„Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gotveneto-kako-nauka-i-umetnosta-na-ubavoto-jadene/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Nov 2023 16:00:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gotveneto-kako-nauka-i-umetnosta-na-ubavoto-jadene/ 32 32 Најпознатиот италијански прирачник за готвење објавен првпат во 1891 година преведен на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/najpoznatiot-italijanski-prirachnik-za-gotvene-objaven-prvpat-vo-1891-godina-preveden-na-makedonski-jazik/ Tue, 14 Nov 2023 16:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=701515

На 15 ноември, во „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“, со почеток во 19 часот, Амбасадата на Република Италија во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе го презентира македонското издание на првиот и најпознат италијански прирачник за готвење, „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“, објавен за првпат во 1891 година од славниот гастроном и патописец Пелегрино Артузи.

На промоцијата ќе се обрати италијанскиот Амбасадор Андреа Силвестри, а за книгата ќе зборуваат Јована Каранакиќ – преведувач на делото и Надица Фирфова – уредник на македонското издание.

„Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ од Пелегрино Артузи е книга која се смета за нераскинлив дел од италијанската култура, а во која се содржани 790 различни рецепти, вклучително и десерти, џемови, ликери, сладоледи итн. Во книгата има и специјален додаток со избор на јадења за оние кои имаат послаб желудник, но и предлог-менија за секој месец во годината.

Освен заради изобилството рецепти, оваа книга е значајна бидејќи на еден оригинален начин го отсликува духот на едно изминато време.

Имено, Артузи на читателите им се обраќа на еден хумористичен и ноншалантен начин, во духот на пријателски советодавец, вметнувајќи духовити анегдоти кај повеќето рецепти и опишувајќи ги сопствените искуства, но и историската важност на одредени јадења.

„Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ останува најчитаната книга за италијанската кујна во врска со која познатиот новинар и писател Џузепе Прецолини, по прогонството во Швајцарија, ќе каже дека за него, она што останува од Италија се: „Данте, Пинокио, шпагетите и книгата на Артузи“.

Иако е поминат повеќе од еден век од првото појавување на оваа книга, таа и денес се преобјавува и се преведува на повеќе светски јазици, а преводот од италијански на македонски јазик е прв во нашето соседство.

 

The post Најпознатиот италијански прирачник за готвење објавен првпат во 1891 година преведен на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

На 15 ноември, во „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“, со почеток во 19 часот, Амбасадата на Република Италија во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе го презентира македонското издание на првиот и најпознат италијански прирачник за готвење, „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“, објавен за првпат во 1891 година од славниот гастроном и патописец Пелегрино Артузи. На промоцијата ќе се обрати италијанскиот Амбасадор Андреа Силвестри, а за книгата ќе зборуваат Јована Каранакиќ – преведувач на делото и Надица Фирфова – уредник на македонското издание. „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ од Пелегрино Артузи е книга која се смета за нераскинлив дел од италијанската култура, а во која се содржани 790 различни рецепти, вклучително и десерти, џемови, ликери, сладоледи итн. Во книгата има и специјален додаток со избор на јадења за оние кои имаат послаб желудник, но и предлог-менија за секој месец во годината. Освен заради изобилството рецепти, оваа книга е значајна бидејќи на еден оригинален начин го отсликува духот на едно изминато време. Имено, Артузи на читателите им се обраќа на еден хумористичен и ноншалантен начин, во духот на пријателски советодавец, вметнувајќи духовити анегдоти кај повеќето рецепти и опишувајќи ги сопствените искуства, но и историската важност на одредени јадења. „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ останува најчитаната книга за италијанската кујна во врска со која познатиот новинар и писател Џузепе Прецолини, по прогонството во Швајцарија, ќе каже дека за него, она што останува од Италија се: „Данте, Пинокио, шпагетите и книгата на Артузи“. Иако е поминат повеќе од еден век од првото појавување на оваа книга, таа и денес се преобјавува и се преведува на повеќе светски јазици, а преводот од италијански на македонски јазик е прв во нашето соседство.  

The post Најпознатиот италијански прирачник за готвење објавен првпат во 1891 година преведен на македонски јазик appeared first on Република.

]]>