граѓански суд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/graganski-sud/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 11:40:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png граѓански суд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/graganski-sud/ 32 32 Чекајќи судење: Адвокат утрово почина во Граѓанскиот суд во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chekajki-sudene-advokat-utrovo-pochina-vo-graganskiot-sud-vo-skopje/ Thu, 16 May 2024 11:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=778811

Адвокатот Јанаки Митровски на својот фејсбук профил сподели дека негов колега, адвокат, починал денеска во Граѓанскиот суд во Скопје.

Бев сведок на исклучително непријатна ситуација. Чекајки судење на прв спрат во скопскиот Граѓански суд во девет наутро, одеднаш се слушна силен тресок, и колега адвокат падна на земја пред мои очи. Притрчавме повеќе луѓе, го полија со вода, но колегата помодре на ликот и не даваше значи на живот. Друг колега не можеше да му најде пулс. Викнаа брза помош која, секоја чест, дојде за шест минути, но за жал не успеаа да го реанимираат и човекот си почина на работното место. Лесна му земја, порача Митровски.

Навистина сакам да алармирам, мимо сите гнусни стереотипи околу адвокатурата, дека се работи за исклучително стресна професија која секојдневно зема данок. Баталете ги предрасудите дека отвараш канцеларија и пари врнат, реалноста е дијаметрално спротивна и адвокатскиот леб е многу горчлив. Воедно сакам и да апелирам на постарите колеги и колешки (починатиот колега имаше 68-70 години) дека нема потреба да се работи до смрт. Лично немам никаква намера да работам адвокатура после моите педесет и две-три години, додава Митровски.

Додаде дека премногу се вознемирил, и упати сочуство до семејството на починатиот колега.

The post Чекајќи судење: Адвокат утрово почина во Граѓанскиот суд во Скопје appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Јанаки Митровски на својот фејсбук профил сподели дека негов колега, адвокат, починал денеска во Граѓанскиот суд во Скопје. Бев сведок на исклучително непријатна ситуација. Чекајки судење на прв спрат во скопскиот Граѓански суд во девет наутро, одеднаш се слушна силен тресок, и колега адвокат падна на земја пред мои очи. Притрчавме повеќе луѓе, го полија со вода, но колегата помодре на ликот и не даваше значи на живот. Друг колега не можеше да му најде пулс. Викнаа брза помош која, секоја чест, дојде за шест минути, но за жал не успеаа да го реанимираат и човекот си почина на работното место. Лесна му земја, порача Митровски. Навистина сакам да алармирам, мимо сите гнусни стереотипи околу адвокатурата, дека се работи за исклучително стресна професија која секојдневно зема данок. Баталете ги предрасудите дека отвараш канцеларија и пари врнат, реалноста е дијаметрално спротивна и адвокатскиот леб е многу горчлив. Воедно сакам и да апелирам на постарите колеги и колешки (починатиот колега имаше 68-70 години) дека нема потреба да се работи до смрт. Лично немам никаква намера да работам адвокатура после моите педесет и две-три години, додава Митровски. Додаде дека премногу се вознемирил, и упати сочуство до семејството на починатиот колега.

The post Чекајќи судење: Адвокат утрово почина во Граѓанскиот суд во Скопје appeared first on Република.

]]>
Основен граѓански суд Скопје доби осум нови судии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osnoven-graganski-sud-skopje-dobi-osum-novi-sudii/ Fri, 01 Sep 2023 09:09:12 +0000 https://republika.mk/?p=677831

Основниот граѓански суд Скопје денеска доби осум нови судии. Судиите Кристијан Митревски, Симона Бубевска Муцунски, Лилјана Костојчиноска, Драган Петрушевски, Маја Каталиниќ, Андреа Апостоловска Малиноска, Машкули Пајтин и Јованов Јордан, потпишаа свечени изјави во Судскиот совет.

Свечена изјава претходно потпишаа седум судии во Основен кривичен суд Скопје. Остануваат уште изјавите на новоизбраните судии во Основните судови во Битола, Струмица и Тетово.

The post Основен граѓански суд Скопје доби осум нови судии appeared first on Република.

]]>

Основниот граѓански суд Скопје денеска доби осум нови судии. Судиите Кристијан Митревски, Симона Бубевска Муцунски, Лилјана Костојчиноска, Драган Петрушевски, Маја Каталиниќ, Андреа Апостоловска Малиноска, Машкули Пајтин и Јованов Јордан, потпишаа свечени изјави во Судскиот совет. Свечена изјава претходно потпишаа седум судии во Основен кривичен суд Скопје. Остануваат уште изјавите на новоизбраните судии во Основните судови во Битола, Струмица и Тетово.

The post Основен граѓански суд Скопје доби осум нови судии appeared first on Република.

]]>