Градинарот и смртта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradinarot-i-smrtta/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 13:38:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Градинарот и смртта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradinarot-i-smrtta/ 32 32 На 27 август излегува најличната книга на Георги Господинов „Градинарот и смртта“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-27-avgust-izleguva-najlichnata-kniga-na-georgi-gospodinov-gradinarot-i-smrtta/ Tue, 13 Aug 2024 13:38:35 +0000 https://republika.mk/?p=806216

„Градинарот и смртта“ е насловот на новата книга на еден од најголемите бугарски, европски и светски писатели Георги Господинов.

Веста ја соопшти писателот на социјалните мрежи кој порача дека книгата ќе се појави во книжарниците на 27 август „попладне на годината“.

Според Господинов „Градинарот и смртта“ е неговата најлична книга досега после „Природен роман“ и од кусата порака со која ја најавува, таа е поврзана со неговиот татко.

„Татко ми беше градинар. Сега е градина. Оваа книга нема жанр, треба сами да го изберете. Како што смртта нема жанр. Како животот. Како градината. Роман елегија, роман градина – има ли воопшто тоа значење за ботаниката на тагата.

Историја за заминатите татковци во еден заминувачки свет… За татко ми којшто ги крепеше на рамениците тежините на минатото и не запираше да ги раскажува. Таа Шехеразада – татко ми. Сега минатото се провлекува тивко и се руши врз мене во попладневнињата.

Не книга за смртта, туку за тагата на животот којшто си заминува. Има разлика.

Така пишува Георги Господинов во најавата за неговата нова книга „Градинарот и смртта“ која во Бугарија излегува како издание на „Жанет 45“.

Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. Добитник на бројни награди, меѓу кои и Интренационалниот „Букер“ за преводот на англиски јазик (Анџела Родел) на романот „Засолниште во времето“.

На македонски јазик се објавени: „Природен роман“ (Темплум, Или-Или), збирките раскази „И други приказни“ (Темплум, Или-Или), „И сè стана месечина“ (Или-Или) и „Сите наши тела“ (Или-Или), збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), книгата за деца во коавторство со неговата ќерка Раја, „Свадби на животни и нешта“ (Или-Или) и неговите најуспешни романи „Физика на тагата“ (Или-Или) и „Засолниште во времето“ (Или-Или).

 

The post На 27 август излегува најличната книга на Георги Господинов „Градинарот и смртта“ appeared first on Република.

]]>

„Градинарот и смртта“ е насловот на новата книга на еден од најголемите бугарски, европски и светски писатели Георги Господинов. Веста ја соопшти писателот на социјалните мрежи кој порача дека книгата ќе се појави во книжарниците на 27 август „попладне на годината“. Според Господинов „Градинарот и смртта“ е неговата најлична книга досега после „Природен роман“ и од кусата порака со која ја најавува, таа е поврзана со неговиот татко.
„Татко ми беше градинар. Сега е градина. Оваа книга нема жанр, треба сами да го изберете. Како што смртта нема жанр. Како животот. Како градината. Роман елегија, роман градина – има ли воопшто тоа значење за ботаниката на тагата. Историја за заминатите татковци во еден заминувачки свет… За татко ми којшто ги крепеше на рамениците тежините на минатото и не запираше да ги раскажува. Таа Шехеразада – татко ми. Сега минатото се провлекува тивко и се руши врз мене во попладневнињата. Не книга за смртта, туку за тагата на животот којшто си заминува. Има разлика.
Така пишува Георги Господинов во најавата за неговата нова книга „Градинарот и смртта“ која во Бугарија излегува како издание на „Жанет 45“. Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. Добитник на бројни награди, меѓу кои и Интренационалниот „Букер“ за преводот на англиски јазик (Анџела Родел) на романот „Засолниште во времето“. На македонски јазик се објавени: „Природен роман“ (Темплум, Или-Или), збирките раскази „И други приказни“ (Темплум, Или-Или), „И сè стана месечина“ (Или-Или) и „Сите наши тела“ (Или-Или), збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), книгата за деца во коавторство со неговата ќерка Раја, „Свадби на животни и нешта“ (Или-Или) и неговите најуспешни романи „Физика на тагата“ (Или-Или) и „Засолниште во времето“ (Или-Или).  

The post На 27 август излегува најличната книга на Георги Господинов „Градинарот и смртта“ appeared first on Република.

]]>