гп бетон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gp-beton/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Nov 2023 19:48:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гп бетон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gp-beton/ 32 32 ГП Бетон не претрпел штета од изградбата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, компанијата не се смета за оштетена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gp-beton-ne-pretrpel-shteta-od-izgradbata-na-shtabot-na-vmro-dpmne-kompanijata-ne-se-smeta-za-oshtetena/ Thu, 23 Nov 2023 19:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=715646

До нашиот портал пристигнаа документи, за кои свиркачот тврди дека се дел од образложенијата кои адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ ги доставил до Апелација, а со кои потполно се негира ставот на Кривичен, според кој случајот Талир требаше да заврши со заплена на седиштето на партијата.

Јасно се гледа дека пресудата на Кривичен во целост се темели на теории и политички ставови, а не на нормативното право.

Во дел од образложението се вели: „Повторно судот погрешно се впушти и во оцена на несразмерноста на договорот и договорените обврски, преку договорените проценти, од објектот, што изведувачот ГП Бетон би го добил како краен резултат од изградените објекти, за што судот заклучува дека договорениот процент е несразмерен, но при тоа заклучокот не го заснова на законски норми, ниту на регулираниот пазар на изградби на недвижности во Македонија.“

https://republika.mk/vesti/makedonija/dokazite-izleguvaat-na-povrshina-vmro-dpmen-e-nepravedno-obvineta-vo-talir/

За да продолжи дека:  „Судот во кривичната постапка се впушта во ценење на економските и стопански движења на пазарот на недвижности и градењето во државата, иако за овие околности предвидена е судски заштита, но во граѓанска постапка, во која една од договорените страни пред судот може да иницира постапка за ништовност на ваквиот договор, доколку ценат дека истиот е договорен на нивна штета што видно од исказите на застапниците на ГП Бетон ваквиот став не може да се потврди тука, спротивно истите биле задоволни од склучениот договор, бидејќи се базирал на економски параметри, кои носеле профит.“

Треба да се нотира како што вели нашиот извор дека ГП Бетон во ниту еден момент од постапката, ниту на истрага, ниту во судскиот процес не се сметал себе за оштетена страна или дека претрпел некаква загуба заради договорот со ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот е правен според сите стандарди и партијата добила седиште со клуч на рака, како надомест за вложеното земјиште на кое веќе постоел стар објект – штаб.

Правниците кои ги консултиравме потврдија за нашата редакција, дека договорот е валиден и фер, како за политичката партија, така и за градежната компанија.

The post ГП Бетон не претрпел штета од изградбата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, компанијата не се смета за оштетена appeared first on Република.

]]>

  До нашиот портал пристигнаа документи, за кои свиркачот тврди дека се дел од образложенијата кои адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ ги доставил до Апелација, а со кои потполно се негира ставот на Кривичен, според кој случајот Талир требаше да заврши со заплена на седиштето на партијата. Јасно се гледа дека пресудата на Кривичен во целост се темели на теории и политички ставови, а не на нормативното право. Во дел од образложението се вели: „Повторно судот погрешно се впушти и во оцена на несразмерноста на договорот и договорените обврски, преку договорените проценти, од објектот, што изведувачот ГП Бетон би го добил како краен резултат од изградените објекти, за што судот заклучува дека договорениот процент е несразмерен, но при тоа заклучокот не го заснова на законски норми, ниту на регулираниот пазар на изградби на недвижности во Македонија.“ https://republika.mk/vesti/makedonija/dokazite-izleguvaat-na-povrshina-vmro-dpmen-e-nepravedno-obvineta-vo-talir/ За да продолжи дека:  „Судот во кривичната постапка се впушта во ценење на економските и стопански движења на пазарот на недвижности и градењето во државата, иако за овие околности предвидена е судски заштита, но во граѓанска постапка, во која една од договорените страни пред судот може да иницира постапка за ништовност на ваквиот договор, доколку ценат дека истиот е договорен на нивна штета што видно од исказите на застапниците на ГП Бетон ваквиот став не може да се потврди тука, спротивно истите биле задоволни од склучениот договор, бидејќи се базирал на економски параметри, кои носеле профит.“ Треба да се нотира како што вели нашиот извор дека ГП Бетон во ниту еден момент од постапката, ниту на истрага, ниту во судскиот процес не се сметал себе за оштетена страна или дека претрпел некаква загуба заради договорот со ВМРО-ДПМНЕ. Договорот е правен според сите стандарди и партијата добила седиште со клуч на рака, како надомест за вложеното земјиште на кое веќе постоел стар објект – штаб. Правниците кои ги консултиравме потврдија за нашата редакција, дека договорот е валиден и фер, како за политичката партија, така и за градежната компанија.

The post ГП Бетон не претрпел штета од изградбата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, компанијата не се смета за оштетена appeared first on Република.

]]>
ГП Бетон: Работниците четири месеци се без плата, денеска е поднесен предлог за отворање стечајна постапка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gp-beton-rabotnicite-chetiri-meseci-se-bez-plata-deneska-e-podnesen-predlog-za-otvoranje-stechajna-postapka/ Tue, 27 Sep 2022 09:51:47 +0000 https://republika.mk/?p=554728

Друштвото за градежништво Бетон АД Скопје четврти месец нема исплатено плата на вработените, а сметката му е затворена односно блокирана повеќе од 45 дена. Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање соопшти дека, во име на вработените од ДГ Бетон АД Скопје, вчера до Основниот граѓански суд Скопје поднел Предлог за отворање стечајна постапка односно за престанок на работодавачот откако во период од девет месеци ги искористиле сите правни механизми за да ги добијат заостанатите плати и компанијата да продолжи да работи.

Претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски, на прес-конференција рече дека вработените што ги застапува ќе го искористат и последниот законски дозволен механизам и не се повлекуваат, како што рече, од намерата компанијата да оди во стечај и, покрај заостанатите плати, од стечајната маса ќе побараат и исплата на заостанатите регреси за годишен одмор за 2021 и 2022 година.

– Синдикатот за градежништво и работниците повеќепати пријавуваа во Државниот инспекторат за труд за незаконско работење на работодавачот, но покрај законските задолженија да исплаќа плата тоа не го стори и вработените веќе четврти месец немаат земено плата. Сметаме дека овие законски загарантирани права на вработените ќе успееме да ги наплатиме барем на суд, рече Пешевски на прес-конференцијата во седиштето на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Укажа и дека вработените овие денови се притиснати да потпишуваат договори на определено време односно анекси на постојните и сами да се спогодат старите договори на неопределено време да не им важат. Апелираше да не потпаѓаат на, како што рече, какви било притисоци и закани за отказ туку да чекаат она што е предложено до судот со отворањето стечајна постапка.

Имајќи ја предвид структурата на вработените, рече Пешевски, поголем дел од нив ќе бидат обесштетени од Агенцијата за вработување со надомест во случај на невработеност односно до пензија.

-Како прв човек на синдикатот ги охрабрувам сите вработени да се јават во судот како доверители штом биде објавено на огласна табла во судот, за што повторно ќе информираме преку медиумите, истакна Пешевски.

Рече и дека новото раководство на компанијата „Бетон“-Скопје е единствено виновно што овој гигант наместо во декември да одбележи 75 години постоење, ќе премине во рацете на доверителите и на стечаен управник.

Во оваа пригода претседателот на ССМ Дарко Димовски соопшти дека за стечајна постапка се размислува и за Водостопанство затоа што четврти месец не се исплатени плати.

-Сојузот на синдикати на Македонија заедно со агросиндикатот каде што делуваме во АД Водостопанство, кое е во државна сопственост, ќе бараме исто да се поведе претстечајна постапка зашто вработените веќе четверти месец не зеле плати. Денеска ќе имаме средба со директорот на Водостопанство и јасно ќе му ги изнесеме овие факти и по кој основ ќе ја поднесеме претстечајната постапка доколку не се исплатат три заостанати плати и четвртата која е тековна и се работи во септември, информираше Димовски.

The post ГП Бетон: Работниците четири месеци се без плата, денеска е поднесен предлог за отворање стечајна постапка appeared first on Република.

]]>

Друштвото за градежништво Бетон АД Скопје четврти месец нема исплатено плата на вработените, а сметката му е затворена односно блокирана повеќе од 45 дена. Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање соопшти дека, во име на вработените од ДГ Бетон АД Скопје, вчера до Основниот граѓански суд Скопје поднел Предлог за отворање стечајна постапка односно за престанок на работодавачот откако во период од девет месеци ги искористиле сите правни механизми за да ги добијат заостанатите плати и компанијата да продолжи да работи. Претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски, на прес-конференција рече дека вработените што ги застапува ќе го искористат и последниот законски дозволен механизам и не се повлекуваат, како што рече, од намерата компанијата да оди во стечај и, покрај заостанатите плати, од стечајната маса ќе побараат и исплата на заостанатите регреси за годишен одмор за 2021 и 2022 година.
– Синдикатот за градежништво и работниците повеќепати пријавуваа во Државниот инспекторат за труд за незаконско работење на работодавачот, но покрај законските задолженија да исплаќа плата тоа не го стори и вработените веќе четврти месец немаат земено плата. Сметаме дека овие законски загарантирани права на вработените ќе успееме да ги наплатиме барем на суд, рече Пешевски на прес-конференцијата во седиштето на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Укажа и дека вработените овие денови се притиснати да потпишуваат договори на определено време односно анекси на постојните и сами да се спогодат старите договори на неопределено време да не им важат. Апелираше да не потпаѓаат на, како што рече, какви било притисоци и закани за отказ туку да чекаат она што е предложено до судот со отворањето стечајна постапка. Имајќи ја предвид структурата на вработените, рече Пешевски, поголем дел од нив ќе бидат обесштетени од Агенцијата за вработување со надомест во случај на невработеност односно до пензија.
-Како прв човек на синдикатот ги охрабрувам сите вработени да се јават во судот како доверители штом биде објавено на огласна табла во судот, за што повторно ќе информираме преку медиумите, истакна Пешевски.
Рече и дека новото раководство на компанијата „Бетон“-Скопје е единствено виновно што овој гигант наместо во декември да одбележи 75 години постоење, ќе премине во рацете на доверителите и на стечаен управник. Во оваа пригода претседателот на ССМ Дарко Димовски соопшти дека за стечајна постапка се размислува и за Водостопанство затоа што четврти месец не се исплатени плати.
-Сојузот на синдикати на Македонија заедно со агросиндикатот каде што делуваме во АД Водостопанство, кое е во државна сопственост, ќе бараме исто да се поведе претстечајна постапка зашто вработените веќе четверти месец не зеле плати. Денеска ќе имаме средба со директорот на Водостопанство и јасно ќе му ги изнесеме овие факти и по кој основ ќе ја поднесеме претстечајната постапка доколку не се исплатат три заостанати плати и четвртата која е тековна и се работи во септември, информираше Димовски.

The post ГП Бетон: Работниците четири месеци се без плата, денеска е поднесен предлог за отворање стечајна постапка appeared first on Република.

]]>
Криминал од епски размери: Заемот од 900 милиони евра е за проект на ДУИ, а не за Буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kriminal-od-epski-razmeri-zaemot-od-900-milioni-evra-e-za-proekt-na-dui-a-ne-za-budzetot/ Thu, 05 May 2022 12:41:14 +0000 https://republika.mk/?p=498041

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, извршија увид на градежни активности во населеното место Негорци, каде беше дадена и изјава за медиумите.

На новинарско прашање за тоа дали има оправдување за новото најавено задолжување од 900 милиони евра, Мицкоски истакна дека интересно во целата ситуација е тоа како власта сака да ја затскрие вистинската намена на овие 900 милиони евра кои всушност се наменети за проект кој што долго го најавува ДУИ, а како подготовка на истиот во последните денови лице блиско до ДУИ стана дел од сопственичката структура на една македонска градежна компанија.

Ветуваа европска иднина, а донесоа должничко ропство. Она што е интересно и што треба да го знаат граѓаните е обидот да се затскрие вистинската намена на овие 900 милиони евра. Прво ќе излезат и ќе кажат дека биле 900 милиони евра за буџетска поддршка, за ликвидноста на буџетот. Видоа дека таа приказна тешко проаѓа и наидува на критика во јавноста, па потоа се обидоа на мала врата да протнат една друга теза дека се потрошени државните резерви во четвртиот квартал од минатата година и првиот квартал од оваа година, нешто повеќе од дванаесет проценти од вкупниот волумен на државни резерви па требало тие да се покријат. Суштината е нешто друго и повторно главен играч тука е ДУИ, а СДСМ е само набљудувач на тој процес. Тоа се пари кои се наменети за тој проект кој што долго време го најавува ДУИ, а како подготовка на тој проект, изминативе денови е направена промена на сопственичката структура на една стара градежна македонска компанија сопственост на еден бизнисмен, а сега во дел од сопственоста влезе лице кое што е блиско до ДУИ“, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека во деновите кои што следат на сите ќе им стане јасно за што се наменети тие 900 милиони евра и јавноста ќе биде сведок на епски криминал.

Почекајте и деновите кои што следат на сите ќе ни биде јасно зошто се наменети овие 900 милиони евра. Повторно за криминал, само на еден поинаков начин. Тоа е суштината и тоа треба да го знаат граѓаните. За реализација на еден проект кој што долго време ДУИ го најавува. А како предигра на таа реализација, ќе повторам, направена е промена на сопственичката структура на една градежна компанија каде што нов сопственик е човек, фамилија блиска до ДУИ. Ќе бидеме сведоци на еден епски криминал кој што ќе се случува во периодот кој што следи, потенцираше Мицкоски.

The post Криминал од епски размери: Заемот од 900 милиони евра е за проект на ДУИ, а не за Буџетот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, извршија увид на градежни активности во населеното место Негорци, каде беше дадена и изјава за медиумите. На новинарско прашање за тоа дали има оправдување за новото најавено задолжување од 900 милиони евра, Мицкоски истакна дека интересно во целата ситуација е тоа како власта сака да ја затскрие вистинската намена на овие 900 милиони евра кои всушност се наменети за проект кој што долго го најавува ДУИ, а како подготовка на истиот во последните денови лице блиско до ДУИ стана дел од сопственичката структура на една македонска градежна компанија.