градоначалници вмро 2021 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradonachalnici-vmro-2021/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Jan 2023 08:36:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градоначалници вмро 2021 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradonachalnici-vmro-2021/ 32 32 СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не знаат да менаџираат со општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-vmro-dpmne-ne-znaat-da-menadhiraat-so-opshtinite/ Mon, 16 Jan 2023 08:36:43 +0000 https://republika.mk/?p=597326

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не знаат да менаџираат со општините, работат неодговорно, ги покачуваат цените на општинските услуги, ги партизираат и ги задолжуваат општините, трупаат нови долгови за граѓаните.

Со градоначакникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски, аеродромци добиваат долг од 5,4 милиони евра кој ќе го враќаат во следните 10 години.

Муцунски за само една година успеа од најбогата општина, Аеродром да го доведе во долгови и започна постапка за задолжување на општината со долгорочна денарска обврзница.

Од овој месец, Општина Гевгелија, а претходно и општините Прилеп, Охрид, Битола, Штип и Радовиш драстично ги зголемија цените на комуналните услуги со што дополнително удрираат врз стандардот на граѓаните.

Прекинати проекти, партизација и задолжување на општините и удар врз џебот на граѓаните, тоа е сработеното на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првата година од нивниот мандат.

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најголемо разочарување за граѓаните.

The post СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не знаат да менаџираат со општините appeared first on Република.

]]>

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не знаат да менаџираат со општините, работат неодговорно, ги покачуваат цените на општинските услуги, ги партизираат и ги задолжуваат општините, трупаат нови долгови за граѓаните. Со градоначакникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски, аеродромци добиваат долг од 5,4 милиони евра кој ќе го враќаат во следните 10 години. Муцунски за само една година успеа од најбогата општина, Аеродром да го доведе во долгови и започна постапка за задолжување на општината со долгорочна денарска обврзница. Од овој месец, Општина Гевгелија, а претходно и општините Прилеп, Охрид, Битола, Штип и Радовиш драстично ги зголемија цените на комуналните услуги со што дополнително удрираат врз стандардот на граѓаните. Прекинати проекти, партизација и задолжување на општините и удар врз џебот на граѓаните, тоа е сработеното на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првата година од нивниот мандат. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најголемо разочарување за граѓаните.

The post СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не знаат да менаџираат со општините appeared first on Република.

]]>
Девет општини од Македонија, од кои 7 со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, добитници на „Европската ознака за извонредно управување” на АЛДА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/devet-opshtini-od-makedonija-od-koi-7-so-gradonachalnici-od-vmro-dpmne-dobitnici-na-evropskata-oznaka-za-izvonredno-upravuvanje-na-alda/ Tue, 22 Nov 2022 12:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=576905

На девет општини од Македонија, шест од Косово и три од Хрватска денеска им беше доделена „Европска ознака за извонредно управување” од страна на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА). Како што е наведено, овие девет општини учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа, при што покажале високо ниво на усогласеност со 12-те начела за добро демократско управување на Советот на Европа.

Деветте општини кои ја добија „Европската ознака за извонредно управување” во земјава се:

  • Аеродром, каде градоначалник е Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ
  • Берово на градоначалникот Звонко Пекевски од СДСМ
  • Битола предводена од Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ
  • Виница со Миле Петков од ВМРО-ДПМНЕ
  • Куманово на Максим Димитриевски од „За наше Куманово“
  • Неготино, градоначалник Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ
  • Новаци со Стевче Стевановски од ВМРО-ДПМНЕ
  • Радовиш на Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ
  • Штип на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ

Во обраќање на настанот министерот за локална самоуправа Ристо Пенов нагласи дека многу е важно што станува збор за стандарди на Советот на Европа и што целиот процес го води оваа организација.

Во нашава земја најголем предизвик на сите нивоа на управување е зачувувањето на човечкиот капитал и вложувањето во него, истакна Пенов.

Тој информираше и дека меѓу деветте општини од земјава кои ја добија ознаката „Европска ознака за извонредно управување” е и една рурална општина.

На настанот се обрати и претседателот на АЛДА, Оријано Оточан, кој го објасни целиот процес на усвојувањето на 12-те принципи на асоцијацијата и како се тие спроведени во Хрватска.

„Европската ознака за извонредност на управувањето“ е воспоставена од Советот на Европа, а почнувајќи од 2021 година, АЛДА e акредитирана организација да го спроведува проектот во Македонија, Хрватска и Косово.

The post Девет општини од Македонија, од кои 7 со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, добитници на „Европската ознака за извонредно управување” на АЛДА appeared first on Република.

]]>

На девет општини од Македонија, шест од Косово и три од Хрватска денеска им беше доделена „Европска ознака за извонредно управување” од страна на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА). Како што е наведено, овие девет општини учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа, при што покажале високо ниво на усогласеност со 12-те начела за добро демократско управување на Советот на Европа. Деветте општини кои ја добија „Европската ознака за извонредно управување” во земјава се:
  • Аеродром, каде градоначалник е Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ
  • Берово на градоначалникот Звонко Пекевски од СДСМ
  • Битола предводена од Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ
  • Виница со Миле Петков од ВМРО-ДПМНЕ
  • Куманово на Максим Димитриевски од „За наше Куманово“
  • Неготино, градоначалник Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ
  • Новаци со Стевче Стевановски од ВМРО-ДПМНЕ
  • Радовиш на Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ
  • Штип на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ
Во обраќање на настанот министерот за локална самоуправа Ристо Пенов нагласи дека многу е важно што станува збор за стандарди на Советот на Европа и што целиот процес го води оваа организација.
Во нашава земја најголем предизвик на сите нивоа на управување е зачувувањето на човечкиот капитал и вложувањето во него, истакна Пенов.
Тој информираше и дека меѓу деветте општини од земјава кои ја добија ознаката „Европска ознака за извонредно управување” е и една рурална општина. На настанот се обрати и претседателот на АЛДА, Оријано Оточан, кој го објасни целиот процес на усвојувањето на 12-те принципи на асоцијацијата и како се тие спроведени во Хрватска. „Европската ознака за извонредност на управувањето“ е воспоставена од Советот на Европа, а почнувајќи од 2021 година, АЛДА e акредитирана организација да го спроведува проектот во Македонија, Хрватска и Косово.

The post Девет општини од Македонија, од кои 7 со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, добитници на „Европската ознака за извонредно управување” на АЛДА appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Кај ниту еден градоначалник нема некаква афера или злоупотреба https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mickoski-kaj-nitu-eden-gradonachalnik-nema-nekakva-afera-ili-zloupotreba/ Thu, 17 Nov 2022 06:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=574591

Лидерот Мицкоски е задоволен од првата година на градоначалниците. Ова тој го објасни во вчерашното интервју за „Република“

Секогаш може повеќе но врз основа на можности со кои располагаа и на условите во кои што работеа сум супер задоволе.Кај ниту еден нема некаква афера или злоупотреба.Луѓето работат согласно принципите кои што ги договаравме, чесно, одговорно, посветено, храбро.

Тој жали што нема отчет кај градоначалниците од СДСМ.

Тоа е капитулација на отворена сцена. Тие имаат сериозни општини како Струмица, Крива Паланка, Центар, Валандово. Ако имаат нешто направено можеа да се пофалат. Нема отчет бидејќи ништо не работат, уживаат привилегии на грбот на граѓаните.

Мицкоски се надева дека и Скопје нема да остане заглавено.

Преку советничката група ќе се бориме за што повеќе проекти, за концептот за модерно Скопје бидејќи тоа беше победнички концепт зад кој ние застанавме и позади независниот кандидат Арсовска. Таа го прифати тој концепт, ние го прифативме, излеговме на избори и победивме. Преку советничката група продолжуваме со тие активности.

https://www.youtube.com/watch?v=ih3feD3xlqM

The post Мицкоски: Кај ниту еден градоначалник нема некаква афера или злоупотреба appeared first on Република.

Димитриеска Кочоска: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за 9 месеци успеале да го зголемат сопствениот приход за 61 процент, без да променат даночна стапка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-za-9-meseci-uspeale-da-go-zgolemat-sopstveniot-prihod-za-61-procent-bez-da-promenat-danochna-stapka/ Wed, 09 Nov 2022 07:11:44 +0000 https://republika.mk/?p=571660

Данок на личен доход, 63 милиони евра ќе наплатат повеќе во однос на минатата година и тоа е резултат на прогресивното оданочување. И сега се поставува прашањето како фирмите ќе го прифатат овој товар? Ако го гледаме од аспект на концептот на бруто плата, ова е товар за работниците затоа што согласно концептот на бруто плата ќе страдаат работниците, а ако го гледаме дека во најголем дел кај фирмите не се почитува тој концепт на бруто плата ќе падне товарот на компаниите. Значи како и да е, и едните и другите ќе го плата, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Отворено на ТВ 24.

Сега да видиме дали се бориме со сивата економија или не се бориме и каква е ситуацијата таму? Сега зборувам за ДДВ-тоа колку растел во однос на претходна година, во 2021 година во однос на 2022 година 184 милиони евра, 2022 година во однос на 2021 година 167 милиони евра, и следната односно 2023 во односно на 2022 година 164 милиони евра. Тука има два моменти, првиот е фактот дека инфлацијата кај нас почнува уште многу одамна, и тоа ние го зборуваме уште во 2021 година кога почна првото поскапување на електричната енергија, а вториот момент покажува дека ние тука немаме никаква борба со сива економија. Кој плаќал до сега ќе плаќа и понатаму со повисоки даноци, а кој не плаќал никому ништо, кажа Димитриеска Кочовска, и додаде дека даночната реформа која ја спроведува владата е катастрофална.

За пет години три министри за финансии се сменија, нешто кое што не се случило никогаш претходно. Така што во тој аспект можам да кажам дека даночната реформа е катастрофа, а борба со сива економија нема, изјави Димтриеска Кочоска.

Димитиреска Кочоска потенцираше дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за само 9 месеци успеале да ги зголемат сопствените приходи за 61 процент и тоа без да промени било каква даночна стапка.

Само за споредба, ние викендот имавме политички саем каде што по пресметките кои што ги направивме, нашите градоначалници успеале за 9 месеци да ги  зголемат сопствените приходи за 61 процент, притоа не променувајќи ниту една даночна стапка. И што покажува тоа? Тоа покажува ако сакате и се изборите со неплаќачите да плаќаат, има простор буџетот да се полни. Е овде проблемот е тоа, не сакаме да ги чепкаме одредени места, региони, компании и ајде товари на овие се што плаќаат и со тоа товарење и на граѓаните кои исто така плаќаат на време, смета таа.

The post Димитриеска Кочоска: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за 9 месеци успеале да го зголемат сопствениот приход за 61 процент, без да променат даночна стапка appeared first on Република.

]]>

Данок на личен доход, 63 милиони евра ќе наплатат повеќе во однос на минатата година и тоа е резултат на прогресивното оданочување. И сега се поставува прашањето како фирмите ќе го прифатат овој товар? Ако го гледаме од аспект на концептот на бруто плата, ова е товар за работниците затоа што согласно концептот на бруто плата ќе страдаат работниците, а ако го гледаме дека во најголем дел кај фирмите не се почитува тој концепт на бруто плата ќе падне товарот на компаниите. Значи како и да е, и едните и другите ќе го плата, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Отворено на ТВ 24.
Сега да видиме дали се бориме со сивата економија или не се бориме и каква е ситуацијата таму? Сега зборувам за ДДВ-тоа колку растел во однос на претходна година, во 2021 година во однос на 2022 година 184 милиони евра, 2022 година во однос на 2021 година 167 милиони евра, и следната односно 2023 во односно на 2022 година 164 милиони евра. Тука има два моменти, првиот е фактот дека инфлацијата кај нас почнува уште многу одамна, и тоа ние го зборуваме уште во 2021 година кога почна првото поскапување на електричната енергија, а вториот момент покажува дека ние тука немаме никаква борба со сива економија. Кој плаќал до сега ќе плаќа и понатаму со повисоки даноци, а кој не плаќал никому ништо, кажа Димитриеска Кочовска, и додаде дека даночната реформа која ја спроведува владата е катастрофална. За пет години три министри за финансии се сменија, нешто кое што не се случило никогаш претходно. Така што во тој аспект можам да кажам дека даночната реформа е катастрофа, а борба со сива економија нема, изјави Димтриеска Кочоска.
Димитиреска Кочоска потенцираше дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за само 9 месеци успеале да ги зголемат сопствените приходи за 61 процент и тоа без да промени било каква даночна стапка.
Само за споредба, ние викендот имавме политички саем каде што по пресметките кои што ги направивме, нашите градоначалници успеале за 9 месеци да ги  зголемат сопствените приходи за 61 процент, притоа не променувајќи ниту една даночна стапка. И што покажува тоа? Тоа покажува ако сакате и се изборите со неплаќачите да плаќаат, има простор буџетот да се полни. Е овде проблемот е тоа, не сакаме да ги чепкаме одредени места, региони, компании и ајде товари на овие се што плаќаат и со тоа товарење и на граѓаните кои исто така плаќаат на време, смета таа.

The post Димитриеска Кочоска: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за 9 месеци успеале да го зголемат сопствениот приход за 61 процент, без да променат даночна стапка appeared first on Република.

]]>
125 милиони евра тежат проектите реализирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/125-milioni-evra-tezat-proektite-realizirani-od-gradonachalnicite-na-vmro-dpmne/ Sat, 05 Nov 2022 10:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=569831

Промените се гледаат во резултатите и во делата на градоначалниците на општините со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ. На отворањето на првиот политички саем во Македонија, претседателот на партијата Христијан Мицкоски го резимира сработеното во секоја општина.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за само 1 година од мандатот отпочнаа со градба или реализираа проекти во вредност од 120 милиони евра (7.458.790.588 денари). Значи 125 милиони евра тежат проектите за нови булевари, паркови, нови градинки, училишта и редица други проекти. Од најголемата до најмалата општина, рече Мицкоски.

Тој објасни каде и како се инвестирани тие пари.

Патна инфраструктура, водоводни и канализациски мрежи

Се реализираа или се отпочна со реализација во патна инфраструктура, градба на надвозници, клучки, нови улици, булевари или нивна реконструкција во вредност од над 36 милиони евра (2.246.110.874 денари). За градба или реконструкција на водоводни и канализациски мрежи за една година се отпочна со инвестициски циклус вреден од над 20 милиони евра (1.278.181.531 денари).

Детски градинки, основни училишта

Во едни тешки околности на сеопшта криза се започна со решавање на проблемот со недостиг на детски градинки. Денес речиси и да нема општина каде нема дополнет капацитет или градба на нова градинка, или приспособување на просторни услови за тоа. За само една година се почна со градба или реконструкција на градинки во вредност од над 9 милиони евра (560.303.732 денари). И свесен сум дека ова не е доволно, но е добар почеток на решавање на еден децениски проблем. И образованието е наш приоритет. За градба или реконструкција на основни училишта се инвестира над 19 милиони евра (1.182.138.188 денари).

Паркови

За нови паркови и зелени површини се почнаа инвестиции во вредност од речиси 4 милиони евра (234.506.064 денари), додека за зачувување на животната средина и проекти од оваа област се инвестираат нови 2 милиони евра (118.055.948 денари).

Култура и спорт

Се инвестира и во културата. За нови културни домови, за реконструкција на културни знаменитости и инвестиции во културата се вложуваат речиси 2.5 милиони евра (148.933.374 денари), додека пак за спорт и спортски објекти за најмладите се инвестира над 7 милиони евра ( 435.749.593 денари).

Ранливи категории

Не се заборавени и ранливите категории граѓани, за кои низ различни програми и намени се даваат речиси 1.5 милиони евра (91.780.030 денари).

Мицкоски рече дека иако е задоволен од постигнатото, секогаш може повеќе.

Ова е одличен резултат кој е гаранција дека промените ќе бидат уште поголеми и уште позначајни. Овие резултати се однесуваат на над 40 општини во кои победата ја имаше ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој.

Прашањето за одбрана на принципите и нашето стојалиште да не ја изиграме довербата на граѓаните кога тоа веќе многу лесно го прави првиот човек на Градот, продолжува да биде границата од која нема да се повлечеме и моралот и вредностите што ги браниме. Одбраната на тие принципи се нашето право и должност, затоа што ветивме работа, наместо неспособност, ветивме резултати наместо стагнација, кусо се осврна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на состојбите во Град Скопје.

The post 125 милиони евра тежат проектите реализирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Промените се гледаат во резултатите и во делата на градоначалниците на општините со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ. На отворањето на првиот политички саем во Македонија, претседателот на партијата Христијан Мицкоски го резимира сработеното во секоја општина.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за само 1 година од мандатот отпочнаа со градба или реализираа проекти во вредност од 120 милиони евра (7.458.790.588 денари). Значи 125 милиони евра тежат проектите за нови булевари, паркови, нови градинки, училишта и редица други проекти. Од најголемата до најмалата општина, рече Мицкоски.
Тој објасни каде и како се инвестирани тие пари.

Патна инфраструктура, водоводни и канализациски мрежи

Се реализираа или се отпочна со реализација во патна инфраструктура, градба на надвозници, клучки, нови улици, булевари или нивна реконструкција во вредност од над 36 милиони евра (2.246.110.874 денари). За градба или реконструкција на водоводни и канализациски мрежи за една година се отпочна со инвестициски циклус вреден од над 20 милиони евра (1.278.181.531 денари).

Детски градинки, основни училишта

Во едни тешки околности на сеопшта криза се започна со решавање на проблемот со недостиг на детски градинки. Денес речиси и да нема општина каде нема дополнет капацитет или градба на нова градинка, или приспособување на просторни услови за тоа. За само една година се почна со градба или реконструкција на градинки во вредност од над 9 милиони евра (560.303.732 денари). И свесен сум дека ова не е доволно, но е добар почеток на решавање на еден децениски проблем. И образованието е наш приоритет. За градба или реконструкција на основни училишта се инвестира над 19 милиони евра (1.182.138.188 денари).

Паркови

За нови паркови и зелени површини се почнаа инвестиции во вредност од речиси 4 милиони евра (234.506.064 денари), додека за зачувување на животната средина и проекти од оваа област се инвестираат нови 2 милиони евра (118.055.948 денари).

Култура и спорт

Се инвестира и во културата. За нови културни домови, за реконструкција на културни знаменитости и инвестиции во културата се вложуваат речиси 2.5 милиони евра (148.933.374 денари), додека пак за спорт и спортски објекти за најмладите се инвестира над 7 милиони евра ( 435.749.593 денари).

Ранливи категории

Не се заборавени и ранливите категории граѓани, за кои низ различни програми и намени се даваат речиси 1.5 милиони евра (91.780.030 денари).
Мицкоски рече дека иако е задоволен од постигнатото, секогаш може повеќе.
Ова е одличен резултат кој е гаранција дека промените ќе бидат уште поголеми и уште позначајни. Овие резултати се однесуваат на над 40 општини во кои победата ја имаше ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој. Прашањето за одбрана на принципите и нашето стојалиште да не ја изиграме довербата на граѓаните кога тоа веќе многу лесно го прави првиот човек на Градот, продолжува да биде границата од која нема да се повлечеме и моралот и вредностите што ги браниме. Одбраната на тие принципи се нашето право и должност, затоа што ветивме работа, наместо неспособност, ветивме резултати наместо стагнација, кусо се осврна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на состојбите во Град Скопје.

The post 125 милиони евра тежат проектите реализирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Задоволен сум од постигнатото, а најмногу од тоа што го одржавме зборот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-zadovolen-sum-od-postignatoto-a-najmnogu-od-toa-shto-go-odrzavme-zborot/ Sat, 05 Nov 2022 10:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=569816

Овој политички саем треба да биде резиме на тоа што затекнавме, но и што направивме за овие 365 дена како локална власт. Обврската добиена од граѓаните да се управува со општините за мене претставува најголемата должност да се оправдаат очекувањата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на отворањето на првиот политички саем во Македонија.

Под мотото „Саем на промените што носат иднина“, на кој партијата ќе направи отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победија на последните локални избори, Мицкоски уште на почетокот истакна дека е задоволен од работата на градоначалниците и од постигнатите резултати.

Дванаесет месеци подоцна, по многу часови напорна работа, по многу непроспиени ноќи поминати во комуникација со градоначалниците, по многу пот, пожртвувана работа, посветеност, можам да кажам дека сум задоволен од она што се постигна. Најголемата придобивка е што се чувствуваат промените што носат иднина. И тие се малата, но многу значајна надеж дека може поинаку. Започнавме да градиме една поинаква слика и покажуваме со дела дека може поинаку, може подобро и може чесно. Поминавме година без ниту еден скандал во локалната самоуправа, со многу вратени стари долгови во општините кои беа блокирани, со многу почнати нови проекти, но и еден поинаков однос кон решенијата. Проблеми кои се решаваат заедно со граѓаните. Срушена е бариерата која со децении постои помеѓу граѓанинот и политичарот. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ можете да ги видите по парковите, градилиштата, маалата, улиците, достапни за народот. Очи в очи да разговарате, да дебатирате, да критикувате, рече Мицкоски.

Тој не пропушти да нагласи дека овие резултати во локалната самоуправа се постигнати во услови на тешка економска и политичка криза и грчевита борба со централната власт.

И знам дека не може да се решат сите проблеми, ниту пак тоа го ветивме, но затоа се трудиме со сите сили да 2 решиме што е можно повеќе проблеми и да не заборавиме ниту за миг сè што ветивме, додаде тој.

Односот на Владата кон општините Мицкоски го оцени како отворен непријателски. Се пожали дека општините со кои раководат градоначалници од ВМРО-Д-МНЕ се соочуваат со катадневни опструкции, кратења на фондови, одземање на помош, нерешавање на проблеми.

Ваквите неправди нè мотивираа да работиме повеќе и попостојано. А тоа го потврдуваат резултатите.

Мицкоски одговори и на прозивките дека е „најистурениот градоначалник“, но и на забелешките што оди со градоначалниците при реализација на проектите

Ако е главната забелешка зошто заедно со градоначалниците работам да се реализираат проекти за народот, ако главното што можат да искритикуваат е тоа што имам непроспиени ноќи и часови и часови работа посветено на остварување на ветеното, тогаш можам да кажам дека сме на вистинскиот пат. Затоа што она што нема цена се чистиот образ и честа кои треба да се бранат со дела. Секој збор од овие програми ветени пред граѓаните го бранев на изборите лично јас, со моето име и мојот кредибилитет. И немам намера да избегам ниту милиметар од тоа што го ветив и затоа сум најмногу заинтересиран да не го разочараме народот и затоа и тие малкумина загрижени кои ги даваат ваквите забелешки треба да знаат, заедно со градоначалниците ќе ме гледаат уште многу на отворања и градба на нови улици, паркови, водоводи, нови канализации и училишта, на многу нови проекти и реализирани ветувања. Затоа сум задоволен од постигнатото, а најмногу што го одржавме зборот, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Задоволен сум од постигнатото, а најмногу од тоа што го одржавме зборот appeared first on Република.

]]>

Овој политички саем треба да биде резиме на тоа што затекнавме, но и што направивме за овие 365 дена како локална власт. Обврската добиена од граѓаните да се управува со општините за мене претставува најголемата должност да се оправдаат очекувањата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на отворањето на првиот политички саем во Македонија. Под мотото „Саем на промените што носат иднина“, на кој партијата ќе направи отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победија на последните локални избори, Мицкоски уште на почетокот истакна дека е задоволен од работата на градоначалниците и од постигнатите резултати.
Дванаесет месеци подоцна, по многу часови напорна работа, по многу непроспиени ноќи поминати во комуникација со градоначалниците, по многу пот, пожртвувана работа, посветеност, можам да кажам дека сум задоволен од она што се постигна. Најголемата придобивка е што се чувствуваат промените што носат иднина. И тие се малата, но многу значајна надеж дека може поинаку. Започнавме да градиме една поинаква слика и покажуваме со дела дека може поинаку, може подобро и може чесно. Поминавме година без ниту еден скандал во локалната самоуправа, со многу вратени стари долгови во општините кои беа блокирани, со многу почнати нови проекти, но и еден поинаков однос кон решенијата. Проблеми кои се решаваат заедно со граѓаните. Срушена е бариерата која со децении постои помеѓу граѓанинот и политичарот. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ можете да ги видите по парковите, градилиштата, маалата, улиците, достапни за народот. Очи в очи да разговарате, да дебатирате, да критикувате, рече Мицкоски.
Тој не пропушти да нагласи дека овие резултати во локалната самоуправа се постигнати во услови на тешка економска и политичка криза и грчевита борба со централната власт.
И знам дека не може да се решат сите проблеми, ниту пак тоа го ветивме, но затоа се трудиме со сите сили да 2 решиме што е можно повеќе проблеми и да не заборавиме ниту за миг сè што ветивме, додаде тој.
Односот на Владата кон општините Мицкоски го оцени како отворен непријателски. Се пожали дека општините со кои раководат градоначалници од ВМРО-Д-МНЕ се соочуваат со катадневни опструкции, кратења на фондови, одземање на помош, нерешавање на проблеми.
Ваквите неправди нè мотивираа да работиме повеќе и попостојано. А тоа го потврдуваат резултатите.
Мицкоски одговори и на прозивките дека е „најистурениот градоначалник“, но и на забелешките што оди со градоначалниците при реализација на проектите
Ако е главната забелешка зошто заедно со градоначалниците работам да се реализираат проекти за народот, ако главното што можат да искритикуваат е тоа што имам непроспиени ноќи и часови и часови работа посветено на остварување на ветеното, тогаш можам да кажам дека сме на вистинскиот пат. Затоа што она што нема цена се чистиот образ и честа кои треба да се бранат со дела. Секој збор од овие програми ветени пред граѓаните го бранев на изборите лично јас, со моето име и мојот кредибилитет. И немам намера да избегам ниту милиметар од тоа што го ветив и затоа сум најмногу заинтересиран да не го разочараме народот и затоа и тие малкумина загрижени кои ги даваат ваквите забелешки треба да знаат, заедно со градоначалниците ќе ме гледаат уште многу на отворања и градба на нови улици, паркови, водоводи, нови канализации и училишта, на многу нови проекти и реализирани ветувања. Затоа сум задоволен од постигнатото, а најмногу што го одржавме зборот, рече Мицкоски.
 
The post Мицкоски: Задоволен сум од постигнатото, а најмногу од тоа што го одржавме зборот appeared first on Република.

]]>
Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини некаде е и тројно зголемена во однос на СДСМ, вели Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/poddrshkata-za-vmro-dpmne-vo-skopskite-opshtini-nekade-e-i-trojno-zgolemena-vo-odnos-na-sdsm-veli-mickoski/ Wed, 11 May 2022 20:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=501221

На прашањето дали смета дека обвинувањата од страна на советниците на СДСМ во Советот на Град Скопје дека градоначалничката Данела Арсовска не сака да ги слушне нивните прашања и покрај закажаните седници, би можеле да ѝ наштетат на ВМРО-ДПМНЕ и евентуалните предвремени парламентарни избори, лидерот Христијан Мицкоски во вечерашната „Топ тема“ одговори дека напротив, поддршката за ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини е двојно зголемена.

Еве јас како лидер на опозиција би кажувам дека во оние општини во Скопје каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници пред изборите и сега е некаде двојно зголемена разликата во однос на СДСМ, а некаде и тројно, рече Мицкоски.

The post Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини некаде е и тројно зголемена во однос на СДСМ, вели Мицкоски appeared first on Република.

Градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ водат 2:1 во однос на СДСМ, тоа е затоа што прават промени и работат за народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-vodat-2-1-vo-odnos-na-sdsm-toa-e-zatoa-shto-pravat-promeni-i-rabotat-za-narodot/ Thu, 07 Apr 2022 21:00:50 +0000 https://republika.mk/?p=485031

На анкетите кои што ги правиме на сериозен репрезентативен примерок, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ водат два спрема еден во однос на градоначалниците на Социјалдемократскиот сојуз, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат.

Тој посочи дека тоа е така затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ прават промени и работат за народот и нивните граѓани.\

„Правиме анкети за тоа како работат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи после пет месеци отприлика, граѓаните имаат стекнато прв впечаток за работењето на градоначалниците на ВМРО. Направивме веќе во скопските општини, сега одиме натаму во тек е мислам Прилеп и Велес и има таму многу прашања, триесетина отприлика атрибути кои ги испитуваме и сега ги прашуваме граѓаните дали сте се обратиле до општината со некакво барање? Педесет проценти се за две работи, градежни дозволи, односно урбанистички прашања и другото е административни, значи некој документ да извадат и така натаму. Веќе следното прашање и дали мислењето за вашата општина, дали е таа корумпирана или не е корумпирана, три спрема еден впечатокот на граѓаните е дека администрацијата, односно услугата која што ја добиле е по корупивен пат. Тоа е проблем кој е напластен наназад со години“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека ако се прашаат граѓаните кој градоначалник е подобар, дали овој кој е сега од ВМРО-ДПМНЕ или претходниот кој бил од СДСМ, два спрема еден е дека сегашниот од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од друга страна, ако вие го поставите прашањето, кој е подобар, дали овој градоначалник или претходниот, два спрема еден е дека овој е подобар“, истакна Мицкоски.

Посочи дека анкетите кои се прават од ВМРО-ДПМНЕ за испитување на јавното мислење се релевантни и истите не се правени врз партиски членови со цел да му се кажуваат работи кои сака да ги слушне и дека тие се направени на респектабилен репрезентативен примерок од илјада испитаници.

„Јас немам намера да правам анкети и јавни мислења кои ќе ми кажуваат работи кои сакам да ги слушнам и на тој начин да имам високо мислење за себе. Сепак сум доволно општествено постигнал во животот за да имам потреба да од некој да ме потапнува по рамото. На крајот од денот од тие политики зависи и иднината на нашата држава. Сега сме и ние некаков стејкхолдер во целата оваа ситуација. Во 50 општини ја имаме власта тоа е сериозна работа. Не е тоа сега да доаѓа некој и да ми кажува басни и розеви работи и јас сега врз основа на тоа да градам политика“, рече Мицкоски.

Имам методологија, додаде Мицкоски, и според таа методологија правиме тие анкети и прилично сериозен примерок е, повеќе од илјада испитаника, државниот примерок е на општинско ниво и мислам дека грешката е прилично мала и можам да кажам со задоволство дека првиот впечаток за овие градоначалници кои што се сега е одличен, бидејќи вие немате втора шанса за втор впечаток, но сеуште е чувството кај граѓаните и перцепцијата дека корупцијата е присутна и тоа треба да го смениме ако сакаме да одиме напред, ако не сакаме да одиме напред, тогаш ќе останеме во ова да тонеме и тоа е тоа. затоа кога ме прашавте со какво ветување ќе дојдам, еве со тоа ветување кој што сега го зборам во вашата емисија, ќе го зборам и во кампањата, ефикасна, дисциплинирана и мотивирана администрација.

The post Градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ водат 2:1 во однос на СДСМ, тоа е затоа што прават промени и работат за народот appeared first on Република.

]]>

На анкетите кои што ги правиме на сериозен репрезентативен примерок, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ водат два спрема еден во однос на градоначалниците на Социјалдемократскиот сојуз, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат. Тој посочи дека тоа е така затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ прават промени и работат за народот и нивните граѓани.\
„Правиме анкети за тоа како работат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи после пет месеци отприлика, граѓаните имаат стекнато прв впечаток за работењето на градоначалниците на ВМРО. Направивме веќе во скопските општини, сега одиме натаму во тек е мислам Прилеп и Велес и има таму многу прашања, триесетина отприлика атрибути кои ги испитуваме и сега ги прашуваме граѓаните дали сте се обратиле до општината со некакво барање? Педесет проценти се за две работи, градежни дозволи, односно урбанистички прашања и другото е административни, значи некој документ да извадат и така натаму. Веќе следното прашање и дали мислењето за вашата општина, дали е таа корумпирана или не е корумпирана, три спрема еден впечатокот на граѓаните е дека администрацијата, односно услугата која што ја добиле е по корупивен пат. Тоа е проблем кој е напластен наназад со години“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека ако се прашаат граѓаните кој градоначалник е подобар, дали овој кој е сега од ВМРО-ДПМНЕ или претходниот кој бил од СДСМ, два спрема еден е дека сегашниот од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од друга страна, ако вие го поставите прашањето, кој е подобар, дали овој градоначалник или претходниот, два спрема еден е дека овој е подобар“, истакна Мицкоски.
Посочи дека анкетите кои се прават од ВМРО-ДПМНЕ за испитување на јавното мислење се релевантни и истите не се правени врз партиски членови со цел да му се кажуваат работи кои сака да ги слушне и дека тие се направени на респектабилен репрезентативен примерок од илјада испитаници.
„Јас немам намера да правам анкети и јавни мислења кои ќе ми кажуваат работи кои сакам да ги слушнам и на тој начин да имам високо мислење за себе. Сепак сум доволно општествено постигнал во животот за да имам потреба да од некој да ме потапнува по рамото. На крајот од денот од тие политики зависи и иднината на нашата држава. Сега сме и ние некаков стејкхолдер во целата оваа ситуација. Во 50 општини ја имаме власта тоа е сериозна работа. Не е тоа сега да доаѓа некој и да ми кажува басни и розеви работи и јас сега врз основа на тоа да градам политика“, рече Мицкоски.
Имам методологија, додаде Мицкоски, и според таа методологија правиме тие анкети и прилично сериозен примерок е, повеќе од илјада испитаника, државниот примерок е на општинско ниво и мислам дека грешката е прилично мала и можам да кажам со задоволство дека првиот впечаток за овие градоначалници кои што се сега е одличен, бидејќи вие немате втора шанса за втор впечаток, но сеуште е чувството кај граѓаните и перцепцијата дека корупцијата е присутна и тоа треба да го смениме ако сакаме да одиме напред, ако не сакаме да одиме напред, тогаш ќе останеме во ова да тонеме и тоа е тоа. затоа кога ме прашавте со какво ветување ќе дојдам, еве со тоа ветување кој што сега го зборам во вашата емисија, ќе го зборам и во кампањата, ефикасна, дисциплинирана и мотивирана администрација.

The post Градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ водат 2:1 во однос на СДСМ, тоа е затоа што прават промени и работат за народот appeared first on Република.

]]>
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ донесоа промени: За два месеци отворени нови градинки, пуштени патишта, игралишта, паркови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-donesoa-promeni-za-dva-meseci-otvoreni-novi-gradinki-pushteni-patishta-igralishta-parkovi/ Sun, 02 Jan 2022 08:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=439490

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за два месеца реализирале десетина капитални проекти - нови градинки, нови училишта, нови улици и булевари, нови паркови и спортски игралишта, информира опозициската партија која освои мнизинство општини на локалните избори.

Започна со решавање на еден од најгорчливите проблеми на граѓаните во секоја општина, запрената легализација на дивоградби од претходната локална власт. Изминатава недела само во општина Битола се потпишани над 1000 решенија за легализација.

https://republika.mk/vesti/makedonija/konjanovski-za-mesec-i-pol-zavrsheni-nad-1000-predmeti-za-legalizacija-na-objekti-na-gragjanite-vo-bitola/

Во општина Илинден во завршна фаза е изградбата на новото основно училиште, кое ќе започне со работа од второто полугодие. Општина Свети Николе ќе започне со изградба на нова градинка.

https://republika.mk/vesti/skopje/georgievski-celodnevna-nastava-i-senzorna-soba-vo-novoto-uchilishte-vo-ilinden/

Започна реконструкцијата на основното училиште Кузман Јосифовски Питу во општина Кисела Вода, како и реконструкција на основното училиште Васил Главинов во Велес.

https://republika.mk/vesti/skopje/gjorgjievski-rekonstrukcija-i-izgradba-na-lift-za-deca-so-posebni-potrebi-vo-oou-kuzman-josifovski-pitu/

Во општина Бутел се поставени 40 интерактивни табли во основните училишта, започна и со изградба на неколку спортски игралишта во училиштата.

https://republika.mk/vesti/skopje/kostovski-vlozivme-10-milioni-denari-vo-osnovnite-uchilishta-i-3-milioni-denari-vo-gradinkite-vo-butel-2/

Се поставуваат и нови сончеви  колектори во основните училишта и градинките во општина Аеродром, нови фекални и атмосферски канализации во општините Гази Баба, Кисела Вода, Кочани, Велес, како и водоводни линии во Кочани, Свети Николе, Штип.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-i-mucunski-na-postavuvanje-na-fotovoltaici-vo-gradinka-i-osnovno-uchilishte/

Општините во Градот Скопје, заедно со Градот Скопје исчистија над 120 диви депонии.

https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-najavi-chistenje-na-divite-deponii-do-31-januari/

После неколку години, повторно во функција ќе биде ставен, а воедно и реконструиран планинарскиот дом Копанки, во општина Битола.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kopanki-kje-se-obnovuva-so-2-milioni-denari-od-budzetot-na-opshtina-bitola/

Започна со реализација на нов локален пат кои ќе ги поврзе општините Ново Село и Босилево.

Промените и реализацијата на програмата започнаа во општините кои ги предводат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните се сведоци на новиот пристап кон функционирањето на општините. Градоначалниците, како и советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ се во постојана комуникација со граѓаните, за да излезат во пресрет за  нивните проблеми и проекти.

The post Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ донесоа промени: За два месеци отворени нови градинки, пуштени патишта, игралишта, паркови appeared first on Република.