градежен хаос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradezen-haos/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Apr 2023 12:31:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градежен хаос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradezen-haos/ 32 32 Повеќе градилишта низ Центар не ги почитуваат законските прописи, увиде градоначалникот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/poveke-gradilishta-niz-tsentar-ne-gi-pochituvaat-zakonskite-propisi-uvide-gradonachalnikot/ Fri, 07 Apr 2023 12:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=628343

Придружуван од општинските служби, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи обиколка на неколку градилишта во општината. Општина Центар спроведува зачестени инспекциски контроли, со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.

Иако имаат уредна документација за градба, по зачестените контроли на терен увидовме дека не се почиутваат законските прописи на повеќе градилишта. Поради тие причини, на моја лична иницијатива, формиравме и нова комисија и тројно ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија ќе врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби. Тие ќе бидат одговорни да следат точно што се случува на терен, од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумана урбанизација со почитување на законите. Неуморно работам да го одржам ветувањето пред граѓаните, вели Герасимовски.

Како што е наведено во соопштението од Општина Центар, покрај контролите за дивоградби и за одвивање на градежните зафати кај легалните објекти со одобренија за градба, комуналните инспектори од Општина Центар изминатите неколку недели спроведуваа контроли согласно Законот за јавна чистота.

- На терен изведувачите се информираат за насоката градежните објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена и да не се пали и уништува смет. Инспекцијата апелира и граѓаните да се воздржат од палеље на огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат чисти и измиени тркала и да се покриени со церади, поради контрола на прашината, се наведува во соопштението.

Според извештаите од комуналната инспекција, како што посочуваат од Општина Центар, известени и контролирани се околу 20 градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала. Извршени се повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени три глоби на правни лица и одговорни лица, во вредност од по 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост.

The post Повеќе градилишта низ Центар не ги почитуваат законските прописи, увиде градоначалникот appeared first on Република.

]]>

Придружуван од општинските служби, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи обиколка на неколку градилишта во општината. Општина Центар спроведува зачестени инспекциски контроли, со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.
Иако имаат уредна документација за градба, по зачестените контроли на терен увидовме дека не се почиутваат законските прописи на повеќе градилишта. Поради тие причини, на моја лична иницијатива, формиравме и нова комисија и тројно ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија ќе врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби. Тие ќе бидат одговорни да следат точно што се случува на терен, од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумана урбанизација со почитување на законите. Неуморно работам да го одржам ветувањето пред граѓаните, вели Герасимовски.
Како што е наведено во соопштението од Општина Центар, покрај контролите за дивоградби и за одвивање на градежните зафати кај легалните објекти со одобренија за градба, комуналните инспектори од Општина Центар изминатите неколку недели спроведуваа контроли согласно Законот за јавна чистота. - На терен изведувачите се информираат за насоката градежните објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена и да не се пали и уништува смет. Инспекцијата апелира и граѓаните да се воздржат од палеље на огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат чисти и измиени тркала и да се покриени со церади, поради контрола на прашината, се наведува во соопштението. Според извештаите од комуналната инспекција, како што посочуваат од Општина Центар, известени и контролирани се околу 20 градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала. Извршени се повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени три глоби на правни лица и одговорни лица, во вредност од по 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост.

The post Повеќе градилишта низ Центар не ги почитуваат законските прописи, увиде градоначалникот appeared first on Република.

]]>
Хаос и утрово: Во исто време раскопани неколку главни сообраќајници низ Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/haos-i-utrovo-vo-isto-vreme-raskopani-nekolku-glavni-soobrakjajnici-niz-skopje/ Thu, 17 Nov 2022 07:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=574719

Истовремена реконструкција на неколку главни сообраќајници во Скопје, возење по една или две ленти и нервозни возачи е секојдневие во главниот град особено во утринските и попладневните часови. Од Град Скопје велат дека реконструкциите се на барање на граѓаните и се прават поради дотраеност на улиците.

Улицата „Теодосиј Гологанов“ кај Клубот на пратеници и булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај Народна банка се дел од улиците на кои во моментот се вршат градежни активности. Градските власти очекуваат овие две фреквентни сообраќајници да бидат завршени по Нова година.

[caption id="" align="alignnone" width="2000"] (фото: МИА)[/caption]

МИА побара одговор од Град Скопје зошто истовремено се вршат реконструкции на фреквентни сообраќајници низ градот. Оттаму посочија дека реконструкциите се прават поради дотраеноста и оштетеноста на сообраќајниците што претставува ризик по безбедноста во сообраќајот. Крајниот рок за изведба на двата проекта, како што најавуваат, е на почетокот на следната година.

На барање на граѓаните, Град Скопје инвестира во подобрување на инфраструктурата на сообраќајниците со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот. Во рамки на овие активности во моментов се извршуваат реконструкции на улици и булевари на повеќе локации во Скопје. Реконструкцијата на двете посочени сообраќајници се реализира поради нивната дотраеност и оштетеност, предизвикување ризик по безбедноста во сообраќајот, а истите се реализираат на повеќегодишно барање на жителите на Скопје. Крајниот рок на изведба на двата проекти кои се штотуку започнати, е на почетокот од следната година, стои во одговорот од Град Скопје.

[caption id="" align="alignnone" width="2000"] (фото: МИА)[/caption]

Реконструкцијата на улицата „Теодосиј Гологанов“ опфаќа градежни активности на коловозот од 5.350 квадратни метри, велосипедската патека и тротоарите од 4.500 квадратни метри, нови рабници, нова фекална канализација, изведба на нова водоводна мрежа и ново улично осветлување со лед светилки. Реконструкцијата чини 43 милиони денари, а градежните работи ги изведува фирмата „Бауер“.

Неодамна почна и реконструкцијата на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај Народна банка. На овој булевар неколкупати во минатото се правеше реконструкција, но асфалтот остана оштетен. До моментот на објавување на веста, од Град Скопје не стигна одговор за деталите поврзани со реконструкцијата на оваа улица. 

[caption id="" align="alignnone" width="2000"] (фото: МИА)[/caption]

The post Хаос и утрово: Во исто време раскопани неколку главни сообраќајници низ Скопје appeared first on Република.

]]>

Истовремена реконструкција на неколку главни сообраќајници во Скопје, возење по една или две ленти и нервозни возачи е секојдневие во главниот град особено во утринските и попладневните часови. Од Град Скопје велат дека реконструкциите се на барање на граѓаните и се прават поради дотраеност на улиците. Улицата „Теодосиј Гологанов“ кај Клубот на пратеници и булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај Народна банка се дел од улиците на кои во моментот се вршат градежни активности. Градските власти очекуваат овие две фреквентни сообраќајници да бидат завршени по Нова година. [caption id="" align="alignnone" width="2000"] (фото: МИА)[/caption] МИА побара одговор од Град Скопје зошто истовремено се вршат реконструкции на фреквентни сообраќајници низ градот. Оттаму посочија дека реконструкциите се прават поради дотраеноста и оштетеноста на сообраќајниците што претставува ризик по безбедноста во сообраќајот. Крајниот рок за изведба на двата проекта, како што најавуваат, е на почетокот на следната година.
На барање на граѓаните, Град Скопје инвестира во подобрување на инфраструктурата на сообраќајниците со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот. Во рамки на овие активности во моментов се извршуваат реконструкции на улици и булевари на повеќе локации во Скопје. Реконструкцијата на двете посочени сообраќајници се реализира поради нивната дотраеност и оштетеност, предизвикување ризик по безбедноста во сообраќајот, а истите се реализираат на повеќегодишно барање на жителите на Скопје. Крајниот рок на изведба на двата проекти кои се штотуку започнати, е на почетокот од следната година, стои во одговорот од Град Скопје.
[caption id="" align="alignnone" width="2000"] (фото: МИА)[/caption] Реконструкцијата на улицата „Теодосиј Гологанов“ опфаќа градежни активности на коловозот од 5.350 квадратни метри, велосипедската патека и тротоарите од 4.500 квадратни метри, нови рабници, нова фекална канализација, изведба на нова водоводна мрежа и ново улично осветлување со лед светилки. Реконструкцијата чини 43 милиони денари, а градежните работи ги изведува фирмата „Бауер“. Неодамна почна и реконструкцијата на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај Народна банка. На овој булевар неколкупати во минатото се правеше реконструкција, но асфалтот остана оштетен. До моментот на објавување на веста, од Град Скопје не стигна одговор за деталите поврзани со реконструкцијата на оваа улица.  [caption id="" align="alignnone" width="2000"] (фото: МИА)[/caption]

The post Хаос и утрово: Во исто време раскопани неколку главни сообраќајници низ Скопје appeared first on Република.

]]>