градски стадион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradski-stadion/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 14:33:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градски стадион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradski-stadion/ 32 32 ФФМ: Суспендиран теренот во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/sport/ffm-suspendiran-terenot-vo-kavadartsi/ Tue, 24 Sep 2024 14:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=819329

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го суспендираше денеска Градскиот стадион во Кавадарци поради инцидентот што се случи на неделниот прволигашки натпревар меѓу Тиквеш и Вардар.

Инцидентот се случи во финишот на дуелот кога втор асистент судија Гоце Петревски беше погоден од трибините со полно пластично шише по што натпреварот бил прекинат.

„Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ и е во рамки на натпреварот од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци-ФК Вардар АД одигран на 22. септември“, соопшти ФФМ.

Комисијата за натпревари на ФФМ го регистрираше натпреварот меѓу Тиквеш и ФК Вардар со службена победа од 0:3 за гостинскиот тим.

The post ФФМ: Суспендиран теренот во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го суспендираше денеска Градскиот стадион во Кавадарци поради инцидентот што се случи на неделниот прволигашки натпревар меѓу Тиквеш и Вардар. Инцидентот се случи во финишот на дуелот кога втор асистент судија Гоце Петревски беше погоден од трибините со полно пластично шише по што натпреварот бил прекинат.
„Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ и е во рамки на натпреварот од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци-ФК Вардар АД одигран на 22. септември“, соопшти ФФМ.
Комисијата за натпревари на ФФМ го регистрираше натпреварот меѓу Тиквеш и ФК Вардар со службена победа од 0:3 за гостинскиот тим.

The post ФФМ: Суспендиран теренот во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Овој директор oд НСДП од Битола не му дозволи на Вардар да игра на „Градски“ поради долг https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ovoj-direktor-od-nsdp-od-bitola-ne-mu-dozvoli-na-vardar-da-igra-na-gradski-poradi-dolg/ Mon, 22 Apr 2024 07:17:38 +0000 https://republika.mk/?p=769121

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП) излезе со објаснување за одбивањето на ФК Вардар да игра како домаќин на Националната арена „Тодор Проески“.

Од Друштвото како единствена причина за недавањето на Вардар го користи стадионот го посочуваат долгот кој со години не е подмирен.

Барањето за користење на Националната Арена „Тодор Проески“ од страна на ФК Вардар за денешниот натпревар не е дозволено ЕДИНСТВЕНО поради огромниот долг кој клубот го има кон Друштвото во однос на користење на арената, и кој години наназад не се подмирува и покрај иницијативата која пред две години ја понуди Владата на РСМ долгот да се подмири на начин што друштвото ќе се откаже од каматите во однос на главниот долг, доколку клубот го исплати само главниот долг, стои во соопштението на АДИССДП.

Оттаму ги отфрлаат обвинувањата од ФК Вардар и како дрска и безобразна ја оценуваат реториката во соопштението на „црвено-црните“.

Дрска и безобразна е реториката на закани и на посочување на Акционерското друштво како виновник за состојбата во која се наоѓа ФК Вардар. Напротив, АДИССДП работи исклучиво согласно законот и штитејќи го интересот на друштвото, додека вината за состојбите во кој за жал е оставен најтрофејниот македонски фудбалски клуб треба исклучиво да се бара кај оние кои во минатото раководеа со ФК Вардар на начин кој ја предизвика ваквата состојба на задолженост на клубот.

АДИССДП вели дека Националната Арена „Тодор Проески“ е објект од јавен интерес, сопственост на Република Македонија за чие користење право полагаат сите фудбалски клубови од првата фудбалска лига подеднакво, под исти услови и почитувајќи исти правила.

ФК Вардар во текот на вчерашниот ден го обвини АДИССДП дека го избркало клубот од „Градски“ и дека тој „понижувачки“ чин кога-тогаш ќе биде „скапо“ платен.

Вардар натпреварите од Првата македонска фудбалска лига како домаќин сезонава ги игра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари.

The post Овој директор oд НСДП од Битола не му дозволи на Вардар да игра на „Градски“ поради долг appeared first on Република.

]]>

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП) излезе со објаснување за одбивањето на ФК Вардар да игра како домаќин на Националната арена „Тодор Проески“. Од Друштвото како единствена причина за недавањето на Вардар го користи стадионот го посочуваат долгот кој со години не е подмирен.
Барањето за користење на Националната Арена „Тодор Проески“ од страна на ФК Вардар за денешниот натпревар не е дозволено ЕДИНСТВЕНО поради огромниот долг кој клубот го има кон Друштвото во однос на користење на арената, и кој години наназад не се подмирува и покрај иницијативата која пред две години ја понуди Владата на РСМ долгот да се подмири на начин што друштвото ќе се откаже од каматите во однос на главниот долг, доколку клубот го исплати само главниот долг, стои во соопштението на АДИССДП.
Оттаму ги отфрлаат обвинувањата од ФК Вардар и како дрска и безобразна ја оценуваат реториката во соопштението на „црвено-црните“.
Дрска и безобразна е реториката на закани и на посочување на Акционерското друштво како виновник за состојбата во која се наоѓа ФК Вардар. Напротив, АДИССДП работи исклучиво согласно законот и штитејќи го интересот на друштвото, додека вината за состојбите во кој за жал е оставен најтрофејниот македонски фудбалски клуб треба исклучиво да се бара кај оние кои во минатото раководеа со ФК Вардар на начин кој ја предизвика ваквата состојба на задолженост на клубот.
АДИССДП вели дека Националната Арена „Тодор Проески“ е објект од јавен интерес, сопственост на Република Македонија за чие користење право полагаат сите фудбалски клубови од првата фудбалска лига подеднакво, под исти услови и почитувајќи исти правила. ФК Вардар во текот на вчерашниот ден го обвини АДИССДП дека го избркало клубот од „Градски“ и дека тој „понижувачки“ чин кога-тогаш ќе биде „скапо“ платен. Вардар натпреварите од Првата македонска фудбалска лига како домаќин сезонава ги игра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари.

The post Овој директор oд НСДП од Битола не му дозволи на Вардар да игра на „Градски“ поради долг appeared first on Република.

]]>
„Градски“ пак се затвора: Tревата треба да зацврсти https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/gradski-pak-se-zatvora-trevata-treba-da-zatsvrsti/ Wed, 22 Nov 2023 19:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=715261

По спектаклот Македонија – Англија, на кој нашите момци одиграа 1:1, повторно се затвара Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, пренесува СпортСпорт.

Како што пишува медиумот, целта е да се сочува новиот тревник кој беше платен од страна на Фудбалската федерација на Македонија, со оглед на тоа дека беше поставен и ќе му треба време да се зацврсти, па така сега засега нема шанси, барем до март, да се играат натпревари на него.

The post „Градски“ пак се затвора: Tревата треба да зацврсти appeared first on Република.

]]>

По спектаклот Македонија – Англија, на кој нашите момци одиграа 1:1, повторно се затвара Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, пренесува СпортСпорт. Како што пишува медиумот, целта е да се сочува новиот тревник кој беше платен од страна на Фудбалската федерација на Македонија, со оглед на тоа дека беше поставен и ќе му треба време да се зацврсти, па така сега засега нема шанси, барем до март, да се играат натпревари на него.

The post „Градски“ пак се затвора: Tревата треба да зацврсти appeared first on Република.

]]>
„Република“ во соблекувалната: Овде ќе се подготвуваат Кејн, Мегваер, Рајс, Рашворд.. https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/republika-vo-soblekuvalnata-ovde-ke-se-podgotvuvaat-kejn-megvaer-rajs-rashvord/ Mon, 20 Nov 2023 10:22:27 +0000 https://republika.mk/?p=714208

Градскиот стадион е светнат за денешниот меч со Англија.Нова трева, сѐ е чисто, средено. „Република“ ѕирна во соблекувалната каде што ќе се соблекуваат големите англиски ѕвезди.Најголема е Хари Кејн од Баерн Минхен, Деклан Рајс од Арсенал, Рашворд и Мегваер од Манчестер Јунајтед, голманот Пикворд од Арсенал..

Соблекувалната е спремна да ги пречека. За освежување имаат автомат за кафе а поставени се маси за масажа. На зидот пак е таблата на која селекторот Саутгејт ќе го напише составот кој ќе истрча против Македонија.

 

 

 

The post „Република“ во соблекувалната: Овде ќе се подготвуваат Кејн, Мегваер, Рајс, Рашворд.. appeared first on Република.

]]>

Градскиот стадион е светнат за денешниот меч со Англија.Нова трева, сѐ е чисто, средено. „Република“ ѕирна во соблекувалната каде што ќе се соблекуваат големите англиски ѕвезди.Најголема е Хари Кејн од Баерн Минхен, Деклан Рајс од Арсенал, Рашворд и Мегваер од Манчестер Јунајтед, голманот Пикворд од Арсенал.. Соблекувалната е спремна да ги пречека. За освежување имаат автомат за кафе а поставени се маси за масажа. На зидот пак е таблата на која селекторот Саутгејт ќе го напише составот кој ќе истрча против Македонија.      

The post „Република“ во соблекувалната: Овде ќе се подготвуваат Кејн, Мегваер, Рајс, Рашворд.. appeared first on Република.

]]>
Koлку ќе издржи? Тревата на „Градски“ е како тепих https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/kolku-ke-izdrzhi-trevata-na-gradski-e-kako-tepih/ Mon, 20 Nov 2023 08:47:47 +0000 https://republika.mk/?p=714184

Градскиот стадион во Скопје конечно доби нова трева. Ораницата повеќе ја нема и место „нивата“ „никна“ нова трева. Не станува збор за обична трева туку за хибридна која е комбинација од природна и вештачка.

Тревникот има дренажа и греење и може да се игра на сите природни услови.

Останува да видиме за колку време ова убавина ќе биде уништена од негрижа и неодржување.А чини 400.000 евра.

The post Koлку ќе издржи? Тревата на „Градски“ е како тепих appeared first on Република.

]]>

Градскиот стадион во Скопје конечно доби нова трева. Ораницата повеќе ја нема и место „нивата“ „никна“ нова трева. Не станува збор за обична трева туку за хибридна која е комбинација од природна и вештачка. Тревникот има дренажа и греење и може да се игра на сите природни услови. Останува да видиме за колку време ова убавина ќе биде уништена од негрижа и неодржување.А чини 400.000 евра.

The post Koлку ќе издржи? Тревата на „Градски“ е како тепих appeared first on Република.

]]>
Ако имате билет за Англија, дојдете порано на стадион https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ako-imate-bilet-za-anglija-dojdete-porano-na-stadion/ Mon, 20 Nov 2023 07:48:07 +0000 https://republika.mk/?p=714194

Со натпреварот против Англија вечер во Скопје, македонската фудбалска репрезентација ќе ги заврши квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Натпреварот нема резултатско значење за двете репрезентации со оглед на тоа што Англичаните го имаат обезбедено пласманот на евро-шампионатот, додека Македонците се без шанси за напредок на табелата и квалификациите ќе ги завршат на претпоследното, 4. место.

Сепак, дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ кој пред два дена доби нов терен, ќе биде шанса избраниците на селекторот Благоја Милевски да го подобрат впечатокот од првиот меѓусебен натпревар кога загубија на гости со 7:0.

Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот.

https://republika.mk/sport/fudbal/sautgejt-makedonija-e-raneta/

The post Ако имате билет за Англија, дојдете порано на стадион appeared first on Република.

]]>

Со натпреварот против Англија вечер во Скопје, македонската фудбалска репрезентација ќе ги заврши квалификациите за Европското првенство 2024 година. Натпреварот нема резултатско значење за двете репрезентации со оглед на тоа што Англичаните го имаат обезбедено пласманот на евро-шампионатот, додека Македонците се без шанси за напредок на табелата и квалификациите ќе ги завршат на претпоследното, 4. место. Сепак, дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ кој пред два дена доби нов терен, ќе биде шанса избраниците на селекторот Благоја Милевски да го подобрат впечатокот од првиот меѓусебен натпревар кога загубија на гости со 7:0. Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот. https://republika.mk/sport/fudbal/sautgejt-makedonija-e-raneta/

The post Ако имате билет за Англија, дојдете порано на стадион appeared first on Република.

]]>
Толку од калдрмата, турен асфалт пред градскиот стадион во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/tolku-od-kaldrmata-turen-asfalt-pred-gradskiot-stadion-vo-skopje/ Sat, 28 Oct 2023 08:32:31 +0000 https://republika.mk/?p=695743

Вчера започна асфалтирање на улицата „Столтенбергова” пред Градскиот стадион, соопшти утрово градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, додавајќите дека улицата е опфатена во меѓуопштинската соработка со Градот Скопје и Општина Центар со што асфалтирањето го работи ЈП „Улици и патишта“.

Со асфалтирањето на овој потег практично се изедначува целиот круг околу градскиот стадион со што се доби целина земајќи го фактот дека таму имаше навистина оштетена и дотраена калдрма. Општина Центар ќе продолжи да вложува во инвестиции во инфраструктурата со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и возачите, но и да се нормализира одвивањето на сообраќајот, вели тој.


Јавноста остро реагираше за ненајавеното отстранување на калдрмата и бараше објаснување зошто таа не беше реставрирана и обновена.

The post Толку од калдрмата, турен асфалт пред градскиот стадион во Скопје appeared first on Република.

]]>

Вчера започна асфалтирање на улицата „Столтенбергова” пред Градскиот стадион, соопшти утрово градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, додавајќите дека улицата е опфатена во меѓуопштинската соработка со Градот Скопје и Општина Центар со што асфалтирањето го работи ЈП „Улици и патишта“.
Со асфалтирањето на овој потег практично се изедначува целиот круг околу градскиот стадион со што се доби целина земајќи го фактот дека таму имаше навистина оштетена и дотраена калдрма. Општина Центар ќе продолжи да вложува во инвестиции во инфраструктурата со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и возачите, но и да се нормализира одвивањето на сообраќајот, вели тој.
Јавноста остро реагираше за ненајавеното отстранување на калдрмата и бараше објаснување зошто таа не беше реставрирана и обновена.

The post Толку од калдрмата, турен асфалт пред градскиот стадион во Скопје appeared first on Република.

]]>
Хибридната трева почна да се поставува на „Градски“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/hibridnata-treva-pochna-da-se-postavuva-na-gradski/ Wed, 04 Oct 2023 17:21:47 +0000 https://republika.mk/?p=687874

Теренот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе добие нова трева. Неа како донација ја обезбеди Фудбалската федерација на Македонија. Станува збор за т.н хибридна трева која е 70 проценти вештачка а 30 проценти природна.

https://republika.mk/sport/fudbal/veruvate-li-deka-ova-ke-se-postavi-na-gradski-za-eden-mesets-hibrdnata-treva-e-teren-na-idninata/

 

The post Хибридната трева почна да се поставува на „Градски“ appeared first on Република.

]]>

Теренот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе добие нова трева. Неа како донација ја обезбеди Фудбалската федерација на Македонија. Станува збор за т.н хибридна трева која е 70 проценти вештачка а 30 проценти природна. https://republika.mk/sport/fudbal/veruvate-li-deka-ova-ke-se-postavi-na-gradski-za-eden-mesets-hibrdnata-treva-e-teren-na-idninata/  

The post Хибридната трева почна да се поставува на „Градски“ appeared first on Република.

]]>
Верувате ли дека ова ќе се постави на „Градски“ за еден месец“: Хибридната трева е терен на иднината https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/veruvate-li-deka-ova-ke-se-postavi-na-gradski-za-eden-mesets-hibridnata-treva-e-teren-na-idninata/ Mon, 02 Oct 2023 08:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=687020

Фудбалската федерација на Македонија донираше за „Градскиот стадион“ хибридна трева која треба да биде монтирана до 20 ноември за мечот со Англија.

Ова е најсовремена технологија за која треба да се раскопа целиот терен и се ставаа „тепих“ од комбинација 70 проценти вештачка и 30 посто природна трева.

Овои терени веќе се поставија на Светското првенство во Катар а ги има и Алијанц Арена и Ноу Камп.

Погледнете

https://www.youtube.com/watch?v=WAZ7hvQv-84

 

https://republika.mk/sport/fudbal/fudbal-nema-veke-da-se-igra-na-kelav-teren-vo-ponedelnik-ke-pochne-postavuvaneto-na-hibridna-treva-na-arenata-todor-proeski/

The post Верувате ли дека ова ќе се постави на „Градски“ за еден месец“: Хибридната трева е терен на иднината appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Македонија донираше за „Градскиот стадион“ хибридна трева која треба да биде монтирана до 20 ноември за мечот со Англија. Ова е најсовремена технологија за која треба да се раскопа целиот терен и се ставаа „тепих“ од комбинација 70 проценти вештачка и 30 посто природна трева. Овои терени веќе се поставија на Светското првенство во Катар а ги има и Алијанц Арена и Ноу Камп. Погледнете https://www.youtube.com/watch?v=WAZ7hvQv-84   https://republika.mk/sport/fudbal/fudbal-nema-veke-da-se-igra-na-kelav-teren-vo-ponedelnik-ke-pochne-postavuvaneto-na-hibridna-treva-na-arenata-todor-proeski/

The post Верувате ли дека ова ќе се постави на „Градски“ за еден месец“: Хибридната трева е терен на иднината appeared first on Република.

]]>
Им пречи зборот „Македонија“: Избришан натписот „Фудбалска федерација на Македонија“ од јужната трибина https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/izbrishan-natipsot-fudbalska-federatsija-na-makedonija-od-juzhnata-tribina/ Mon, 11 Sep 2023 06:01:13 +0000 https://republika.mk/?p=680583

На вчерашниот меч против Италија беше забележително дека недостасува натписот „Фудбалска федерација на Македонија, фудбалот на прво место“.

Ова беше испишано на оградата на јужната трибина. Но, сега овој натпис е избришан.

Погледнете:

За ова одговор ќе треба да даде надлежниот од јавното претпријатие Зоран Георгиев, од НСДП, под чија надлежност е Градскиот стадион.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nadlezhen-za-gradskiot-stadion-vo-skopje-e-direktor-od-nsdp-od-bitola/

Тој на први јули 2022 година беше избран за Генерален директор, откако претходно Владата  го именуваше за извршен член на Бордот на директори на акционерското друштво.

The post Им пречи зборот „Македонија“: Избришан натписот „Фудбалска федерација на Македонија“ од јужната трибина appeared first on Република.

]]>

На вчерашниот меч против Италија беше забележително дека недостасува натписот „Фудбалска федерација на Македонија, фудбалот на прво место“. Ова беше испишано на оградата на јужната трибина. Но, сега овој натпис е избришан. Погледнете: За ова одговор ќе треба да даде надлежниот од јавното претпријатие Зоран Георгиев, од НСДП, под чија надлежност е Градскиот стадион. https://republika.mk/vesti/makedonija/nadlezhen-za-gradskiot-stadion-vo-skopje-e-direktor-od-nsdp-od-bitola/ Тој на први јули 2022 година беше избран за Генерален директор, откако претходно Владата  го именуваше за извршен член на Бордот на директори на акционерското друштво.

The post Им пречи зборот „Македонија“: Избришан натписот „Фудбалска федерација на Македонија“ од јужната трибина appeared first on Република.

]]>
Надлежен за Градскиот стадион во Скопје е директор од НСДП од Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nadlezhen-za-gradskiot-stadion-vo-skopje-e-direktor-od-nsdp-od-bitola/ Sun, 10 Sep 2023 14:10:49 +0000 https://republika.mk/?p=680624

Деновиве главна тема меѓу фудбалските фанови е Градскиот стадион или по ново Арената „Тоше Проески“. Овој стадион од гордост на Македонија стана ругло и главна вест во Италија откако тамошните медиуми ја снимија тревата на стадионот која личи на нива.

Се прашувате кој е надежен за стадионот. Тоа e АД за иградба и стопанискување со станбен и деловен простор од значење на републиката-Скопје.

Ова претпијатије е под директна надлежност на Владата.  На први јули 2022 година за Генерален директор беше избран Зоран Георгиев од Битола од НСДСП, откако претходно Владата  го именуваше за извршен член на Бордот на директори на акционерското друштво.

НСДП на својата интернет странца си се пофалила дека Георгиев е избран за директор кој сега е цел на критики поради неодржувањето на стадионот.

The post Надлежен за Градскиот стадион во Скопје е директор од НСДП од Битола appeared first on Република.

]]>

Деновиве главна тема меѓу фудбалските фанови е Градскиот стадион или по ново Арената „Тоше Проески“. Овој стадион од гордост на Македонија стана ругло и главна вест во Италија откако тамошните медиуми ја снимија тревата на стадионот која личи на нива. Се прашувате кој е надежен за стадионот. Тоа e АД за иградба и стопанискување со станбен и деловен простор од значење на републиката-Скопје. Ова претпијатије е под директна надлежност на Владата.  На први јули 2022 година за Генерален директор беше избран Зоран Георгиев од Битола од НСДСП, откако претходно Владата  го именуваше за извршен член на Бордот на директори на акционерското друштво. НСДП на својата интернет странца си се пофалила дека Георгиев е избран за директор кој сега е цел на критики поради неодржувањето на стадионот.

The post Надлежен за Градскиот стадион во Скопје е директор од НСДП од Битола appeared first on Република.

]]>
Kaко ја дочекуваме Италија: Прозорците на „Градски“ не се измиени од Супер купот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/kako-ja-dochekuvame-italija-prozortsite-na-gradski-ne-se-izmieni-od-super-kupot/ Wed, 06 Sep 2023 08:19:34 +0000 https://republika.mk/?p=679199

Македонија во сабота ја пречекува Италија. Голема репрезентација која сигурно ќе го наполни „Градскиот стадион“. На три дена пред мечот состојбата пред и на стадионот е катастрофална.Нечистотија, ѓубре на сите страни.

Ништо подобро не е ни пред арената.Од северниот дел каде што влегуваат вип гостите и медиумите прозорците како последен пат да се измиени кога во Скопје се играше Супер купот пред шест години.

Погледнете и уверетете се сами.

 

The post Kaко ја дочекуваме Италија: Прозорците на „Градски“ не се измиени од Супер купот appeared first on Република.

]]>

Македонија во сабота ја пречекува Италија. Голема репрезентација која сигурно ќе го наполни „Градскиот стадион“. На три дена пред мечот состојбата пред и на стадионот е катастрофална.Нечистотија, ѓубре на сите страни. Ништо подобро не е ни пред арената.Од северниот дел каде што влегуваат вип гостите и медиумите прозорците како последен пат да се измиени кога во Скопје се играше Супер купот пред шест години. Погледнете и уверетете се сами.  

The post Kaко ја дочекуваме Италија: Прозорците на „Градски“ не се измиени од Супер купот appeared first on Република.

]]>
Што фатија исушија: Teренот на „Градски“ стана ораница https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/shto-fatija-isushija-terenot-na-gradski-stana-oranitsa/ Fri, 28 Jul 2023 17:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=666303

Настапите на македонските екипи во европските купови покажа во каква состојба е Градскиот стадион. Целиот објект е целосно запуштен а посебна катастрофа е теренот. Тој само на неколку делови е со зелена трева како што треба додека на неколку места има дупки и неидентификувана боја веројатно за да прикрие.

Навистина е нејасно што прават надлежните на стадионот и како за шест година од гордот на Македонија направија руина.

 

The post Што фатија исушија: Teренот на „Градски“ стана ораница appeared first on Република.

]]>

Настапите на македонските екипи во европските купови покажа во каква состојба е Градскиот стадион. Целиот објект е целосно запуштен а посебна катастрофа е теренот. Тој само на неколку делови е со зелена трева како што треба додека на неколку места има дупки и неидентификувана боја веројатно за да прикрие. Навистина е нејасно што прават надлежните на стадионот и како за шест година од гордот на Македонија направија руина.  

The post Што фатија исушија: Teренот на „Градски“ стана ораница appeared first on Република.

]]>
„Градски“ се распаѓа: Зјаат дупки, тревата од „зелена позелена“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/gradski-se-raspaga-zjaat-dupki-trevata-od-zelena-po-zelena/ Fri, 14 Jul 2023 10:55:34 +0000 https://republika.mk/?p=661271

Градскиот стадион е во очајна состојба.Она што беше гордост на Македонија на која ни завидуваа и земјите од регионот денеска е срам. Од доаѓањето на СДСМ на власт имаат „инвестирано“ само во промената на името и ништо повеќе.

Стадионот е застанат од времето на Супер купот во Европа кога беше нашминкан по сите стандарди.Сега објектот буквално се распаѓа. Ѓубре на сите страни, искршени тоалети, столчиња, новинарски ложи.

Во подтрибинскиот простор дури има и дупки кои зјаат празни. Но, не само тоа, во очајна состојба е и теренот кој на места е од „зелен позелен“ и како да е исфарбан на оние места каде што недостасува трева.

Се чини дека актуелната власт покрај тоа што не изгради ниту еден спортски објект не е способна ниту да ги одржува постоечките.

The post „Градски“ се распаѓа: Зјаат дупки, тревата од „зелена позелена“ appeared first on Република.

]]>

Градскиот стадион е во очајна состојба.Она што беше гордост на Македонија на која ни завидуваа и земјите од регионот денеска е срам. Од доаѓањето на СДСМ на власт имаат „инвестирано“ само во промената на името и ништо повеќе. Стадионот е застанат од времето на Супер купот во Европа кога беше нашминкан по сите стандарди.Сега објектот буквално се распаѓа. Ѓубре на сите страни, искршени тоалети, столчиња, новинарски ложи. Во подтрибинскиот простор дури има и дупки кои зјаат празни. Но, не само тоа, во очајна состојба е и теренот кој на места е од „зелен позелен“ и како да е исфарбан на оние места каде што недостасува трева. Се чини дека актуелната власт покрај тоа што не изгради ниту еден спортски објект не е способна ниту да ги одржува постоечките.

The post „Градски“ се распаѓа: Зјаат дупки, тревата од „зелена позелена“ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски слушаше како се скандира „Македонија” на Градски https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/kovachevski-slushashe-kako-se-skandira-makedonija-na-gradski/ Sun, 20 Nov 2022 14:05:51 +0000 https://republika.mk/?p=576135

Премиерот Димитар Ковачевски е на трибините на Градскиот стадион на мечот со Азербејџан.

Премиерот слушаше како малубројната публика скандира „Македонија“.

Ова е последен меч за нашата репрзентација оваа година. На полувреме резултатот е 1-1.

The post Ковачевски слушаше како се скандира „Македонија” на Градски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски е на трибините на Градскиот стадион на мечот со Азербејџан. Премиерот слушаше како малубројната публика скандира „Македонија“. Ова е последен меч за нашата репрзентација оваа година. На полувреме резултатот е 1-1.

The post Ковачевски слушаше како се скандира „Македонија” на Градски appeared first on Република.

]]>
„Градски“ се распаѓа: Од Супер купот на стадионот шајка не е закована https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/gradski-se-raspagja-od-super-kupot-na-stadionot-shajka-ne-e-zakovana/ Wed, 10 Aug 2022 08:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=538604

Денеска во Хелсинки се игра Супер купот на Европа меѓу екипите на Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт. И Скопје пред пет години беше домаќин на ова финале. На гости ни дојдоа „Кралевите“ од Мадрид и Манчестер Јунајтед. Голема чест за нашата земја. За таа цел тогашниот „Филип Втори“ беше реновиран, изградени три нови трбини, направен како „кутивче“.

Навивачи од Шпанија и Англија имаа само пофални зборови за стадионот, а соседните земји се воодушевување коментираа што токму Скопје ја доби организацијата.

Со доаѓањето на новата власт стадионот освен што доби ново име ништо не е сменето. Напротив, објектот изгледа како да се распаѓа.

Во потрибинскиот простор зјаат дупки-кратери, а плочките и ѕидовите се ронат. Хигената на стадионот и за тоалетите наликува како последен пат да се чистени кога се играше Супер купот.

Навистина жално, бидејќи актуелната власт не е способна ни да го одржува она што други го направиле.

За нешто повеќе не станува ни збор.

The post „Градски“ се распаѓа: Од Супер купот на стадионот шајка не е закована appeared first on Република.

]]>

Денеска во Хелсинки се игра Супер купот на Европа меѓу екипите на Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт. И Скопје пред пет години беше домаќин на ова финале. На гости ни дојдоа „Кралевите“ од Мадрид и Манчестер Јунајтед. Голема чест за нашата земја. За таа цел тогашниот „Филип Втори“ беше реновиран, изградени три нови трбини, направен како „кутивче“. Навивачи од Шпанија и Англија имаа само пофални зборови за стадионот, а соседните земји се воодушевување коментираа што токму Скопје ја доби организацијата. Со доаѓањето на новата власт стадионот освен што доби ново име ништо не е сменето. Напротив, објектот изгледа како да се распаѓа. Во потрибинскиот простор зјаат дупки-кратери, а плочките и ѕидовите се ронат. Хигената на стадионот и за тоалетите наликува како последен пат да се чистени кога се играше Супер купот. Навистина жално, бидејќи актуелната власт не е способна ни да го одржува она што други го направиле. За нешто повеќе не станува ни збор.

The post „Градски“ се распаѓа: Од Супер купот на стадионот шајка не е закована appeared first on Република.

]]>
Бугарија, Србија и Грција со „крш“ стадиони бараат Европско првенство, Македонија изоставена https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bugarija-srbija-i-grcija-so-krsh-stadioni-baraat-evropsko-prvenstvo-makedonija-izostavena/ Mon, 07 Feb 2022 14:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=455222

Србија е кандидат за Европското првенство во 2028 година, заедно со Грција, Бугарија и Романија откакоМинистерствата за млади и спорт на Србија и споменатите три земји договорија соработка и заедничка кандидатура во 2019 година.

Ако  Србија, Грција, Романија и Бугарија  организираат голем турнир, тоа би било прв од ваков вид на Балканот од 1976 година, кога Југославија беше домаќин на најдобрите селекции во Европа.

Главниот адут на четирите земји би можел да биде националниот стадион во Србија кој според најавите треба да чини 257.000.000 евра, да биде готов до 2025 година и да има капацитет од 52.000 седишта.

Нејасно е зошто Македонија е изоставена од овој проект ако се знае дека „Градскиот стадион“ е еден од најубавите на Балканот и се играше Супер Купот?

И Албанија има прекрасен стадион на кој ќе се игра оваа година финалето на Конференциската лига на УЕФА.

Во моментов стадионите Маракана во Белград,  и „Васил Левски во Софија се во очајна состојба.

Единствено Националната арена во Букурешт ги исполнува сите стандарди.

Познато е дека еден од кандидатите ќе биде Турција, а сега и официјално е потврдено дека Велика Британија (Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска) се бори за организација на голем турнир во соработка со Република Ирска

Во игра е  и СП 2030

Заедничката кандидатура беше договорена на состанокот на официјални лица од Србија, Грција, Романија и Бугарија одржан кон крајот на 2018 година, а Вања Удовичиќ, министер за млади и спорт на Србија, неодамна изјави дека одлуката да се кандидира за Светското првенство во 2030 година во моментов е суспендирана поради нова Владата на Грција која е неопределена и се уште ја испитува работата на претходната влада.

The post Бугарија, Србија и Грција со „крш“ стадиони бараат Европско првенство, Македонија изоставена appeared first on Република.

]]>

Србија е кандидат за Европското првенство во 2028 година, заедно со Грција, Бугарија и Романија откакоМинистерствата за млади и спорт на Србија и споменатите три земји договорија соработка и заедничка кандидатура во 2019 година. Ако  Србија, Грција, Романија и Бугарија  организираат голем турнир, тоа би било прв од ваков вид на Балканот од 1976 година, кога Југославија беше домаќин на најдобрите селекции во Европа. Главниот адут на четирите земји би можел да биде националниот стадион во Србија кој според најавите треба да чини 257.000.000 евра, да биде готов до 2025 година и да има капацитет од 52.000 седишта. Нејасно е зошто Македонија е изоставена од овој проект ако се знае дека „Градскиот стадион“ е еден од најубавите на Балканот и се играше Супер Купот? И Албанија има прекрасен стадион на кој ќе се игра оваа година финалето на Конференциската лига на УЕФА. Во моментов стадионите Маракана во Белград,  и „Васил Левски во Софија се во очајна состојба. Единствено Националната арена во Букурешт ги исполнува сите стандарди. Познато е дека еден од кандидатите ќе биде Турција, а сега и официјално е потврдено дека Велика Британија (Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска) се бори за организација на голем турнир во соработка со Република Ирска

Во игра е  и СП 2030

Заедничката кандидатура беше договорена на состанокот на официјални лица од Србија, Грција, Романија и Бугарија одржан кон крајот на 2018 година, а Вања Удовичиќ, министер за млади и спорт на Србија, неодамна изјави дека одлуката да се кандидира за Светското првенство во 2030 година во моментов е суспендирана поради нова Владата на Грција која е неопределена и се уште ја испитува работата на претходната влада.

The post Бугарија, Србија и Грција со „крш“ стадиони бараат Европско првенство, Македонија изоставена appeared first on Република.

]]>