градинки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradinki/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 15:50:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градинки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradinki/ 32 32 Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот, покажуваат последните тестирања https://arhiva3.republika.mk/zivot/sekoe-vtoro-dete-vo-prilepskite-gradinki-ima-problemi-so-govorot-pokazhuvaat-poslednite-testirana/ Sat, 09 Nov 2024 16:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=835910

Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот и потребна е интервенција на логопед. Ова го покажуваат последните терстирања на децата од 4 до 6 години згрижени во градинките.

-Податоците се алармантни. Тестиравме околу 500 деца, згрижени во градинките и резултатите покажаа дека секое второ дете има проблеми со говорот, но за жал, во последно време и се зголемува проблемот со деца кои воопшто не зборуваат. Најчесто станува збор за една полиморфна дислалија, односно каде се опфатени фонемите и изговорот на Р, Л, потоа еден парасигматизам каде имаме замена на Ш и Ж, со С и З. Но за жал, најчесто, во последно време се појавуваат случаи на тотално отсуство на говор, една алалија каде што треба алармантно да се реагира од логопед и дефектолог, вели Даниела Пајмакоска Момироска, еден од двајцата логопеди кои работат со децата во прилепските градинки „Наша иднина“.

Според Пајмакоска Момироска, една од главните причини е – екранизацијата, или напредокот на технологијата, но и отсуството на поголем надзор на родителите над децата. Алармира на голема комуникација меѓу родител и дете.

-Живееме во нова технолошка ера, тоа е разбирливо. Но не може да им дозволиме на децата постојано да се изложени на телевизорите, таблетите, телефоните. Отсуствува комуникацијата родител-дете. Таа комуникација мора да се засили и не смеат младите да бидат пропуштени сами на себе. Затоа главната препорака е: родители, комуницирајте со децата. Зборувајте им и кога ги земате од градинка како го поминале денот, и кога сте дома со некои обврски, пак, разговарајте, комуницирајте, одговарајте на сите прашања на децата. Бидете упорни и кога не сакаат да зборуваат. Најдете време за своите деца, препорачува логопедот Даниела Пајмакоска Момироска, вработена во градинките „Наша иднина“ во Прилеп.

За родителот Габриела Стефаноска чие дете на петгодишна возраст е згрижено во детска градинка, мора да се обрне внимание на проблемот и не смее да биде табу тема.

-Моето дете има проблеми со изговорот на неколку тврди согласки. Работам со логопед во градинката, а и надвор од неа. Не сакам да има проблем поматаму, ниту да биде за потсмев меѓу врсниците или пак да се појави булинг. Ситуацијата со проблемите во говорот е алармантна. Во групата на моето дете од 35 деца, 30 посетуваат логопед. Не смее ова да биде табу тема и добро е што родителите се охрабруваат. Затоа, логопедот и помошта што може да ја добијат, топло им ја препорачувам, вели Стефаноска која има дете во училиште и со кое претходно работела посетувајќи логопед.

The post Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот, покажуваат последните тестирања appeared first on Република.

]]>

Лимани: Посветено ќе работиме на намалување на листите на чекање во градинките, затоа што секое дете е важно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/limani-posveteno-ke-rabotime-na-namaluvane-na-listite-na-chekane-vo-gradinkite-zatoa-shto-sekoe-dete-e-vazhno/ Tue, 03 Sep 2024 11:08:22 +0000 https://republika.mk/?p=812668

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, Градоначалникот на О. Илинден, Александар Георгиевски, вработените во детската градинка, жителите на ова населено место,  присуствуваше на свеченото отворање на доградбата на Јавната установа „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. Проширувањето на капацитетот на градинката значи и влез на нови 24 деца од оваа општина.

Во своето обраќање пред присутните министерот Лимани го истакна значењето на вложувањето во раниот детски развој како приоритет на оваа Влада.

„Во соработка со општините кои најдобро ги знаат потребите на граѓаните, продолжуваме да инвестираме во изградба на објекти и содржини кои ќе им овозможат на децата да растат, учат и се развиваат, на најдобар можен начин. Посветено ќе работиме и на намалување на листите на чекање, затоа што секое дете е важно и секое дете треба да е вклучено во воспитно-образовниот процес. Затоа што, раниот развој на децата е клучен за обликување на нивните идни способности, вештини и здравје,“ посочи Лимани.

Покрај значењето на градбите тие да бидат дизајнирани така што ќе обезбедат безбедност и ќе го поттикнуваат развојот на децата, Лимани ја истакна и важноста на стручните лица кои работата со деца и вложувањето во зајакнување на нивните компетенции.

„Нека нашата посветеност биде инспирација за сите нас да продолжиме со оваа важна работа. Среќно нека е!“ порача Лимани.

The post Лимани: Посветено ќе работиме на намалување на листите на чекање во градинките, затоа што секое дете е важно appeared first on Република.

Учениците до 10 години во Општина Центар може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/uchenitsite-do-10-godini-vo-opshtina-tsentar-mozhe-da-bidat-zgrizheni-vo-gradinkite-i-za-letniot-raspust/ Tue, 18 Jun 2024 11:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=788749

Општина Центар соопшти дека учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во градинките за време на летниот распуст до исполнување на капацитетите. Општина Центар денеска потпиша Меморандум за соработка со основните училишта и градинките за меѓусебна поддршка и соработка на проекти и работилници во областа на образованието.

Преку оваа соработка сакаме да им излеземе во пресрет на сите родители кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на нивните деца до 10 годишна возраст. За таа потреба ги отвораме градинките и за школските деца каде со наставнички од основните училишта ќе имаат едукативни работилници и други активности за време на летниот распуст. Слободните места за упис на дечињата секако зависи од капацитетите на детската градинка, потенцираше градоначалникот на општина Центар Горан, Герасимовски.

Учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во пет објекти, а за сите дополнителни информации и критериуми родителите може да се информираат во градинките.

The post Учениците до 10 години во Општина Центар може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст appeared first on Република.

Градинките остануваат под труд и социјала наместо да преминат под образование? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gradinkite-ostanuvaat-pod-trud-i-sotsijala-namesto-da-preminat-pod-obrazovanie/ Fri, 07 Jun 2024 12:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=785518

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами истакна дека за предлог законот за организација и работа на органите на државната управа има потреба од дополнително прецизирање. Според него, нема да се повлече, туку ќе се договораат уште детали.

- Има некои измени. Имаше првична идеја градинките да преминат од труд и социјала во Министерство за образование. Во дополнителните преговори што ги имавме со мандатарот, договоривме уште овој период да останат во труд и социјала. Ќе има реорганизација и во други институциите. Повлечен е предлог законот за да не одиме со амандмани, ќе се пушти во текот на денот со измените, истакна Касами од тетовско Желино каде промовираше дисперзирана противпожарна единица.

The post Градинките остануваат под труд и социјала наместо да преминат под образование? appeared first on Република.

Велковски: МТСП ќе ги прошири просторните услови во градинките за да се зголеми нивниот капацитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-mtsp-ke-gi-proshiri-prostornite-uslovi-vo-gradinkite-za-da-se-zgolemi-nivniot-kapatsitet/ Mon, 08 Apr 2024 13:14:36 +0000 https://republika.mk/?p=763843

Министерството за труд и социјална политика во наредниот период ќе преземе мерки за проширување на просторните услови во градинките за да се зголеми нивниот капацитет и да се намали бројот на деца кои чекаат на листите за прием, истакна министерот Ѓоко Велковски, при денешната посета на општините Кочани и Зрновци.

Сместувањето на дечињата во градинките е проблем во целата држава и ги има на листите на чекање во сите општини. Поради тоа, освен обезбедувањето просторни услови, неопходно е да се вработи и дополнителен кадар и по завршувањето на изборите тоа ќе биде спроведено.

Министерот Велковски се сретна со претставници на пензионерите кои подолг период протестираат со барање за линеарно зголемување од пет илјади денари на пензиите. Притоа нагласи дека тие сами треба да проценат дали добиените 5,3 отсто се вистинско зголемување или ќе треба се исполнат нивните барања, кои се реалност.

The post Велковски: МТСП ќе ги прошири просторните услови во градинките за да се зголеми нивниот капацитет appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика во наредниот период ќе преземе мерки за проширување на просторните услови во градинките за да се зголеми нивниот капацитет и да се намали бројот на деца кои чекаат на листите за прием, истакна министерот Ѓоко Велковски, при денешната посета на општините Кочани и Зрновци. Сместувањето на дечињата во градинките е проблем во целата држава и ги има на листите на чекање во сите општини. Поради тоа, освен обезбедувањето просторни услови, неопходно е да се вработи и дополнителен кадар и по завршувањето на изборите тоа ќе биде спроведено. Министерот Велковски се сретна со претставници на пензионерите кои подолг период протестираат со барање за линеарно зголемување од пет илјади денари на пензиите. Притоа нагласи дека тие сами треба да проценат дали добиените 5,3 отсто се вистинско зголемување или ќе треба се исполнат нивните барања, кои се реалност.  

The post Велковски: МТСП ќе ги прошири просторните услови во градинките за да се зголеми нивниот капацитет appeared first on Република.

]]>
Велковски: Градинките во Скопје ги почитуваат мерките против големата кашлица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-gradinkite-vo-skopje-gi-pochituvaat-merkite-protiv-golemata-kashlitsa/ Tue, 26 Mar 2024 13:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=758959

Градинките во Скопје си имаат евиденција колку од децата кои немаат уреден вакцинален статус не се згрижуваат, бидејќи Mинистерството за здравство ги презема сите активности, а тоа е носењето на одлуката и решението со голема кашлица, истакна денеска од Штип дополнителниот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, кој одговараше на новинарско прашања, дали се знае колкав е процентот на деца кои се згрижени, како и колку поради неуреден вакцинален статус не се згрижуваат во скопските градинки.

- Градинките точно си го почитуваат законот, целата ситуација на инспекциите си го презема Државниот здравствен и санитарен инспекторат, којшто ги врши контролите на терен, нашите инспектори ги продолжуваат оние редовни активности по Закон за пратење на контролата на ситуацијата и на целокупниот процес на функционирање во детските градинки.

Навистина жалам што Скопје е буквално област каде што ситуацијата е голема, иако можам да кажам дека на целата територија на Македонија процентот на вакцинирани дечиња е навистина голем во голем број од градовите, вели Велковски.

Тој упати апел до родителите да си ги вакцинираат своите деца, со цел да бидат дел од детската заштита.

Прашан дали мерките се покажаа како добри за намалување на бројот на деца со голема кашлица, Велковски истакна дека пред десеттина дена пред да се воведе мерката за забрана за прием на дечиња во градинките кои немаат уреден вакцинален статус, имало пет дечиња заразено, а кои биле вакцинирани целосно.

Тоа беше бројката којашто ја имавме во Скопје во детските градинки. Најголем дел од дечињата кои беа сместени во Клиниките беа од школско образование, односно основно и средно образование.

Така што беше алармантно во Скопје и затоа претпоставувам беа донесени одлуките од Комисијата, а потоа и од министерот за здравство, вели Велковски.

Тој додаде дека министерството за труд и социјална политика дополнително може да информира колкав е процентот на децата кои не се згрижени во детските градинки во Скопје.

The post Велковски: Градинките во Скопје ги почитуваат мерките против големата кашлица appeared first on Република.

]]>

Градинките во Скопје си имаат евиденција колку од децата кои немаат уреден вакцинален статус не се згрижуваат, бидејќи Mинистерството за здравство ги презема сите активности, а тоа е носењето на одлуката и решението со голема кашлица, истакна денеска од Штип дополнителниот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, кој одговараше на новинарско прашања, дали се знае колкав е процентот на деца кои се згрижени, како и колку поради неуреден вакцинален статус не се згрижуваат во скопските градинки.
- Градинките точно си го почитуваат законот, целата ситуација на инспекциите си го презема Државниот здравствен и санитарен инспекторат, којшто ги врши контролите на терен, нашите инспектори ги продолжуваат оние редовни активности по Закон за пратење на контролата на ситуацијата и на целокупниот процес на функционирање во детските градинки. Навистина жалам што Скопје е буквално област каде што ситуацијата е голема, иако можам да кажам дека на целата територија на Македонија процентот на вакцинирани дечиња е навистина голем во голем број од градовите, вели Велковски.
Тој упати апел до родителите да си ги вакцинираат своите деца, со цел да бидат дел од детската заштита. Прашан дали мерките се покажаа како добри за намалување на бројот на деца со голема кашлица, Велковски истакна дека пред десеттина дена пред да се воведе мерката за забрана за прием на дечиња во градинките кои немаат уреден вакцинален статус, имало пет дечиња заразено, а кои биле вакцинирани целосно.
Тоа беше бројката којашто ја имавме во Скопје во детските градинки. Најголем дел од дечињата кои беа сместени во Клиниките беа од школско образование, односно основно и средно образование. Така што беше алармантно во Скопје и затоа претпоставувам беа донесени одлуките од Комисијата, а потоа и од министерот за здравство, вели Велковски.
Тој додаде дека министерството за труд и социјална политика дополнително може да информира колкав е процентот на децата кои не се згрижени во детските градинки во Скопје.  

The post Велковски: Градинките во Скопје ги почитуваат мерките против големата кашлица appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Арсовска блокираше градба на две градинки, две училишта и спортска сала поради тоа што се градат од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stoilkovski-arsovska-blokirashe-gradba-na-dve-gradinki-dve-uchilishta-i-sportska-sala-poradi-toa-shto-se-gradat-od-gradonachalnitsi-na-vmro-dpmne/ Sat, 23 Mar 2024 13:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=757785

Омилениот приврзок на СДС и ДУИ Данела Арсовска донесе скандалозна одлука против својот народ, против скопјани и против градоначалниците и општините кои се борат за градба градинки, училишта и спортски објекти.

Имено продолжената рака на СДС и ДУИ Арсовска донесе скандалозни решенија за запирање на процесот на градба преку ослободување на плаќање на надоместок на две градинки, две основни училишта и еден спортски објект.

Иако советот на Град Скопје донесе одлука за ослободување, приврзокот на СДС И ДУИ, Арсовска донесе одлука за поништување на одлуката за надоместок за градбата на две основни училишта, две градинки и спортски комплекс.

Јавноста треба да знае дека градоначалникот со партија поклонете од СДС и Зечевиќ донесе одлука за поништување на одлуките за:

Ослободување од плаќање на надоместок за изградба на ОУ Крсте Мисирков во Гази Баба

Ослободување од плаќање на надоместок за доградба на ОУ Блаже Коневски во Аеродром

Ослободување од плаќање на надоместок за доградба на градинката Весели Цветови во Кисела Вода

Ослободување од плаќање на надоместок за доградба и надградба на градинката Изворче во Аеродром.

Ослободување од плаќање на надоместок за изградба на затворено спортско игралиште во Пинтија Кисела Вода.

Причината за ова ја гледаме во политичкиот мотив на Арсовска да ја продолжи праксата на менторите од СДС на блокада на општините, овој пат на Општините Гази Баба Боби Стефковски, Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и Аеродром Тимчо Муцунски.

Скопјани мора да знаат дека нема да имаат градинки и училишта затоа што Арсовска, која делува како продолжена рака на СДС и ДУИ ги казнува скопјани поради политички причини.

Арсовска врати:
Единствена причина поради која се блокира градба на две градинки, две училишта и спортска сала е неписменоста на советниците на ДПМНЕ во Град Скопје. Жалиме што неписменоста на ДПМНЕ се рефлектира континуирано врз секојдневниот живот на граѓаните на градот Скопје, кои нема да добијат нови училишта и градинки бидејќи советниците на ДПМНЕ во Град Скопје се уште не знаат да напишат предлог-одлука која ќе биде спроведлива и во согласност со Законот.

Градот Скопје апелира до ДПМНЕ да престанат да се бламираат во јавност. Доволно е што веќе јавноста е жртва на нивната неписменост и некомпетентност.

Училиштата и градинките кои се финансирани од Владата на Р.Македонија ќе се градат кога за тоа Советот ќе донесе законски и спроведливи одлуки кои нема да бидат во спротивност со член 50 став (1) точка 6, член 62 став (3) од Законот за локалната самоуправа, член 59 од Законот за градење и член 114 од Деловникот на Советот на Град Скопје.

The post Стоилковски: Арсовска блокираше градба на две градинки, две училишта и спортска сала поради тоа што се градат од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Омилениот приврзок на СДС и ДУИ Данела Арсовска донесе скандалозна одлука против својот народ, против скопјани и против градоначалниците и општините кои се борат за градба градинки, училишта и спортски објекти. Имено продолжената рака на СДС и ДУИ Арсовска донесе скандалозни решенија за запирање на процесот на градба преку ослободување на плаќање на надоместок на две градинки, две основни училишта и еден спортски објект. Иако советот на Град Скопје донесе одлука за ослободување, приврзокот на СДС И ДУИ, Арсовска донесе одлука за поништување на одлуката за надоместок за градбата на две основни училишта, две градинки и спортски комплекс. Јавноста треба да знае дека градоначалникот со партија поклонете од СДС и Зечевиќ донесе одлука за поништување на одлуките за: Ослободување од плаќање на надоместок за изградба на ОУ Крсте Мисирков во Гази Баба Ослободување од плаќање на надоместок за доградба на ОУ Блаже Коневски во Аеродром Ослободување од плаќање на надоместок за доградба на градинката Весели Цветови во Кисела Вода Ослободување од плаќање на надоместок за доградба и надградба на градинката Изворче во Аеродром. Ослободување од плаќање на надоместок за изградба на затворено спортско игралиште во Пинтија Кисела Вода. Причината за ова ја гледаме во политичкиот мотив на Арсовска да ја продолжи праксата на менторите од СДС на блокада на општините, овој пат на Општините Гази Баба Боби Стефковски, Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и Аеродром Тимчо Муцунски. Скопјани мора да знаат дека нема да имаат градинки и училишта затоа што Арсовска, која делува како продолжена рака на СДС и ДУИ ги казнува скопјани поради политички причини. Арсовска врати: Единствена причина поради која се блокира градба на две градинки, две училишта и спортска сала е неписменоста на советниците на ДПМНЕ во Град Скопје. Жалиме што неписменоста на ДПМНЕ се рефлектира континуирано врз секојдневниот живот на граѓаните на градот Скопје, кои нема да добијат нови училишта и градинки бидејќи советниците на ДПМНЕ во Град Скопје се уште не знаат да напишат предлог-одлука која ќе биде спроведлива и во согласност со Законот. Градот Скопје апелира до ДПМНЕ да престанат да се бламираат во јавност. Доволно е што веќе јавноста е жртва на нивната неписменост и некомпетентност. Училиштата и градинките кои се финансирани од Владата на Р.Македонија ќе се градат кога за тоа Советот ќе донесе законски и спроведливи одлуки кои нема да бидат во спротивност со член 50 став (1) точка 6, член 62 став (3) од Законот за локалната самоуправа, член 59 од Законот за градење и член 114 од Деловникот на Советот на Град Скопје.

The post Стоилковски: Арсовска блокираше градба на две градинки, две училишта и спортска сала поради тоа што се градат од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Во градинки ќе се примаат деца со три дози ДиТеПер вакцина и задолжителна ревакцина за шест месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-gradinki-ke-se-primaat-detsa-so-tri-dozi-diteper-vaktsina-i-zadolzhitelna-revaktsina-za-shest-mesetsi/ Mon, 18 Mar 2024 08:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=755760

Децата кои имаат примени три дози вакцина ДиТеПер против пертусис (голема кашлица) од денеска може да одат во градинка со услов за ревакцина во наредните шест месеци. Тоа е овозможено со одлуката што ја донесе во петокот министерот за здравство Илир Демири, по препорака на Комисијата за заразни болести за промена на претходната одлука за забрана за прием на невакцинирани и нецелосно вакцинирани деца поради прогласената епидемија на голема кашлица во Скопје.

Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ) минатата недела изврши стотина вонредни инспекциски надзори низ градинки во кои, како што информираше директорката Рената Младеновска, утврдено е дека се почитува решението за забрана за прием на нецелосно или делумно вакцинирани деца.

Податоците на ДСЗИ покажуваат дека за разлика од Скопје каде околу 50 отсто не се вакцинирани со ДТП, во внатрешноста е значително повисок процентот на вакцинирани и изнесува над 95 проценти.

Од 15 март во државава се достапни и вакцини против пертусис и за возрасни и како што информираше Министерството за здравство граѓаните можат да се обратат во вакциналните пунктови.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од 8 до 14 март се регистрирани нови 43 случаи на голема кашлица, со што бројот на заболени достигна 216.

По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 190 или 88 проценти во четиринаесет различни општини, осум лица се од Тетово, петмина живеат во Куманово, во Гостивар три и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица, Дебар, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и од Кочани, покажуваат податоцоте на ИЈЗ

The post Во градинки ќе се примаат деца со три дози ДиТеПер вакцина и задолжителна ревакцина за шест месеци appeared first on Република.

]]>

Децата кои имаат примени три дози вакцина ДиТеПер против пертусис (голема кашлица) од денеска може да одат во градинка со услов за ревакцина во наредните шест месеци. Тоа е овозможено со одлуката што ја донесе во петокот министерот за здравство Илир Демири, по препорака на Комисијата за заразни болести за промена на претходната одлука за забрана за прием на невакцинирани и нецелосно вакцинирани деца поради прогласената епидемија на голема кашлица во Скопје. Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ) минатата недела изврши стотина вонредни инспекциски надзори низ градинки во кои, како што информираше директорката Рената Младеновска, утврдено е дека се почитува решението за забрана за прием на нецелосно или делумно вакцинирани деца. Податоците на ДСЗИ покажуваат дека за разлика од Скопје каде околу 50 отсто не се вакцинирани со ДТП, во внатрешноста е значително повисок процентот на вакцинирани и изнесува над 95 проценти. Од 15 март во државава се достапни и вакцини против пертусис и за возрасни и како што информираше Министерството за здравство граѓаните можат да се обратат во вакциналните пунктови. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од 8 до 14 март се регистрирани нови 43 случаи на голема кашлица, со што бројот на заболени достигна 216.
По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 190 или 88 проценти во четиринаесет различни општини, осум лица се од Тетово, петмина живеат во Куманово, во Гостивар три и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица, Дебар, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и од Кочани, покажуваат податоцоте на ИЈЗ

The post Во градинки ќе се примаат деца со три дози ДиТеПер вакцина и задолжителна ревакцина за шест месеци appeared first on Република.

]]>
Во другите градови над 95 отсто од децата кои одат во градинки се вакцинирани против голема кашлица, а во Скопје половина од децата не се имунизирани што е поразително, рече директорката на ДСЗИ Младеновска https://arhiva3.republika.mk/vesti/vo-drugite-gradovi-nad-95-otsto-od-detsata-koi-odat-vo-gradinki-se-vaktsinirani-protiv-golema-kashlitsa-a-vo-skopje-polovina-od-detsata-ne-se-imunizirani-shto-e-porazitelno-reche-direktorkata-na-dszi/ Tue, 12 Mar 2024 12:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=754004

Во Скопје скоро 50 отсто од децата кои посетуваат градинки се невакцинирани или се нецелосно вакцинирани против голема кашлица, односно не ја примиле вакцината ДиТеПер. Според првичните информации во другите градови во државата има покриеност со имунизација на ДиТеПер во предучилишна возраст во скоро над 95 отсто, кажа денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска.

Во другите градови, во внатрешноста на државата родителите се одговорни и ја почитуваат обврската да го вакцинираат детето согласно календарот за имунизација. Очигледно е дека проблемот е тука, во градот Скопје, изјави Младеновска.

Младеновска информираше дека од вчера инспекторите на ДСЗИ се на теран за да извршат вонреден инспекциски надзор согласно одлуката што ја добиле од страна на министерот за здравство.

На приватните градинки уште вчера им се доставени решенијата и тие се контролираат исто како и државните.

Издадовме решенија во сите градинки на територија на град Скопје со забрана за прием на невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца со ДиТеПер согласно одлуката од министерот. Првичните информации од терен се дека скоро 50 проценти од децата кои посетуваат градинки на територија на град Скопје се невакцинирани со ДиТеПер или се нецелосно вакцинирани и лично сметам дека е поразителн факт за ова општество. Вчера исто така одговорните лица на градинките ни ги доставија списоците со невакцинирани деца и од таму се и бројките. Сметам дека оваа акција треба да продолжи, продолжува и денеска и во следните денови. Директорите на детските градинки ни дадоа уверување дека ќе ја почитуваат мерката, а дали ќе биде така ќе провериме денеска и во следните денови, изјави Младеновска.

Од вчера, 11 март градинките во Скопје не смееја да примаат деца на згрижување кои не се имунизирани со вакцината ДиТеПер или се нецелосно имунизирани со оваа вакцина против голема кашлица.

Вакцинацијата против голема кашлица во земјава се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV).

Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст.

Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.

На 8 март ДСЗИ ја доби Одлуката од Министерот за здравство врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи кои не се имунизирани со ДиТеПер или се нецелосно имунизирани со ДиТеПер.

На новинарско прашање дали вакцинирано дете треба да седи дома 21 ден или веднаш по имунизацијата да се врати во градинка, директорката на ДСЗИ рече дека од нивна страна таква мерка не е пропишана.

Ниту ДСЗИ, ниту Комисијата за заразни болести, ниту министерот за здраввство издала таква мерка. Апсолутно е неточно дека треба да се седи дома 21 ден по примена вакцина, рече Младеновска.

Според Младеновска, ДСЗИ постапува исклучиво по донесената препорака на Комисијата за заразни болести, односно одлуката на Министерот за здравство. Родители реагираат дека иако детето ја примило првата доза од вакцината, втората им била закажана за во мај, утринава им било кажано дека нема да биде примено во градинка.

Нема да правиме исклучок бидејќи ние сме само извршители во оваа ситуација. Ако Комисијата донесе друга препорака и министерот така ни наложи, така ќе постапиме. Се до овој момент ќе постапуваме како и досега, кажа Младеновска.

Од денеска се проверуваат и вакциналните картони. На прашањето кога се очекуваат првични резултати дали се примале и невакцинирани деца во градинките овие деновии Младеновска кажа:

Јас утринава ги добив првичните податоци. Се надевам дека во текот на оваа недела ќе имам информации за подетално да кажам дали се примаат невакцинирани деца и доколку се примаат ДСЗИ има можност да постапи по непочитување на решение и да изрече глоба и за правното и за одговорното лице во правното лице.

Како што беше и со епидемијата на морбили, подеднакво исто постапувме, рече Младеновска, одговарајќи на прашањето што ќе биде со оние деца кои поради оправдани здравствени состојби  не се имунизирраат. За нив е валиден картонот кој е потпишан од специјалистичко-конзилијарно мислење од Детска клиника.

https://republika.mk/zivot/zdravje/od-11-mart-gradinkite-nema-da-primaat-detsa-koi-ne-se-tselosno-vaktsinirani-so-diteper/

The post Во другите градови над 95 отсто од децата кои одат во градинки се вакцинирани против голема кашлица, а во Скопје половина од децата не се имунизирани што е поразително, рече директорката на ДСЗИ Младеновска appeared first on Република.

]]>

Во Скопје скоро 50 отсто од децата кои посетуваат градинки се невакцинирани или се нецелосно вакцинирани против голема кашлица, односно не ја примиле вакцината ДиТеПер. Според првичните информации во другите градови во државата има покриеност со имунизација на ДиТеПер во предучилишна возраст во скоро над 95 отсто, кажа денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска.
Во другите градови, во внатрешноста на државата родителите се одговорни и ја почитуваат обврската да го вакцинираат детето согласно календарот за имунизација. Очигледно е дека проблемот е тука, во градот Скопје, изјави Младеновска.
Младеновска информираше дека од вчера инспекторите на ДСЗИ се на теран за да извршат вонреден инспекциски надзор согласно одлуката што ја добиле од страна на министерот за здравство. На приватните градинки уште вчера им се доставени решенијата и тие се контролираат исто како и државните.
Издадовме решенија во сите градинки на територија на град Скопје со забрана за прием на невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца со ДиТеПер согласно одлуката од министерот. Првичните информации од терен се дека скоро 50 проценти од децата кои посетуваат градинки на територија на град Скопје се невакцинирани со ДиТеПер или се нецелосно вакцинирани и лично сметам дека е поразителн факт за ова општество. Вчера исто така одговорните лица на градинките ни ги доставија списоците со невакцинирани деца и од таму се и бројките. Сметам дека оваа акција треба да продолжи, продолжува и денеска и во следните денови. Директорите на детските градинки ни дадоа уверување дека ќе ја почитуваат мерката, а дали ќе биде така ќе провериме денеска и во следните денови, изјави Младеновска.
Од вчера, 11 март градинките во Скопје не смееја да примаат деца на згрижување кои не се имунизирани со вакцината ДиТеПер или се нецелосно имунизирани со оваа вакцина против голема кашлица. Вакцинацијата против голема кашлица во земјава се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV). Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст. Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести. На 8 март ДСЗИ ја доби Одлуката од Министерот за здравство врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи кои не се имунизирани со ДиТеПер или се нецелосно имунизирани со ДиТеПер. На новинарско прашање дали вакцинирано дете треба да седи дома 21 ден или веднаш по имунизацијата да се врати во градинка, директорката на ДСЗИ рече дека од нивна страна таква мерка не е пропишана.
Ниту ДСЗИ, ниту Комисијата за заразни болести, ниту министерот за здраввство издала таква мерка. Апсолутно е неточно дека треба да се седи дома 21 ден по примена вакцина, рече Младеновска.
Според Младеновска, ДСЗИ постапува исклучиво по донесената препорака на Комисијата за заразни болести, односно одлуката на Министерот за здравство. Родители реагираат дека иако детето ја примило првата доза од вакцината, втората им била закажана за во мај, утринава им било кажано дека нема да биде примено во градинка.
Нема да правиме исклучок бидејќи ние сме само извршители во оваа ситуација. Ако Комисијата донесе друга препорака и министерот така ни наложи, така ќе постапиме. Се до овој момент ќе постапуваме како и досега, кажа Младеновска.
Од денеска се проверуваат и вакциналните картони. На прашањето кога се очекуваат првични резултати дали се примале и невакцинирани деца во градинките овие деновии Младеновска кажа:
Јас утринава ги добив првичните податоци. Се надевам дека во текот на оваа недела ќе имам информации за подетално да кажам дали се примаат невакцинирани деца и доколку се примаат ДСЗИ има можност да постапи по непочитување на решение и да изрече глоба и за правното и за одговорното лице во правното лице.
Како што беше и со епидемијата на морбили, подеднакво исто постапувме, рече Младеновска, одговарајќи на прашањето што ќе биде со оние деца кои поради оправдани здравствени состојби  не се имунизирраат. За нив е валиден картонот кој е потпишан од специјалистичко-конзилијарно мислење од Детска клиника. https://republika.mk/zivot/zdravje/od-11-mart-gradinkite-nema-da-primaat-detsa-koi-ne-se-tselosno-vaktsinirani-so-diteper/

The post Во другите градови над 95 отсто од децата кои одат во градинки се вакцинирани против голема кашлица, а во Скопје половина од децата не се имунизирани што е поразително, рече директорката на ДСЗИ Младеновска appeared first on Република.

]]>
Демири: Децата кои не се вакцинирани нема да се примаат во градинки во целата држава, ќе има засилени инспекции https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/demiri-detsata-koi-ne-se-vaktsinirani-nema-da-se-primaat-vo-gradinki-vo-tselata-drzhava-ke-ima-zasileni-inspektsii/ Mon, 11 Mar 2024 13:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=753656

Децата кои не делумно или воопшто не се вакцинирани против пертусис, односно голема кашлица нема да се примаат во сите градинки во државата, а ќе има и засилени инспекции, најави денеска министерот за здравство Илир Демири, кој присустуваше на одбележување на Светскиот ден на глауком кој го организираше Клиниката за очни болести.

Мислам дека веќе пред две недели го организиравме ова. Оваа е трета недела како сум министер за здравство. Имајте го тоа предвид. Откако дојдов, веднаш пристапив кон тоа. Не само на територија на Скопје, каде што е прогласена епидемија, туку на државно ниво ќе има засилени инспекциски прегледи и ќе барам по секој начин да се вакцинираат оние, кои се невакцинирани. Да и во останатите градови ќе се враќаат од градинка, децата кои не се вакцинирани. Има потпишано таква наредба, одговори тој на новинарско прашање дали се задоцнети мерките, вонредните инспекциски надзори на ДСЗИ во градинките, да не се примаат деца делмно или целосно невакцинирани, изјави Демири.

Демири апелираше да се зголеми свесноста и значењето на тоа што значи вакцинација.

Со оглед на тоа што од денеска ДСЗИ ќе издава решение за забрана на деца во градинка, тој беше прашан дали има податоци колку решенија се издадени досега, на што, Демири одговори оти нема податок.

Во Македонија до 7 март се регистрирани 173 болни од голема кашлица, од кои 151 во Скопје.

Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во петокот, на 8 март соопшти дека од денеска (11 март) ќе биде забранет прием во градинките на деца кои не се вакцинирани или се нецелосно вакцинирани со ДиТеПер вакцината.

The post Демири: Децата кои не се вакцинирани нема да се примаат во градинки во целата држава, ќе има засилени инспекции appeared first on Република.

]]>

Децата кои не делумно или воопшто не се вакцинирани против пертусис, односно голема кашлица нема да се примаат во сите градинки во државата, а ќе има и засилени инспекции, најави денеска министерот за здравство Илир Демири, кој присустуваше на одбележување на Светскиот ден на глауком кој го организираше Клиниката за очни болести.
Мислам дека веќе пред две недели го организиравме ова. Оваа е трета недела како сум министер за здравство. Имајте го тоа предвид. Откако дојдов, веднаш пристапив кон тоа. Не само на територија на Скопје, каде што е прогласена епидемија, туку на државно ниво ќе има засилени инспекциски прегледи и ќе барам по секој начин да се вакцинираат оние, кои се невакцинирани. Да и во останатите градови ќе се враќаат од градинка, децата кои не се вакцинирани. Има потпишано таква наредба, одговори тој на новинарско прашање дали се задоцнети мерките, вонредните инспекциски надзори на ДСЗИ во градинките, да не се примаат деца делмно или целосно невакцинирани, изјави Демири.
Демири апелираше да се зголеми свесноста и значењето на тоа што значи вакцинација. Со оглед на тоа што од денеска ДСЗИ ќе издава решение за забрана на деца во градинка, тој беше прашан дали има податоци колку решенија се издадени досега, на што, Демири одговори оти нема податок. Во Македонија до 7 март се регистрирани 173 болни од голема кашлица, од кои 151 во Скопје. Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести. Државниот санитарен и здравствен инспекторат во петокот, на 8 март соопшти дека од денеска (11 март) ќе биде забранет прием во градинките на деца кои не се вакцинирани или се нецелосно вакцинирани со ДиТеПер вакцината.  

The post Демири: Децата кои не се вакцинирани нема да се примаат во градинки во целата држава, ќе има засилени инспекции appeared first on Република.

]]>
Невакцинирани деца со ДиТеПер од денеска нема да се примаат во градинките во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nevaktsinirani-detsa-so-diteper-od-deneska-nema-da-se-primaat-vo-gradinkite-vo-skopje/ Mon, 11 Mar 2024 08:10:43 +0000 https://republika.mk/?p=753493

Од денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе почне со вонредни инспекциски надзори и издавање решенија за забрана на прием на деца во градинките кои не се целосно имунизирани со вакцината ДТП против голема кашлица.

Ова во петокот го најавија од ДСЗИ откако ја добиле одлуката од министерот за здравство Илир Демири, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи, кои не се имунизирани, или се нецелосно имунизирани со ДТП.

Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во понеделник, 11 март, со издавање решение за забрана на прием на деца, кои не се имунизирани или се нецелосно имунизирани со ДТП, како и други наложени епидемиски мерки, појаснуваат од ДСЗИ.

Исто така, додаваат оттаму, ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ДТП.

Да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје - Скопје, истакнуваат од Инспекторатот.

The post Невакцинирани деца со ДиТеПер од денеска нема да се примаат во градинките во Скопје appeared first on Република.

]]>

Од денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе почне со вонредни инспекциски надзори и издавање решенија за забрана на прием на деца во градинките кои не се целосно имунизирани со вакцината ДТП против голема кашлица. Ова во петокот го најавија од ДСЗИ откако ја добиле одлуката од министерот за здравство Илир Демири, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи, кои не се имунизирани, или се нецелосно имунизирани со ДТП.
Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во понеделник, 11 март, со издавање решение за забрана на прием на деца, кои не се имунизирани или се нецелосно имунизирани со ДТП, како и други наложени епидемиски мерки, појаснуваат од ДСЗИ.
Исто така, додаваат оттаму, ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ДТП.
Да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје - Скопје, истакнуваат од Инспекторатот.
 
The post Невакцинирани деца со ДиТеПер од денеска нема да се примаат во градинките во Скопје appeared first on Република.

]]>
Oд утре стартува инспекцискиот надзор во градинките дали децата се вакцинирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-utre-startuva-inspektsiskiot-nadzor-vo-gradinkite-dali-detsata-se-vaktsinirani/ Sun, 10 Mar 2024 14:08:44 +0000 https://republika.mk/?p=753335

Ќе се проверуваат само вакцините за ДиТеПер. Оваа одлука доаѓа по барањето на Комисијата за заразни болести до министерството за здравство да ги потврди мерките невакцинирани деца да не одат во градинка. Министерството за здравство му одобри на ДСЗИ да врши вонредни надозори.

Пет деца се хоспитализарани станува збор за четири деца под една година и едно до четири години. Според возраста се движи до 40 години, а најголем број случаи се од возрасните групи деца од 10 до 14 години.

The post Oд утре стартува инспекцискиот надзор во градинките дали децата се вакцинирани appeared first on Република.

]]>

Ќе се проверуваат само вакцините за ДиТеПер. Оваа одлука доаѓа по барањето на Комисијата за заразни болести до министерството за здравство да ги потврди мерките невакцинирани деца да не одат во градинка. Министерството за здравство му одобри на ДСЗИ да врши вонредни надозори. Пет деца се хоспитализарани станува збор за четири деца под една година и едно до четири години. Според возраста се движи до 40 години, а најголем број случаи се од возрасните групи деца од 10 до 14 години.

The post Oд утре стартува инспекцискиот надзор во градинките дали децата се вакцинирани appeared first on Република.

]]>
Од 11 март градинките нема да примаат деца кои не се целосно вакцинирани со ДиТеПер https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-11-mart-gradinkite-nema-da-primaat-detsa-koi-ne-se-tselosno-vaktsinirani-so-diteper/ Fri, 08 Mar 2024 12:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=752656

Од понеделник, 11 март градинките во Скопје нема да примаат деца на згрижување кои не се имунизирани со вакцината ДиТеПер или се нецелосно имунизирани со оваа вакцина против голема кашлица, соопшти денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

Вакцинацијата против голема кашлица во земјава се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV).

Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст.

Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.

На 8 март ДСЗИ ја доби Одлуката од Министерот за здравство врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи кои не се имунизирани со ДТП или се нецелосно имунизирани со ДТП.

Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во понеделник на 11 март со издавање на Решение за забрана на прием на деца кои не се имунизирани со ДТП или се нецелосно имунизирани со ДТП, и други наложени епидемиски мерки, се вели во соопштението на ДСЗИ.

Оттаму додаваат дека ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ДТП.

Да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје Скопје, се вели во соопшетние на ДСЗИ.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, до 29 февруари беа регистрирани 123 случаи на голема кашлица во цела Македонија, од кои 109 се во Скопје.

Од 18 јануари до 29 февруари аплицирани се 22. 395 дози вакцини.

https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-gi-prifati-preporakite-od-komisijata-za-zarazni-bolesti-za-golema-kashlitsa-no-ne-kazha-deka-nema-da-se-primaat-nevaktsiniranii-detsa-vo-gradinkite/

The post Од 11 март градинките нема да примаат деца кои не се целосно вакцинирани со ДиТеПер appeared first on Република.

]]>

Од понеделник, 11 март градинките во Скопје нема да примаат деца на згрижување кои не се имунизирани со вакцината ДиТеПер или се нецелосно имунизирани со оваа вакцина против голема кашлица, соопшти денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Вакцинацијата против голема кашлица во земјава се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV). Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст. Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести. На 8 март ДСЗИ ја доби Одлуката од Министерот за здравство врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи кои не се имунизирани со ДТП или се нецелосно имунизирани со ДТП.
Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во понеделник на 11 март со издавање на Решение за забрана на прием на деца кои не се имунизирани со ДТП или се нецелосно имунизирани со ДТП, и други наложени епидемиски мерки, се вели во соопштението на ДСЗИ.
Оттаму додаваат дека ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ДТП.
Да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје Скопје, се вели во соопшетние на ДСЗИ.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, до 29 февруари беа регистрирани 123 случаи на голема кашлица во цела Македонија, од кои 109 се во Скопје. Од 18 јануари до 29 февруари аплицирани се 22. 395 дози вакцини. https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-gi-prifati-preporakite-od-komisijata-za-zarazni-bolesti-za-golema-kashlitsa-no-ne-kazha-deka-nema-da-se-primaat-nevaktsiniranii-detsa-vo-gradinkite/

The post Од 11 март градинките нема да примаат деца кои не се целосно вакцинирани со ДиТеПер appeared first on Република.

]]>
Министерството за здравство ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за голема кашлица, но не кажа дека нема да се примаат невакцинирании деца во градинките https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-gi-prifati-preporakite-od-komisijata-za-zarazni-bolesti-za-golema-kashlitsa-no-ne-kazha-deka-nema-da-se-primaat-nevaktsiniranii-detsa-vo-gradinkite/ Wed, 06 Mar 2024 16:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=751994

Министерството за здравство попладнево информираше дека ги прифаќа препораките на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на голема кашлица, но не кажа дека нема да се примаат невакцинирани деца во градинките.

Во соопштението се наведува дека министерот Илир Демири ќе донесе одлука со која на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе му наложи да постапува согласно законските надлежности предвидени со Закон за заштита на населението од заразни болести, како и да врши вонредни инспекциски надзори, односно увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена вакцина против голема кашлица.

Портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ вчера рече дека предлагаат да се зголеми инспекцискиот надзор на ДСЗИ во градинките со цел да се види дали се почитува препораката на Комисијата за заразни болести, да не се примаат невакцинирани и нецелосно вакцинирани деца со ДиТеПер вакцината.

Министерството за здравство апелира до родителите дека најдобар начин за превенција на голема кашлица е вакцинацијата, затоа треба да ги вакцинираат своите деца, се вели во соопштението.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска денеска изјави дека ќе забранат посета во градинки на деца кои немаат примено ДТП вакцина, само доколку препораката на Комисијата за заразни болести биде прифатена и со одлука, а Министерството за здравство му наложи на Инспекторатот да врши вонредни инспекциски надзори заради увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена ДТП вакцина.

Вакцинацијата против голема кашлица во земјава се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV). Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст.

Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, до вчера беа регистрирани 123 случаи на голема кашлица во цела Македонија, од кои 109 се во Скопје.

Од 18 јануари до 29 февруари аплицирани се 22. 395 дози вакцини.

The post Министерството за здравство ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за голема кашлица, но не кажа дека нема да се примаат невакцинирании деца во градинките appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство попладнево информираше дека ги прифаќа препораките на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на голема кашлица, но не кажа дека нема да се примаат невакцинирани деца во градинките. Во соопштението се наведува дека министерот Илир Демири ќе донесе одлука со која на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе му наложи да постапува согласно законските надлежности предвидени со Закон за заштита на населението од заразни болести, како и да врши вонредни инспекциски надзори, односно увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена вакцина против голема кашлица. Портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ вчера рече дека предлагаат да се зголеми инспекцискиот надзор на ДСЗИ во градинките со цел да се види дали се почитува препораката на Комисијата за заразни болести, да не се примаат невакцинирани и нецелосно вакцинирани деца со ДиТеПер вакцината.
Министерството за здравство апелира до родителите дека најдобар начин за превенција на голема кашлица е вакцинацијата, затоа треба да ги вакцинираат своите деца, се вели во соопштението.
Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска денеска изјави дека ќе забранат посета во градинки на деца кои немаат примено ДТП вакцина, само доколку препораката на Комисијата за заразни болести биде прифатена и со одлука, а Министерството за здравство му наложи на Инспекторатот да врши вонредни инспекциски надзори заради увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена ДТП вакцина. Вакцинацијата против голема кашлица во земјава се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV). Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст. Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести. Според податоците од Институтот за јавно здравје, до вчера беа регистрирани 123 случаи на голема кашлица во цела Македонија, од кои 109 се во Скопје. Од 18 јануари до 29 февруари аплицирани се 22. 395 дози вакцини.

The post Министерството за здравство ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за голема кашлица, но не кажа дека нема да се примаат невакцинирании деца во градинките appeared first on Република.

]]>
Велковски: 1.000 барања за лиценци за негователки и воспитувачки во градинки стојат во место, а 5.000 деца се на листа на чекање за упис https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-1-000-barana-za-litsentsi-za-negovatelki-i-vospituvachki-vo-gradinki-stojat-vo-mesto-a-5-000-detsa-se-na-lista-na-chekane-za-upis/ Wed, 06 Mar 2024 12:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=751874

1.000 барања за лиценци во градинките четири години тапкаат во место а згора на тоа повлечена е оваа точка од страна на владата.Се работи за негователки, воспитувачки и друг стручен кадар кои без овие лиценци не можат да бидат вработени, алармира министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Овој нерешено прашање пак според министерот отвора голем со уписот на деца во градинките низ цела Македонија.

@republika.onlineМинистерот за труд и социјала за проблемот со градинките♬ original sound - Republika online

Еден воспитувач и неговател се грижат за 30 до 35 деца.Осум часа треба да ги чувате а каде е образовниот процес кој треба да им се даде на децата.Состојбата е алармантна.Затоа е потребно да се донесат измените на законот за заштита на деца кои ќе овозможат брзо решавање на овие 1000 барања.Поради ова над 5000 деца се на листите на чекање за упис во градинките.Ова ќе се реши доколку обезедиме просторни услови и стрчен кадар што ќе се грижи за овие деца.Поради овој проблем 5000 мајки треба да бидат дома или баби и дедовци да ги чуваат-вели Велковски во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.

The post Велковски: 1.000 барања за лиценци за негователки и воспитувачки во градинки стојат во место, а 5.000 деца се на листа на чекање за упис appeared first on Република.

]]>

1.000 барања за лиценци во градинките четири години тапкаат во место а згора на тоа повлечена е оваа точка од страна на владата.Се работи за негователки, воспитувачки и друг стручен кадар кои без овие лиценци не можат да бидат вработени, алармира министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски. Овој нерешено прашање пак според министерот отвора голем со уписот на деца во градинките низ цела Македонија.
@republika.onlineМинистерот за труд и социјала за проблемот со градинките♬ original sound - Republika online
Еден воспитувач и неговател се грижат за 30 до 35 деца.Осум часа треба да ги чувате а каде е образовниот процес кој треба да им се даде на децата.Состојбата е алармантна.Затоа е потребно да се донесат измените на законот за заштита на деца кои ќе овозможат брзо решавање на овие 1000 барања.Поради ова над 5000 деца се на листите на чекање за упис во градинките.Ова ќе се реши доколку обезедиме просторни услови и стрчен кадар што ќе се грижи за овие деца.Поради овој проблем 5000 мајки треба да бидат дома или баби и дедовци да ги чуваат-вели Велковски во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.

The post Велковски: 1.000 барања за лиценци за негователки и воспитувачки во градинки стојат во место, а 5.000 деца се на листа на чекање за упис appeared first on Република.

]]>
Д-р Мехмедовиќ: Да се засили инспекцискиот надзор во градинките за следење на невакцинираните деца https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-mehmedovik-da-se-zasili-inspektsiskiot-nadzor-vo-gradinkite-za-sledene-na-nevaktsiniranite-detsa/ Tue, 05 Mar 2024 14:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=751557

Комисијата за заразни болести препорачува да се засили инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) на територијата на град Скопје, со цел да може навистина да се види состојбата во градинките и да се добие пореална слика за тоа каква е состојбата со вакцинирани и невакцинирани деца со ДиТеПер, дали се почитува доследно препораката на Комисијата за заразни болести за тоа да не се примаат нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца во градинките, кажа денеска д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Тој информираше дека има 123 лица заболени со пертусис, од коишто доминантно најголем број 109 лица се од Скопје.

Оправданоста на епидемијата којашто е прогласена во градот Скопје уште еднаш се потврдува и со последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Спорадично имаме појава на по еден случај од Тетово, Дебар и Струмица, меѓутоа сè уште не можеме да кажеме дека состојбата се разгорува на национално ниво, што е добро, кажа д-р Мехмедовиќ.

Првиот случај на пертусис (голема кашлица) беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Од 18 јануари до 29 февруари годинава по препорака на Комисијата за заразни болести а по наредба на Министерството за здравство работат вакциналните пунктови во Скопје во две смени, и аплицирани се вкупно 22.395 вакцини.

Заклучокот е дека вакцинацијата се одвива добро и дека ќе продолжи со истото темпо. На граѓаните посебно на родителите ќе им бидат достапни овие вакцинални пунктови и во иднина“, рече Мехмедовиќ.

Мехмедовиќ изјави дека следната препорака се однесува на дигиталната евиденција за вакцинација на децата.

Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача во вакциналните пунктови евиденцијата која се води дигитално да биде задолжителна, со цел да имаме реално и подобар преглед за податоците на децата кои се вакцинираат со ДиТеПер, кажа д-р Мехмедовиќ.

Комисијата исто така препорачува да се овозможи тестирање за голема кашлица на ниво на цела држава и да биде спроведувана од локалните Центри за јавно здравје.

Од Комитетот за имунизација е добиена информација дека на 15 март се очекува да пристигнат првите вакцини коишто ќе бидат наменети за возрасни. Комисијата за заразни болести препорачува вакцинација на возрасни лица кои живеат во семејства каде што има мали деца до две години, трудници во последниот триместар, како и персонал кој работи со мали деца.

Директорот на Инфективна клиника, д-р Фадил Цана кажа дека од 1 јануари до денес на Клиниката имале 12 лица прегледани и потврдени за голема кашлица.

The post Д-р Мехмедовиќ: Да се засили инспекцискиот надзор во градинките за следење на невакцинираните деца appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести препорачува да се засили инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) на територијата на град Скопје, со цел да може навистина да се види состојбата во градинките и да се добие пореална слика за тоа каква е состојбата со вакцинирани и невакцинирани деца со ДиТеПер, дали се почитува доследно препораката на Комисијата за заразни болести за тоа да не се примаат нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца во градинките, кажа денеска д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести. Тој информираше дека има 123 лица заболени со пертусис, од коишто доминантно најголем број 109 лица се од Скопје.
Оправданоста на епидемијата којашто е прогласена во градот Скопје уште еднаш се потврдува и со последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Спорадично имаме појава на по еден случај од Тетово, Дебар и Струмица, меѓутоа сè уште не можеме да кажеме дека состојбата се разгорува на национално ниво, што е добро, кажа д-р Мехмедовиќ.
Првиот случај на пертусис (голема кашлица) беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести. Од 18 јануари до 29 февруари годинава по препорака на Комисијата за заразни болести а по наредба на Министерството за здравство работат вакциналните пунктови во Скопје во две смени, и аплицирани се вкупно 22.395 вакцини.
Заклучокот е дека вакцинацијата се одвива добро и дека ќе продолжи со истото темпо. На граѓаните посебно на родителите ќе им бидат достапни овие вакцинални пунктови и во иднина“, рече Мехмедовиќ.
Мехмедовиќ изјави дека следната препорака се однесува на дигиталната евиденција за вакцинација на децата.
Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача во вакциналните пунктови евиденцијата која се води дигитално да биде задолжителна, со цел да имаме реално и подобар преглед за податоците на децата кои се вакцинираат со ДиТеПер, кажа д-р Мехмедовиќ.
Комисијата исто така препорачува да се овозможи тестирање за голема кашлица на ниво на цела држава и да биде спроведувана од локалните Центри за јавно здравје. Од Комитетот за имунизација е добиена информација дека на 15 март се очекува да пристигнат првите вакцини коишто ќе бидат наменети за возрасни. Комисијата за заразни болести препорачува вакцинација на возрасни лица кои живеат во семејства каде што има мали деца до две години, трудници во последниот триместар, како и персонал кој работи со мали деца. Директорот на Инфективна клиника, д-р Фадил Цана кажа дека од 1 јануари до денес на Клиниката имале 12 лица прегледани и потврдени за голема кашлица.  

The post Д-р Мехмедовиќ: Да се засили инспекцискиот надзор во градинките за следење на невакцинираните деца appeared first on Република.

]]>
Велковски: МТСП следи дали во градинките има прием на деца кои не се вакцинирани против голема кашлица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-mtsp-sledi-dali-vo-gradinkite-ima-priem-na-detsa-koi-ne-se-vaktsinirani-protiv-golema-kashlitsa/ Thu, 22 Feb 2024 18:54:02 +0000 https://republika.mk/?p=747087

При запишување на деца во градинка Министерството за труд и социјална политика се придржува кон исполнувањето на протоколите за вакцинирање против голема кашлица и ја следи состојбата на терен, изјави за МИА министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски при денешната посета на детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани.

Имаме стриктни протоколи, а и според правилниците за упис на дете во градинка потребно е во досието, во согласност со возраста, да биде вклучен и картонот со примени вакцини. Притоа строго се постапува, нашите инспектори се и во редовни и во вонредни надзори на терен, а таму каде што ќе се констатираат неправилности, тие ќе бидат евидентирани и ќе се изготват записници. Тоа значи дека се постапува според она што е во наша надлежност. Освен овие законски обврски за комплетно досие со вакцинален картон при уписот, ние како Министерство немаме дополнителни мерки. Комисијата за заразни болести одржува состаноци секоја недела и ако стигнат некакви насоки и заклучоци, ние ќе постапуваме според нив, нагласи Велковски.

Од детската градинка „Павлина Велјанова“ информираа дека за сите деца имаат уредни и комплетни вакциналните статуси, вклучени се потребните картони, а секоја година се бара нова потврда за навремено примени вакцини. До сега, во петте клона на градинката во Кочани, не се евидентирани деца со симптоми или заболени од голема кашлица.

The post Велковски: МТСП следи дали во градинките има прием на деца кои не се вакцинирани против голема кашлица appeared first on Република.

Започна спроведувањето на превентивни прегледи од логопеди во сите градинки во Кисела Вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zapochna-sproveduvaneto-na-preventivni-pregledi-od-logopedi-vo-site-gradinki-vo-kisela-voda/ Tue, 20 Feb 2024 12:17:08 +0000 https://republika.mk/?p=746101

Општина Кисела Вода, во соработка со Министерството за здравство и Програмата за спроведување на превентивни прегледи за рана дијагностика на пречки во развојот на слухот, говорот и гласот кај децата, од денеска почна со активност во сите градинки на територија на општината.

-Со превентивни прегледи кои ги врши стручниот тим од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација ќе бидат опфатени децата од четири до шестгодишна возраст. По откривањето на евентуални аномалии, лекарите ќе ги контактираат родителите и  по потреба ќе им предложат дополнителни консултации со логопед и дефектолог, соопштуваат од општинската прес-служба.

Раното откривање и третман на пречките во говорот и слухот, како што е посочено во соопштението, значително придонесуваат кон нивното успешно отстранување и полесно интегрирање на децата во образовниот систем.

-Пречките во говорот и слухот можат значително да влијаат врз развојот на детето, неговата социјализација и когнитивни способности. Оттука, уште поголема е важноста на ваквите превентивни прегледи, посебно во период пред почнувањето со одење во училиште, се наведува во соопштението.

Од Општина Кисела Вода велат дека вложувањето во оптимални услови за развој и раст на децата претставува значаен предуслов за градење на здрави и успешни личности кои се идните носители на општествените процеси.

Фото: Општина Кисела Вода

The post Започна спроведувањето на превентивни прегледи од логопеди во сите градинки во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Општина Кисела Вода, во соработка со Министерството за здравство и Програмата за спроведување на превентивни прегледи за рана дијагностика на пречки во развојот на слухот, говорот и гласот кај децата, од денеска почна со активност во сите градинки на територија на општината.
-Со превентивни прегледи кои ги врши стручниот тим од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација ќе бидат опфатени децата од четири до шестгодишна возраст. По откривањето на евентуални аномалии, лекарите ќе ги контактираат родителите и  по потреба ќе им предложат дополнителни консултации со логопед и дефектолог, соопштуваат од општинската прес-служба.
Раното откривање и третман на пречките во говорот и слухот, како што е посочено во соопштението, значително придонесуваат кон нивното успешно отстранување и полесно интегрирање на децата во образовниот систем.
-Пречките во говорот и слухот можат значително да влијаат врз развојот на детето, неговата социјализација и когнитивни способности. Оттука, уште поголема е важноста на ваквите превентивни прегледи, посебно во период пред почнувањето со одење во училиште, се наведува во соопштението.
Од Општина Кисела Вода велат дека вложувањето во оптимални услови за развој и раст на децата претставува значаен предуслов за градење на здрави и успешни личности кои се идните носители на општествените процеси. Фото: Општина Кисела Вода

The post Започна спроведувањето на превентивни прегледи од логопеди во сите градинки во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Велковски: Вршиме инспекциски контроли по градинките за да спречиме ширење на големата кашлица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-vrshime-inspektsiski-kontroli-po-gradinkite-za-da-sprechime-shirene-na-golemata-kashlitsa/ Mon, 19 Feb 2024 14:24:18 +0000 https://republika.mk/?p=745766

Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски истакна дека согласно надлежностите кои ги имаат како Министерство постапуваат вршејќи инскекциски надзори во градинките околу детектирањето на невакцинираните деца за да не се прошири болеста голема кашлица.

Согласно она што го имаме како надлежност, ние веќе како Министерство постапуваме. Што значи тоа? Инпекциските служби кои се задолжени ги посетуваат редовно и вршат инспекциски надзори во рамките на градинките, веќе тоа го прават и по својата надлежност. Така што, како поминуваат инспекциските служби, а тие се секојдневно на терен по редовни или вонредни инспекциски надзори, тие прават контроли каде што го опфаќаат и делот на проверка на досиејата на дечињата што се запишани, односно во истиот треба согласно правилникот да постои вакцинален картон со сите примени вакцини, согласно возраста на детето кое е примено во градинката, рече Велковски при денешната посета на поранешниот објект на ЈУ за згрижување и воспитување на деца и младиннци „Ранка Милановиќ“.

Велковски нагласи дека статистичките податоците за тоа колку деца не ја примиле вакцината за големата кашлица, ќе ги добиваат согласно извештаите кои инспекциските служби ќе ги доставуваат до Инспекцискиот совет и до МТСП.

Статистички податоци ќе бидат извадени согласно извештаите кои инспекциските служби ги доставуваат и до Инспекцискиот совет и до нас. Меѓутоа, во моментов правиме котрола за да нема дечиња кои се присутни, а ги немаат сите документи во прилог на досието. Значи, тоа е првиот начин каде што треба да го спречиме, да нема одредено проширување во моментов и дечиња кои не се вакцинирани да бидат примени во градинка. Тоа ни е првиот основ и таму може да ги спречиме и да ги застанеме работите да не одат по некоја нагорна линија на прогрес на оваа болест, рече Велковски.

ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции, за 26,5 отсто помалку во однос на претходната недела. Заклучно со 14 ноември вкупно се пријавени 822 реинфекции, што е 0,39 отсто од вкупниот број на досега з

Во последните седум дена, од 9 до 15 февруари се пријавени 17 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 21 отсто во однос на претходниот неделен период за пријавување, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ).

Од ИЈЗ информираа дека сите пријавени случаи се од Скопје, а најголем број се од возрасната група од 10 до 19 години. Според податоците на ИЈЗ, од новите 17 случаи, пет случаи се хоспитализирани, од кои три деца на возраст до четири години, и по едно во возрасна група од 5 до 9 години и од 10 до 14 години.

Првиот пријавен случај со голема кашлица беше јануари годинава. Заклучно со 15 февруари во ИЈЗ се регистрирани вкупно 39 случаи на голема кашлица.

The post Велковски: Вршиме инспекциски контроли по градинките за да спречиме ширење на големата кашлица appeared first on Република.

]]>

Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски истакна дека согласно надлежностите кои ги имаат како Министерство постапуваат вршејќи инскекциски надзори во градинките околу детектирањето на невакцинираните деца за да не се прошири болеста голема кашлица.
Согласно она што го имаме како надлежност, ние веќе како Министерство постапуваме. Што значи тоа? Инпекциските служби кои се задолжени ги посетуваат редовно и вршат инспекциски надзори во рамките на градинките, веќе тоа го прават и по својата надлежност. Така што, како поминуваат инспекциските служби, а тие се секојдневно на терен по редовни или вонредни инспекциски надзори, тие прават контроли каде што го опфаќаат и делот на проверка на досиејата на дечињата што се запишани, односно во истиот треба согласно правилникот да постои вакцинален картон со сите примени вакцини, согласно возраста на детето кое е примено во градинката, рече Велковски при денешната посета на поранешниот објект на ЈУ за згрижување и воспитување на деца и младиннци „Ранка Милановиќ“.
Велковски нагласи дека статистичките податоците за тоа колку деца не ја примиле вакцината за големата кашлица, ќе ги добиваат согласно извештаите кои инспекциските служби ќе ги доставуваат до Инспекцискиот совет и до МТСП.
Статистички податоци ќе бидат извадени согласно извештаите кои инспекциските служби ги доставуваат и до Инспекцискиот совет и до нас. Меѓутоа, во моментов правиме котрола за да нема дечиња кои се присутни, а ги немаат сите документи во прилог на досието. Значи, тоа е првиот начин каде што треба да го спречиме, да нема одредено проширување во моментов и дечиња кои не се вакцинирани да бидат примени во градинка. Тоа ни е првиот основ и таму може да ги спречиме и да ги застанеме работите да не одат по некоја нагорна линија на прогрес на оваа болест, рече Велковски.
ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции, за 26,5 отсто помалку во однос на претходната недела. Заклучно со 14 ноември вкупно се пријавени 822 реинфекции, што е 0,39 отсто од вкупниот број на досега з Во последните седум дена, од 9 до 15 февруари се пријавени 17 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 21 отсто во однос на претходниот неделен период за пријавување, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ). Од ИЈЗ информираа дека сите пријавени случаи се од Скопје, а најголем број се од возрасната група од 10 до 19 години. Според податоците на ИЈЗ, од новите 17 случаи, пет случаи се хоспитализирани, од кои три деца на возраст до четири години, и по едно во возрасна група од 5 до 9 години и од 10 до 14 години. Првиот пријавен случај со голема кашлица беше јануари годинава. Заклучно со 15 февруари во ИЈЗ се регистрирани вкупно 39 случаи на голема кашлица.

The post Велковски: Вршиме инспекциски контроли по градинките за да спречиме ширење на големата кашлица appeared first on Република.

]]>
Инспектори ќе проверуваат за невакцинирани деца во градинките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/inspektori-ke-proveruvaat-za-nevaktsinirani-detsa-vo-gradinkite/ Thu, 08 Feb 2024 14:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=741897

Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски денеска изјави дека инспекциски служби ќе проверуваат во градинките каде нема вакцинирани деца со ДиТеПер вакцината и ќе интервенираат, за да се спречи епидемија на голема кашлица.

Од Комисијата за заразни болести има заклучоци и истите треба да бидат одобрени на владина седница. И во закон стои дека секое дете кое што нема примено одредена вакцина не ќе може да биде дел од системот на детска заштита. Ќе ги провериме градинките и нашите инспекциски служби ќе видат каде треба да интервенираме за тоа да биде пракса и за да го спречиме ширењето на оваа епидемија, барем во Скопје како жариште во овој момент, рече Велковски.

По 18 потврдени случаи на голема кашлица, Комисијата за заразни болести вчера препорача прогласување епидемија во Скопје. Во изминатите денови бројот расте, особено на територија на град Скопје, каде се потврдени 14 случаи.

Се предлага вакциналните пунктови да работат во две смени, а дополнително да се работи и во сабота. Препорака е и да се забрани прием на невакцинирани деца за пертусис во градинките.

Комисијата очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е заштита на најмалите.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера на прес-конференција рече дека прогласувањето на епидемија звучи малку страшно, но, дека реално треба да се олесни справувањето со ризикот што доаѓа со оваа болест.

The post Инспектори ќе проверуваат за невакцинирани деца во градинките appeared first on Република.

]]>

Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски денеска изјави дека инспекциски служби ќе проверуваат во градинките каде нема вакцинирани деца со ДиТеПер вакцината и ќе интервенираат, за да се спречи епидемија на голема кашлица.
Од Комисијата за заразни болести има заклучоци и истите треба да бидат одобрени на владина седница. И во закон стои дека секое дете кое што нема примено одредена вакцина не ќе може да биде дел од системот на детска заштита. Ќе ги провериме градинките и нашите инспекциски служби ќе видат каде треба да интервенираме за тоа да биде пракса и за да го спречиме ширењето на оваа епидемија, барем во Скопје како жариште во овој момент, рече Велковски.
По 18 потврдени случаи на голема кашлица, Комисијата за заразни болести вчера препорача прогласување епидемија во Скопје. Во изминатите денови бројот расте, особено на територија на град Скопје, каде се потврдени 14 случаи. Се предлага вакциналните пунктови да работат во две смени, а дополнително да се работи и во сабота. Препорака е и да се забрани прием на невакцинирани деца за пертусис во градинките. Комисијата очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е заштита на најмалите. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера на прес-конференција рече дека прогласувањето на епидемија звучи малку страшно, но, дека реално треба да се олесни справувањето со ризикот што доаѓа со оваа болест.

The post Инспектори ќе проверуваат за невакцинирани деца во градинките appeared first on Република.

]]>