градоначалник на Арачиново Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradonachalnik-na-arachinovo/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 07:49:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градоначалник на Арачиново Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradonachalnik-na-arachinovo/ 32 32 МВР: Расчистен случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-raschisten-sluchajot-so-obidot-za-ubistvo-na-gradonachalnikot-na-arachinovo/ Wed, 17 Jul 2024 07:49:36 +0000 https://republika.mk/?p=797587

СВР Скопје го расчистил случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново од 1 април годинава. Откриен е идентитетот на сторителот на кривичното дело и против него до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава за „убиство во обид".

Како што информира утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за 36-годишен М.А. против кого вчера била поднесена пријавата до ОЈО Скопје „по целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења“.

МВР потсетува дека кривично-правниот настан се случи на 1 април 2024 во скопското село Арачиново, кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р.И. и други лица вработени во општината, непознато лице од автоматско оружје испукало повеќе проектили додека тие вршеле увид во градежни работи. Во пукањето биле повредени Е.С. (39) и А. А.(22).

Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се бројни оперативно-тактички и истражни дејствија, при што е утврден идентитетот на сторителот, информира Министерството за внатрешни работи.

The post МВР: Расчистен случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје го расчистил случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново од 1 април годинава. Откриен е идентитетот на сторителот на кривичното дело и против него до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава за „убиство во обид". Како што информира утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за 36-годишен М.А. против кого вчера била поднесена пријавата до ОЈО Скопје „по целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења“. МВР потсетува дека кривично-правниот настан се случи на 1 април 2024 во скопското село Арачиново, кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р.И. и други лица вработени во општината, непознато лице од автоматско оружје испукало повеќе проектили додека тие вршеле увид во градежни работи. Во пукањето биле повредени Е.С. (39) и А. А.(22).
Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се бројни оперативно-тактички и истражни дејствија, при што е утврден идентитетот на сторителот, информира Министерството за внатрешни работи.

The post МВР: Расчистен случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново appeared first on Република.

]]>
Од „безбедносни причини“ Општина Арачиново денес нема да работи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-bezvednosni-prichini-opshtina-arachinovo-denes-nema-da-raboti/ Thu, 25 May 2023 09:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=644496

Информативна служба на Општина Арачиново ги информира граѓаните дека општинската администрација од денеска нема да работи поради „безбедносни причини“.

Се извинуваме што нема да можеме да вршиме услуги и законски обврски кон граѓаните, но ваквата мерка главно е преземена поради безбедноста на вработените во општинската администрација, но и на граѓаните кои се обраќаат до Општината, се наведува во објавата на официјалната Фејсбук страници на Општина Арачиново.

Во објавата се додава дека ваквата одлука е донесена откако „по втор пат е нарушена безбедноста на вработените во општинската администрација и градоначалникот“, Ридван Ибрахими.

Таквата одлука е против нашата волја и желба, но е неизбежна, се додава во објавата, во која се посочува дека за следното решение за работењето на локалната самоуправа граѓаните ќе бидат навремено информирани.

МВР вчера соопшти дека полициски службеници во вторникот го привеле 69-годишниот арачиновец Р.А., постапувајќи по пријава на градоначалникот Ибрахими, кој во СВР Скопје пријавил дека додека тој не бил присутен во општинската зграда, приведениот пред други присутни лица упатувал закани по неговиот живот.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/penzioner-upatil-zakani-po-zhivotot-na-gradonachalnikot-na-arachinovo/

Според Ибрахими, заканите биле изречени „во врска со предмет за доделување на користење на земјиште“.

Од МВР информираа дека по документирањето на случајот против приведениот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста” по член 144 став 4 од Кривичниот законик.

Ибраими лани во септември во полицијата пријавил дека бил цел на физички напад. Според тогашното соопштение на МВР, на 13 септември 2022 година во 09:46 часот Ибрахими пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица.

Како што објавија тогаш дел од медиумите на албански јазик во земјава, Ибрахими тврдеше дека напаѓачите ги предводел член на семејството на поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази.

- Причините за нападот беа нереализирање на нивните лични и деловни барања. Прво бараа именувањата на директори на основните училишта да се вршат според нивните желби, без исполнување на никакви законски критериуми, за да можат преку нив полесно да ги остварат своите цели. Намерите на оваа група одат на штета на жителите на Општината, заканувајќи се и уценувајќи ги вработените кои ги извршуваат своите обврски, изјави Ибрахими по инцидентот во септември.

Ајвази беше градоначалник на Арачиново од 2013 до 2017 година, а Ибрахими ја извршува градоначалничката функција од ноември 2021 година. И двајцата се членови на ДУИ.

The post Од „безбедносни причини“ Општина Арачиново денес нема да работи appeared first on Република.

]]>

Информативна служба на Општина Арачиново ги информира граѓаните дека општинската администрација од денеска нема да работи поради „безбедносни причини“.
Се извинуваме што нема да можеме да вршиме услуги и законски обврски кон граѓаните, но ваквата мерка главно е преземена поради безбедноста на вработените во општинската администрација, но и на граѓаните кои се обраќаат до Општината, се наведува во објавата на официјалната Фејсбук страници на Општина Арачиново.
Во објавата се додава дека ваквата одлука е донесена откако „по втор пат е нарушена безбедноста на вработените во општинската администрација и градоначалникот“, Ридван Ибрахими.
Таквата одлука е против нашата волја и желба, но е неизбежна, се додава во објавата, во која се посочува дека за следното решение за работењето на локалната самоуправа граѓаните ќе бидат навремено информирани.
МВР вчера соопшти дека полициски службеници во вторникот го привеле 69-годишниот арачиновец Р.А., постапувајќи по пријава на градоначалникот Ибрахими, кој во СВР Скопје пријавил дека додека тој не бил присутен во општинската зграда, приведениот пред други присутни лица упатувал закани по неговиот живот. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/penzioner-upatil-zakani-po-zhivotot-na-gradonachalnikot-na-arachinovo/ Според Ибрахими, заканите биле изречени „во врска со предмет за доделување на користење на земјиште“. Од МВР информираа дека по документирањето на случајот против приведениот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста” по член 144 став 4 од Кривичниот законик. Ибраими лани во септември во полицијата пријавил дека бил цел на физички напад. Според тогашното соопштение на МВР, на 13 септември 2022 година во 09:46 часот Ибрахими пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица. Како што објавија тогаш дел од медиумите на албански јазик во земјава, Ибрахими тврдеше дека напаѓачите ги предводел член на семејството на поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази. - Причините за нападот беа нереализирање на нивните лични и деловни барања. Прво бараа именувањата на директори на основните училишта да се вршат според нивните желби, без исполнување на никакви законски критериуми, за да можат преку нив полесно да ги остварат своите цели. Намерите на оваа група одат на штета на жителите на Општината, заканувајќи се и уценувајќи ги вработените кои ги извршуваат своите обврски, изјави Ибрахими по инцидентот во септември. Ајвази беше градоначалник на Арачиново од 2013 до 2017 година, а Ибрахими ја извршува градоначалничката функција од ноември 2021 година. И двајцата се членови на ДУИ.

The post Од „безбедносни причини“ Општина Арачиново денес нема да работи appeared first on Република.

]]>
Три лица приведени за напад врз градоначалникот на Арачиново https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-lica-privedeni-za-napad-vrz-gradonachalnikot-na-arachinovo/ Tue, 13 Sep 2022 17:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=550485

Денеска полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Р.А., Р.А. и Б.А. по претходна пријава денеска претпладне од Р.И. дека бил физички нападнат од нив во неговата канцеларија во општина Арачиново.

Известен е јавен обвинител и во координација со ОЈО Скопје по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело Насилство по чл.386 од КЗ.

The post Три лица приведени за напад врз градоначалникот на Арачиново appeared first on Република.

]]>

Денеска полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Р.А., Р.А. и Б.А. по претходна пријава денеска претпладне од Р.И. дека бил физички нападнат од нив во неговата канцеларија во општина Арачиново. Известен е јавен обвинител и во координација со ОЈО Скопје по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело Насилство по чл.386 од КЗ.

The post Три лица приведени за напад врз градоначалникот на Арачиново appeared first on Република.

]]>