говор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/govor/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 15:50:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png говор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/govor/ 32 32 Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот, покажуваат последните тестирања https://arhiva3.republika.mk/zivot/sekoe-vtoro-dete-vo-prilepskite-gradinki-ima-problemi-so-govorot-pokazhuvaat-poslednite-testirana/ Sat, 09 Nov 2024 16:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=835910

Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот и потребна е интервенција на логопед. Ова го покажуваат последните терстирања на децата од 4 до 6 години згрижени во градинките.

-Податоците се алармантни. Тестиравме околу 500 деца, згрижени во градинките и резултатите покажаа дека секое второ дете има проблеми со говорот, но за жал, во последно време и се зголемува проблемот со деца кои воопшто не зборуваат. Најчесто станува збор за една полиморфна дислалија, односно каде се опфатени фонемите и изговорот на Р, Л, потоа еден парасигматизам каде имаме замена на Ш и Ж, со С и З. Но за жал, најчесто, во последно време се појавуваат случаи на тотално отсуство на говор, една алалија каде што треба алармантно да се реагира од логопед и дефектолог, вели Даниела Пајмакоска Момироска, еден од двајцата логопеди кои работат со децата во прилепските градинки „Наша иднина“.

Според Пајмакоска Момироска, една од главните причини е – екранизацијата, или напредокот на технологијата, но и отсуството на поголем надзор на родителите над децата. Алармира на голема комуникација меѓу родител и дете.

-Живееме во нова технолошка ера, тоа е разбирливо. Но не може да им дозволиме на децата постојано да се изложени на телевизорите, таблетите, телефоните. Отсуствува комуникацијата родител-дете. Таа комуникација мора да се засили и не смеат младите да бидат пропуштени сами на себе. Затоа главната препорака е: родители, комуницирајте со децата. Зборувајте им и кога ги земате од градинка како го поминале денот, и кога сте дома со некои обврски, пак, разговарајте, комуницирајте, одговарајте на сите прашања на децата. Бидете упорни и кога не сакаат да зборуваат. Најдете време за своите деца, препорачува логопедот Даниела Пајмакоска Момироска, вработена во градинките „Наша иднина“ во Прилеп.

За родителот Габриела Стефаноска чие дете на петгодишна возраст е згрижено во детска градинка, мора да се обрне внимание на проблемот и не смее да биде табу тема.

-Моето дете има проблеми со изговорот на неколку тврди согласки. Работам со логопед во градинката, а и надвор од неа. Не сакам да има проблем поматаму, ниту да биде за потсмев меѓу врсниците или пак да се појави булинг. Ситуацијата со проблемите во говорот е алармантна. Во групата на моето дете од 35 деца, 30 посетуваат логопед. Не смее ова да биде табу тема и добро е што родителите се охрабруваат. Затоа, логопедот и помошта што може да ја добијат, топло им ја препорачувам, вели Стефаноска која има дете во училиште и со кое претходно работела посетувајќи логопед.

The post Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот, покажуваат последните тестирања appeared first on Република.

]]>

Аргентинскиот претседател „украде“ говор од ТВ серија за да се обрати во Обединетите Нации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/argentinskiot-pretsedatel-ukrade-govor-od-tv-serija-za-da-se-obrati-vo-obedinetite-natsii/ Sat, 12 Oct 2024 19:28:33 +0000 https://republika.mk/?p=825842

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи, го „украде“ говорот што го одржа во Обединетите Нации од ТВ серијата „Западното крило“.

Како што коментира аргентинскиот весник „Ла Масион“, Милеи речиси дословно ги повтори репликите на главниот лик од серијата во 15-тата епизода од четвртата сезона.

„Ние веруваме во слобода на говор за сите. И за слобода на вероисповед за сите“

„Сега сè што се случува во една земја влијае на другите. Значи ние сме за ослободување од тиранијата и угнетувањето“

„Без разлика дали се работи за политички прогон, економско ропство или верски фанатизам. Оваа фундаментална идеја не може да остане неоснована! Треба да се потврди“

„... Преку дипломатија, економија и пари“

Изданието забележува дека ова не е првпат аргентинскиот лидер да цитира ликови од ТВ серии.

Конкретно, Мајли употребил фрази од ТВ емисии за време на неговото инаугуративно обраќање, како и во едно од неговите обраќања до нацијата.

The post Аргентинскиот претседател „украде“ говор од ТВ серија за да се обрати во Обединетите Нации appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи, го „украде“ говорот што го одржа во Обединетите Нации од ТВ серијата „Западното крило“. Како што коментира аргентинскиот весник „Ла Масион“, Милеи речиси дословно ги повтори репликите на главниот лик од серијата во 15-тата епизода од четвртата сезона.
„Ние веруваме во слобода на говор за сите. И за слобода на вероисповед за сите“   „Сега сè што се случува во една земја влијае на другите. Значи ние сме за ослободување од тиранијата и угнетувањето“   „Без разлика дали се работи за политички прогон, економско ропство или верски фанатизам. Оваа фундаментална идеја не може да остане неоснована! Треба да се потврди“   „... Преку дипломатија, економија и пари“
Изданието забележува дека ова не е првпат аргентинскиот лидер да цитира ликови од ТВ серии. Конкретно, Мајли употребил фрази од ТВ емисии за време на неговото инаугуративно обраќање, како и во едно од неговите обраќања до нацијата.

The post Аргентинскиот претседател „украде“ говор од ТВ серија за да се обрати во Обединетите Нации appeared first on Република.

]]>
Папата се заложи за прекин на војната во Газа и го осуди абортусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/papata-se-zalozhi-za-prekin-na-vojnata-vo-gaza-i-go-osudi-abortusot/ Mon, 25 Dec 2023 14:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=726557

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск денеска во божиќната порака повика на прекин на војната во Газа и изнаоѓање трајно решение на конфликтот на Блискиот Исток, истовремено остро осудувајќи го абортусот.

Се залагам за крај на воените операции со нивната ужасна жетва на невини цивилни жртви и повикувам на решение за очајната хуманитарна ситуација со обезбедување хуманитарна помош. Нека има крај на поттикнувањето насилство и омраза. И нека се реши палестинското прашање преку искрен и истраен дијалог меѓу страните, поткрепен со силна политичка волја и поддршка од меѓународната заедница, рече папата во обаќањето од централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ пред илјадници луѓе на плоштадот.

Папата повторно го осуди „одвратниот“ напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, кој ја поттикна војната и го повика палестинското движење да ги ослободи еврејските заложници, истовремено барајќи од Израел да дозволи подобра помош во опколената Газа.

Божик оваа година се слави тивко во Светата земја поради војната во Газа меѓу Израел и исламистичкиот Хамас. Речиси нема туристи во Витлеем на Западниот Брег – според традицијата родното место на Исус Христос – и Ерусалим.

Тој рече дека се моли за Украина, Сирија, Јемен, либанскиот народ и за сите земји каде се одвиваат насилни конфликти и ги повика сите да му се придружат во молитвата за прекин на сите војни во светот. Изрази жалење за моќта на индустријата за оружје.

Човечкото срце е слабо и импулсивно, ако оружјето ни дојде при рака, порано или подоцна ќе го искористиме. И како вооопшто може да зборуваме за мир, кога постојано се зголемува производството, продажбата и трговијата со оружје?, забележа папата.

Продолжувајќи ја темата за војната, папата Франциск употреби моќни зборови за да го осуди абортусот. Поглаварот на 1,3 милијарди католици направи споредба меѓу абортусот и страдањето на децата во вооружени конфликти или како бегалци.

Колку невини се убиени во нашиот свет! Во утробите на нивните мајки, во одисеи преземени од очај и во потрага по надеж, во животите на сите оние малечки чие детство е уништено од војна“, рече 87-годишниот папа.

Тој рече дека децата кои умираат во војни, вклучително и во Газа, се „денешните мали Исуси“ и дека ужасно многу невини цивили загинале во израелските напади.

The post Папата се заложи за прекин на војната во Газа и го осуди абортусот appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск денеска во божиќната порака повика на прекин на војната во Газа и изнаоѓање трајно решение на конфликтот на Блискиот Исток, истовремено остро осудувајќи го абортусот.
Се залагам за крај на воените операции со нивната ужасна жетва на невини цивилни жртви и повикувам на решение за очајната хуманитарна ситуација со обезбедување хуманитарна помош. Нека има крај на поттикнувањето насилство и омраза. И нека се реши палестинското прашање преку искрен и истраен дијалог меѓу страните, поткрепен со силна политичка волја и поддршка од меѓународната заедница, рече папата во обаќањето од централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ пред илјадници луѓе на плоштадот.
Папата повторно го осуди „одвратниот“ напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, кој ја поттикна војната и го повика палестинското движење да ги ослободи еврејските заложници, истовремено барајќи од Израел да дозволи подобра помош во опколената Газа. Божик оваа година се слави тивко во Светата земја поради војната во Газа меѓу Израел и исламистичкиот Хамас. Речиси нема туристи во Витлеем на Западниот Брег – според традицијата родното место на Исус Христос – и Ерусалим. Тој рече дека се моли за Украина, Сирија, Јемен, либанскиот народ и за сите земји каде се одвиваат насилни конфликти и ги повика сите да му се придружат во молитвата за прекин на сите војни во светот. Изрази жалење за моќта на индустријата за оружје.
Човечкото срце е слабо и импулсивно, ако оружјето ни дојде при рака, порано или подоцна ќе го искористиме. И како вооопшто може да зборуваме за мир, кога постојано се зголемува производството, продажбата и трговијата со оружје?, забележа папата.
Продолжувајќи ја темата за војната, папата Франциск употреби моќни зборови за да го осуди абортусот. Поглаварот на 1,3 милијарди католици направи споредба меѓу абортусот и страдањето на децата во вооружени конфликти или како бегалци.
Колку невини се убиени во нашиот свет! Во утробите на нивните мајки, во одисеи преземени од очај и во потрага по надеж, во животите на сите оние малечки чие детство е уништено од војна“, рече 87-годишниот папа.
Тој рече дека децата кои умираат во војни, вклучително и во Газа, се „денешните мали Исуси“ и дека ужасно многу невини цивили загинале во израелските напади.  

The post Папата се заложи за прекин на војната во Газа и го осуди абортусот appeared first on Република.

]]>
Бајден: Украина никогаш нема да биде руска победа, Киев стои висок, горд и слободен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-ukraina-nikogash-nema-da-bide-ruska-pobeda-kiev-stoi-visok-gord-i-sloboden/ Tue, 21 Feb 2023 19:03:16 +0000 https://republika.mk/?p=611651

Американскиот претседател Џо Бајден попладнево одржа голем говор во полскиот главен град Варшава, по вчерашната посета на украинската престолнина Киев.

Киев стои висок, горд и што е најважно, слободен, рече Бајден.

„Путин мислеше дека ќе се предадеме, погреши. Мислеше дека НАТО ќе се претвори во Финска, а наместо тоа се случи НАТОизацијата на Финска и Шведска“, кажа тој, додавајќи дека НАТО е пообединет од кога било досега.

Путин повеќе се сомнева во нашето единство, но се сомнева и во нашата истрајност. Но, нема сомнеж. Нашата поддршка за Украина нема да попушти и нема да се умориме. Љубовта на украинскиот народ ќе надвладее над желбата на Путин за моќ и земја. Станува збор за слободата, кажа Бајден, кој во неколку наврати ги споменува вредностите на демократијата.

„Автократите разбираат само еден збор – не, не, не“, кажа американскиот претседател и додаде дека „Украина никогаш нема да биде руска победа“.

Пред една година руските тенкови влегоа во Украина, Украина е сè уште слободна, рече тој.

„Бомбардираат училишта, породилишта, железнички станици…“, кажа Бајден за Русија.

„Им се обраќам на граѓаните на Русија. САД и НАТО не сакаат да ја уништат Русија, нема заговор против Русија, како што рече денеска Путин. Оваа војна не е неопходност туку трагедија. Путин може да ја заврши војната со една реченица. Победата на Русија би значела крај на Украина, затоа се грижиме дека Украина може да се брани“, рече Бајден.

Тој спомна како Полска прифатила милиони бегалци од Украина.

„Ние стоиме со слободата. Тоа го прават Американците и тоа се Американците, рече тој. „Путин се обиде да ја изгладне Европа, да ја спречи Украина да извезува храна, да предизвика глобална прехранбена криза. Ова особено ќе ги погоди африканските земји“, рече тој.

Украина е слободна, суверена и демократска, рече тој.

„Ги воведовме најсилните санкции што некогаш биле наметнати на една земја и ќе воведеме повеќе. Имаме со што да се гордееме во изминатата година. Но, сепак ќе има тешки денови. Ќе застанеме зад Украина додека таа се брани“, изјави Бајден.

„Членот пет од НАТО е цврст како камен. Нападот врз еден е напад на сите, тоа е света заклетва. Света заклетва да се брани секој сантиметар од територијата на НАТО“, вели тој.

„Светот е на пресвртница, одлуките што ги носиме сега ќе ги одредат следните децении. Од едната страна е демократијата, а од другата е диктаторот кој сака да ја уништи, рече Бајден и додаде дека „нема посладок збор од слобода и нема повисока цел од слободата“.

The post Бајден: Украина никогаш нема да биде руска победа, Киев стои висок, горд и слободен appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден попладнево одржа голем говор во полскиот главен град Варшава, по вчерашната посета на украинската престолнина Киев.
Киев стои висок, горд и што е најважно, слободен, рече Бајден.
„Путин мислеше дека ќе се предадеме, погреши. Мислеше дека НАТО ќе се претвори во Финска, а наместо тоа се случи НАТОизацијата на Финска и Шведска“, кажа тој, додавајќи дека НАТО е пообединет од кога било досега. Путин повеќе се сомнева во нашето единство, но се сомнева и во нашата истрајност. Но, нема сомнеж. Нашата поддршка за Украина нема да попушти и нема да се умориме. Љубовта на украинскиот народ ќе надвладее над желбата на Путин за моќ и земја. Станува збор за слободата, кажа Бајден, кој во неколку наврати ги споменува вредностите на демократијата. „Автократите разбираат само еден збор – не, не, не“, кажа американскиот претседател и додаде дека „Украина никогаш нема да биде руска победа“.
Пред една година руските тенкови влегоа во Украина, Украина е сè уште слободна, рече тој.
„Бомбардираат училишта, породилишта, железнички станици…“, кажа Бајден за Русија. „Им се обраќам на граѓаните на Русија. САД и НАТО не сакаат да ја уништат Русија, нема заговор против Русија, како што рече денеска Путин. Оваа војна не е неопходност туку трагедија. Путин може да ја заврши војната со една реченица. Победата на Русија би значела крај на Украина, затоа се грижиме дека Украина може да се брани“, рече Бајден. Тој спомна како Полска прифатила милиони бегалци од Украина. „Ние стоиме со слободата. Тоа го прават Американците и тоа се Американците, рече тој. „Путин се обиде да ја изгладне Европа, да ја спречи Украина да извезува храна, да предизвика глобална прехранбена криза. Ова особено ќе ги погоди африканските земји“, рече тој.
Украина е слободна, суверена и демократска, рече тој.
„Ги воведовме најсилните санкции што некогаш биле наметнати на една земја и ќе воведеме повеќе. Имаме со што да се гордееме во изминатата година. Но, сепак ќе има тешки денови. Ќе застанеме зад Украина додека таа се брани“, изјави Бајден. „Членот пет од НАТО е цврст како камен. Нападот врз еден е напад на сите, тоа е света заклетва. Света заклетва да се брани секој сантиметар од територијата на НАТО“, вели тој. „Светот е на пресвртница, одлуките што ги носиме сега ќе ги одредат следните децении. Од едната страна е демократијата, а од другата е диктаторот кој сака да ја уништи, рече Бајден и додаде дека „нема посладок збор од слобода и нема повисока цел од слободата“.

The post Бајден: Украина никогаш нема да биде руска победа, Киев стои висок, горд и слободен appeared first on Република.

]]>
Владимир Путин денеска ќе ѝ се обрати на јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vladimir-putin-deneska-kje-se-obrati-na-javnosta/ Thu, 27 Oct 2022 13:38:05 +0000 https://republika.mk/?p=566451

Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да ѝ се обрати на јавноста, потврдија од Кремљ. Обраќањето треба да започне околу 15 часот.

Путин ќе зборува на панелот на московскиот тинк-тенк Валдаи, каде прашања ќе можат да поставуваат независни новинари и аналитичари од западните земји.

Обраќањето на рускиот претседател беше објавено само еден ден откако Путин ја надгледуваше воената вежба на насилен нуклеарен напад преку видео врска.

Дмитриј Песков, портпаролот на Путин, кој вчера зборуваше на панелот, рече: „Тоа ќе биде голем говор, проследен со дискусија“.

The post Владимир Путин денеска ќе ѝ се обрати на јавноста appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да ѝ се обрати на јавноста, потврдија од Кремљ. Обраќањето треба да започне околу 15 часот. Путин ќе зборува на панелот на московскиот тинк-тенк Валдаи, каде прашања ќе можат да поставуваат независни новинари и аналитичари од западните земји. Обраќањето на рускиот претседател беше објавено само еден ден откако Путин ја надгледуваше воената вежба на насилен нуклеарен напад преку видео врска. Дмитриј Песков, портпаролот на Путин, кој вчера зборуваше на панелот, рече: „Тоа ќе биде голем говор, проследен со дискусија“.    

The post Владимир Путин денеска ќе ѝ се обрати на јавноста appeared first on Република.

]]>
„Помалку драг кралици и повеќе Чак Норис“ порача Орбан и доби овации во Тексас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pomalku-drag-kralici-i-povekje-chak-noris-poracha-orban-i-dobi-ovacii-vo-teksas/ Fri, 05 Aug 2022 07:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=536955

Со овации и громогласен аплауз беше поздравен вчерашниот говор на унгарскиот премиер Виктор Орбан на конференцијата на американските конзервативци во Далас, Тексас.

Во дел од говорот Орбан порача дека „христијански политичар не може да биде расист“ и дека оние кои го сметаат за расист или антисемитист се „едноставно идиоти“.

Веќе можам да ги видам утрешните наслови. „Екстремно десничарскиот европски расист и антисемитски моќник, Тројанскиот коњ на Путин, одржува говор на конзервативната конференција. Но, не сакам да им давам идеи, тие најдобро знаат како да пишуваат лажни вести, рече Орбан.

Унгарскиот премиер, исто така, рече дека „Западот е заглавен во судир на цивилизации“. Тој ги критикуваше поранешниот американски претседател Барак Обама, Џорџ Сорос и „глобалистите“.

Мораме да ги вратиме институциите во Вашингтон и во Брисел. Мораме да го координираме движењето на нашите војници, бидејќи се соочуваме со истиот предизвик, рече унгарскиот премиер.

Им порача на присутните дека имаат две години да се подготват, aлудирајќи на претседателските избори во САД во 2024 година.

Орбан предизвика овации кога читаше од унгарскиот устав, според кој бракот е само меѓу еден маж и една жена.

Помалку драг кралици и повеќе Чак Норис, рече тој.

Во вторникот, Орбан го посети поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неговиот клуб за голф во Њу Џерси.

Трамп, кој го опиша Орбан во изјава како негов пријател, ќе се обрати до CPAC во сабота.

The post „Помалку драг кралици и повеќе Чак Норис“ порача Орбан и доби овации во Тексас appeared first on Република.

]]>

Со овации и громогласен аплауз беше поздравен вчерашниот говор на унгарскиот премиер Виктор Орбан на конференцијата на американските конзервативци во Далас, Тексас. Во дел од говорот Орбан порача дека „христијански политичар не може да биде расист“ и дека оние кои го сметаат за расист или антисемитист се „едноставно идиоти“.
Веќе можам да ги видам утрешните наслови. „Екстремно десничарскиот европски расист и антисемитски моќник, Тројанскиот коњ на Путин, одржува говор на конзервативната конференција. Но, не сакам да им давам идеи, тие најдобро знаат како да пишуваат лажни вести, рече Орбан.
Унгарскиот премиер, исто така, рече дека „Западот е заглавен во судир на цивилизации“. Тој ги критикуваше поранешниот американски претседател Барак Обама, Џорџ Сорос и „глобалистите“.
Мораме да ги вратиме институциите во Вашингтон и во Брисел. Мораме да го координираме движењето на нашите војници, бидејќи се соочуваме со истиот предизвик, рече унгарскиот премиер.
Им порача на присутните дека имаат две години да се подготват, aлудирајќи на претседателските избори во САД во 2024 година. Орбан предизвика овации кога читаше од унгарскиот устав, според кој бракот е само меѓу еден маж и една жена.
Помалку драг кралици и повеќе Чак Норис, рече тој.
Во вторникот, Орбан го посети поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неговиот клуб за голф во Њу Џерси. Трамп, кој го опиша Орбан во изјава како негов пријател, ќе се обрати до CPAC во сабота.    

The post „Помалку драг кралици и повеќе Чак Норис“ порача Орбан и доби овации во Тексас appeared first on Република.

]]>
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го исвиркаа говорот на Ковачевски, со извикување „ПРЕДАВНИК на Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-na-vmro-dpmne-go-isvirkaa-govorot-na-kovachevski-so-izvikuvanje-predavnik-na-makedonija/ Thu, 14 Jul 2022 15:45:12 +0000 https://republika.mk/?p=528921

На денешната собраниска седница на која се разгледува информацијата и преговарачката рамка за асимилација и бугаризација на Република Македонија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не можејќи да го слуша говорот на Димитар Ковачевски, преку кој повторно се обидува да изнесе лаги и манипулации пред македонскиот народ, истиот го поздрави со свирежи.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на Ковачевски му ги покажаа и пораките од народот:

Ултиматум не благодарам

Да за ЕУ, не за асимилација

Чеда на Заевизмот, го враќате фашизмот

Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна

Ние сме Македонци ,не бугари

Нема иднина без историја

Македонија не е на продажба

СДСМ предавници на народот

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на говорот на Ковачевски извикуваа: ПРЕДАВНИК, ПРЕДАВНИК, ПРЕДАВНИК!

The post Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го исвиркаа говорот на Ковачевски, со извикување „ПРЕДАВНИК на Македонија“ appeared first on Република.

]]>

На денешната собраниска седница на која се разгледува информацијата и преговарачката рамка за асимилација и бугаризација на Република Македонија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не можејќи да го слуша говорот на Димитар Ковачевски, преку кој повторно се обидува да изнесе лаги и манипулации пред македонскиот народ, истиот го поздрави со свирежи. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на Ковачевски му ги покажаа и пораките од народот: Ултиматум не благодарам Да за ЕУ, не за асимилација Чеда на Заевизмот, го враќате фашизмот Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна Ние сме Македонци ,не бугари Нема иднина без историја Македонија не е на продажба СДСМ предавници на народот Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на говорот на Ковачевски извикуваа: ПРЕДАВНИК, ПРЕДАВНИК, ПРЕДАВНИК!

The post Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го исвиркаа говорот на Ковачевски, со извикување „ПРЕДАВНИК на Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Студент ни плеска се во лице – ова е говорот на Јован за кој зборува цела Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/student-ni-pleska-se-vo-lice-ova-e-govorot-na-jovan-za-koj-zboruva-cela-makedonija/ Sun, 01 May 2022 21:07:59 +0000 https://republika.mk/?p=496173

Говорот на Јован Јанев, студент во втора година на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип ги одбележа десеттите по ред Ораторски вечери. Изведбата и текстот не оставаат никого рамнодушен:

https://youtu.be/G0UMu4cifAY

The post Студент ни плеска се во лице – ова е говорот на Јован за кој зборува цела Македонија appeared first on Република.

]]>

Говорот на Јован Јанев, студент во втора година на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип ги одбележа десеттите по ред Ораторски вечери. Изведбата и текстот не оставаат никого рамнодушен: https://youtu.be/G0UMu4cifAY  

The post Студент ни плеска се во лице – ова е говорот на Јован за кој зборува цела Македонија appeared first on Република.

]]>
Алина Кабаева на фестивалот за патриотска балетска гимнастика одржа говор што го пренесоа сите светски медиуми https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/alina-kabaeva-na-festivalot-za-patriotska-baletska-gimnastika-odrza-govor-shto-go-prenesoa-site-svetski-mediumi/ Wed, 27 Apr 2022 08:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=494176

Освојувачката на златниот олимписки медал Алина Кабаева, која наводно со години била љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, минатата недела по прв пат се појавила во јавноста по руската инвазија на Украина.

Таа дошла на тренингот за јуниорска ритмичка гимнастика во московската ВТБ арена во пресрет на хуманитарниот „Алина фестивал“, а на фестивалот за патриотска балетска гимнастика одржала интересен говор што го пренесоа сите светски медиуми и известуваа дека таа победата над нацизмот во светот во Втората војна ја поврзала со денешните настани во Украина.

Оваа прослава не е само за целата земја, ова е празник за секое семејство. Секое семејство има своја воена приказна и не смееме да ја заборавиме, туку да ја пренесуваме од колено на колено – рекла Алина притоа вниманието го привлекол плакатот на кој била истакната буквата З, која се истакнува на воените возила и опрема што ја користеле руските војници за време на инвазијата во Украина.

„Дејли мејл“ пренесува дека децата гимнастичари од различна возраст на ова шоу биле облечени во воени униформи и изведувале кореографија инспирирана од советската победа во Втората светска војна.

Кабаева неодамна беше цел на американското Министерство за финансии по инвазијата на Путин на Украина во февруари, но властите во Вашингтон заклучиле дека нејзиното санкционирање може да ги ескалира тензиите меѓу Русија и Западот.

Кога се појавила на хуманитарниот фестивал, сите коментирале како се променило нејзиното лице и многумина веруваат дека Алина, како и Путин, направила естетски зафати или барем третмани со ботокс.

The post Алина Кабаева на фестивалот за патриотска балетска гимнастика одржа говор што го пренесоа сите светски медиуми appeared first on Република.

]]>

Освојувачката на златниот олимписки медал Алина Кабаева, која наводно со години била љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, минатата недела по прв пат се појавила во јавноста по руската инвазија на Украина. Таа дошла на тренингот за јуниорска ритмичка гимнастика во московската ВТБ арена во пресрет на хуманитарниот „Алина фестивал“, а на фестивалот за патриотска балетска гимнастика одржала интересен говор што го пренесоа сите светски медиуми и известуваа дека таа победата над нацизмот во светот во Втората војна ја поврзала со денешните настани во Украина.
Оваа прослава не е само за целата земја, ова е празник за секое семејство. Секое семејство има своја воена приказна и не смееме да ја заборавиме, туку да ја пренесуваме од колено на колено – рекла Алина притоа вниманието го привлекол плакатот на кој била истакната буквата З, која се истакнува на воените возила и опрема што ја користеле руските војници за време на инвазијата во Украина.
„Дејли мејл“ пренесува дека децата гимнастичари од различна возраст на ова шоу биле облечени во воени униформи и изведувале кореографија инспирирана од советската победа во Втората светска војна. Кабаева неодамна беше цел на американското Министерство за финансии по инвазијата на Путин на Украина во февруари, но властите во Вашингтон заклучиле дека нејзиното санкционирање може да ги ескалира тензиите меѓу Русија и Западот. Кога се појавила на хуманитарниот фестивал, сите коментирале како се променило нејзиното лице и многумина веруваат дека Алина, како и Путин, направила естетски зафати или барем третмани со ботокс.

The post Алина Кабаева на фестивалот за патриотска балетска гимнастика одржа говор што го пренесоа сите светски медиуми appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Техничка грешка беше прекинот на говорот на Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kremlj-tehnichka-greshka-beshe-prekinot-na-govorot-na-putin/ Fri, 18 Mar 2022 16:18:03 +0000 https://republika.mk/?p=475101

Кремљ денеска соопшти дека техничка грешка е причината за прекинот на преносот на говорот на рускиот претседател Владимир Путин на преполниот стадион во Москва по повод одбележувањето на осмата годишнина од анексијата на Крим.

Руската државна телевизија го прекина преносот од говорот на Путин во сред реченица. Откако Путин беше тргнат од кадарот, државната телевизија емитуваше кадар со патриотска музика.

Подоцна го емитуваше целиот говор, кој заврши неколку секунди по пресекот со тоа што Путин ја напушта сцената додека илјадници граѓани вееја руски знамиња на стадионот Лужники со капацитет од 80.000 луѓе.

The post Кремљ: Техничка грешка беше прекинот на говорот на Путин appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска соопшти дека техничка грешка е причината за прекинот на преносот на говорот на рускиот претседател Владимир Путин на преполниот стадион во Москва по повод одбележувањето на осмата годишнина од анексијата на Крим. Руската државна телевизија го прекина преносот од говорот на Путин во сред реченица. Откако Путин беше тргнат од кадарот, државната телевизија емитуваше кадар со патриотска музика. Подоцна го емитуваше целиот говор, кој заврши неколку секунди по пресекот со тоа што Путин ја напушта сцената додека илјадници граѓани вееја руски знамиња на стадионот Лужники со капацитет од 80.000 луѓе.

The post Кремљ: Техничка грешка беше прекинот на говорот на Путин appeared first on Република.

]]>