градежници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradeznici/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Feb 2023 16:08:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градежници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradeznici/ 32 32 Во Турција апсења на градежници на зградите урнати од земјотресот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-turtsija-apsena-na-gradezhnitsi-na-zgradite-urnati-od-zemjotresot/ Sun, 12 Feb 2023 16:46:52 +0000 https://republika.mk/?p=608067

Околу 130 лица вклучени во изградбата на зградите што се урнаа во земјотресот се уапсени или издадени се налози за нивно апсење во Турција.

Досега е утврдено дека во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и северна Сирија загинаа најмалку 28.191 лице, а 80.000 се повредени, а тој број сигурно ќе расте.

Турција има правила за градба за заштита на зградите од земјотреси, но тие ретко се спроведуваат, што е една од причините за уривање на илјадници згради.

Турскиот потпретседател Фуат Октај синоќа изјави дека се издадени налози за апсење на 131 лице осомничени дека се одговорни за уривањето на зградите.

Турскиот министер за правда вети дека ќе ги казни одговорните, а обвинителите почнаа да собираат примероци од зградите како доказ за тоа какви материјали се користени за нивна изградба.

Земјотресите беа силни, но експертите сметаат дека лошата градба е виновна за разурнувањата и толку многу жртви.

Турското Министерство за правда вчера објави дека планира да формира биро за „истрага на криминал од земјотрес“ за да ги идентификува изведувачите и другите одговорни, да собира докази и да ги провери градежните дозволи.

The post Во Турција апсења на градежници на зградите урнати од земјотресот appeared first on Република.

]]>

Околу 130 лица вклучени во изградбата на зградите што се урнаа во земјотресот се уапсени или издадени се налози за нивно апсење во Турција. Досега е утврдено дека во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и северна Сирија загинаа најмалку 28.191 лице, а 80.000 се повредени, а тој број сигурно ќе расте. Турција има правила за градба за заштита на зградите од земјотреси, но тие ретко се спроведуваат, што е една од причините за уривање на илјадници згради. Турскиот потпретседател Фуат Октај синоќа изјави дека се издадени налози за апсење на 131 лице осомничени дека се одговорни за уривањето на зградите. Турскиот министер за правда вети дека ќе ги казни одговорните, а обвинителите почнаа да собираат примероци од зградите како доказ за тоа какви материјали се користени за нивна изградба. Земјотресите беа силни, но експертите сметаат дека лошата градба е виновна за разурнувањата и толку многу жртви. Турското Министерство за правда вчера објави дека планира да формира биро за „истрага на криминал од земјотрес“ за да ги идентификува изведувачите и другите одговорни, да собира докази и да ги провери градежните дозволи.

The post Во Турција апсења на градежници на зградите урнати од земјотресот appeared first on Република.

]]>
Се испитува како паднал кранот кој на лице место уби двајца работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-ispituva-kako-padnal-kranot-koj-na-lice-mesto-ubi-dvajca-rabotnici/ Tue, 05 Jul 2022 12:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=524254

Се испитуваат причините за несреќата во Кавадарци во која загинаа двајца градежници, информираа попладнево од Јавното обвинителство.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на локацијата каде утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот. Едниот од загинатите работници бил на возраст од 30, а другиот од 50 години. Во несреќата не се повредени други лица. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на телата на починатите. Локацијата се обезбедува, а надзор на лице место ќе извршат и надлежни инспекциски служби, соопштија од Обвинителството.

Оттаму посочија дека со цел утврдување на причините за несреќата, ќе биде издадена наредба за вештачење, а во меѓувреме надлежното обвинителство прибира вербални и материјални докази за испитување на сите околности.​

The post Се испитува како паднал кранот кој на лице место уби двајца работници appeared first on Република.

Несреќа во Кавадарци, две лица загинаа откако падна кран https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nesrekja-vo-kavadarci-dve-lica-zaginaa-otkako-padna-kran/ Tue, 05 Jul 2022 08:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=524060

Две лица починаа при пад на кран во Кавадарци, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Информацијата за МИА ја потврдија и од Основното јавно обвинителство во Кавадарци од каде велат дека несреќата се случила на локација каде се гради зграда.

На местото на несреќата се присутни јавен обвинител, увидна екипа и трудова инспекција.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Смртта на двете лица е констатирана од страна на екипа на Брза помош.

The post Несреќа во Кавадарци, две лица загинаа откако падна кран appeared first on Република.

]]>

Две лица починаа при пад на кран во Кавадарци, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи. Информацијата за МИА ја потврдија и од Основното јавно обвинителство во Кавадарци од каде велат дека несреќата се случила на локација каде се гради зграда. На местото на несреќата се присутни јавен обвинител, увидна екипа и трудова инспекција. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот. Смртта на двете лица е констатирана од страна на екипа на Брза помош.

The post Несреќа во Кавадарци, две лица загинаа откако падна кран appeared first on Република.

]]>