градба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradba/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 12:52:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradba/ 32 32 За да се намали цената на станбениот квадрат: Николоски најави изградби на станбени згради во Битола, Штип и Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-da-se-namali-tsenata-na-stanbeniot-kvadrat-nikoloski-najavi-izgradbi-na-stanbeni-zgradi-vo-bitola-shtip-i-skopje/ Fri, 08 Nov 2024 12:52:14 +0000 https://republika.mk/?p=835577

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПДП) прави план за изградба на нови станбени згради во Битола, Штип и Скопје, со цел да се регулира цената на станбениот квадрат, бидејќи токму ова јавно претпријатие треба да е регулатор на цената на станбениот квадра најави денеска од Штип, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Тој истакна дека последната комерцијална зграда од страна на ЈПДП во Битола е изградена пред 13 години, а во Штип какошто рече веројатно и никој не се сеќава кога.

А улогата на ова јавно претпријатие е да ја регулира цената на пазарот со цел градежниците да неможат да имаат екстремно високи цени, да имаат монополи и на тој начин да го цицаат народот. За Битола најавивме дека ќе одиме со цени кои ќе се за 30-40 проценти пониски од тоа што е пазар во моментот - вели Николоски.

Тој најави дека работат и интензивно на проектот „Купи или изгради куќа за млади“, каде за купување или изградба на куќа за млади брачни двојки ќе има големи поволности, кои ќе покриваат и до 50 проценти од трошоците за изградба или за купување.

The post За да се намали цената на станбениот квадрат: Николоски најави изградби на станбени згради во Битола, Штип и Скопје appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПДП) прави план за изградба на нови станбени згради во Битола, Штип и Скопје, со цел да се регулира цената на станбениот квадрат, бидејќи токму ова јавно претпријатие треба да е регулатор на цената на станбениот квадра најави денеска од Штип, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. Тој истакна дека последната комерцијална зграда од страна на ЈПДП во Битола е изградена пред 13 години, а во Штип какошто рече веројатно и никој не се сеќава кога.
А улогата на ова јавно претпријатие е да ја регулира цената на пазарот со цел градежниците да неможат да имаат екстремно високи цени, да имаат монополи и на тој начин да го цицаат народот. За Битола најавивме дека ќе одиме со цени кои ќе се за 30-40 проценти пониски од тоа што е пазар во моментот - вели Николоски.
Тој најави дека работат и интензивно на проектот „Купи или изгради куќа за млади“, каде за купување или изградба на куќа за млади брачни двојки ќе има големи поволности, кои ќе покриваат и до 50 проценти од трошоците за изградба или за купување.

The post За да се намали цената на станбениот квадрат: Николоски најави изградби на станбени згради во Битола, Штип и Скопје appeared first on Република.

]]>
Градежните фирми лани изградиле 3.844 станови, индивидуалците уште 2.457 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gradezhnite-firmi-lani-izgradile-3-844-stanovi-individualtsite-ushte-2-457/ Wed, 14 Jun 2023 09:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=651170

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност минатата година извршиле градежни работи во вредност од 30,76 милијарди денари, од кои 14,66 милијарди денари се за објекти во индивидуална сопственост, објави Државниот завод за статистика.

Во текот на 2022 година се градени вкупно 2.519 објекти, а завршени се 3.844 станови со вкупна површина од 257.085 метри квадратни, од кои 3.714 се во индивидуална сопственост.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Пелагонискиот, Југозападниот…

Во Скопскиот регион се завршени 2.107 станови, од кои 1.120 се во општина Аеродром, 336 во Гази Баба, 218 во Центар, 175 во Ѓорче Петров, 131 во Бутел, …

Просечната корисна површина на завршените станови е 66,9 метри квадратни.

Според податоците на ДЗС, во 2022 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16,89 милијарди денари.

Податоците за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија покажуваат дека во текот на минатата година се градени вкупно 2.145 објекти и завршени се вкупно 2.457 станови со вкупна површина од 304.916 метри квадратни од кои 102 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7.981 метри квадратни.

Просечната корисна површина на завршените станови е 124.1 метри квадратни.

Најмногу се градело во Вардарскиот регион, потоа во Полошкиот, Скопскиот итн.

The post Градежните фирми лани изградиле 3.844 станови, индивидуалците уште 2.457 appeared first on Република.

]]>

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност минатата година извршиле градежни работи во вредност од 30,76 милијарди денари, од кои 14,66 милијарди денари се за објекти во индивидуална сопственост, објави Државниот завод за статистика. Во текот на 2022 година се градени вкупно 2.519 објекти, а завршени се 3.844 станови со вкупна површина од 257.085 метри квадратни, од кои 3.714 се во индивидуална сопственост. По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Пелагонискиот, Југозападниот… Во Скопскиот регион се завршени 2.107 станови, од кои 1.120 се во општина Аеродром, 336 во Гази Баба, 218 во Центар, 175 во Ѓорче Петров, 131 во Бутел, … Просечната корисна површина на завршените станови е 66,9 метри квадратни. Според податоците на ДЗС, во 2022 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16,89 милијарди денари. Податоците за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија покажуваат дека во текот на минатата година се градени вкупно 2.145 објекти и завршени се вкупно 2.457 станови со вкупна површина од 304.916 метри квадратни од кои 102 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7.981 метри квадратни. Просечната корисна површина на завршените станови е 124.1 метри квадратни. Најмногу се градело во Вардарскиот регион, потоа во Полошкиот, Скопскиот итн.

The post Градежните фирми лани изградиле 3.844 станови, индивидуалците уште 2.457 appeared first on Република.

]]>
Две државни болници неоштетени го преживеаја земјотресот во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dve-drzhavni-bolnitsi-neoshteteni-go-prezhiveaja-zemjotresot-vo-turtsija/ Mon, 13 Feb 2023 09:36:24 +0000 https://republika.mk/?p=608302

Породилната и детската болница во Малатија и болницата Инајет Топчу во Газиантеп ги преживеаја силните земјотреси благодарение на сеизмичкиот изолатор поставен на нивните катови, јави Анадолија.

Пензионираниот професор по геофизичко инженерство на Универзитетот Докуз Ејлул, д-р Мустафа Акѓун, кој ги гледаше видеата снимени во двете болници за време на земјотресот, рече дека снимките откриле колку е важна употребата на изолатори.

На снимката од болницата во Малатија, земјата и зградата се движат поинаку благодарение на изолаторот. Снимката снимена во болницата Газиантеп Инајет Топчу го покажува ефектот на овој систем во внатрешноста на зградата. Тоа спречи зградата премногу да се затресе. Така, медицинските сестри можеа да стојат и да ги држат инкубаторите, рече тој.

Професорот Акѓун нафгласи дека овој систем обезбедува заштита доколку се направи правилно а додаде и дека системот може да се инсталира и на згради што веќе се изградени, но ќе чини многу повеќе бидејќи столбовите ќе бидат исечени и изолаторите ќе бидат поставени меѓу столбовите.

Според него, системот за рано предупредување е исто така важен.

Сеизмичките изолатори го контролираат однесувањето на зградата за време на земјотрес, но има и системи за рано предупредување од земјотрес. Такви системи се имплементирани во Мексико. Ги има и во Италија и САД. Пред разурнувачки земјотресен бран да ја погоди вашата област, вие ќе биде информиран 20 секунди однапред, во зависност од растојанието и предупредувања. Достигнувањата во светот треба да се спроведат и во Турција. Тоа го има во Јапонија и Мексико. Мексико го употреби при последниот голем земјотрес и беа спречени многу жртви, рече професорот Акѓун.

The post Две државни болници неоштетени го преживеаја земјотресот во Турција appeared first on Република.

]]>

Породилната и детската болница во Малатија и болницата Инајет Топчу во Газиантеп ги преживеаја силните земјотреси благодарение на сеизмичкиот изолатор поставен на нивните катови, јави Анадолија. Пензионираниот професор по геофизичко инженерство на Универзитетот Докуз Ејлул, д-р Мустафа Акѓун, кој ги гледаше видеата снимени во двете болници за време на земјотресот, рече дека снимките откриле колку е важна употребата на изолатори.
На снимката од болницата во Малатија, земјата и зградата се движат поинаку благодарение на изолаторот. Снимката снимена во болницата Газиантеп Инајет Топчу го покажува ефектот на овој систем во внатрешноста на зградата. Тоа спречи зградата премногу да се затресе. Така, медицинските сестри можеа да стојат и да ги држат инкубаторите, рече тој.
Професорот Акѓун нафгласи дека овој систем обезбедува заштита доколку се направи правилно а додаде и дека системот може да се инсталира и на згради што веќе се изградени, но ќе чини многу повеќе бидејќи столбовите ќе бидат исечени и изолаторите ќе бидат поставени меѓу столбовите. Според него, системот за рано предупредување е исто така важен.
Сеизмичките изолатори го контролираат однесувањето на зградата за време на земјотрес, но има и системи за рано предупредување од земјотрес. Такви системи се имплементирани во Мексико. Ги има и во Италија и САД. Пред разурнувачки земјотресен бран да ја погоди вашата област, вие ќе биде информиран 20 секунди однапред, во зависност од растојанието и предупредувања. Достигнувањата во светот треба да се спроведат и во Турција. Тоа го има во Јапонија и Мексико. Мексико го употреби при последниот голем земјотрес и беа спречени многу жртви, рече професорот Акѓун.

The post Две државни болници неоштетени го преживеаја земјотресот во Турција appeared first on Република.

]]>
Поврзување на Македонија со Косово: Владата избра поскапа делница за патот од Тетово до Призрен од понудената од експерти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/povrzuvanje-na-makedonija-so-kosovo-vladata-izbra-poskapa-delnica-za-patot-od-tetovo-do-prizren-od-ponudenata-od-eksperti/ Fri, 28 Oct 2022 17:38:36 +0000 https://republika.mk/?p=566956

Владата ја одобри трасата низ која ќе треба да минува ветениот пат Тетово – Призрен преку Шар Планина.

Според физибилити студијата направена во 2013 година, должината на патот треба да биде 40,6 километри и тој ќе биде поврзан со тунел долг 6,4 километри. Избраната варијанта е поскапа од онаа која ја препорачаа експертите кои ја изработија анализата за економската оправданост, според нив, најдобрата траса е варијантата со тунел од 3,2 километри, пишува Порталб.

Според владината одлука, патот Тетово-Призрен ќе оди преку селата Шипковица, Бродец, Вешала и потоа ќе продолжи кон подножјето на врвот Кобилица и границата со Косово, каде што ќе се пробива тунелот долг 6,4 километри, а на косовска страна патот би продолжил преку селата Манастирица и Речане кон Призрен.

Од ЈП за државни патишта (ЈПДП) велат дека по одобрувањето на трасата, во тек се работите за програмата за проектирање.

Што се однесува до активностите поврзани со проектот за изградба на патот Тетово – Призрен, ве известуваме дека по одобрението од Владата, Градежниот факултет веќе работи на програмата за проектирање на трасата на патот, велат за Порталб од ЈПДП.

The post Поврзување на Македонија со Косово: Владата избра поскапа делница за патот од Тетово до Призрен од понудената од експерти appeared first on Република.

]]>

Владата ја одобри трасата низ која ќе треба да минува ветениот пат Тетово – Призрен преку Шар Планина. Според физибилити студијата направена во 2013 година, должината на патот треба да биде 40,6 километри и тој ќе биде поврзан со тунел долг 6,4 километри. Избраната варијанта е поскапа од онаа која ја препорачаа експертите кои ја изработија анализата за економската оправданост, според нив, најдобрата траса е варијантата со тунел од 3,2 километри, пишува Порталб. Според владината одлука, патот Тетово-Призрен ќе оди преку селата Шипковица, Бродец, Вешала и потоа ќе продолжи кон подножјето на врвот Кобилица и границата со Косово, каде што ќе се пробива тунелот долг 6,4 километри, а на косовска страна патот би продолжил преку селата Манастирица и Речане кон Призрен. Од ЈП за државни патишта (ЈПДП) велат дека по одобрувањето на трасата, во тек се работите за програмата за проектирање. Што се однесува до активностите поврзани со проектот за изградба на патот Тетово – Призрен, ве известуваме дека по одобрението од Владата, Градежниот факултет веќе работи на програмата за проектирање на трасата на патот, велат за Порталб од ЈПДП.

The post Поврзување на Македонија со Косово: Владата избра поскапа делница за патот од Тетово до Призрен од понудената од експерти appeared first on Република.

]]>
Пратениците на СДСМ, ЛДП и ДУИ не прифатија забрана за градби во национални паркови https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pratenicite-na-sdsm-ldp-i-dui-ne-prifatija-zabrana-za-gradbi-vo-nacionalni-parkovi/ Tue, 18 Oct 2022 08:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=562405

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера во измените на Законот за шумите предложија во член 75 да се вметне нов став со кој се бара забрана на поставување и градење на времени објекти, живеалишта, викендици во националните паркови на Македонија и неможност за каква било легализација на тие објекти кои ќе треба да биде урнати или отстранети. За овој амандман гласаа само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а против беа пратениците на СДСМ, ДУИ и на ЛДП.

Од 110 присутни пратеници, 31 пратеник гласаа „за“ овој амандман, а 47 беа против.

По нашиот предлог закон за изменување на Законот за шумите, по скратена постапка, со кој предлагавме да се допрецизираат објектите кои не може да се градат во шумите, како би се постигнале поголем увид и контрола врз градењето објекти, како приватни живеалишта и викендици, во шумските подрачја, најголемиот број на пратениците од власта денес гласаа против. Толку од „борците“ за здрава животна средина и од „зелената“ агенда - коментира на својот фејсбук-профил пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.

The post Пратениците на СДСМ, ЛДП и ДУИ не прифатија забрана за градби во национални паркови appeared first on Република.

]]>

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера во измените на Законот за шумите предложија во член 75 да се вметне нов став со кој се бара забрана на поставување и градење на времени објекти, живеалишта, викендици во националните паркови на Македонија и неможност за каква било легализација на тие објекти кои ќе треба да биде урнати или отстранети. За овој амандман гласаа само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а против беа пратениците на СДСМ, ДУИ и на ЛДП. Од 110 присутни пратеници, 31 пратеник гласаа „за“ овој амандман, а 47 беа против.
По нашиот предлог закон за изменување на Законот за шумите, по скратена постапка, со кој предлагавме да се допрецизираат објектите кои не може да се градат во шумите, како би се постигнале поголем увид и контрола врз градењето објекти, како приватни живеалишта и викендици, во шумските подрачја, најголемиот број на пратениците од власта денес гласаа против. Толку од „борците“ за здрава животна средина и од „зелената“ агенда - коментира на својот фејсбук-профил пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.

The post Пратениците на СДСМ, ЛДП и ДУИ не прифатија забрана за градби во национални паркови appeared first on Република.

]]>
Во тек нова постапка за избор на надзор за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-tek-nova-postapka-za-izbor-na-nadzor-za-avtopatite-shto-kje-gi-gradi-behtel-i-enka/ Mon, 19 Sep 2022 10:38:24 +0000 https://republika.mk/?p=552194

По заокружувањето на новата постапка за избор на надзор и консултант за автопатите што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“, подготвителните работи се очекува да завршат до крајот на годината, а по проектирањето и експропријацијата во текот на следната година да има работа на терен, информираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

При посетата на Боговиње, на новинарско прашање за изградба на автопатот Тетово-Гостивар, Бочварски рече дека оваа заедно со неколку други автопатски делници е во приоритетите на Владата преку донесениот Закон со стратешкиот инвеститор „Бехтел и Енка“.

Имаше распишано постапка за избор на консултантска куќа и надзорен орган, по што беше избрана и компанија која ќе ги врши консултантските услуги, но бидејќи не беше доставена банкарска гаранција, таа постапка беше запрена и е распишана нова за избор на консултант и надзор што ќе ја следи градбата од самиот почеток до крајот на Коридрот 8 и Коридрот 10. Се работи за делницата Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требениште – Струга- Ќафасан на Коридорот 8, како и Битола – Прилеп на Коридорот 10 Д. Ова останува приоритет. Тука сме да ги решиме сите прашања што се јавуваат пред почнување со градбата за да сме сигурни дека кога ќе се почне со градба на автопатите ќе тече непречено и со добра динамика за да бидат завршени во предвидениот рок. Така што, автопатот Тетово-Гостивар, како и останатите делници е приоритет и по завршувањето на постапките ќе се влезе во реализација, реконструкција и проширување на целата оваа делница - рече Бочварски.

Тој најави дека кога ќе биде избран консултантот и надзорниот орган ќе пристапат кон преговарање со компанијата „Бехтел“ за што има и временски утврден рок.

Сите подготвки очекуваме да ги направиме до крај на годината, потоа да се влезе и со постапките на проектирање и експропријација каде што е потребно, и во текот на наредната година да видиме полн прогрес на работа на терен заради тоа што тоа се многу значајни патни правци за кои државата е подготвена да издвои средства како никогаш досега и да ги реши и да ги затвори Коридорот 8 и Коридорот 10 - рече Бочварски.

Прашан за динамиката на изградбата на автопатот Скопје – Блаце и доцнењето поради проблеми со експропријација, посочи дека се работи на првата делница и оти се очекува наскоро да се распише тендерската постапка за втората делница, која е покомплексна и поголема.

Се работи на сите автопатски делниции, експресните патишта, како и на Скопје-Блаце, така и на делницата од Градско кон Дреново, Дреново-Фариш, Плетвар,… наскоро почнуваме со железничката пруга кон Бугарија каде имаше застој. Сите овие проекти се многу значајни во време на енергетска криза, па и претходно ковид криза, за да средствата како капитални инвестиции ги вбризгаме во економијата за да можат компаниите полесно и пофункционално да ја пребродат - изјави Бочварски.

The post Во тек нова постапка за избор на надзор за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>

По заокружувањето на новата постапка за избор на надзор и консултант за автопатите што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“, подготвителните работи се очекува да завршат до крајот на годината, а по проектирањето и експропријацијата во текот на следната година да има работа на терен, информираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. При посетата на Боговиње, на новинарско прашање за изградба на автопатот Тетово-Гостивар, Бочварски рече дека оваа заедно со неколку други автопатски делници е во приоритетите на Владата преку донесениот Закон со стратешкиот инвеститор „Бехтел и Енка“.
Имаше распишано постапка за избор на консултантска куќа и надзорен орган, по што беше избрана и компанија која ќе ги врши консултантските услуги, но бидејќи не беше доставена банкарска гаранција, таа постапка беше запрена и е распишана нова за избор на консултант и надзор што ќе ја следи градбата од самиот почеток до крајот на Коридрот 8 и Коридрот 10. Се работи за делницата Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требениште – Струга- Ќафасан на Коридорот 8, како и Битола – Прилеп на Коридорот 10 Д. Ова останува приоритет. Тука сме да ги решиме сите прашања што се јавуваат пред почнување со градбата за да сме сигурни дека кога ќе се почне со градба на автопатите ќе тече непречено и со добра динамика за да бидат завршени во предвидениот рок. Така што, автопатот Тетово-Гостивар, како и останатите делници е приоритет и по завршувањето на постапките ќе се влезе во реализација, реконструкција и проширување на целата оваа делница - рече Бочварски.
Тој најави дека кога ќе биде избран консултантот и надзорниот орган ќе пристапат кон преговарање со компанијата „Бехтел“ за што има и временски утврден рок.
Сите подготвки очекуваме да ги направиме до крај на годината, потоа да се влезе и со постапките на проектирање и експропријација каде што е потребно, и во текот на наредната година да видиме полн прогрес на работа на терен заради тоа што тоа се многу значајни патни правци за кои државата е подготвена да издвои средства како никогаш досега и да ги реши и да ги затвори Коридорот 8 и Коридорот 10 - рече Бочварски.
Прашан за динамиката на изградбата на автопатот Скопје – Блаце и доцнењето поради проблеми со експропријација, посочи дека се работи на првата делница и оти се очекува наскоро да се распише тендерската постапка за втората делница, која е покомплексна и поголема.
Се работи на сите автопатски делниции, експресните патишта, како и на Скопје-Блаце, така и на делницата од Градско кон Дреново, Дреново-Фариш, Плетвар,… наскоро почнуваме со железничката пруга кон Бугарија каде имаше застој. Сите овие проекти се многу значајни во време на енергетска криза, па и претходно ковид криза, за да средствата како капитални инвестиции ги вбризгаме во економијата за да можат компаниите полесно и пофункционално да ја пребродат - изјави Бочварски.

The post Во тек нова постапка за избор на надзор за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>
Во март годинава издадени 373 одобренија за градење, што е за 10,4 отсто повеќе од лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-mart-godinava-izdadeni-373-odobrenija-za-gradenje-shto-e-za-10-4-otsto-povekje-od-lani/ Thu, 12 May 2022 11:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=501457

Во март годинава се издадени 373 одобренија за градење, што е за 10,4 проценти повеќе во однос на март лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во Скопскиот регион се издадени 93 одобрениеја за градење, односно по 17 во општините Гази Баба и Карпош, 12 во Чучер Сандево, по седум во Петровец и Сопиште, три во Аеродром… Во Пелагонискиот регион се изаддени 65 одбренија, по 51 во Источниот и во Југозападниот регион, по 40 во Југоисточниот и во Пелагонискиот, во Вардарскиот 23, а во Североисточниот 10.

ДЗС информира дека предвидената вредност на објектите што ќе се градат според издадените одобренија изнесува 4 585 341 000 денари, и е за 12.1 проценти помалку во однос на март лани.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 182 (48,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 69 (18,5 проценти) од нискоградба и 122 (32,7 проценти) за објекти за реконструкција.

Како инвеститори на 195 објекти (52,3 проценти) се јавуваат физички лица, а на 178 (47,7 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 501 стан, со вкупна корисна површина од 45 333 метри квадратни. Од вкупно предвидените 265 станови се во Скопскиот регион, од кои 178 во Општгина Гази Баба, 56 во Шуто Оризари, 28 во Карпош, 17 во Центар, 11 во Илинден, осум во Чучер Сандево, седум во Бутел и четири во Сопиште.

The post Во март годинава издадени 373 одобренија за градење, што е за 10,4 отсто повеќе од лани appeared first on Република.

]]>

Во март годинава се издадени 373 одобренија за градење, што е за 10,4 проценти повеќе во однос на март лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Во Скопскиот регион се издадени 93 одобрениеја за градење, односно по 17 во општините Гази Баба и Карпош, 12 во Чучер Сандево, по седум во Петровец и Сопиште, три во Аеродром… Во Пелагонискиот регион се изаддени 65 одбренија, по 51 во Источниот и во Југозападниот регион, по 40 во Југоисточниот и во Пелагонискиот, во Вардарскиот 23, а во Североисточниот 10. ДЗС информира дека предвидената вредност на објектите што ќе се градат според издадените одобренија изнесува 4 585 341 000 денари, и е за 12.1 проценти помалку во однос на март лани. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 182 (48,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 69 (18,5 проценти) од нискоградба и 122 (32,7 проценти) за објекти за реконструкција. Како инвеститори на 195 објекти (52,3 проценти) се јавуваат физички лица, а на 178 (47,7 проценти) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 501 стан, со вкупна корисна површина од 45 333 метри квадратни. Од вкупно предвидените 265 станови се во Скопскиот регион, од кои 178 во Општгина Гази Баба, 56 во Шуто Оризари, 28 во Карпош, 17 во Центар, 11 во Илинден, осум во Чучер Сандево, седум во Бутел и четири во Сопиште.  

The post Во март годинава издадени 373 одобренија за градење, што е за 10,4 отсто повеќе од лани appeared first on Република.

]]>
Иако тече постапка во Обвинителството: Се „шминка“ градбата спроти „Холидеј Ин“  https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/iako-teche-postapka-vo-obvinitelstvoto-se-shminka-gradbata-sproti-holidej-in/ Sat, 05 Mar 2022 13:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=468176

Општина Центар одобрила нов идеен проект за објектот спроти „Холидеј Ин“ иако Јавното обвинителството сè уште води предистражна постапка за овој случај. На овој простор е планирана изградба на висококатници според детален урбанистички план (ДУП) што неколкукратно ги надминува параметрите на Генералниот урбанистички план (ГУП). Архитекти бараат суспензија на планот за да се корегираат недостатоците, објави самопрашај.мк.

Општината сега е со став дека такво нешто може да и‘ нанесе финансиска штета на локалната самоуправа.

По анализа на законските одредби со кои е предвидена суспензија на урбанистички планови, утврдено е дека таквата „алатка“ ја поставува Општината во позиција на неизвесност во однос на исходот од процесот и неможност за проценка колку ќе ја чини таквиот чекор, бидејќи Законот за урбанистичко планирање општо предвидува дека Општината би ги плаќала евентуалните штети коишто ќе настанат од неспроведување на планот за време од неговата суспензија доколку не се донесе нов план во предвидениот рок, кој што е реално премногу кус. Не е пропишана методологија за проценката на штети од неспроведување на план, велат од Општина Центар.

Целиот текст на линкот

The post Иако тече постапка во Обвинителството: Се „шминка“ градбата спроти „Холидеј Ин“  appeared first on Република.

]]>

Општина Центар одобрила нов идеен проект за објектот спроти „Холидеј Ин“ иако Јавното обвинителството сè уште води предистражна постапка за овој случај. На овој простор е планирана изградба на висококатници според детален урбанистички план (ДУП) што неколкукратно ги надминува параметрите на Генералниот урбанистички план (ГУП). Архитекти бараат суспензија на планот за да се корегираат недостатоците, објави самопрашај.мк. Општината сега е со став дека такво нешто може да и‘ нанесе финансиска штета на локалната самоуправа. По анализа на законските одредби со кои е предвидена суспензија на урбанистички планови, утврдено е дека таквата „алатка“ ја поставува Општината во позиција на неизвесност во однос на исходот од процесот и неможност за проценка колку ќе ја чини таквиот чекор, бидејќи Законот за урбанистичко планирање општо предвидува дека Општината би ги плаќала евентуалните штети коишто ќе настанат од неспроведување на планот за време од неговата суспензија доколку не се донесе нов план во предвидениот рок, кој што е реално премногу кус. Не е пропишана методологија за проценката на штети од неспроведување на план, велат од Општина Центар. Целиот текст на линкот

The post Иако тече постапка во Обвинителството: Се „шминка“ градбата спроти „Холидеј Ин“  appeared first on Република.

]]>
Сопственичка градела еден кат повеќе, двајца архитекти го измениле проектот, а тројца вработени во Општината Свети Николе издале одобрение за градба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sopstvenichka-gradela-eden-kat-povekje-dvajca-arhitekti-go-izmenile-proektot-a-trojca-vraboteni-vo-opshtinata-sveti-nikole-izdale-odobrenie-za-gradba/ Thu, 27 Jan 2022 14:41:27 +0000 https://republika.mk/?p=450295

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Ј.A.(73) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување во врска со фалсификување исправа“, потоа Т.Г.(68) и И.П.(63) од Кавадарци, овластени инженери-архитекти во две правни лица, како и против З.С.(59), Б.С.(64) и Д.Ј.(52), тројцата вработени во Секторот за урбанизам, заштита на животна средина, комунални работи и оттуѓување на градежно земјиште во локалната самоуправа на oпштина Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што соошти МВР, Ј.А., во својство на физичко лице, во текот на 2019 година поднела барање за изготвување на основен и идеен проект за изградба на деловен објект на ул.„Плоштад Илинден“ во Свети Николе, спротивно на изводот од ДУП-от, каде за градежната парцела била предвидена градба П+2 ката, додека барањето било за градба П+2+поткровје.

Т.Г. ја злоупотребил својата службена положба и ги пречекорил границите на своите овластувања изготвувајќи Идеен и Основен проект за изградба на објект со површина П+2 ката и дополнително ставил уште еден кат (поткровје) со висина 2,70 метри. И.П., пак, ја злоупотребил својата службена положба и ги пречекорил границите на своите овластувања изготвувајќи позитивен Извештај за ревизија, со кој го потврдил изготвениот основен проект, фаза архитектура, како проект изготвен согласно деталниот урбанистички план.

Така изготвената фалсификувана проектна документација, заедно со Барањето за издавање на одобрение за градење, Ј.А. ја употребила во општина Свети Николе, за издавање на одобрение за градење, при што З.С., Б.С. и Д.Ј. ја злоупотребиле службената положба и ги пречекориле границите на своите овластувања, издавајќи Одобрение за градење спротивно на Законот за градење и Деталниот урбанистички план.

Со наведените дејствија второ, трето, четврто, петто и шестопријавениот, во име и за сметка на првопријавената, овозможиле истата да се стекне со уште една спратна висина-поткровје, со површина од 85 метри квадратни во износ од околу 3.600.000 денари според пазарната вредност - наведуваат од МВР.

The post Сопственичка градела еден кат повеќе, двајца архитекти го измениле проектот, а тројца вработени во Општината Свети Николе издале одобрение за градба appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Ј.A.(73) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување во врска со фалсификување исправа“, потоа Т.Г.(68) и И.П.(63) од Кавадарци, овластени инженери-архитекти во две правни лица, како и против З.С.(59), Б.С.(64) и Д.Ј.(52), тројцата вработени во Секторот за урбанизам, заштита на животна средина, комунални работи и оттуѓување на градежно земјиште во локалната самоуправа на oпштина Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Како што соошти МВР, Ј.А., во својство на физичко лице, во текот на 2019 година поднела барање за изготвување на основен и идеен проект за изградба на деловен објект на ул.„Плоштад Илинден“ во Свети Николе, спротивно на изводот од ДУП-от, каде за градежната парцела била предвидена градба П+2 ката, додека барањето било за градба П+2+поткровје. Т.Г. ја злоупотребил својата службена положба и ги пречекорил границите на своите овластувања изготвувајќи Идеен и Основен проект за изградба на објект со површина П+2 ката и дополнително ставил уште еден кат (поткровје) со висина 2,70 метри. И.П., пак, ја злоупотребил својата службена положба и ги пречекорил границите на своите овластувања изготвувајќи позитивен Извештај за ревизија, со кој го потврдил изготвениот основен проект, фаза архитектура, како проект изготвен согласно деталниот урбанистички план. Така изготвената фалсификувана проектна документација, заедно со Барањето за издавање на одобрение за градење, Ј.А. ја употребила во општина Свети Николе, за издавање на одобрение за градење, при што З.С., Б.С. и Д.Ј. ја злоупотребиле службената положба и ги пречекориле границите на своите овластувања, издавајќи Одобрение за градење спротивно на Законот за градење и Деталниот урбанистички план.