градоначалник на Белград Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradonachalnik-na-belgrad/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 17:41:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градоначалник на Белград Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradonachalnik-na-belgrad/ 32 32 Градоначалникот на Белград ќе го преместува гробот на Тито https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gradonachalnikot-na-belgrad-ke-go-premestuva-grobot-na-tito/ Mon, 16 Sep 2024 17:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=816890

Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ денеска повтори дека смета оти гробот на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето треба да се премести на друга локација, но и гробовите на Моше Пијада, Иво Лола Рибар, Ѓура Ѓаковиќ, Иван Милутиновиќ треба да се изместат од Калемегдан. Тој предложи и четничкиот лидер Дража Михаиловиќ да добие споменик во Белград, јави дошисникот на МИА од Белград.

Шапиќ, во пресрет на седницата на Градското собрание изјави дека Градот не е одговорен за преместувањето на гробот на Тито и другите и дека последниот збор треба да го каже Министерството за култура.

Не можам да влијаам на таа одлука, ниту градот Белград може правно или формално да влијае, но мислам дека изместувањето на Јосип Броз Тито од Музејот на Југославија (на Дедиње) е исклучително важна работа за српскиот народ и за иднината на оваа земја. Исто како и изместувањето на Моша Пијада, Иво Лола Рибара, Ѓура Ѓаковиќ, Иван Милутиновиќ од Калемегданската тврдина, од просторот што е наше најголемо културно наследство, старо 2.000 години, изјави Шапиќ пред новинарите во Градското собрание.

Тој додаде дека одлуката за ова ја носи Министерството за култура и дека Калемегдан е под заштита на Заводот за заштита на спомениците на Србија, како и дека и Музејот на Југославија е во надлежност на Министерството за култура.

Она што можам да го кажам е дека јас лично и градските служби ќе помогнеме максимално доколку се донесе одлука да се изврши квалитетна ексхумација, овие тела да се префрлат таму каде што ќе одлучиме. Ако можеа Шпанците, по 44 години генерал Франко да го изместат на некои нормални гробишта, ние не сме варвари за разлика од истите тие болшевици и комунисти кои ги расфрлаа коските на генералот Дража Михајловиќ за да не знаеме каде се до денес, рече Шапиќ.

Тој потсети дека во 2003 година бил донесен закон со кој се изедначија Равногорското (четничкото) и партизанското движење во Србија и додаде дека е овластен за други работи и најави дека Белград наскоро би можел да добие споменик на четничкиот лидер или како што во Србија го именуваат- командантот на југословенската војска во татковината Драгољуб Дража Михаиловиќ.

-По ова собрание ќе поднесам иницијатива за изградба и поставување на споменик на генералот Драгољуб Михаиловиќ, мислам дека тој конечно треба да има споменик во Белград, тој да биде на достоинствено место во центарот на градот. Мојот предлог ќе биде на Теразијска тераса под Теразијската фонтана, рече Шапиќ.

The post Градоначалникот на Белград ќе го преместува гробот на Тито appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ денеска повтори дека смета оти гробот на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето треба да се премести на друга локација, но и гробовите на Моше Пијада, Иво Лола Рибар, Ѓура Ѓаковиќ, Иван Милутиновиќ треба да се изместат од Калемегдан. Тој предложи и четничкиот лидер Дража Михаиловиќ да добие споменик во Белград, јави дошисникот на МИА од Белград. Шапиќ, во пресрет на седницата на Градското собрание изјави дека Градот не е одговорен за преместувањето на гробот на Тито и другите и дека последниот збор треба да го каже Министерството за култура.
Не можам да влијаам на таа одлука, ниту градот Белград може правно или формално да влијае, но мислам дека изместувањето на Јосип Броз Тито од Музејот на Југославија (на Дедиње) е исклучително важна работа за српскиот народ и за иднината на оваа земја. Исто како и изместувањето на Моша Пијада, Иво Лола Рибара, Ѓура Ѓаковиќ, Иван Милутиновиќ од Калемегданската тврдина, од просторот што е наше најголемо културно наследство, старо 2.000 години, изјави Шапиќ пред новинарите во Градското собрание.
Тој додаде дека одлуката за ова ја носи Министерството за култура и дека Калемегдан е под заштита на Заводот за заштита на спомениците на Србија, како и дека и Музејот на Југославија е во надлежност на Министерството за култура.
Она што можам да го кажам е дека јас лично и градските служби ќе помогнеме максимално доколку се донесе одлука да се изврши квалитетна ексхумација, овие тела да се префрлат таму каде што ќе одлучиме. Ако можеа Шпанците, по 44 години генерал Франко да го изместат на некои нормални гробишта, ние не сме варвари за разлика од истите тие болшевици и комунисти кои ги расфрлаа коските на генералот Дража Михајловиќ за да не знаеме каде се до денес, рече Шапиќ.
Тој потсети дека во 2003 година бил донесен закон со кој се изедначија Равногорското (четничкото) и партизанското движење во Србија и додаде дека е овластен за други работи и најави дека Белград наскоро би можел да добие споменик на четничкиот лидер или како што во Србија го именуваат- командантот на југословенската војска во татковината Драгољуб Дража Михаиловиќ. -По ова собрание ќе поднесам иницијатива за изградба и поставување на споменик на генералот Драгољуб Михаиловиќ, мислам дека тој конечно треба да има споменик во Белград, тој да биде на достоинствено место во центарот на градот. Мојот предлог ќе биде на Теразијска тераса под Теразијската фонтана, рече Шапиќ.

The post Градоначалникот на Белград ќе го преместува гробот на Тито appeared first on Република.

]]>