готвачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gotvachi/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Feb 2024 09:09:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png готвачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gotvachi/ 32 32 Денови на грчка кујна во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/denovi-na-grchka-kujna-vo-skopje/ Tue, 20 Feb 2024 07:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=745977

Познатиот шеф Филип Чаловски и неговиот FJ Culinary Consultants од денес се домаќини на извонреден кулинарски настан, „Денови на грчката кујна“, во кој учествуваа четири шефови од  Грчката Алијанса на готвачи. Од денес, па сѐ до петок, кулинарското училиште предводено од познатиот наш шеф Чаловски на неговата локација во Скопје, ќе биде домаќин на неколку мастер класови и завршна вечера.

Овој специјален настан ќе ги прикаже талентите на славните грчки шефови Јанис Линас, Панајотис Вукелатос, Јанис Каклис и Спирос Касорис. Овие кулинарски мајстори ќе ги одведат учесниците низ богатите вкусови и традиционалните техники на грчкото готвење, нудејќи единствена можност да ги истражат тајните зад автентичните грчки предјадења и традиционалните методи за подготовка на риба и месо.

Врвот на настанот вклучува специјален мастер-клас од главниот слаткар Спирос Касорис, кој ќе ја претстави уметноста на грчките десерти, споделувајќи рецепти и техники кои се пренесуваат низ генерации.

Ова ќе биде повеќе од само мастер клас за готвење, учесниците не само што ќе ја научат, туку и ќе ја откријат суштината на грчката кујна, подготвена од рацете на врвните шефови кои го отелотворуваат духот и страста на кулинарското наследство на нивната земја.

Инспиративните ѕидови на FJ Culinary Consultants, со настаните позади нив и овој прв интернационален настан, ги поместуваат границите посветени на обезбедување висококвалитетно кулинарско образование, промовирање на иновациите и славење на глобалниот кулинарски пејзаж. Нивните настани и часови се дизајнирани да ја инспирираат, едуцираат и збогатат кулинарската сцена во нашата земја.

The post Денови на грчка кујна во Скопје appeared first on Република.

]]>

Едукативна тура на „Гастромак“ во училиштата во Штип и Струмица: Едукација за идните готвачи, хотелиери и слаткари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/edukativna-tura-na-gastromak-vo-uchilishtata-vo-shtip-i-strumitsa-edukatsija-za-idnite-gotvachi-hotelieri-i-slatkari/ Tue, 10 Oct 2023 08:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=689747

„Гастромак и пријателите“ е насловот на седмото издание на Гастромак, што е замислено како едукативна тура која започна во прекрасниот Love by Allikas, каде со традиционалните гастрономски егзибиции беа пречекани гастрономските асови.
„Продолжуваме работно и понатаму со пријателството и довербата, на кои им се удрени темелите уште пред неколку години, вели претседателката на Гастромак, Адријана Алачки, велејќи дека присуството на готвачката елита кај нас значи и унапредувањето на нашата гастрономска сцена.
„Гастромак“ и годинава ќе ја исполни својата цел со предавањата и мастер класовите на етаблираните готвачки имиња од екс -ју простори: Стево Карапанџа, Исток Легат, Жељко Невен Бремец, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ, Вуко Митровиќ, Дон Давид, ама и Уве Мишел, потпретседател на светската организација на готвачи Wacs, што ќе се случуваат во средните угостителски училишта „Коле Нехтенин“ во Штип и „Димитар Влахов“ во Струмица. Со ова ќе се унапреди знаењето и светогледите на идните готвачи, слаткари, хотелиери...

Предавањата и презентациите ќе започнат во средното угостителско училиште во Штип- „Коле Нехтенин“ каде најголемите мастер шефови од Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, преку своите инспиративни биографски приказни ќе посочат колку е тешко, но истовремено и прекрасно да се носи бела готвачка униформа која им овозможила стекнување на знаења и искуства од целиот свет. Предавањата ќе продолжат и во „Димитар Влахов“во Струмица каде учениците ќе дознаат како се стигнува до Мишелин ѕвезда, како се создава угостителски бренд, ќе дознаат се за Медитеранската кујна и за разликите помеѓу модерната и традиционалната кујна.

The post Едукативна тура на „Гастромак“ во училиштата во Штип и Струмица: Едукација за идните готвачи, хотелиери и слаткари appeared first on Република.

]]>

„Гастромак и пријателите“ е насловот на седмото издание на Гастромак, што е замислено како едукативна тура која започна во прекрасниот Love by Allikas, каде со традиционалните гастрономски егзибиции беа пречекани гастрономските асови. „Продолжуваме работно и понатаму со пријателството и довербата, на кои им се удрени темелите уште пред неколку години, вели претседателката на Гастромак, Адријана Алачки, велејќи дека присуството на готвачката елита кај нас значи и унапредувањето на нашата гастрономска сцена. „Гастромак“ и годинава ќе ја исполни својата цел со предавањата и мастер класовите на етаблираните готвачки имиња од екс -ју простори: Стево Карапанџа, Исток Легат, Жељко Невен Бремец, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ, Вуко Митровиќ, Дон Давид, ама и Уве Мишел, потпретседател на светската организација на готвачи Wacs, што ќе се случуваат во средните угостителски училишта „Коле Нехтенин“ во Штип и „Димитар Влахов“ во Струмица. Со ова ќе се унапреди знаењето и светогледите на идните готвачи, слаткари, хотелиери... Предавањата и презентациите ќе започнат во средното угостителско училиште во Штип- „Коле Нехтенин“ каде најголемите мастер шефови од Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, преку своите инспиративни биографски приказни ќе посочат колку е тешко, но истовремено и прекрасно да се носи бела готвачка униформа која им овозможила стекнување на знаења и искуства од целиот свет. Предавањата ќе продолжат и во „Димитар Влахов“во Струмица каде учениците ќе дознаат како се стигнува до Мишелин ѕвезда, како се создава угостителски бренд, ќе дознаат се за Медитеранската кујна и за разликите помеѓу модерната и традиционалната кујна.  

The post Едукативна тура на „Гастромак“ во училиштата во Штип и Струмица: Едукација за идните готвачи, хотелиери и слаткари appeared first on Република.

]]>