град на културата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grad-na-kulturata/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 07:33:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png град на културата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grad-na-kulturata/ 32 32 „Крива Паланка- Град на културата“: Музичка вечер со The Fender‘s https://arhiva3.republika.mk/scena/kriva-palanka-grad-na-kulturata-muzichka-vecher-so-the-fender-s/ Fri, 19 Jul 2024 07:33:14 +0000 https://republika.mk/?p=798284

Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата“ продолжуваат утревечер, 19 јуни, со музичка вечер на која ќе настапи групата The Fender‘s.

Концертот ќе се одржи на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, со почеток во 20 часот.

Настапот на The Fender‘s е музичко поп-рок освежување за младите од Крива Паланка, кои ќе можат да се дружат со Дејан Здравковски, вокал и гитара, Дејан Илиевски, бас гитара и Јоцо Арсевски на тапани.

Ова е една од првите музички вечери ова лето што се на културната програма наменета за младите и љубителите на музичката уметност.

The post „Крива Паланка- Град на културата“: Музичка вечер со The Fender‘s appeared first on Република.

]]>

Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата“ продолжуваат утревечер, 19 јуни, со музичка вечер на која ќе настапи групата The Fender‘s. Концертот ќе се одржи на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, со почеток во 20 часот. Настапот на The Fender‘s е музичко поп-рок освежување за младите од Крива Паланка, кои ќе можат да се дружат со Дејан Здравковски, вокал и гитара, Дејан Илиевски, бас гитара и Јоцо Арсевски на тапани. Ова е една од првите музички вечери ова лето што се на културната програма наменета за младите и љубителите на музичката уметност.

The post „Крива Паланка- Град на културата“: Музичка вечер со The Fender‘s appeared first on Република.

]]>
Крива Паланка како Град на културата ја промовира автентичната македонска култура во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kriva-palanka-kako-grad-na-kulturata-ja-promovira-avtentichnata-makedonska-kultura-vo-regionot/ Wed, 06 Mar 2024 13:05:42 +0000 https://republika.mk/?p=751899

„Со 3 милиони денари ја поддржуваме Општина Крива Паланка, која ги става во функција сите свои инфраструктурни и човечки капацитети за реализација на манифестацијата Град на културата за 2024 година“,  рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција по повод започнувањето на оваа манифестација.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека Министерството за култура продолжува со поддршка на проектите преку кои културата се става во функција на општествен развој и нејзино промовирање на локално ниво и додаде: „Преку финансиската поддршка на овие проекти, како и поддршката во рамките на Годишната програма, но и со средствата вложени преку Програмата за капитални дотации за општините, за што Крива Паланка доби 800 илјади денари за проектно-техничка документација за реконструкција и адаптација на зградата на НУ Центар за култура, се создаваат услови за системски и континуиран развој на културата во овој град, како и во регионот“.

Министерката за култура  изрази уверување дека целата програма ќе му даде нов пулс на градот, а жителите, како и гостите, секојдневно ќе придонесуваат Крива Паланка оваа година да живее во поинаков ритам.

„Очекувам многубројните настани, покрај промоција на културата, да придонесат за поголема посетеност на градот, афирмација на културното и природното богатство на овој регион,  убавините на Осогово, на уникатниот Осоговски манастир, на вредните локалитети, со што создаваме модел на самоодржливост во културата и поддршка на туризмот. Сево ова заедно секако ќе придонесе за економски придобивки на Крива Паланка“, рече министерката за култура. 

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, рече дека е огромна честа што Крива Паланка е Град на културата за 2024 година, во чии рамки Општината, во соработка со Центарот за култура и со Градскиот музеј,  креира програма преку која се негуваат традиционалните вредности, се промовира културно-историското богатство на Крива Палнака, се поддржуваат постојните и се иницираат нови манифестации.

„Тимовите за реализација на програмата веќе интензивно работат и се надевам дека со својата посветеност ќе бидеме на висина на задачата Крива Паланка да светне под рефлекторите, претворајќи се во една огромна културна сцена со настани каде што ќе бидат вперени очите на целата македонска јавност и на јавноста од регионот“, рече градоначалникот Митовски.

Програмата за манифестацијата ја претстави директорот на Градскиот музеј, Драган Величковски, кој ги презентираше содржините од главната и од придружната програма, како и локалните институции од културата и капацитетите на Општината што ја реализираат манифестацијата. Заедно со Министерството за култура, креирана е програма со над 50 различни настани за сите генерации и сите уметнички вкусови.

На прес-конференцијата говореа и претставниците на Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“, Јордан Михајловски, и на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, Гоце Ристовски, кои се навратија кон значењето и историјатот на манифестациите кои прераснаа во меѓународно признаени и релевантни настани со значење за целиот регион.

Публиката до крајот на годината ќе може да проследи концерти, театарски претстави, книжевни настани, фолклор, традиција, филмска уметност, програма за најмладите, гастрономски специјалитети од регионот, едноставно култура достапна за сите.

Програмата започнува на 16 март со манифестацијата на маски и ритуално палење оган „Сусурига 2024“, по што на 23 март е концертот на Каролина Гочева, „Македонско девојче“, а следниот ден е традиционалната етнолошка манифестација „Невестинско поклонение“.

The post Крива Паланка како Град на културата ја промовира автентичната македонска култура во регионот appeared first on Република.

Распишан конкурс за лого на манифестацијата „Крива Паланка град на културата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/raspishan-konkurs-za-logo-na-manifestatsijata-kriva-palanka-grad-na-kulturata/ Thu, 22 Feb 2024 10:21:27 +0000 https://republika.mk/?p=746907

Општина Крива Паланка распиша конкурс за избор на идејно решение за манифестацијата „Крива Паланка град на културата 2024“, кој ќе трае заклучно со 26 февруари. Право на учество имаат сите физички и правни лица, кои можат да конкурираат и со повеќе идејни решенија, за кои задолжително е да се приложи и текст со објаснување на концептот за дизајнот на логото.

Идејното решение на заштитниот знак треба да биде адаптибилно, да биде прикажано во формат А4, да е претставено во три варијанти: црно бела, црно бела негатив и во боја, одделно и заедно со слоганот „Крива Паланка град на културата“. Логото треба да биде и на македонски и на англиски јазик, во моделите на пропишаните спецификации за бои, формат и вид на фајл што е утврден согласно конкурсот, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Логото на манифестацијата треба да содржи визуелни елементи кои ја претставуваат културата или културното наследство, традицијата и официјалните симболи на Општина Крива Паланка и да ја претставува општината како една од водечките општини со богата културна програма, висока грижа за културата и културното наследство и културните установи на локално ниво.

Предвиден е и паричен надомест за авторот, во износ од 12.000 денари.
Авторските права ќе се уредат со договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело без никакви обврски спрема авторот освен утврдениот авторски надомест.

Краен рок за доставување на решенијата е 26 февруари 2024 година, понеделник до 12 часот. Пријавите се доставуваат во електронска верзија на следната е-маил адреса: kultura@krivapalanka.gov.mk со назнака: „За Конкурс за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) за КПГК“, со податоци за авторот.

Оценувањето ќе го врши определена комисија, а изборот ќе биде објавен на веб -страницата на Општина Крива Паланка најдоцна во рок од десет дена од денот на завршување на конкурсот.

The post Распишан конкурс за лого на манифестацијата „Крива Паланка град на културата“ appeared first on Република.

]]>

Општина Крива Паланка распиша конкурс за избор на идејно решение за манифестацијата „Крива Паланка град на културата 2024“, кој ќе трае заклучно со 26 февруари. Право на учество имаат сите физички и правни лица, кои можат да конкурираат и со повеќе идејни решенија, за кои задолжително е да се приложи и текст со објаснување на концептот за дизајнот на логото.
Идејното решение на заштитниот знак треба да биде адаптибилно, да биде прикажано во формат А4, да е претставено во три варијанти: црно бела, црно бела негатив и во боја, одделно и заедно со слоганот „Крива Паланка град на културата“. Логото треба да биде и на македонски и на англиски јазик, во моделите на пропишаните спецификации за бои, формат и вид на фајл што е утврден согласно конкурсот, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.
Логото на манифестацијата треба да содржи визуелни елементи кои ја претставуваат културата или културното наследство, традицијата и официјалните симболи на Општина Крива Паланка и да ја претставува општината како една од водечките општини со богата културна програма, висока грижа за културата и културното наследство и културните установи на локално ниво. Предвиден е и паричен надомест за авторот, во износ од 12.000 денари. Авторските права ќе се уредат со договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело без никакви обврски спрема авторот освен утврдениот авторски надомест. Краен рок за доставување на решенијата е 26 февруари 2024 година, понеделник до 12 часот. Пријавите се доставуваат во електронска верзија на следната е-маил адреса: kultura@krivapalanka.gov.mk со назнака: „За Конкурс за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) за КПГК“, со податоци за авторот. Оценувањето ќе го врши определена комисија, а изборот ќе биде објавен на веб -страницата на Општина Крива Паланка најдоцна во рок од десет дена од денот на завршување на конкурсот.

The post Распишан конкурс за лого на манифестацијата „Крива Паланка град на културата“ appeared first on Република.

]]>
Крива Паланка е избрана за Град на културата за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kriva-palanka-e-izbrana-za-grad-na-kulturata-za-2024-godina/ Tue, 13 Feb 2024 12:48:01 +0000 https://republika.mk/?p=743618

Општина Крива Паланка ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2024 година, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура, кој беше објавен на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk. На конкурсот, апликација достави и Општина Велес.

По извршената процена на пријавите, а во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата наведени во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека Општина Крива Паланка има богата програма, која нуди издржан програмски концепт, со различни жанрови и естететика од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници.

Општина Крива Паланка ќе ги стави во функција инфраструктурните и човечките капацитети и ќе овозможи културна содржина во текот на целата година, како и меѓународна поврзаност и соработка во културата. Во програмата се содржани 55 проекти од сите дејности, кои подразбираат достапност на културата за сите во Општината и учество на многу млади домашни уметници и автори.

Манифестацијата ќе започне во март и ќе се одвива до крајот на годината.

Манифестацијата „Град на културата“ почна да се реализира во 2004 година со цел создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво. На конкурсот учествуваат општините во Република Македонија, со исклучок на Град Скопје и општините во Град Скопје.

The post Крива Паланка е избрана за Град на културата за 2024 година appeared first on Република.

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-go-objavi-konkursot-za-grad-na-kulturata-za-2024-godina/ Wed, 29 Nov 2023 20:08:25 +0000 https://republika.mk/?p=717684

Министерството за култура го објави Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2024 година“.

На Конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во Република Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во Градот Скопје.

Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk, почнувајќи од 29.11.2023 г. во 8:00 часот, заклучно со 29.12.2023 г. во 23:55 часот. Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе може да ги најдат на веб-страницата https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx), како и преку контакт-центарот на Националниот портал за е-услуги.

Еден од приоритетите на Министерството за култура е унапредувањето и достапноста на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините низ државава.

„Град на културата“ во 2023 година беше Крушево, чија комплексна и содржајна програма се одвиваше под мотото „Крушево – жив споменик на културата“. Општина Крушево, во годината кога се одбележа и 120 години од Илинденското востание, пулсираше во ритамот на македонската култура и го промовираше македонскиот идентитет и посебност.

The post Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура го објави Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2024 година“. На Конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во Република Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во Градот Скопје. Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk, почнувајќи од 29.11.2023 г. во 8:00 часот, заклучно со 29.12.2023 г. во 23:55 часот. Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе може да ги најдат на веб-страницата https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx), како и преку контакт-центарот на Националниот портал за е-услуги. Еден од приоритетите на Министерството за култура е унапредувањето и достапноста на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините низ државава. „Град на културата“ во 2023 година беше Крушево, чија комплексна и содржајна програма се одвиваше под мотото „Крушево – жив споменик на културата“. Општина Крушево, во годината кога се одбележа и 120 години од Илинденското востание, пулсираше во ритамот на македонската култура и го промовираше македонскиот идентитет и посебност.

The post Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Манифестација „Град на културата“ во Крушево https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/manifestatsija-grad-na-kulturata-vo-krushevo/ Mon, 22 May 2023 07:36:15 +0000 https://republika.mk/?p=643441

По повод почетокот на културната манифестација „Град на културата“, денеска пред споменикот „Македониум“ во Крушево, ќе се одржи прес-конференција.

На прес-конференцијата ќе станува збор за почетокот на манифестацијата „Град на културата 2023“ која годинава ќе се одвива под мотото „Крушево – жив споменик на културата“, и за програмските содржини, на кои ќе говорат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски.

Манифестацијата „Град на културата“ ќе започне на 26 мај со настан кој ќе ја најави годината на културна фузија на Крушево.

The post Манифестација „Град на културата“ во Крушево appeared first on Република.

]]>

По повод почетокот на културната манифестација „Град на културата“, денеска пред споменикот „Македониум“ во Крушево, ќе се одржи прес-конференција. На прес-конференцијата ќе станува збор за почетокот на манифестацијата „Град на културата 2023“ која годинава ќе се одвива под мотото „Крушево – жив споменик на културата“, и за програмските содржини, на кои ќе говорат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски. Манифестацијата „Град на културата“ ќе започне на 26 мај со настан кој ќе ја најави годината на културна фузија на Крушево.  

The post Манифестација „Град на културата“ во Крушево appeared first on Република.

]]>
Крушево е „Град на културата“ за 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/krushevo-e-grad-na-kulturata-za-2023-godina/ Fri, 10 Mar 2023 12:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=618130

Општина Крушево ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2023 година, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура. На конкурсот беа пријавени и општините Струга и Маврово-Ростуше.

По извршената евалуација на пријавите, а во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата наведени во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека Општина Крушево понуди богата програма и издржан програмски концепт, со содржини од различни жанрови, од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници.

Во програмата се содржани 62 проекта од сите дејности, кои подразбираат достапност на културата за сите во Општината и учество на многу млади домашни уметници и автори.

Општина Крушево ќе ги стави во функција инфраструктурните и човечките капацитети и ќе овозможи реализација на богати културни содржини во текот на целата година, како и меѓународна поврзаност и соработка во рамките на културата.

Манифестацијата „Град на културата“, иницирана од Министерството за култура, а прифатена и поддржана од општините во државава, започна да се реализира во 2004 година и оттогаш општините континуирано учествуваат во културниот натпревар на идеи преточен со презентација на многубројни јавни настани.

The post Крушево е „Град на културата“ за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Општина Крушево ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2023 година, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура. На конкурсот беа пријавени и општините Струга и Маврово-Ростуше. По извршената евалуација на пријавите, а во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата наведени во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека Општина Крушево понуди богата програма и издржан програмски концепт, со содржини од различни жанрови, од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници. Во програмата се содржани 62 проекта од сите дејности, кои подразбираат достапност на културата за сите во Општината и учество на многу млади домашни уметници и автори. Општина Крушево ќе ги стави во функција инфраструктурните и човечките капацитети и ќе овозможи реализација на богати културни содржини во текот на целата година, како и меѓународна поврзаност и соработка во рамките на културата. Манифестацијата „Град на културата“, иницирана од Министерството за култура, а прифатена и поддржана од општините во државава, започна да се реализира во 2004 година и оттогаш општините континуирано учествуваат во културниот натпревар на идеи преточен со презентација на многубројни јавни настани.

The post Крушево е „Град на културата“ за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Валандово е „Град на културата“ за оваа година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/valandovo-e-grad-na-kulturata-za-ovaa-godina/ Thu, 24 Feb 2022 12:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=463159

Општина Валандово оваа година ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“, одлучи комисијата по распишаниот Конкурс на Министерството за култура. На Конкурсот беа пријавени општините Валандово и Велес.

По разгледувањето на двете пристигнати пријави, во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата содржани во Конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека Општина Валандово понуди богата програма и издржан програмски концепт, со содржини од различни жанрови и естетика, од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници.

Во програмата се содржани 69 проекти од сите дејности, кои подразбираат достапност на културата за сите во Општината и учество на многу млади домашни уметници и автори.

Општина Валандово ќе ги стави во функција инфраструктурните и човечките капацитети и ќе овозможи богата културна содржина во текот на целата година, како и меѓународна поврзаност и соработка во културата.

Од особено значење е што од вкупниот предвиден буџет за реализација на програмата (12.674.000,00 денари), од Министерството за култура се побарани 2.440.000,00 денари, што претставува 19,25 проценти од вкупниот буџет. Со тоа, Општина Валандово ќе ги покрие преостанатите 80,75 проценти финансиски средства, што во споредба со другата поднесена пријава, локалната самоуправа на Валандово ќе го издвои најголемиот дел од средствата за финансирање на реализацијата на програмата.

Имајќи го предвид ова, како и фактот што Општина Велес веќе двапати била финансирана во рамките на манифестацијата, и тоа во 2005 и во 2015 година, комисијата предложи да биде прифатена Пријавата доставена од Општина Валандово.

Манифестацијата „Град на културата“, иницирана од Министерството за култура, а прифатена и поддржана од општините во државава, започна да се реализира во 2004 година и оттогаш, континуирано, општините учествуваат во културниот натпревар на идеи преточен со презентација на многубројни јавни настани, соопштија од Министерството за култура.

The post Валандово е „Град на културата“ за оваа година appeared first on Република.