град Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grad/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 19:15:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png град Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grad/ 32 32 Силно невреме со град го поплави Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silno-nevreme-so-grad-go-poplavi-kavadartsi/ Tue, 20 Aug 2024 19:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=808431

Невреме со врнежи од град го зафати Кавадарци, при што големи количини на вода се излеаја по улиците и тротоарите во градот, од поројните дождови. Засега не се знае дали градобијните зрна имаат предизвикано штети на земјоделските култури, во време кога е актуелна и бербата на грозјето од годинешнава реколта.

Врнежи од град деновиве имаше и во селата од Поткожувјето, оддалечени околу четириесетина километри од градот.

Претходно, општина Демир Капија ги повика земјоделците, да пријават штети од град, последица од невремето што го зафати демиркаписко во неделата.

Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од елементарна непогода - град, дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата во просториите на Општина Демир Капија, секој работен ден од 8.30 до 13 часот, до наредниот вторник. Покрај барањето, пријавата треба да биде дополнета со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и копија од имотен лист, се вели во соопштението до земјоделците.

Првичните информации говорат дека штетите се најголеми во атарите на селата Бистренци, Корешница и Прждево. Но, како што нагласија од Општината за МИА, комисијата што ќе излезе на терен, ќе ги утврди точните оштетувања, со цел обесштетување на земјоделците од страна на државата.

The post Силно невреме со град го поплави Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Невреме со врнежи од град го зафати Кавадарци, при што големи количини на вода се излеаја по улиците и тротоарите во градот, од поројните дождови. Засега не се знае дали градобијните зрна имаат предизвикано штети на земјоделските култури, во време кога е актуелна и бербата на грозјето од годинешнава реколта. Врнежи од град деновиве имаше и во селата од Поткожувјето, оддалечени околу четириесетина километри од градот. Претходно, општина Демир Капија ги повика земјоделците, да пријават штети од град, последица од невремето што го зафати демиркаписко во неделата.
Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од елементарна непогода - град, дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата во просториите на Општина Демир Капија, секој работен ден од 8.30 до 13 часот, до наредниот вторник. Покрај барањето, пријавата треба да биде дополнета со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и копија од имотен лист, се вели во соопштението до земјоделците.
Првичните информации говорат дека штетите се најголеми во атарите на селата Бистренци, Корешница и Прждево. Но, како што нагласија од Општината за МИА, комисијата што ќе излезе на терен, ќе ги утврди точните оштетувања, со цел обесштетување на земјоделците од страна на државата.

The post Силно невреме со град го поплави Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Крупни зрна град паѓаат во Скопје – видео од невремето https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/krupni-zrna-grad-pagaat-vo-skopje-video-od-nevremeto/ Wed, 26 Jun 2024 19:48:10 +0000 https://republika.mk/?p=791101

Во моментов во Скопје има силно невреме проследено со силни грмотевици, дожд и град колку кајсија.

The post Крупни зрна град паѓаат во Скопје – видео од невремето appeared first on Република.

]]>

Во моментов во Скопје има силно невреме проследено со силни грмотевици, дожд и град колку кајсија.

The post Крупни зрна град паѓаат во Скопје – видео од невремето appeared first on Република.

]]>
Пороен дожд, грмежи и град го погодија Прилеп! https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/poroen-dozhd-grmezhi-i-grad-go-pogodija-prilep/ Mon, 24 Jun 2024 15:16:58 +0000 https://republika.mk/?p=790367

Прилеп е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.

Попладнево, подолго време се задржа поголема нестабилност во Мариово со појава на грмежи, врнежи од дожд и град, информираа од УХМР.

Во западните делови има зголемена облачност, а помали јадра на нестабилност има во околината на Кичево и Македонски Брод.

The post Пороен дожд, грмежи и град го погодија Прилеп! appeared first on Република.

]]>

Прилеп е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Попладнево, подолго време се задржа поголема нестабилност во Мариово со појава на грмежи, врнежи од дожд и град, информираа од УХМР. Во западните делови има зголемена облачност, а помали јадра на нестабилност има во околината на Кичево и Македонски Брод.  

The post Пороен дожд, грмежи и град го погодија Прилеп! appeared first on Република.

]]>
Доаѓа невреме во Македонија, се очекува силен град и локални поројни дождови https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/doaga-nevreme-vo-makedonija-se-ochekuva-silen-grad-i-lokalni-porojni-dozhdovi/ Sun, 02 Jun 2024 16:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=784142

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност од запад и од северозапад, во следните часови, како и утре во Македонија времето ќе биде многу нестабилно со честа и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија во атмосферата, токму поради топлиот бран од Африка и поради високите температури на воздухот, локално, особено во централните, источните и во југоисточните предели од државава процесите ќе бидат интензивни и во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде и крупен.

Нашата алатка НОТАС за рано предупредување од невреме, за следните часови и за утре предвидува ниво 3, тоа значи засилен ризик од појава на невреме:

И во делови од Скопскиот регион ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.

Поради опасност од појава на невреме, кое би можело да предизвика и локални поројни поплави, но и штети, апелираме на крајна внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на крупен град, автомобилите да се заштитат. Секако во случај на појава на силен ветер, истите да не се оставаат во близина на дрвја.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, во Скопје до околу 31-32 степени.

The post Доаѓа невреме во Македонија, се очекува силен град и локални поројни дождови appeared first on Република.

]]>

Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад и од северозапад, во следните часови, како и утре во Македонија времето ќе биде многу нестабилно со честа и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата, токму поради топлиот бран од Африка и поради високите температури на воздухот, локално, особено во централните, источните и во југоисточните предели од државава процесите ќе бидат интензивни и во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде и крупен. Нашата алатка НОТАС за рано предупредување од невреме, за следните часови и за утре предвидува ниво 3, тоа значи засилен ризик од појава на невреме: И во делови од Скопскиот регион ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме. Поради опасност од појава на невреме, кое би можело да предизвика и локални поројни поплави, но и штети, апелираме на крајна внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на крупен град, автомобилите да се заштитат. Секако во случај на појава на силен ветер, истите да не се оставаат во близина на дрвја. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, во Скопје до околу 31-32 степени.  

The post Доаѓа невреме во Македонија, се очекува силен град и локални поројни дождови appeared first on Република.

]]>
Археолошки истражувања: Мирните води на Охридското Езеро го кријат најстариот езерски град во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/arheoloshki-istrazhuvana-mirnite-vodi-na-ohridskoto-ezero-go-krijat-najstariot-ezerski-grad-vo-evropa/ Tue, 26 Mar 2024 14:21:24 +0000 https://republika.mk/?p=758997

Мирните води на албанскиот дел од Охридското Езеро го кријат најстариот езерски град во Европа.

Археолошките истражувања биле во рамките на регионалниот проект EXPLO, а еден од најважните резултати на проектот е што населбите на крајбрежјето на езерото во регионот се многу постари отколку што очекувале.

Првите активности во рамките на проектот биле со партнери од нашата земја, а тесно соработуваат и со грчката страна од EXPLO. Од 2018 година почнале првите контакти со археолозите од Албанија и соработката сè уште трае. Во моментот фокусот е на Лин бидејќи се надеваат дека оваа локација ќе биде алката што недостасува помеѓу грчките и македонските локации на кои претходно работеле.

За да се дефинира целосниот опсег на наодите и истите целосно да се анализираат и разберат ќе бидат потребни години. Сепак, артефактите извадени од длабочините на езерото го датираат потеклото на градот помеѓу 6.000 и 5.800 година п.н.е.

Според нашите сознанија, локацијата Лин на Охридското Езеро е најстарата во Европа. Постаро е од претходно нотираните најстари локации во медитеранскиот и алпскиот регион за неколку стотици години. Замислете заедница која напредувала илјадници години пред подемот на древните цивилизации какви што ги знаеме, забележа Алберт Хафнер, археолог и истражувачки директор на Универзитетот во Берн.

Охридското Езеро, кое е дел од светското наследство на УНЕСКО, се протега на границите на Република Македонија и Албанија и долго време е предмет на фасцинација за научниците и историчарите. Градот, со неговите села, кои се претпоставува дека се состојат од потпорни куќи, сместени над водата или во области подложни на поплави, нуди редок поглед на раните човечки населби и вистинска архитектонска генијалност.

Локацијата би можела да претставува една од најраните вакви заедници во Европа, населена од 200 до 500 луѓе. Ова ја разбуди љубопитноста на археолозите кои продолжуваат со претпазливо испитување за да се избегнат оштетувања на деликатната локација. Нивните досегашни наоди сугерираат дека земјоделството и сточарството биле главните активности на селаните, при што биле откопани разни семиња, растенија и коски од диви и домашни животни.

Исто така, не се исклучува можноста, овој антички град да бил утврден, што укажува на сложена социјална структура и потребата за заштита од потенцијални закани. Сепак, бујната вегетација на дното на Охридското Езеро го забавува напредокот на истражувањето, чувајќи многу од тајните на градот надвор од дофат на археолозите. И покрај предизвиците, ентузијазмот кај археолошката заедница е сериозен. Оваа локација не е само клуч за разбирање на праисторијата на регионот, туку има значење за цела југозападна Европа.

Откривањето на овој потонат град во Охридското Езеро е повеќе од само археолошка пресвртница, тоа е прозорец во животите на нашите далечни предци. Целта на проектот EXPLO е како целина подобро да ги разбере интеракциите меѓу човекот и животната средина на раните аграрни општества. Како луѓето ја користеле земјата, зошто се населиле овде и како се справувале со кризи.

извор: wecb.fm фото: wecb.fm

The post Археолошки истражувања: Мирните води на Охридското Езеро го кријат најстариот езерски град во Европа appeared first on Република.

]]>

Мирните води на албанскиот дел од Охридското Езеро го кријат најстариот езерски град во Европа. Археолошките истражувања биле во рамките на регионалниот проект EXPLO, а еден од најважните резултати на проектот е што населбите на крајбрежјето на езерото во регионот се многу постари отколку што очекувале. Првите активности во рамките на проектот биле со партнери од нашата земја, а тесно соработуваат и со грчката страна од EXPLO. Од 2018 година почнале првите контакти со археолозите од Албанија и соработката сè уште трае. Во моментот фокусот е на Лин бидејќи се надеваат дека оваа локација ќе биде алката што недостасува помеѓу грчките и македонските локации на кои претходно работеле. За да се дефинира целосниот опсег на наодите и истите целосно да се анализираат и разберат ќе бидат потребни години. Сепак, артефактите извадени од длабочините на езерото го датираат потеклото на градот помеѓу 6.000 и 5.800 година п.н.е.
Според нашите сознанија, локацијата Лин на Охридското Езеро е најстарата во Европа. Постаро е од претходно нотираните најстари локации во медитеранскиот и алпскиот регион за неколку стотици години. Замислете заедница која напредувала илјадници години пред подемот на древните цивилизации какви што ги знаеме, забележа Алберт Хафнер, археолог и истражувачки директор на Универзитетот во Берн.
Охридското Езеро, кое е дел од светското наследство на УНЕСКО, се протега на границите на Република Македонија и Албанија и долго време е предмет на фасцинација за научниците и историчарите. Градот, со неговите села, кои се претпоставува дека се состојат од потпорни куќи, сместени над водата или во области подложни на поплави, нуди редок поглед на раните човечки населби и вистинска архитектонска генијалност. Локацијата би можела да претставува една од најраните вакви заедници во Европа, населена од 200 до 500 луѓе. Ова ја разбуди љубопитноста на археолозите кои продолжуваат со претпазливо испитување за да се избегнат оштетувања на деликатната локација. Нивните досегашни наоди сугерираат дека земјоделството и сточарството биле главните активности на селаните, при што биле откопани разни семиња, растенија и коски од диви и домашни животни. Исто така, не се исклучува можноста, овој антички град да бил утврден, што укажува на сложена социјална структура и потребата за заштита од потенцијални закани. Сепак, бујната вегетација на дното на Охридското Езеро го забавува напредокот на истражувањето, чувајќи многу од тајните на градот надвор од дофат на археолозите. И покрај предизвиците, ентузијазмот кај археолошката заедница е сериозен. Оваа локација не е само клуч за разбирање на праисторијата на регионот, туку има значење за цела југозападна Европа. Откривањето на овој потонат град во Охридското Езеро е повеќе од само археолошка пресвртница, тоа е прозорец во животите на нашите далечни предци. Целта на проектот EXPLO е како целина подобро да ги разбере интеракциите меѓу човекот и животната средина на раните аграрни општества. Како луѓето ја користеле земјата, зошто се населиле овде и како се справувале со кризи. извор: wecb.fm фото: wecb.fm

The post Археолошки истражувања: Мирните води на Охридското Езеро го кријат најстариот езерски град во Европа appeared first on Република.

]]>
Град со големина на орев го погоди Гевгелиско https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/grad-so-golemina-na-orev-go-pogodi-gevgelisko/ Tue, 12 Mar 2024 12:41:10 +0000 https://republika.mk/?p=754030

Невреме со град со големина на орев го погоди регионот на Гевгелија, а најмногу град падна во селото Негорци.

Според информации од жители на Негорци, градот на два пати го погодил регионот.

Град со големина на орев паѓаше нешто по 12:30 часот, а по 13:00 часот повторно падна и се е побеле. Според информациите со кои располагаме градот ги погоди селото Негорци, градот Гевгелија и други околни населени места, велат жители на Негорци.

Инаку, на 7. овој месец регионот на Гевгелија беше зафатен исто така со невреме проследено со град и силен дожд, а следниот ден Општина Гевгелија ги извести граѓаните дека оние што претпреле штети од невремето можат да поднесат барање до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општината.

Во невремето од 7. март од удар на гром загина и малолетник во атарот на селото Негорци, кога ја напасувал стоката.

The post Град со големина на орев го погоди Гевгелиско appeared first on Република.

]]>

Невреме со град со големина на орев го погоди регионот на Гевгелија, а најмногу град падна во селото Негорци. Според информации од жители на Негорци, градот на два пати го погодил регионот. Град со големина на орев паѓаше нешто по 12:30 часот, а по 13:00 часот повторно падна и се е побеле. Според информациите со кои располагаме градот ги погоди селото Негорци, градот Гевгелија и други околни населени места, велат жители на Негорци. Инаку, на 7. овој месец регионот на Гевгелија беше зафатен исто така со невреме проследено со град и силен дожд, а следниот ден Општина Гевгелија ги извести граѓаните дека оние што претпреле штети од невремето можат да поднесат барање до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општината. Во невремето од 7. март од удар на гром загина и малолетник во атарот на селото Негорци, кога ја напасувал стоката.

The post Град со големина на орев го погоди Гевгелиско appeared first on Република.

]]>
ВИДЕО: Силно невреме во Сплит, улиците затрупани од град се чистат со багери https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/video-silno-nevreme-vo-split-ulitsite-zatrupani-od-grad-se-chistat-so-bageri/ Sat, 02 Mar 2024 15:21:21 +0000 https://republika.mk/?p=750411

Жителите на Свети Филип и Јаков биле сведоци на необично силен град, кој за кратко време го затрупа патот, објави Канал 5.

Откако Сплит претходно го зафати силно невреме со грмотевици, пристигнаа нови фотографии и видеа од Далмација, кои се прилично неверојатни, пренесува Вечерњи лист.

Локалното ДВД објави дека рано утринава четворица членови на нивната компанија и две противпожарни возила учествувале во интервенциите на испумпување вода од семејни куќи и ресторани и отворање на врата од стан поради поплава.

„Сплитската рива ја затрупа град, а благодарение на работниците и машините на општинската комунална постројка сѐ исчисти. Браво за тимот!“, напишаа на Фејсбук од Доброволното противпожарно друштво Св. Филип и Јаков.

Телевизијата Диадора, која носи вести од Задар и Шибеничко-книнските жупанија, објави видео на својот Фејсбук профил на кое може да се види како градот бил толку многу напаѓан што фреквентните улици морале да се чистат со ништо помалку од - багери.

„Неверојатно! На само неколку километри, мирно, малку дожд“, „Што е ова? Можно ли е ова?“, „Боже чувај, ужас“, со неверување пишуваат граѓаните во коментарите на социјалната мрежа.

The post ВИДЕО: Силно невреме во Сплит, улиците затрупани од град се чистат со багери appeared first on Република.

]]>

Жителите на Свети Филип и Јаков биле сведоци на необично силен град, кој за кратко време го затрупа патот, објави Канал 5. Откако Сплит претходно го зафати силно невреме со грмотевици, пристигнаа нови фотографии и видеа од Далмација, кои се прилично неверојатни, пренесува Вечерњи лист. Локалното ДВД објави дека рано утринава четворица членови на нивната компанија и две противпожарни возила учествувале во интервенциите на испумпување вода од семејни куќи и ресторани и отворање на врата од стан поради поплава.
„Сплитската рива ја затрупа град, а благодарение на работниците и машините на општинската комунална постројка сѐ исчисти. Браво за тимот!“, напишаа на Фејсбук од Доброволното противпожарно друштво Св. Филип и Јаков.
Телевизијата Диадора, која носи вести од Задар и Шибеничко-книнските жупанија, објави видео на својот Фејсбук профил на кое може да се види како градот бил толку многу напаѓан што фреквентните улици морале да се чистат со ништо помалку од - багери.
„Неверојатно! На само неколку километри, мирно, малку дожд“, „Што е ова? Можно ли е ова?“, „Боже чувај, ужас“, со неверување пишуваат граѓаните во коментарите на социјалната мрежа.
   
The post ВИДЕО: Силно невреме во Сплит, улиците затрупани од град се чистат со багери appeared first on Република.

]]>
Се евакуира цел град во Канада поради голем шумски пожар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-evakuira-tsel-grad-vo-kanada-poradi-golem-shumski-pozhar/ Thu, 17 Aug 2023 07:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=672883

Жителите на еден од најголемите градови на далечниот север во Канада добија наредба да се евакуираат поради големи шумски пожари што се закана за градот.

Кризата во градот Јелоунајф е најновото поглавје од големите шумски пожари во Канада, бидејќи пламените јазици брзо се проширија низ целата земја, принудувајќи десетици илјади луѓе да се евакуираат и унипштија големи површини земја, јавија канадски медиуми.

Повеќе од 1.000 шумски пожари моментално се активни низ државата, вклучително и околу 230 во северозападните територии, по многу жешко и деструктивно лето во поголемиот дел од северната хемисфера.

За жал, ситуацијата со шумските пожари тргна на полошо, бидејќи пожарот што гори западно од Јелоунајф сега претставува вистинска закана за градот“, изјави на прес-конференција Шејн Томпсон, министер за животна средина на северозападните територии .

Тој им нареди на речиси 20.000 жители на градот да го напуштат градот до петок напладне. Има само еден автопат отворен кон југ. Се организираа и комерцијални и воени летови.

Премиерот Џастин Трудо објави на „X“, платформата порано позната како Твитер, дека Отава „ќе помогне колку може“.

The post Се евакуира цел град во Канада поради голем шумски пожар appeared first on Република.

]]>

Жителите на еден од најголемите градови на далечниот север во Канада добија наредба да се евакуираат поради големи шумски пожари што се закана за градот. Кризата во градот Јелоунајф е најновото поглавје од големите шумски пожари во Канада, бидејќи пламените јазици брзо се проширија низ целата земја, принудувајќи десетици илјади луѓе да се евакуираат и унипштија големи површини земја, јавија канадски медиуми. Повеќе од 1.000 шумски пожари моментално се активни низ државата, вклучително и околу 230 во северозападните територии, по многу жешко и деструктивно лето во поголемиот дел од северната хемисфера.
За жал, ситуацијата со шумските пожари тргна на полошо, бидејќи пожарот што гори западно од Јелоунајф сега претставува вистинска закана за градот“, изјави на прес-конференција Шејн Томпсон, министер за животна средина на северозападните територии .
Тој им нареди на речиси 20.000 жители на градот да го напуштат градот до петок напладне. Има само еден автопат отворен кон југ. Се организираа и комерцијални и воени летови. Премиерот Џастин Трудо објави на „X“, платформата порано позната како Твитер, дека Отава „ќе помогне колку може“.

The post Се евакуира цел град во Канада поради голем шумски пожар appeared first on Република.

]]>
Невремето предизвика хаос во Белград: Срушени огради, град со големина на орев, автомобили заглавени во поплава… https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nevremeto-predizvika-haos-vo-belgrad-srusheni-ogradi-grad-so-golemina-na-orev-avtomobili-zaglaveni-vo-poplava/ Sat, 05 Aug 2023 13:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=668966

Невремето пристигна во Белград околу 13 часот и 40 минути, во моментов снимки од обилни врнежи доаѓаат од Обреновац, каде сред бел ден се смрачо. РХМЗ најави силен ветер и град за белградско, а Александар Шапиќ, градоначалник на Белград, ги предупредува граѓаните да не излегуваат надвор.

Foto: B92

Foto: B92

View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Извор: Б92.рс

The post Невремето предизвика хаос во Белград: Срушени огради, град со големина на орев, автомобили заглавени во поплава… appeared first on Република.

]]>

Невремето пристигна во Белград околу 13 часот и 40 минути, во моментов снимки од обилни врнежи доаѓаат од Обреновац, каде сред бел ден се смрачо. РХМЗ најави силен ветер и град за белградско, а Александар Шапиќ, градоначалник на Белград, ги предупредува граѓаните да не излегуваат надвор. Foto: B92 Foto: B92
 
View this post on Instagram
 
A post shared by 192.RS (@192_rs)

Извор: Б92.рс

The post Невремето предизвика хаос во Белград: Срушени огради, град со големина на орев, автомобили заглавени во поплава… appeared first on Република.

]]>
Апокалиптични сцени од Германија: Со механизација се чистеше град во висина од 30 сантиметри https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/apokaliptichni-stseni-od-germanija-so-mehanizatsija-se-chisteshe-grad-vo-visina-od-30-santimetri/ Sat, 05 Aug 2023 11:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=668931

На социјалните мрежи се појавија фотографии кои на прв поглед изгледаат како улиците да ги покрила густа снежна покривка.
Ова е последица од силно невреме со град и силен дожд што го погоди во петокот градот Ројтлинген во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, пренесува магазинот Феникс

На улиците за кратко време се наталожи бел слој град кој досега до околу 30 см.

Токму овој слој град, како и паднатите лисјата ги блокираа одводните цевки, а водата ги поплави подземните гаражи, подрумите и станбените згради. Нивото на реката Ехаза за пет минути порасна за 1,50 m, но за среќа не се излеа од коритата.

На улиците излегоа зимски машини за да го расчистат дебелиот слој град.

The post Апокалиптични сцени од Германија: Со механизација се чистеше град во висина од 30 сантиметри appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појавија фотографии кои на прв поглед изгледаат како улиците да ги покрила густа снежна покривка. Ова е последица од силно невреме со град и силен дожд што го погоди во петокот градот Ројтлинген во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, пренесува магазинот Феникс На улиците за кратко време се наталожи бел слој град кој досега до околу 30 см. Токму овој слој град, како и паднатите лисјата ги блокираа одводните цевки, а водата ги поплави подземните гаражи, подрумите и станбените згради. Нивото на реката Ехаза за пет минути порасна за 1,50 m, но за среќа не се излеа од коритата. На улиците излегоа зимски машини за да го расчистат дебелиот слој град.

The post Апокалиптични сцени од Германија: Со механизација се чистеше град во висина од 30 сантиметри appeared first on Република.

]]>
Познат словенечки метеоролог: Следува нова суперклеточна бура проследена со град и торнада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poznat-slovenechki-meteorolog-sleduva-nova-superkletochna-bura-prosledena-so-grad-i-tornada/ Sun, 23 Jul 2023 19:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=664537

Познатиот словенечкиот метеоролог Марко Корошец издаде метео предупредување за следните три дена.

„Последните две недели покажаа извонредна временска шема во Централна Европа. Бројни тешки временски настани со торнада, град, поројни поплави и разорни ветрови го опустошија алпскиот регион, северна Италија, Словенија, Хрватска и централниот дел на Балканот. Од понеделник до среда се предвидува позначително влошување, вклучително и град, додека во прегреаната земја навлегува уште еден силен и длабок фронтален бран“, пишува Корошец за heavy-weather.eu.

„Метеоролошките модели веќе навестуваат дека уште еден фронтален систем доаѓа во централна Европа во понеделник. Од понеделник до среда во Централна Европа со алпски предели, Италија, северниот и централниот дел на Балканскиот Полуостров се очекува неколкудневно тешко време. Се очекуваат силни грмотевици, вклучително и суперќелии со град, торнада, поројни поплави и штетен ветер“, прогнозира силна временска прогноза.

Во недела и понеделник се очекува брз пораст на температурата, но овој топлотен бран ќе биде краток, а температурите ќе достигнат до 35 степени и повеќе.

„За јужна Италија и за јужен Балкан понеделник ќе донесе екстремно високи температури. Во Србија, Албанија, Македонија, Романија, Бугарија и Грција се предвидува дека максималните дневни температури ќе се движат од 40 до 46 степени“, напиша метеорологот.

Силниот ветер дополнително ќе ги загрози шумските пожари во Грција и другите делови на јужниот дел на Балканот, вели Корошец.

Така, слично на еволуцијата во понеделник, долготрајни суперклеточни бури со град, штетни ветрови и торнада ќе бидат можни низ Балканскиот Полуостров и долж источниот јадрански регион“, заклучува Корошец, пренесува Дневник.

The post Познат словенечки метеоролог: Следува нова суперклеточна бура проследена со град и торнада appeared first on Република.

]]>

Познатиот словенечкиот метеоролог Марко Корошец издаде метео предупредување за следните три дена.
„Последните две недели покажаа извонредна временска шема во Централна Европа. Бројни тешки временски настани со торнада, град, поројни поплави и разорни ветрови го опустошија алпскиот регион, северна Италија, Словенија, Хрватска и централниот дел на Балканот. Од понеделник до среда се предвидува позначително влошување, вклучително и град, додека во прегреаната земја навлегува уште еден силен и длабок фронтален бран“, пишува Корошец за heavy-weather.eu. „Метеоролошките модели веќе навестуваат дека уште еден фронтален систем доаѓа во централна Европа во понеделник. Од понеделник до среда во Централна Европа со алпски предели, Италија, северниот и централниот дел на Балканскиот Полуостров се очекува неколкудневно тешко време. Се очекуваат силни грмотевици, вклучително и суперќелии со град, торнада, поројни поплави и штетен ветер“, прогнозира силна временска прогноза. Во недела и понеделник се очекува брз пораст на температурата, но овој топлотен бран ќе биде краток, а температурите ќе достигнат до 35 степени и повеќе.
„За јужна Италија и за јужен Балкан понеделник ќе донесе екстремно високи температури. Во Србија, Албанија, Македонија, Романија, Бугарија и Грција се предвидува дека максималните дневни температури ќе се движат од 40 до 46 степени“, напиша метеорологот. Силниот ветер дополнително ќе ги загрози шумските пожари во Грција и другите делови на јужниот дел на Балканот, вели Корошец.
Така, слично на еволуцијата во понеделник, долготрајни суперклеточни бури со град, штетни ветрови и торнада ќе бидат можни низ Балканскиот Полуостров и долж источниот јадрански регион“, заклучува Корошец, пренесува Дневник.

The post Познат словенечки метеоролог: Следува нова суперклеточна бура проследена со град и торнада appeared first on Република.

]]>
На места ветер со 70 километри на час и појава на град: Денеска попладне услови за локално невреме https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/na-mesta-veter-so-70-kilometri-na-chas-i-pojava-na-grad-deneska-popladne-uslovi-za-lokalno-nevreme/ Sun, 23 Jul 2023 10:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=664401

Управата за хидрометеоролошки работи со предупредување до граѓаните.

Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

И во делови од Скопската Котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град.

The post На места ветер со 70 километри на час и појава на град: Денеска попладне услови за локално невреме appeared first on Република.

]]>

Управата за хидрометеоролошки работи со предупредување до граѓаните. Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. И во делови од Скопската Котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град.

The post На места ветер со 70 километри на час и појава на град: Денеска попладне услови за локално невреме appeared first on Република.

]]>
УХМР за утре најавува невреме со пороен дожд, грмотевици, ветер и град https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/uhmr-za-utre-najavuva-nevreme-so-poroen-dozhd-grmotevitsi-veter-i-grad/ Tue, 04 Jul 2023 11:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=657998

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град, најавуваат од УХМР.

И во Скопската Котлина утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Во четврток ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во петок и во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура.

Во случај на појава на електрични празнења од УХМР, препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

The post УХМР за утре најавува невреме со пороен дожд, грмотевици, ветер и град appeared first on Република.

]]>

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град, најавуваат од УХМР. И во Скопската Котлина утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Во четврток ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во петок и во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура. Во случај на појава на електрични празнења од УХМР, препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

The post УХМР за утре најавува невреме со пороен дожд, грмотевици, ветер и град appeared first on Република.

]]>
Големо невреме во Охрид со пороен дожд, град, грмотивици, силен ветер https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/golemo-nevreme-vo-ohrid-so-poroen-dozhd-grad-grmotivitsi-silen-veter/ Sat, 24 Jun 2023 10:36:00 +0000 https://republika.mk/?p=654663

Силно невреме ги зафати Охрид, Струга и Дебрца. Пороен дожд и грмотевици, проследени со ветер повеќе од еден час има во охридско-струшкиот регион. Засега нема информации за предизвикани штети.

Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.

Невреме се очекува и во Скопје.

The post Големо невреме во Охрид со пороен дожд, град, грмотивици, силен ветер appeared first on Република.

]]>

Силно невреме ги зафати Охрид, Струга и Дебрца. Пороен дожд и грмотевици, проследени со ветер повеќе од еден час има во охридско-струшкиот регион. Засега нема информации за предизвикани штети. Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град. Невреме се очекува и во Скопје.

The post Големо невреме во Охрид со пороен дожд, град, грмотивици, силен ветер appeared first on Република.

]]>
УХМР: Нема реагенси за да може да се продолжи со авионско засејување на облаците https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/uhmr-nema-reagensi-za-da-mozhe-da-se-prodolzhi-so-avionsko-zasejuvane-na-oblatsite/ Fri, 12 May 2023 08:44:18 +0000 https://republika.mk/?p=640031

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека мерката за авионско засејување на облаците која се спроведуваше од 2020 година, нема да продолжи зашто потребните реагенси се дефицитарни.

Причина за отежнатото снабдување на реагенсите, наведува УХМР, е војната во Украина.

Веднаш штом се стабилизира пазарот со реагенси, УХМР најавува дека ќе распише јавна набавка за активирање на мерката.

Од таму ги известувааат земјоделците и пошироката јавност во Македонија дека по три години успешно користење на мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година и покрај напорите на Управата, сепак мерката нема да продолжи.

Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2020 та година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на една од компонентите која е составен дел на реагенсот, која се користи исто така и во ракетните горива. Поради тоа, ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни, објаснува Управата.

УХМР уредно спровела постапка за јавна набавка, но за разлика од минатите години, овој пат на повикот не се пријавил ниту еден економски оператор.

Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и веднаш штом пазарот со реагенси се стабилизира, повторно ќе распишеме нова јавна набавка за активирање на мерката за заштита од град по пат на авионско засејување. Во меѓувреме, преку нашата веб страница и медиумите, редовно ќе известуваме за временските услови и навреме ќе алармираме за можни временски непогоди со цел земјоделците навремено да преземат мерки за заштита, истакнува УХМР.

The post УХМР: Нема реагенси за да може да се продолжи со авионско засејување на облаците appeared first on Република.

]]>

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека мерката за авионско засејување на облаците која се спроведуваше од 2020 година, нема да продолжи зашто потребните реагенси се дефицитарни. Причина за отежнатото снабдување на реагенсите, наведува УХМР, е војната во Украина. Веднаш штом се стабилизира пазарот со реагенси, УХМР најавува дека ќе распише јавна набавка за активирање на мерката. Од таму ги известувааат земјоделците и пошироката јавност во Македонија дека по три години успешно користење на мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година и покрај напорите на Управата, сепак мерката нема да продолжи.
Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2020 та година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на една од компонентите која е составен дел на реагенсот, која се користи исто така и во ракетните горива. Поради тоа, ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни, објаснува Управата.
УХМР уредно спровела постапка за јавна набавка, но за разлика од минатите години, овој пат на повикот не се пријавил ниту еден економски оператор.
Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и веднаш штом пазарот со реагенси се стабилизира, повторно ќе распишеме нова јавна набавка за активирање на мерката за заштита од град по пат на авионско засејување. Во меѓувреме, преку нашата веб страница и медиумите, редовно ќе известуваме за временските услови и навреме ќе алармираме за можни временски непогоди со цел земјоделците навремено да преземат мерки за заштита, истакнува УХМР.

The post УХМР: Нема реагенси за да може да се продолжи со авионско засејување на облаците appeared first on Република.

]]>
Во Бутел паѓаше град со големина на џамлии, граѓаните вџашени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vo-butel-pagjashe-grad-so-golemina-na-dzamlii-gragjanite-vdzasheni/ Sat, 17 Dec 2022 20:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=587028

Во големото невреме во Скопје, што претпладнево донесе интензивни врнежи од дожд и силни грмотевици, делови од метрополата беа погодени од големи парчиња град.

Светкаше, беше неверојатно да се види такво невреме во овој период од годината. Одеднаш почна да паѓа град со големина на џамлија, вели за „Фактор“, жителката на Бутел, Весна Димковска.

[caption id="attachment_587031" align="aligncenter" width="480"] Фото: „Фактор“[/caption]

The post Во Бутел паѓаше град со големина на џамлии, граѓаните вџашени appeared first on Република.

Путин ќе гради нов град во областа Херсон: По налог на претседателот веќе се прават градежни зафати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-kje-gradi-nov-grad-vo-oblasta-herson-po-nalog-na-pretsedatelot-vekje-se-pravat-gradezni-zafati/ Thu, 15 Dec 2022 18:03:28 +0000 https://republika.mk/?p=586104

Русија ќе гради нов град на во Геническиот регион на областа Херсон на Арабатскиот Полуостров, за телевизијата „Русија 24“ соопшти вршителот на должноста гувернер на регионот Владимир Саљдо.

Претседателот (на Русија, Владимир Путин) гледа кон иднината, кон мирна иднина. Тој предложи да се изгради мал град во регионот Гениче, на полуостровот Арабат. Има одлични природни услови, има железнички и патен сообраќај. Местото е многу привлечно“, изјави Саљдо.

По налог на претседателот веќе се изведуваат градежни зафати.

На локацијата ќе бидат изградени нови станбени блокови со сета потребна социјална инфраструктура, како училишта и градинки. Исто така ќе бидат создадени услови за работа и на надлежните органи.

The post Путин ќе гради нов град во областа Херсон: По налог на претседателот веќе се прават градежни зафати appeared first on Република.

]]>

Русија ќе гради нов град на во Геническиот регион на областа Херсон на Арабатскиот Полуостров, за телевизијата „Русија 24“ соопшти вршителот на должноста гувернер на регионот Владимир Саљдо.
Претседателот (на Русија, Владимир Путин) гледа кон иднината, кон мирна иднина. Тој предложи да се изгради мал град во регионот Гениче, на полуостровот Арабат. Има одлични природни услови, има железнички и патен сообраќај. Местото е многу привлечно“, изјави Саљдо.
По налог на претседателот веќе се изведуваат градежни зафати. На локацијата ќе бидат изградени нови станбени блокови со сета потребна социјална инфраструктура, како училишта и градинки. Исто така ќе бидат создадени услови за работа и на надлежните органи.

The post Путин ќе гради нов град во областа Херсон: По налог на претседателот веќе се прават градежни зафати appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Син ми ако беше од друг град, немаше да го пуштам да живее во студенски дом во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-sin-mi-ako-beshe-od-drug-grad-nemashe-da-go-pushtam-da-zivee-vo-studenski-dom-vo-makedonija/ Thu, 17 Nov 2022 22:09:36 +0000 https://republika.mk/?p=575151

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата на ТВ24 ги коментираше случувањата поврзани со студентите.

Тој вечерва изјави дека неговиот син е втора година на факултет во Скопје, но доколку бил од друг град секако дека не би го пуштил да живее во условите во студентите домови низ Македонија.

Јас живеам на стотина метри од студентскиот дом „Стив Наумов“. Ги знам условите. Но, тоа е така од порано и ништо за жал системски не е променето“, беше дециден претседателот.

The post Пендаровски: Син ми ако беше од друг град, немаше да го пуштам да живее во студенски дом во Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата на ТВ24 ги коментираше случувањата поврзани со студентите. Тој вечерва изјави дека неговиот син е втора година на факултет во Скопје, но доколку бил од друг град секако дека не би го пуштил да живее во условите во студентите домови низ Македонија.
Јас живеам на стотина метри од студентскиот дом „Стив Наумов“. Ги знам условите. Но, тоа е така од порано и ништо за жал системски не е променето“, беше дециден претседателот.

The post Пендаровски: Син ми ако беше од друг град, немаше да го пуштам да живее во студенски дом во Македонија appeared first on Република.

]]>
Вера и Илија се вратија од град в село и пронајдоа мир во душата https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/vera-i-ilija-se-vratija-od-grad-v-selo-i-pronajdoa-mir-vo-dushata/ Sun, 30 Oct 2022 15:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=565054

Вера и Илија Велјанови решија да го напуштат живеењето во Неготино и се населија во кавадаречкото село Сопот. Поговорката „Фали село, живеј во град“ не важи за овие позитивни луѓе. На седум километри од Кавадарци и девет од Неготино, тие ја живеат својата селска бајка.

Да го одживеам остатокот од животот 

Се вратив од град во село да го одживеам остатокот од животот! Со овие зборови ме пречека деновиве Илија, кога ги посетив во нивниот своевиден рај.

Како дете во далечната 1960 година, моето семејство го напушти Сопот и се настани во Скопје, градот кој беше гладен за работници, а селата се празнеа. Се индустријализираше земјата. Се отвараа големи капацитети кои побаруваа многу работници. Јас бев ученик во основно училиште и почнав да се привикнувам на градскиот живот, кој морам да признаам тешко ми паѓаше. Меѓутоа со тек на времето децата побрзо се вклопуваме во новите средини. Преку игри со врсниците од маалото и заедничките посети во паркот, зоолошката градина, во кино, потоа и во театар и на концерти, животот ми беше исполнет, разновиден и го засакав Скопје, евоцираше спомени за МИА.

Дипломирал архитектонско градежен факултет и се вработил во Неготино. Се пензионирал пред десет години. По пензионирањето одлучил да се врати во родното село.

Со доза на задоволство, дека сум го дал мојот придонес кон заедницата и време е да го одживеам остатокот од животот во средина, каде што ќе најдам други активности кои беа одамна заборавени. Едноставно барав мир за душата! А во почетокот имав потешкотии да ја убедам сопругата дека во Сопот ќе ни биде поубаво, а Кавадарци и Неготино ни се на дофат и можеме во секој момент да одиме. Во село имаме поголем двор и услови за градина, живина, па и некоја коза. Се навикнавме на ваквиот живот многу полесно, отколку на промената од село во град. Стануваме рано и најпрво се прошетува во дворот, се дава храна на двете кучиња, па кокошките ќе се нахранат, козите исто така, па јајцата да се земат, козите да се измолзат, па градината да се ископа… И пресните производи да се стават на маса. Задоволството, верувале или не, е целосно. Домашен производ, еколошки чист, производство со сопствени раце, од своја градина, од своја стаја, од свој подрум. Во подрумот секогаш се наоѓа вино произведено од сопствени лозови насади од повеќе сорти на грозје. Секогаш во умерена физичка активност, со здрава еколошки произведена храна и користење пијалок на боговите, што друго да посака човек, кога го дал својот удел кон татковината и општеството, освен да го одживее остатокот од животот, онака како што нему најмногу му одговара и погодува, откри тој.

Избравме селски живот и не зажаливме

Мојот живот го живеев и го живеам измешан помеѓу раздвиженоста и хаосот во градска средина  и смиреноста и особеностите на шареноликоста на задоволства кои ги дава селото. Ова пак беа зборовите на неговата сопруга Вера. Родена во битолско, израсната во Битола и Скопје, правник по професија.

Паралелно со работата, а живеејќи во лозарски крај, го посадивме, првото лозје од три декари, наредната година уште два декара, на нивите од татко му. Лозјето ни беше за рекреација и за зголемување на домашниот буџет. По некоја година изградивме и сопствена куќа во Неготино. Условите за градба тогаш беа поволни, бидејќи банките одобруваа кредити под поволни услови. Тоа значеше дека ќе се врзиме за овој крај. И така стана. Кога човек ствара имот, потешки се преселбите. По 35 години работен стаж се пензионирав и Илија предложи да се настаниме во Сопот, а куќата да му ја преостапиме на синот. Тоа беше неприфатливо за мене. Навикната на живот во Битола и кратко во Скопје, се прилагодив во Неготино, да се селам во село Сопот?! Се противев, ама прифатив. Кога и децата ни се придружија, тогаш и животот на село, малку по малку, ми стана прифатлив, искрено проговори домаќинката.

Таа кажа дека е голем љубител на животни и нагласи дека тие што ги имаат во селото, им го прават животот интересен и исполнет.

Кога мајка ми Милица ми ја даде првата коза, иако ми беше мила, ме плашеше помислата, дали ќе можам да се справам околу исхраната, чистењето, молзењето и преработката на млекото во сирење, кисело млеко и урда. По телефон се јавував кај мајка ми и таа ме подучуваше и така малку по малку сега се специјализиравме и во оваа дејност. На сопругот и моето здравје се подобри со секојдневните активности околу грижата за имотот во дворот. Домашните производи ги користиме исклучиво за сопствена консумација. Денот ни е исполнет, а задоволството од постигнат резултат ни го јача духот. Ние го избравме овој селски живот и не зажаливме, децидна е Вера.

Сопружниците се осврнаа и на одлуката на синот Трајче и снаата Суза, исто така интелектуалци, кои, како и нив, му дале предност на селскиот, пред градскиот живот.

Нашиот наследник е дипломиран електро инженер, електро-енергетска насока. Побара работа во неколку компании што вработуваат од оваа струка. Беше спремен да прифати да работи и како работник во овие претпријатија. Сметаме дека не се создаде прилика да го искаже знаењето стекнато со студиите. Се обиде да работи преку сопствена фирма на работи според квалификацијата. Откако ги доби овластувањата за изведба на електротехнички инсталации, за проектирање и надзор над електро технички работи и го набави потребниот алат за работа, отпочна со работа. Меѓутоа, поради нелојалната конкуренција од вработени во јавни претпријатија и установи, патот кон успех беше попречуван и оневозможен и од тие причини, се посвети на работи во земјоделството. Производство на грозје, а потоа и производство на вино, регистрирана семејна винарија, беше неговиот избор за скромен живот на село, сподели Илија.

Снаата има завршено Педагошки факултет за предучилишно образование и воспитание.

Редовно се пријавуваше во Агенцијата за вработување. Од минатата година се регистрираше како земјоделец и егзистенција за неа и семејството ќе си обезбедува од земјоделска дејност. Сепак, свесни дека образованието е неопходно, издвојуваат од скромната заработка за да им обезбедат на нивните две деца, а наши внуци, пристојно образование, давајќи им можности за посетување на курсеви по странски јазици и музичко образование. За еден ден, со сопствен труд да заработуваат во татковината или во белиот свет. Најсладок е лебот заработен со сопствениот труд! И имотот, што самиот си го стекнал, најмногу е вреден и чуван! Бог е голем!!, додаде Вера.

Не изостанаа и пофалбите за внуците Илија и Филип. Тие имаат 13 и 9 години, но веќе се вклучени во работните обврски на семејството. Стекнуваат работни навики и учат за животот.

Бабата и дедото се категорични дека сите се среќни и задоволни од животот во село

Сопот е урбана населба со релативно добри услови за живот. Асфалирани се целосно улиците во селото, водоснабдувањето е решено преку регионалниот водовод „Лукар”. Користиме здрава планинска вода од изворите на планината Кожуф. Има канализациона мрежа и ми се чини секоја куќа е со бања и внатрешни тоалети. Електрификацијата е од далечните 50 години од минатиот век. Имаме достапност до интернет и кабелски телевизии. Организирано изнесување на комуналниот смет. И навиките на урбано живеење постепено се стекнуваат! Сопот има убава поврзаност со општинските центри Кавадарци и Неготино, рекоа  Велјанови, задржувајќи се сепак и на проблемите што ги носи животот на село. Но, како што истакнаа, тие се сепак помалку и помали, во однос на придобивките што ги носи селскиот живот.

Приказната за испијанетата коза

Вистинска селска идила владее на семејниот имот на Велјанови. Со оглед на тоа што станува збор за есен и гроздоберски крај, денови по гроздобер, во дворот главно опрема и алати за винопроизводство и печење ракија. Пчелите и осите наоколу, се доказ дека грозјето е благо и ќе има извонредни производи од гроздовите зрна. Но, тука се и ќумбињата за подготовка на домашна зимница. Има и дрва за огрев, велат скромните и гостопримливи луѓе, зимата слободно може да дојде.

Напред во дворот нова современа куќа проектирана од газдата, назад стара автентична селска куќа за која се планира да биде искористена во функција на развој на селски и вински туризам.

Го регистрирав и процесот на производство на шира од грозје, а нејзиниот вкус, ветува извонреден квалитет на божествената течност.

На едно место во големата дворна површина остатоци од пресувани гроздови зрна се сушат и се мелат во сопственото млинче, се додава јачмен и пченка во мелењето, па се добива концентрирана храна за петте кози, двата прча и едното јаре. Токму со пресно комиње е поврзана и интересната семејна анегдота.

Козата Белка легна како болна. Беше неподвижна и неконтактибилна. Не можеше да стои на нозе, не сакаше да јаде и да пие вода. Се обидуваше да крене глава, но не можеше. Се уплашивме и се загриживме, што бидна со козата. Направивме импровизирана носилка од штици и ја пренесовме во шталата. Постојано бевме загрижени за нејзината судбина  и околу полноќ станав да проверам како е животното. Бев изненаден кога ја видов исправена и како јаде сено од јаслите. Тогаш сфатив дека козата се одврзала и прејала од штотуку пресувано комиње од грозје. Додуше снаата имаше право кога уште претходно коментираше дека можеби стрвното животинче претерало со комиње па се опијанило, оти се однесувало како пијан човек. Кон ова се надоврза синот, потсетувајќи дека стануваше збор за 80 проценти исферментирано комиње со голем процент на алкохол. Како и да е, оттогаш сме повнимателни и не дозволуваме некое од животните да јаде свежо комиње. Или, како што се шегуваме, не дозволуваме да се пие на голо или на суво, како што  велат тиквешани кога се мајтапат. Се јаде само остатоци од комиње мешано со јачмен и пченка, па и ако има мал процент на алкохол, барем е со мезе,  знаеме да се насмееме, со ведрина се присети Илија.

Бидејќи првите две кози се подарок од мајката на Вера, едната од нив го носи нејзиното име, Мила. Другата е Белка, испијанетата коза. Тука се и Злата и Рошка. Токму со Белка се поврзани бројни згоди и незгоди.

Пролетта таа окози три јариња. Две бели како неа и едно темно како прчот. Белите веднаш ги засака и имаше мајчински инстинкт кон нив. Ги лижеше, им дозволуваше да цицаат. Третото го туркаше од себе и не му дозволуваше да се приближи. Моравме да обезбедиме шише со бебешка цуцла и ние да го храниме. Женско е, го крстивме Ѕвезда, оти има ѕвезда на челото. И погодено му е името, оти навистина е родено под среќна ѕвезда, иако несакано од мајката, најснаодливо е од сите и многу деца доаѓаат да го погалат, откри Вера.

Таа со насмевка раскажуваше и за бељите што ги правеле козите кога знаеле да се напасат од овошките или живата ограда.

Каква неправда, коментиравме со смеа кога дознавме дека во селото една коза се продава по цена од три до пет илјади денари, а прч, за девет илјади. Но, прчот печали, беше одговорот. Ех, ами и козата дава млеко, а од млекото се прави сирење и кашкавал, ама, тоа е таа судбина. Наздравивме со пресна шира и си посакавме пак да се сретнеме. Следен пат, здравје нека е, на летниковец под оревот, пред старата куќа.

Извор: МИА, Светлана Дарудова

The post Вера и Илија се вратија од град в село и пронајдоа мир во душата appeared first on Република.

]]>

Вера и Илија Велјанови решија да го напуштат живеењето во Неготино и се населија во кавадаречкото село Сопот. Поговорката „Фали село, живеј во град“ не важи за овие позитивни луѓе. На седум километри од Кавадарци и девет од Неготино, тие ја живеат својата селска бајка.

Да го одживеам остатокот од животот 

Се вратив од град во село да го одживеам остатокот од животот! Со овие зборови ме пречека деновиве Илија, кога ги посетив во нивниот своевиден рај. Како дете во далечната 1960 година, моето семејство го напушти Сопот и се настани во Скопје, градот кој беше гладен за работници, а селата се празнеа. Се индустријализираше земјата. Се отвараа големи капацитети кои побаруваа многу работници. Јас бев ученик во основно училиште и почнав да се привикнувам на градскиот живот, кој морам да признаам тешко ми паѓаше. Меѓутоа со тек на времето децата побрзо се вклопуваме во новите средини. Преку игри со врсниците од маалото и заедничките посети во паркот, зоолошката градина, во кино, потоа и во театар и на концерти, животот ми беше исполнет, разновиден и го засакав Скопје, евоцираше спомени за МИА. Дипломирал архитектонско градежен факултет и се вработил во Неготино. Се пензионирал пред десет години. По пензионирањето одлучил да се врати во родното село.
Со доза на задоволство, дека сум го дал мојот придонес кон заедницата и време е да го одживеам остатокот од животот во средина, каде што ќе најдам други активности кои беа одамна заборавени. Едноставно барав мир за душата! А во почетокот имав потешкотии да ја убедам сопругата дека во Сопот ќе ни биде поубаво, а Кавадарци и Неготино ни се на дофат и можеме во секој момент да одиме. Во село имаме поголем двор и услови за градина, живина, па и некоја коза. Се навикнавме на ваквиот живот многу полесно, отколку на промената од село во град. Стануваме рано и најпрво се прошетува во дворот, се дава храна на двете кучиња, па кокошките ќе се нахранат, козите исто така, па јајцата да се земат, козите да се измолзат, па градината да се ископа… И пресните производи да се стават на маса. Задоволството, верувале или не, е целосно. Домашен производ, еколошки чист, производство со сопствени раце, од своја градина, од своја стаја, од свој подрум. Во подрумот секогаш се наоѓа вино произведено од сопствени лозови насади од повеќе сорти на грозје. Секогаш во умерена физичка активност, со здрава еколошки произведена храна и користење пијалок на боговите, што друго да посака човек, кога го дал својот удел кон татковината и општеството, освен да го одживее остатокот од животот, онака како што нему најмногу му одговара и погодува, откри тој.

Избравме селски живот и не зажаливме

Мојот живот го живеев и го живеам измешан помеѓу раздвиженоста и хаосот во градска средина  и смиреноста и особеностите на шареноликоста на задоволства кои ги дава селото. Ова пак беа зборовите на неговата сопруга Вера. Родена во битолско, израсната во Битола и Скопје, правник по професија.
Паралелно со работата, а живеејќи во лозарски крај, го посадивме, првото лозје од три декари, наредната година уште два декара, на нивите од татко му. Лозјето ни беше за рекреација и за зголемување на домашниот буџет. По некоја година изградивме и сопствена куќа во Неготино. Условите за градба тогаш беа поволни, бидејќи банките одобруваа кредити под поволни услови. Тоа значеше дека ќе се врзиме за овој крај. И така стана. Кога човек ствара имот, потешки се преселбите. По 35 години работен стаж се пензионирав и Илија предложи да се настаниме во Сопот, а куќата да му ја преостапиме на синот. Тоа беше неприфатливо за мене. Навикната на живот во Битола и кратко во Скопје, се прилагодив во Неготино, да се селам во село Сопот?! Се противев, ама прифатив. Кога и децата ни се придружија, тогаш и животот на село, малку по малку, ми стана прифатлив, искрено проговори домаќинката.
Таа кажа дека е голем љубител на животни и нагласи дека тие што ги имаат во селото, им го прават животот интересен и исполнет.
Кога мајка ми Милица ми ја даде првата коза, иако ми беше мила, ме плашеше помислата, дали ќе можам да се справам околу исхраната, чистењето, молзењето и преработката на млекото во сирење, кисело млеко и урда. По телефон се јавував кај мајка ми и таа ме подучуваше и така малку по малку сега се специјализиравме и во оваа дејност. На сопругот и моето здравје се подобри со секојдневните активности околу грижата за имотот во дворот. Домашните производи ги користиме исклучиво за сопствена консумација. Денот ни е исполнет, а задоволството од постигнат резултат ни го јача духот. Ние го избравме овој селски живот и не зажаливме, децидна е Вера.
Сопружниците се осврнаа и на одлуката на синот Трајче и снаата Суза, исто така интелектуалци, кои, како и нив, му дале предност на селскиот, пред градскиот живот.
Нашиот наследник е дипломиран електро инженер, електро-енергетска насока. Побара работа во неколку компании што вработуваат од оваа струка. Беше спремен да прифати да работи и како работник во овие претпријатија. Сметаме дека не се создаде прилика да го искаже знаењето стекнато со студиите. Се обиде да работи преку сопствена фирма на работи според квалификацијата. Откако ги доби овластувањата за изведба на електротехнички инсталации, за проектирање и надзор над електро технички работи и го набави потребниот алат за работа, отпочна со работа. Меѓутоа, поради нелојалната конкуренција од вработени во јавни претпријатија и установи, патот кон успех беше попречуван и оневозможен и од тие причини, се посвети на работи во земјоделството. Производство на грозје, а потоа и производство на вино, регистрирана семејна винарија, беше неговиот избор за скромен живот на село, сподели Илија.
Снаата има завршено Педагошки факултет за предучилишно образование и воспитание.
Редовно се пријавуваше во Агенцијата за вработување. Од минатата година се регистрираше како земјоделец и егзистенција за неа и семејството ќе си обезбедува од земјоделска дејност. Сепак, свесни дека образованието е неопходно, издвојуваат од скромната заработка за да им обезбедат на нивните две деца, а наши внуци, пристојно образование, давајќи им можности за посетување на курсеви по странски јазици и музичко образование. За еден ден, со сопствен труд да заработуваат во татковината или во белиот свет. Најсладок е лебот заработен со сопствениот труд! И имотот, што самиот си го стекнал, најмногу е вреден и чуван! Бог е голем!!, додаде Вера.
Не изостанаа и пофалбите за внуците Илија и Филип. Тие имаат 13 и 9 години, но веќе се вклучени во работните обврски на семејството. Стекнуваат работни навики и учат за животот.

Бабата и дедото се категорични дека сите се среќни и задоволни од животот во село

Сопот е урбана населба со релативно добри услови за живот. Асфалирани се целосно улиците во селото, водоснабдувањето е решено преку регионалниот водовод „Лукар”. Користиме здрава планинска вода од изворите на планината Кожуф. Има канализациона мрежа и ми се чини секоја куќа е со бања и внатрешни тоалети. Електрификацијата е од далечните 50 години од минатиот век. Имаме достапност до интернет и кабелски телевизии. Организирано изнесување на комуналниот смет. И навиките на урбано живеење постепено се стекнуваат! Сопот има убава поврзаност со општинските центри Кавадарци и Неготино, рекоа  Велјанови, задржувајќи се сепак и на проблемите што ги носи животот на село. Но, како што истакнаа, тие се сепак помалку и помали, во однос на придобивките што ги носи селскиот живот.

Приказната за испијанетата коза

Вистинска селска идила владее на семејниот имот на Велјанови. Со оглед на тоа што станува збор за есен и гроздоберски крај, денови по гроздобер, во дворот главно опрема и алати за винопроизводство и печење ракија. Пчелите и осите наоколу, се доказ дека грозјето е благо и ќе има извонредни производи од гроздовите зрна. Но, тука се и ќумбињата за подготовка на домашна зимница. Има и дрва за огрев, велат скромните и гостопримливи луѓе, зимата слободно може да дојде. Напред во дворот нова современа куќа проектирана од газдата, назад стара автентична селска куќа за која се планира да биде искористена во функција на развој на селски и вински туризам. Го регистрирав и процесот на производство на шира од грозје, а нејзиниот вкус, ветува извонреден квалитет на божествената течност. На едно место во големата дворна површина остатоци од пресувани гроздови зрна се сушат и се мелат во сопственото млинче, се додава јачмен и пченка во мелењето, па се добива концентрирана храна за петте кози, двата прча и едното јаре. Токму со пресно комиње е поврзана и интересната семејна анегдота.
Козата Белка легна како болна. Беше неподвижна и неконтактибилна. Не можеше да стои на нозе, не сакаше да јаде и да пие вода. Се обидуваше да крене глава, но не можеше. Се уплашивме и се загриживме, што бидна со козата. Направивме импровизирана носилка од штици и ја пренесовме во шталата. Постојано бевме загрижени за нејзината судбина  и околу полноќ станав да проверам како е животното. Бев изненаден кога ја видов исправена и како јаде сено од јаслите. Тогаш сфатив дека козата се одврзала и прејала од штотуку пресувано комиње од грозје. Додуше снаата имаше право кога уште претходно коментираше дека можеби стрвното животинче претерало со комиње па се опијанило, оти се однесувало како пијан човек. Кон ова се надоврза синот, потсетувајќи дека стануваше збор за 80 проценти исферментирано комиње со голем процент на алкохол. Како и да е, оттогаш сме повнимателни и не дозволуваме некое од животните да јаде свежо комиње. Или, како што се шегуваме, не дозволуваме да се пие на голо или на суво, како што  велат тиквешани кога се мајтапат. Се јаде само остатоци од комиње мешано со јачмен и пченка, па и ако има мал процент на алкохол, барем е со мезе,  знаеме да се насмееме, со ведрина се присети Илија.
Бидејќи првите две кози се подарок од мајката на Вера, едната од нив го носи нејзиното име, Мила. Другата е Белка, испијанетата коза. Тука се и Злата и Рошка. Токму со Белка се поврзани бројни згоди и незгоди.
Пролетта таа окози три јариња. Две бели како неа и едно темно како прчот. Белите веднаш ги засака и имаше мајчински инстинкт кон нив. Ги лижеше, им дозволуваше да цицаат. Третото го туркаше од себе и не му дозволуваше да се приближи. Моравме да обезбедиме шише со бебешка цуцла и ние да го храниме. Женско е, го крстивме Ѕвезда, оти има ѕвезда на челото. И погодено му е името, оти навистина е родено под среќна ѕвезда, иако несакано од мајката, најснаодливо е од сите и многу деца доаѓаат да го погалат, откри Вера.
Таа со насмевка раскажуваше и за бељите што ги правеле козите кога знаеле да се напасат од овошките или живата ограда. Каква неправда, коментиравме со смеа кога дознавме дека во селото една коза се продава по цена од три до пет илјади денари, а прч, за девет илјади. Но, прчот печали, беше одговорот. Ех, ами и козата дава млеко, а од млекото се прави сирење и кашкавал, ама, тоа е таа судбина. Наздравивме со пресна шира и си посакавме пак да се сретнеме. Следен пат, здравје нека е, на летниковец под оревот, пред старата куќа. Извор: МИА, Светлана Дарудова

The post Вера и Илија се вратија од град в село и пронајдоа мир во душата appeared first on Република.

]]>
Парче град уби бебе во Шпанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/parche-grad-ubi-bebe-vo-shpanija/ Wed, 31 Aug 2022 16:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=546169

Едногодишно девојче загина откако беше погодено од огромен град за време на невиденото невреме вчера во Шпанија, додека земјата се соочува со најновиот напад на екстремни временски услови.

Детето беше едно од 30-те повредени откако доби директни удари од град во и околу каталонскиот град Ла Бисбал де л’Емпорда.

Таа беше итно пренесена во болницата Хосеп Труета во Жирона во вторникот попладне, но почина во средата рано наутро како последица на тешка траума на главата.

Жена останала во истата болница во средата поради повредите со кои се здобила во разорниот град.

Се вели дека повеќето од останатите 28 луѓе на кои им била потребна медицинска помош се здобиле со повреди на главата или исеченици од мразот на кои им биле потребни конци, како и скршеници на коските.

Многу автомобили и згради, исто така, беа оштетени од камењата со големина на тениско топче, со скршени ќерамиди и соларни панели вдлабнати.

Каталонските метеоролошки раководители изјавија дека врнежите од град што паднале во областа, во близина на туристичкиот град Жирона, блиску до границата на Шпанија со Франција, биле најголеми во последните 20 години.

Засега не е познато која е националноста на малото детенце кое загинало и каде точно била кога ја погодил градот.

Сликите и видеото од регионот покажаа огромните градски камења кои со брзина удираа во земјата, често експлодирајќи при удар.

Улиците беа преполни со мраз и искршено стакло од возилата што беа удрени.

Некои се појавија на социјалните мрежи за да објават слики од нив како ја мерат големината на градот. Едно лице ставило паричка од едно евро на земја, која била џуџеста од ледените топчиња.

Друго лице ставило парчиња град покрај тениско топче и тие се еднакви.

The post Парче град уби бебе во Шпанија appeared first on Република.

]]>

Едногодишно девојче загина откако беше погодено од огромен град за време на невиденото невреме вчера во Шпанија, додека земјата се соочува со најновиот напад на екстремни временски услови. Детето беше едно од 30-те повредени откако доби директни удари од град во и околу каталонскиот град Ла Бисбал де л’Емпорда. Таа беше итно пренесена во болницата Хосеп Труета во Жирона во вторникот попладне, но почина во средата рано наутро како последица на тешка траума на главата. Жена останала во истата болница во средата поради повредите со кои се здобила во разорниот град. Се вели дека повеќето од останатите 28 луѓе на кои им била потребна медицинска помош се здобиле со повреди на главата или исеченици од мразот на кои им биле потребни конци, како и скршеници на коските. Многу автомобили и згради, исто така, беа оштетени од камењата со големина на тениско топче, со скршени ќерамиди и соларни панели вдлабнати. Каталонските метеоролошки раководители изјавија дека врнежите од град што паднале во областа, во близина на туристичкиот град Жирона, блиску до границата на Шпанија со Франција, биле најголеми во последните 20 години. Засега не е познато која е националноста на малото детенце кое загинало и каде точно била кога ја погодил градот. Сликите и видеото од регионот покажаа огромните градски камења кои со брзина удираа во земјата, често експлодирајќи при удар. Улиците беа преполни со мраз и искршено стакло од возилата што беа удрени. Некои се појавија на социјалните мрежи за да објават слики од нив како ја мерат големината на градот. Едно лице ставило паричка од едно евро на земја, која била џуџеста од ледените топчиња. Друго лице ставило парчиња град покрај тениско топче и тие се еднакви.

The post Парче град уби бебе во Шпанија appeared first on Република.

]]>