Градачац Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradachats/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Sep 2023 18:27:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Градачац Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gradachats/ 32 32 Никој не сака да го земе телото на убиецот од Градачац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nikoj-ne-saka-da-go-zeme-teloto-na-ubietsot-od-gradachats/ Sun, 17 Sep 2023 18:27:59 +0000 https://republika.mk/?p=682686

Телото на тројниот убиец од Градачац, БиХ, Нермин Сулејмановиќ се уште е во Комеморативниот центар во Тузла, а до денеска никој не поднел барање за негово преземање. Ова денеска го изјави директорот на Комеморативниот центар во Тузла, Фарук Латифагиќ за Аваз.

Телото на Сулејмановиќ, кој на 11 август ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, притоа пренесувајќи во живо на Инстаграм, се уште е во замрзнувач повеќе од еден месец.

The post Никој не сака да го земе телото на убиецот од Градачац appeared first on Република.

]]>

Телото на тројниот убиец од Градачац, БиХ, Нермин Сулејмановиќ се уште е во Комеморативниот центар во Тузла, а до денеска никој не поднел барање за негово преземање. Ова денеска го изјави директорот на Комеморативниот центар во Тузла, Фарук Латифагиќ за Аваз. Телото на Сулејмановиќ, кој на 11 август ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, притоа пренесувајќи во живо на Инстаграм, се уште е во замрзнувач повеќе од еден месец.

The post Никој не сака да го земе телото на убиецот од Градачац appeared first on Република.

]]>
Би му седнала во теренецот: Со кого се дружела суспендираната полицајка од Градачац? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bi-mu-sednala-vo-terenetsot-so-kogo-se-druzhela-suspendiranata-politsajka-od-gradachats/ Sun, 20 Aug 2023 09:36:02 +0000 https://republika.mk/?p=673841

Полицајката Џ.С од ПЦ Градачац беше суспендирана поради контакти со тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ, а сега се појавија докази дека имала контакти и со други криминогени лица.

Имено, полицијата има докази (фотографии) дека суспендираната полицајка имала контакти со други лица од криминалната средина.

Таа објави фотографии со некои од нив на Инстаграм.

Инаку полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла поведе дисциплинска постапка против полицајката од Градачац, врз основа на која е одлучено да биде суспендирана од функцијата.

По бруталното убиство на Низама Хеќимовиќ, кое го изврши нејзиниот невенчан сопруг Нермин Сулејмановиќ, Џенана се сомничи дека ја открила локацијата на која била жената.

The post Би му седнала во теренецот: Со кого се дружела суспендираната полицајка од Градачац? appeared first on Република.

]]>

Полицајката Џ.С од ПЦ Градачац беше суспендирана поради контакти со тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ, а сега се појавија докази дека имала контакти и со други криминогени лица. Имено, полицијата има докази (фотографии) дека суспендираната полицајка имала контакти со други лица од криминалната средина. Таа објави фотографии со некои од нив на Инстаграм. Инаку полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла поведе дисциплинска постапка против полицајката од Градачац, врз основа на која е одлучено да биде суспендирана од функцијата. По бруталното убиство на Низама Хеќимовиќ, кое го изврши нејзиниот невенчан сопруг Нермин Сулејмановиќ, Џенана се сомничи дека ја открила локацијата на која била жената.

The post Би му седнала во теренецот: Со кого се дружела суспендираната полицајка од Градачац? appeared first on Република.

]]>
Судијката од Градачац: „Не знаев дека Нермин е насилник, полицијата требаше да има докази“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sudijkata-od-gradachats-ne-znaev-deka-nermin-e-nasilnik-politsijata-trebashe-da-ima-dokazi/ Fri, 18 Aug 2023 08:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=673247

Грозоморното убиство во Градачац во кое Нермин Сулејмановиќ уби три лица, меѓу кои и неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, секој ден добива нов пресврт.

Судијката Лејла Нумановиќ не донела решение за изрекување мерки против Сулејмановиќ врз основа на пријавата од полициската управа Градачац.

Аваз.ба вчера објави дека судијката поднел жалба до Федералната полициска управа против МУП на кантонот Тузла и службеникот на полициската станица во Градачац. Во меѓувреме е на боледување поради, како што рече, хајката против неа.

Аваз.бa го доби исказот на судијката и причините поради кои таа не можеше да му определи мерки за забранет пристап до Низама.

Таа беше дежурен судија на 7 август кога полицаец од полициската управа Градачац и поднел барање за определување мерки за ограничување против Сулејмановиќ поради семејно насилство.

- Набрзо пристигна до мене споменатото барање, а поради итноста веднаш почнав да работам на него. Со барањето за изрекување мерки, колку што се сеќавам, беа доставени само службени белешки, во кои е наведено дека Низама Хеќимовиќ пријавила семејно насилство од нејзиниот невенчан сопруг Нермин. За да може Судот по барање на полицијата да изрече одредена заштитна мерка, во согласност со закон, кон барањето мора да се приложат докази - медицинска документација, изјава на оштетениот, доколку не ги користи придобивките од законот, изјава на пријавениот, потоа изјави на други сведоци, членови на семејството, роднини, како и сите други сведоци кои би можеле да ги потврдат наводите од полициското барање, како и секој друг доказ што би можел да го потврди - изјави таа.

Како што наведе таа, доколку има закани по телефон, тогаш и тоа мора да се приложи кон барањето на полицијата.

- Пред да го донесам решението по барање на полицијата, во 14 часот и 30 минути го повикав претставникот на ПУ Градачац во мојата канцеларија. Откако тој дошол во канцеларија, постапката за изрекување заштитни мерки била спроведена на начин што во записникот на 07.08.2023 година е евидентирано, односно дека ПУ Градачац останува на своето барање за изрекување на бараната мерка. Во недостиг на потребни докази за усвојување на мерките за заштита кои беа побарани, донесов решение со кое го одбив барањето на МВР, ТК ПУ Градачац, кое го напишав – истакна таа.

Таа посочи дека со барањето не е доставен ниту еден доказ. Таа очекувала дека полицијата ќе ги прибави потребните докази за изрекување мерки, но тоа не се случи.

- Во петокот на 11 август Специјалната полиција ја блокираше зградата на Судот во Градачац кога дознав дека Нермин Сулејмановиќ наводно ја убил својата невенчана сопруга Низама и уште две лица. Веднаш разбрав дека се работи за човекот за кого од полициската управа Градачац било побарано да му изрече заштитни мерки без приложување на законски пропишаните докази, а дека една од жртвите е неговата невенчана сопруга Низама, која пријавила семејно насилство. На крајот, би сакала да наведам дека мојата одлука ја донесов врз основа на законот, односно достапните докази, кои не беа опфатени со барањето, ниту пак полицијата по моето одбивање презеде мерки за прибавување на доказите. Името Нермин Сулејмановиќ не ми значеше ништо за да ме натера да се посомневам дека се работи за насилник - заклучил Нумановиќ.

 

The post Судијката од Градачац: „Не знаев дека Нермин е насилник, полицијата требаше да има докази“ appeared first on Република.

]]>

Грозоморното убиство во Градачац во кое Нермин Сулејмановиќ уби три лица, меѓу кои и неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, секој ден добива нов пресврт. Судијката Лејла Нумановиќ не донела решение за изрекување мерки против Сулејмановиќ врз основа на пријавата од полициската управа Градачац. Аваз.ба вчера објави дека судијката поднел жалба до Федералната полициска управа против МУП на кантонот Тузла и службеникот на полициската станица во Градачац. Во меѓувреме е на боледување поради, како што рече, хајката против неа. Аваз.бa го доби исказот на судијката и причините поради кои таа не можеше да му определи мерки за забранет пристап до Низама. Таа беше дежурен судија на 7 август кога полицаец од полициската управа Градачац и поднел барање за определување мерки за ограничување против Сулејмановиќ поради семејно насилство.
- Набрзо пристигна до мене споменатото барање, а поради итноста веднаш почнав да работам на него. Со барањето за изрекување мерки, колку што се сеќавам, беа доставени само службени белешки, во кои е наведено дека Низама Хеќимовиќ пријавила семејно насилство од нејзиниот невенчан сопруг Нермин. За да може Судот по барање на полицијата да изрече одредена заштитна мерка, во согласност со закон, кон барањето мора да се приложат докази - медицинска документација, изјава на оштетениот, доколку не ги користи придобивките од законот, изјава на пријавениот, потоа изјави на други сведоци, членови на семејството, роднини, како и сите други сведоци кои би можеле да ги потврдат наводите од полициското барање, како и секој друг доказ што би можел да го потврди - изјави таа.
Како што наведе таа, доколку има закани по телефон, тогаш и тоа мора да се приложи кон барањето на полицијата.
- Пред да го донесам решението по барање на полицијата, во 14 часот и 30 минути го повикав претставникот на ПУ Градачац во мојата канцеларија. Откако тој дошол во канцеларија, постапката за изрекување заштитни мерки била спроведена на начин што во записникот на 07.08.2023 година е евидентирано, односно дека ПУ Градачац останува на своето барање за изрекување на бараната мерка. Во недостиг на потребни докази за усвојување на мерките за заштита кои беа побарани, донесов решение со кое го одбив барањето на МВР, ТК ПУ Градачац, кое го напишав – истакна таа.
Таа посочи дека со барањето не е доставен ниту еден доказ. Таа очекувала дека полицијата ќе ги прибави потребните докази за изрекување мерки, но тоа не се случи.
- Во петокот на 11 август Специјалната полиција ја блокираше зградата на Судот во Градачац кога дознав дека Нермин Сулејмановиќ наводно ја убил својата невенчана сопруга Низама и уште две лица. Веднаш разбрав дека се работи за човекот за кого од полициската управа Градачац било побарано да му изрече заштитни мерки без приложување на законски пропишаните докази, а дека една од жртвите е неговата невенчана сопруга Низама, која пријавила семејно насилство. На крајот, би сакала да наведам дека мојата одлука ја донесов врз основа на законот, односно достапните докази, кои не беа опфатени со барањето, ниту пак полицијата по моето одбивање презеде мерки за прибавување на доказите. Името Нермин Сулејмановиќ не ми значеше ништо за да ме натера да се посомневам дека се работи за насилник - заклучил Нумановиќ.
 

The post Судијката од Градачац: „Не знаев дека Нермин е насилник, полицијата требаше да има докази“ appeared first on Република.

]]>
Полицајката која му кажала на монструмот од Градачац каде се крие Низама ќе биде суспендирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/politsajkata-koja-mu-kazhala-na-monstrumot-od-gradachats-kade-se-krie-nizama-ke-bide-suspendirana/ Wed, 16 Aug 2023 17:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=672816

Полицајката од Градачац, Селимовиќ, која е поврзана со убиецот Нермин Сулејмановиќ, утре ќе биде суспендирана, дознава босанскиот портал „Аваз“.

Дознаваме дека Управата на полицијата врз основа на собраните докази побарала таа да биде суспендирана, а решението претпладне ќе го потпише комесарот, посочува порталот.

Селимовиќ утрово се вратила од Италија во Градачац.

Но, таа денеска отворила боледување бидејќи не се чувствува добро.

Полицијата има докази (фотографии) дека Селимовиќ имала контакти со други криминални лица, не само со Сулејмановиќ.

The post Полицајката која му кажала на монструмот од Градачац каде се крие Низама ќе биде суспендирана appeared first on Република.

]]>

Полицајката од Градачац, Селимовиќ, која е поврзана со убиецот Нермин Сулејмановиќ, утре ќе биде суспендирана, дознава босанскиот портал „Аваз“. Дознаваме дека Управата на полицијата врз основа на собраните докази побарала таа да биде суспендирана, а решението претпладне ќе го потпише комесарот, посочува порталот. Селимовиќ утрово се вратила од Италија во Градачац. Но, таа денеска отворила боледување бидејќи не се чувствува добро. Полицијата има докази (фотографии) дека Селимовиќ имала контакти со други криминални лица, не само со Сулејмановиќ.

The post Полицајката која му кажала на монструмот од Градачац каде се крие Низама ќе биде суспендирана appeared first on Република.

]]>
Отворен предмет против судијката која не изрекла забрана за приоѓање на монструмот од Градачац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/otvoren-predmet-protiv-sudijkata-koja-ne-izrekla-zabrana-za-priogane-na-monstrumot-od-gradachats/ Mon, 14 Aug 2023 09:54:47 +0000 https://republika.mk/?p=671924

Канцеларијата на дисциплинскиот обвинител на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина покрена предмет против судијката Лејла Нумановиќ од Градачац, која одби да изрече забрана за приоѓање на убиената Низама Хеќимовиќ, по предлог на полициската управа Градачац, објави порталот „Аваз“.

„Во врска со вашето барање, би сакале да ве информираме дека Канцеларијата на дисциплинскиот обвинител на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина формираше случај по службена должност врз основа на написи објавени во медиумите за дејствијата на судија на Општинскиот суд во Градачац. Канцеларијата преку истрага ќе ги утврди релевантните факти за случајот, за да ги испита наводите за повреда на службената должност на судијата во одлучувањето“.

Тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ пред неколку дена брутално ја ликвидираше својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, уби уште две лица, рани тројца, а потоа се самоуби.

Само четири дена пред убиството на судија на Општинскиот суд во Градачац, Лејла Нумановиќ донесе одлука со која го отфрли предлогот на полициската управа Градачац да му се изрече мерка забрана на Нермин Сулејмановиќ за вознемирување, следење и приближување кон жртвата, пишува „Аваз“.

Судот одлучувал за тоа откако Низама го пријавила партнерот од кој побегнала, за насилство.

The post Отворен предмет против судијката која не изрекла забрана за приоѓање на монструмот од Градачац appeared first on Република.

]]>

Канцеларијата на дисциплинскиот обвинител на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина покрена предмет против судијката Лејла Нумановиќ од Градачац, која одби да изрече забрана за приоѓање на убиената Низама Хеќимовиќ, по предлог на полициската управа Градачац, објави порталот „Аваз“.
„Во врска со вашето барање, би сакале да ве информираме дека Канцеларијата на дисциплинскиот обвинител на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина формираше случај по службена должност врз основа на написи објавени во медиумите за дејствијата на судија на Општинскиот суд во Градачац. Канцеларијата преку истрага ќе ги утврди релевантните факти за случајот, за да ги испита наводите за повреда на службената должност на судијата во одлучувањето“.
Тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ пред неколку дена брутално ја ликвидираше својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, уби уште две лица, рани тројца, а потоа се самоуби. Само четири дена пред убиството на судија на Општинскиот суд во Градачац, Лејла Нумановиќ донесе одлука со која го отфрли предлогот на полициската управа Градачац да му се изрече мерка забрана на Нермин Сулејмановиќ за вознемирување, следење и приближување кон жртвата, пишува „Аваз“. Судот одлучувал за тоа откако Низама го пријавила партнерот од кој побегнала, за насилство.

The post Отворен предмет против судијката која не изрекла забрана за приоѓање на монструмот од Градачац appeared first on Република.

]]>