Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradska-biblioteka-braka-miladinovtsi-od-skopje/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 15:49:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradska-biblioteka-braka-miladinovtsi-od-skopje/ 32 32 Градската библиотека во Скопје ќе ја промовира „Антологија на иднината“ составена од творби од работилницата за креативно пишување https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gradskata-biblioteka-vo-skopje-ke-ja-promovira-antologija-na-idninata-sostavena-od-tvorbi-od-rabotilnitsata-za-kreativno-pishuvane/ Mon, 24 Jun 2024 15:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=790380

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ја најавува промоцијата на своето издание „Антологија на иднината“ – избор творби од работилницата за креативно пишување, одржана минатата година. Промоцијата е закажана за вторник, 25 јуни во 19 часот во Паркот на поезијата (дворот на библиотеката).

„Антологијата на иднината“ содржи песни, проза и есеи на 23 млади автори, учесници на работилницата за креативно пишување иницирана и реализирана од ГБСК. Двомесечната работилницата ја водеше писателот Александар Русјаков, кој е и уредник на изданието. Автор на корицата е еден од учесниците - Борис Дебси, лектор е Денис Бојаров, а техничката обработка е на Јованчо Димоски. Книгата е поддржана од Град Скопје.

Објавувањето на „Антологија на иднината“ како дел од издавачката дејност на ГБСК е заокружување на целиот процес, што тргнува од премисата институицијата да биде повторно атрактивно место за младите креативци, подвлекува во предговорот директорката, Снежана Стојчевска.

Се восхитувам на оваа силна буица од младешка енергија и искреност, која верувам дека ги задоволува и највисоките книжевни критериуми. Особено сум горда што Библиотеката е издавач на оваа Антологија на иднината.

За писателот Русјаков, ова е збирка поезија и проза на исклучително свои и посебни млади книжевни Автори од една „обична“ креативна работилница:

Зад овие редови не се крие, туку се објавува она за кое верувам дека може да стане иднина на книжевната уметност во светот и кај нас во татковината, секако, ако тие одлучат да ја жртвуваат својата удобност и вообичаено воспоставените норми и правила, оти уметноста истовремено вреска и тихува во утробата – пишува тој.

На промоцијата за „Антологија на иднината“ ќе говорат Стојчевска, Русјаков и Александра Јуруковска - координатор на проектот.

Свои творби ќе читаат дел од авторите застапени во Антологијата: Михаела Стефановска, Софија Добревска, Александра Арсовска, Давор Стефановски, Хана Трајкоска, Методија Тасевски, Никола Ристовски, Нино Наумовски, Иво Донев, Матеа Јовановска, Бојана Цветковска, Јована Вуковиќ, Маша Тодевска и Михаела Сталеска. Модератор на настанот е актерот Андреј Серафимовски, а во музичкиот дел ќе настапи младиот панк бенд „Малери“.

The post Градската библиотека во Скопје ќе ја промовира „Антологија на иднината“ составена од творби од работилницата за креативно пишување appeared first on Република.

]]>

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ја најавува промоцијата на своето издание „Антологија на иднината“ – избор творби од работилницата за креативно пишување, одржана минатата година. Промоцијата е закажана за вторник, 25 јуни во 19 часот во Паркот на поезијата (дворот на библиотеката). „Антологијата на иднината“ содржи песни, проза и есеи на 23 млади автори, учесници на работилницата за креативно пишување иницирана и реализирана од ГБСК. Двомесечната работилницата ја водеше писателот Александар Русјаков, кој е и уредник на изданието. Автор на корицата е еден од учесниците - Борис Дебси, лектор е Денис Бојаров, а техничката обработка е на Јованчо Димоски. Книгата е поддржана од Град Скопје. Објавувањето на „Антологија на иднината“ како дел од издавачката дејност на ГБСК е заокружување на целиот процес, што тргнува од премисата институицијата да биде повторно атрактивно место за младите креативци, подвлекува во предговорот директорката, Снежана Стојчевска.
Се восхитувам на оваа силна буица од младешка енергија и искреност, која верувам дека ги задоволува и највисоките книжевни критериуми. Особено сум горда што Библиотеката е издавач на оваа Антологија на иднината.
За писателот Русјаков, ова е збирка поезија и проза на исклучително свои и посебни млади книжевни Автори од една „обична“ креативна работилница:
Зад овие редови не се крие, туку се објавува она за кое верувам дека може да стане иднина на книжевната уметност во светот и кај нас во татковината, секако, ако тие одлучат да ја жртвуваат својата удобност и вообичаено воспоставените норми и правила, оти уметноста истовремено вреска и тихува во утробата – пишува тој.
На промоцијата за „Антологија на иднината“ ќе говорат Стојчевска, Русјаков и Александра Јуруковска - координатор на проектот. Свои творби ќе читаат дел од авторите застапени во Антологијата: Михаела Стефановска, Софија Добревска, Александра Арсовска, Давор Стефановски, Хана Трајкоска, Методија Тасевски, Никола Ристовски, Нино Наумовски, Иво Донев, Матеа Јовановска, Бојана Цветковска, Јована Вуковиќ, Маша Тодевска и Михаела Сталеска. Модератор на настанот е актерот Андреј Серафимовски, а во музичкиот дел ќе настапи младиот панк бенд „Малери“.

The post Градската библиотека во Скопје ќе ја промовира „Антологија на иднината“ составена од творби од работилницата за креативно пишување appeared first on Република.

]]>
Разговор со Живко Грозданоски во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-zhivko-grozdanoski-vo-gradskata-biblioteka-braka-miladinovtsi-vo-skopje/ Tue, 02 Apr 2024 07:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=761138

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ го најавува разговорот со Живко Грозданоски, авторот на книгата на месецот „Писмо за Глорија“. Разговорот и книгата на месецот се дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“ што Библиотеката ја спроведува веќе втора година како поддршка на домашната издавачка продукција и силна промоција на македонскиот јазик. Настанот ќе се одржи в среда, 3 април во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“.

„Писмо за Глорија“ (издание на Или-Или) е слоевито дело, кое меѓу другото говори и пишувањето како еден вид терапија.

Овој роман е еклатантен пример за тоа како (авто)фикцијата може да биде книга за себеосознавање, себесоочување и самопомош преку клучот и лавиринтите што тој ни го отвора низ бескрајните предели на убавата литература – вели Фросина Пармаковска во освртот кон романот.

Живко Грозданоски напишал автофикција, се свртел кон еден „одметнички жанр“, како што описно го нарекуваат. Жанр кој во себе ги обединува автобиографијата и фикцијата, и кој се открива како изневера на традиционалното автобиографско писмо – подвлекува Ацо Гогов.

Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018). Преведува и препејува од и на италијански јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (ЗПРМ). Периодов е посветен на организација и изведба на работилница по креативно пишување автофикциски расказ „по природниот тек на нештата“.

Разговорот со Живко Грозданоски ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Во рамките на кампањата „Читаме современи македонски автори“ крајот на месецот секогаш се заокружува со Клубот на читатели посветен токму на книгата на месецот.

 

 

 

The post Разговор со Живко Грозданоски во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ го најавува разговорот со Живко Грозданоски, авторот на книгата на месецот „Писмо за Глорија“. Разговорот и книгата на месецот се дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“ што Библиотеката ја спроведува веќе втора година како поддршка на домашната издавачка продукција и силна промоција на македонскиот јазик. Настанот ќе се одржи в среда, 3 април во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“. „Писмо за Глорија“ (издание на Или-Или) е слоевито дело, кое меѓу другото говори и пишувањето како еден вид терапија.
Овој роман е еклатантен пример за тоа како (авто)фикцијата може да биде книга за себеосознавање, себесоочување и самопомош преку клучот и лавиринтите што тој ни го отвора низ бескрајните предели на убавата литература – вели Фросина Пармаковска во освртот кон романот.
Живко Грозданоски напишал автофикција, се свртел кон еден „одметнички жанр“, како што описно го нарекуваат. Жанр кој во себе ги обединува автобиографијата и фикцијата, и кој се открива како изневера на традиционалното автобиографско писмо – подвлекува Ацо Гогов. Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018). Преведува и препејува од и на италијански јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (ЗПРМ). Периодов е посветен на организација и изведба на работилница по креативно пишување автофикциски расказ „по природниот тек на нештата“. Разговорот со Живко Грозданоски ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Во рамките на кампањата „Читаме современи македонски автори“ крајот на месецот секогаш се заокружува со Клубот на читатели посветен токму на книгата на месецот.      

The post Разговор со Живко Грозданоски во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Градската библиотека од Скопје – македонски претставник на Третиот форум на библиотечната унија во Кина https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gradskata-biblioteka-od-skopje-makedonski-pretstavnik-na-tretiot-forum-na-bibliotechnata-unija-vo-kina/ Tue, 31 Oct 2023 09:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=696578

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје имаше одлично претставување на 3.Форум на библиотечната унија на земјите од Централна и Источна Европа и НР Кина. Форумот се одржа во кинескиот град Нанјинг во периодот од 21-24 октомври.

На форумот, Библиотеката беше претставена од директорката Снежана Стојчевска и Ивона Џаматовска Јанкуловска, виш библиотекар. Тие, заедно со Јелена Петровска - библиотекар советник од НУУБ „Свети Климент Охридски“ од Битола, беа единствените претставници од Македонија на еден од најзначајните библиотекарски, и воопшто, културни случувања во светот.
На стручниот панел Џамтовска Јанкуловска говореше на тема „Иновативна промоција на избраната литература“, а директорката Стојчевска го претстави краткиот видеозапис за најстарата книга од фондот, „Басни“ од Езоп од 1566 година.

Во официјалниот билатерален дел Стојчевска оствари неколку значјани средби и посети.
Лиу Донг, генералниот секретар на Библиотечната унија, кој воедно е и директор на јавната библиотека од Хангџу, пред директорката на ГБСК го искажа задоволството од заложбите за продлабочување на идните културни размени меѓу Кина и Македонија, како и зајакнување на меѓусебното разбирање во насока на постигнување културен и цивилизациски напредок.

Со Чен Јун, директорот на библиотека од Нанјинг беше разговарано за прашања од областа на библиотечното работење, како и соработката меѓу двете земји во две значајни области – културата и економијата. Библиотеката од Нанјинг беше домаќин на Форумот, а директор кој е и главен организатор на случувањето на Скопската библиотека ѝ подари книга со реплика на старите кинески ракописи.

Македонската делегација ја посети и библиотеката во Шангај каде што се запозна со принципите на врвната технологија имплементирани во на паметни/смарт библиотеки.

Учеството на Форумот, кој беше организиран на највиско ниво и со многу почести, потоа средбите со директорите на двете библиотеки, како и посетата на библиотеката во Шангај, се големо искуство за нас. Говориме за Кина, земја која има огромна традиција во библиотечното работење, која несомено многу вложува во култот кон Книгата, како и во културата воопшто. Особен предизвик беше да се запознаеме со сите иновации на кои се работи за доближувањето до читателите од новите генерации. Кина и Форумот се уште еден доказ дека Книгата и културата на секоја земја се нераскинливо повразни со нејзината опстојба, но и дека се дел од најважните алатки при меѓународната размена и дипломатија. Чест е што токму Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје беше македонски претставник на овој значаен светски настан – подвлекува Стојчевска.

Библиотечната унија е дел од програмата на Декларацијата Хангџу за културна соработка (2018-2019) помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, објавена од кинеското министерство за култура во септември 2017 година и потпишан од 16 земји. Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје е членка на Унијата од 2018 година, а во 2021 година беше домаќин и на нејзиниот втор форум, вклучен во Програмата за култура на Град Скопје за таа година.

Библиотеката како чувар на културното наследство е незаменлива алка во меѓународниот синџир на културна размена. Успешно реализираниот форум за културен развој во 2023 година беше поддржан од Министерството за култура и туризам на Кина. Целта на Форумот и на Унијата е да се зајакне размената и соработката со земјите од ЦИЕ преку промовирање, споделување библиотечни ресурси, како и културна размена и техничка соработка на меѓународната библиотечна заедница.

 

The post Градската библиотека од Скопје – македонски претставник на Третиот форум на библиотечната унија во Кина appeared first on Република.

]]>

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје имаше одлично претставување на 3.Форум на библиотечната унија на земјите од Централна и Источна Европа и НР Кина. Форумот се одржа во кинескиот град Нанјинг во периодот од 21-24 октомври. На форумот, Библиотеката беше претставена од директорката Снежана Стојчевска и Ивона Џаматовска Јанкуловска, виш библиотекар. Тие, заедно со Јелена Петровска - библиотекар советник од НУУБ „Свети Климент Охридски“ од Битола, беа единствените претставници од Македонија на еден од најзначајните библиотекарски, и воопшто, културни случувања во светот. На стручниот панел Џамтовска Јанкуловска говореше на тема „Иновативна промоција на избраната литература“, а директорката Стојчевска го претстави краткиот видеозапис за најстарата книга од фондот, „Басни“ од Езоп од 1566 година. Во официјалниот билатерален дел Стојчевска оствари неколку значјани средби и посети. Лиу Донг, генералниот секретар на Библиотечната унија, кој воедно е и директор на јавната библиотека од Хангџу, пред директорката на ГБСК го искажа задоволството од заложбите за продлабочување на идните културни размени меѓу Кина и Македонија, како и зајакнување на меѓусебното разбирање во насока на постигнување културен и цивилизациски напредок. Со Чен Јун, директорот на библиотека од Нанјинг беше разговарано за прашања од областа на библиотечното работење, како и соработката меѓу двете земји во две значајни области – културата и економијата. Библиотеката од Нанјинг беше домаќин на Форумот, а директор кој е и главен организатор на случувањето на Скопската библиотека ѝ подари книга со реплика на старите кинески ракописи. Македонската делегација ја посети и библиотеката во Шангај каде што се запозна со принципите на врвната технологија имплементирани во на паметни/смарт библиотеки.
Учеството на Форумот, кој беше организиран на највиско ниво и со многу почести, потоа средбите со директорите на двете библиотеки, како и посетата на библиотеката во Шангај, се големо искуство за нас. Говориме за Кина, земја која има огромна традиција во библиотечното работење, која несомено многу вложува во култот кон Книгата, како и во културата воопшто. Особен предизвик беше да се запознаеме со сите иновации на кои се работи за доближувањето до читателите од новите генерации. Кина и Форумот се уште еден доказ дека Книгата и културата на секоја земја се нераскинливо повразни со нејзината опстојба, но и дека се дел од најважните алатки при меѓународната размена и дипломатија. Чест е што токму Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје беше македонски претставник на овој значаен светски настан – подвлекува Стојчевска.
Библиотечната унија е дел од програмата на Декларацијата Хангџу за културна соработка (2018-2019) помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, објавена од кинеското министерство за култура во септември 2017 година и потпишан од 16 земји. Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје е членка на Унијата од 2018 година, а во 2021 година беше домаќин и на нејзиниот втор форум, вклучен во Програмата за култура на Град Скопје за таа година. Библиотеката како чувар на културното наследство е незаменлива алка во меѓународниот синџир на културна размена. Успешно реализираниот форум за културен развој во 2023 година беше поддржан од Министерството за култура и туризам на Кина. Целта на Форумот и на Унијата е да се зајакне размената и соработката со земјите од ЦИЕ преку промовирање, споделување библиотечни ресурси, како и културна размена и техничка соработка на меѓународната библиотечна заедница.  

The post Градската библиотека од Скопје – македонски претставник на Третиот форум на библиотечната унија во Кина appeared first on Република.

]]>