графит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grafit/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Aug 2023 16:55:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png графит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grafit/ 32 32 Патот Берово – Струмица разубавен со мурал на Даме Груев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/patot-berovo-strumitsa-razubaven-so-mural-na-dame-gruev/ Sat, 26 Aug 2023 18:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=676140

Мурал со ликот на револуционерот Даме Груев отсега ќе го краси еден од потпорните ѕидовите на регионалниот пат Берово - Струмица. Изработката е дело на графитчии од Берово, кои подолги време се занимаат со оваа уметност, а главни карактеристики и теми на нивните уметнички изработки се базираат на патриотизмот, љубовта кон татковината и  емпатијата на градот Берово.

Со ова сакаме да испратиме порака за почитување на нашите херои и вредности кои се од исконско значење и треба секој да ги вреднува. Како млади уметници сакаме да искажеме почит кон нашите историски вредности и личности и да ги вреднуваме нивните дела. Ова е само еден мал дел за почит кон нив, а ликот на нашиот херој Даме Груев го овековечивме за да сведочи како личност која е од огромно значење за Берово, Малешевијата и за целата држава, велат беровските уметници за нивното дело.

Тие најавуваат дека и во иднина ќе презентираат вакви дела за достоинството и делата на македонските херои.

Воедно сакаме да изразиме и револт спрема моменталната ситуација со форсирање на турбо фолкот и кичот во Берово и сите други места во Македонија, кој ја уништи чаршијата и самиот град. Се спротивставуваме на погрешните вредности на рѓосани странски и секакви култури кои ни се наметнуваат, додаваат беровските графитчии.

Тие апелираат секогаш предизвик за младите да биде богата македонска култура и традиција, која посебно помеѓу младите е заборавена. 

The post Патот Берово – Струмица разубавен со мурал на Даме Груев appeared first on Република.

]]>