Град на културата за 2024 година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grad-na-kulturata-za-2024-godina/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Feb 2024 12:52:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Град на културата за 2024 година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/grad-na-kulturata-za-2024-godina/ 32 32 Крива Паланка е избрана за Град на културата за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kriva-palanka-e-izbrana-za-grad-na-kulturata-za-2024-godina-2/ Tue, 13 Feb 2024 18:51:46 +0000 https://republika.mk/?p=743622

Општина Крива Паланка ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2024 година, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура. На конкурсот,  како што информираат од Министерството за култура, се пријавила и Општина Велес.

По извршената процена на пријавите, а во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата наведени во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека Општина Крива Паланка има богата програма, која нуди издржан програмски концепт, со различни жанрови и естететика од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници, се вели во соопштението на Министерството за култура.

Во програмата се содржани 55 проекти од сите дејности, кои подразбираат достапност на културата за сите во Општината и учество на многу млади домашни уметници и автори.

Манифестацијата ќе започне во март и ќе се одвива до крајот на годината.

Манифестацијата „Град на културата“ почна да се реализира во 2004 година со цел создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво. На конкурсот учествуваат општините во Македонија, со исклучок на Град Скопје и општините во Град Скопје.

 

The post Крива Паланка е избрана за Град на културата за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Општина Крива Паланка ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2024 година, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура. На конкурсот,  како што информираат од Министерството за култура, се пријавила и Општина Велес.
По извршената процена на пријавите, а во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата наведени во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека Општина Крива Паланка има богата програма, која нуди издржан програмски концепт, со различни жанрови и естететика од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници, се вели во соопштението на Министерството за култура.
Во програмата се содржани 55 проекти од сите дејности, кои подразбираат достапност на културата за сите во Општината и учество на многу млади домашни уметници и автори. Манифестацијата ќе започне во март и ќе се одвива до крајот на годината. Манифестацијата „Град на културата“ почна да се реализира во 2004 година со цел создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво. На конкурсот учествуваат општините во Македонија, со исклучок на Град Скопје и општините во Град Скопје.  

The post Крива Паланка е избрана за Град на културата за 2024 година appeared first on Република.

]]>