градежништво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradeznishtvo/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 07:02:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градежништво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradeznishtvo/ 32 32 Градежништвото во ЕУ има пад на прометот за над два отсто на годишно ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gradezhnishtvoto-vo-eu-ima-pad-na-prometot-za-nad-dva-otsto-na-godishno-nivo/ Sat, 19 Oct 2024 07:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=828678

Прометот во градежништвото во ЕУ во август 2024 година во споредба со истиот месец лани бележи пад од 2,4 отсто, додека во рамки на Еврозоната тој е намален за 2,5 проценти, покажуваат податоците на Европската статистичка служба - Евростат.

На месечно ниво (август – јули 2024) градежништвото бележи раст од 0,4 отсто во ЕУ и зголемување од 0,1 проценти во Еврозоната.

По сектори, на годишно ниво во август годинава во ЕУ се бележи пад од 2,5 проценти на изградбата на објекти, намалување за 3,9 отсто во нискоградбата и за 2,7 проценти кај специјализираните градежни дејности.

Кога станува збор пак за Еврозоната, таму се бележи годишен пад од 2,1 отсто во изградбата на објекти, од 3,2 проценти во нискоградба и од 3,0 отсто во специјализираните градежни дејности.

Меѓу земјите членки на ЕУ за кои има достапни податоци, најголемо годишно намалување на прометот во градежништвото е забележано во Словенија од 17,1 отсто, во Словачка од 10,9 и во Унгарија од 6,0 проценти. Од друга страна најголем годишен раст бележани градежништвото во Бугарија и тоа од 5,5 отсто, пред Холандија со 2,5 и Португалија со 2,0 проценти.

Прометот во градежништвото во ЕУ по сектори во август 2024 споредено со претходниот месец бележи раст од 1,8 отсто за изградбата на објекти и 0,4 проценти во специјализирани градежни дејности, но и намалување од 2,1 отсто во нискоградбата.

Во Еврозоната, пак, на месечно ниво се бележи раст на прометот од 0,9 отсто за изградбата на објекти и 0,3 проценти во специјализирани градежни дејности, како и намалување од 2,1 отсто во нискоградбата.

Меѓу земјите членки, најголем раст на градежништвото на месечно ниво има во Шведска од 7,2 отсто, пред Холандија со 6,3 и Романија со 4,7 проценти. Словачка од друга страна е „лидер“ во падот на градежниот промет со 4,3 проценти, пред Белгија со 3,2 и Словенија со 3,1 отсто.

The post Градежништвото во ЕУ има пад на прометот за над два отсто на годишно ниво appeared first on Република.

]]>

Прометот во градежништвото во ЕУ во август 2024 година во споредба со истиот месец лани бележи пад од 2,4 отсто, додека во рамки на Еврозоната тој е намален за 2,5 проценти, покажуваат податоците на Европската статистичка служба - Евростат. На месечно ниво (август – јули 2024) градежништвото бележи раст од 0,4 отсто во ЕУ и зголемување од 0,1 проценти во Еврозоната. По сектори, на годишно ниво во август годинава во ЕУ се бележи пад од 2,5 проценти на изградбата на објекти, намалување за 3,9 отсто во нискоградбата и за 2,7 проценти кај специјализираните градежни дејности. Кога станува збор пак за Еврозоната, таму се бележи годишен пад од 2,1 отсто во изградбата на објекти, од 3,2 проценти во нискоградба и од 3,0 отсто во специјализираните градежни дејности. Меѓу земјите членки на ЕУ за кои има достапни податоци, најголемо годишно намалување на прометот во градежништвото е забележано во Словенија од 17,1 отсто, во Словачка од 10,9 и во Унгарија од 6,0 проценти. Од друга страна најголем годишен раст бележани градежништвото во Бугарија и тоа од 5,5 отсто, пред Холандија со 2,5 и Португалија со 2,0 проценти. Прометот во градежништвото во ЕУ по сектори во август 2024 споредено со претходниот месец бележи раст од 1,8 отсто за изградбата на објекти и 0,4 проценти во специјализирани градежни дејности, но и намалување од 2,1 отсто во нискоградбата. Во Еврозоната, пак, на месечно ниво се бележи раст на прометот од 0,9 отсто за изградбата на објекти и 0,3 проценти во специјализирани градежни дејности, како и намалување од 2,1 отсто во нискоградбата. Меѓу земјите членки, најголем раст на градежништвото на месечно ниво има во Шведска од 7,2 отсто, пред Холандија со 6,3 и Романија со 4,7 проценти. Словачка од друга страна е „лидер“ во падот на градежниот промет со 4,3 проценти, пред Белгија со 3,2 и Словенија со 3,1 отсто.

The post Градежништвото во ЕУ има пад на прометот за над два отсто на годишно ниво appeared first on Република.

]]>
Урбанизмот и градежништвото најподложни на корупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/urbanizmot-i-gradeznishtvoto-najpodlozni-na-korupcija/ Wed, 29 Jun 2022 13:53:01 +0000 https://republika.mk/?p=521204

Урбанизмот и градежништвото се најподложни на корупција, правосудството не постапува доволно, а граѓаните сметаат дека корупцијата е поголем проблем, дури и од проблемот со невработеноста, истакнаа учесниците на денешната панел дискусија на тема „Корупцијата во урбанизмот и градежништвото“, организирана од Коалицијата „Сите за правично судење“ .

На дискусијата која беше отворена и на која граѓаните имаа можност да ги истакнат своите проблеми, искуства и мислења, во улога на панелисти учествуваа релевантни експерти од областа на корупцијата.

Извршна директорка на НВО Инфоцентар, Билјана Бејкова  појасни дека граѓаните сметаат дека најмногу корупција има во издавањето градежни дозволи, спроведувањето инспекциски надзори, подготовката на деталните урбанистички планови, спроведувањето на јавните набавки.

Овие резултатите потврдуваат дека урбанизмот и градежништвото се област или меѓу областите најподложни на корупција и тоа заради сите оние спреги кои постојат, како економските интереси, политичките притисоци, правните празнини, истакна Бејкова.

Истражувањата на НВО Инфоцентарот покажале дека урбанистичките планови се повеќе го забораваат јавниот интерес и во нив доминираат планови како оние за бензиските пумпи, винариите, фотоволтаците.

Сето ова покажува на тој коруптивен синџир меѓу планерите, изведувачите, надзорот од државните инстиуции на локално и национално ниво, заклучи Бејкова.

Според претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, корупцијата ја генерираат неколку фактори како ниското ниво на интегритет на човечкиот фактор,  силното политичко влијание во јавниот сектор и злоупотреба на овластувања, неказнивост поради проблеми во владеењето на правото какао и ниската стапка на санкционирање на коруптивното однесување и несоодветен систем за надзор и контролни механизми во јавниот сектор.

Овие ризични фактори се заеднички именител за сите анализирани сектори содржани во националната стратегија за борба против корупција која државната комисија ја подготви, а Собранието ја усвои  минатата година во април, во оваа стратегија опфатени се 13 сектори во кои сите овие ризични фактори генерирааат корупција. Опфатени се и две хоризонтални области, вработување и јавни набавки, секторот урбанизам и градежништво како високоризичен сектор е дел од стратегијата, законската регулатива за вршење на работи во областа на градежништвото и урбанзмот и просторното планирање предвидува издавање на одобренија решенија, лиценци и други документи значењето на овие  документи е уште поголемо ако се земе предвид дека градежните зафати чие одобрување во надлежност на овој сектор вообичаено се многу скапи, а тоа остава простор за притисоци, влијанија и поттикнување на коруптивното однесување, од таа причина издавањето на различните документи, одбренија како и инспекцискиот надзор се сметаат како точки кои можат да генерираат висок ризик од корупција во овој сектор, порача Ивановска.

Оцени дека во овој сектор има голем парадокс во однос на гласањата на стратегијата и Законите од страна на позицијата и опозицијата.

Од една страна има законик кој ја регулира областа, а од друга страна имаме Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти за кој во Собранието гласаше и позицијата и опозицијата. Иако препораката на ДЗС во националната стратегија за која добивме поддршка и од двете страни е да се ограничи употребата на овој Закон, бидејќи истиот ги загрозува принципите за владеење на правото за плански развој на просторното планирање и почитување на уставно загарантираното право на граѓаните за уредување и хуманизација на просторот и заштита и унапредување на животната средина. Што е ова ако не корупција и купување глас, запраша Ивановска.

Додаде дека дополнителен проблем е надвладување на приватниот над јавниот интерес при изготвување на просторните и урбанистичките планови, недоволната транспарентност во постапките за просторно и урбанистичко планирање како и недоволен надзор над изведбата на надградбите од втора категорија.

Урбанистичкото планирање е можеби најважниот дел во овој сектор од кој се очекува да се даде акцент на јавниот интерес, всушност и самиот урбанистички план е огледало на јавниот интерес, меѓутоа носењето на урбанистичките планови често е проследено со низа контраверзиии најчесто предизвикано од надвладувањето на приватниот интерес над јавниот, подвлече таа.

Напомена дека отсуството на надзорни инспектори е слабост која треба да се поправи преку зголемување на одговорноста на одговорноста и отчетноста за сработеното.

Порача дека природата не препознава корупција и амандмани, туку казнува со природни катастрофи од кои страдаат сите.

Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ се надоврза дека истакнатите проблеми на панел дискусијата водат кон заклучок дека надлежните се недоволно одговорни, а вина имаат и судските власти кои не постапуваат.

Општините кои управуваат врз основа на дадена согласност од централната власт се одговорни за подготовка на ДУП-ови и урбанстички планови, се одговорни за издавање на дозволи за градба, и зашто се градат толку згради, единствена причина е бидејќи општините обеспарени, немаат финасиски средства, доколку некои од нив не издават дозволи за градба и не прават приходи од комуналии не ќе не можат ни платите да ги исплатат согласно сегашната состојба и заради тоа се под притисок дека треба да издадат многу повеќе дозволи отколку што планирале, изјави Перишиќ.

Порача дека кога општините би имале доволно финасиски средства таа состојба би била  спречена.

-Примерите покажуваат дека нашето правосудство е застанато, примерот што го имаме со недоаѓање на државните органи на оваа дебата покажува дека тие не се капацитетни да си ја вршат својата работа и да бидат одговорни за она за што примаат пари, односно да го вршат надзорот и да казнуваат секогаш кога тоа треба, вината би ја фокусирала сосема на друго место, не во општините бидејќи секој што згрешил треба да одговара, потенцира таа.

Панел дискусијата е активност која се организира во рамки на Годишната програма за работа на Коалиција „Сите за правично судење“, финансиски поддржана од страна на Европската комисија преку Делегацијата на Европската унија во Скопје.

The post Урбанизмот и градежништвото најподложни на корупција appeared first on Република.

]]>

Урбанизмот и градежништвото се најподложни на корупција, правосудството не постапува доволно, а граѓаните сметаат дека корупцијата е поголем проблем, дури и од проблемот со невработеноста, истакнаа учесниците на денешната панел дискусија на тема „Корупцијата во урбанизмот и градежништвото“, организирана од Коалицијата „Сите за правично судење“ . На дискусијата која беше отворена и на која граѓаните имаа можност да ги истакнат своите проблеми, искуства и мислења, во улога на панелисти учествуваа релевантни експерти од областа на корупцијата. Извршна директорка на НВО Инфоцентар, Билјана Бејкова  појасни дека граѓаните сметаат дека најмногу корупција има во издавањето градежни дозволи, спроведувањето инспекциски надзори, подготовката на деталните урбанистички планови, спроведувањето на јавните набавки.
Овие резултатите потврдуваат дека урбанизмот и градежништвото се област или меѓу областите најподложни на корупција и тоа заради сите оние спреги кои постојат, како економските интереси, политичките притисоци, правните празнини, истакна Бејкова.
Истражувањата на НВО Инфоцентарот покажале дека урбанистичките планови се повеќе го забораваат јавниот интерес и во нив доминираат планови како оние за бензиските пумпи, винариите, фотоволтаците.
Сето ова покажува на тој коруптивен синџир меѓу планерите, изведувачите, надзорот од државните инстиуции на локално и национално ниво, заклучи Бејкова.
Според претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, корупцијата ја генерираат неколку фактори како ниското ниво на интегритет на човечкиот фактор,  силното политичко влијание во јавниот сектор и злоупотреба на овластувања, неказнивост поради проблеми во владеењето на правото какао и ниската стапка на санкционирање на коруптивното однесување и несоодветен систем за надзор и контролни механизми во јавниот сектор.
Овие ризични фактори се заеднички именител за сите анализирани сектори содржани во националната стратегија за борба против корупција која државната комисија ја подготви, а Собранието ја усвои  минатата година во април, во оваа стратегија опфатени се 13 сектори во кои сите овие ризични фактори генерирааат корупција. Опфатени се и две хоризонтални области, вработување и јавни набавки, секторот урбанизам и градежништво како високоризичен сектор е дел од стратегијата, законската регулатива за вршење на работи во областа на градежништвото и урбанзмот и просторното планирање предвидува издавање на одобренија решенија, лиценци и други документи значењето на овие  документи е уште поголемо ако се земе предвид дека градежните зафати чие одобрување во надлежност на овој сектор вообичаено се многу скапи, а тоа остава простор за притисоци, влијанија и поттикнување на коруптивното однесување, од таа причина издавањето на различните документи, одбренија како и инспекцискиот надзор се сметаат како точки кои можат да генерираат висок ризик од корупција во овој сектор, порача Ивановска.
Оцени дека во овој сектор има голем парадокс во однос на гласањата на стратегијата и Законите од страна на позицијата и опозицијата.
Од една страна има законик кој ја регулира областа, а од друга страна имаме Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти за кој во Собранието гласаше и позицијата и опозицијата. Иако препораката на ДЗС во националната стратегија за која добивме поддршка и од двете страни е да се ограничи употребата на овој Закон, бидејќи истиот ги загрозува принципите за владеење на правото за плански развој на просторното планирање и почитување на уставно загарантираното право на граѓаните за уредување и хуманизација на просторот и заштита и унапредување на животната средина. Што е ова ако не корупција и купување глас, запраша Ивановска.
Додаде дека дополнителен проблем е надвладување на приватниот над јавниот интерес при изготвување на просторните и урбанистичките планови, недоволната транспарентност во постапките за просторно и урбанистичко планирање како и недоволен надзор над изведбата на надградбите од втора категорија.
Урбанистичкото планирање е можеби најважниот дел во овој сектор од кој се очекува да се даде акцент на јавниот интерес, всушност и самиот урбанистички план е огледало на јавниот интерес, меѓутоа носењето на урбанистичките планови често е проследено со низа контраверзиии најчесто предизвикано од надвладувањето на приватниот интерес над јавниот, подвлече таа.
Напомена дека отсуството на надзорни инспектори е слабост која треба да се поправи преку зголемување на одговорноста на одговорноста и отчетноста за сработеното. Порача дека природата не препознава корупција и амандмани, туку казнува со природни катастрофи од кои страдаат сите. Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ се надоврза дека истакнатите проблеми на панел дискусијата водат кон заклучок дека надлежните се недоволно одговорни, а вина имаат и судските власти кои не постапуваат.
Општините кои управуваат врз основа на дадена согласност од централната власт се одговорни за подготовка на ДУП-ови и урбанстички планови, се одговорни за издавање на дозволи за градба, и зашто се градат толку згради, единствена причина е бидејќи општините обеспарени, немаат финасиски средства, доколку некои од нив не издават дозволи за градба и не прават приходи од комуналии не ќе не можат ни платите да ги исплатат согласно сегашната состојба и заради тоа се под притисок дека треба да издадат многу повеќе дозволи отколку што планирале, изјави Перишиќ.
Порача дека кога општините би имале доволно финасиски средства таа состојба би била  спречена.
-Примерите покажуваат дека нашето правосудство е застанато, примерот што го имаме со недоаѓање на државните органи на оваа дебата покажува дека тие не се капацитетни да си ја вршат својата работа и да бидат одговорни за она за што примаат пари, односно да го вршат надзорот и да казнуваат секогаш кога тоа треба, вината би ја фокусирала сосема на друго место, не во општините бидејќи секој што згрешил треба да одговара, потенцира таа.
Панел дискусијата е активност која се организира во рамки на Годишната програма за работа на Коалиција „Сите за правично судење“, финансиски поддржана од страна на Европската комисија преку Делегацијата на Европската унија во Скопје.

The post Урбанизмот и градежништвото најподложни на корупција appeared first on Република.

]]>
Неизвесност за градежниот сектор од поскапените материјали, се бара скалеста промена на договорните цени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/neizvesnost-za-gradezniot-sektor-od-poskapenite-materijali-se-bara-skalesta-promena-na-dogovornite-ceni/ Sat, 04 Jun 2022 07:59:08 +0000 https://republika.mk/?p=510926

Креирање можност во договорите на градежните проекти за скалесто менување на цените согласно инфлаторните движења, според градежните здруженија и комори е излез од состојбата во која се наоѓа градежниот сектор поради поскапувањето на градежните материјали и нестабилноста на цените.

Иницијатива за тоа е веќе доставена до Владата и надлежните институции и се одржани неколку средби со цел да се најде најдобиот начин за да продолжи реализацијата на капиталните проекти и покрај надворешните влијанија од воениот конфликт во Украина и претходно од пандемијата.

Поскапените градежни материјали влијаат и на тековните и на идните проекти

Според градежната фела, основните градежни материјали бележат значителен раст на цените.  Анализата на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите покажува дека во периодот март 2020 до март 2021 цената на челичните профили и цевки порасна за 33 проценти, од март 2021 до јуни 2021 за дополнителни 33 проценти, а до крајот на годината и до 95 проценти. Од почетокот на пандемијата до крајот на претходната година поскапувањата кај оплатата, геокомпозитот, термоизолацијата ESP, заштитните премази, полимер-битуменот за асфалт и металните профили надминаа 50 проценти.

Она што загрижува е што е неизвесен крајот на поскапувањата на материјалите кои со особено изразен интензитет продолжија од почетокот на оваа година и не се очекува стабилизација на поскапувањата во сезоната која следи, што се одразува врз целокупниот деловен амбиент и работењето на градежната индустрија - велат за МИА од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметапи.

Проблемот со поскапувањата ги засега сите сегменти на градежништвото и високоградбата и нискоградбата, а исто така и приватните вложувања и јавните инвестиции. Проблемот иако се манифестира во сите сфери, најмногу се чувствува во доменот на јавните набавки.

Кај тековните јавни набавки има проекти кои се реализираат три, пет и повеќе години, при што кај набавките со фиксни цени, компаниите работат во услови на непроменети цени договорени пред неколку години и неможност на корекција на истите, додека кај набавките каде има пропишано клизна скала истата не функционира, односно не ги одразува зголемувањата на цените во реалноста. Голем проблем се и новите јавни набавки со оглед дека условите по кои се пропишуваат се услови кои не соодветствуваат со денешните состојби. Поради тоа, се доведува во прашање исплатливоста на реализацијата и се создава неизвесност во градежништвото што може да доведе до пропаѓање на голем број тендерски постапки - укажуваат од Здружението.

Поради влошената состојба во секторот тие минатиот месец доставија нова иницијатива за корекцијата за разлики во цени која се применува во најголем дел од договорите за градење на проекти што се изведуваат подолг временски период.

Уште на почетокот на претходната година алармиравме до надлежните институции за навремено преземање мерки за справување со поскапувањата на цените на градежните материјали. Имајќи предвид дека досега не беа преземени мерки прилагодени на потребите на градежната индустрија, а состојбата е влошена и алармантна, како дополнување на веќе поднесените барања, со цел соодветно утврдување на разликата во цени на тековните и новите договори за градење, минатиот месец до надлежните институции доставивме нова иницијатива за ревидирање на клизната скала, односно корекцијата за разлики во цени (Price adjustment)  која се применува во најголем дел од договорите за градење (изведба) на проекти што се изведуваат подолг временски период - посочуваат од Здружението.

Оттаму не очекуваат подобрување, туку намален обем на работа.

Имајќи ги предвид актуелните состојби со кризата, како и досегашното искуство во однос на администрирањето и реализацијата на капиталните проекти, каде во наши услови речиси секогаш се јавува расчекор помеѓу планираните и реализираните расходи, не очекуваме одредени придвижувања на состојбите во позитивна насока, односно очекуваме стагнација и намален обем на работа во градежниот сектор - посочуваат  од Здружението.

Тие прецизираат дека во делот на нискоградбата, растот на цените на градежните материјали ја доведува во прашање исплатливоста на реализацијата на проектите, поради што во одредени случаи компаниите ги раскинуваат договорите, особено оние кај кои не постои можност за корекција на цените.

Во делот на високоградбата, покрај другите фактори, поскапувањата на градежните материјали доведува до раст на цената на становите, што го потврдуваат и податоците на НБРСМ кои покажуваат дека во првиот квартал годинава цените на становите бележат раст од 12,4 проценти на годишно ниво, а на квартално од 2,9 проценти.

И од Градежната комора при Сојузот на Стопански комори бараат поддршка за надминување на проблемот со нестабилноста на цените поради непредвидливоста на берзите.

Пандемијата во градежниот сектор предизвика драстичен раст на цените на репроматеријалите на светските берзи, што пак предизвика раст на цените на градежните производи. Во моментов цените на некои основни материјали се покачени и за 100 проценти, а растот во просек е околу 40 проценти. Но истакнуваме и дека голем проблем е тоа што нема предвидливост бидејќи берзите кои ги одредуваат цените се многу нестабилни - велат за МИА од Градежната комора при ССК.

И според нив, најголем проблем и сериозен предизвик кој се заканува на опстојувањето и ликвидноста на компаниите се тековните договори кои се склучени на почетокот на минатата година, бидејќи цените и условите кои тие ги содржат поради трендот на раст на цените на градежните материјали не се веќе реални. Некои проекти се во мирување поради неможноста за правилно калкулирање на крајните цени. 

Излезот од овој проблем го гледаат во креирање можност во договорите за скалесто менување на цените согласно инфлаторните движења. Се уште постои голема непредвидливост во предвидување и планирање на идните активности така што е невозможно да се дадат прецизни проценки за наредниот период. 

Заложби  да продолжи инвестицискиот циклус во инфраструктурата

Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) кои се носители на повеќе капитални проекти за МИА велат дека имаат разбирање за барањата на коморите и оти се бара најдобриот начин да продолжат  проектите.

Оттаму велат дека се сведоци на постојаното зголемување на цените на нафтата, нафтените деривати, на железото и останати производи кои се клучни во градежништвото, како и на отежнатата набавка на материјали предизвикани пред сѐ од економската и енергетската криза како последица на војната во Украина и претходно кризата со пандемијата.

Од таму ние имаме разбирање за барањето на Градежната комора при ССК со кои Владата и надлежните институции остварија неколку средби на кои се дискутираше за скалесто менување на цените согласно со инфлаторните движења, но тоа е одлука која што не може да ја донесе самостојно ЈПДП. Ова од причини што потпишаните договори со градежните компании се согласно со Законот за јавни набавки.

Владата и надлежните институции ги разгледуваат барањата и се бара најдобиот начин за да продолжи реализацијата на капиталните проекти и покрај надворешните влијанија од воениот конфликт и претходно од пандемијата - наведуваат од ЈПДП и потенцираат дека Владата и ЈПДП се партнер на  градежните компании и во таа насока се залагаат за продолжување на инвестицискиот циклус во патната мрежа.

Оттаму дополнуваат дека реализацијата на капиталните инвестиции на ЈПДП во првите месеци од годинава токму поради погоре наведените причини се одвива побавно и до овој момент имаме реализирано 2,4 милијарди денари, односно 11  проценти од планираното. Но, потенцираат, градежната сезона секогаш е поинтензивна во пролетните и летните месеци и токму затоа очекуваме следниве неколку месеци овој процент значително да се промени.секој ребаланс. Капиталните инвестиции, порачуваат, се особено важни, бидејќи нивната реализација ангажира неколку стопански гранки и имаат долгорочни позитивни ефекти.

The post Неизвесност за градежниот сектор од поскапените материјали, се бара скалеста промена на договорните цени appeared first on Република.

]]>

Креирање можност во договорите на градежните проекти за скалесто менување на цените согласно инфлаторните движења, според градежните здруженија и комори е излез од состојбата во која се наоѓа градежниот сектор поради поскапувањето на градежните материјали и нестабилноста на цените. Иницијатива за тоа е веќе доставена до Владата и надлежните институции и се одржани неколку средби со цел да се најде најдобиот начин за да продолжи реализацијата на капиталните проекти и покрај надворешните влијанија од воениот конфликт во Украина и претходно од пандемијата.

Поскапените градежни материјали влијаат и на тековните и на идните проекти

Според градежната фела, основните градежни материјали бележат значителен раст на цените.  Анализата на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите покажува дека во периодот март 2020 до март 2021 цената на челичните профили и цевки порасна за 33 проценти, од март 2021 до јуни 2021 за дополнителни 33 проценти, а до крајот на годината и до 95 проценти. Од почетокот на пандемијата до крајот на претходната година поскапувањата кај оплатата, геокомпозитот, термоизолацијата ESP, заштитните премази, полимер-битуменот за асфалт и металните профили надминаа 50 проценти.
Она што загрижува е што е неизвесен крајот на поскапувањата на материјалите кои со особено изразен интензитет продолжија од почетокот на оваа година и не се очекува стабилизација на поскапувањата во сезоната која следи, што се одразува врз целокупниот деловен амбиент и работењето на градежната индустрија - велат за МИА од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметапи.
Проблемот со поскапувањата ги засега сите сегменти на градежништвото и високоградбата и нискоградбата, а исто така и приватните вложувања и јавните инвестиции. Проблемот иако се манифестира во сите сфери, најмногу се чувствува во доменот на јавните набавки.
Кај тековните јавни набавки има проекти кои се реализираат три, пет и повеќе години, при што кај набавките со фиксни цени, компаниите работат во услови на непроменети цени договорени пред неколку години и неможност на корекција на истите, додека кај набавките каде има пропишано клизна скала истата не функционира, односно не ги одразува зголемувањата на цените во реалноста. Голем проблем се и новите јавни набавки со оглед дека условите по кои се пропишуваат се услови кои не соодветствуваат со денешните состојби. Поради тоа, се доведува во прашање исплатливоста на реализацијата и се создава неизвесност во градежништвото што може да доведе до пропаѓање на голем број тендерски постапки - укажуваат од Здружението.
Поради влошената состојба во секторот тие минатиот месец доставија нова иницијатива за корекцијата за разлики во цени која се применува во најголем дел од договорите за градење на проекти што се изведуваат подолг временски период.
Уште на почетокот на претходната година алармиравме до надлежните институции за навремено преземање мерки за справување со поскапувањата на цените на градежните материјали. Имајќи предвид дека досега не беа преземени мерки прилагодени на потребите на градежната индустрија, а состојбата е влошена и алармантна, како дополнување на веќе поднесените барања, со цел соодветно утврдување на разликата во цени на тековните и новите договори за градење, минатиот месец до надлежните институции доставивме нова иницијатива за ревидирање на клизната скала, односно корекцијата за разлики во цени (Price adjustment)  која се применува во најголем дел од договорите за градење (изведба) на проекти што се изведуваат подолг временски период - посочуваат од Здружението.
Оттаму не очекуваат подобрување, туку намален обем на работа.
Имајќи ги предвид актуелните состојби со кризата, како и досегашното искуство во однос на администрирањето и реализацијата на капиталните проекти, каде во наши услови речиси секогаш се јавува расчекор помеѓу планираните и реализираните расходи, не очекуваме одредени придвижувања на состојбите во позитивна насока, односно очекуваме стагнација и намален обем на работа во градежниот сектор - посочуваат  од Здружението.
Тие прецизираат дека во делот на нискоградбата, растот на цените на градежните материјали ја доведува во прашање исплатливоста на реализацијата на проектите, поради што во одредени случаи компаниите ги раскинуваат договорите, особено оние кај кои не постои можност за корекција на цените. Во делот на високоградбата, покрај другите фактори, поскапувањата на градежните материјали доведува до раст на цената на становите, што го потврдуваат и податоците на НБРСМ кои покажуваат дека во првиот квартал годинава цените на становите бележат раст од 12,4 проценти на годишно ниво, а на квартално од 2,9 проценти. И од Градежната комора при Сојузот на Стопански комори бараат поддршка за надминување на проблемот со нестабилноста на цените поради непредвидливоста на берзите.
Пандемијата во градежниот сектор предизвика драстичен раст на цените на репроматеријалите на светските берзи, што пак предизвика раст на цените на градежните производи. Во моментов цените на некои основни материјали се покачени и за 100 проценти, а растот во просек е околу 40 проценти. Но истакнуваме и дека голем проблем е тоа што нема предвидливост бидејќи берзите кои ги одредуваат цените се многу нестабилни - велат за МИА од Градежната комора при ССК.
И според нив, најголем проблем и сериозен предизвик кој се заканува на опстојувањето и ликвидноста на компаниите се тековните договори кои се склучени на почетокот на минатата година, бидејќи цените и условите кои тие ги содржат поради трендот на раст на цените на градежните материјали не се веќе реални. Некои проекти се во мирување поради неможноста за правилно калкулирање на крајните цени.  Излезот од овој проблем го гледаат во креирање можност во договорите за скалесто менување на цените согласно инфлаторните движења. Се уште постои голема непредвидливост во предвидување и планирање на идните активности така што е невозможно да се дадат прецизни проценки за наредниот период. 

Заложби  да продолжи инвестицискиот циклус во инфраструктурата

Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) кои се носители на повеќе капитални проекти за МИА велат дека имаат разбирање за барањата на коморите и оти се бара најдобриот начин да продолжат  проектите. Оттаму велат дека се сведоци на постојаното зголемување на цените на нафтата, нафтените деривати, на железото и останати производи кои се клучни во градежништвото, како и на отежнатата набавка на материјали предизвикани пред сѐ од економската и енергетската криза како последица на војната во Украина и претходно кризата со пандемијата.
Од таму ние имаме разбирање за барањето на Градежната комора при ССК со кои Владата и надлежните институции остварија неколку средби на кои се дискутираше за скалесто менување на цените согласно со инфлаторните движења, но тоа е одлука која што не може да ја донесе самостојно ЈПДП. Ова од причини што потпишаните договори со градежните компании се согласно со Законот за јавни набавки.   Владата и надлежните институции ги разгледуваат барањата и се бара најдобиот начин за да продолжи реализацијата на капиталните проекти и покрај надворешните влијанија од воениот конфликт и претходно од пандемијата - наведуваат од ЈПДП и потенцираат дека Владата и ЈПДП се партнер на  градежните компании и во таа насока се залагаат за продолжување на инвестицискиот циклус во патната мрежа.