градежна офанзива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradezna-ofanziva/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Feb 2023 12:43:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градежна офанзива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradezna-ofanziva/ 32 32 Костовски: Започна граденжната офанзива во Љубанци https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kostovski-zapochna-gradenzhnata-ofanziva-vo-lubantsi/ Fri, 17 Feb 2023 12:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=610164

Денес започна целосна реконструкција на над 10 улици во Љубанци, oбјави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

Тој информираше дека кракот на улица „4“ и крак на улица „6“ во населеното место викано Пештер за првпат по машинското гребење и поставување на нов тампон ќе добијат асфалт. Дополнително ќе биде уреден паркигот на улица „4“ пред црквата „Св. Никола”.

Исто така, новото детско игралиште во близина на ООУ „Гоце Делчев“ е во завршна фаза и ќе биде готово наскоро.

Градежната експанзија започна со силна динамика. По завршување на предвидените улици во Љубанци ќе продолжиме во Љуботен.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места, вели Костовски.

The post Костовски: Започна граденжната офанзива во Љубанци appeared first on Република.

]]>

Денес започна целосна реконструкција на над 10 улици во Љубанци, oбјави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Тој информираше дека кракот на улица „4“ и крак на улица „6“ во населеното место викано Пештер за првпат по машинското гребење и поставување на нов тампон ќе добијат асфалт. Дополнително ќе биде уреден паркигот на улица „4“ пред црквата „Св. Никола”. Исто така, новото детско игралиште во близина на ООУ „Гоце Делчев“ е во завршна фаза и ќе биде готово наскоро.
Градежната експанзија започна со силна динамика. По завршување на предвидените улици во Љубанци ќе продолжиме во Љуботен. Еднаков и рамномерен развој на сите населени места, вели Костовски.

The post Костовски: Започна граденжната офанзива во Љубанци appeared first on Република.

]]>
Градежна офанзива во Аеродром, снимки од дрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradezhna-ofanziva-vo-aerodrom-snimki-od-dron/ Wed, 25 Jan 2023 11:25:25 +0000 https://republika.mk/?p=600826

Инвестициите во инфраструктурата сериозно ја менуваат сликата на Аеродром и го олеснуваат урбаното живеење во општината. Ги препознаваме потребите на граѓаните, а инвестициите во капитални и инфраструктурни проекти се одговор на најважните локални предизвици со кои се соочуваа тие.
Во рамките на градежната офанзива во текот на овој месец финализираше изградбата на нов паркинг простор со капацитет од 60 паркинг места наменет за граѓаните во Мичурин и Стар Аеродром, а во следниот период ќе започне реализацијата на ваков проект на уште две локации во Аеродром.
Остануваме отворени за вашите потреби и барања. Следува период на интензивни инвестиции кои ќе бидат чекор кон поубава општина со нови училишта и градинки, современа инфраструктура, нови паркови и зеленило и нов плоштад во Аеродром.

The post Градежна офанзива во Аеродром, снимки од дрон appeared first on Република.

]]>

Инвестициите во инфраструктурата сериозно ја менуваат сликата на Аеродром и го олеснуваат урбаното живеење во општината. Ги препознаваме потребите на граѓаните, а инвестициите во капитални и инфраструктурни проекти се одговор на најважните локални предизвици со кои се соочуваа тие. Во рамките на градежната офанзива во текот на овој месец финализираше изградбата на нов паркинг простор со капацитет од 60 паркинг места наменет за граѓаните во Мичурин и Стар Аеродром, а во следниот период ќе започне реализацијата на ваков проект на уште две локации во Аеродром. Остануваме отворени за вашите потреби и барања. Следува период на интензивни инвестиции кои ќе бидат чекор кон поубава општина со нови училишта и градинки, современа инфраструктура, нови паркови и зеленило и нов плоштад во Аеродром.

The post Градежна офанзива во Аеродром, снимки од дрон appeared first on Република.

]]>
Стефковски: Продолжува градежната офанзива во Гази Баба https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-prodolzuva-gradeznata-ofanziva-vo-gazi-baba/ Thu, 14 Jul 2022 17:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=529017

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес 14.07.2022 година направи увид во градежните активности за асфалтирање на локални улици во населеното место Јурумлери.

За посетата Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

„Продолжува градежната офанзива во општина Гази Баба.

Асфалтирана улица 11 во населено место Јурумлери.

Денес направив увид во градежните работи за асфалтирање на улица 11 во населеното место Јурумлери.

Улицата е во должина од околу 400 метри.

Со денешните активности продолжува акцијата за асфалтирање на голем број на локални улици низ општина Гази Баба.

Изминатиот период асфалтиравме локални улици во Ченто, Кирил Петрушевски, Инџиково и денес во Јурумлери. Во деновите што следат ќе се асфалтираат улици и во останатите населени места.

Инвестициите во патна инфраструктура за оваа година изнесуваат 50.000.000 денари средства од буџетот на општина Гази Баба.

Гази Баба го живее новото време.

Време во кое се реализираат проекти“! – напиша Стефковски.

The post Стефковски: Продолжува градежната офанзива во Гази Баба appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес 14.07.2022 година направи увид во градежните активности за асфалтирање на локални улици во населеното место Јурумлери. За посетата Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: „Продолжува градежната офанзива во општина Гази Баба. Асфалтирана улица 11 во населено место Јурумлери. Денес направив увид во градежните работи за асфалтирање на улица 11 во населеното место Јурумлери. Улицата е во должина од околу 400 метри. Со денешните активности продолжува акцијата за асфалтирање на голем број на локални улици низ општина Гази Баба. Изминатиот период асфалтиравме локални улици во Ченто, Кирил Петрушевски, Инџиково и денес во Јурумлери. Во деновите што следат ќе се асфалтираат улици и во останатите населени места. Инвестициите во патна инфраструктура за оваа година изнесуваат 50.000.000 денари средства од буџетот на општина Гази Баба. Гази Баба го живее новото време. Време во кое се реализираат проекти“! – напиша Стефковски.

The post Стефковски: Продолжува градежната офанзива во Гази Баба appeared first on Република.

]]>
Изборното ветување „Ѓорче без кал“ станува реалност: Стојкоски и Арсовска најавија градежна офанзива https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/izbornoto-vetuvanje-gjorche-bez-kal-stanuva-realnost-stojkoski-i-arsovska-najavija-gradezna-ofanziva/ Tue, 14 Jun 2022 15:16:24 +0000 https://republika.mk/?p=515142

Денес на прес-конференцијата во населеното место Кисела Јабука, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и директорот на ЈП Улици и патишта Скопје, Борис Настов, го најавија започнувањето на градежната офанзива во Скопје, во која прва фаза е предвидена реконструкцијата на над 20 општински улици во општината Ѓорче Петров.

Почнувајќи од денес во општината Ѓорче Петров започнува и скопската градежна офанзива со реконструирање на повеќе од 20 улици во оваа општина. Улици кои првпат се асфалтираат на барање на граѓаните да добијат улици и услови какви што заслужуваат. Град Скопје за изведба на овој проект одвојува 4 милиони денари, истакна Арсовска. Во оваа прва фаза ќе се пристапи кон реконструкција на улици во пет населени места во оваа општина, во село Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор, ќе се реконструира патна инфраструктура во должина од пет километри. Со оваа реконструкција ќе бидат опфатени улиците во село Волково и тоа улица 83, улица 100 десен крак, улица 3, 73, 74, 78, улица 80 Пржина, улица 81 крак 1, 2, 3 лево, улица 81 крак 4 десно. Во Кисела Јабука улиците 4, 6, краците на улицата 46 и 46а и улиците 68, 10 и 34. Улицата Антон Кецкаров во населено место Даме Груев, во Ново Село пред училиштето крак десно, крак лево и краците на улиците 4 и 2, како и улица 52 десен крак во населба Стопански Двор, истакна Арсовска.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски истакна дека оваа реконструкција е опфат на изградба на нова патна инфраструктура на општински улици во општината Ѓорче Петров, сето тоа во интерес на над 20 илјади жители кои живеат и гравитираат на овој дел од општината, каде повеќе од неколку децении не се реализирани барањата на граѓаните и изрази благодарност на Град Скопје за одвоените финансиски средства како и за добрата соработка со градоначалничката на Град Скопје.

Директорот на ЈП Улици и Патишта, Борис Настов на увидот истакна дека со од вчера е започнато да се работи на подготовка на асфалтирање на улиците во населбата Кисела Јабука со ископ на гребен асфалт, потоа со поставување на тампон слој и уште денеска ќе се пристапи кон асфалтирање со нова асфалтна маса. Вкупната површина на улиците кои ќе бидат асфалтирани е над 16.000 квадратни метри, со променлива широчина на улиците од 3 до 5 метри, со што ќе се подобрат условите на живеење на граѓаните кои живеат тука, а воедно ќе се влијае и на подобрување на безбедноста во сообраќајот, истакна Настов.

The post Изборното ветување „Ѓорче без кал“ станува реалност: Стојкоски и Арсовска најавија градежна офанзива appeared first on Република.

]]>

Денес на прес-конференцијата во населеното место Кисела Јабука, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и директорот на ЈП Улици и патишта Скопје, Борис Настов, го најавија започнувањето на градежната офанзива во Скопје, во која прва фаза е предвидена реконструкцијата на над 20 општински улици во општината Ѓорче Петров.
Почнувајќи од денес во општината Ѓорче Петров започнува и скопската градежна офанзива со реконструирање на повеќе од 20 улици во оваа општина. Улици кои првпат се асфалтираат на барање на граѓаните да добијат улици и услови какви што заслужуваат. Град Скопје за изведба на овој проект одвојува 4 милиони денари, истакна Арсовска. Во оваа прва фаза ќе се пристапи кон реконструкција на улици во пет населени места во оваа општина, во село Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор, ќе се реконструира патна инфраструктура во должина од пет километри. Со оваа реконструкција ќе бидат опфатени улиците во село Волково и тоа улица 83, улица 100 десен крак, улица 3, 73, 74, 78, улица 80 Пржина, улица 81 крак 1, 2, 3 лево, улица 81 крак 4 десно. Во Кисела Јабука улиците 4, 6, краците на улицата 46 и 46а и улиците 68, 10 и 34. Улицата Антон Кецкаров во населено место Даме Груев, во Ново Село пред училиштето крак десно, крак лево и краците на улиците 4 и 2, како и улица 52 десен крак во населба Стопански Двор, истакна Арсовска.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски истакна дека оваа реконструкција е опфат на изградба на нова патна инфраструктура на општински улици во општината Ѓорче Петров, сето тоа во интерес на над 20 илјади жители кои живеат и гравитираат на овој дел од општината, каде повеќе од неколку децении не се реализирани барањата на граѓаните и изрази благодарност на Град Скопје за одвоените финансиски средства како и за добрата соработка со градоначалничката на Град Скопје. Директорот на ЈП Улици и Патишта, Борис Настов на увидот истакна дека со од вчера е започнато да се работи на подготовка на асфалтирање на улиците во населбата Кисела Јабука со ископ на гребен асфалт, потоа со поставување на тампон слој и уште денеска ќе се пристапи кон асфалтирање со нова асфалтна маса. Вкупната површина на улиците кои ќе бидат асфалтирани е над 16.000 квадратни метри, со променлива широчина на улиците од 3 до 5 метри, со што ќе се подобрат условите на живеење на граѓаните кои живеат тука, а воедно ќе се влијае и на подобрување на безбедноста во сообраќајот, истакна Настов.

The post Изборното ветување „Ѓорче без кал“ станува реалност: Стојкоски и Арсовска најавија градежна офанзива appeared first on Република.

]]>
Една третина од становите зјаат празни, од нив најмногу во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edna-tretina-od-stanovite-zjaat-prazni-od-niv-najmnogu-vo-centar/ Sun, 05 Jun 2022 06:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=511283

Вкупната корисна површина на населените станови 55 212 163 м2, додека на ненаселените е 27 850 636 метри квадратни. Во просек населените станови имаат по 103 метри квадратни, додека ненаселените во просек се по 90 метри квадратни.

Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика.

По региони најмногу празни станови има во Југозападниот регион каде од вкупно 51 348 станови над половината се ненаселени. Најмалку празни станови има во Скопскиот регион, каде од 243 252 станови, 29 проценти се празни или 70 094.

Од скопските општини најмногу празни станови има Центар – 10 865 или над 40 проценти од вкупниот број, а најмалку празни станови има Чаир – 22,5 проценти од вкупно 17 771 стан. Интересно е дека за 20 години во Центар бројот на станови е зголемен за над 30 проценти, додека во Чаир за само 3,62 проценти.

Во земјава официјално има 34 градови. Од нив осум се големи со над 50 илјади жители, 18 се средни со меѓу 10 и 50 илјади жители и осум се мали со под 10 илјади жители.

Една третина од становите во сите големи градови во земјава се празни

Куманово, кој е втор по големина град во земјава со 98 104 жители има околу 12,5 илјади празни станови или 33 проценти од вкупниот број. Исто како него и Битола, кој со 85 164 жители е трет по големина град во земјава и има над 16 илјади празни станови или 36,7 проценти.

Слично е и во останатите големи градови во земјава Тетово (84 770 жители) има 9 747 празни станови или 32,3 проценти, Прилеп (69 025 жители) има над 11 илјади празни станови или 33,5 проценти, Гостивар (59 770 жители) има над 12 илјади празни станови или 44 проценти, Охрид (51 428 жители) има 17 820 празни станови или 53 проценти и Струга (50 980 жители) има над 10 илјади празни станови или 45 проценти од вкупниот број станови се ненаселени.

Околу половина од вкупниот број на станови се празни и во Кичево (39 669 жители) има речиси 13 илјади празни станови, Крива Паланка (18 059 жители) има над 5 илјади празни станови, Берово (10 890 жители) речиси пет илјади празни станови и Ресен (14 373 жители) има над четири илјади празни станови.

Во Струмица (49 995 жители) има над осум и пол илјади празни станови, Кочани (31 602 жители) има над седум илјади празни станови, Радовиш (24 122 жители) има речиси четири илјади празни станови, Гевгелија (21 582 жители) има над три и пол илјади празни станови и Свети Николе (15 320 жители) и Виница (14 475 жители) имаат над 2 600 празни станови.

Во четири мали градови празни се околу половина од становите – Кратово (7 545 жители) има речиси три илјади празни станови, Демир Хисар (7 260 жители) има над четири илјади празни станови, Македонски Брод (5 889 жители) има 2 248 празни станови и Пехчево (3 983 жители) има над 1 500 празни станови.

Скопскиот регион има 607 007 жители и 243 252 станови, од кои 70 094 или 29 проценти се празни

Најмногу празни станови има општина Сопиште, каде 60 проценти од вкупно 4 214 станови се празни, додека најмалку празни станови има Арачиново, каде само 578 станови или 20,5 проценти се ненаселени.

Градот Скопје има 526 502 жители и 213 850 станови, од кои 27,7 проценти се ненаселени. Од скопските општини најмногу празни станови има Центар – 10 865 или над 40 проценти од вкупниот број, по што следи Карпош со 10 041 стан или 31 процент од вкупниот број на станови во општината. Најмалку празни станови имаат Чаир – 22,5 проценти од вкупно 17 771 стан и Бутел – 22,8 проценти од вкупно 12 324 станови.

Во последните 20 години бројот на станови е зголемен за 22,5 проценти. Најголем раст има во Аеродром – 32,7 проценти и Центар – 30,2 проценти. Најмал раст во бројот на станови има во Чаир – 3,62 проценти и Бутел – 10 проценти.

Вардарски регион има 138 722 жители и 59 103 станови, од кои 17 453 или 29,5 проценти се ненаселени. Интересно е што ова е единствениот регион каде во последните 20 години бројот на станови е намален и тоа за 3,83 проценти.

Од општините во регионот најмногу празни станови има во Чашка, каде над 58 проценти од становите се празни, а најмалку има во најголемиот град во регионот – Велес, каде ненаселени се 4 147 стана или 22,26 проценти од вкупниот број.

Вториот по големина град во општината – Кавадарци брои 35 733 жители и иако во последните 20 години бројот на станови се има намалено за над 1 400 или 9,7 проценти, сепак околу 27,5 проценти од становите во општината се ненаселени.

Југоисточен регион има 148 387 жители и 74 588 станови, од кои 27 248 или 36,5 проценти се празни.

Најмногу празни станови има во Дојран каде 68,3 проценти од вкупно 3 147 станови се празни. Иако над две третини од становите се празни, нивниот број во оваа општина во последните дваесет години е зголемен за над 32 проценти.

Во најголемиот град во регионот Струмица во последните 20 години бројот на станови е зголемен за речиси 25 проценти.

Источен регион има 150 234 жители и 84 324 станови, од кои 33 144 или 39 проценти се празни.

Најмногу празни станови има Берово, каде од 10 890 станови 56 проценти се празни, а над половина станови се празни и во Пехчево.

Во најголемиот град во регионот Штип – празни се 31,5 проценит од становите, а во Кочани над 700 станови или 38,5 проценти од вкупниот број.

Во последните 20 години и во Берово и во Штип бројот на станови е зголемен за 22 и за 19 проценти.

Пелагониски регион има 210 431 жители и 107 602 станови, од кои 41 671 или 38,7 проценти се празни.

Во Битола има 16 063 ненаселени станови, а во Прилеп 11,094, но во последните 20 години во овие градови бројот на станови е зголемен за 15, односно 10 проценти.

Најмногу празни станови има Демир Хисар, каде од вкупно 6 583 станови, празни се 64 проценти.

Полошки регион има 251 552 жители и 100 647 станови, од кои 39 140 или 38,9 проценти се празни.

Во двата најголеми градови во регионот Тетово и Гостивар за 20 години бројот на станови е зголемен за над 25 проценти, но сепак во Гостивар празни се над 12 илјади станови или 44 проценти, додека во Тетово ненаселени се една третина од вкупно 30 167 стана.

Североисточен регион има 152 982 жители и 68 580 станови, од кои 27 089 или 39,5 проценти се празни.

Една третина од становите во најголемиот град во регионот – Куманово се празни. Иако над 12 и пол илјади станови се празни, бројот на станови во Куманово во последните 20 години е зголемен за 4 679 или 12 проценти.

Над половина од становите се празни и во Кратово, додека во Крива Паланка над 5 илјади станови или 45 проценти од вкупниот број се ненаселени. Сепак, во последните 20 години во Крива Паланка бројот на станови е зголемен за 18,6 проценит, а во Кратово за 10 проценти.

Југозападен регион има 177 398 жители и 101 078 станови, од кои 51 348 или 50,8 проценти се ненаселени.

Во најголемиот град во општината Охрид, над половина од вкупниот број на станови или над 17 илјади се празни. Во последните 20 години во Охрид бројот на станови е зголемен за околу 5 илјади или 15 проценти.

Во Струга празни се над 10 илјади станови или над 44 проценти, а во Кичево речиси 13 илјади станови се ненаселени./МИА

The post Една третина од становите зјаат празни, од нив најмногу во Центар appeared first on Република.

]]>

Вкупната корисна површина на населените станови 55 212 163 м2, додека на ненаселените е 27 850 636 метри квадратни. Во просек населените станови имаат по 103 метри квадратни, додека ненаселените во просек се по 90 метри квадратни. Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика. По региони најмногу празни станови има во Југозападниот регион каде од вкупно 51 348 станови над половината се ненаселени. Најмалку празни станови има во Скопскиот регион, каде од 243 252 станови, 29 проценти се празни или 70 094. Од скопските општини најмногу празни станови има Центар – 10 865 или над 40 проценти од вкупниот број, а најмалку празни станови има Чаир – 22,5 проценти од вкупно 17 771 стан. Интересно е дека за 20 години во Центар бројот на станови е зголемен за над 30 проценти, додека во Чаир за само 3,62 проценти. Во земјава официјално има 34 градови. Од нив осум се големи со над 50 илјади жители, 18 се средни со меѓу 10 и 50 илјади жители и осум се мали со под 10 илјади жители.

Една третина од становите во сите големи градови во земјава се празни

Куманово, кој е втор по големина град во земјава со 98 104 жители има околу 12,5 илјади празни станови или 33 проценти од вкупниот број. Исто како него и Битола, кој со 85 164 жители е трет по големина град во земјава и има над 16 илјади празни станови или 36,7 проценти. Слично е и во останатите големи градови во земјава Тетово (84 770 жители) има 9 747 празни станови или 32,3 проценти, Прилеп (69 025 жители) има над 11 илјади празни станови или 33,5 проценти, Гостивар (59 770 жители) има над 12 илјади празни станови или 44 проценти, Охрид (51 428 жители) има 17 820 празни станови или 53 проценти и Струга (50 980 жители) има над 10 илјади празни станови или 45 проценти од вкупниот број станови се ненаселени. Околу половина од вкупниот број на станови се празни и во Кичево (39 669 жители) има речиси 13 илјади празни станови, Крива Паланка (18 059 жители) има над 5 илјади празни станови, Берово (10 890 жители) речиси пет илјади празни станови и Ресен (14 373 жители) има над четири илјади празни станови. Во Струмица (49 995 жители) има над осум и пол илјади празни станови, Кочани (31 602 жители) има над седум илјади празни станови, Радовиш (24 122 жители) има речиси четири илјади празни станови, Гевгелија (21 582 жители) има над три и пол илјади празни станови и Свети Николе (15 320 жители) и Виница (14 475 жители) имаат над 2 600 празни станови. Во четири мали градови празни се околу половина од становите – Кратово (7 545 жители) има речиси три илјади празни станови, Демир Хисар (7 260 жители) има над четири илјади празни станови, Македонски Брод (5 889 жители) има 2 248 празни станови и Пехчево (3 983 жители) има над 1 500 празни станови.

Скопскиот регион има 607 007 жители и 243 252 станови, од кои 70 094 или 29 проценти се празни

Најмногу празни станови има општина Сопиште, каде 60 проценти од вкупно 4 214 станови се празни, додека најмалку празни станови има Арачиново, каде само 578 станови или 20,5 проценти се ненаселени. Градот Скопје има 526 502 жители и 213 850 станови, од кои 27,7 проценти се ненаселени. Од скопските општини најмногу празни станови има Центар – 10 865 или над 40 проценти од вкупниот број, по што следи Карпош со 10 041 стан или 31 процент од вкупниот број на станови во општината. Најмалку празни станови имаат Чаир – 22,5 проценти од вкупно 17 771 стан и Бутел – 22,8 проценти од вкупно 12 324 станови. Во последните 20 години бројот на станови е зголемен за 22,5 проценти. Најголем раст има во Аеродром – 32,7 проценти и Центар – 30,2 проценти. Најмал раст во бројот на станови има во Чаир – 3,62 проценти и Бутел – 10 проценти. Вардарски регион има 138 722 жители и 59 103 станови, од кои 17 453 или 29,5 проценти се ненаселени. Интересно е што ова е единствениот регион каде во последните 20 години бројот на станови е намален и тоа за 3,83 проценти. Од општините во регионот најмногу празни станови има во Чашка, каде над 58 проценти од становите се празни, а најмалку има во најголемиот град во регионот – Велес, каде ненаселени се 4 147 стана или 22,26 проценти од вкупниот број. Вториот по големина град во општината – Кавадарци брои 35 733 жители и иако во последните 20 години бројот на станови се има намалено за над 1 400 или 9,7 проценти, сепак околу 27,5 проценти од становите во општината се ненаселени. Југоисточен регион има 148 387 жители и 74 588 станови, од кои 27 248 или 36,5 проценти се празни. Најмногу празни станови има во Дојран каде 68,3 проценти од вкупно 3 147 станови се празни. Иако над две третини од становите се празни, нивниот број во оваа општина во последните дваесет години е зголемен за над 32 проценти. Во најголемиот град во регионот Струмица во последните 20 години бројот на станови е зголемен за речиси 25 проценти. Источен регион има 150 234 жители и 84 324 станови, од кои 33 144 или 39 проценти се празни. Најмногу празни станови има Берово, каде од 10 890 станови 56 проценти се празни, а над половина станови се празни и во Пехчево. Во најголемиот град во регионот Штип – празни се 31,5 проценит од становите, а во Кочани над 700 станови или 38,5 проценти од вкупниот број. Во последните 20 години и во Берово и во Штип бројот на станови е зголемен за 22 и за 19 проценти. Пелагониски регион има 210 431 жители и 107 602 станови, од кои 41 671 или 38,7 проценти се празни. Во Битола има 16 063 ненаселени станови, а во Прилеп 11,094, но во последните 20 години во овие градови бројот на станови е зголемен за 15, односно 10 проценти. Најмногу празни станови има Демир Хисар, каде од вкупно 6 583 станови, празни се 64 проценти. Полошки регион има 251 552 жители и 100 647 станови, од кои 39 140 или 38,9 проценти се празни. Во двата најголеми градови во регионот Тетово и Гостивар за 20 години бројот на станови е зголемен за над 25 проценти, но сепак во Гостивар празни се над 12 илјади станови или 44 проценти, додека во Тетово ненаселени се една третина од вкупно 30 167 стана. Североисточен регион има 152 982 жители и 68 580 станови, од кои 27 089 или 39,5 проценти се празни. Една третина од становите во најголемиот град во регионот – Куманово се празни. Иако над 12 и пол илјади станови се празни, бројот на станови во Куманово во последните 20 години е зголемен за 4 679 или 12 проценти. Над половина од становите се празни и во Кратово, додека во Крива Паланка над 5 илјади станови или 45 проценти од вкупниот број се ненаселени. Сепак, во последните 20 години во Крива Паланка бројот на станови е зголемен за 18,6 проценит, а во Кратово за 10 проценти. Југозападен регион има 177 398 жители и 101 078 станови, од кои 51 348 или 50,8 проценти се ненаселени. Во најголемиот град во општината Охрид, над половина од вкупниот број на станови или над 17 илјади се празни. Во последните 20 години во Охрид бројот на станови е зголемен за околу 5 илјади или 15 проценти. Во Струга празни се над 10 илјади станови или над 44 проценти, а во Кичево речиси 13 илјади станови се ненаселени./МИА

The post Една третина од становите зјаат празни, од нив најмногу во Центар appeared first on Република.

]]>