градска власт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradska-vlast/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Feb 2024 09:54:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градска власт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradska-vlast/ 32 32 Белград не може да ја формира градската власт https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/belgrad-ne-mozhe-da-ja-formira-gradskata-vlast/ Mon, 19 Feb 2024 09:54:55 +0000 https://republika.mk/?p=745624

Само што почна денеска битката за Белград е одложена за 1 март. Конститутивната седница на Ссобранието на главниот град на Србија е одложена поради тоа што немаше кворум. Избраните одборници од опозицијата дојдоа во салата со транспаренти на кои пишуваше дека во Белград е извршена изборна кражба.

Одложувањето на конститутивното собрание го најави претседавачот на привремената власт на Белград, Александар Шапиќ, Рокот за конституирање истекува на 3 март.

Собранието на град Белград се смета за конституирано со избор на негов претседател и секретар. За избор на претседател е потребно мнозинство од 56 гласови, но според резултатите од гласањето на 17 декември никој го нема.

Градското собрание има 110 советници, а Српската напредна странка и Социјалистичката партија на Србија имаат вкупно 54, односно им недостигаат двајца за да продолжат да владеат. Опозициската листа „Србија против насилството“ има 43 советници, а коалицијата „Нада“, која ја сочинуваат Нова демократска партија на Србија и Движењето за обнова на Кралството Србија – седум. Листата „Ние глас од народот“ на Бранимир Несторовиќ освои шест мандати.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера изјави дека има мнозинство за конституирање на градското собрание на Белград, како и дека тоа е легално и делумно легитимно. Тој рече и дека ќе почека до 2 и 3 март да види дали тоа мнозинство ќе биде легитимно, а ако не е тогаш ќе има нови избори.

The post Белград не може да ја формира градската власт appeared first on Република.

]]>

Само што почна денеска битката за Белград е одложена за 1 март. Конститутивната седница на Ссобранието на главниот град на Србија е одложена поради тоа што немаше кворум. Избраните одборници од опозицијата дојдоа во салата со транспаренти на кои пишуваше дека во Белград е извршена изборна кражба. Одложувањето на конститутивното собрание го најави претседавачот на привремената власт на Белград, Александар Шапиќ, Рокот за конституирање истекува на 3 март. Собранието на град Белград се смета за конституирано со избор на негов претседател и секретар. За избор на претседател е потребно мнозинство од 56 гласови, но според резултатите од гласањето на 17 декември никој го нема. Градското собрание има 110 советници, а Српската напредна странка и Социјалистичката партија на Србија имаат вкупно 54, односно им недостигаат двајца за да продолжат да владеат. Опозициската листа „Србија против насилството“ има 43 советници, а коалицијата „Нада“, која ја сочинуваат Нова демократска партија на Србија и Движењето за обнова на Кралството Србија – седум. Листата „Ние глас од народот“ на Бранимир Несторовиќ освои шест мандати. Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера изјави дека има мнозинство за конституирање на градското собрание на Белград, како и дека тоа е легално и делумно легитимно. Тој рече и дека ќе почека до 2 и 3 март да види дали тоа мнозинство ќе биде легитимно, а ако не е тогаш ќе има нови избори.

The post Белград не може да ја формира градската власт appeared first on Република.

]]>