on Република.

]]>