готски трилер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gotski-triler/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 09:11:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png готски трилер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gotski-triler/ 32 32 Јана Мишо вечерва го промовира готскиот трилер „Што се случи со Исидора?“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/jana-misho-vecherva-go-promovira-gotskiot-triler-shto-se-sluchi-so-isidora/ Thu, 31 Oct 2024 09:10:09 +0000 https://republika.mk/?p=832641

Во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ вечер ќе биде промовиран новиот роман „Што се случи со Исидора?“ на авторката Јана Мишо. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова.

Како што информираат од „Арс Ламина – публикации“, приказната во „Што се случи со Исидора?“ почнува по смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера.

Нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале, заради отворање на тестаментот. Шокирани од содржината на документот, на Долорес и на Исидора не им преостанува ништо друго, освен да се погрижат за наследството, но престојот во морничавата опатија, опкружена со шума и гробишта, за Исидора се претвора во кошмар. Почнува да гледа лица кои не треба да се таму и луѓе кои никој друг не се сеќава дека ги видел. Откако ќе забележи девојка која би требало да е мртва веќе шеснаесет години, Исидора почнува да пропаѓа во лавиринт од лудило и очај. Од секој мрачен ходник демнат спомени на негрижа, духови од декадентни забави и соништа со давење, се посочува во најавата за романот на Мишо.

Јана Мишо е писателка, блогерка, колумнистка и уредничка на женската рубрика „Off Café“ на „Офнет“ и необична урбана девојка вљубена во Скопје и во Париз. „Што се случи со Исидора?“ е прв готски трилер на Мишо, по популарните романи - „Скоро парижанка“, „Анаис од Монмартр“ и „Лулу“, како и на тин-серијалот „Јас сум Миа“.

The post Јана Мишо вечерва го промовира готскиот трилер „Што се случи со Исидора?“ appeared first on Република.

]]>

Промоција на готскиот трилер „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-gotskiot-triler-shto-se-sluchi-so-isidora-od-jana-misho/ Mon, 28 Oct 2024 10:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=831596

Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова.

Приказната во „Што се случи со Исидора?“ почнува по смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера. Нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале, заради отворање на тестаментот. Шокирани од содржината на документот, на Долорес и на Исидора не им преостанува ништо друго, освен да се погрижат за наследството, но престојот во морничавата опатија, опкружена со шума и гробишта, за Исидора се претвора во кошмар. Почнува да гледа лица кои не треба да се таму и луѓе кои никој друг не се сеќава дека ги видел. Откако ќе забележи девојка која би требало да е мртва веќе шеснаесет години, Исидора почнува да пропаѓа во лавиринт од лудило и очај. Од секој мрачен ходник демнат спомени на негрижа, духови од декадентни забави и соништа со давење.

Јана Мишо е писателка, блогерка, колумнистка и уредничка на женската рубрика „Off Café“ на „Офнет“ и необична урбана девојка вљубена во Скопје и во Париз. „Што се случи со Исидора?“ е прв готски трилер на Мишо, по популарните романи - „Скоро парижанка“, „Анаис од Монмартр“ и „Лулу“, како и на тин-серијалот „Јас сум Миа“.

The post Промоција на готскиот трилер „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо appeared first on Република.

]]>

Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Приказната во „Што се случи со Исидора?“ почнува по смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера. Нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале, заради отворање на тестаментот. Шокирани од содржината на документот, на Долорес и на Исидора не им преостанува ништо друго, освен да се погрижат за наследството, но престојот во морничавата опатија, опкружена со шума и гробишта, за Исидора се претвора во кошмар. Почнува да гледа лица кои не треба да се таму и луѓе кои никој друг не се сеќава дека ги видел. Откако ќе забележи девојка која би требало да е мртва веќе шеснаесет години, Исидора почнува да пропаѓа во лавиринт од лудило и очај. Од секој мрачен ходник демнат спомени на негрижа, духови од декадентни забави и соништа со давење. Јана Мишо е писателка, блогерка, колумнистка и уредничка на женската рубрика „Off Café“ на „Офнет“ и необична урбана девојка вљубена во Скопје и во Париз. „Што се случи со Исидора?“ е прв готски трилер на Мишо, по популарните романи - „Скоро парижанка“, „Анаис од Монмартр“ и „Лулу“, како и на тин-серијалот „Јас сум Миа“.    

The post Промоција на готскиот трилер „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо appeared first on Република.

]]>