За два месеци Македонија ќе добие нов автопат. Делницата Прилеп – Градско ќе биде завршена до Нова година и целата ќе биде оперативна. Ќе може да се вози по нов експресен пат со два тунела со брзина од 110 – 130 километри на час.
„Република“ извозе долж делницата и е увери дека работите привршуваат. Се поставуваат патоказите за влезовите и излезите, таблите за ограничување на брзината и заштитната ограда.
Со ова ќе се скрати патувањето кон Прилеп и нема да се минува низ клисурата кај Дреново која зиме знае да биде опасна за возење.
Ова ќе биде прва делница пуштена во употреба од доаѓањето на новата власт. Како што најави министерот за транспорт Александар Николоски, автопатот Кичево-Охрид треба да биде готов до крајот на 2026 година, а вчера беше означен стартот на изградбата на автопатот Гостивар-Кичево со што ќе се избегне превојот Стража.
The post На делницата Градско-Прилеп ѝ се гледа крајот, ќе биде готова до Нова година appeared first on Република.
]]>The post На делницата Градско-Прилеп ѝ се гледа крајот, ќе биде готова до Нова година appeared first on Република.
]]>Поголема динамика во изградбата и запазување на роковите побара директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски од изведувачите и надзорите при денешниот увид во изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, првата фаза Градско-Фариш и втората фаза Фариш-Дреново, со цел подетално запознавање со текот на градбата.
Како што информираат од ЈПДП, од изведувачите и надзорите над градбата на експресниот пат Трајановски бил запознаен со моменталната состојба и со предизвиците пред кои се исправени за нивно надминување за запазување на предвидениот рок на изградба кој истекува кон крајот на годината.
-Директорот Трајановски од инженерите беше известен дека процентот на реализација на првата делница е 95, а на втората делница 85 отсто. Вкупната должина, пак, на експресниот пат е 26 километри. На првата делница Градско-Дреново, изведувач на работите е Штрабаг, а надзор е ЕГИС, а на втората делница Дреново–Фариш, изведувач на работите е СИНОХИДРО и надзор се ГЕИНГ и ЕВРО КОНСАЛТИНГ, прецизираат од ЈПДП.
Во моментов, како што посочуваат, првата делница е речиси готова, потребно е уште да се постави заштитна одбојна ограда, како и санација на една косина. На втората делница веќе се целосно пробиени двете цевки на тунелот, изведени се бетонските работи на тунелот, се санираат косините, се врши асфалтирање, а се гради и еден кружен тек на постојниот пат (кај клучка Дреново), како и изведба на други тековни градежни работи согласно со Проектната документација.
-Коридорот 10д е еден од најзначајните патни правци во државата бидејќи низ него дневно поминуваат околу 6.000 возила од сите категории и многу товарни возила. Токму од овие причини посветуваме внимание на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново со кој значително ќе се олесни протокот на сообраќај, а со завршувањето на изградбата значително ќе се скрати и времето на патување од Градско кон Прилеп и Битола, велат од ЈПДП.
The post Градско-Фариш e 95% готов, а Фариш-Дреново 85 appeared first on Република.
]]>The post Градско-Фариш e 95% готов, а Фариш-Дреново 85 appeared first on Република.
]]>Од 1 август се засилуваат градежните работи на експресниот пат Градско - Прилеп. Застојот од неработењето од година и половина е надминат и до крај на годината граѓаните ќе можат да возат по нов модерен пат од Градско до Дреново, најави заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Како што истакна Николоски, причината за застојот за изградба на првата фаза од овој патен превец е фактот што во изминатата година и половина, Министерството за траспорт и ЈП за државни патишта не номинарале членови на Комисија која во соработка со ЕУ требало да работи на надминување на техничките и административни проблеми во изградба на овој дел од експресниот пат.
После година и половина јас веднаш ја формирав Комисијата. Таа веќе почна да работи и тоа што е најважно веќе од август ќе се засилат работите на терен се со цел во декември да се заврши оваа 1 фаза и да се вози по нов пат од Градско до Дреново. Во однос на втората фаза од Дреново до Фариш, таа практично е најтешката фаза за што имавме состанок до Синохидро и таму ги придвиживме работите. Реално е за очекување веќе во април месец следната година и таа фаза да биде завршена и да се стави во сообраќај, изјави министерот Николоски.
Според министерот Николоски, од следната година ќе започне да се работи на проект за проширување на превојот Плетвар, во делови каде што недостасува трета лента, се со цел до крај на 2026 година целиот експресeн пат од Градско до Прилеп да биде функционален.
The post До крај на годината ќе се вози по нов пат од Градско до Дреново appeared first on Република.
]]>После година и половина јас веднаш ја формирав Комисијата. Таа веќе почна да работи и тоа што е најважно веќе од август ќе се засилат работите на терен се со цел во декември да се заврши оваа 1 фаза и да се вози по нов пат од Градско до Дреново. Во однос на втората фаза од Дреново до Фариш, таа практично е најтешката фаза за што имавме состанок до Синохидро и таму ги придвиживме работите. Реално е за очекување веќе во април месец следната година и таа фаза да биде завршена и да се стави во сообраќај, изјави министерот Николоски.Според министерот Николоски, од следната година ќе започне да се работи на проект за проширување на превојот Плетвар, во делови каде што недостасува трета лента, се со цел до крај на 2026 година целиот експресeн пат од Градско до Прилеп да биде функционален.
The post До крај на годината ќе се вози по нов пат од Градско до Дреново appeared first on Република.
]]>Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста. Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои што слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово - изјави денеска Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Тој додава:
Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат.
Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија.
На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија.
https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-i-bochvarski-vozea-po-patot-gradsko-prilep-koj-ushte-ne-e-zavrshen-delnitsata-trebashe-da-bide-gotova-vo-2019-godina/
The post Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај appeared first on Република.
]]>Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат. Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија. На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија.https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-i-bochvarski-vozea-po-patot-gradsko-prilep-koj-ushte-ne-e-zavrshen-delnitsata-trebashe-da-bide-gotova-vo-2019-godina/
The post Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај appeared first on Република.
]]>Магистралниот пат Градско - Прилеп е пуштен за сообраќај по тешката сообраќајка кај Росоман, во која загинаа две, а тешко беа повредени три лица, информираа попладнево од МВР.
Патот беше затворен за сообраќај поради увид на местото на сообраќајната несреќа и сите што транзитираа во тој дел на државата, наместо преку Росоман, патуваа преку Кавадарци.
Како што претходно информираше МВР, околу 06.30 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Росоман, кај место викано „Камен дол“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(55) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(61) од Свети Николе.
Малку подоцна на истото место, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(55) од Свети Николе, удрило во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(52) од Скопје, кое претходно излегло од коловозот за да ги избегне двете возилата кои учествувале во несреќата, соопштија од МВР.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Ѓ. и сопатничката во возилото „голф“, С.С.(55) од Свети Николе, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Со тешки телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и С.С., како и сопатничка во возилото „матиз“, О.С.(54) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кавадарци.
The post Патот Градско-Прилеп пуштен за сообраќај по тешката сообраќајка утрово кај Росоман appeared first on Република.
]]>Малку подоцна на истото место, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(55) од Свети Николе, удрило во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(52) од Скопје, кое претходно излегло од коловозот за да ги избегне двете возилата кои учествувале во несреќата, соопштија од МВР.Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Ѓ. и сопатничката во возилото „голф“, С.С.(55) од Свети Николе, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Со тешки телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и С.С., како и сопатничка во возилото „матиз“, О.С.(54) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кавадарци.
The post Патот Градско-Прилеп пуштен за сообраќај по тешката сообраќајка утрово кај Росоман appeared first on Република.
]]>„Пробиена левата тунелска цевка на тунелот Фариш, честитки до изведувачот и до сите учесници во изведбата на овој не така едноставен машински зафат на втората делница од експресниот пат Градско – Прилеп,“ изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Вредноста за изградба на втората делница од Дреново до Фариш изнесува повеќе од 33 милиони евра, а само за тунелот се инвестираат 5,7 милиони евра. Министерот истакна дека динамиката на изградба на оваа делница, но и генерално на целата траса од експресниот пат Градско – Прилеп се одвива со силно темпо.
Тунелот Фариш се наоѓа на најтешкиот дел од трасата и претставува еден од најкарактеристичните инфраструктурни објекти на овој нов патен правец. Задоволен сум од изградбата на тунелот и генерално од динамиката со која се гради експресниот пат кон Прилеп бидејќи знаеме од какво значење е за целата држава, а најмногу за жителите на Пелагонискиот регион. Градежните активности течат онака како што ветивме. Сите проблеми се веќе зад нас, компаниите изведувачи имаат чист терен за работа. Средствата за изградба на овој експресен патен правец се обезбедени во целост и не постои ризик од запирање на неговата реализација, изјави министерот Бочварски.
Првата делница од Градско до Дреново се гради со силно темпо и очекуваме роковите да бидат запазени, истакна директорот на ЈП за државни патишта Рустеми. Тој извести за техничките карактеристики на тунелот Фариш и информираше дека набрзо почнуваат градежните активности и на десната тунелска цевка.
Oчекуваме рокот да биде запазен бидејќи Изведувачот е комплетно мобилизиран и ги има сите потребни ресурси во кадар, работна сила, механизација и опрема. Ова ќе биде 14-тиот тунел на патиштата во државата. Територијата на Република Македонија 85,5 проценти е планинска и е седма земја во светот на листата на топ 10 најпланински земји според процентот од вкупната територија. А сите ние сме свесни колку е тешко да се гради на планинска територија. Токму таков е и овој дел и на само 10 километри растојание во овој појас се градат тунели, мостови, подвозници, клучка, вијадукт и други објекти. За овие 10.2 километри издвоивме 33,3 милиони евра средства обезбедени од ЕБОР, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.
The post Пробиен еден од двата тунели на експресниот пат Градско – Прилеп appeared first on Република.
]]>Тунелот Фариш се наоѓа на најтешкиот дел од трасата и претставува еден од најкарактеристичните инфраструктурни објекти на овој нов патен правец. Задоволен сум од изградбата на тунелот и генерално од динамиката со која се гради експресниот пат кон Прилеп бидејќи знаеме од какво значење е за целата држава, а најмногу за жителите на Пелагонискиот регион. Градежните активности течат онака како што ветивме. Сите проблеми се веќе зад нас, компаниите изведувачи имаат чист терен за работа. Средствата за изградба на овој експресен патен правец се обезбедени во целост и не постои ризик од запирање на неговата реализација, изјави министерот Бочварски.Првата делница од Градско до Дреново се гради со силно темпо и очекуваме роковите да бидат запазени, истакна директорот на ЈП за државни патишта Рустеми. Тој извести за техничките карактеристики на тунелот Фариш и информираше дека набрзо почнуваат градежните активности и на десната тунелска цевка.
Oчекуваме рокот да биде запазен бидејќи Изведувачот е комплетно мобилизиран и ги има сите потребни ресурси во кадар, работна сила, механизација и опрема. Ова ќе биде 14-тиот тунел на патиштата во државата. Територијата на Република Македонија 85,5 проценти е планинска и е седма земја во светот на листата на топ 10 најпланински земји според процентот од вкупната територија. А сите ние сме свесни колку е тешко да се гради на планинска територија. Токму таков е и овој дел и на само 10 километри растојание во овој појас се градат тунели, мостови, подвозници, клучка, вијадукт и други објекти. За овие 10.2 километри издвоивме 33,3 милиони евра средства обезбедени од ЕБОР, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.
The post Пробиен еден од двата тунели на експресниот пат Градско – Прилеп appeared first on Република.
]]>Советникот во Општина Росоман од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Павле Димов, во изјава за медиуми го потсети министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски што има ветувано во Сирково, дека токму тоа село ќе добие клучка за експресниот пат Градско - Прилеп.
Се наоѓаме точно на местото во Сирково, точно на ова место се случи и најголемата лага што ни ја кажа министерот Бочварски од Скопје. Тој беше тука заедно со својата делегација и изведувачот на градежните оперативи. Токму на ова место ни беше ветувано дека ќе има приклучок. Министерот дојде на лице место, го разгледа теренот и кажа дека е погодно за таква работа. Дури и рече ќе дојдам со комплетна документација да ви кажам да го почнеме проектот. Но, тоа не се случи. Го чекаме околу 2-3 месеци, иако тој рече за две –три недели ќе дојде тука - истакна Димов.
Тој додаде дека претходно кога ја активирале блокадата за два дена поточно на 30-ти март биле повикани во Скопје, во министерство за транспорт, кај што министерот рекол дека од клучката нема да се случи. И им ветил алтернативно решение пат од 6 метри до клучката на Крушевица, но таа нема да е нефункционална за никого.
Ние имавме две барања, првото беше приклучок на брзиот пат Градско - Прилеп. И второто барање ни беше овој пат што оди од Росоман до Сирково и од бензинската до Сирково комплетно да се преасфалтира бидејќи ние гo дадовме во комплетно нова состојба.
Ние санација не прифаќаме. Значи оттука би ги повикал надлежните од Општината да го повикаат министерот да дојде бидејќи ние од први јули повторно ќе го активираме овој штрајк - нагласи Димов
The post Димов: Ако Бочварски не ги исполни ветувањата за експресниот пат Градско – Прилеп, од први јули го активираме штрајкот appeared first on Република.
]]>Се наоѓаме точно на местото во Сирково, точно на ова место се случи и најголемата лага што ни ја кажа министерот Бочварски од Скопје. Тој беше тука заедно со својата делегација и изведувачот на градежните оперативи. Токму на ова место ни беше ветувано дека ќе има приклучок. Министерот дојде на лице место, го разгледа теренот и кажа дека е погодно за таква работа. Дури и рече ќе дојдам со комплетна документација да ви кажам да го почнеме проектот. Но, тоа не се случи. Го чекаме околу 2-3 месеци, иако тој рече за две –три недели ќе дојде тука - истакна Димов.Тој додаде дека претходно кога ја активирале блокадата за два дена поточно на 30-ти март биле повикани во Скопје, во министерство за транспорт, кај што министерот рекол дека од клучката нема да се случи. И им ветил алтернативно решение пат од 6 метри до клучката на Крушевица, но таа нема да е нефункционална за никого.
Ние имавме две барања, првото беше приклучок на брзиот пат Градско - Прилеп. И второто барање ни беше овој пат што оди од Росоман до Сирково и од бензинската до Сирково комплетно да се преасфалтира бидејќи ние гo дадовме во комплетно нова состојба. Ние санација не прифаќаме. Значи оттука би ги повикал надлежните од Општината да го повикаат министерот да дојде бидејќи ние од први јули повторно ќе го активираме овој штрајк - нагласи Димов
The post Димов: Ако Бочварски не ги исполни ветувањата за експресниот пат Градско – Прилеп, од први јули го активираме штрајкот appeared first on Република.
]]>„Внимавајте-овој пат е опасен по вашиот живот“. Табли со ваков натпис треба да бидат закачени на речиси сите патишта низ Македонија, со ислучок на Демир Капија- Смоквица и Миладиновци-Штип.
Дека повеќето наши патишта се опасни може да се увериме ако тргнеме од Скопје кон Охрид или кон Велес и Битола.Овие патишта може да се наречат секако но не и автопат.
Само што ќе тргнете од Скопје уште пред Катланово патот се прави во едниот правец и само господ знае кога ќе биде готов. Сообраќајот е пренасочен во другата лента и така е се до пред тунелот.
Вистинското искушение почнува кога ќе се искучите од автопатот кој води кон Неготино и ја почнувате авантурата наречена Градско-Прилеп. Новиот експресен автопат не е до никаде а згора на тоа и постоечката делница е уништена и небезбедна.
Од селото Радобил па се до пред превојот Плетвар има поставено столчиња кои како да ги местел некој пијан човек.
Столпчињата се распоредени без никаков редослед и на мало растојание па едвај низ нив поминува автомобил а камоли камион или автобус. На моменти не знаеш дали скијаш или пак управуваш со возило и ти треба вистинска умешност да се пробиеш низ капиите.
Уште поголемо изненадување беше во вечерните часови кога се забележува дека столпчињата не се флуоресцентни туку најобични па на возачите им преостанува да се прекрстат покрај многубројните црквички-параклиси и да се помолат безбедно да стигнат дома.
The post Отворете четири очи: Патиштата во Македонија се опасни по живот appeared first on Република.
]]>The post Отворете четири очи: Патиштата во Македонија се опасни по живот appeared first on Република.
]]>На државниот пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности од 28 февруари ќе има времена измена на сообраќајниот режим, известува „Стентон градба ДОО”.
Градежните активности се во врска со проектот Рехабилитација на државен пат А1, Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци.
Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.
Од 15 ноември 2021 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март оваа година
The post Поради градежни активности од 28 февруари измена на сообраќајниот режим на делницата Градско – Прилеп appeared first on Република.
]]>The post Поради градежни активности од 28 февруари измена на сообраќајниот режим на делницата Градско – Прилеп appeared first on Република.
]]>