ГП „Блаце“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gp-blace/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 10:25:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ГП „Блаце“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gp-blace/ 32 32 Утрово надвор од функција ГП „Блаце“, сообраќајот се пренасочува https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utrovo-nadvor-od-funktsija-gp-blatse-soobrakajot-se-prenasochuva/ Tue, 05 Nov 2024 10:06:28 +0000 https://republika.mk/?p=834292

Сообраќајот на магистрален пат Скопје – Граничен премин Блаце утрово не е во функција, а сообраќајот во моментов се пренасочува со цел да се избегне создавање гужви на делницата.

Полициски службеници на терен ги пренасочуваат возилата на потегот кон бензинската пумпа Дизел пренесуваат од АМСМ.

Во образложението стои дека причина за прекин на сообраќајот е технички проблем на еден од терминалите од косовска страна. За сега нема известување до кога би бил затворен граничниот премин и кога сообраќајот на овој правец повторно би бил нормализиран.

The post Утрово надвор од функција ГП „Блаце“, сообраќајот се пренасочува appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на магистрален пат Скопје – Граничен премин Блаце утрово не е во функција, а сообраќајот во моментов се пренасочува со цел да се избегне создавање гужви на делницата. Полициски службеници на терен ги пренасочуваат возилата на потегот кон бензинската пумпа Дизел пренесуваат од АМСМ. Во образложението стои дека причина за прекин на сообраќајот е технички проблем на еден од терминалите од косовска страна. За сега нема известување до кога би бил затворен граничниот премин и кога сообраќајот на овој правец повторно би бил нормализиран.

The post Утрово надвор од функција ГП „Блаце“, сообраќајот се пренасочува appeared first on Република.

]]>
МВР со детали како поминувале свадбарските возила на „Блаце“, дисциплинска постапка за шест полициски службеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/mvr-so-detali-kako-pominuvale-svadbarskite-vozila-na-blatse-distsiplinska-postapka-za-shest-politsiski-sluzhbenitsi/ Wed, 11 Sep 2024 11:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=815358

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР го расчисти случајот од 17.08.2024 на граничниот премин „Долно Блаце“ при обезбедување на делегација на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и по извршен увид во службените материјали, анализа на видео надзорот и извршени разговори со полициски службеници, поради сторена повреда на работниот ред и дисциплина утврдено во член 187 став 1 алинеја 10 од Законот за внатрешни работи, и член 210 став 1 алинеја 10 од Колективниот договор на МВР, од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе бидат изготвени предлози за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициските службеници Н.Р., М.С., А.Б., Б.А, Н.Б. и Б.С., соопштија денеска од МВР.

ОВККИПС констатира дека, откако делегацијата, во која како носител се јавува претседателот на Собранието, ја поминува државната граница на граничниот премин Долно Блаце на лентата за Излез бр. 1, по неа поминуваат шест цивилни возила, кои во меѓу просторот на граничните премини се приклучуваат на делегацијата, без да се изврши контрола на патниците и возилата, а во одреден временски интервал сите ленти за излез од државата се затворени, при што во тој период од страна на Н.Б. (полициски службеник од обезбедувањето на претседателот на Собранието) и Б.А. (полициски службеник од ПС за ГП Долно Блаце), се извлекува возило кое е заглавено во лентата за Излез бр.3 и истото се насочува кон Излез бр.1 и возилото ја поминува граничната линија без да се изврши контрола на патниците и возилото. Утврдено е дека Н.Б. наместо да врши непосредно физичко обезбедување на претседателот на Собранието, врши дејствија на граничниот премин кај кабините за излез и царинските кабини, со кои овозможува цивилни возила да се приклучат кон делегацијата, како и да се даде приоритет цивилно возило да ја помине државната граница, соопштува МВР.

Потенцираат дека со наведените дејствија Н.Б. сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 и 4 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 и 4 од Колективниот договор на МВР. Исто така и Б.А. сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 и 4 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 и 4 од Колективниот договор на МВР.

Во однос на утврдување на неправилности во конкретниот настан, наместо да бидат преземени соодветни мерки од страна на главен инспектор М.С. во содејство со началникот на РЦ за ГР Север Н.Р., согласно дотогашните констатирани пропусти, не се преземени соодветни мерки туку е испратен акт со кој се задолжува командирот на ПС за ГП Долно Блаце да го доиспита целосно случајот и да преземе соодветни мерки. Со наведените дејствија М.С. сторила потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР. Исто така, Н.Р., началник на РЦ за ГР Север сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР. Согласно описот и пописот на работните места, началникот на РЦ за ГР покрај другото, раководи, планира, ја организира и контролира работата на Регионалниот центар, велат од МВР.

Се потенцира дека патните исправи на претседателот на Собранието и членовите на неговото семејство, како и другите припадници на МВР кои требало да патуваат во странство, биле навремено доставени до раководителот на смена А.Б. заради соодветно евидентирање, но тоа не е сторено, односно лицата не се евидентирани.

Согласно описот и пописот на работни места, меѓу другото, раководителот на смена во Регионален центар за гранични работи, ја организира работата на службите по време и место, ги одредува приоритетите во работењето, се грижи за вршењето на квалитетна пасошка и друг вид контрола, врши контрола во работењето на полициските службеници и дежурната служба во полициската станица и непосредно е одговорен за нивната работа, координира и учествува во извршувањето на мерките и задачите кои се однесуваат на оперативното работење. Во конкретниот случај А.Б. постапил спротивно на чл. 8 (на граничниот премин, сите сервисни информации и секоја друга особено важна информација се регистрираат рачно или електронски во дневникот за настани) с.2 (Информацијата од став 1 на овој член ги содржи следните податоци) т.2 (секое пропуштање во режимот на гранични проверки) од Правилникот за начинот на извршување на граничните проверки и граничен надзор со што сторил потешка повреда на работниот ред и дисциплина утврдена со член 187 став 1 алинеја 3 и 10 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 и 10 од Колективниот договор на МВР, велат од македонската полиција.

За Б.С. е утврдено дека тој, како одговорен за обезбедување во планот за зајакнати мерки и активности од втор степен по повод делегација предводена од претседателот на Собранието, согласно планот, кој тој го изготвил и од истиот има обврска да презема мерки, не е на работа и не бил предвиден да биде на работа за време на поминувањето на делегацијата, при што од самото тоа произлегува дека планот е изготвен површно и несовесно. Со наведените дејствија сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР.

The post МВР со детали како поминувале свадбарските возила на „Блаце“, дисциплинска постапка за шест полициски службеници appeared first on Република.

На „Блаце“ фатен Косовец со украден „мерцедес“ од Холандија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-blatse-faten-kosovets-so-ukraden-mertsedes-od-holandija/ Wed, 12 Jul 2023 08:04:31 +0000 https://republika.mk/?p=660299

Полицијата синоќа, во 19.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ го лишила од слобода Ш.К.(38) од Косово.

Како што соопшти МВР, при преглед и контрола на возилото „мерцедес“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека тоа било украдено и за него имало меѓународна потрага на барање на Интерпол Холандија.

Возилото било одземено, а Ш.К. бил задржан во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post На „Блаце“ фатен Косовец со украден „мерцедес“ од Холандија appeared first on Република.

]]>

Полицијата синоќа, во 19.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ го лишила од слобода Ш.К.(38) од Косово. Како што соопшти МВР, при преглед и контрола на возилото „мерцедес“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека тоа било украдено и за него имало меѓународна потрага на барање на Интерпол Холандија. Возилото било одземено, а Ш.К. бил задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post На „Блаце“ фатен Косовец со украден „мерцедес“ од Холандија appeared first on Република.

]]>
Полицајци од Блаце помогнале да побегнат двајца албански криминалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/policajci-od-blace-pomognale-da-pobegnat-dvajca-albanski-kriminalci/ Fri, 16 Dec 2022 13:30:40 +0000 https://republika.mk/?p=586535

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Ќ.А. и Ј.А., двајцата полициски службеници во Полициската станица за граничен премин Долно Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Како што информира МВР, пријавените на 14.12.2022 им овозможиле на две лица со албански лични документи, кои биле задржани во станицата по извршени проверки во врска со телеграма со мерка за нивно задржување, да побегнат.

Тие во 13:25 часот пристигнале на граничниот премин со патничко возило „мерцедес“ и додека се преземале мерки по телеграмата, задржаните лица не биле обезбедувани од полициски службеник, а возачот на возилото не бил контролиран. Околу 16:00 часот, првопријавениот му овозможил на возачот со возилото да оствари влез во Република Косово без проверка на лични документи и документи за возилото. Во 16:20 часот, возачот со возило се вратил во меѓузоната, а во 17:26 часот влегол во станицата и набргу заедно со возилото заминале и оствариле влез во Косово. После тоа, откако било утврдено дека лицата се оддалечиле, пријавените не презеле никакви мерки за нивно пронаоѓање. Од надлежниот обвинител на првопријавениот му е изречена мерка притвор, а на второпријавениот мерка на претпазливост со одземање патната исправа. Одделот за внатрешна контрола против двајцата полициски службеници ќе поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе бидат суспендирани од работните места, се наведува во соопштението од МВР.

The post Полицајци од Блаце помогнале да побегнат двајца албански криминалци appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Ќ.А. и Ј.А., двајцата полициски службеници во Полициската станица за граничен премин Долно Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Како што информира МВР, пријавените на 14.12.2022 им овозможиле на две лица со албански лични документи, кои биле задржани во станицата по извршени проверки во врска со телеграма со мерка за нивно задржување, да побегнат.
Тие во 13:25 часот пристигнале на граничниот премин со патничко возило „мерцедес“ и додека се преземале мерки по телеграмата, задржаните лица не биле обезбедувани од полициски службеник, а возачот на возилото не бил контролиран. Околу 16:00 часот, првопријавениот му овозможил на возачот со возилото да оствари влез во Република Косово без проверка на лични документи и документи за возилото. Во 16:20 часот, возачот со возило се вратил во меѓузоната, а во 17:26 часот влегол во станицата и набргу заедно со возилото заминале и оствариле влез во Косово. После тоа, откако било утврдено дека лицата се оддалечиле, пријавените не презеле никакви мерки за нивно пронаоѓање. Од надлежниот обвинител на првопријавениот му е изречена мерка притвор, а на второпријавениот мерка на претпазливост со одземање патната исправа. Одделот за внатрешна контрола против двајцата полициски службеници ќе поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе бидат суспендирани од работните места, се наведува во соопштението од МВР.

The post Полицајци од Блаце помогнале да побегнат двајца албански криминалци appeared first on Република.

]]>
Од утре посебен режим на патот кон Блаце https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-utre-poseben-rezim-na-patot-kon-blace/ Thu, 16 Jun 2022 21:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=516170

На патот ГП „Блаце“ – Скопје, на потегот каде се во тек градежни работи, од утре се воведува дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП „Блаце” – Скопје (клучка „Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП „Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2 километри пред ГП „Блаце” од 17.06.2022 година на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој, соопшти АМСМ.

Упатува препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

The post Од утре посебен режим на патот кон Блаце appeared first on Република.

Oдроните уште го попречуваат патот Скопје-Блаце https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/odronite-ushte-go-poprechuvaat-patot-skopje-blace/ Wed, 18 May 2022 06:51:05 +0000 https://republika.mk/?p=503628

На патниот правец Скопје – ГП Блаце, поради одрони на патот, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Oдроните уште го попречуваат патот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>

На патниот правец Скопје – ГП Блаце, поради одрони на патот, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Oдроните уште го попречуваат патот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>
Триесетина полицајци од „Блаце“ под истрага дека намерно ги искршиле боди-камерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/triesetina-policajci-od-blace-pod-istraga-deka-namerno-gi-iskrshile-bodi-kamerite/ Sat, 16 Apr 2022 19:32:41 +0000 https://republika.mk/?p=489413

Триесетина полицајци од граничниот премин „Блаце“ се под истражни мерки на внатрешна контрола поради сомнение дека намерно ги оштетиле камерите прикачени на своите униформи, јавува Алсат.

Телевизијата од извори во полицијата дознава дека мотивот за кршење на камерите се сомнева дека е отстранување на докази од ситуации кога полицајци ја злоупотребуваат службената положба. Полицијата поведе повеќе истражни постапки за докажување на одговорноста и намерното уништување на камерите. Засега нема кривична пријава.

„Внатрешната контрола работи на овој случај. Утврдено е дека се скршени една камера и 12 полначи за камери. На 30 лица им е изречена дисциплинска мерка, а се применува и постапка за материјална штета. Се преземаат и други мерки за санкционирање“, соопштија од МВР.

Истрагата за уништување на телесни камери доаѓа паралелно со истрагата покрената по скандалот со поткуп на овој граничен пункт каде пред два дена беа приведени двајца полицајци за примање поткуп, дело што беше докажано преку видео снимка објавена од емисијата „ Стоп“.

Пријавите на двајцата полицајци Елхам Шкрета и Зилбехар Ракипи стигнаа до Јавното обвинителство од каде се очекува да продолжат со кривично гонење.

The post Триесетина полицајци од „Блаце“ под истрага дека намерно ги искршиле боди-камерите appeared first on Република.

]]>

Триесетина полицајци од граничниот премин „Блаце“ се под истражни мерки на внатрешна контрола поради сомнение дека намерно ги оштетиле камерите прикачени на своите униформи, јавува Алсат. Телевизијата од извори во полицијата дознава дека мотивот за кршење на камерите се сомнева дека е отстранување на докази од ситуации кога полицајци ја злоупотребуваат службената положба. Полицијата поведе повеќе истражни постапки за докажување на одговорноста и намерното уништување на камерите. Засега нема кривична пријава.
„Внатрешната контрола работи на овој случај. Утврдено е дека се скршени една камера и 12 полначи за камери. На 30 лица им е изречена дисциплинска мерка, а се применува и постапка за материјална штета. Се преземаат и други мерки за санкционирање“, соопштија од МВР.
Истрагата за уништување на телесни камери доаѓа паралелно со истрагата покрената по скандалот со поткуп на овој граничен пункт каде пред два дена беа приведени двајца полицајци за примање поткуп, дело што беше докажано преку видео снимка објавена од емисијата „ Стоп“. Пријавите на двајцата полицајци Елхам Шкрета и Зилбехар Ракипи стигнаа до Јавното обвинителство од каде се очекува да продолжат со кривично гонење.